رسالة موجزة إلى ملحد
هذه رسالة مختصرة إلى ملحد فيها ذكر بعض الدلائل العقلية والأسئلة المنطقية التي تحرك فطرة الملحد وتدعوه لاتباع الحق والدخول في الإسلام
Кратка и јасна порака до атеистот
Научен комитет на Здружението за опслужување на исламската медиумска содржина на различни јазици
Живееме во еден восхитувачки универзум, уреден со прецизни закони што укажуваат на неверојатна усогласеност и восхитувачка прецизна складност.
Колку повеќе човекот се задлабочува во разбирањето на законите на универзумот, толку повеќе се наметнува прашањето на кое физиката нема одговор: Кој е изворот на овие закони? И зошто воопшто постојат?
Не пишувам за да понудам готов одговор, туку за да споделам со вас едно логично прашање што вреди да се постави, без оглед на верската или интелектуалната позадина.
Дали е логично природните закони да настанат од непостоење? Системскиот поредок да настане без намера? Свесноста да се роди од неразумна материја?
Да почнеме од самиот почеток, од најјасното, а воедно и најдлабокото прашање:
Дали тоа што не постои може да создаде нешто?
Дали е разумно да се тврди дека овој величествен универзум, со својата прецизна уреденост и совршен склад меѓу неговите природни закони, настанал од непостоење и без причина?
Здравиот човечки разум го отфрла ова целосно, бидејќи во нашиот живот не гледаме нешто да произлегува од непостоечко.
Размисли за себеси: Кој те создал од безначајна капка семе, те оформил како човек и ти дал слух и вид?
Кој го создал твоето тело со таква прецизност, ти дал со очи што гледаат, уши што слушаат и разум што анализира и размислува?
Кој те снабдуваше додека беше во утробата на мајка ти, кога беше немоќен и беспомошен, те хранеше преку нејзината крв и ти подготвуваше сè што ти беше потребно за да растеш и да излезеш во живот?
Дали самиот на себеси си го овозможи тоа? Или, можеби, глувата природа го стори тоа?
Природата е без разум, без цел и без волја. Па како може да создаде систем посложен од најсовршениот компјутер? Како може да ја создаде свеста, спознанието и чувствата?
Како може природата да всади во срцето на мајката инстинктивна љубов кон нејзиното дете? Или да направи твоето срце да се стега при глетката на неправда, а да се исполни со радост при глетката на правда?
Кој ги всадил во нас овие возвишени значења? Од каде доаѓаат вредностите? Од каде доаѓа совеста?
Сè околу тебе сведочи за постоењето на Создателот.
Погледни го небото: Кој го издигнал без столбови?
Погледни го Сонцето: Кој му ја одредил патеката по која се движи со прецизност и која не се менува?
Размисли за своето срце: Кој овозможил тоа да отчукува без твоја дозвола, во текот на целиот твој живот?
Дали сето ова настана случајно? И може ли случајноста да се повторува милијарди пати со ваков совршен поредок?
Дали би поверувал дека прецизна книга, како речник или научна енциклопедија, настанала случајно - од експлозија на печатарска машина?
Па како тогаш можеш да веруваш дека универзумот - кој е пограндиозен од сите книги - настанал од слепа експлозија?
Исламот не те повикува да го исклучиш разумот, туку те повикува да го користиш. Возвишениот Аллах во Куранот вели: „Зарем може да се сомнева во Аллах, Создателот на небесата и на Земјата?“ (Ибрахим, 10)
Дали е разумно да се сомнева во постоењето на Оној Кој сè создал?
И вели: „А и во вас самите (има поука и докази) – зарем не гледате?“ (Ез Заријат, 21)
Повик до тебе да размислиш за твоето тело и душа, за да го видиш доказот пред себе.
Потоа, размисли за Благородниот Куран - последната објавена Божја книга.
Книга објавена пред повеќе од 1400 години, која ги предизвика луѓето да донесат нешто слично на неа - но не успеаја ниту ќе успеат.
Книга што ги обединува верувањето, верозаконот, кажувањата, знаењето и јазикот- на единствен и уникатен начин.
Таа извести за народи што исчезнале, за настани што останале сокриени и за откритија кои човештвото ги спознале дури по векови – како што се создавањето на ембрионот, формирањето на облаците, слоевитоста на Земјата и прецизноста на движењето на небесните тела.
Потоа, размисли за биографијата на Пратеникот Мухамед ﷺ: Човек кој пораснал во пустина, далеку од центрите на цивилизацијата; не знаел ниту да чита ниту да пишува и не примил знаење од ниеден човек. А сепак, тој му ја достави на човештвото вечната порака, што ги просветлува мислите, ги прочистува душите и предизвикува коренита преобразба во текот на историјата.
Со зборовите што му беа објавени во пештерата, го избави човештвото од обожувањето на човекот и камењата кон единобожието (монотеизмот) – обожувањето на Создателот на вселената - и воспоставувањето на вредностите на правдата, милоста и достоинството.
Па каква е таа сила што го промени светот, ги допре срцата, и чие ехо сè уште одекнува низ вековите?
Ти што ги читаш овие зборови: Твојот Господар не зависи од тебе, но ти си тој што зависи од Него.
Тој те создаде, те снабдува, те чува и ти дава време - за да размислиш и да се вратиш.
Тој не е неправеден кон никого; а оној што искрено ќе Му се врати, Тој ќе го прифати, ќе му прости и лошите дела ќе му ги претвори во добри.
Јас не ти наметнувам ништо, но ќе те замолам да му дадеш можност на своето срце за искреност.
Да се ослободиш од гневот и од внатрешниот немир, и да размислиш за миг:
Што ако сум во грешка?
Што доколку навистина постои Бог, и живот по смртта, доколку постои Џенет (Рајот) и Џехенем (пеколот)?
Дали тогаш ќе се каеш - кога од каењето веќе нема да има корист?
Направи искрен чекор кон вистината и започни го своето патување со Куранот; можеби во него ќе ги најдеш одговорите што ти недостасуваа и светлината што ја бараше
Превод на значењата на Благородниот Куран