Книга
Книга
Довата и лечењето со рукја од Куранот и Сунетот
Автор: Аллаховиот роб „На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња – како ќе прават, така ќе бидат казнети!“ (Ел Араф, 180) Аллах - Ел-Еввел (Првиот) - Ел-Ахир (Последниот) - Ез-Захир (Видливиот) - Ел-Батин (Невидливиот) - Ел-Алијј (Возвишениот) - Ел-А'ла (Највозвишениот)
Занемарени верски забрани
Мухамед Салих Ел Мунеџид Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме и од Него помош и прошка бараме. Бараме заштита кај Аллах да нè сочува од злото на нашите души и од грдоста на нашите дела. Кого Аллах ќе го упати тој нема да заталка, а кого во заблуда ќе го остави тој патот нема да го најде. Сведочам дека Аллах е единиот вистински Бог кому никој не му е рамен и дека Мухамед е Негов роб и пратеник Во продолжение велам,
Корисни совети за среќен живот
Книгата „Корисни совети за среќен живот“ од шејхот Абдурахман бин Насир ес-Саʿдиј ги обработува причините што водат до вистинската среќа низ призмата на верата, упатувајќи го читателот кон душевен мир и внатрешна спокојност преку верата и добрите дела, спомнувањето на Аллах, задоволството, размислувањето за благодатите, доброчинството, потпирањето врз Аллах, трпеливоста и правилното согледување на околностите. Напишана со убав и јасен стил, книгата пред читателот поставува јасен патоказ кон спокоен, урамнотежен и среќен живот, и покрај животните промени и предизвици.
Трите основи и нивните докази
Книгата ги обработува основите кои секој муслиман треба да ги научи: спознавањето на Аллах, спознавањето на верата ислам и спознавањето на Божјиот пратеник Мухамед, Аллаховиот спас и мир нека се над него; и ја истакнува важноста на овие основи во изградувањето на иманот и практикувањето на добрите дела, врз основа на доказите од Благородниот Куран и од Пратеничката традиција – Сунетот.
Прописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)
Книгата ги објаснува практиката и целите на постапувањето со починатите според исламскиот шеријат, разгледувајќи ја вредноста на следењето на џеназите, начинот на извршување на намазот за нив и различните состојби поврзани со тоа. Книгата исто така, укажува на важните упатства како што се брзото подготвување на џеназата, избегнувањето на гласното оплакување, значењето на трпението и задоволството со Божјата одлука. Книгата потсетува дека смртта е неизбежна за секој човек и поттикнува на добро мислење за Аллах и истрајност, со дова за починатите за прошка и милост.
Студија за природните крварења кај жените
Книгата „Студија за природните крварења кај жените“ од почитуваниот шејх Мухамед бин Салих ел Усејмин, Аллах да му се смилува, е темелна научна студија која ги истражува и анализира природните крварења кај жените, како што се менструацијата, истихазата (крварење кое не е менструално) и постпородилното крварење, заснована на Благородниот Куран и чистиот Сунет, и придружена со прецизно разбирање на ставовите на учените по овие прашања. Во неа се изложени прописите за крварењата, објаснувајќи ги суптилните разлики помеѓу различните состојби и нудејќи шеријатски доказ за да се постигне упатство и…
Исправното верување и неговите спротивности
Автор: Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед Благодарноста Му припаѓа само на Аллах. Нека е салават и селам врз последниот Пратеник, неговото семејство и неговите асхаби.
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
Исламот Важна книга која содржи концизна дефиниција на исламот, ги објаснува главните основи, учења и одлики на истиот, според автентичните извори, Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот. Оваа книга им се обраќа на сите оние кои се обврзани да го следат исламот, во секое време и простор, на муслиманите и на немуслиманите на јазик кој го разбираат. Истата ги зема предвид нивните специфични услови и особености. (верзија која содржи докази од Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот) Исламот е Божја порака до сите луѓе, тој е божествена порака, последна и вечна, со неа се…
Корисен и концизен водич за новиот муслиман
Подготвил: Мухамед ел Шихри 1441-2020 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед
Кратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Исламот [1] (Примерок без наведени аргументи) [1] Постои друга дополнета верзија на оваа порака со докази од Куранот и Сунетот за секое прашање. Можете да погледнете преку линкот: https://islamhouse.com/ar/books/2830071 Ова е важна порака која нуди краток и јасен вовед во исламот, објаснувајќи ги неговите основни принципи, учења и доблести, извлечени од оригиналните извори на Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот. Пораката е наменета за сите луѓе, муслимани и немуслимани, на сите јазици, во секое време и место, без разлика на…
Корисен и концизен прирачник за еден муслиман
Книгата ги обработува темите поврзани со основите на исламската вера со концизен, но сеопфатен стил. На читателите им дава објаснување за темелите на исправниот ибадет, за значењето на верувањето во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите Пратеници, во Судниот ден и во Неговата предодредба (кадерот). На почетокот книгата ја објаснува благодатта на исламот како и важноста на спознавањето на Аллах, на Неговите атрибути и убави имиња, потоа продолжува со елаборирање на темата на петте столбови на исламот и столбовите на иманот. Се објаснува и концептот на ихсанот…
Зикрови кои се изговараат наутро и навечер
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ајетул-Курси, Ел-Бекаре, 255) „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците,…
Кој ме создал? И зошто?
Сè укажува на постоење на Создателот Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме да ги наброиме? Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата? Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да присвојува знаења и да осознава вистини? Како го објаснуваш ова прецизно создавање на органите во твоето и во телата на живите организми? Кој така креативно ги создал? Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сито минато време?
Исламот е верата на Божјите пратеници
Исламот претставува преданост кон Аллах, Создателот и Управителот со универзумот, и покорност Нему со љубов и величење. Основата на исламот е верувањето во Аллах, дека Тој е Создателот, а сè освен Него е создадено. Тој е Единствениот кој заслужува да биде обожуван, без здруженик/истоветен. Нема вистински бог освен Него. Тој ги има најубавите имиња и највозвишените особини, и Тој е апсолутно совршен, без недостаток. Тој не родил и не е роден, никој не Му е рамен и никој не Му е сличен. Тој не се инкарнира во ништо, ниту се соединува со било што. Исламот е верата на Возвишениот Аллах, Кој не…
Исламот е верата на Господарот на световите.
Во името на Аллах Семилосниот Милостивиот Кој е твојот Господар? Ова е најважното и најзначајното прашање во животот на кое човекот мора да го знае вистинскиот одговор. Нашиот Господар е Тој што ги создаде небесата и Земјата и спушта вода од небото, преку која никнуваат растенија кои даваат плодови за нас и за животните со кои се храниме. Тој нè создаде нас, нашите предци, и сè што постои. Ноќта ја направи за одмор и починка, а денот за работа и обезбедување на животните потреби. Тој ни ги подреди Сонцето, Месечината, ѕвездите и морињата, и ни ги даде животните од кои се храниме и од кои ги…
Речник на големите гревови
Книгата нуди детално објаснување за најважните големи гревови во исламот, - почнувајќи од ширкот кон Аллах, лажните тврдења кои му се припишуваат на Аллах и Неговиот пратеник, новотариите, лицемерното преправање, па сè до оставањето на намазот, блудот и кражбата. Книгата, исто така, ги појаснува последиците и штетите од овие големи гревови и на овој и на оној свет, наведувајќи докази од Куранот и Сунетот, а се осврнува и на начините за заштита и лечење од овие гревови - преку покајание, богобојазливост и добри дела.
الشهادتين
Ако сакаш да влезеш во исламот, потребно е гласно да го изговориш следното сведоштво, да го разбереш неговото значење и искрено да веруваш во него: Ешхеду ен ла илахе иллаллах – Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах (овие зборови значат дека само Аллах заслужува да биде обожуван), Ве ешхеду енне Мухаммеден рeсулуллах, ве енне Иса ибн Мерјем хуве абдуллахи ве рeсулуху. – И сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник и дека Иса, синот Мерјемин, е Негов роб и пратеник. Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах, и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник.
إعداد خطيب ماهر
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме и од Него помош и прошка бараме. Бараме засолниште кај Него од злото на нашите души и нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го заведе, а кого ќе го остави во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник. Аллаховиот мир и благослов нека се над него, над неговото семејство, неговите асхаби и сите што ги следат во добродетелство. Потоа…
كيفية صلاة النبي - صلى الله عليه وسلم -
Кликнете за да ги видите деталите за книгата.
Прецизно истражување и појаснување на многубројни прашања поврзани со аџилакот, умрата и посетата на светите места, во светлина на Куранот и Сунетот
Книгата ги објаснува прописите за аџилакот, умрата и посетата на светите места во согласност со Куранот и Суннетот. Ги појаснува обврските на аџилакот и умрата, забранетите дела за време на ихрамот и правилата на однесување при посетата на џамијата на Аллаховиот пратеник, предупредувајќи на новотариите при овие обреди.
Краток прирачник за етиката и прописите при посетата на џамијата на Божјиот пратеник
Книгата ја објаснува етиката и прописите при посетата на џамијата на Божјиот пратеник, го појаснува начинот на испраќање на салават и селам на Пратеникот и неговите асхаби, и предупредува од новотариите при посетата, со нагласување на придржувањето кон Сунетот и етиката на пропишаната посета.
КРАТОК ПРИРАЧНИК ЗА ОПИСОТ И ПРОПИСИТЕ НА УМРАТА
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаховиот мир и благослов се за нашиот Пратеник Мухамед, за неговото семејство и сите асхаби. Во продолжение велам: Ова е кратка студија за начинот на извршување на умра, нејзините прописи и етика, во која се потрудивме да ги објасниме најважните работи што треба да ги знае секој извршител на умра. Го молиме Возвишениот Аллах да овозможи оваа студија да биде искрена, имајќи Го за цел Неговото благородно Лице и да биде од корист за сите муслимани.
Прекршоци при аџилакот умрата и посетата
Грешки и прекршоци поврзани со умрата Прво: Прекршоци и грешки за време на ихрамот 1. Неизговарање на телбијата при објавување на нијетот, односно неподигнување на гласот при објавување на обредот што го намерил при влегувањето во ихрамот. Сунет е: подигање на гласот при тоа.
Кратка и јасна порака за атеистот
Кратка порака до атеистот, која мусе обраќа на разумот: Ако прецизноста и уреденоста на универзумот ја негираат случајноста и укажуваат на мудар Создател, дали е разумно сето то да настанало од непостоење? Затоа, отвори го своето срце за размислување и промислување и побарај ја вистината, бидејќи можеби во неа ќе ја најдеш светлината што ќе те упати.
Кој го создал универзумот? Кој ме создал? И зошто?
Книгата за создавањето на вселената и човекот, истакнувајќи дека тие имаат величествен Создател – Аллах, Кој ги воспоставил законите што го уредуваат животот. Таа ги појаснува Аллаховите атрибути, ја нагласува важноста на верувањето во Пратениците и небесните Книги и потврдува дека исламот е вистинската вера за постигнување среќа и исполнетост на овој и на идниот свет.
Пратеникот на Исламот – Мухамед салаллаху алејхи ве селем
Книгата „Пратеникот на Исламот – Мухамед салаллаху алејхи ве селем“ дава преглед на животот на Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, од неговото потекло и растење до неговиот благословен брак, почетокот на Објавата и почетокот на неговото веровестништво, кое воедно е и последно. Taa ги појаснува знаците за неговото Веровесништво и доказите за неговата искреност, го објаснува Шеријатот со кој дошол и неговата улога во заштитата на човековите права и достоинство, а исто така ги истакнува и ставовите на неговите противници и нивните сведоштва за него, притоа ставајќи акцент на неговиот…
Дали си се запрашал некогаш: Кој те создал? Зошто си создаден? И што следи по смртта?
Книгата го обработува прашањето за постоењето и создавањето, рационално го докажува постоењето на Создателот Кој поседува апсолутна мудрост и совршенство, и појаснува дека целта на животот е обожувањето единствено на Аллах. Таа објаснува дека исламот е вистинската и сочувана вера, повикува на верување во Аллаховиот пратеник Мухамед и на следење на неговите учења, предупредува од ширкот (политеизмот) и ја нагласува пресметката и наградувањето на Судниот ден.
Објаснување на фразите на езанот
Книгата „Објаснување на зборовите на езанот“ ги обработува зборовите на езанот и ги објаснува преку имански пристап, истакнувајќи ги неговите верски и воспитни димензии. Во неа се појаснува дека езанот не е само повик кон намазот (молитвата), туку секојдневен повик кон еднобожието и кон спасението. Таа ги разгледува зборовите од езанот и детално ја разработува нивната суштина - почнувајќи од возвеличувањето на Аллах и сведоштвото за еднобожието и пратеништвото, преку повикот кон намазот и кон спасението, па сè до завршетокот со текбирот и потврдувањето на еднобожието. Со стил кој остава…
Вредностите и правилата на однесување во Пратениковата џамија, како и прописите за посетата на гробот на Божјиот пратеник ﷺ и на гробовите на неговите двајца другари – Аллах нека е задоволен со нив
Книгата ги појаснува вредностите на Пратениковата џамија и правилата на однесување при нејзината посета, како и правилата на однесување при посетата на гробот на Божјиот пратеник ﷺ и на гробовите на неговите двајца другари – Аллах нека е задоволен со нив, нагласувајќи ја важноста на достоинственоста, чистотијата и избегнувањето на иновативните постапки за време на посетата.
Кратко објаснување на зборовите на езанот
Ова е скратена верзија на книгата „Објаснување на зборовите на езанот“, која ги обработува фразите на езанот и ги објаснува преку имански пристап, истакнувајќи ги нивните акидетски и воспитни димензии. Во делото се анализираат зборовите на езанот и се појаснува нивното значење: од возвеличувањето на Аллах и сведоштвото за тевхидот и пратеништвото, преку повикот кон намазот и спасението, па сè до завршетокот со текбир и потврда на еднобоштвото — со јасен и впечатлив стил.
أذكار الحاج والمعتمر
Јазик: Зикрови за аџијата и умреџијата Микат: Искажува намера за влегување во обредот, па вели: Оној што извршува умра и аџијата што извршува аџилак теметту изговара:„Ти се одзивам за умра, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке умретен, леббејке Аллахумме леббејк). Аџијата што извршува аџилак киран изговара: „Ти се одзивам за умра и аџилак, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке умретен ве хаџџен, леббејке Аллахумме леббејк).