Ова е скратена верзија на книгата „Објаснување на зборовите на езанот“, која ги обработува фразите на езанот и ги објаснува преку имански пристап, истакнувајќи ги нивните акидетски и воспитни димензии. Во делото се анализираат зборовите на езанот и се појаснува нивното значење: од возвеличувањето на Аллах и сведоштвото за тевхидот и пратеништвото, преку повикот кон намазот и спасението, па сè до завршетокот со текбир и потврда на еднобоштвото — со јасен и впечатлив стил.
Јазик: lang_mk
Подготвил: Научната комисија при Организацијата за обработка на исламската содржина на различни јазици
Научната комисија при Организацијата за обработка на исламската содржина на различни јазици
Езанот е божествен повик што муслиманот го слуша пет пати во текот на денот, го потсетува на Аллаховата големина и го повикува кон доброто и кон спасот.Тој е миг на поврзување меѓу човекот и неговиот Создател, во кој верникот се одвојува од метежот на овој свет за да застане во обраќање пред својот Господар.
Езанот содржи возвишени значења што започнуваат со величење на Аллах, а завршуваат со повик кон намазот, каде муслиманот ја наоѓа својата смиреност.
Името „Аллах“ значи: Единствениот Вистински Обожуван. Тоа е името на Господарот, Создателот ﷻ, а сите други Негови имиња го следат ова име и се Негови описи. Аллах е Единиот и Единствениот, Кој не родил и не е роден, и Тој е Создателот на небесата и на Земјата.
Зборовите „Аллаху екбер“ значат дека Аллах е поголем од сè и Возвишен од тоа да Му се припише нешто што не доликува на Неговата Величественост и Совршенство.
„Аллаху екбер“ – оваа фраза го потсетува муслиманот дека ништо во овој живот не смее да го одврати од неговиот Создател и дека човекот треба да го уредува својот живот според Аллаховата волја и Неговиот закон, а не според своите страсти и желби; затоа што Аллах е Најголем од сè што постои.
Ешхеду ен ла илахе ил-лаллах, ешхеду ен ла илахе ил-лаллах.
Ешхеду ен ла илахе ил-лаллах – Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах
Ова е првото сведоштво, а неговото значење е: признавање дека Аллах е Создател на сè, Господар, Владетел и Управител на сè; дека ибадетот мора да Му биде упатен исклучиво Нему, дека не постои обожуван со право никој освен Аллах Единствениот; дека Тој е Еден, без здруженик, нема дете и нема ништо слично на Него. Затоа ибадетот не смее да се насочи кон никој друг освен кон Аллах, ниту пак довата смее да му се упатува на некој друг покрај Него.
Ова сведоштво е најголемото сведоштво во сѐ што постои и е темел на иманот во сите божествени објави. Сите веровесници, алејхим селам – од Нух, Ибрахим, Муса и Иса, па сè до Мухамед ﷺ – ги повикувале своите народи да го признаат, прифатат и да веруваат дека нема божество достојно за обожување освен Аллах. Тоа е зборот поради кој Аллах ги создаде созданијата, ги испрати пратениците за да го утврдат и ги објави книгите за да го појаснат, а Џенетот го одреди како награда за оној што ќе го изговори искрено од срце.
Поради овој збор луѓето ќе бидат оживеани од своите гробови и ќе полагаат сметка на Судниот ден. Оној што живеел според него и со него го завршил својот живот – навистина го постигнал најголемиот успех. А оној што го одбил и не го прифатил – ја заслужува вечната казна во Џехенемот.
Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах, ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах.
Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах – Сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник
Значењето на ова сведоштво е муслиманот да посведочи дека Аллах го испратил Мухамед ﷺ како последен пратеник и печат на сите божествени пратеништва, и како оној што им ја пренел на луѓето пораката на нивниот Господар. Тоа подразбира цврсто уверување дека нема друг пат до исправен ибадет и до стекнување на Аллаховото задоволство, освен преку сведочењето дека Мухамед ﷺ е Аллахов пратеник, преку негово следење, земање пример од него и обожување на Аллах согласно со шеријатот што го пренел.
Ова сведоштво исто така вклучува уверување дека Пратеникот ﷺ бил испратен за да ги врати луѓето кон тевхидот (еднобоштвото), како што тоа го правеле и пратениците пред него: Ибрахим, Муса и Иса, алејхим селам. Тој е Пратеникот на Господарот на световите, кој одел по истиот пат по кој оделе сите веровесници при пренесувањето на пораката на својот Господар — со тоа што по него нема друг веровесник.
Хајје ‘алес-салах,
хајје ‘алес-салах.
Хајје ‘алес-салах – Дојдете на намаз
Значењето на ова е: О верници, дојдете на обожувањето на вашиот Господар, зашто Тој навистина е Простувач и Милостив, го прифаќа покајанието и ги простува гревовите.
Ова е повик и потсетување за верниците дека настапило времето да застанат пред својот Господар во намаз.
Хајје ‘алел-фелах,
хајје ‘алел-фелах.
Хајје ‘алел-фелах – Дојдете на спас
Зборот фелах означува: Аллахово задоволство, успех, сигурност и спас — и на овој и на идниот свет.
Меѓу неговите значења се и постигнувањето на Аллаховото задоволство, да го заслужиме Џенетот и спас од Џехенемот; затоа што оној што верува и го извршува намазот – навистина успеал, а оној што успеал – се спасил и ќе биде награден со вечниот престој во Џенетот.
Аллаху екбер, Аллаху екбер,
ла илахе иллаллах.
Завршува со текбир и тевхид
Езанот завршува со повторување на зборовите „Аллаху екбер“ и со потврдување на „Ла илахе иллаллах“. Овие две реченици ги потврдуваат сите претходни значења и врз нив се темели човечкото постоење. Оваа вистина не се менува и не исчезнува, без разлика колку време ќе помине и какви и да се редат настаните: дека Аллах е Најголем од сè, дека Тој е единствениот вистински Бог, дека само Тој е достоен за ибадет и дека ибадетот упатен кон било што друго освен Него е ништовен.
За крај: Езанот не е само повик кон намазот, туку е повик кон спасот, успехот и вистинската среќа. Тој е порака што одекнува во џамиите пет пати дневно, за да ги разбуди срцата и да нè потсети дека Аллах е близу.
Отвори го своето срце кон иманот - верувањето и изговори: „Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник“ (Ешхеду ен ла илахе иллаллах ве ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах).
Со тоа влегуваш во Аллаховата милост, ја постигнуваш среќата на овој свет, спасот на идниот свет, а на Судниот ден ќе бидеш оживеан меѓу верниците.
Автор: Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед Благодарноста Му припаѓа само на Аллах. Нека е салават и селам врз последниот Пратеник, неговото семејство и неговите асхаби.
Исламот претставува преданост кон Аллах, Создателот и Управителот со универзумот, и покорност Нему со љубов и величење. Основата на исламот е верувањето во Аллах, дека Тој е Создателот, а сè освен Него е создадено. Тој е Единствениот кој заслужува да биде обожуван, без здруженик/истоветен. Нема вистински бог освен Него. Тој ги има најубавите имиња и највозвишените особини, и Тој е апсолутно совршен, без недостаток. Тој не родил и не е роден, никој не Му е рамен и никој не Му е сличен. Тој не се инкарнира во ништо, ниту се соединува со било што. Исламот е верата на Возвишениот Аллах, Кој не…
Во името на Аллах Семилосниот Милостивиот Кој е твојот Господар? Ова е најважното и најзначајното прашање во животот на кое човекот мора да го знае вистинскиот одговор. Нашиот Господар е Тој што ги создаде небесата и Земјата и спушта вода од небото, преку која никнуваат растенија кои даваат плодови за нас и за животните со кои се храниме. Тој нè создаде нас, нашите предци, и сè што постои. Ноќта ја направи за одмор и починка, а денот за работа и обезбедување на животните потреби. Тој ни ги подреди Сонцето, Месечината, ѕвездите и морињата, и ни ги даде животните од кои се храниме и од кои ги…
Сè укажува на постоење на Создателот Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме да ги наброиме? Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата? Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да присвојува знаења и да осознава вистини? Како го објаснуваш ова прецизно создавање на органите во твоето и во телата на живите организми? Кој така креативно ги создал? Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сито минато време?