ثلاثة الأصول وأدلتها
هذا الكتاب هو متن صغير أساسي يبين فيه التوحيد والدين والنبوة، يبين هذه المعاني الثلاثة الأساسية المهمة في فهم العقيدة، وفي دراستها دراسة سليمة وصحيحة. وهو كتاب مختصر، لكنه كتاب مبارك؛ لأنه سهل العبارة ومركز وموجه، وليس فيه أي تعقيد أو إشكالات. فالإنسان بمجرد أن يقرأ الكتاب يستطيع أن يفهمه، ويستطيع أن يعرف المعاني المتضمنة فيه. هذا الكتاب قبل أن يبدأ الشيخ في الأصول الثلاثة قدم لذلك بأربعة مسائل، ثم بعد ذلك بثلاثة مسائل أخرى، ثم شرع في الأصول الثلاثة، وهي التي يجب على كل مسلم أن يتعلمها، وهي التي يسأل عنها العبد في قبره: من ربك؟ وما دينك؟ ومن نبيك؟ ألفها رحمه الله للمبتدئين واجتهد في تسهيلها واختصارها حتى خرجت بأحسن حلة وأعظم فائدة؛ يفهم بها الصغير، ولا يستغني عنها الكبير فعم نفعها، وكثر خيرها؛ لعظم قدر موضوعاتها وشرف محتواها.
Трите основи и нивните докази
Шејх Мухамед ет-Темими, Аллах нека му се смилува
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
Знај – Аллах нека те прекрие со милост – дека за нас е задолжително да научиме четири работи:
Прво: Знаење, а тоа е спознавање на Возвишениот Аллах, на Неговиот пратеник и на верата ислам врз основа на докази.
Второ: Постапување според тоа знаење.
Трето: Повикување кон него.
Четврто: Трпение при претрпените неволји поврзани со тоа знаење.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Се колнам во времето, човекот навистина губи, освен тие коишто веруваат и коишто прават добри дела, и коишто едни со други си ја препорачуваат вистината, и коишто едни со други си ја препорачуваат трпеливоста.“ (Ел Аср, 1-3)
Имамот Шафи, рахимехуллах, рекол: ,,Доколку Возвишениот Аллах на Своите созданија, не би им објавил никаков доказ освен оваа сура, таа ќе им беше доволна.“
Имамот Бухари, рахимехуллах, рекол: Поглавје: Знаењето е пред зборовите и делата. Доказ за ова се зборовите на Возвишениот: „Па знај дека нема божество достојно за обожување освен Аллах и барај прошка за својот грев...“ (Мухамед, 19). Па започна со знаењето пред зборовите и делата.
Знај – Аллах нека ти се смилува – дека на секој муслиман и на секоја муслиманка им е обврска да ги научат овие три прашања и да постапуваат според нив:
Прво: Аллах нè создаде, нè снабди и не нè остави сами на себе, туку ни испрати пратеник; па кој ќе му се покори — ќе влезе во Џенетот, а кој ќе му биде непослушен — ќе влезе во Огнот.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Ние навистина ви пративме Пратеник за да сведочи против вас исто така како што и на фараонот Пратеник му пративме, но фараонот не го послуша Пратеникот, па со тешка казна го казнивме.“ (Ел Музземмил: 15-16)
Второ: Аллах не е задоволен да Му се припишува здруженик во Неговото обожување — ниту близок мелек, ниту пак испратен пратеник. Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џин, 18)
Трето: Оној што му се покорува на Пратеникот и го издвојува Аллах во обожувањето, не смее да пријателствува и да им биде лојален на оние што Му се спротивставуваат на Аллах и на Неговиот пратеник, па дури да им е најблискиот роднина.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Луѓето коишто веруваат во Аллах и во оној свет не треба да се сакаат со тие коишто на Аллах и на Пратеникот Негов им се спротивставуваат, па макар и тие да им се татковци нивни, или синови нивни, или браќа нивни, или роднини нивни. Тој на нив им всади верување во срцата нивни и со Светлото Свое ги зајакна, и Тој ќе ги воведе во џенетските градини низ коишто реки течат, за во нив вечно да останат. Аллах е задоволен со нив, а и тие ќе бидат задоволни со Него. Тие се Аллахова партија, а навистина Аллахова партија се тие што сигурно ќе успеат.“ (Ел Муџадила, 22)
Знај — Аллах нека те упати кон Неговата послушност — дека чистата вера (ханифије), верата на Ибрахим, алејхи селам, е: да го обожуваш само Аллах, искрено посветувајќи Му ја верата. За ова Аллах им нареди на сите луѓе и ги создаде поради неа; како што Возвишениот вели: „Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) А значењето на „Ме обожуваат“ е: „Ме издвојуваат како единствен.“
Најважното што Аллах го наредил е тевхидот, а тоа е: издвојување на Аллах како единиот достоен за обожување.
„И најголемото нешто што го забранил е ширкот; а тоа е – упатување дова на некого друг покрај Него.“
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте!“ (Ен Ниса, 36)
Па ако ти биде речено: „Кои се трите основи што човекот е должен да ги познава?“
Кажи: тоа е спознанието на робот за неговиот Господар, неговата вера и неговиот веровесник, Мухамед ﷺ.
[Првата основа]
Па, кога ќе ти се каже: „Кој е твојот Господар?“
Кажи: Мојот Господар е Аллах, кој со Својата благодат се грижи за мене и за сите суштества. Тој е единствениот кого го обожувам, не обожувам никој друг освен Него. Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“ (Ел Фатиха, 2) И сè, освен Аллах, е создадено; а јас сум едно од тие созданија.
Па ако ти се каже: „Со што Го спозна својот Господар?“
Кажи: Преку Неговите знаменија (ајети) и Неговите созданија.
Дел од Неговите знаци се: ноќта, денот, сонцето и месечината.
А дел од Неговите созданија се: седумте небеса и она што е во нив, седумте земји и она што е во нив, и сѐ што е меѓу нив.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Меѓу доказите Негови се ноќта и денот, и Сонцето и Месечината. Не паѓајте со лицето на тло ниту на Сонцето ниту на Месечината, туку паѓајте со лицето на тло пред Аллах, Кој ги создаде, ако сакате само Него да Го обожувате.“ (Фусилет, 37)
И Аллаховите зборови: „Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!“ (Ел Араф, 54)
Господарот е оној кој се обожува. Доказ за ова се Аллаховите зборови: „О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи, Кој Земјата постела, а небото кров ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа.“ (Ел Бекаре, 21-22)
Ибн Кесир, Аллах нека му се смилува, рекол: „Создателот на овие нешта е Тој што заслужува нему да му се посвети обожувањето.“
Видовите на ибадет што Возвишениот Аллах ги наредил се како исламот, иманот и ихсанот; а во нив спаѓаат и: довата, стравот, надежта, потпирањето на Аллах, желбата, бојазноста, скрушеноста, богобојазноста, враќањето кон Аллах со покајание, барањето помош, барањето заштита, барањето поддршка, принесувањето курбан, заветувањето и слично од видовите на ибадет кои Аллах ги наредил — сето тоа е само за Возвишениот Аллах. Доказ за ова се зборовите на Возвишениот: „Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џин, 18)
Па кој ќе посвети нешто од тоа на некој друг освен Аллах, тој е многубожник и неверник; доказ за тоа се зборовите на Возвишениот: „А тој што, покрај Аллах, му се моли на друг бог, без никаков доказ за него, пред Господарот свој сметка ќе полага, и неверниците нема да се спасат.“ (Ел Муминун, 117)
Во хадис е кажано: „Довата е сржта на ибадетот.“
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Господарот ваш рече: ,Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во Џехенем.“ (Гафир, 60)
Доказ за стравот се Аллаховите зборови: „...и не плашете се од нив, туку плашете се од Мене, ако сте верници!“ (Али Имран, 175)
Доказ за надежта се Аллаховите зборови: „Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.“ (Кехф, 110)
Доказ за потпирањето на Аллах (тевекулот) се Аллаховите зборови: „...а на Аллах потпрете се, ако сте верници!" (Ел Маиде, 23) И Неговите зборови: „Тој што се потпира на Аллах, Тој му е доволен.“ (Ет Талак, 3)
Доказ за желбата, бојазноста и скрушеноста се Аллаховите зборови: „Тие се трудеа што повеќе добри дела да направат и Ни се молеа и во надеж и во страв, и кон Нас беа понизни.“ (Ел Енбија, 90)
Доказ за богобојазноста се Аллаховите зборови: „Затоа не плашете се од нив, туку плашете се од Мене.“ (Ел Маиде, 3)
Доказ за враќањето кон Аллах се Аллаховите зборови: „И вратете Му се на Господарот свој и покорете Му се...“ (Ез Зумер, 54)
Доказ за барањето помош се Аллаховите зборови: „Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!“ (Ел Фатиха, 5) Во хадис стои: „Кога ќе побараш помош, побарај од Аллах.“
Доказ за барањето заштита се Аллаховите зборови: „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите.' (Ел Фелек, 1), и „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето.' (Ен Нас, 1)
Доказ за барањето поддршка се Аллаховите зборови: „И кога од Господарот свој помош побаравте, Тој ви се одѕва...“ (Ел Енфал, 9)
Доказ за принесувањето курбан се Аллаховите зборови: „Кажи: „Клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени на Аллах, Господарот на световите, Кој нема соучесник...“ (Ел Енам, 162-163) И од Сунетот: „Аллах го проколнал тој што ќе заколе курбан за некој друг освен за Аллах.“
Доказ за заветувањето се Аллаховите зборови: „Тие заветот го исполнија и се плашеа од Денот чијашто кобност ќе биде присутна насекаде.“ (Ел Инсан, 7)
[Втората основа]
Спознавање на исламската вера со докази, а тоа е: Целосна преданост на Аллах преку признавање на Неговиот монотеизам, покорност Нему преку имплементација на Неговите прописи и одрекување од ширкот – многубоштвото и многубошците.
Трите степени на верата се: исламот, иманот и ихсанот.
И секој степен има свои рукнови (столбови).
Рукновите на исламот се пет: Шехадетот (сведоштвото) дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник, клањањето намаз, давањето зекат, постот во месецот рамазан и аџилакот.
Доказ за шехадетот се Аллаховите зборови: „Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците (ангелите) и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот!“ (Али Имран, 18)
Неговото значење е: Нема друго божество кое се обожува со право освен Аллах.
„Нема друг вистински бог“: Негирање на сè што се обожува освен Аллах.
„Освен Аллах“ Потврда дека обожувањето му припаѓа единствено на Аллах,
Аллах, нема здруженик во обожувањето посветено Нему, исто како што нема здруженик ниту во Неговата власт.
Толкувањето кое уште повеќе го појаснува неговото значење се Аллаховите зборови: „А кога Ибрахим му рече на таткото свој и на народот свој: „Јас се одрекувам од тие коишто вие ги обожувате, јас Го обожувам само Тој што ме создаде..“ (Ез Зухруф, 26-27) И Аллаховите зборови: „Кажи: ,О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!' Па ако не се согласат, вие кажете: ,Бидете сведоци дека ние сме муслимани!‘“ (Али Имран, 64)
А доказ за сведоштвото дека Мухамед е Аллахов пратеник се Неговите зборови: „Ви дојде Пратеник, еден од вас, тешко му е што на маки ќе паднете, едвај чека по Вистинскиот пат да тргнете, а кон верниците е благ и милостив!“ (Ет Теуба, 128)
Значењето на сведоштвото „Мухамед е Аллахов пратеник“ е: да му се покоруваме во сѐ она што ни наредува, да го потврдиме како вистина тоа што ни го соопштува, да се оддалечуваме од сѐ она што ни го забранува и од кое не одвраќа, и да не се обожува Аллах освен онака како што го пропишал.
Доказ за намазот, зекатот и толкувањето на тевхидот се Аллаховите зборови: „А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат, и намазот (молитвата) да го извршуваат, и зекат да даваат; – па тоа е исправната вера!“ (Ел Бејјине, 5)
Доказ за постот се Аллаховите зборови: „О, верници! Ви се пропишува пост, како што им е пропишан и на тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“ (Ел Бекаре, 183)
Доказ за аџилакот се Аллаховите зборови: „Аџилакот должен е да го заврши, поради Аллах, секој што е во можност да дојде до него. А тој што не верува – па, Аллах е навистина независен од световите.“ (Али Имран, 97)
Вториот степен: Иманот; тој има повеќе од седумдесет гранки. Највисоката од нив е изјавата: „Ла илахе иллаллах – Нема друг вистински бог освен Аллах“, а најниската е отстранувањето на пречка од патот. Срамежливоста е исто така гранка од верувањето.
Иманот има шест столбови: Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот ден и да веруваш во Аллаховата одредба, било да ја сметаме за добра или лоша.
Доказ за овие шесте столбови се Аллаховите зборови: „Добродетелството не е во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците...“ (Ел Бекаре, 177)
Доказ за Аллаховата одредба се Неговите зборови: „Ние навистина сè со мерка создаваме.“ (Ел Камер, 49)
Третиот степен: Ихсанот - тој е еден рукн - и тоа е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш, зашто ако ти не Го гледаш, Тој те гледа.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Аллах е навистина на страната на тие што се плашат од Аллах и што се воздржуваат од гревовите и што прават добри дела.“ (Ен Нахл, 128)
И Аллаховите зборови: „И потпри се на Силниот и Милостивиот, Кој те гледа кога стануваш и твоето наведнување меѓу тие кои чинат сеџда.“ (Еш Шуара, 217-219)
И Аллаховите зборови: „И што и да правиш, и што и да кажуваш од Куранот, и каква било работа да правите, Ние над вас ќе бдееме, сè додека со тоа се занимавате...“ (Јунус, 61) Ајет.
Доказот од Сунетот е познатиот хадис на Џибрил. Од Омер, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува рекол: „Еден ден додека бевме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се појави човек во изразито бела облека и со изразито црна коса, кај него не се забележуваше трага од патување, а никој од нас не го познаваше, тогаш седна кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и ги потпре колената до колената на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рацете ги спушти врз своите натколеници и рече: ,О, Мухамед,
Извести ме за исламот?'
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си во можност.' Овој му рече: ,Вистината ја кажа.' Омер вели: Ние се зачудивме, прво го прашува а потоа потврдува. Потоа пак го праша:
„Извести ме за иманот.“
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и да веруваш во Одредбата било да е добра или лоша.' Човекот пак рече: ,Вистината ја кажа', и додаде:
„Извести ме за ихсанот.“
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Тоа е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш пред себе, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој те гледа.'
Човекот пак праша: ,Извести ме за крајот на светот.'
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Прашаниот не знае ништо повеќе од тој што прашува.'
Човекот праша: ,Кажи ми ги тогаш предзнаците.'
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Робинката да го роди својот господар, и да видиш голи, боси и сиромашни чобани како се натпреваруваат во изградба на високи зданија.'
Омер рече: Потоа човекот отиде, а јас останав, и Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме праша: ,Омер, дали знаеш кој беше човекот?, Јас реков: ,Аллах и Неговиот пратеник најдобро го знаат тоа.' Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Тоа беше Џибрил, дошол да ве поучи за вашата вера.‘“
[Третата основа]
Запознавање со вашиот Пратеник, Мухамед ﷺ: Тој е Мухамед бин Абдулах бин Абдулмуталиб бин Хашим, а Хашим е од племето Курејш, а Курејшиите се Арапи. Арапите се потомци на Исмаил, синот на Ибрахим ел-Халил – Божјиот мир и благослов нека се врз него и врз нашиот Пратеник.
Неговиот живот траеше шеесет и три години; од нив, четириесет години беа пред неговото пратеништво, а дваесет и три години беше Веровесник и Пратеник.
Веровесништвото му се објави со објавата на зборовите „Читај“ додека пратеништвото со објавата на „Ел Мудессир“, а неговото родно место е Мека.
Аллах го испрати со предупредување против ширкот и со повик кон тевхидот, доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах: „О, ти покриен! Стани и опоменувај! И Господарот свој величај Го! И облеката своја исчисти ја! И стој настрана од идолите! И не прави добрина барајќи повеќе за неа! И поради Господарот свој стрпи се!“ (Ел Мудесир, 1-7)
Значењето на зборовите: „Стани и опоменувај“ - Предупредувај од ширкот и повикувај кон тевхидот.
„И Господарот свој величај Го“ - величај Го со тевхидот.
„И облеката своја исчисти ја“ - делата свои исчисти ги од ширкот.
„И стој настрана од идолите!“ - Идолите: киповите. А нивното напуштање: нивно оставање и одрекнување од нив и од идолопоклониците.
Десет години Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, повикуваше кон тевхидот; а по тие десет беше воздигнат на небесата, и му беа пропишани петте дневни намази; па во Мека три години ги извршуваше намазите, а потоа му беше наредено да направи хиџрет и да се пресели во Медина.
Хиџрет: Преселување од земја на многубоштвото во земја на исламот.
Хиџретот е верска обврска за овој умет: преселување од земја на многубоштвото во земја на исламот; и таа обврска останува сè до настапувањето на Судниот час.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Кога мелеците ќе им ги земаат душите на грешниците, ќе прашаат: ,Што се случило со вас?' ,Бевме немоќни на Земјата!' – ќе одговорат. ,Зарем Аллаховата Земја не е пространа и зарем не можевте некаде да се иселите?' – ќе им кажат тие. Затоа нивното престојувалиште ќе биде Џехенемот, а тој е ужасно живеалиште! Освен за немоќните мажи, жени и деца, кои не можат да се снајдат и не можат да пронајдат излез.“ (Ен Ниса, 97-98)
И Аллаховите зборови: „О, робови Мои кои верувате, Мојата Земја е пространа, затоа само Мене обожувајте Ме!“ (Ел Анкебут, 56)
Ел-Бегави, Аллах да му се смилува, рекол: „Причината за објавата на овој ајет: за муслиманите кои беа во Мека и не ја извршија хиџрата/преселбата; Аллах ги ослови со името ,верници‘.“
Доказ за хиџретот од Сунетот се зборовите на Пратеникот ﷺ: „Хиџретот не престанува сè додека не престане покајанието, а покајанието не престанува додека Сонцето не изгрее од западот.“
Откако Аллаховиот пратеник постојано се смести во Медина; му беа пропишани преостанатите исламски прописи – како што се: зекатот, постот, аџилакот, езанот, џихадот и наредувањето на доброто и забранувањето на злото – па на тоа истраја десет години.
Тој почина, а неговата вера остана. Ова е неговата вера: не остави ниту едно добро, а да не го посочи, ниту пак изостави некое зло, а да не предупреди на него.
Доброто кон кое посочи е тевхидот и сето она што Аллах го сака и со кое е задоволен.
А злото на кое предупреди е ширкот и сè што Аллах го мрази и не го прифаќа.
Возвишениот Аллах го испрати до целото човештво и им ја нареди послушноста кон него на сите луѓе и џини. А доказ за тоа се зборовите на Возвишениот: „Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник...‘“ (Ел Араф, 158)
И Аллах преку него ја усоврши верата; Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3)
Доказ за неговата смрт се Аллаховите зборови: „Ти, навистина, ќе умреш, а и тие, исто така ќе умрат. И потоа, на Судниот ден, пред Господарот свој еден со друг ќе се препирате.“ (Ез Зумер, 30-31)
Луѓето, кога ќе умрат, ќе бидат оживеани; а доказ е ајетот во којшто Возвишениот Аллах вели: „Од земјата ве создаваме и во неа ве враќаме и од неа по вторпат ќе ве изведеме.“ (Таха, 55) И Аллаховите зборови: „Аллах како и растенијата од земја ве создава, потоа во неа ве враќа и од неа сигурно ќе ве изведе.“ (Нух, 17-18)
По оживувањето ќе полагаат сметка и ќе бидат наградени или казнети според своите дела; а доказ за тоа се Неговите зборови: „...за, според тоа што го правеле, да ги казни тие што прават зло, а со најубава награда да ги награди тие што прават добро.“ (Ен Неџм, 31)
Кој го негира оживувањето по смртта станува неверник. Доказ се зборовите на Возвишениот: „Неверниците тврдат дека нема да бидат оживеани. Кажи: „Ќе бидете, се колнам во мојот Господар, сигурно ќе бидете оживеани, па за тоа што го правевте навистина ќе бидете известени!“ – а тоа за Аллах е лесно.“ (Ет Тагабун, 7)
Аллах ги испратил сите пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа. Доказ се зборовите на Возвишениот: „Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после Пратеникот, никакво оправдување пред Аллах да немаат...“ (Ен Ниса, 165)
Првиот од нив е Нух, алејхи селам,
додека последниот од нив е Мухамед ﷺ, и тој е печатот на веровесниците; нема веровесник после него. Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот: „Мухамед не е татко никому од вашите луѓе, туку е Аллахов Пратеник и последен веровесник...“ (Ел Ахзаб, 40)
Доказ за тоа дека првиот од нив е Нух се Аллаховите зборови: „Ние ти објавуваме тебе како што му објавувавме на Нух и на веровесниците по него...“ (Ен Ниса, 163)
И на секој народ Аллах му испратил Пратеник – од Нух до Мухамед – кој им заповеда да Го обожуваат Аллах Единствениот, а им забранува обожување на тагутот. Доказ за ова се зборовите на Возвишениот „Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот...‘“ (Ен Нахл, 36)
Возвишениот Аллах им нареди на сите робови: искажување на неверување во тагут и верување во Аллах.
Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, рекол: „Значењето на зборот ,тагут‘ е: сè преку што робот ја пречекорува границата – било преку обожување, следење или покорување.“
Тагутите се многубројни, а главните се пет: Иблис – Божјото проклетство нека е врз него; оној кој е обожуван и е задоволен со тоа; оној кој ги повикува луѓето да го обожуваат него; оној кој тврди дека поседува нешто од знаењето за невидливото (гајбот); и оној кој суди спротивно на она што го објавил Возвишениот Аллах.
Доказ за ова се Аллаховите зборови: „Нема присилба кон верата, Вистинскиот пат јасно се разликува од заблудата! Тој што не верува во тагутот, а верува во Аллах, се држи за најцврстата врска, којашто нема да се прекине! А Аллах сè слуша и сè знае.“ (Ел Бекаре, 256) И ова е значењето на „Ла илахе иллаллах“. И хадисот: „Главата на оваа работа е исламот, столбот е намазот, а кулминацијата е борбата на Аллаховиот пат.
А Аллах најдобро знае.