Исламот е верата на Божјите пратеници Исламот претставува преданост кон Аллах, Создателот и Управителот со универзумот, и покорност Нему со љубов и величење. Основата на исламот е верувањето во Аллах, дека Тој е Создателот, а сè освен Него е создадено. Тој е Единствениот кој заслужува да биде обожуван, без здруженик/истоветен. Нема вистински бог освен Него. Тој ги има најубавите имиња и највозвишените особини, и Тој е апсолутно совршен, без недостаток. Тој не родил и не е роден, никој не Му е рамен и никој не Му е сличен. Тој не се инкарнира во ништо, ниту се соединува со било што. Исламот е…
Исламот претставува преданост кон Аллах, Создателот и Управителот со универзумот, и покорност Нему со љубов и величење. Основата на исламот е верувањето во Аллах, дека Тој е Создателот, а сè освен Него е создадено. Тој е Единствениот кој заслужува да биде обожуван, без здруженик/истоветен. Нема вистински бог освен Него. Тој ги има најубавите имиња и највозвишените особини, и Тој е апсолутно совршен, без недостаток. Тој не родил и не е роден, никој не Му е рамен и никој не Му е сличен. Тој не се инкарнира во ништо, ниту се соединува со било што.
Исламот е верата на Возвишениот Аллах, Кој не прифаќа никаква друга вера освен неа. Таа е верата во која повикувале сите пратеници. Аллаховиот мир и спас нека биде со нив.
Една од основите на исламот е верувањето во сите пратеници и дека Аллах ги испраќал за да ги пренесат Неговите заповеди до луѓето, објавувајќи им книги. Последниот од нив е Мухаммед, Аллаховиот мир и спас нека се над него, кого Аллах го испрати со конечниот од Бога даден закон кој ги укинува верозаконите на претходните пратеници. Аллах ма дал големи знаци (натприродни дел), а најголемиот од нив е Куранот, говорот на Господарот на световите, највеличествената книга што човештвото некогаш ја имало. Куранот е недостижен во својата содржина, израз и структура. Во него се наоѓа упатството кое води кон среќа во овој и во идниот свет. Куранот е зачуван до денес на арапски јазик, во оригиналната форма во која е објавен, без никакви измени, дури ни на една буква.
Една од основите на исламот е верувањето во мелеците (ангелите) и верувањето во Судниот ден, кога Аллах ќе ги оживее луѓето и ќе ги изведе од нивните гробови за да им суди за делата што ги направиле. Оној кој правел добри дела и верувал, вечно ќе ужива во џенетот (Рајот), а оној кој не верувал и правел лоши дела, ќе има голема казна во џехенемот (Пеколот). Освен тоа, една од основите на исламот е и верувањето во Божјата одредба, била таа да е добра или лоша (посакувана или непосакувана).
Муслиманите веруваат дека Иса (Исус) е Аллахов роб и пратеник, а не Негов син, бидејќи Аллах е Велик и не Му доликува да има сопруга или дете. Аллах нè известил во Куранот дека Иса беше пратеник кому му беа дадени многу чуда/знакови и дека беше испратен да го повика својот народ да го обожуваат само Аллах, без припишување здруженик. Покрај тоа, известени сме преку куранските текстови дека Иса не бараше од луѓето да го обожуваат него. Напротив, тој самиот го обожуваше само својот Создател.
Исламот е вера која е во согласност со човечката природа и здравиот разум, и како таква ја прифаќаат нерасипаните души. Исламскиот закон е пропишан од Возвишениот Создател за доброто на Неговите созданија. Исламот е вера на добрина и среќа за сите луѓе. Таа не прави разлика врз основа на раса или боја, бидејќи сите луѓе во исламот се еднакви и никој нема предност над другиот освен според побожноста и добрите дела.
Секоја разумна личност треба да верува во Аллах како Господар, во исламот како вера, и во Мухамед како Пратеник. Ова не е прашање на избор, бидејќи Аллах на Судниот ден ќе ги праша луѓето дали се одзваа на повикот на Пратениците. Оној кој бил верник, го чека голем успех и спас, а оној кој бил неверник, го чека неизбежна пропаст.
Оној кој сака да го прифати исламот, треба да каже: „Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Негов пратеник.“ Овие зборови треба да се изговорат со разбирање на нивното значење и верување во нив. На тој начин, човекот станува муслиман. Потоа, треба да ги учи, чекор по чекор, останатите верски прописи за да ги исполнува обврските кои му ги пропишал Аллах.
Автор: Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед Благодарноста Му припаѓа само на Аллах. Нека е салават и селам врз последниот Пратеник, неговото семејство и неговите асхаби.
Во името на Аллах Семилосниот Милостивиот Кој е твојот Господар? Ова е најважното и најзначајното прашање во животот на кое човекот мора да го знае вистинскиот одговор. Нашиот Господар е Тој што ги создаде небесата и Земјата и спушта вода од небото, преку која никнуваат растенија кои даваат плодови за нас и за животните со кои се храниме. Тој нè создаде нас, нашите предци, и сè што постои. Ноќта ја направи за одмор и починка, а денот за работа и обезбедување на животните потреби. Тој ни ги подреди Сонцето, Месечината, ѕвездите и морињата, и ни ги даде животните од кои се храниме и од кои ги…
Сè укажува на постоење на Создателот Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме да ги наброиме? Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата? Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да присвојува знаења и да осознава вистини? Како го објаснуваш ова прецизно создавање на органите во твоето и во телата на живите организми? Кој така креативно ги создал? Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сито минато време?
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
63 јазици
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
Исламот Важна книга која содржи концизна дефиниција на исламот, ги објаснува главните основи, учења и одлики на истиот, според автентичните извори, Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот. Оваа книга им се обраќа на сите оние кои се обврзани да го следат исламот, во секое време и простор, на муслиманите и на немуслиманите на јазик кој го разбираат. Истата ги зема предвид нивните специфични услови и особености. (верзија која содржи докази од Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот) Исламот е Божја порака до сите луѓе, тој е божествена порака, последна и вечна, со неа се…