ستون سؤالا في أحكام الحيض والنفاس
*
These files are generated automatically from the book's text; their layout may differ from the printed edition.
*
*
Прашање 1:
Одговор 1:
Прашање 2:
Одговор 2:
Прашање 3:
Одговор 3:
Прашање 4:
Одговор 4:
Прашање 5:
Одговор 5:
Прашање 6:
Одговор 6:
Прашање 7:
Одговор 7:
Прашање 8:
Одговор 8:
Прашање 9:
Одговор 9:
Прашање 10:
Одговор 10:
Прашање 11:
Одговор 11:
Прашање 12:
Одговор 12:
Прашање 13:
Одговор 13:
Прашање 14:
Одговор 14:
Прашање 15:
Одговор 15:
Прашање 16:
Одговор 16:
Прашање 17:
Одговор 17:
Прашање 18:
Одговор 18:
Прашање 19:
Одговор19:
Прашање 20:
Одговор 20:
Прашање 21:
Одговор 21:
Прашање 22:
Одговор 22:
Прашање 23:
Одговор 23:
Прашање 24:
Одговор 24:
Прашање 25:
Одговор 25:
Прашање 26:
Одговор 26:
Прашање 27:
Одговор 27:
Прашање 28:
Одговор 28:
Прашање 29:
Одговор 29:
Прашање 30:
Одговор 30:
Прашање 31:
Одговор 31:
Прашање 32:
Одговор 32:
Прашање 33:
Одговор 33:
Прашање 34:
Одговор 34:
Прашање 35:
Одговор 35:
Прашање 36:
Одговор 36:
Прашање 37:
Одговор 37:
Прашање 38:
Одговор 38:
Прашање 39:
Одговор 39:
Прашање 40:
Одговор 40:
Прашање 41:
Одговор 41:
Прашање 42:
Одговор 42:
Прашање 43:
Одговор 43:
Прашање 44:
Одговор 44:
Прашање 45:
Одговор 45:
Прашање 46:
Одговор 46:
Прашање 47:
Одговор 47:
Бидејќи Пратеникот, алејхи селам, на Есма бинт Умејс, жената на Ебу Бекр, радијаллаху анхума, кога таа била со нифас во Зул Хулејфа, ѝ наредил да се избања, да стави ткаенина како влошка, и да влезе во ихрам, а исто така е и правилото за жена со менструација, таа ќе остане во ихрам додека не се ичисти, потоа ќе направи таваф околу Каба и сај.
Прашање 48:
Одговор 48:
Прашање 49:
Одговор 49:
Прашање 50:
Одговор 50:
Прашање 51:
Одговор 51:
Прашање 52:
Одговор 52:
Прашање 53:
Одговор 53:
Прашање 54:
Одговор 54:
Прашање 55:
Одговор 55:
Прашање 56:
Одговор 56:
Прашање 57:
Одговор 57:
Прашање 58:
Одговор 58:
Прашање 59:
Одговор 59:
Прашање 60:
Одговор 60:
бидејќи Аллаховиот пратеник, алејхи селам, им забранил на жените со менструација да направат таваф околу Ќабата, а за жена со нифас важи истото правило како и за таа со хајз.
[1] Хамра: Тоа е прекривка на која клањаме, и се нарекува хамра; Затоа што го прикрива лицето, односно го покрива.
Шеесет прашања за прописите во хајзот и нифасот
*
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот.
Вовед
Благодарноста му припаѓа на Аллах, и нека е мир и спас над Аллаховиот пратеник Мухамед бин Абдуллах, над неговото семејство, над неговите другари, и над сите кои го следат неговиот пат сѐ до Судниот ден, а потоа:
Сестро муслиманко!
Имајќи ги предвид многуте прашања кои им се поставуваат на исламските зналци, за прописите врзани за менструацијата и ибадетите, сакавме да ги собереме сите прашања кои се повторуваат и често се поставени, без да навлегуваме детално и со цел да бидеме што пократки во одговорот.
Сестро муслиманко!
Се погриживме да ги собереме, за да ти бидат при рака секогаш, заради важноста на исламското право во Аллаховиот верозакон, и за да го обожуваш Аллах со знаење и јасен доказ.
Напомена: Тој што првпат ја листа книгата, на прв поглед ќе помисли дека некои прашања се повторуваат, но кога попрецизно ќе погледне ќе открие дека во некои прашања има дополнително толкување што го нема во претходното прашање, па затоа одлучивме да не го занемариме тоа.
Аллаховиот благослов и мир нека се над Веровесникот Мухамед, над неговото семејство и сите негови асхаби.
Прописи поврзани со намазот и постот
Ако жената стане чиста веднаш после зората, дали таа ќе почне да пости на тој ден, и дали ќе ѝ се важи тој ден, или ќе мора да го надокнади тој ден со пост „казаа“?
Ако жената стане чиста (и престане циклусот) после појавувањето на зората, тогаш за таа ситуација учените луѓе имаат две мислења:
Прво мислење: Таа треба да започне со постење тој ден, но тој ден нема да се смета како да постела, туку тој ден ќе мора да го напости на казаа/накнадно, и ова е познато мислење во мезхебот на Имам Ахмед, рахимехуллах.
Друго мислење е дека таа не треба да пости тој ден, затоа што на тој ден не е исправно да се пости, бидејќи таа на почетокот на тој ден била со менструација и со тоа не е од обврзаните со пост, а штом постот не е прифатен тогаш нема корист таа да пости. Исто така ова е период во кој таа нема обврски кои треба да ги почитува, бидејќи ѝ е наредено да не пости во почетокот на тој ден, па дури ѝ е забрането да почне со постот на почетокот на тој ден. Пост според исламското законодавство е: воздржување од работите кои го поништуваат постот (јадењето, пиењето и интимниот однос), обожувајќи го Возвишениот Аллах со тоа, од почетокот на зората до заоѓањето на сонцето.
И ова мислење е - како што гледаш - поисправно од мислењето да се пости тој ден, а и според двата одговора тој ден мора да се напости.
Ако жена со менструација стане чиста, ќе се избања после сабах намазот, ќе го клања сабах намазот, и ќе пости тој ден, дали тој ден мора да го напости на казаа/накнадно?
Ако жена со хајз стане чиста пред зората, било да е тоа и една минута, меѓутоа мора да биде сигурна дека е чиста, и ако ова се случи во месецот рамазан, таа мора да пости, и тој ден нејзиниот пост е валиден, нема обврска да го напости, бидејќи таа постела како чиста, дури и ако не се избањала дури после зората, тоа нема да биде проблем. Исто така ако човек е џунуб од интимни односи или заради полуција во сон, а потоа ќе стане на суфур, и нема да се избања дури до појавувањето на зората, неговиот пост ќе биде исправен.
Во оваа прилика сакам да обрнам внимание на една друга работа кај жените, а таа е појавувањето на менструација кога таа веќе почнала со постот на тој ден, бидејќи некои жени сметаат дека ако ментруацијата се појави после ифтар, пред да го клања јација намазот, тој ден постот нема да биде валиден. За ова нема никаква основа, напротив, ако менструацијата се појави после зајдисонце, дури и за миг после тоа, нејзиниот пост е потполн и валиден.
Дали жената со нифас после породување мора да пости и да клања доколку стане чиста пред да поминат четириесет дена?
Да, кога и да стане чиста после породувањето, дури и пред да се наполнат четириесет дена, должна е да пости доколку е месец рамазан, должна е да клања, и дозволено ѝ е да има интимни односи со сопругот, бидејќи е чиста и нема причина поради која не смее да пости, ниту има причина која и го забранува клањањето намаз и интимните односи (со сопругот).
Ако на жената менструалниот циклус вообичаено ѝ трае шест или седум дена во месецот, но еднаш или двапати ѝ продолжува повеќе од тоа, каков е прописот?
Доколку е вообичаено кај жената циклусот да трае шест или седум дена, но потоа се оддолжи периодот, на осум, девет, десет или единаесет дена, таа ќе се смета дека е во циклус и нема да клања сѐ додека не стане чиста. Затоа што Аллаховиот пратеник, алејхи селам, не го ограничил со одреден број денови времетраењето на хајзот. Возвишениот Аллах вели: „И те прашуваат за месечниот циклус, Кажи: ,Тоа е непријатност.'“ (Ел Бекаре: 222). Сѐ додека оваа крв се појавува, жената ќе биде во состојба на менструален циклус додека не стане чиста, тогаш ќе се избања и после може да клања, а ако во следниот месец циклусот ѝ трае помалку денови од тоа, ќе се искапе кога ќе стане чиста, иако не поминале ист број на денови како во претходниот циклус.
Важно е дека, кога и да постои менструација кај жената, таа нема да клања, сеедно дали хајзот се совпаѓа со вообичаените денови на траење од порано, или е подолг или пак пократок од тоа. Кога ќе биде чиста, ќе почне да клања.
Жена со нифас дали нема да клања и да пости четириесет дена, или смислата е во престанокот на крварењето кај неа, и кога тоа ќе се случи таа ќе се избања и ќе клања? И колку е најмалиот период кога може да стане чиста (после породувањето).
Родилката во постпородилен циклус нема одреден период, туку кога и да има крварење, нема да клања и да пости, ниту ќе има интимни односи со мажот.
А кога ќе забележи дека е чиста - па дури и да не поминале четириесет дена туку поминале десет или пет дена - таа ќе клања и ќе пости, и ќе има интимни односи со сопругот, и нема никакви проблеми во тоа.
Битно е дека циклусот после породувањето е според видлива и очигледна состојба, и според тоа се поврзани прописите дали циклусот постои или не постои, па така, ако постои крварење, постојат и прописите врзани за тоа, а кога ќе стане чиста и тие прописи веќе нема да важат.
Но, ако состојбата се оддолжи повеќе од шеесет дена, тогаш таа ќе биде „мустехаза", ќе се третира како менструален циклус во период колку што вообичаено ѝ трае циклусот, а потоа ќе се избања и ќе почне да клања.
Ако жена за време на постот во рамазан има крварење во форма на неколку капки крв, и продолжи таа состојба за време на целиот месец рамазан, а таа цело време пости, дали постот во ваква ситуација е исправен?
Да, нејзиниот пост е исправен, а што се однесува за тие неколку капки, тие не преставуваат ништо, бидејќи е крв од вените. Се пренесува од Али бин ебу Талиб, радијаллаху анху, дека рекол: „Навистина капките кои се појавуваат како тие од носот, не се менструална крв.“ Ова е мислење кое се пренесува од него, нека е Аллах задоволен со него.
Кога жената со хајз или со нифас ќе стане чиста пред појавувањето на зората, и таа ќе се избања дури после појавувањето на зората, дали нејзиниот пост е исправен или не?
Да, исправен е постот на жената која станала чиста пред појавувањето на зората, и која се избањала после појавувањето на зората, ова важи за таа со хајз како и за таа со нифас, и тие имаат обврска да постат тогаш, тие се слични како со човек кој е џунуб, ако при појавувањето на зората тој е сѐ уште џунуб, неговиот пост ќе биде исправен; потврда се зборовите на Возвишениот: „Затоа сега состанувајте се со нив и копнејте за тоа што Аллах веќе ви го одредил. Јадете и пијте сѐ додека не бидете во можност да го разликувате белиот конец од црниот конец, до мугрите.“ (Ел Бекаре: 187). А ако Аллах ни дозволил да имаме интимни односи сѐ до времето на зората, тоа значи дека капењето ќе се одвива после појавувањето на зората, така е и според хадисот на Аиша, радијаллаху анха, дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, стануваше в зори џунуб заради интимните односи со некоја од неговите жени, и ќе го започнеше постот во таа состојба. Значи: дека тој, алејхи селам, не се капел од џенабет, сѐ до појавувањето на мугрите.
Ако жена почувствува крварење, но тоа не биде видливо сѐ до пред заоѓањето на Сонцето, или пак почуствува вообичаена болка, дали ѝ е исправен постот во тој ден, или мора тој ден да го напости на казаа?
Доколку жена која е чиста го почувствува појавување на циклусот за време на постот, но крвта не се појавила до заоѓањето на Сонцето, или пак ја почувствувала менструалната болка, но крвта се појавила дури по заоѓањето на Сонцето, постот на тој ден ѝ е исправен, и таа не е должна да го повтори ако се работи за постот кој е фарз - обврзувачки, исто така нема да ги загуби севапите доколку се работи за пост кој е нафила - доброволен.
Ако жена забележи крв, но не е сигурна дали се работи за менструална крв, каков е прописот на постење за тој ден?
Постот во тој ден е исправен, бидејќи основата е дека не постои менструација сѐ додека не ѝ стане недвосмислено јасно дека хајзот започнал.
Некогаш жената ќе забележи незначителна количина на крв или неколку малечки капки за време на некои периоди во текот на денот, некогаш ќе ги забележи за време кога обично има циклус, но нема истекување на крвта, а се случува некогаш и во време невообичаено за менструален циклус, каков е пропис на постењето во двата случаи?
Претходно одговоривме на слично прашање, но останува прашањето за капките кога вообичаено има менструален циклус, тие ќе ги смета за хајз кој ѝ е познат, и тоа ќе биде менструален циклус.
Жена со хајз или нифас, дали ќе јаде и пие во деновите на месец рамазан?
Да, ќе јаде и ќе пие во деновите на месец рамазан, но поадекватно е тоа да го прави скришум доколку со неа се наоѓа некое дете во куќата, бидејќи тоа може да биде збунувачки, за детето.
Ако жена со хајз или нифас стане чиста за време на икиндија, дали има обврска да го клања пладневниот намаз заедно со икиндија, или нема обврска да го клања пладневниот намаз туку само икиндија?
Поточно мислење по ова прашање е дека нема обврска да клања ништо друго освен икиндија, бидејќи нема доказ дека мора да клања пладне намаз. Исто така основно правило во шеријатот е необврзаност со нешто за кое нема јасен доказ. Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Кој ќе доспее да клања еден рекат од икиндискиот намаз пред да зајде Сонцето, ќе му се смета како да го стасал икиндискиот намаз.“ Овде не е спомнато дека го стасал и пладневниот намаз, а да беше обврска да се клања пладневниот намаз, Аллаховиот пратеник, алејхи селам, тоа ќе го објаснеше. Исто така ако некоја жена добие менструација после пладне намаз, таа има обврска да го клања пладневниот намаз на казаа но нема обврска да го клања икиндискиот намаз, и нема разлика помеѓу оваа ситуација и ситуацијата која е претставена во прашањето.
Според сето ова, мериторно мислење е дека треба да клања само икиндија намаз, според дадениот доказ и аналогијата со дадениот доказ, исто така е и ситуацијата ако стане чиста пред завршетокот на јациското време, таа има обврска да клања само јација, а нема обврска да го клања акшам намазот.
Некои жени кои спонтано абортираат се наоѓаат во овие две ситуации: или жената ќе пометне пред да се создаде фетусот, или ќе пометне откако ќе се создаде и ќе се појави форма, па каков е прописот за неа да пости во денот кога има спонтан абортус, и да пости во деновите во кои има крварење?
Ако фетусот не е формиран, тогаш тоа крварење не е менструално крварење, и според тоа, таа ќе пости и ќе клања, и нејзиниот пост ќе биде исправен.
Но доколку фетусот е формиран, тогаш таа крв се смета за постпородилно крварење (нифас) и не ѝ е дозволено да клања во таква состојба, ниту да пости.
Правилото по ова прашање или регулатива е дека ако фетусот е формиран, тогаш крварењето се смета за нифас, а ако фетусот не е формиран, тогаш тоа крварење не е нифас. Со тоа ако е крвта од нифас тогаш ѝ се забранува сето она што ѝ е забрането на родилките после породувањето, а ако тоа не е крв од нифас, тогаш нема никаква забрана за неа.
Ако бремена жена има крварење за време на постот во рамазан, дали тоа влијае на нејзиниот пост?
Доколку е крвта од менструален циклус, а жената пости, тогаш нејзиниот пост е неважечки, според зборовите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „...зарем не е пропис дека кога таа ќе добие менструација нема да клања и нема да пости?“ И заради ова сметаме дека тоа го расипува постот, како што го прави тоа и нифасот, бидејќи крварењето на менструалната крв или на таа после породувањето се причини за поништување на постот.
Па така, крварењето кое го има трудницата во денот на рамазан, ако е менструално, ќе се смета како и крварењето на таа што не е трудна, т.е. тоа ќе влијае на нејзиниот пост, а ако пак не е менструација, тогаш тоа нема да влијае.
Менструацијата што може да се појави кај бремената жена, е менструација која не престанала откако таа забременила, туку се појавувала во нејзините вообичаени периоди, и правилата за оваа менструација се, според најмеродавното мислење, истите како и за регуларната менструацијата.
А доколку престане крварањето кај неа, а потоа види крв која не е вообичаена крв, тогаш таквата ситуација нема да влијае на нејзиниот пост, бидејќи тоа не е менструално крварење.
Ако жена забележи во денот кога инаку има менструална крв, но утредента целиот ден не забележува дека има крварење, што треба да направи?
Очигледно е дека таа чистота или некрварење кое се случило во вообичаено време на менструален циклус се врзува со нејзината менструација, и не се смета за чистота, и според тоа забрането ѝ е сѐ што ѝ е забрането на една жена со хајз.
Некои од учените луѓе кажале: Кога жена еден ден ќе забележи крв, а другиот ден ја нема, тогаш таа крв ќе се смета како менструална, а денот кога нема крварење ќе се смета за чиста, сѐ додека не поминат петнаесет дена. А кога ќе поминат петнаесет дена, крвта која ќе се појави ќе се смета за истихаза, и ова мислење е познато во мезхебот на Имамот Ахмед бин Ханбел, рахимехуллах.
Во последните денови на хајзот, а малку пред да стане чиста, жената не гледа трагови на крвта, дали тој ден може да пости иако не забележала бела течност, и што треба да направи?
Ако е вообичаено кај неа да нема бел исцедок - како што е тоа кај некои жени - тогаш таа може да пости, но ако е вообичаено да ѝ се појави бел секрет, тогаш нема да пости сѐ додека не го забележи.
Каков е прописот жена со хајз и нифас да чита од Куранот, гледајќи или со читање на тоа што го знае напамет кога има нужност, како на пример кога е студент или како наставник во настава.
Нема пречка жена во нифас и хајз да чита од Куранот ако е заради нужда, како што е подучување во наставата, или за време на часовите да рецитира, или да повторува читајќи делови од Куранот дење или ноќе.
А што се однесува до рецитирањето на Куранот со кој очекуваме награда и севап за неговото читање, во суштина тоа не треба да го прави, бидејќи голем број од исламските зналци, дури и повеќето од нив, сметаат дека на жена со хајз не ѝ е дозволено да го чита Куранот.
Дали жена со хајз мора да ја менува облеката откако ќе стане чиста, знаејќи дека на таа облека нема крв или некаква нечистотија?
Не е должна да го направи тоа, бидејќи хајзот не го валка телото, туку менструалната крв го валка само она што ќе го допре, и заради тоа Аллаховиот пратеник, алејхи селам, им наредил на жените, кога менструалната крв ќе остане на облеката, да ја исперат истата, а потоа да клањаат во неа.
Жена не постела во рамазан седум дена бидејќи била со нифас, и не ги напостила, а веќе настапил друг рамазан, и од овој рамазан исто не постела седум дена затоа што го доела детето, и овие денови не ги напостила оправдувајќи се дека била болна, што треба да прави, а третиот рамазан само што не настапил? Дајте ни појаснение Аллах нека ве награди за тоа.
Ако таа жена, како што таа кажала за себе дека - е болна, и не може да ги напости на казаа/накнадно пропуштеното - тогаш таа ќе го направи тоа кога ќе може да пости, бидејќи моментално има оправдување, па дури и да е следниот рамазан блиску.
Но ако таа нема оправдување, туку само изнаоѓа причини и ги запоставува обврските, тогаш таа нема оправдување да оддолжува со постењето на казаа до следниот рамазан. Аиша, радијаллаху анха, кажала: Јас имав обврска да напостам каза/накнадно, и не можев тоа да го направам сѐ до месецот шабан.
Според ова, оваа жена треба да ја согледа сопствената состојба, ако нема оправдување тогаш ќе биде грешна, и должна е да побара прошка кај Аллах, и што побрзо да го напости тоа што ѝ поминало како обврска (а за што имала оправдување), а доколку има оправдување тогаш нема да биде грешна, па дури и да го одложи постот за една или две години.
Некои жени го дочекуваат вториот рамазан, а сѐ уште не ги испостиле деновите од минатиот рамазан, каква е нивната обврска?
Нивната обврска е да се покајат кај Аллах заради тоа што го направиле; бидејќи не е дозволено, таа жена, која не ги напостила деновите од минатиот рамазан да ги одолговлекува до следниот рамазан без оправдување, според зборовите на Аиша, радијаллаху анха: „Јас имав обврска да напостам казаа, и не можев тоа да го направам сѐ до месецот шабан."
Ова докажува дека не е дозволено одложувањето до после следниот рамазан, затоа таа треба да побара прошка кај Аллах Возвишениот за тоа што го направила, и ќе ги напости деновите кои ги пропуштила после вториот рамазан.
Ако жена добие менструација во еден попладне на пример, а таа до тоа време не го клањала пладневниот намаз, дали е должна да го одложи и да го клања пладневниот намаз откако ќе стане чиста?
Учените луѓе по ова прашање имаат различни мислења, некои од нив сметаат: не е должна да го клања овој намаз, затоа што не била немарна за намазот, и нема грев за тоа. Бидејќи ѝ е дозволено да го одложува намазот до крајот на времето.
Другите сметаат: мора да го наклања тој намаз по циклусот, заради општиот контекст на зборовите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Кој ќе стаса на еден рекат од намазот, го стасал целиот намаз.“
За секој случај, нека го наклања како казаа; бидејќи се работи за еден намаз, и нема потешкотии тоа да го направи.
Ако бремена жена има крварење пред да роди на еден или два дена, дали ќе престане со постот и клањањето заради тоа, или што ќе направи?
Ако бремена жена види крварење пред да се породи на ден или два, и ги чуствува породилните болки, тогаш тоа е нифас, и затоа ќе престане со намазот и постот, а ако нема породилни болки тогаш е обично крварење од кое нема никаква последица, и тоа нема да ја спречи да пости и да клања.
Какво е вашето мислење за користење на таблети кои го запираат месечниот циклус; за да може да се пости со сите луѓе во рамазан?
Јас предупредувам на тоа, затоа што тие таблети се многу штетни, тоа ми го потврдија многу доктори, на таа жена ѝ велиме: Тоа е нешто што го одредил Аллах за ќерките на Адем, па биди задоволна со она што го одредил Аллах Возвишениот, и пости тогаш кога немаш пречки за тоа, а кога имаш пречки за постење тогаш немој да постиш, биди задоволна со Аллаховиот кадер.
Жена после два поминати месеца од породувањето, и откако станала чиста, забележува некои ситни траги на крв, дали ќе престане со постењето и нема да клања? Или што треба да направи?
Проблеми кои жените ги имаат со хајз и нифас се море кое нема брег, а причините за тоа се употребата на таблети кои ја запираат бременоста или тие што ја запираат менструацијата, како и многу други слични проблеми кои луѓето ги познаваат. Точно е дека проблемот сè уште постои дури од пратеништвото на Аллаховиот веровесник, алејхи селам, па дури и од постоењето на женскиот пол, но повеќето се од овој тип, каде што човекот се наоѓа збунет како да го реши проблемот, што е за жалење.
Затоа општо правило е: Кога жената ќе биде чиста, кога ќе биде сигурна дека е чиста од хајз или нифас - а под поимот чиста мислиме на белиот секрет после хајз, и тоа е познат исцедок кој жените го препознаваат - па сѐ што се појавува по чистењето, како заматена течност, жолтило, дамки или некаков секрет, не е менструација, и тоа не ги спречува да извршуваат намаз, не ги спречува да постат и не го спречува мажот да има односи со сопругата. Бидејќи тоа не е менструација. Уму Атије вели: Не обрнувавме никакво внимание на заматеното или жолтилото. Хадисот е пренесен од Бухари, а кај Ебу Давуд има додаток: „После чистота.“ Синџирот на овој хадис е автентичен.
Според ова велиме: Сѐ што ќе се случи по сигурна чистота од овие работи, тоа нема да ѝ штети на жената и да ја спречи да клања, пости или да има интимни односи со својот сопруг, само што, не треба да избрзува сѐ додека не биде сигурна дека е чиста; бидејќи некои жени кога ќе прекине крварењето ќе побрзаат и ќе се избањаат пред да станат чисти. Затоа жените на асхабите ѝ испраќаа на мајката на верниците, Аиша, радијаллаху анха, парче ткаенина на која имаше крв, а таа им велеше: „Не брзајте додека не го видите белиот исцедок."
На некои жени им се оддолжува крварењето, а некогаш дури и сопира на ден или два, а потоа продолжува, па каков е прописот за ваквата состојба во однос на постењето, клањањето и останатите ибадети?
Познато е кај многу од учените дека ако жената има менструален циклус и ѝ завршува менструацијата, тогаш треба да се избања, ќе клања и ќе пости, а тоа што ќе се појави после два или три дена, не е менструација. Бидејќи според зналците минималниот период на чистота е тринаесет дена.
Некои учени кажале: Кога и да забележи крв, тоа е хајз, а кога и да се исчисти од хајз, тоа е чистота, па дури и да не поминале тринаесет дена помеѓу двата циклуса.
Што е подобро за една жена: Да клања во ноќите на рамазан во својата куќа или во џамија, особено ако таму има предавање или советување? И каков совет имате за тие жени кои клањаат во џамии?
Подобро е да клања во својот дом; заради општиот пропис содржан во зборовите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „А нивните домови се подобри за нив.“ И затоа што излегувањето на жените надвор не може да помине без искушение во повеќето случаи, и со оглед на тоа, на жената ѝ е подобро да остане во својот дом од тоа да отиде во џамија, а советите и предавањата може да ги слуша преку разни медиуми.
Мојата препорака за тие што клањаат во џамија: кога излегуваат од нивните куќи да бидат покриени, да не ги откриваат нивните украси и исто така да не користат парфеми.
Каков е прописот да се вкуси јадењето за време на постот во рамазан, додека жената пости?
Прописот е: Нема пречка за тоа; заради потребата од такво нешто, но не смее да проголта туку ќе го исфрли од уста тоа што го пробува.
Жената која е повредена во саобраќајна несреќа, се наоѓала на почетокот на бременоста, и фетусот го пометнала заради обилно крварење, дали ѝ е дозволено да не пости или мора да продолжи со постот? А ако го прекинала постот, дали е грешна заради тоа?
Велиме: Бремената жена нема менструација, како што рекол имамот Ахмед: Жените ја познаваат бременоста со престанокот на менструацијата. А менструацијата - како што рекоа учените - е дадена од Аллах Севишниот, поради мудроста да го храни фетусот во утробата на мајката, па кога ќе настапи бременоста, менструацијата престанува.
Сепак, некои жени може да продолжат да имаат менструација како и пред бременоста, и во овој случај правило е дека нејзината менструација е потврдена. Бидејќи нејзината менструација продолжила, и бременоста не била причина да прекине, таквата менструација не го дозволува сето она што менструацијата на небремената жена не и го дозволува, а го наложува она што го наложува и кај небремената, и отпаѓа како должност сѐ она што отпаѓа од жената која не е бремена.
Заклучокот е: дека крвта што излегува од бремената жена е од два вида:
- Вид кој се смета за менструација, а тоа е она крварење што продолжува кај неа како што било пред бременоста, ова значи дека бременоста не влијаела врз неа, тогаш тоа е менструација.
Вториот вид е: крварење што настанало за време на бременоста случајно, или како резултат на несреќа, или поради носење тежина, или паѓање од нешто или слично, оваа крв не е менструална крв туку е крварење од вените. И според тоа нема да ја спречи да клања или да пости, напротив таа ќе се смета како чиста.
Но, ако несреќата резултира со раѓање на дете или губење на фетусот од нејзината утроба, тогаш за неа важи, како што велат исламските правници, следното: Ако фетусот излезе и на него е видливо телесно формирање, тогаш нејзината крв откако ќе излезе фетусот се смета за постпородилно крварење, во тој случај таа не може да клања ниту да пости, а нејзиниот сопруг нема да има интимни односи сѐ додека таа не стане чиста.
А ако фетусот излезе неоформен, тоа не се смета за породилна крв, туку тоа е обично крварење и не ја спречува да клања, да пости или нешто друго.
Учените велат: најкраток период во кој е видливо формирање на фетусот е: осумдесет и еден ден, бидејќи фетусот во утробата на својата мајка Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, алејхи селам, а тој е искрен и вистинољуб, не извести: „Навистина секој од вас се формира во утробата на својата мајка во период од четириесет дена, па станува како капка згрутчена крв по исто толку време, по исто толку време станува ембрион, и тогаш му се испраќа мелек, кому му се наредени четири збора, па ќе му го запише снабдувањето, должината на животот, делата кои ќе ги направи и дали ќе биде од среќните или од несреќните." Не е можно оформување пред овој период, но вообичаено е дека оформувањето не може да биде јасно пред да поминат деведесет дена, како што тоа го кажаа некои познавачи на исламското право.
Јас сум жена која имала спонтан абортус во третиот месец пред една година, не клањав сѐ додека не станав чиста, но ми беше речено: си требала да клањаш. Што треба да направам, јас не знам колку точно денови поминале?
Општо познато е кај исламските зналци: дека жена која ќе пометне во третиот месец на бременоста нема да клања, затоа што крварењето по спонтан абортус на оформен фетус се смета за нифас и не се клања во таква состојба.
Тие исто така рекоа: Формирањето на плодот може да се утврди ако фетусот наполнил осумдесет и еден ден, а тоа е помалку од три месеци. Ако е сигурно дека фетусот е пометнат откако наполнил три месеци, тогаш крварењето е обична крв, затоа нема да престане да клања поради тоа.
Таа која прашала треба да се сети, доколку фетусот е пометнат пред осумдесет и еден ден тогаш ќе ги наклања намазите како казаа, а ако не знае колку намази изоставила? Тогаш ќе процени, ќе истражи и ќе наклања како казаа онолку колку што смета дека не клањала.
Жената прашува: Од кога има обврска да пости, таа го постела Рамазан, но деновите кога не постела поради менструалниот циклус не ги напостила. Заради тоа што не знае колку дена не постела, бара упатство што мора да направи сега.
Жалиме што вакво нешто се случува меѓу жените верници, бидејќи ова занемарување - мислам: оставање на исполнувањето на она што ѝ е задолжително од постот - е или незнаење, или негрижа, а и двете работи се несреќа. За незнаењето лек е знаењето и прашувањето. А за негрижата лек е богобојазливоста од Аллах Возвишениот, свеста дека нѐ набљудува, страв од Неговата казна и да побрзаме со богоугодните дела.
Оваа жена мора да се покае кај Аллах за она што го направила, да бара прошка и колку што може да истражи за деновите што ги пропуштила и да ги надополни, на овој начин ќе биде ослободена од обврската и се надеваме дека со тоа Аллах ќе ѝ го прими покајанието.
Каков е прописот доколку жената добие менструација откако ќе настапи времето на некој од намазите? Дали таа треба да го наклања тој намаз како казаа кога ќе стане чиста? Исто е и прашањето за намазот кој ќе настапи во времето кога ќе стане чиста (ќе и престане менструалниот циклус)?
Прво: Ако жената добие менструација на почетокот на времето - односно на почетокот на времето за намаз - тогаш таа мора, кога ќе стане чиста, да го надокнади намазот за време на кој добила менструација, ако не го клањала пред да ѝ се појави менструацијата. Тоа е потврдено со зборовите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Кој ќе стаса на еден рекат од намазот, го стасал целиот намаз.“ Па така, ако некоја жена добие менструација за време на некој намаз колку што трае еден рекат, па добие менструација пред да го клања тој намаз, таа е должна да го надокнади тој намаз кога ќе стане чиста.
Второ: ако ѝ заврши менструацијата пред да заврши времето на намаз, тогаш таа мора да го надокнади тој намаз. На пр. ако станала чиста во времетраење на еден рекат пред да изгрее Сонцето, таа мора да го наклања сабах намазот накнадно како казаа. А ако станала чиста пред зајдисонце во времетраење на еден рекат, должна е да го клања икиндискиот намаз (како казаа). А ако станала чиста пред полноќ во времетраење на еден рекат, должна е да го наклања јацискиот намаз. А ако станала чиста после полноќ, тогаш не е должна да го надокнади јацискиот намаз, туку има обврска да го клања сабах намазот кога ќе настапи времето на сабах намаз. Аллах Возвишениот рекол: „А кога ќе бидете безбедни, намазот во потполност извршувајте го, бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“ (Ен Ниса: 103), Значи: Фарзот е временски одреден, и човек не може да клања по неговото време, ниту може да го започне клањањето пред да настапи времето на некој намаз.
Месечниот циклус ми започна за време на намаз, што треба да направам? И дали треба да ги надокнадам намазите кои ги пропуштив за време на хајзот?
Ако се појави хајз откако ќе настапи време на некој намаз - како на пример да добие менструација половина час после пладне намаз - таа ќе го надокнади овој намаз чие време започнало кога таа била чиста, откако ќе и престане менструацијата. Аллах Возвишениот, вели: „...бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат." (Ен Ниса: 103).
А намазите, додека била во менструација, нема да ги надокнади, така е според зборовите на Пратеникот, алејхи селам, во долгиот хадис, каде меѓу останатото вели: „...зарем не е кажано, таа кога ќе добие менструација нема да клања и нема да пости?“ Алимите (учените) се согласни дека таа не ги надокнадува намазите кои поминале додека била во менструален циклус.
Додека, кога ќе стане чиста, и ако останало време колку да се клања еден рекат од намазот или повеќе, таа ќе го клања тој намаз за време на кој станала чиста, а ова е спомнато во говорот на Аллаховиот пратеник, алејхи селам: „Кој ќе стаса да клања еден рекат од икиндискиот намаз пред да зајде Сонцето, ќе му се смета како да го стасал икиндискиот намаз.“ Ако и престане меструалниот циклус во попладневните часови или пред изгрејсонце, а до зајдисонце или изгрејсонце останува време само за еден рекат, тогаш ќе го клања икиндија намазот според првиот пример, а сабах намазот според вториот пример.
Имам мајка која има шеесет и пет години, и имала период од деветнаесет години во кој немала деца, а сега има крварење кое трае три години, тоа е болест што - изгледа - дојде кај неа во тој период, а бидејќи се приближува постењето, како ја советувате? Како да се однесува во ваква ситуација?
Таквата жена која има крвавење, нејзиниот пропис е да не клања и да не пости во тоа време кога вообичаено имала месечен циклус пред да ѝ се случи ова крварење, па така, ако ѝ било вообичаено да има хајз на почетокот на секој месец во тек од шест дена, на пример, таа треба на почетокот на секој месец во период од шест дена да прекине со намазот и постот, а кога ќе завршат тие шест дена, ќе се избања, и ќе почне да клања и да пости.
Како да клања жена во ваква ситуација и слично: Целосно треба да ги измие интимните делови, да ги преврзе цврсто со нешто и да земе абдест. Ова ќе го направи откако ќе започне времето на задолжителниот намаз, а истото го прави и ако сака да клања доброволен намаз во останатото време вон задолжителните намази.
Во овој случај - за да не ѝ се отежне - дозволено ѝ е да го спои пладневниот со икиндискиот намаз, и акшам намазот со јацијата. Така што со ваков начин на земање абдест ќе клања два намаза: пладне и икиндија. А со вториот пат ќе ги клања споено акшамот и јацијата, и третиот пат ќе го клања сабах намазот, наместо да го направи тоа петпати за секој намаз, ќе го направи трипати.
Пак повторувам и велам: Кога сака да земе абдест, ги мие интимните делови, и ги превзува со крпа или нешто слично додека надворешноста не остане сува, потоа зема абдест и го клања пладне намазот четири рекати, икиндискиот намаз четири рекати, акшам намаз три рекати, јацискиот намаз четири рекати и сабах намаз два рекати, што значи: таа не ги крати намазите, како што претпоставуваат некои од обичните луѓе. Но, дозволено е да ги спои пладне и икиндија намазот, и акшам и јација намазот, пладне со икиндија, порано во време на пладне или подоцна во икиндиско време, исто така акшам и јација, порано во време на акшам или подоцна во време на јација, и ако сака да клања доброволни намази со овој абдест, нема да биде проблем за неа.
Каков е прописот жена да дојде во харемот на џамијата (во Мека или Медина) додека има менструација, со цел да слуша предавања или хутба?
Не е дозволено жена со менструација да престојува во Месџидул-Харам или во која било друга џамија, но ѝ е дозволено да помине низ џамијата, заради некоја потреба или нешто слично. Како што ѝ рекол Пратеникот, алејхи селам, на Аиша кога ѝ наредил да донесе простирка [1], а таа рекла: „Таа е во џамијата, а јас сум со менструација." Тој рече: „Твојата менструација не е во твојата рака (па да ја сметаме за нечиста).“ Ако жена со менструација помине низ џамијата, а таа е сигурна дека нема да остави траги од крварење во џамијата, тогаш нема никаква пречка за тоа.
Но ако сака да влезе и да престојува во џамијата, тогаш тоа не е дозволено.
Доказ за тоа е дека Пратеникот, алејхи селам, им наредил на жените за време на Бајрам намаз да излезат на местото каде ќе се клања Бајрам (полнолетните девојки, малите девојчиња и жените со менструација). Но им наредил на жените со менструација да се оддалечат од местото одредено за намаз. Ова докажува дека на жената со менструација не ѝ е дозволено да остане во џамијата за да ја слуша хутбата или да ги слуша предавањата и хадисите.
*
Прописи на чистотата во намазот
Дали течноста што излегува од жената - без разлика дали е бела или жолта - е чиста или нечиста? Дали е потребно да се земе абдест, земајќи предвид дека перманентно истекува? Каков е прописот ако наизменично истекува, особено што повеќето жени - дури и образованите жени - сметаат дека ова е природна влажност за која не мора да се зема абдест?
По истражувањето кое го направив сметам дека ако течноста што излегува од жената не излегува од уринарниот тракт, туку излегува од матката, тогаш таа е чиста, но се губи абдесот дури и да е чиста течност. Затоа што не е услов тоа што го губи абдестот да биде нечистотија, како што воздухот излегува од анусот, тој нема супстанција, но сепак се губи абдестот.
И според тоа, ако нешто истече од некоја жена додека има абдест, тоа ќе ѝ го расипе абдестот, и таа мора да го обнови.
А ако е континуирано, тогаш не го расипува абдестот, но таа треба да земе абдест за секој намаз кога ќе дојде време за намаз, и ќе клања во ова време во кое земала абдест, фарзови и нафили и ќе чита Куран, и ќе прави што сака од она што ѝ е дозволено. Познавачите на исламското право сметаат вакво нешто се однесува за некој што боледува од уринарна инконтиненција. Ова е пропис за течноста од гледна точка на чистотата, дека таа е чиста, а од гледна точка на поништувањето на абдестот, таа течност го расипува абдестот освен ако не е континуирано течење, ако е континуирано, тогаш не го расипува абдестот, но жената треба да зема абдест секогаш кога ќе настапи време на намаз, и притоа да преземе мерки да го запре истекувањето на течност од неа.
Но, ако тече со прекини, и вообичаено престанува за време на намазот, тогаш таа треба да го одложи намазот до времето кога ќе престане течењето, освен ако се плаши да ѝ помине времето за намаз, тогаш треба да земе абдест, да се преврза - да се заштити од протекување - и да клања.
Нема разлика помеѓу мало и големо истекување; бидејќи сето тоа излегува надвор од местото, и затоа го поништува абдестот, без разлика дали е мала или голема количина, за разлика од она што излегува од останатиот дел од телото, како што е крвта и повраќањето, тие не го поништуваат абдестот, без разлика дали се работи за мала или голема количина.
Што се однесува до убедувањето на некои жени дека тоа не го поништува абдестот, не знам врз база на која основа е тоа, освен можеби зборовите на Ибн Хазм, рахимехуллах, кој рекол: "Ова не го поништува абдесот." Но, тој не спомнал никаков доказ за тоа, да имаше докази од Куранот и Сунетот или изреките на асхабите, ќе важеше тоа правило.
Секоја жена мора да биде богобојазлива и да внимава на својата чистота. Намазот не се прифаќа без чистота, дури и стопати да клања, всушност, некои зналци велат: „Кој клања без чистота, тој е неверник.”Затоа што тоа е облик на исмејување со ајетите на Аллах Возвишениот.
Ако кај жена која зела абдест за задолжителен намаз непрекинато тече секрет, дали ѝ е исправно да клања што сака од доброволните намази или да чита Куран со тој ист абдест до следниот задолжителен намаз?
Ако зела абдест за задолжителен - фарз намаз на почетокот на времето на тој намаз, тогаш може да клања што сака, било да е фарз или нафиле или пак да чита од Куранот и така може да прави сѐ до времето на следниот намаз.
Дали гореспомнатата жена може да клања духа намаз со абдест од сабах намаз?
Ова не е исправно; бидејќи духа намазот е ограничен со време, затоа е потребно да се земе абдест за тој намаз кога ќе започне неговото време. И затоа што оваа ситуација е слична како жената со истихаза, а Пратеникот, алејхи селам, ѝ наредил на жената со истихаза да земе абдест за секој намаз.
Времето на пладне намазот почнува откако Сонцето ќе ја помине половината на небото па сѐ до времето кога почнува икиндија намазот.
Времето на икиндија намазот е откако ќе заврши времето на пладне намазот, па сѐ до црвенилото на Сонцето, а заради нужда и до зајдисонце.
Времето на акшам намазот е од зајдисонце до исчезнувањето на црвенилото на ноќта.
И времето на јација намазот е откако ќе исчезне црвенилото на ноќта, па сѐ до полноќ (средина на ноќта).
Дали е исправно оваа жена да го клања ноќниот намаз, ако помине полноќ, со абдест кој го зела за јација намазот.
Не, кога ќе помине полноќ, должна е да земе абдест повторно, но има мислење и дека не мора повторно да зема абдест, и тоа е поисправно мислење.
Кога е последниот момент на јација намазот? И како тоа можеме да го знаеме?
Крајот на времето на јација намазот е полноќ, а тоа се знае со делење на периодот помеѓу зајдисонце и изгрејсонце на две половини. Во првата половина завршува времето на јација намаз, а другата половина од ноќта не е време, туку е берзех/период помеѓу јација и сабах намазот.
Ако некој, од кого истекува овој секрет наизменично, зема абдест, и ќе го изгуби абдестот пред почетокот на намазот, и тогаш потече секрет, што треба да прави?
Ако е наизменично, тогаш треба да чека да дојде времето кога ќе престане да тече, а ако нема јасна состојба, понекогаш престанува, а понекогаш не, тогаш треба да земе абдест откако ќе почне времето на намазот и ќе клања, и нема друга одговорност.
Што треба да се направи ако таа течност допре до телото или облеката?
Ако е чиста течност тогаш нема потреба од ништо, а ако е нечистотија - а тоа е секрет од уринарниот тракт - тогаш е должна тоа да го испере.
Што се однесува за абдест од таков секрет, дали е доволно само да се измијат деловите кои се мијат при абдест?
Да, доволно е само толку, доколку секретот е чист, а таков е ако потекнува од материцата, а не од уринарниот тракт.
Која е причината за тоа што не е пренесен хадис од Пратеникот, алејхи селам, кој би укажувал дека абдестот се расипува заради таков секрет, иако жените сахабијки биле активни со прашањата поврзани со нивната вера?
Затоа што не секоја жена имала протекување на секрет.
Ако некоја жена не земала абдест, не знаејќи за прописот, што треба да направи?
Таа треба да Му се покае на Аллах Возвишениот, и да ги прашува тие што имаат знаење за тоа.
Некој го пренесува како ваше мислење, дека од таков секрет не треба да се зема абдест?
Тој што пренесува дека јас сум го кажал тоа е неискрена личност, очигледно е дека таа личност разбрала од моите зборови: тој секрет е чист, дека со тоа не се расипува абдестот.
Каков е прописот за секретот што доаѓа од жената еден ден, или повеќе или помалку од еден ден пред менструацијата, а секретот може да биде во форма на тенок црн или кафеав конец или слично на тоа? И каков е прописот ако се случило тоа по менструацијата?
Ако тоа ѝ претходи на менструацијата, тогаш се смета за менструација, а се препознава преку болка и грчеви кои обично ги добиваат жените со менструација.
Што се однесува до заматен секрет по менструацијата, се чека додека не помине. Бидејќи заматен секрет поврзан со менструацијата е менструација; Според зборовите на Аиша, радијаллаху анха: Не брзајте додека не ја видите белата течност. А Аллах најдобро знае.
*
Прописи за менструацијата поврзани со хаџот и умрата
Како ќе клања жена со менструација два реката намаз за ихрам? И дали ѝ е дозволено на жена со менструација да повторува во себе зикр од Куранот, или не и е дозволено?
Прво: Треба да знаеме дека нема намаз за ихрам; Од Пратеникот, алејхи селам, не е потврдено дека тој вовел ихрам намаз за својот умет, ниту со зборови, ниту со дела, ниту со одобрување.
Второ: жената која добила менструација пред да облече ихрам може да почне со постапките на ихрам дедека е во менструален циклус;
А што се однесува на делот од прашањето: Дали смее да рецитира делови од Куранот? Одговорот е: Да, жена во менструација има право да го рецитира Куранот заради потреба или интерес, но ако е беспотребно или без видлива корист, ако сака да го прави тоа за ибадет и за да Му се приближи на Аллах, тогаш е подобро да не го прави тоа.
Една жена отпатувала на хаџ, а менструацијата ѝ се појавила пет дена по нејзиното патување, кога пристигнала на микат се избањала и го облекла ихрамот, а сѐ уште не била чиста од циклусот. Потоа отишла во Мека Мукерема и таму седела надвор од харемот и не направила ниту еден од ритуалите на хаџот или умрата, била два дена на Мина, потоа се ичистила, се избањала и ги извршила сите ритуали на умрата додека била чиста, а потоа крварењето пак се вратило кај неа додека го вршела тавафул ифаде за хаџ, но таа продолжила и ги завршила ритуалите на хаџот и не го известила својот старател сѐ додека не пристигнала во својата земја, па каков е прописот за тоа?
Пропис е следен: Ако крварењето што го добила за време на тавафот ифада била менструална крв, која таа ја знае по својата природа и нејзината болка, тогаш тавафот не е валиден и таа мора да се врати во Мека, да изврши таваф ифада, така што ќе облече ихрам за умра на микат, ќе изврши умра со таваф и са'ј, ќе скрати малку од косата, а потоа ќе го направи таваф ифада.
Меѓутоа, ако оваа крв не е менструална крв, туку нормална, позната крв, која произлегла од голема гужва, турканици или нешто слично, тогаш нејзиниот таваф е валиден, ако таа го следи мислењето на тие кои сметаат дека не е потребна чистота за таваф.
Ако не е во можност да се врати како што е кажано во првиот дел на одговорот, бидејќи се наоѓа во некоја далечна земја, тогаш нејзиниот хаџ е исправен; бидејќи таа не може да направи ништо повеќе од она што го направила.
Жена во ихрами ја започнала умрата, но кога пристигнала во Мека добила менструација, а нејзиниот машки сопатник бил принуден веднаш да отпатува, таа нема никого во Мека, каков е прописот?
Таа ќе отпатува со него, и ќе биде цело време во ихрам, потоа ќе се врати кога ќе стане чиста; ова е ситуација ако е во Саудиска Арабија; бидејќи враќањето би било лесно, нема потешкотии, нема потреба од пасош и слично.
Но доколку е од странство, и тешко ѝ е да се врати, таа ќе ги преземе сите мерки да нема протекување на крв, ќе направи таваф и сај, ќе ја скрати малку косата и ќе ја изврши умрата во тоа патување; бидејќи нејзиниот таваф во оваа ситуација е нужност, а нужната потреба ги дозволува забранетите работи.
Каков е прописот за жена муслиманка која добила менструација за време на извршувањето на хаџот, дали нејзиниот хаџ е прифатен?
На ова не може да се одговори додека не се знае кога имала менструација? Затоа што на некои постапки на хаџот не им пречи менструацијата за да се извршат, а некои не може да се извршат, како што е тавафот, кој не може да се изврши освен ако таа е чиста, додека останатите ритуали може да се извршат и за време на менструацијата.
Обврската на хаџот ја извршив минатата година, и ги извршив сите ритуали освен тавафот ифада и прошталниот таваф, бидејќи ме спречи шеријатски оправдана причина да го сторам тоа, па се вратив дома во Медина, со намера да се вратам некогаш и да го извршам тавафот ифада и тавафот веда, а поради моето непознавање на работите од верата, се ослободив од ихрамот, и направив сѐ што е забрането за време на ихрам, прашав дали може да се вратам и да направам таваф, и ми беше кажано: „Не е дозволено да правиш таваф, бидејќи си го поништила хаџот, и мораш да го повториш.“ - т.е. мораш повторно да одиш на хаџ во следната година, и згора на тоа ќе заколеш крава или камила. Дали е ова исправно? Дали има друго решение? И какво? Дали е поништен мојот хаџ? Дали морам да го повторам? Дајте ми насоки што треба да направам, Аллах нека ви даде бериќет.
Ова е исто така лош пример, кој се случува кога се даваат фетви без знаење, ти во оваа ситуација треба да се вратиш во Мека и да направиш само таваф ифада.
Што се однесува до тавафот веда, ти не си должна да го направиш тавафот веда бидејќи си била со менструација додека си излегувала од Мека, а на жена во менструација не ѝ е обврска да изврши таваф веда; Доказ е хадисот на Ибн Абас, радијаллаху анхума, кој рекол: „Луѓето беа задолжени последното нешто што ќе го направат во Ќаба да биде прошталниот таваф, освен за жената која е со менструација.“ А во предание кое го пренесува Ебу Давуд стои: „Луѓето беа задолжени последното нешто што ќе го направат во Ќаба да биде тавафот.“ Исто така кога на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, му беше кажано дека Сафија го извршила тавафот ифада, тој рекол: „Ако е така, нека си замине (од Мека).“ Ова е доказ дека тавафот веда отпаѓа како должност за жена во менструален циклус.
Што се однесува до тавафот ифада, тој ви е задолжителен, а бидејќи се ослободивте од сите забрани на ихрамот поради незнаење, тоа нема да ви наштети. Затоа што неукиот кој прави некои забрани на ихрам нема одговорност; а доказ се зборовите на Возвишениот: „Господару наш, не казнувај нѐ ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме!“ (Ел Бекаре: 286). Аллах Возвишениот рекол: Веќе го сторив тоа. И вели: „Не е грев ако при тоа ненамерно згрешите, грев е ако тоа намерно го одлучат вашите срца.“ (Ел Ахзаб: 5). Сите забрани кои Аллах Возвишениотму ги одредил на тој што е во ихрам, ако ги прави од незнаење, заборав или принуда, тогаш нема одговорност, но кога ќе го снема неговото оправдување, тој мора да прекине со она што го прави (од забранетите работи).
Ако на жената по породувањето ѝ започне нифас на денот на Тервије и ги заврши обврските на хаџот освен тавафот и сајот, и ќе забележи дека првично станала чиста по десет дена, дали треба да се избања и да ја изврши преостанатата обврска, а тоа е тавафот на хаџот?
Не ѝ е дозволено да се искапе и да изврши таваф додека не се увери дека е чиста, а она што се подразбира од прашањето кога е кажано: (првично) дека таа не е убедена дека е потполно чиста па затоа кога ќе види знаци на чистота и кога ќе стане чиста, ќе се избања и ќе ги изврши тавафот и сајот.
Ако направила сај пред тавафот нема проблем, затоа што Веровесникот, алејхи селам, бил прашан за време на хаџот, за тој што го направи сајот пред тавафот, па тој одговорил: „Не е проблем."
Една жена влегла во состојба на ихрам за хаџ од микатот Сејлул-Кебир додека имала менструација, а кога стигнала во Мека отишла во Џеда, бидејќи имала потреба за тоа, таму станала чиста, се избањала и ја исчешлала косата, а потоа го завршила својот хаџ. Дали е валиден нејзиниот хаџ? Дали има некаква обврска?
Хаџот ѝ е исправен, и не треба ништо друго да прави.
Тргнав на умра, а микатот го поминав додека имав менструација, па не влегов во ихрам и останав во Мека додека не станав чиста, потоа облеков ихрам во Мека? Дали ова е дозволено? Или што да направам? Каква обврска имам?
Оваа постапка не е дозволена, а на жената која сака да изврши умра не ѝ е дозволено да го помине микатот освен во состојба на ихрам, дури и ако е во менструација, таа влегува со ихрам додека е во менструација, а нејзиниот ихрам е валиден и исправен. Доказ за ова е: Есма бинт Умејс, сопругата на Ебу Бекр, радијаллаху анхума, се породила додека Пратеникот, алејхи селам, престојувал во Зул Хулајфа, со намера да го изврши хаџот веда. Таа му испратила прашање на Пратеникот, алејхи селам: „Како да постапам?" Тој одговорил: „Избањај се, стави ткаенина како влошка и стапи во состојба на ихрам.“ А крвта на хајзот е како таа на нифасот.
Па ѝ велиме на жената во менструален циклус која го поминала микатот, а сакала да извши умра или хаџ: Избањај се, стави влошка од ткаенини и објави ја состојбата на ихрам. Истисфар значи: дека треба да врзе парче ткаенина околу интимните делови, го врзува, па влегува во ихрам, било за хаџ или умра, по ихрамот кога ќе стигне во Мека, нема да доаѓа кај Каба, ниту ќе изврши таваф додека не биде чиста. Затоа Пратеникот, алејхи селам, ѝ рекол на Аиша кога имала менструација за време на умрата: „Направи сѐ што прави еден аџија, но немој да правиш таваф околу Ќабата, сѐ додека не станеш чиста." Ова е предание на Бухари и Муслим. А во Сахих Бухари исто така, Аиша спомнала дека „кога станала чиста направила таваф околу Ќаба, и сај помеѓу Сафа и Мерва.“ Ова е доказ дека жена која влегла во состојба на ихрам за хаџ или умра за време на менструација, или пак менструација и се појавила пред да го направи тавафот, таа нема да ги направи тавафот и сајот сѐ додека не стане чиста.
Но ако направила таваф додека била чиста, и по завршувањето на тавафот ѝ се појавила менструацијата, таа ќе продолжи, ќе направи сај иако е во менструален циклус, ќе скрати малку од косата, и ќе ја доврши умрата; бидејќи за сај помеѓу Сафа и Мерва не е услов чистотата.
Тргнав од градот Јанбу на умра со моето семејство, но кога стигнав во Џеда мојата сопруга доби менструација, јас ја завршив умрата сам без мојата сопруга, каков е прописот што се однесува на мојата сопруга?
Прописот кој се однесува на тојата сопруга е: Да остане таму сѐ додека не стане чиста, а потоа ќе ја изврши умрата; затоа што кога Сафија, радијаллаху анха, добила менструација, Пратеникот, алејхи селам, рекол: „Дали таа нè спречува (да се вратиме во Медин)?" Рекоа: „Таа го извршила тавафот ифада." Тогаш тој рече: „Тогаш нека тргне (да се врати во Медина).“ Зборовите на Пратеникот: „Дали таа нѐ спречи (запре)?", се доказ дека жената мора да остане - ако добила менструација пред да изврши таваф ифада - сѐ додека не стане чиста, а потоа ќе го направи тавафот.
Исто така е и со тавафот на умрата, како што е со тавафот ифаде; бидејќи тавафот е клучен дел од извршувањето на умрата, па ако жена која извршува умра добие менструација пред да направи таваф, ќе чека додека да стане чиста, па потоа ќе го направи тавафот.
Дали местото на кое се извршува сајот е дел од харемот на Мека? Дали таму смее да дојде жена во менструален циклус? И дали мора, тој што влегол во харемот од страната каде се извршува сајот, да клања два реката техијетул-месџид?
Она што е очигледно е дека местото каде се извршува сајот не е дел од џамијата и затоа направиле ѕид што ги дели, но тоа е краток ѕид и нема сомнеж дека тоа е за доброто на луѓето. Затоа што, ако би го припоиле и би бил дел од џамијата, тогаш жена која ќе добие менструација помеѓу извршувањето на тавафот и сајот, нема да може да го направи сајот.
Мојата фетва би била: Ако добие менструација по извршениот таваф, а пред да го направи сајот, тогаш може да го направи сајот; бидејќи местото каде се прави сајот не се смета за дел од џамијата.
А што се однесува само за техијетул-месџид, се вели: ако човекот го направи сајот по тавафот, потоа се врати во џамија, дека треба да го клања тој намаз, а доколку не го направи тоа, тогаш не следува ништо за тоа. Но подобро е да ја искористи можноста, и да клања два реката; затоа што намазот на тоа место има посебна вредност.
Го извршив хаџот, и ми дојде месечниот циклус, ми беше срам да им кажам на другите, влегов во харемот, клањав, ги направив тавафот и сајот, што морав да го направам, имајќи предвид дека циклусот се појави после нифасот?
Не е дозволено на жена со хајз или нифас да клања, сеедно во Мека, или во нејзината татковина, или на кое било друго место; Доказ се зборовите на Пратеникот, алејхи селам, кој опишувајќи ја состојбата на жената, вели: „Зарем (не е кажано дека) таа нема да клања кога има хајз, и исто така нема да пости?“ Исламските правници се согласни дека на жената со хајз не ѝ е дозволено да пости и исто така не ѝ е дозволено да клања.
Според ова, оваа жена што направила вака, треба да се покае кај Аллах и да бара прошка за она што го направила.
Што се однесува до нејзиниот таваф за време на менструацијата, тој не е исправен, а што се однесува до нејзиниот сај, тој е валиден. Бидејќи според најправилното мислење, дозволено е да се направи сај пред тавафот за време на хаџот и врз основа на тоа таа мора да го повтори тавафот. Бидејќи тавафот ифада е еден од столбовите на хаџот, и не може да се ослободи од забраните на втората фаза на аџилакот освен со неговото извршување.
Според тоа, мажот на оваа жена нема да има сексуални односи со неа - ако е мажена - додека таа не го направи тавафот, и нема да се склучи брачен договор - ако е немажена - додека таа не направи таваф, а Аллах најдобро знае.
Ако жена добие менструација на денот на Арафат што треба да направи?
Ако жена добие менструација на денот на Арафат, ќе продолжи со обврските на аџилакот, и ќе прави се што прават и другите, само нема да направи таваф околу Ќаба сѐ додека не стане чиста.
Ако жена има менструација по фрлањето на камчињата на Џемерат, а пред тавафот ифада, а таа и нејзиниот сопруг се ограничени со група во која се наоѓаат, што треба да прави, имајќи предвид дека таа не може да се врати откако ќе замине?
Ако не може да се врати, тогаш таа ќе ги преземе сите мерки на предострожност да нема протекување на крв, а потоа ќе го направи тавафот заради нужна потреба, и нема друга одговорност, а потоа ќе ги изврши останатите обврски на аџилакот.
Ако жена со нифас стане чиста, пред да се наполнат четириесет, дена дали е исправен нејзиниот аџилак? А ако не станала чиста што ќе направи, имајќи предвид дека направила ниет за аџилак?
Ако жена со нифас стане чиста пред четириесет дена, треба да се избања, ќе клања и ќе прави сè што прават чистите жени, дури и таваф. Бидејќи не постои минимален период на крварење во нифас.
А ако не забележала чистота, нејзиниот аџилак е исто така исправен, но нема да направи таваф околу Ќабата додека не стане чиста;
*
Related books
All books
Прописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)26 јазициПрописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)
Книгата ги објаснува практиката и целите на постапувањето со починатите според исламскиот шеријат, разгледувајќи ја вредноста на следењето на џеназите, начинот на извршување на намазот за нив и различните состојби поврзани со тоа. Книгата исто така, укажува на важните упатства како што се брзото подготвување на џеназата, избегнувањето на гласното оплакување, значењето на трпението и задоволството со Божјата одлука. Книгата потсетува дека смртта е неизбежна за секој човек и поттикнува на добро мислење за Аллах и истрајност, со дова за починатите за прошка и милост.
المختصر المفيد للمؤذن والإمام والخطيب وأحكام المساجد47 јазициوأحكامالمختصر المفيد للمؤذن والإمام والخطيب وأحكام المساجد
كتاب "المختصر المفيد للمؤذن والإمام والخطيب وأحكام المساجد" يتناول مسؤوليات المؤذن والإمام والخطيب وأحكام الأذان والإقامة وصلاة الجمعة وأحكام المساجد. يوضح الكتاب تعريف الأذان والإقامة وحكمهما وفضلهما، كما يبين الصفات المطلوبة في المؤذن والشروط اللازمة لصحة الأذان والإقامة. بالإضافة إلى ذلك يستعرض الكتاب أحكام الإمامة، ومشروعيتها وفضلها، وشروط وصفات الإمام، مع التركيز على أهمية العلم والخلق في من يتولى هذه الوظيفة الشرعية.
Студија за прописот на маѓијата и гатањето28 јазициСтудија за прописот на маѓијата и гатањето
Напишано од шejхот Абдулазиз бин Абдулах бин Баз Аллах нека му се смилува Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Прописот за маѓијата, гатањето и сè што е поврзано со нив (1) (1) Дел од оваа статија беше објавена во третиот том од книгата „Збирка на фетви и разновидни статии“ (позната како „Меџмуул фетава“ на Бин Баз) под наслов: „Прописот за маѓијата и гатањето и сè што е поврзано со нив.“ Целата статија, исто така, беше објавена како брошура од страна на Раководството под наслов: „Студија за прописот за маѓијата и гатањето,“ а истовремено беше објавена и во списанието „Ел-Јемаме“ и…
Кој ме создал? И зошто?75 јазициКој ме создал? И зошто?
Сè укажува на постоење на Создателот Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме да ги наброиме? Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата? Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да присвојува знаења и да осознава вистини? Како го објаснуваш ова прецизно создавање на органите во твоето и во телата на живите организми? Кој така креативно ги создал? Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сито минато време?