Хиснул-Муслим: Заштита на муслиманот со зикрови од Куранот и Сунетот
Книгата содржи зикрови од Куранот и Сунетот со цел да го олесни нивното изговарање во различни времиња и околности. Во неа се вклучени дови при будење, земање абдест, намаз, патување и други пригоди, што му помага на муслиманот да се заштити и да биде под Аллаховата заштита и грижа.
This PDF is generated automatically from the book's text; its layout may differ from the printed edition.
Хиснул-Муслим: Заштита на муслиманот со дови од Куранот и Сунетот
Аллаховиот роб, кој има потреба за неговиот Господар
Д-р Сеид бин Али бин Вехф Ел-Кахтани
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
Вовед
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме, од Него помош и прошка бараме. Бараме засолниште кај Аллах од злото на нашите души и нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го заведе, а кого ќе го остави во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. И сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и сведочам дека Мухамед е Негов роб и пратеник, Аллаховиот обилен мир и благослов нека се над него, неговото семејство, неговите асхаби и сите коишто ги следат во добрина сè до Судниот ден. А потоа:
Ова е скратена верзија од мојата книга „Зикрот, довата и лекувањето со рукја од Куранот и Сунетот“ [1], во која го скратив делот што се однесува на зикровите, за да биде полесна за носење при патувања. [1] Споменатиот оригинал, благодарение на Аллах, е објавен со опширна обработка на неговите хадиси во четири тома. Хиснул-Муслим се наоѓа во првиот и вториот том.
Се ограничив само на текстот на самиот зикр (дова), а како извор наведов еден или два извора кој се наоѓаат оригиналното дело. Оној што сака да го дознае името асхабот или повеќе детали за изворите, нека се консултира со оригиналното дело. Го молам Аллах со Неговите убави имиња и Неговите возвишени атрибути, ова дело да го направи искрено, да ми биде од корист во мојот живот и по мојата смрт, и да им биде од корист на оние кои ќе го читаат, ќе го отпечатат или ќе бидат причина за неговото ширење. Тој навистина може да го овозможи тоа и е Семоќен. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот Пратеник Мухамед, врз неговото семејство, неговите асхаби и сите оние кои ги следат во добро до Судниот ден.
Авторот
Напишано во месецот Сефер, 1409 година според хиџретскиот календар.
Вредноста на зикрот
Возвишениот Аллах вели: „Па, сеќавајте се на Мене, и Јас ќе се сетам на вас. И заблагодарувајте Ми и не бидете неверници!“ [2] [2] Ел Бекаре, 152.
„О, верници, често Аллах споменувајте Го.“ [3] [3] Ел Ахзаб, 41.
„И за мажите кои често Го спомнуваат Аллах и за жените кои често Го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.“ [4] [4] Ел Ахзаб, 35.
„И спомнувај Го Господарот свој наутро и навечер во себе, понизно и со стравопочит и не кревајќи го силно гласот, и не биди немарен.“ [5] [5] Ел Араф, 205.
Веровесникот ﷺ рекол: „Примерот на оној што Го спомнува својот Господар и оној што не Го спомнува е како примерот на живиот и мртвиот.“ [6] [6] Бухари со коментарот Фетх (11/208), бр. 6407, и Муслим (1/539), бр. 779, со верзијата: „Примерот на куќата во која се спомнува Аллах и куќата во која не се спомнува Аллах е како примерот на живиот и мртвиот.“
Веровесникот ﷺ во друга прилика рекол: „Сакате ли да ве известам за најдоброто од вашите дела, најчистото кај вашиот Владетел, она што најмногу ги воздигнува вашите степени, кое е подобро од давањето злато и сребро како садака и подобро од тоа да се соочите со вашите непријатели, па да ги удирате по вратовите, а тие да ве удираат по вратовите?“ Тие рекоа: „Секако!“ Тој рече: „Спомнувањето на Возвишениот Аллах.“ [7] [7] Тирмизи (5/459) со број (3377), и Ибн Маџе (2/124) со број (3790), и види: Сахих Ибн Маџе (2/316), и Сахих Тирмизи (3/139).
Тој ﷺ рекол: „Возвишениот Аллах вели: ,Јас постапувам со Мојот роб според тоа како тој мисли за Мене, и Јас сум со него кога Ме спомнува. Ако Ме спомне во себе, и Јас ќе го спомнам во Себе. Ако Ме спомне во друштво, и Јас ќе го спомнам во друштво подобро од тоа. Ако Ми се приближи за една педа, Јас ќе Му се приближам за еден лакт. Ако Ми се приближи за еден лакт, Јас ќе Му се приближам за еден распон. Ако Ми дојде одејќи, Јас ќе Му дојдам трчајќи.‘“ [8] [8] Бухари (8/171), бр. (7405), и Муслим (4/2061), бр. (2675), а верзијата е на Бухари.
Од Абдулах бин Буср, радијаллаху анху, се пренесува дека еден човек рекол: „О, Аллахов Пратенику, прописите на исламот ми се намножија, па кажи ми нешто до кое морам да се придржувам.“ Тој рече: ,Јазикот нека ти биде постојано навлажен од спомнувањето на Аллах.‘“[9] [9] Го бележат Тирмизи (5/458) со број (3375) и Ибн Маџе (2/1246) со број (3793), Албани го оценува како сахих во: Сахих Тирмизи (3/139) и Сахих Ибн Маџе (2/317).
Тој ﷺ вели: „Кој ќе прочита харф - буква од Аллаховата Книга, ќе има севап, за којќе биде десетократно награден. Јас не велам дека ‚Елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ‚елиф‘ е харф, ‚лам‘ е харф и ‚мим‘ е харф.“ [10] [10] Тирмизи (5/75) бр. (2910), и Албани го оценува како сахих: Сахих Тирмизи (3/9), и Сахихул Џами’ (5/340).
Од Укбе бин Амир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот пратеник ﷺ излезе додека ние бевме во Суфа, па рече: „Кој од вас сака секој ден да оди наутро до Бутхан или до Акик, и оттаму да се врати со две големи, згоени камили, без грев и без прекинување на роднинските врски?“ Одговоривме: „О, Аллахов пратенику, го сакаме тоа.“ Тогаш тој рекол: „Доколку некој од вас отиде во џамија и таму научи или прочита два ајета од Аллаховата книга, тоа е подобро за него од тоа да поседува две камили; ако се три – подобро е од три камили, ако се четири – подобро е од четири, и така натаму – колку ајети, толку поголема вредност во камили.“[11] [11] Муслим (1/553) со број (803).
Тој ﷺ исто така рекол: „Кој ќе седне во собир, каде што не се спомнува Аллах, тоа за него ќе биде пропаст, и кој ќе легне во постела, без да го спомне Аллах, тоа за него ќе биде пропаст.“ [12] [12] Ебу Давуд (4/264) со број (4856), и други, види исто така и: Сахих ел-Џами‘ (5/342).
Во хадис е спомнато: „Кога една група на луѓе ќе се собере на собир на кој нема да го спомнат Аллах, ниту, пак, нема да донесат салават на нивниот Пратеник, тоа ќе биде причина за каење за нив, па ако Аллах сака ќе ги казни, а ако сака ќе им прости.“ [13] [13] Тирмизи (5/461), бр. (3380), и види: Сахих Тирмизи (3/140).
Тој ﷺ рекол: „Тие луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, се како луѓето кои станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“ [14] [14] Ебу Давуд (4/264) со број (4855), и Ахмед (2/389) со број (10680) и види: Сахих ел-Џами (5/176).
1. Зикр при будење.
„Благодарен сум му на Аллах кој ме оживеа по (малата) смрт – сонот, и пред Него сите ќе бидеме собрани (на Судниот ден))“.[15] [15] Бухари со Фетх (11/113) бр. 6314 и Муслим (4/2083) бр. 2711.
Елхамдулиллахил-лези ахјана бе’аде ма ематена ве илејхин-нушур.
„Нема друг бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа сета власт и Нему Му припаѓа сета пофалба, Тој е Семоќен над сѐ. Слава му е на Аллах, и благодарноста му припаѓа Нему, и нема друг бог освен Аллах, Аллах е Најголемиот. Нема ниту моќ (промена на состојбата), ниту сила освен со Аллах, Возвишениот, Големиот. Господару мој, прости ми!“[16] [16] „Кој ќе го изговори тоа, ќе му биде простено, па ако направи дова, ќе му биде примена, а ако стане, земе абдест, па потоа клања, ќе му биде примен намазот.“ Бухари со Фетх (3/39) под бр. (1154) и други, а верзијата е од Ибн Маџе, види: Сахих Ибн Маџе (2/335).
Ла илахе иллаллах вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве 'ала кулли шеј’ин кадир. Субханаллах, вел-хамду лиллах, ве ла илахе иллаллах, валлаху екбер, ве ла хавле ве ла кувете илла биллахил-'алијјил-'азим, раббигфир ли.
„Фала му на Аллах, Кој ми даде здравје во моето тело, ми ја врати душата и ми дозволи да Го спомнувам Него.“[17] [17] Тирмизи (5/473), бр. (3401), и види: Сахих Тирмизи (3/144).
Елхамдулиллахил-лези афани фи џеседи ве редде алејје рухи ве езине ли би зикрихи.
„Во создавањето на небесата и на Земјата и во промената на денот и ноќта, навистина има знаци за обдарените со разум, кои и стоејќи и седејќи и лежејќи Го спомнуваат Аллах и за создавањето на небесата и на Земјата размислуваат. „Господару наш, ти ова не го создаде залудно! Возвишен си Ти и сочувај нè од казната во Огнот! Господару наш, тој кого Ти во Огнот ќе го фрлиш, веќе си го понижил, а на насилниците никој на помош нема да им дојде! Господару наш, ние го чувме гласникот кој повикува во верата: ,Верувајте во вашиот Господар!‘, па поверувавме. Господару наш, прости ни ги гревовите наши и покриј ни ги лошите постапки наши и усмрти нè со добрите! Господару наш, дај ни го тоа што ни го вети преку Пратениците Свои и немој да нè понижиш на Судниот ден! Ти, навистина, не го прекршуваш Своето ветување!“ И нивниот Господар им се одѕва: „На ниту еден трудбеник меѓу вас, било маж или жена, неговото дело нема да го поништам; вие сте едни од други. На тие коишто ќе се иселат и кои ќе бидат протерани од родниот крај и кои ќе бидат мачени на Мојот пат и кои ќе се борат и ќе загинат, сигурно лошите дела ќе им ги покријам и сигурно ќе ги воведам во џенетски градини низ кои реки течат! Тоа ќе биде награда од Аллах, а кај Аллах е најубавата награда.“ И никако нека не те мами тоа што неверниците уживаат низ Земјата! Кратко уживање, а потоа Џехенемот ќе биде нивното живеалиште, а колку е ужасно тоа престојувалиште. А на тие што се плашат од Господарот свој им припаѓаат џенетски градини под кои реки течат, во нив вечно ќе останат, сместени од Аллах. А тоа што е кај Аллах е подобро за добрите! Има и следбеници на Книгата кои веруваат во Аллах и во тоа што ви се објавува вам и во тоа што им е објавено ним, понизни се кон Аллах и не ги продаваат Аллаховите зборови за евтина цена. Ним им припаѓа наградата од Господарот нивен, а Аллах, навистина, брзо ќе ја израмни сметката! О, верници, бидете трпеливи и издржливи, постојано бдејте и плашете се од Аллах, за да успеете!" Али Имран, 190-200 [18] [18] Бухари, Фетхул-Бари (8/337), бр. (4569), и Муслим (1/530), бр. (256).
2. Дова при облекување на облека.
,,Фала му на Аллах, кој ме облече со оваа (облека) и ми ја обезбеди истата без моја сила и моќ.“[19] [19] Го бележат авторите на Сунените освен Несаи: Ебу Давуд со број (4023), Тирмизи со број (3458) и Ибн Маџе со број (3285). Албани го оценил како добар во: Ирваул Галил (7/47).
Елхамдулиллахил-лези кесани хаза ве разеканихи мин гајри хавлин минни ве ла кувветин.
3. Дова при одевање на нова облека.
„Аллаху мој, Тебе Ти припаѓа сета благодарност, Ти ми ја облече (ми ја обезбеди) оваа облека. Те молам за нејзиното добро и за доброто на она за кое е направена, и барам заштита кај Тебе од нејзиното зло и од злото на она за кое е направена.“[20] [20] Ебу Давуд со број (4020), Тирмизи со број (1767), Бегави (12/40) и види: Мухтесар Шемаил ет-Тирмизи од Албани (стр. 47).
Аллахуме лекел хамду енте кесевтенихи, ес елуке мин хајрихи ве хајри ма суни'а леху, ве еузу бике мин шеррихи ве шерри ма суни'а леху.
4. Дова за оној кој облекол нова облека.
„Ќе се износи, па Аллах ќе даде нова.“[21] [21] Го бележат Ебу Давуд (4/41) со број (4020), и види: Сахих Ебу Давуд (2/760).
Тубли ве јухлифуллаху те’ала.
„Носи ново, живеј пофално и умри како шехид.“[22] [22] Го бележат Ибн Маџе (2/1178) со број (3558) и Багави (12/41), и види: Сахих Ибн Маџе (2/275).
Илбес џедиден ве ‘иш хамиден ве мут шехиден.
5. Што се вели при соблекување на облеката.
„Во името на Аллах.“[23] [23] Тирмизи (2/505), бр. 606, и други, Ирваул Галил бр. 50 и Сахихул Џами’ (3/203).
Бисмиллах.
6. Дова при влегување во тоалет
„(Во името на Аллах) Аллаху мој, од Tебе барам да ме заштитиш од нечистите (шејтани) од машки и женски род.“[24] [24] Го бележи Бухари (1/45), бр. 142, и Муслим (1/283), бр. 375, а додатокот: „Бисмиллах“ на почетокот го бележи Сеид бин Менсур. Види: Фетхул-Бари (1/244).
(Бисмиллах) Аллахумме инни е’узу бике минел-хубси вел-хабаиси.
7. Дова при излегување од тоалет.
„Те молам за прошка.“[25] [25] Го бележат авторите на Сунените, освен Несаи (кој го бележи во ,Амелул-јевми вел-лејлети' со број (79): Ебу Давуд со број (30), Тирмизи со број (7) и Ибн Маџе со број (300), и Албани го оценил како сахих во ,Сахих Сунен Ебу Давуд' (1/19).
Гуфранеке.
8. Зикр пред земање абдест
„Во името на Аллах.“[26] [26] Ебу Давуд (101), Ибн Маџе (397), Ахмед (9418), види Ирваул-Галил (1/122).
Бисмиллах.
9. Зикр по земање абдест.
„Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах, Единиот, Кој нема здруженик. И сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник.“[27] [27] Муслим (1/209) со број (234).
Ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве ешхеду енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху.
„Аллаху мој овозможи да бидам од тие што се каат и од тие што се чистат.“[28] [28] Тирмизи (1/78), бр. 55, и види: Сахих Ет-Тирмизи (1/18).
Аллахумме-џ‘ални минет-тевабине веџ'ални минел мутетаххирине.
„Без недостатоци си Аллаху мој и Тебе ти припаѓа благодарноста, сведочам дека нема друг вистински Бог освен Тебе, барам прошка и се каам пред Тебе.“[29] [29] Ен Несаи во ,Амелул-јевми вел-лејлети‘ (стр. 173), види и: Ирваул-Галил (1/135) и (3/94).
Субханеке Аллахумме ве би хамдике, ешхеду ен ла илахе илла енте, естагфируке ве етубу илејке.
10. Зикр при излегување од домот.
„Во името на Аллах, на Аллах се потпирам, и нема сила ниту моќ освен со Аллах.“[30] [30] Ебу Давуд (4/325) со број (5095), и Тирмизи (5/490) со број (3426), и види: Сахих Тирмизи (3/151).
Бисмиллахи, тевеккелту алаллахи, ве ла хавле ве ла куввете илла биллахи.
„Аллаху мој, барам заштита кај Тебе да не заталкам или да бидам заведен, да не погрешам или да бидам наведен на грешка, да не му нанесам неправда некому или мене да ми биде нанесена неправда, да не се однесувам како незнајко или некој да се однесува како незнајко кон мене.“[31] [31] Го бележат Ебу Давуд со број (5094), Тирмизи со број (3427), Несаи со број (5501) и Ибн Маџе со број (3884), види и: Сахих Тирмизи (3/152) и Сахих Ибн Маџе (2/336).
Аллахумме инни еузу бике ен едилле ев удалле ев езилле ев узелле ев езлиме ев узлеме ев еџхеле ев јуџхеле алејје.
11. Зикр при влегување во домот.
„Со Аллаховото име влегуваме, и со Аллаховото име излегуваме, и врз Аллах, нашиот Господар, се потпираме - потоа нека ги поздрави домашните со селам.“[32] [32] Го бележи Ебу Давуд (4/325) под број (5096), а неговиот синџир на пренесувачи за добар го оценил Ибн Баз во делото „Тухфетул-ахјар“ (стр. 28). А во Сахихот се пренесува: „Кога некој ќе го спомене Аллах при влегувањето дома и додека јаде, шејтанот вели: ‚Немате преноќиште, ниту вечера.‘“ Муслим, под број (2018).
Бисмиллахи велеџна ве бисмиллахи хареџна ве алаллахи раббина тевеккелна.
12. Дова при одење до џамија.
„Аллаху мој, дај во моето срце светлина, и во мојот јазик светлина, и во мојот слух светлина, и во мојот вид светлина, и дај ми светлина одозгора, и светлина одоздола, и светлина од мојата десна страна, и светлина од мојата лева страна, и светлина однапред, и светлина одназад. И направи во мојата душа светлина, и зголеми ја мојата светлина, и направи ја голема мојата светлина, и дај ми светлина, и направи ме светлина. Аллаху мој, дај ми светлина, и направи светлина во моите нерви, и во моето месо, и во мојата крв, и во мојата коса, и во мојата кожа.“[33] [33] Види ги сите овие верзии во Бухари (11/116), бр. (3166), и Муслим (1/526), бр. (529), (530) и (763).
Аллахумме-џ‘ал фи калби нуран ве фи лисани нуран ве фи сем'и нуран ве фи бесари нуран ве мин февки нуран ве мин тахти нуран ве ан јемини нуран ве ан шимали нуран ве мин емами нуран ве мин халфи нуран, веџ‘ал фи нефси нуран ве е‘азим ли нуран ве аззим ли нуран веџ‘ал ли нуран веџ‘ални нуран, Аллахумме е‘атини нуран веџ‘ал фи асаби нуран ве фи лехми нуран ве фи деми нурен ве фи ше‘ари нуран ве фи бешери нуран.
,,Аллаху мој, дај ми светлина во мојот гроб... и светлина во моите коски [34] и зголеми ми ја светлината, и зголеми ми ја светлината, и зголеми ми ја светлината [35] и дарувај ми светлина врз светлина.“[36] [34] Тирмизи (5/483) со број (3419). [35] Го бележи Бухари во Ел Едеб Ел Муфред, со број (695) (стр. 258) и Албани го оценува како сахих во Сахих Ел Едеб Ел Муфред со број (536). [36] Го спомнува Ибн Хаџер во Фетхул-Бари, припишувајќи го на Ибн Еби Асим во делото Ед-Ду‘а. Види Фетх (11/118). И рекол: „Од различните преданија се собрани дваесет и пет карактеристики.“
Аллахумме-џ‘ал ли нуран фи кабри... ве нурен фи 'изами, ве зидни нуран, ве зидни нуран, ве зидни нуран, ве хеб ли нуран ала нурин.
13. Дова при влегување во џамија
Се влегува со десната нога [37] и се изговара: „Барам заштита кај Аллах, Величествениот, со Неговото благородно Лице и Неговата вечна власт, од проклетиот шејтан.“[38] [37] Поради зборовите на Енес бин Малик, радијаллаху анху: „Од сунетот е при влегување во џамија да се почне со десната нога, а при излегување да се почне со левата нога.“ Го бележи Хаким (1/218) и го оценил како веродостоен според критериумите на Муслим, а со него се согласил и Зехеби. Го бележи и Бејхеки (2/442), а Албани го оценил како добар во делото „Силсилетул-ехадисис-сахиха“ (5/624, бр. 2478). [38] Ебу Давуд со број (466), и Сахихул Џами’ со број (4591).
Еузу биллахил-азим ве бивеџхихил-керим ве султанихил-кадим минеш шејтанир раџим. „Во името на Аллах, [39] Аллаховите благослов и мир нека се врз Аллаховиот Пратеник.“[40] [39] Го бележи Ибн Ес-Суни со број (88) а Албани го оценил како хасен во Семер ел-Мустетаб (стр. 607). [40] Ебу Давуд (1/126) бр. (465), види: Сахихул Џами’ (1/528).
Бисмиллахи, вес-салату вес-селаму 'ала Ресулиллах. „Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост.“[41] [41] Муслим (1/494), бр. (713). Во Суненот на Ибн Маџе од хадисот на Фатима, радијаллаху анха, се пренесува: „Аллахумме-гфир ли зунуби, вефтах ли ебвабе рахметик.“ (Аллаху мој, прости ми ги моите гревови и отвори ми ги вратите на Твојата милост), а Албани го оценил како веродостоен поради другите верзии што го поткрепуваат. Види: Сахих Ибн Маџе (1/128), бр. (129).
14. Дова при излегување од џамија
Се излегува со левата нога [42] и се изговара: „Во името на Аллах, Аллаховите благослов и мир нека се врз Аллаховиот Пратеник. [42] Хаким (1/218) и Бејхаки (2/442). Албани го оценил како хасен во Силсилетул Ехадисис Сахиха (5/624), бр. (2478), а неговите извори се претходно наведени.
Бисмиллахи вес-селату вес-селаму ала расулиллах. Аллаху мој, подари ми од Твојата добрина
Аллахумме инни ес’елуке мин фадлике. „Аллаху мој, заштити ме од проклетиот шејтан.“[43] [43] Види ги изворите на преданијата на претходниот хадис за довата при влегување во џамија, број (20), и додатокот: „Аллаху мој, заштити ме од проклетиот шејтан“ од Ибн Маџе. Види: Сахих Ибн Маџе (1/129).
15. Зикрови при слушање на езанот
Се повторуваат зборовите на муезинот, освен кај изразите „Хајје ‘алес-салах, хајје ‘алел-фелах“, се изговара: „Ла хавле ве ла куввете илла биллах“. [44] [44] Го бележат Бухари, бр. (611) и (613), и Муслим, бр. (383.)
И се изговара: „И јас сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и дека Мухамед е Негов роб и пратеник. Задоволен сум со Аллах како мој Господар, со Мухамед како пратеник и со исламот како моја вера.“[45] [45] Муслим (1/290) со број (386).
Ве ене ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху, радиту биллахи раббен, ве би Мухаммедин ресулен, ве бил ислами динен. (Ова се изговара веднаш по двата шехадета на муезинот.) [46] [46] Ибн Хузејме (1/220).
(Се испраќа салават врз Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, веднаш по завршувањето со повторувањето по муезинот.) [47] [47] Муслим, 1/288, со број (384).
И се изговара „Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот што ќе се воспостави, подари му го на Мухамед степенот Весиле и одликувањето, и воздигни го на пофаленото место што си му го ветил. (Навистина, Ти не го прекршуваш ветувањето).“[48] [48] Бухари (1/152), бр. (614), а делот во загради е од Бејхеки (1/410), и Абдулазиз бин Баз, Аллаховата милост нека е со него, во „Тухфетул-Ахјар” (стр. 38) го оценил како Хасен.
Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети, вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-федилете, веб’асху мекамен махмуденил-лезиве’адтеху (иннеке ла тухлифул миад).
(Да се прави дова за себе помеѓу езанот и икаметот, бидејќи тогаш довата не се одбива.) [49] [49] Го бележат Тирмизи со број (3594) и (3595), Ебу Давуд со број (525) и Ахмед со број (12200), и види: Ирваул Галил (1/262).
16. Почетна дова
„Аллаху мој, оддалечи ме од моите гревови како што го оддалечи истокот од западот. Аллаху мој, прочисти ме од моите гревови како што белата облека се чисти од нечистотија. Аллаху мој, измиј ме од моите гревови со снег, вода и град.“[50] [50] Бухари (1/181), бр. (744), и Муслим (1/419), бр. (598.)
„Славен си Ти, Аллаху мој, и Тебе Ти припаѓа сета благодарност. Благословено е Твоето име, возвишена е Твојата величина и нема друг вистински бог освен Тебе.“[51] [51] Муслим со број (399), Ебу Давуд со број (775), Тирмизи со број (243), Ибн Маџе со број (806), и Несаи со број (899), види: Сахих Тирмизи (1/77), и Сахих Ибн Маџе (1/135).
Субханеке Аллахумме ве би хамдике ве тебареке-смуке ве те'ала џеддуке ве ла илахе гајруке.
„Го свртев моето лице кон Оној Кој ги создал небесата и Земјата како искрен монотеист, и не сум од многубошците. Навистина, мојот намаз, моите обреди, мојот живот и мојата смрт му припаѓаат на Аллах, Господарот на световите, Кој нема здруженик. Така ми е наредено и јас сум од муслиманите. Аллаху мој, Ти си Владетелот, нема друг вистински Бог освен Тебе. Ти си мој Господар, а јас сум Твој роб. Си нанесов неправда себеси и го признав мојот грев, па прости ми ги сите мои гревови, зашто никој не ги простува гревовите освен Тебе. Упати ме кон најубавиот морал, бидејќи никој не упатува кон него освен Тебе, и оддалечи ги од мене лошите особини, бидејќи никој не ги оддалечува од мене освен Тебе. Ти се одѕивам и среќата моја е во покорноста кон тебе. Сето добро е во Твоите раце, а злото не Ти се припишува. Јас постојам преку Тебе и кон Тебе се враќам. Благословен си и Возвишен. Барам прошка од Тебе и Ти се каам.“[52] [52] Хадисот го бележи Муслим (1/534) со број (771).
Веџџехту веџхије лил-лези фетарес-семавати вел-ердa ханифен, ве ма ене минел-мушрикин. Инне салати, ве нусуки, ве махјаје, ве мемати лиллахи раббил-ʿалемин, ла шерике леху, ве би залике умирту, ве ене минел-муслимин. Аллахумме, ентел-мелик, ла илахе илла ент, енте рабби ве ене ʿабдук. Залемту нефси ве‘терефту бизенби, фегфир ли зунубије џемиʿан, иннеху ла јегфируз-зунубе илла ент. Вехдини ли-ехсенил-ахлак, ла јехди ли-ехсениха илла енте, весриф ʿанни сејјиʿеха, ла јасрифу ʿанни сејјиʿеха илла ент. Леббејке ве сеʿадејке, вел-хајру куллуху биједејке, веш-шерру лејсе илејке. Ене бике ве илејке, тебаракте ве теʿалejте, естагфируке ве етубу илејке.
„Аллаху мој, Господару на Џибрил, Микаил и Исрафил, Создателу на небесата и Земјата, Познавачу на невидливото и видливото, Ти пресудуваш меѓу Твоите робови во она околу што се разидуваат. Упати ме, со Твоја дозвола, кон вистината околу која се разидуваат, затоа што Ти го упатуваш кого сакаш на Правиот пат.“[53] [53] Го бележи Муслим (1/534) со број (770).
Аллахумме, раббе Џибраил ве Микаил ве Исрафил, фатирес-семавати вел-ерд, ʿалимел-гajби веш-шехадe, енте техкуму бејне ʿибадике фи ма кану фихи јехтелифун. Ихдини лима-хтулифе фихи минeл-хакки би изник, иннеке техди мен тешау ила сиратин мустеким.
„Аллах е најголем, навистина е најголем, Аллах е најголем, навистина е најголем, Аллах е најголем, навистина е најголем, и голема благодарност Му припаѓа на Аллах, и голема благодарност Му припаѓа на Аллах, и голема благодарност Му припаѓа на Аллах, и славен нека е Аллах наутро и навечер.“
Аллаху екбер кебира, Аллаху екбер кебира, Аллаху екбер кебира, вел-хамду лиллахи кесира, вел-хамду лиллахи кесира, вел-хамду лиллахи кесира, ве субханаллахи букретен ве асила - трипати. „Барам заштита кај Аллах од шејтанот: од неговото дување, неговото вдахнување и неговото шепотење.“[54] [54] Го бележат Ебу Давуд (1/203) со број (764), Ибн Маџе (1/265) со број (807) и Ахмед (4/85) со број (16739). Шуајб Арнаут во неговата рецензија на Муснедот рекол: „хасен ли гајрихи“, а Абдулкадир Арнаут во неговата обработка на Ел Келим Ет Тајјиб од Ибн Тејмијје со број (78) рекол: „тој е сахих хадис со верзиите кои го поткрепуваат“. Ел Албани го спомнува во Сахих Ел Келим Ет Тајјиб со број (62), а го бележи и Муслим од Ибн Омер, Аллах да биде задоволен со нив двајцата, со сличен текст, во кој се спомнува целата случка (1/420) со број (601).
Еʿузу биллахи минеш-шејтани: мин нефхихи, ве нефсихи, ве хемзихи.
„Аллаху мој, Тебе Ти припаѓа сета благодарност[55], Ти си Светлината на небесата и Земјата и на сè што е во нив, и Тебе Ти припаѓа сета благодарност, Ти си Одржувачот на небесата и Земјата и на сè што е во нив, [и Тебе Ти припаѓа сета благодарност, Ти си Господарот на небесата и Земјата и на сè што е во нив] [и Тебе Ти припаѓа сета благодарност, Твоја е власта над небесата и Земјата и над сè што е во нив] [и Тебе Ти припаѓа сета благодарност, Ти си Владетелот на небесата и Земјата] [и Тебе Ти припаѓа сета благодарност] [Ти си Вистинскиот, Твоето ветување е вистина, Твојот збор е вистина, средбата со Тебе е вистина, Џенетот е вистина, Огнот е вистина, веровесниците се вистина, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, е вистина и Судниот ден е вистина] [Аллаху мој, Тебе Ти се предадов, на Тебе се потпрев, во Тебе поверував, Тебе Ти се обратив со покајание, со Твоја помош се расправав и пред Тебе барав пресуда. Па прости ми за она што го направив порано и за она што го направив подоцна, за она што го скрив и за она што го обелоденив] [и за она што Ти го знаеш подобро од мене] [Ти си Оној Кој предничи и Ти си Оној Кој одложува. Нема друг вистински Бог освен Тебе] [Ти си мојот Бог, нема друг вистински Бог освен Тебе] [Нема сила ниту моќ освен со Аллах.]“[56] [55] Пратеникот ﷺ го изговарал ова кога станувал ноќе за ноќен намаз. [56] Бухари со Ел-Фетх (3/3) и (11/116) и (13/371) под број (423) и (465) и (1120) и (6317) и (7385) и (7442) и (7499), и Муслим скратено со сличен текст (1/532) под број (769).
Аллахумме, лекел-хамд, енте нурус-семавати вел-ерди ве мен фихинн, ве лекел-хамд, енте кајјимус-семавати вел-ерди ве мен фихинн, (ве лекел-хамд, енте раббус-семавати вел-ерди ве мен фихинн), (ве лекел-хамд, лекe мулкус-семавати вел-ерди ве мен фихинн), (ве лекел-хамд, енте меликус-семавати вел-ерди), (ве лекел-хамд). (Ентел-хакку, ве ваʿдуке хаккун, ве кавлуке хаккун, ве ликаʾуке хаккун, вел-џеннету хаккун, вен-нару хаккун, вен-небијјуне хаккун, ве Мухаммедун салаллаху алејхи ве селем хаккун, вес-саʿату хаккун.) (Аллахумме, леке еслемту, ве ʿалејке тевеккелту, ве бике аменту, ве илејке енебту, ве бике хасамту, ве илејке хакемту. Фегфир ли ма каддемту, ве ма аххарту, ве ма есрарту, ве ма аʿланту,) (ве ма енте аʿлему бихи мин-ни.) (Ентел-мукаддиму ве ентел-муеʾххиру, ла илахе илла ент.) (Енте илахи, ла илахе илла ент), (ве ла хавле ве ла куввeте илла биллах).
17. Дова на руку
„Славен нека е мојот Господар, Величествениот.“
Субхане Раббијел ‘Азим - трипати. [57] [57] Го бележат составувачите на Сунените и Ахмед: Ебу Давуд со број (870), Тирмизи со број (262), Несаи со број (1007), Ибн Маџе со број (897) и Ахмед со број (3514). Види: Сахих Тирмизи (1/83).
„Славен си Ти, Аллаху мој, Господару наш, и Тебе Ти припаѓа сета благодарност. Аллаху мој, прости ми.“[58] [58] Бухари (1/ 99), бр. (794), и Муслим (1/ 350), бр. (484.)
„Славен е, Свет е, Господарот на мелеците и на Духот.“[59] [59] Го бележат Муслим (1/353) со број (487), и Ебу Давуд (1/230) со број (872).
Суббухун куддусун раббул мелаикети вер-рухи.
„Аллаху мој, Тебе Ти се поклонив, во Тебе поверував и Тебе Ти се предадов. Пред Тебе со стравопочит се покорија мојот слух, мојот вид, мојот мозок, моите коски и моите нерви, (и сèто што го носат моите стапала).“[60] [60] Го бележат: Муслим (1/534) со број (771), и четворицата освен Ибн Маџе: Ебу Давуд со броевите (760) и (761), Тирмизи со број (3421) и Несаи со број (1049), а верзијата во заградата е на Ибн Хузејме со број (607) и на Ибн Хиббан со број (1901).
Аллахумме леке река'ту ве бике аменту ве леке еслемту, хаше'а леке сем'и, ве бесари, ве муххи, ве азми, ве асаби, (ве ма-стеккалет бихи кадеми).
„Славен е Сопственикот на семоќта, владеењето, возвишеноста и величественоста.“[61] [61] Ебу Давуд (1/230) бр. (873), Ен-Несаи бр. (1131), и Ахмед бр. (23980), а неговиот сенед е хасен (добар).
Субхане зил-џеберути, вел-мелекути, вел-кибријаи, вел-азамети.
18. Дова при подигањето од руку.
„Аллах го слуша оној што Го фали.“[62] [62] Ел Бухари, Ел Фетх (2/282), бр. (796).
Семи‘аллаху лимен хамидех.
„Господару наш, Тебе Ти припаѓа сета благодарност, многубројна, убава и бериќетна.“[63] [63] Ел Бухари, Ел Фетх (2/284), бр. (796).
Раббена ве лекел хамд, хамден, кесирен, тајјибен, мубарекен фихи.
„Господару наш, Тебе Ти припаѓа сета благодарност која ги исполнува небесата, Земјата и сè што е меѓу нив, и која исполнува сè друго што ќе посакаш. Ти си Достоен за пофалба и слава. Највистинитото што може да го каже еден роб е ова, а сите ние сме Твои робови. Аллаху мој, никој не може да го спречи она што Ти си го дал, ниту некој може да го даде она што Ти си го спречил, и на човекот со углед, богатство или моќ нема да му користи неговиот углед, богатство или моќ пред Тебе.“[64] [64] Муслим (1/ 346) со број (477).
Мил’ес-семавати ве мил’ел-ерди, ве ма бејнехума, ве мил’е ма ши’те мин шеј’ин ба’ду. Ехлес-сена’и вел-меџд, ехакку ма калел-’абд, ве куллуна леке ’абд. Аллахумме ла мани’а лима е’атајте, ве ла му’тије лима мена’те, ве ла јенфе’у зел-џедди минкел-џедд.
19. Дова на сеџда
„Славен нека е мојот Севишен Господар.“
Субхане раббијел е'ала - трипати. [65] [65] Го бележат: Ебу Давуд со број (870), Тирмизи со број (262), Несаи со број (1007), Ибн Маџе со број (897) и Ахмед со број (3514). Види и: „Сахих Тирмизи“ (1/83).
„Славен си Ти, Аллаху мој, Господару наш, и Тебе Ти припаѓа сета благодарност. Аллаху мој, прости ми.“[66] [66] Го бележат Бухари, бр. (794), и Муслим, бр. (484,) а претходно е наведен под бр. (34.)
„Славен е, Свет е, Господарот на мелеците и на Духот.“[67] [67] Го бележат Муслим (1/533) со број (487) и Ебу Давуд со број (872) и претходно е спомнат под број (35).
Суббухун куддусун раббул мелаикети вер-рухи.
„Аллаху мој, Тебе Ти паднав на сеџда, во Тебе поверував и Тебе Ти се предадов. Моето лице падна на сеџда пред Оној Кој го создал, го обликувал и му ги отворил патиштата на слухот и видот. Благословен и Возвишен е Аллах, Најдобриот од создавачите.“[68] [68] Муслим (1/534) со број (771), и други.
Аллахумме леке сеџедту, ве бике аменту, ве леке еслемту, сеџеде веџхије лиллези халекаху ве саввереху, ве шекка сем'аху ве бесареху, тебарекаллаху ехсенул халикин.
„Славен е Сопственикот на семоќта, владеењето, возвишеноста и величественоста.“[69] [69] Ебу Давуд (1/230) бр. (873), Ен-Несаи бр. (1131) и Ахмед бр. (23980), а Ел-Албани го оценил како веродостоен во делото Сахих Еби Давуд (1/166), а претходно е наведен под бр. (37).
Субхане зил-џеберути, вел-мелекути, вел-кибријаи, вел-азамети.
„Аллаху мој, прости ми ги сите мои гревови: малите и големите, првите и последните, јавните и скриените.“[70] [70] Муслим (1/ 230) со број (483).
Аллахумме-гфрир ли зенби куллеху, диккаху ве џиллеху, ве еввелеху ве ахиреху, ве аланијетеху ве сирреху.
„Аллаху мој, барам заштита со Твоето задоволство од Твојот гнев, и со Твојата прошка од Твојата казна, и барам заштита кај Тебе од Тебе. Не можам да ги опфатам сите пофалби што Ти припаѓаат. Ти си онаков како што Самиот Себеси си се пофалил.“[71] [71] Муслим, 1/352 со број (486).
Аллахумме инни еузу би ридаке ми сехатике, ве би муафатике мин укубетике, ве еузу бике минке, ла ухси сенаен алејке, енте кема еснејте ала нефсике.
20. Дова при седење помеѓу двете сеџди.
„Господару, прости ми, Господару, прости ми.“[72] [72] Ебу Давуд (1/231), бр. 874, и Ибн Маџе, бр. (897), види и: Сахих Ибн Маџе (1/148).
„Аллаху мој, прости ми, смилувај ми се, упати ме, поправи ја мојата состојба, заштити ме, снабди ме и воздигни ме.“[73] [73] Го бележат авторите на Сунените освен Несаи: Ебу Давуд (1/231) со број (850), Тирмизи со број (284) и (285), и Ибн Маџе со број (898). Види и: Сахих Тирмизи (1/90) и Сахих Ибн Маџе (1/148).
Аллахумме-гфир ли, ве-рхамни, ве-хдини, ве-џбурни, ве афини, ве-рзукни, ве-рф'ани. (
21. Дова при сеџда тилавет.
„Моето лице падна на сеџда пред Оној Кој го создал и му ги отворил слухот и видот со Својата моќ и сила. Благословен и Возвишен е Аллах, најдобриот Создател.“
Сеџеде веџхије лиллези халекаху, ве шекка сем'аху ве бесареху бихавлихи ве кувветихи, фетебарекаллаху ехсенул халикин. (Ел Муминун, 14) [74]. [74] Тирмизи (2/474) бр. (3425), Ахмед (6/30) бр. (24022) и Хаким, кој го оценил за веродостоен, со што се согласил и Зехеби (1/220), а додатокот е негов.
„Аллаху мој, запиши ми со неа награда кај Тебе, отстрани од мене со неа грев, направи таа да ми биде ризница кај Тебе и прими ја од мене како што си ја примил од Твојот роб Давуд.“[75] [75] Тирмизи (2/473) бр. (579), и Хаким, кој го оценил како сахих, а Зехеби се согласил со него (1/219).
Аллахумме‘ктуб ли биха ‘индеке еџрен, ве даа‘ анни биха визрен, веџ‘алха ли ‘индеке зухрен, ветекаббелха минни кема текаббелтеха мин ‘абдике Давуд.
22. Тешехуд
„Сите поздрави му припаѓаат на Аллах, благословите и добрите дела; мир над тебе, Веровеснику, и нека е Аллаховата милост и мир над тебе и над нас и над добрите робови Аллахови. Сведочам дека нема вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Негов роб и Негов Пратеник.“[76] [76] Ел Бухари со Ел Фетх (2/311), бр. (831), и Муслим (1/301), бр. (402).
23. Салават на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, по тешехудот.
,,Аллаху наш, Твојата благодат нека биде врз Мухамед и врз семејството на Мухамед, како што беше и врз Ибрахим и семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот. Аллаху наш, Твојот благослов нека биде врз Мухамед и семејството на Мухамед, како што беше врз Ибрахим и врз семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот.“[77] [77] Го бележат Бухари со Фетх (6/ 408), бр. (3370), и Муслим, бр. (406).
„Аллаху мој, подари му благодат на Мухамед, на неговите сопруги и на неговото потомство, како што му подари благодат на семејството на Ибрахим. И благослови го Мухамед, неговите сопруги и неговото потомство, како што го благослови семејството на Ибрахим. Навистина, Ти си Достоен за секоја пофалба и Ти си Славениот.“[78] [78] Бухари со Фетх (6/407), бр. (3369), и Муслим (1/306), бр. (407), а текстот е според Муслим.
Аллахуме, салли ‘ала Мухаммед, ве‘ала езваџихи ве зурријјетихи, кема саллејте ‘ала Али-Ибрахим, ве барик ‘ала Мухаммед, ве‘ала езваџихи ве зурријјетихи, кема баректе ‘ала Али-Ибрахим, иннеке Хамидун-Меџид.
24. Изговарање на дова по последниот тешехуд пред предавањето на селам.
„Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од казната во гробот, од казната во Џехенемот, од искушенијата на животот и смртта и од злото на искушението на лажниот месија Деџал.“[79] [79] Бухари (2/102) бр. (1377), и Муслим (1/412) бр. 588, а верзијата е на Муслим.
„Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од казната во гробот, и барам засолниште кај Тебе од искушението на лажниот месија Деџал, и барам засолниште кај Тебе од искушението на животот и смртта, и барам засолниште кај Тебе од гревот и долгот.“[80] [80] Го бележат Бухари (1/202) бр. (832), и Муслим (1/412) бр. (587).
Аллахумме инни е'узу бике мин азабил-кабри, ве е'узу бике мин фитнетил-месихид деџџали, ве е'узу бике мин фитнетил-мехја вел-мемати, Аллахумме инни е'узу бике минел ме'семи вел меграми.
„Аллаху мој, си нанесов многу неправда себеси, а никој не ги простува гревовите освен Тебе. Затоа, прости ми со прошка од Тебе и смилувај ми се. Навистина, Ти си Простувачот и Сомилосниот.“[81] [81] Бухари (8/168), бр. (834), и Муслим (4/2078), бр. (2705).
Аллахумме инни залемту нефси зулмен кесиран, ве ла јегфируз-зунубе илла енте, фегфир ли магфиратен мин 'индике ве-рхамни, иннеке ентел-гафурур-рахим.
„Аллаху мој, прости ми ги моите поранешни и подоцнежни гревови, оние што ги направив тајно и оние што ги направив јавно, моите претерувања и она што Ти го знаеш подобро од мене. Ти си Оној Кој унапредува и Ти си Оној Кој уназадува. Нема друг вистински Бог освен Тебе.“[82] [82] Муслим (1/534) со број (771).
Аллахумме-гфрир ли ма каддемту ве ма аххарту, ве ма есрерту ве ма е'аланту ве ма есрефту, ве ма енте е'алему бихи минни, ентел мукаддиму ве ентел муеххиру, ла илахе илла енте.
„Аллаху мој, помогни ме да те спомнувам, да ти се заблагодарувам и на најдобар начин ибадет да Ти чинам.“[83] [83] Го бележат Ебу Давуд (2/86) со број (1522) и Несаи (3/53) со број (2302), а Албани го смета за веродостоен во Сахих Ебу Давуд (1/284).
Аллахумме е'инни ала зикрике, ве шукрике, ве хусни 'ибадетике.
„Аллаху мој, барам заштита кај Тебе од скржавоста, барам заштита кај Тебе од кукавичлукот, барам заштита кај Тебе да не бидам вратен во најнемоќната старост, и барам заштита кај Тебе од искушението на овој свет и од казната во гробот.“[84] [84] Бухари со Ел Фетх (6/35), бр. (2822) и (6390).
Аллахумме инни еузу бике минел бухли, ве еузу бике минел џубни, ве еузу бике мин ен уредде ила ерзелил умури, ве еузу бике мин фитнетид-дунја ве азабил-кабри.
„Аллаху мој, Те молам за Џенет и барам засолниште кај Тебе од Огнот.“[85] [85] Ебу Давуд бр. (792), Ибн Маџе бр. (910) и види: Сахих Ибн Маџе (2/328).
Аллахумме инни ес-елуке ел-џеннете ве еузу бике минен-нари.
„Аллаху мој, со Твоето знаење за невидливото и со Твојата моќ над созданијата, остави ме да живеам сѐ додека знаеш дека животот е добар за мене, и усмрти ме кога знаеш дека смртта е подобра за мене. Аллаху мој, Те молам за стравопочит кон Тебе и во тајност и јавно, Те молам за зборот на вистината и во задоволство и во лутина, Те молам за умереност и во богатство и во сиромаштија, Те молам за благодат што не престанува, Те молам за радост на очите што не се прекинува, Те молам за задоволство по Твојата одредба, Те молам за пријатен живот по смртта, Те молам за насладата од гледањето во Твоето Лице и за копнежот за средба со Тебе, без штетна неволја и без искушение што заведува. Аллаху мој, украси нѐ со украсот на иманот и направи нѐ упатувачи кои и самите се упатени.“[86] [86] Несаи (3/54) (55), бр. (1304); Ахмед (4/364), бр. (21666), и Албани го оценува како сахих во Сахих Несаи (1/281).
Аллахумме би ‘илмикел-гајб ве кудретике ‘алел халк, ехјини ма ‘алимте ел хајате хајрен ли ве тевеффени иза ‘алимте еннел-вефате хајрен ли, Аллахумме инни ес‘елуке хашјетеке фил гајби веш-шехаде, ве ес‘елуке келиметел хакки фир-рида вел гадаб, ве ес‘елуке ел касде фил гина вел факр, ве ес‘елуке не‘имен ла јенфед , ве ес‘елуке куррате ‘ајнин ла тенкати‘ ве ес‘елуке ер-рида бе‘аде ел када, ве ес‘елуке бердел-‘ајши бе‘адел мевт, ве ес‘елуке леззете ен-незари ила веџхике, веш-шеуке ила ликаике фи гајри даррае мудирре ве ла фитнетин мудилле. Аллахумме зејјина би зинетил иман веџ‘ална худатен мухтедин.
„Аллаху мој, Те молам, о Аллаху, затоа што Ти си Единствениот, Единиот, Оној за Кого сите имаат потреба, Кој не родил и не е роден, и никој не Му е рамен, да ми ги простиш моите гревови. Навистина, Ти си Простувачот и Сомилосниот.“[87] [87] Го бележат Несаи, (3/52) со број (1300) со истите зборови, и Ахмед (4/338) со број (18974), и Албани го оценува како сахих во Сахих Несаи (1/280).
Аллахумме инни ес-елуке ја Аллах, би еннеке ел-вахиду ел-ехаду ес-самеду еллези лем јелид ве лем јулед ве лем јекун-леху куфувен ехад, ен тегфире ли зунуби, иннеке ентел гафурур рахим.
„Аллаху мој, Те молам затоа што Тебе Ти припаѓа сета благодарност. Нема друг вистински Бог освен Тебе, Единствениот, Кој нема здруженик. О Дарежлив, о Создателу на небесата и Земјата, о Поседувачу на величието и почеста, о Жив, о Одржувачу на сè, Те молам за Џенет и барам заштита кај Тебе од Огнот.“[88] [88] Го бележат авторите на Сунените: Ебу Давуд со број (1495), Тирмизи со број (3544), Ибн Маџе со број (3858) и Несаи со број (1299), види и: Сахих Ибн Маџе (2/329).
Аллахумме инни ес-елуке би енне лекел-хамде ла илахе илла енте вахдеке ла шерике леке, ел-меннану, ја беди'ас-семавати вел-ерди, ја зел-џелали вел-икрами, ја хајју ја кајјуму инни ес-елуке ел-џеннете ве еузу бике мин ен-нари.
„Аллаху мој, Те молам со тоа што сведочам дека Ти си Аллах, нема друг вистински Бог освен Тебе, Единиот, Оној за Кого сите имаат потреба, Кој не родил и не е роден, и никој не Му е рамен.“[89] [89] Ебу Давуд (2/62), бр. 1493, Тирмизи (5/515), бр. (3475), Ибн Маџе (2/1267), бр. (3857), Несаи, бр. (1300), и ова е неговата верзија, и Ахмед, бр. (18974), а Албани го оценил за веродостоен во Сахих ен-Несаи (1/280), види: Сахих Ибн Маџе (2/329) и Сахих ет-Тирмизи (3/163).
Аллахумме инни ес-елуке би енни ешхеду еннеке енте Аллаху ла илахе илла енте ел-ехаду ес-самеду еллези лем јелид ве лем јулед ве лем јекул-леху куфувен ехад.
25. Зикрови по предавањето селам
„Барам прошка од Аллах
Естагфируллах - трипати. „О Аллах, Ти си Селам-тој што дарува спасение и од Тебе е селамот-спасението, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста.“[90] [90] Муслим (1/414), бр. (591).
Аллахумме ентес-селаму, ве минкес-селаму, тебаректе ја зел-џелали вел-икрам.
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шеј’ин кадир. - трипати. Аллаху мој, никој не може да го спречи она што Ти си го дал, ниту некој може да го даде она што Ти си го спречил, и на оној што поседува богатство, углед или моќ нема да му користат неговото богатство, углед или моќ пред Тебе.“[91] [91] Бухари (1/255), бр. (844), и Муслим (1/414), бр. (593), а делот во средни загради е додаток од Бухари, бр. (6473).
Ла илахе иллаллаху вехдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир, ла хавле ве ла куввете илла биллах, ла илахе иллаллаху ве ла на'буду илла ијјаху, лехун-ни'мету ве лехул-фадлу ве лехус-сена'ул-хасен, ла илахе иллаллаху мухлисине лехуд-дин ве лев керихел-кафирун. „Славен е Аллах, сета благодарност Му припаѓа на Аллах и Аллах е Најголем.
Субханаллах, ве Елхамдулиллах, ве Аллаху екбер - триесет и трипати. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Негова е власта и Нему Му припаѓа сета благодарност, и Тој е Семоќен за сè.“[93] [93] Муслим (1/418), бр. (597.) Во него стои: „Кој ќе го изговори тоа после секој намаз, ќе му бидат простени гревовите, дури и ако се многубројни како морската пена.“
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир.
„Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“ (Ел Ихлас, 1-4)
„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите од злото на тоа што Тој го создава и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината, и од злото на дувачите во јазли, и од злото на завидливиот кога завидува!‘“ (Ел Фелек, 1-5)
„Кажи: Барам заштита кај Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето Богот на луѓето од злото на тој што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие, којшто зли мисли внесува во градите на луѓето – од џините и од луѓето!‘“ (Ен Нас, 1-6)
По секој намаз. [94] [94] Ебу Давуд (2/86), бр. (1523), Тирмизи, бр. (2903), и Ен Несаи (3/68), бр. (1335), и види: Сахих Тирмизи (2/8). Трите сури се нарекуваат: Ел Муаввизат. Види: Фетхул-Бари (9/62).
„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255) По секој намаз. [95] [95] „Кој ќе го каже ова после секој намаз, нема да го спречи од влезот во Џенетот освен смртта.“ Го бележи Несаи во Амелул-јевми вел-лејле, бр. (100), и Ибн ес-Сунни, бр. (121). Автентичен го оценил Албани во Сахихул-Џами‘ (5/339), и во Силсилетул-ехадисис-сахиха (2/697), бр. (972).
„Нема друг вистински бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Негова е власта и Нему Му припаѓа сета благодарност. Тој оживува и усмртува, и Тој е Семоќен за сè.“
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду јухји ве јумиту, ве хуве ала кулли шејин кадир. Десетпати после акшамскиот и сабахскиот намаз.[96] [96] Го бележат Тирмизи (5/515) со број (3474) и Ахмед (4/227) со број (17990), види Зад ел-Ме‘ад (1/300).
„Аллаху мој, Те молам за корисно знаење, добро снабдување и примено дело.“
Аллахумме инни ес'елуке 'илмен нафи'ан, ве ризкан тајјибен, ве 'амелен мутекббелен. По предавањето на селамот на сабахскиот намаз.[97] [97] Го бележат Ибн Маџе со број (925) и Несаи во Амелул Јеум вел Лејле со број (102), види: Сахих Ибн Маџе (1/152) и Меџмеуз-Зеваид (10/111), и ќе биде наведен во бројот (95).
26. Дова за Истихара намазот
Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ поучуваше на (довата) истихара во сите работи – исто како што нѐ поучуваше на некоја сура од Куранот. Тој велеше: „Кога некој од вас ќе науми некоја работа, нека клања два реката кои не се фарз, а потоа нека изговори: Аллаху мој, Те молам да ми го покажеш најдоброто со Твоето знаење, Те молам да ми дадеш моќ со Твојата моќ и Те молам од Твојата голема добрина. Ти одредуваш, а јас не одредувам; Ти знаеш, а јас не знам, и Ти си Познавач на невидливото. Аллаху мој, доколку во Твоето знаење е дека оваа работа (ја именува својата потреба) е добра за мене во мојата вера, мојот живот и исходот на мојата работа – или рече: во нејзината блиска и далечна последица – тогаш одреди ми ја, олесни ми ја и подари ми бериќет во неа. А доколку во Твоето знаење е дека оваа работа е лоша за мене во мојата вера, мојот живот и исходот на мојата работа – или рече: во нејзината блиска и далечна последица – тогаш оддалечи ја од мене и мене оддалечи ме од неа, и одреди ми го доброто каде и да е, а потоа направи ме задоволен со него.“[98] [98] Бухари (7/162), бр. (1162).
Аллахумме инни естехируке би'илмике, ве естакдируке бикудретике, ве ес'елуке мин фадликел-'азим, феиннеке такдиру ве ла екдиру, ве та'лему ве ла еа'лем, ве енте 'алламул-гујуб. Аллахумме ин кунте та'лему енне хазел-емр (и ја именува својата потреба) хајрун ли фи дини ве ме'аши ве 'акибети емри – ев кале: 'аџилихи ве аџилихи – факдирху ли ве јессирху ли сумме барик ли фих. Ве ин кунте та'лему енне хазел-емр шеррун ли фи дини ве ме'аши ве 'акибети емри – ев кале: 'аџилихи ве аџилихи – фасрифху 'анни васрифни 'анху, вакдир лијел-хајре хајсу кане, сумме ердини бих.
Не се покајал оној кој клањал истихара и барал насока од Создателот, се советувал со верниците и бил истраен во својата работа, бидејќи Возвишениот Аллах вели: „...и договарај се со нив! А кога ќе одлучиш, потпри се на Аллах...“ [99] [99] (Али Имран, 159)
27. Утрински и вечерни зикрови
„Благодарноста му припаѓа единствено на Аллах. Нека е салават и селам врз оној после кого нема друг веровесник.“ [100] [100] Од Енес, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Да седам со луѓе кои Го спомнуваат Возвишениот Аллах од сабахскиот намаз сѐ додека не изгрее сонцето, подраго ми е отколку да ослободам четворица од потомците на Исмаил, и да седам со луѓе кои Го спомнуваат Аллах од икиндискиот намаз сѐ додека не зајде сонцето, подраго ми е отколку да ослободам четворица.“ Ебу Давуд (3667). Албани го оценил како хасен во Сахих Ебу Давуд (2/698).
Барам заштита кај Аллах од проклетиот шејтан
„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255) [101] [101] „Кој ќе го каже ова наутро, ќе биде заштитен од џините до навечер, а кој ќе го каже навечер, ќе биде заштитен од нив до наутро." Го бележи Хаким (1/562), а Албани го оценил за веродостоен во „Сахих ет-Тергиб вет-Терхиб“ (1/273), и го припишал на Несаи и Таберани, и рекол: „Синџирот на пренесувачи на Таберани е добар.“
„Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“ (Ел Ихлас, 1-4)
„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите од злото на тоа што Тој го создава и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината, и од злото на дувачите во јазли, и од злото на завидливиот кога завидува!‘“ (Ел Фелек, 1-5)
„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето Богот на луѓето од злото на тој што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие, којшто зли мисли внесува во градите на луѓето – од џините и од луѓето!‘“ (Ен Нас, 1-6) - Трипати. [102] [102] „Кој ќе го каже тоа трипати наутро и навечер, ќе му биде доволна заштита од сè.“ Го бележат Ебу Давуд (4/322, бр. 5082) и Тирмизи (5/567, бр. 3575). Види: Сахих ет-Тирмизи (3/182).
„Го дочекавме утрото, а власта му припаѓа на Аллах, и сета благодарност му припаѓа Нему. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа сета благодарност, и Тој е Семоќен за сè. Господару мој, Те молам за доброто на овој ден и за доброто на она што доаѓа по него, и барам заштита кај Тебе од злото на овој ден и од злото на она што доаѓа по него. Господару мој, барам заштита кај Тебе од мрзеливоста и од потешкотиите на староста. Господару мој, барам заштита кај Тебе од казната во Огнот и од казната во гробот.“[103] [103] Сахих Муслим (4/2088) со број (2723).
Есбехна ве есбеха ел-мулку лиллахи, велхамду лиллахи, ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир, рабби ес-елуке хајре ма фи хаза ел-јевми ве хајре ма б'адеху, ве еузу бике мин шерри ма фи хаза ел-јевми ве шерри ма б'адеху, рабби еузу бике мин ел-кесели ве суил кибери, рабби еузу бике мин азаби фин-нари ве азаби фил-кабри.
Навечер велел: „Ја дочекавме ноќта, а власта му припаѓа на Аллах, и сета благодарност му припаѓа Нему. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа сета благодарност, и Тој е Семоќен за сè. Господару мој, Те молам за доброто на оваа ноќ и за доброто на она што доаѓа по неа, и барам заштита кај Тебе од злото на оваа ноќ и од злото на она што доаѓа по неа. Господару мој, барам заштита кај Тебе од мрзеливоста и од потешкотиите на староста. Господару мој, барам заштита кај Тебе од казната во Огнот и од казната во гробот.“[104] [104] Претходен извор.
Емсејна ве емса ел-мулку лиллахи, велхамду лиллахи, ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир, рабби ес-елуке хајре ма фи хазихил-лејлети, ве хајре ма ба’деха, ве еузу бике мин шерри ма фи хазихил-лејлети, ве шерри ма ба‘деха, рабби еузу бике мин ел-кесели ве суил кибери, рабби еузу бике мин азаби фин-нари ве азаби фил-кабри.
„Аллаху мој, со Тебе го дочекавме утрото, со Тебе влеговме во ноќта, со Тебе живееме, со Тебе умираме и пред Тебе ќе бидеме проживеани.“[105] [105] Тирмизи (5/466), бр. (3391), види и: Сахих Тирмизи (3/142).
Аллахумме, бике есбехна, ве бике емсејна, ве бике нехја, ве бике немуту ве илејкен-нушуру.
Навечер велел: Аллаху мој, со Тебе ја дочекавме вечерта, со Тебе го дочекавме утрото, со Тебе живееме, со Тебе умираме и кон Тебе е враќањето.“[106] [106] Претходен извор.
Аллахумме бике емсејна, ве бике есбехна, ве бике нехја, ве бике немуту, ве илејкел-месир
„Аллаху мој, Ти си мој Господар и нема друг вистински Бог освен Тебе. Ти ме создаде и јас сум Твој роб. Јас сум на Твојот завет и Твоето ветување колку што можам. Барам заштита кај Тебе од злото на она што сум го направил. Признавам[107] дека Твоите благодати се врз мене и го признавам мојот грев, па прости ми, бидејќи никој не ги простува гревовите освен Тебе.“[108] [107] Потврдувам и признавам. [108] „Кој ќе го каже навечер, убеден во тоа што го вели, па ќе умре во текот на ноќта, ќе влезе во Џенетот, а истото важи и за оној кој ќе го каже овој зикр наутро.“ Го бележи Бухари (7/150) под бр. (6306).
„Аллаху мој, го дочекав утрото земајќи Те Тебе за сведок, и земајќи ги носителите на Твојот Престол, Твоите мелеци и сите Твои созданија за сведоци дека Ти си Аллах, нема друг вистински Бог освен Тебе, Единствениот, Кој немаш здруженик, и дека Мухамед е Твој роб и Твој пратеник“
Аллахумме инни есбахту ушхидуке, ве ушхиду хамелете аршике, ве мелаикетеке, ве џеми’а халкике, еннеке енте Аллаху ла илахе илла енте вахдеке ла шерике леке, ве енне Мухаммеден абдуке ве ресулике. - четирипати.[109] [109] „Кој ќе го каже наутро или навечер четирипати, Аллах ќе го ослободи од Огнот.“ Го бележи Ебу Давуд (4/317, бр. 5071), Бухари во Едебул-муфред (бр. 1201), Несаи во ‘Амелул-јевми вел-лејлети (бр. 9) и Ибн Сунни (бр. 70). Шејх Ибн Баз, рахимехуллах, го оценил како добар (хасен) синџирот на пренесувачи на Несаи и на Ебу Давуд во Тухфетул-ахјар (стр. 23).
Навечер велел: „Аллаху мој, вечерта ја дочекав, земајќи Те Тебе за сведок, и земајќи ги носителите на Твојот Престол, Твоите мелеци и сите Твои созданија за сведоци дека Ти си Аллах, нема друг вистински Бог освен Тебе, Единствениот, Кој немаш здруженик, и дека Мухамед е Твој роб и Твој пратеник“
Аллахумме инни емсејту ушхидуке, ве ушхиду хамелете аршике, ве мелаикетеке, ве џеми’а халкике, еннеке енте Аллаху ла илахе илла енте вахдеке ла шерике леке, ве енне Мухаммеден абдуке ве ресулике. - четирипати.[110] [110] Претходен извор.
„Аллаху мој, секоја благодат што ја имам јас или некој од Твоите созданија е само од Тебе, Кој немаш здруженик. Тебе Ти припаѓа сета пофалба и благодарност.“[111] [111] „Кој ќе ги каже наутро, го исполнил шукурот (благодарноста) за тој ден, а кој ќе ги каже навечер, го исполнил шукурот за таа ноќ.“ Го бележи Ебу Давуд (4/318), бр. (5075), Ен-Несаи во делото „Амелул-јевми вел-лејлети“, бр. (7), Ибн ес-Сунни, бр. (41), и Ибн Хиббан во „Меварид“, бр. (2361). Ибн Баз, рахимехуллах, го оценил неговиот сенед како добар во „Тухфетул-ахјар“, стр. 24.
Аллахумме, ма есбаха би мин-ниметин ев би ехадин мин халкике фе минке вахдеке ла шерике леке фе лекел-хамду ве лекеш-шукру.
Навечер велел: „Аллаху мој, секоја благодат што ја имам јас или некој од Твоите созданија е само од Тебе, Единствениот, Кој немаш здруженик. Тебе Ти припаѓа сета пофалба и благодарност.“[112] [112] Претходен извор.
Аллахумме, ма емса би мин-ниметин ев би ехадин мин халкике фе минке вахдеке ла шерике леке фе лекел-хамду ве лекеш-шукру.
„Аллаху мој, подари ми здравје во моето тело. Аллаху мој, подари ми здравје во мојот слух. Аллаху мој, подари ми здравје во мојот вид. Нема друг вистински Бог освен Тебе. Аллаху мој, барам заштита кај Тебе од неверството и сиромаштијата, и барам заштита кај Тебе од казната во гробот. Нема друг вистински Бог освен Тебе“
Аллахумме афини фи бедени, Аллахумме афини фи сем'и, Аллахумме афини фи бесари, ла илахе илла енте, Аллахумме инни еузу бике минел-куфри вел-фекри, ве еузу бике мин азабил-кабри, ла илахе илла енте. - трипати [113]. [113] Ебу Давуд (4/324) бр. (5092), Ахмед (5/42) бр. (20430), Несаи во Амел ел-Јеум ве ел-лејле бр. (22), Ибн ес-Сунни бр. (69), Бухари во Ел-Едеб ел-Муфред бр. (701), а шејхот Ибн Баз, Аллах да му се смилува, го оценил неговиот синџир на пренесувачи како добар (хасен) во Тухфетул-Ахјар (стр. 26).
„Мене ми е доволен Аллах, нема бог освен Него; само на Него се потпирам, Тој е Господарот на Аршот величествен“
Хасбијаллаху ла илахе илла хуве алејхи тевеккелту ве хуве раббул-аршил-азим. - седумпати.[114] [114] „Кој ќе ги каже наутро и навечер седум пати, Аллах ќе му биде доволен во она што му предизвикува грижа од работите на дуњалукот и ахиретот.“ Го бележи Ибн ес-Сунни бр. (71) како мерфу’ и Ебу Давуд (4/321), бр. (5081) како мевкуф. Шуајб и Абдулкадир ел-Арнаут го оцениле неговиот синџир на пренесувачи за веродостоен. Види: Задул-меад, (2/376).
„Аллаху мој, Те молам за простување и благосостојба на овој и на идниот свет. Аллаху мој, Те молам за простување и благосостојба во мојата вера, во мојот овосветски живот, во моето семејство и во мојот имот. Аллаху мој, скриј ги моите недостатоци и отстрани ги моите стравови. Аллаху мој, чувај ме од пред мене, од зад мене, од мојата десна страна, од мојата лева страна и одозгора, а барам заштита со Твојата Величина да не бидам ненадејно уништен одоздола.“[115] [115] Ебу Давуд, бр. (5074), и Ибн Маџе, бр. (3871), и види: Сахих Ибн Маџе (2/332).
„Аллаху мој, Познавачу на невидливото и видливото, Создателу на небесата и Земјата, Господару и Владетелу на сѐ. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Тебе. Барам заштита кај Тебе од злото на мојата душа, од злото на шејтанот и неговите замки, и да не си нанесам зло себеси или да го навлечам врз некој муслиман.“[116] [116] Го бележат Тирмизи со број (3392) и Ебу Давуд со број (5067), види и: Сахих Тирмизи (3/142).
Аллахумме ‘алимел гајби веш-шехадети, фатирес-семавати вел-ерди, раббе кулли шеј‘ин ве меликеху, ешхеду ен ла илахе илла енте, еузу бике мин шерри нефси, ве мин шерриш-шејтани ве шерекихи, ве ен ектерифе ала нефси суен ев еџурреху ила муслимин.
„Бисмиллахил-лези ла једурру ме'асмихи шеј'ун фил-ерди ве ла фис-сема'и ве Хувес-Семи'ул-'Алим. (Во името на Аллах, со чиј спомен ништо не може да наштети ни на Земјата ни на небото. Тој сè слуша и сè знае“
Бисмиллахил-лези ла једурру ме'асмихи шеј'ун фил-ерди ве ла фис-сема'и ве Хувес-Семи'ул-'Алим. - трипати.[117] [117] „Кој ќе го каже ова трипати наутро и трипати навечер, ништо нема, да му наштети.“ Го бележат Ебу Давуд (4/323) бр. (5088), Ет-Тирмизи (5/465) бр. (3388), Ибн Маџе бр. (3869) и Ахмед бр. (446). Види: Сахих Ибн Маџе (2/332). Неговиот сенед го оценил како добар (хасен) шејхот Ибн Баз, Аллах да му се смилува, во делото Тухфетул-Ахјар (стр. 39).
„Задоволен сум Аллах да ми биде Господар, исламот да ми биде вера, и Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, да ми биде Веровесник“
Радиту биллахи раббен, ве бил-ислами динен, ве би Мухаммедин ﷺ небијјен. - трипати.[118] [118] „Кој ќе ги каже трипати наутро и трипати навечер, Аллах се обврзал да го задоволи на Судниот ден.“ Го бележи Ахмед (4/337), бр. 18967; Несаи во Амелул-јевми вел-лејлех, бр. 4; Ибн Сунни, бр. 68; Ебу Давуд (4/318), бр. 1531; и Тирмизи (5/465), бр. 3389. Ибн Баз, рахимехуллах, го оценил како добар во Тухфетул-ахјар (стр. 39).
„О Жив, О Одржувачу на сѐ, со Твојата милост барам помош. Поправи ја целата моја состојба и не препуштај ме на самиот себеси ни колку трепкање на окото.“[119] [119] Хаким го оценил како сахих, а со него се согласил и Зехеби (1/545), види и: Сахихут-Тергиб вет-Терхиб (1/273).
Ја хајју ја кајјуму би рахметике естегису, еслих ли ше'ни куллеху ве ла текилни ила нефси тарфете ајнин.“
„Го дочекавме утрото, а власта му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаху мој, Те молам за доброто на овој ден: неговиот успех, неговата помош, неговата светлина, неговиот бериќет и неговото упатство. И барам заштита кај Тебе од злото што е во него и од злото што доаѓа по него.“[120] [120] Ебу Давуд (4/322) со број (5084), а неговиот синџир на пренесувачи како добар го оценија Шуајб и Абдул Кадир Ел-Арнаут во рецензијата на делото Зад-ул-Меад (2/373).
Есбахна ве есбеха ел-мулку лиллахи раббил-ʿалемин, Аллахумме инни ес-елуке хајре хаза ел-јевми: фетхаху ве несраху ве нураху ве берекетуху ве худаху ве еузу бике мин шерри ма фихи ве шерри ма б'адеху.
Навечер велел: „Ја дочекавме ноќта, а власта му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаху мој, од Тебе го барам доброто на оваа ноќ: нејзиниот успех, нејзината помош, нејзината светлина, нејзиниот бериќет и нејзиното упатство, и барам заштита кај Тебе од злото што е во неа и од злото што доаѓа по неа.“[121] [121] Претходен извор.
Емсејна ве емса ел-мулку лиллахи раббил-ʿалемин, Аллахумме инни ес-елуке хајре хазихил-лејлети: фетхаха ве несреха ве нуреха ве берекетеха ве худаха, ве еузу бике мин шерри ма фиха ве шерри ма ба‘деха.
„Го дочекавме утрото на природноста (фитре) на исламот, на зборот на искреноста (шехадетот), на верата на нашиот Веровесник Мухамед ﷺ и на верата на нашиот татко Ибрахим, кој беше правоверен муслиман и не беше од политеистите.“[122] [122] Ахмед, (3/406) и (407) бр. (15360) и (15563), и Ибн ес-Сунни во Амелул јевми вел-лејле бр. (34), и Сахихул Џами’ (4/209).
Есбехна ала фитретил ислами, ве ала келиметил ихласи, ве ала дини небијјина Мухаммедин ﷺ ве ала миллети ебина Ибрахиме ханифен муслимен, ве ма кане минел-мушрикин.
Навечер велел: „Ја дочекавме вечерта на на природноста (фитре) исламот, на зборот на искреноста (шехадетот), на верата на нашиот Веровесник Мухамед ﷺ и на верата на нашиот татко Ибрахим, кој беше правоверен муслиман и не беше од политеистите.“[123] [123] Претходен извор.
Емсејна ала фитретил ислами, ве ала келиметил ихласи, ве ала дини небијјина Мухаммедин ﷺ ве ала миллети ебина Ибрахиме ханифен муслимен, ве ма кане минел-мушрикин.
„Славен нека е Аллах и Нему Му припаѓа сета благодарност“
Субханаллахи ве бихамдихи. - стопати.[124] [124] „Кој ќе го каже ова стопати наутро и навечер, никој на Судниот ден нема да дојде со нешто подобро од тоа, освен оној кој го кажал истото или повеќе од тоа.“ Муслим (4/2071), бр. (2692).
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ала кулли шејин кадир. - десетпати [125], или еднаш кога сме изморени.[126] [125] Несаи во Амелул Јеум вел-Лејле, бр. (24), види: Сахих ет-Тергиб вет-Терхиб (1/272), и Тухфетул-Ахјар од Ибн Баз, Аллах да му се смилува, (стр. 44), и за нејзината вредност види хадис бр. 255 (стр. 146). [126] Ебу Давуд со број (5077), Ибн Маџе со број (3798) и Ахмед со број (8719), и види: Сахих Ет-Тергиб вет-Терхиб (1/270), Сахих Еби Давуд (3/957), Сахих Ибн Маџе (2/331) и Задул-Ме'ад (2/377).
„Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Негова е власта и Нему Му припаѓа сета благодарност, и Тој е над сè Семоќен“
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ала кулли шејин кадир. - сто пати наутро.[127] [127] „Кој ќе го каже тоа стопати во еден ден, ќе има награда како да ослободил десет роба, ќе му бидат запишани сто севапи и ќе му бидат избришани сто грева, и тоа ќе му биде заштита од шејтанот во текот на тој ден, сè до ноќта. Никој нема да направи нешто подобро од тоа што тој го направил, освен оној што ќе направи повеќе од тоа.“ Бухари (4/95), бр. (3293) и Муслим (4/2071), бр. (2691).
„Славен нека е Аллах и Нему Му припаѓа сета благодарност: онолку колку што е бројот на Неговите созданија, онолку колку што Тој е задоволен, колку што е тежината на Неговиот Арш и колку што е мастилото на Неговите зборови.“
Субханаллахи ве бихамдихи, адеде халкихи, ве рида нефсихи, ве зинете Аршихи, ве мидаде келиматихи. - трипати наутро.[128] [128] Го бележи Муслим (4/2090) со број (2726).
„Аллаху мој, Те молам за корисно знаење, добро снабдување и примено дело.“
Аллахумме инни ес'елуке 'илмен нафи'ан, ве ризкан тајјибен, ве 'амелен мутекаббелен. Кога ќе осамнел.[129] [129] Го бележат Ибн Сунни во „Амелул-јевми вел-лејле“ со број (54) и Ибн Маџе со број (925), а Абдулкадир и Шуајб ел-Арнаут го оценуваат неговиот синџир на пренесувачи како добар (хасен) во нивната редакција на делото „Задул-меад“ (2/375) хадисот е и претходно наведен под број (73).
„Барам прошка од Аллах и Нему Му се каам“
Естагфируллахе ве етубу илејхи. стопати во текот на денот.[130] [130] Бухари, види Ел Фетх (11/101), бр. (6307), и Муслим, (4/2075), бр. (2702).
Еузу би келиматиллахит-таммати мин шерри ма халека. - трипати навечер.[131] [131] „Кој ќе го каже ова навечер трипати, нема да му наштети отровен убод или каснување таа ноќ.“ Го бележи Ахмед (2/290), бр. (7898), Несаи во „Амелул-јевми вел-лејлети“, бр. (590), и Ибн Сунни, бр. (68). Види: Сахих Тирмизи (3/187), Сахих Ибн Маџе (2/266) и Тухфетул-ахјар од Ибн Баз (стр. 45).
„Аллаху мој, благослови го и подари му мир на нашиот Веровесник Мухамед“
Аллахумме салли ве селлим 'ала небијјина Мухаммед. десет пати.[132] [132] „Кој ќе испрати салават врз мене десет пати наутро и десет пати навечер, ќе му припадне мојот шефат (заземање и посредување) на Судниот ден.“ Го бележи Таберани со два синџири на пренесување, од кои едниот е добар. Види: Меџмеуз-зеваид (10/120) и Сахихут-тергиб вет-терхиб (1/273).
28. Зикрови пред спиење
Ги спојувал дланките како при дова, потоа лесно плукнувал во нив и рецитирал: „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“ (Ел Ихлас, 1-4)
„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите од злото на тоа што Тој го создава и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината, и од злото на дувачите во јазли, и од злото на завидливиот кога завидува!‘“ (Ел Фелек, 1-5)
„Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето Богот на луѓето од злото на тој што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие, којшто зли мисли внесува во градите на луѓето – од џините и од луѓето!‘“ (Ен Нас, 1-6)
Потоа со нив поминува колку што може преку своето тело, почнувајќи од главата, лицето и предниот дел од телото. (Ова го прави трипати) [133] [133] Бухари во „Фетху-л-Бари“ (9/62), бр. (5017), и Муслим, бр. (2192).
„Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255) [134] [134] „Кој ќе го изрецитира овој ајет кога ќе легне во својата постела, над него ќе има постојан заштитник од Аллах и шејтанот нема да му се доближи сè до утрото.“ Ел-Бухари со Ел-Фетх (4/487), бр. (2311).
„Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови.' И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.' Аллах никого не оптоварува преку неговите можности; во негова корист е доброто кое го стекнал, а на негова штета е злото кое го стекнал! ,Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме! Господару наш, не товари нè со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас! Господару наш, не оптоварувај нè со тоа за кое немаме сила! Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!‘“ (Ел Бекаре, 285-286) [135] [135] „Кој ќе ги рецитира овие ајети од Куранот во текот на ноќта, тие ќе му бидат доволни.“ Бухари со Фетх (9/94), бр. (4008), и Муслим (1/554), бр. (807).
„Во Твое име,[136] Господару мој, легнувам и со Тебе станувам. Ако ја задржиш мојата душа, смилувај ѝ се, а ако ја вратиш, чувај ја со она со што ги чуваш Твоите добри робови.“[137] [136] „Кога некој од вас ќе стане од својата постела, а потоа ќе се врати во неа, нека ја истресе со работ на својата облека трипати и нека каже Бисмиллах (Во името на Аллах); бидејќи не знае што влегло во неа по него, а кога ќе легне, нека каже:..“ до крај на хадисот. Значењето на „би-санифети изарихи“ е: нејзиниот раб. (Ен-Нихаје фи гариб ел-хадис вел-есер, авторот). [137] Бухари со Фетх (11/126), бр. (6320), и Муслим (4/2084), бр. (2714).
Бисмике рабби веда'ту џенби, ве бике ерфа'уху, фе ин емсекте нефси ферхамха, ве ин ерселтеха фахфезха бима тахфазу бихи ибадекес-салихин.
„Аллаху мој, Ти ја создаде мојата душа и Ти ја земаш. Тебе Ти припаѓаат нејзината смрт и нејзиниот живот. Ако ја оставиш во живот, чувај ја, а ако ја усмртиш, прости ѝ. Аллаху мој, Те молам за благосостојба.“[138] [138] Го бележат Муслим (4/2083) со број (2712) и Ахмед со неговата верзија (2/79) со број (5502).
Аллахумме иннеке халакте нефси ве енте тетевеффаха, леке мематуха ве махјаха, ин ахјејтеха фахфазха, ве ин еметтеха фагфир леха, Аллахумме инни ес'елукел-'афије.
„Аллаху мој, заштити ме[139] од Твојата казна на Денот кога ќе ги проживееш Твоите робови.“[140] [139] Божјиот пратеник ﷺ, при легнување во постела, ја ставал својата десна рака под својот образ, а потоа велел: ... до крај на хадисот. [140] Ебу Давуд со неговата верзија (4/311) со број (5045), и Тирмизи со број (3398), види и: Сахих Тирмизи (3/143), и Сахих Ебу Давуд (3/240).
Аллахумме кини 'азабеке јевме теб'асу 'ибадеке.
„Во Твое име, Аллаху мој, умирам и живеам.“[141] [141] Бухари со Фетх (11/113) бр. (6324), и Муслим (4/2083) бр. (2711).
Бисмикеллахумме емуту ве ахја.
„Славен е Аллах“
Субханаллах. - триесет и трипати. „И сета благодарност Му припаѓа на Аллах“
Елхамдулиллах. - триесет и трипати. ,,Аллах е Најголем.“
Аллаху екбер. - триесет и четирипати.[142] [142] „Кој ќе го каже тоа при легнување во постела, подобро е за него од тоа да добие слуга.“ Го бележи Бухари со Фетх, (7/71), бр. (3705), и Муслим (4/2091), бр. (2726).
„Аллаху мој, Господару на седумте небеса и Господару на Земјата, Господару на величествениот Арш, Господару наш и Господару на сè, Ти што ги расцепуваш зрното и семката, Ти што ги објави Тевратот, Инџилот и Фурканот. Барам заштита кај Тебе од злото на секое создание чие чело е во Твои раце. Аллаху мој, Ти си Првиот и пред Тебе нема ништо; Ти си Последниот и по Тебе нема ништо; Ти си Возвишениот и над Тебе нема ништо; Ти си Најблискиот и нема ништо поблиску од Тебе. Ослободи нè од долговите и избави нè од сиромаштијата.“[143] [143] Муслим (4/2084) со број (2713).
Аллахумме раббес-семаватис-себ'и ве раббел-ерди, ве раббел-'аршил-'азим, раббена ве раббе кулли шеј‘ин, фаликал-хабби вен-нева, ве мунзилет-Теврати вел-Инџили вел-Фуркан, е'узу бике мин шерри кулли шеј'ин енте ахизун би насијетихи. Аллахумме ентел-еввелу фелејсе каблеке шеј'ун, ве ентел-ахиру фелејсе ба'деке шеј‘ун, ве ентез-захиру фелејсе февкеке шеј‘ун, ве ентел-батину фелејсе дунеке шеј'ун, икди 'аннед-дејне ве агнина минел-фекри.
„Благодарноста му припаѓа на Аллах, кој нѐ нахранил, нѐ напоил, нѐ заштитил и ни обезбедил засолниште, а колку има кои немаат ниту заштитник ниту засолниште.“[144] [144] Муслим (4/2085) со број (2715).
Елхамдулиллахил-лези ет'амена ве секана ве кефана ве авана, фе кем миммен ла кафије леху ве ла му'ви.
„Аллаху мој, Познавачу на невидливото и видливото, Создателу на небесата и Земјата, Господару и Владетелу на сѐ. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Тебе. Барам заштита кај Тебе од злото на мојата душа, од злото на шејтанот и од тоа да ме наведе во ширк, и да не си нанесам зло себеси или да го навлечам врз некој муслиман.“[145] [145] Ебу Давуд (4/317) со број (5067), и Тирмизи со број (3629), види и: Сахихут-Тирмизи (3/142).
Аллахумме алимел-гајби веш-шехадети фатирес-семавати вел-ерди раббе кулли шеј‘ин ве меликеху ешхеду ен ла илахе илла енте, е'узу бике мин шерри нефси ве мин шерриш-шејтани ве ширкихи ве ен ектерифе ала нефси суен ев еџурреху ила муслимин.
„Ги рецитирал поглавјата Ес Сеџда и Ел Мулк.“ [146] [146] Тирмизи, бр. (3404), и Несаи во Амелул Јеум вел Лејле, бр. (707), и види: Сахихул Џами' (4/255).
„Аллаху мој[147], Тебе Ти ја предавам мојата душа, Тебе Ти ги препуштам моите работи, кон Тебе го свртувам моето лице и врз Тебе целосно се потпирам, со надеж и страв кон Тебе. Нема прибежиште ниту спас од Тебе освен при Тебе. Верувам во Книгата што си ја објавил и во Веровесникот што си го испратил.“[148] [147] „Пред да легнеш во постела, земи абдест како за намаз, па потоа легни на твојата десна страна, па потоа кажи: ...“ до крај на хадисот. [148] Аллаховиот пратеник ﷺ му рекол на оној што го кажал тоа: „Па, ако умреш, ќе умреш во состојба на фитра (природна вера).“ Бухари со Ел-Фетх (11/113) под бр. (6313), и Муслим (4/2081) под бр. (2710).
Аллахумме[147] еслемту нефси илејке, ве февведту емри илејке, ве веџџехту веџхи илејке, ве елџе'ту захри илејке, рагбетен ве рахбетен илејке, ла мелџе'е ве ла менџа минке илла илејке, аменту би китабикел-лези ензелте, ве би небијјикел-лези ерселте.[148]
29. Дова при превртување во сон
„Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единиот, Сѐсовладувачот, Господарот на небесата и на Земјата и на она што е меѓу нив, Силниот, Сѐпростувачот.“[149] [149] Ова се изговара кога некој се превртува од една на друга страна во текот на ноќта. Го бележи Хаким и го оценил како сахих, а со него се согласил и Зехеби (1/540), Несаи во „Амелул-јевми вел-лејле“ со број (202), и Ибн Сунни со број (757). Види: Сахихул Џами‘ (4/213).
Ла илахе иллеллахул-вахидул-каххар, раббус-семавати вел-ерди ве ма бејнехума ел-'азизул-гаффар.[149]
30. Дова за страв во сон и за оној кој е искушуван со немир
„Барам заштита со потполните Аллахови зборови од Неговата лутина и Неговата казна, од злото на Неговите робови, од дошепнувањата на шејтаните и од тоа да ми се приближат.“[150] [150] Ебу Давуд (4/12) со број (3893), и Тирмизи со број (3528), види: Сахих Тирмизи (3/171).
Е'узу би келиматиллахит-таммати мин гадабихи ве 'икабихи, ве шерри 'ибадихи, ве мин хемезатиш-шејатини ве ен јехдурун.
31. Што прави оној кој ќе види сновидение или лош сон
Нека плукне (лесно) на неговата лева страна - трипати. [151] [151] Муслим, (4/1772), со број (2261).
Потоа нека побара заштита кај Аллах од проклетиот шејтан и од злото на она што го видел - трипати. [152] [152] Муслим (4/1772) (1773) со број (2261) и (2262).
Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим.
Тоа да не му го раскажува никому, [153] [153] Муслим (4/1772), со број (2261) и (2263).
да се сврти на другата страна. [154] [154] Муслим (4/1773) со број (2261).
Нека стане да клања, доколку сака. [155] [155] Муслим (4/1773) со број (2263).
32. Кунут дова на Витр намаз
„Аллаху мој, упати ме меѓу оние кои си ги упатил, подари ми благосостојба меѓу оние на кои си им подарил благосостојба, земи ме под Своја грижа меѓу оние кои си ги зел под Своја грижа, благослови ми го она што си ми го дал и заштити ме од злото на она што си го одредил. Навистина, Ти одредуваш, а над Тебе никој не одредува. Навистина, нема да биде понижен оној кого Ти го земаш под Своја заштита, (ниту ќе биде возвишен оној кого Ти го земаш за непријател). Благословен си Ти, Господару наш, и Возвишен.“[156] [156] Го бележат авторите на четирите Сунени, како и Ахмед, Дарими и Бејхеки: Ебу Давуд со број (1425), Тирмизи со број (464), Несаи со број (1744), Ибн Маџе со број (1178), Ахмед со број (1718), Дарими со број (1592), Хаким (3/172), Бејхаки (2/209), а тоа што е во средни загради е од ривајетот на Бејхеки, види и: Сахих Тирмизи (1/144), Сахих Ибн Маџе (1/194) и Ирваул Галил од Албани (2/172).
Аллахуммехдини фимен хедејте, ве 'афини фимен 'афејте, ве тевеллени фимен тевеллејте, ве барик ли фима а'тајте, ве кини шерре ма кадајте; феиннеке текди ве ла јукда 'алејке, иннеху ла језиллу мен валејте, (ве ла је'иззу мен 'адејте), тебаректе раббена ве те'алејте.[156]
„О Аллаху, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, и во Твојата благосостојба од Твојата казна, и барам прибежиште кај Тебе од Тебе. Не можам да ги опфатам сите пофалби кон Тебе. Ти си онаков како што Самиот Себеси си се пофалил.“[157] [157] Го бележат авторите на четирите Сунени и Ахмед: Ебу Давуд со број (1427), Тирмизи со број (3566), Несаи со број (1746), Ибн Маџе со број (1179) и Ахмед со број (751). Види: Сахих Тирмизи (3/180), Сахих Ибн Маџе (1/194) и Ел Ирва (2/175).
Аллахумме инни е'узу би ридаке мин сехатике, ве би му'афатике мин 'укубетике, ве е'узу бике минке, ла ухси сенаен 'алејке, енте кема еснејте 'ала нефсике.
„О Аллаху, само Тебе Те обожуваме, и Тебе Ти се клањаме и сеџда Ти правиме, и кон Тебе се стремиме и брзаме кон Твојата покорност. Се надеваме на Твојата милост и се плашиме од Твојата казна, навистина Твојата казна ќе ги стигне неверниците. О Аллаху, од Тебе бараме помош, од Тебе бараме прошка, Те спомнуваме само по добро, не Те негираме, во Тебе веруваме, Тебе Ти се покоруваме и се откажуваме од секој што Те негира.“[158] [158] Го бележи Ел-Бејхеки во Ес-Сунен ел-Кубра, и го оценил како сахих (2/211), а Албани во Ирваул Галиил рекол: „Овој синџир е сахих“ (2/170) и е мевкуф од говорот на Омер.
Аллахумме ијјаке на'буду, ве леке нусалли ве несџуду, ве илејке нес'а ве нахфиду, нерџу рахметеке, ве нехша 'азабеке, инне 'азабеке бил-кафирине мулхик. Аллахумме инна несте'инуке, ве нестегфируке, ве нусни 'алејкел-хајр, ве ла некфурук, ве ну'мину бике, ве нахда'у леке, ве нахла'у мен јекфурук.
33. Дова по предавањето на селам од витр-намазот
„Славен е Владетелот, Светиот“
Субханел-меликил-куддус. - трипати. А третиот пат ја изговара наглас и го издолжува гласот, велејќи: „Господару на мелеците и на Духот.“[159] [159] Го бележи Несаи (3/244) бр. (1734), Дарекутни (2/31) и други, а тоа што е во средни загради е додаток од Дарекутни (2/31) бр. 2, неговиот синџир на пренесувачи е автентичен-сахих. Види: Задул Меад во рецензија на Шуајб ел-Арнаут и Абдулкадир ел-Арнаут (1/337).
Раббил-мелаикети вер-рух.
34. Дова при грижи и тага
„Аллаху мој, јас сум Твој роб, син на Твојот роб и син на Твојата робинка. Моето чело е во Твојата рака. Твојата одлука се спроведува врз мене и Твојата пресуда кон мене е праведна. Те молам со секое Твое име со кое Самиот Себеси си се именувал, или што си го објавил во Твојата Книга, или со кое си поучил некого од Твоите созданија, или што си го задржал во знаењето за невидливото кај Себе, да го направиш Куранот пролет на моето срце, светлина на моите гради, отстранување на мојата тага и исчезнување на мојата грижа.“[160] [160] Ахмед (1/391) бр. (3712), а Албани го оценува како Сахих во Силсилетул-Ехадисис-Сахиха (1/337).
Аллахумме инни 'абдуке, ибну 'абдике, ибну еметике, насијети би једике, мадин фијје хукмуке, 'адлун фијје кадауке. Ес'елуке би кулли исмин хуве леке, семмејте бихи нефсеке, ев ензелтеху фи китабике, ев 'аллемтеху ехаден мин халкике, ев исте'сертe бихи фи 'илмил-гајби 'индек, ен теџ'алел-Кур'ане реби'а калби, ве нура садри, ве џелае хузни, ве зехабе хемми.
„О Аллаху, барам заштита кај Тебе од грижата и тагата, од немоќта и мрзеливоста, од скржавоста и кукавичлукот, од товарот на долгот и од надмоќта на луѓето.“[161] [161] Бухари (7/158), бр. 2893. Пратеникот ﷺ често ја изговарал оваа дова. Види: Бухари со Фетх (11/173), и ќе следи (стр. 89), бр. 137.
Аллахумме инни е'узу бике минел-хемми вел-хазени, вел-'аџзи вел-кесели, вел-бухли вел-џубни, ве дале'ид-дејни ве галебетир-риџал.
35. Дова при неволја
„Нема друг вистински Бог освен Аллах, Големиот и Благиот. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Господарот на величествениот Арш (престол). Нема друг вистински Бог освен Аллах, Господарот на небесата, Господарот на Земјата и Господарот на племенитиот Арш.“[162] [162] Бухари (7/154), бр. (6345), и Муслим (4/2092), бр. (2730).
Ла илахе иллаллахул-'Азимул-Халим, ла илахе иллаллаху раббул-'аршил-'азим, ла илахе иллаллаху раббус-семавати ве раббел-ерди ве раббул-'аршил-керим.
„Аллаху мој, на Твојата милост се надевам, не ме оставај на самиот себеси дури ни колку трепкање на окото, поправи ги сите мои работи, нема друг вистински Бог освен Тебе.“[163] [163] Ебу Давуд (4/324) со број (5090), и Ахмед (5/42) со број (20430), а Албани во Сахих Ебу Давуд (3/959) го оценил како хасен (добар).
Аллахумме рахметеке ерџу, фела текилни ила нефси тарфете 'ајнин, ве аслих ли ше'ни куллеху, ла илахе илла ент.
„Нема друг вистински Бог освен Тебе. Славен си Ти! Јас навистина бев од неправедниците.“[164] [164] Тирмизи (5/529) бр. (3505), и Хаким го смета за сахих, со што се согласува и Зехеби (1/505). Види: Сахих Тирмизи (3/168).
Ла илахе илла енте, субханеке, инни кунту минез-залимин.
„Аллаху, Аллаху, Господару мој, не Му припишувам ништо/никого за здруженик/Нему рамен.“[165] [165] Го бележат Ебу Давуд (2/87) со број (1525) и Ибн Маџе со број (3882), види и: Сахих Ибн Маџе (2/335).
Аллаху, Аллаху, рабби, ла ушрику бихи шеј'ен.
36. Дова при средба со непријателот и со оној кој има власт
„Аллаху мој, Тебе Те ставаме наспроти нив и бараме заштита кај Тебе од нивното зло.“[166] [166] Ебу Давуд (2/89) со број (1537), а Хаким го смета за веродостоен, со што се согласува и Ез-Зехеби (2/142).
Аллахумме инна неџ'алуке фи нухурихим, ве не'узу бике мин шурурихим.
„Аллаху мој, Ти си мојата потпора и Ти си мојот помагач. Со Тебе се движам, со Тебе напаѓам и со Тебе се борам.“[167] [167] Го бележат Ебу Давуд (3/42) со број (2632) и Тирмизи (5/572) со број (3584), види и: Сахих Тирмизи (3/183).
Аллахумме енте 'адуди, ве енте насири, бике ахулу, ве бике асулу, ве бике укатилу.
„Доволен ни е Аллах и Тој е прекрасен Заштитник.“[168] [168] Бухари (5/172), бр. (4563).
Хасбуналлаху ве ни'мел-векил.
37. Дова на оној кој се плаши од зулумот на владетелот
„Аллаху мој, Господару на седумте небеса и Господару на величествениот Арш, биди ми закрилник од тој и тој, и од неговите приврзаници од Твоите созданија, за никој од нив да не посегне по мене или да не ми направи неправда. Силен е оној што е под Твоја закрила, величествена е Твојата пофалба и нема друг вистински Бог освен Тебе.“[169] [169] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред бр. (707), и Албани го оценил како сахих во Сахих Ел-Едеб Ел-Муфред бр. (545).
Аллахумме раббес-семаватис-себ'и, ве раббел-'аршил-'азим, кун ли џаран мин фулан ибни фуланин, ве ахзабихи мин халаикике, ен јефрута 'алејје ехадун минхум ев јетга, 'аззе џаруке, ве џелле сенауке, ве ла илахе илла енте.
„Аллах е Најголем! Аллах е помоќен од сите Свои созданија. Аллах е помоќен од сè од што се плашам и од што се чувам. Барам заштита кај Аллах, покрај Кого нема друг вистински Бог, Кој ги држи седумте небеса да не паднат на Земјата освен со Негова дозвола, од злото на Твојот роб (тој и тој), и од неговите војски, следбеници и приврзаници, од џиновите и луѓето. Аллаху мој, биди ми закрилник од нивното зло. Возвишена е Твојата пофалба, силен е оној што е под Твоја закрила, благословено е Твоето име и нема друг вистински Бог освен Тебе“
Аллаху екбер, Аллаху е'аззу мин халкихи џеми'ан, Аллаху е'аззу мимма ехафу ве ехзер, е'узу биллахил-лези ла илахе илла хуве, ел-мумсикис-семаватис-себ'и ен јека'не 'алел-ерди илла би изнихи, мин шерри 'абдике фулан, ве џунудихи ве етба'ихи ве ешја'ихи минел-џинни вел-инси, Аллахумме кун ли џаран мин шеррихим, џелле сенауке ве 'аззе џаруке ве тебарекесмуке ве ла илахе гајруке. - трипати.[170] [170] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред бр. (708), Албани го оценил за веродостоен во Сахих Ел Едеб Ел Муфред бр. (546).
38. Дова против непријателот
„О Аллаху, Објавителу на Книгата, Брз во пресметката, порази ги сојузниците. О Аллаху, порази ги и потреси ги.“[171] [171] Муслим (3/1362) со број (1742).
Аллахумме мунзилел-китаб, сери'ал-хисаб, ихзимил-ахзаб, Аллахуммехзимхум ве зелзилхум.
39. Што вели тој што се плаши од еден народ
„О Аллаху, заштити ме од нив на начин што Ти ќе го посакаш.“[172] [172] Муслим (4/2300) со број (3005).
Аллахуммекфинихим бима ши'те.
40. Дова на оној кого го обзело дошепнување (за сомеж) во верувањето.
Нека побара засолниште кај Аллах, [173] Нека каже: ,,Барам заштита кај Аллах од проклетиот шејтан.“ [173] Бухари, Фетху-л-Бари (6/336), бр. (3276), и Муслим (1/120), бр. (134).
Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим.
да не го прави она што му се дошепнува [174] [174] Бухари со Фетх (6/336) бр. (3276), и Муслим (1/120) бр. (134).
И се изговара: „Верувам во Аллах и во Неговите пратеници.“[175] [175] Муслим, (1/119-120), бр. (134).
Аменту биллахи ве русулихи.
Потоа ќе ги рецитира зборовите на Возвишениот: „Тој е Првиот и Последниот, и Видливиот и Невидливиот; Тој знае сè!“ (Ел Хадид, 3) [176]. [176] Ебу Давуд (4/329) бр. (5110), Албани го оценил како хасен во Сахих Ебу Давуд (3/962).
41. Дова за намирување на долгот
„Аллаху мој, направи дозволеното што си го дозволил да ми биде доволно за да не посегнувам по забранетото, и со Твојата добрина направи ме независен од секој друг освен од Тебе.“[177] [177] Тирмизи (5/560) бр. (3563), види и: Сахих Тирмизи (3/180).
„О Аллаху, барам заштита кај Тебе од грижата и тагата, од немоќта и мрзеливоста, од скржавоста и кукавичлукот, од товарот на долгот и од тоа да бидам надвладеан од луѓето.“[178] [178] Бухари (7/158), бр. (2893), и претходно (стр. 83), бр. (121).
Аллахумме инни е'узу бике минел-хемми вел-хазени, вел-'аџзи вел-кесели, вел-бухли вел-џубни, ве дале'ид-дејни ве галебетир-риџал.
42. Дова против дошепнувањата во намазот и при рецитирање на Куранот
„Барам заштита кај Аллах од проклетиот шејтан,
Е'узу билахи минеш-шејтанир-раџим и лесно плукни налево трипати.“[179] [179] Муслим (4/1729) со број (2203), од хадисот на Осман бин Ебул-Ас, Аллах да биде задоволен од него, во кој стои: „Па го сторив тоа, и Аллах го отстрани од мене.“
43. Дова за оној кому некоја работа му се комплицира
„Аллаху мој, нема ништо лесно освен она што Ти си го направил лесно, а Ти, кога ќе посакаш, и тешкотијата ја правиш лесна.“[180] [180] Го бележи Ибн Хиббан во неговиот Сахих, бр. (2427) (Меварид), и Ибн ес-Сунни, бр. (351). Хафиз рекол: „Овој хадис е сахих“, а Абдулкадир ел-Арнаут го оценил како сахих во делото Тахриџ ел-Езкар ли ен-Невеви (стр. 106).
Аллахумме ла сехле илла ма џе'алтеху сехлен, ве енте теџ'алул-хазне иза ши'те сехлен.
44. Што ќе каже и ќе направи оној кој ќе направи грев
„Нема ниту еден роб кој ќе направи грев, а потоа убаво ќе земе абдест, па ќе клања два реката, и потоа ќе побара прошка од Аллах, а да не му прости Аллах.“ [181] [181] Ебу Давуд (2/86) со број (1521), и Тирмизи (2/257) со број (406), а Албани го оценил за сахих во Сахих Ебу Давуд (1/283).
45. Дова за оддалечување на шејтанот и неговите дошепнувања
Барање заштита кај Аллах од него, [182] [182] Ебу Давуд (1/203), Ибн Маџе (1/265) бр. (807), претходно наведен под бр. (31), и види: Сура Ел-Муминун: 97-98.
Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим.
езан, [183] [183] Муслим (1/291), бр. (389), и Бухари (1/151), бр. (608).
зикр и рецитирањето на Куран.
„Не правете од вашите куќи гробишта. Навистина, шејтанот бега од куќата во која се рецитира сурата Ел Бекаре.“[184] [184] Го бележи Муслим (1/539), бр. (780).
Меѓу она што го оддалечува шејтанот се утринските и вечерните зикрови, зикровите пред спиење и по будење, зикровите при влегување во домот и при излегување од него, зикровите при влегување во џамијата и при излегување од неа, и другите пропишани зикрови, како што се: рецитирањето на Ајетул-Курсиј пред спиење и последните два ајета од сурата Ел Бекаре. Оној што ќе изговори: „Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Негова е власта и Нему Му припаѓа сета благодарност, и Тој е над сè Семоќен“
Ла илахе иллеллаху вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир сто пати, ќе му биде заштита од шејтанот во текот на целиот ден.[185] Исто така, езанот го оддалечува шејтанот. [185] Го бележи Бухари (4/126), бр. (3293).
46. Дова кога ќе се случи нешто што не го сакаме, или кога работите ќе ни излезат од контрола
„Аллах така одредил, а Тој го прави она што го сака.“[186] [186] „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот верник, а и во двајцата има добро. Стреми се кон она што ќе ти користи, барај помош од Аллах и не очајувај. Ако те снајде нешто, не вели: ,Да направев така и така, ќе беше така и така‘, туку кажи: ,Тоа е Аллахова одредба и Тој прави што сака‘, бидејќи со зборовите ,да направев‘ му се отвора можност на шејтанот да делува.“ Муслим (4/2052), бр. (2664).
47. Честитање за новородено дете и одговорот на таа честитка
„Аллах нека ти даде бериќет во она што ти е подарено, да Му се заблагодариш на Дарителот, нека ја достигне својата зрелост и Аллах нека те снабди со неговата добрина кон тебе.“[187] [187] Се пренесува како говор на Хасан ел-Басри. Види: Тухфетул-мевдуд од Ибн Кајјим (стр. 20), и преданието му го припишува на Ибн Мунзир во Ел-Евсат.
Барекаллаху леке фил-мевхуби леке, ве шекертел-вахиб, ве белега ешуддеху, ве рузикте биррeху. А оној на кого му се честита, му одговара велејќи: „Аллах нека ти даде бериќет и нека спушти бериќет врз тебе. Аллах нека те награди со добро, Аллах нека ти подари исто како тоа и нека ти ја зголеми наградата.“[188] [188] Го спомнува ен-Невеви во Ел-Езкар (стр. 349). Види и: Сахих Ел-Езкар од ен-Невеви, на Селим ел-Хилали (2/713), а целосниот изворник е во делото: Зикр, дова и лекување со рукја од авторот (1/416).
Барекаллаху леке, ве бареке 'алејке, ве џезакаллаху хајран, ве рeзекакеллаху мислеху, ве еџзеле севабек.
48. Со што се штитат децата
Аллаховиот Пратеник ﷺ бараше заштита од Аллах за Хасан и Хусеин, Аллах нека е задоволен со обајцата, изговарајќи: „Со потполните Аллахови зборови барам заштита за вас двајцата од секој шејтан и секое штетно суштество, и од секое урокливо око.“[189] [189] Бухари (4/119), бр. (3371), како хадис пренесен од Ибн Абас, радијаллаху анхума.
У'изукума би келиматил-лахит-таммех, мин кулли шејтанин ве хаммех, ве мин кулли 'ајнин ламмех.
49. Довата за болниот при посета
„Нема причина за грижа. Тоа е очистување, ако Аллах сака.“[190] [190] Бухари, види Ел Фетх (10/118), бр. (3616).
Ла бе'се, тахурун ин ша Аллах.
Ес'елуллахел-'Азим, раббел-'аршил-'азим, ен јешфијеке. - седумпати.[191] [191] „Нема муслиман кој ќе посети болен, чиј смртен час сè уште не е дојден, па ќе каже седум пати... а да не биде излечен.“ Го бележи Тирмизи, бр. (2083), и Ебу Давуд, бр. (3106), види и: Сахих Тирмизи (2/210) и Сахих ел-Џами‘ (5/180).
50. Вредноста на посетата на болниот
Веровесникот ﷺ рекол: „Кога човек ќе го посети својот брат муслиман, тој оди низ џенетска градина сè додека не седне. Кога ќе седне, го обзема милоста. Ако е наутро, седумдесет илјади мелеци ќе се молат за него сè до вечерта, а ако е навечер, седумдесет илјади мелеци ќе се молат за него сè до утрото.“ [192] [192] Го бележи Тирмизи бр. (969), Ибн Маџе бр. (1442), и Ахмед бр. (975), Сахих Ибн Маџе (1/244) и Сахих Тирмизи (1/286), а исто така и Ахмед Шакир го оценува како вистинит-сахих.
51. Довата на болниот кој изгубил надеж во својот живот
„Аллаху мој, прости ми и смилувај ми се и проживеј ме во најдобрата дружина.“ [193] [193] Бухари (7/10), бр. (4435), и Муслим (4/1893), бр. (2444).
Аллахумме игфир ли, верхамни, ве алхикни бир-рефикил-е'ала.
Во моментите на неговата смрт, Пратеникот ﷺ ги ставаше рацете во вода и со нив го протриваше лицето, велејќи: „Нема друг вистински бог освен Аллах
Ла илахе иллаллах Навистина, смртта ги има свои маки.“[194] [194] Бухари, Ел Фетх (8/144) бр. (4449), во хадисот се спомнува и мисвакот.
„Нема друг вистински Бог освен Аллах, Аллах е Најголем. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Негова е власта и Нему Му припаѓа благодарноста. Нема друг вистински Бог освен Аллах и нема сила ниту моќ освен со Аллах.“[195] [195] Го бележат Тирмизи со број (3430) и Ибн Маџе со број (3794) и Албани го оценува како сахих. Види: Сахих Тирмизи (3/152) и Сахих Ибн Маџе (2/317).
Ла илахе иллеллаху валлаху екбер, ла илахе иллеллаху вахдеху, ла илахе иллеллаху вахдеху ла шерике лех, ла илахе иллеллаху лехул-мулку ве лехул-хамду, ла илахе иллеллаху ве ла хавле ве ла куввете илла биллах.
52. Потсетување на лицето на смртна постела да изговори: Ла илахе иллаллах
„Кому последните зборови на овој свет му бидат: 'Нема друг вистински Бог освен Аллах'
Ла илахе иллаллах ќе влезе во Џенет.“[196] [196] Ебу Давуд (3/190) со број (3116), и види: Сахих Ел-Џами‘ (5/432).
53. Довата на оној кого го снашла несреќа
„Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме, Аллаху мој, дај ми награда во ова мое искушение, и загубеното надомести ми го со нешто подобро.“ [197] [197] Муслим (2/632) со број (918).
Инна лиллахи ве инна илејхи раџи'ун, Аллахумме ‘џурни фи мусибети, ве ехлиф ли хајран минха.
54. Дова при затворање на очите на починатиот
„Аллаху мој, прости му на (името на умрениот), подигни го неговиот степен меѓу упатените, замени го меѓу неговите потомци што останале по него, прости ни нам и нему, о Господару на световите, прошири му го гробот и осветли му го.“[198] [198] Муслим (2/634) со број (920).
Аллахуммегфир ли фулан (би исмихи), верфе' дереџетеху фил-мехдијјин, вахлуфху фи 'акибихи фил-габирин, вегфир лена ве леху ја раббел-'алемин, вефсах леху фи кабрихи, ве неввир леху фихи.
55. Дова за починатиот во џеназе намазот
„Аллаху мој, прости му, смилувај му се, подари му благосостојба и помилувај го. Почести го неговото престојувалиште, прошири му го влезот, измиј го со вода, снег и град и исчисти го од гревовите како што белата облека се чисти од нечистотија. Замени му го домот со подобар дом, семејството со подобро семејство и сопругата со подобра сопруга. Воведи го во Џенет и заштити го од казната во гробот [и од казната на Огнот].“[199] [199] Муслим (2/663), бр. (963).
Аллахуммегфир леху, верхамху, ве 'афихи, ве'фу 'анху, ве екрим нузулеху, ве весси' мудхалеху, вегсилху бил-маи вес-селџи вел-беред, ве неккихи минел-хатаја кема неккајтес-севбел-ебједе минед-денес, ве ебдилху дарен хајрен мин дарихи, ве ехлен хајрен мин ехлихи, ве зевџен хајрен мин зевџихи, ве едхилхул-џеннех, ве е'изху мин 'азабил-кабр (ве 'азабин-нар).
„Аллаху мој, прости им на нашите живи и на нашите мртви, на нашите присутни и на нашите отсутни, на нашите мали и на нашите стари, на нашите мажи и на нашите жени. Аллаху мој, кого од нас ќе оставиш во живот, остави го да живее во исламот, а кого од нас ќе го усмртиш, усмрти го со иман. Аллаху мој, не лишувај нè од неговата награда и не оставај нè да залутаме по него.“[200] [200] Ебу Давуд со број (3201), и Тирмизи со број (1024), и Несаи со број (1985), и Ибн Маџе (1/480) со број (1498), и Ахмед (2/368) со број (8809), види и: Сахих Ибн Маџе (1/251).
Аллахуммегфир ли хајјина ве мејјитина, ве шахидина ве гаибина, ве сагирина ве кебирина, ве зекерина ве унсана. Аллахумме мен ехјејтеху минна фе ахјихи 'алел-ислам, ве мен тевеффејтеху минна фе тевеффеху 'алел-иман. Аллахумме ла техримна еџреху, ве ла тудиллeна ба'деху.
„Аллаху мој, тој и тој, синот на тој и тој, е под Твоја заштита и под Твоја закрила, па сочувај го од искушението на гробот и од казната на Огнот. Ти си Оној Кој го исполнува ветувањето и Ти си Вистинитиот, затоа прости му и смилувај му се, затоа што навистина Ти си Простувачот, Милостивиот.“[201] [201] Го бележи Ибн Маџе со број (1499), види: Сахих Ибн Маџе (1/251), и го бележи Ебу Давуд (3/211) со број (3202).
Аллахумме инне фулане бне фуланин фи зимметике, ве хабли џиварике, фе кихи мин фитнетил-кабри, ве 'азабин-нари, ве енте ехлул-вефаи вел-хакк, фегфир леху верхамху, иннеке ентел-Гафурур-Рахим.
„Аллаху мој, Твојот роб и син на Твојата робинка има потреба од Твојата милост, а Ти немаш потреба да го казниш. Ако бил доброчинител, зголеми му ги неговите добри дела, а ако бил грешник, тогаш помилувај го.“[202] [202] Го бележи Хаким и го оценил како сахих, а Зехеби се согласил со таа оценка (1/359), види и: Ахкамул Џенаиз од Албани (стр. 125).
Аллахумме 'абдуке вебну еметике ихтаџе ила рахметике, ве енте ганијјун 'ан 'азабихи, ин кане мухсинен фе зид фи хасенатихи, ве ин кане мусиен фе теџавез 'анху.
56. Дова за предвреме починато дете при џеназе-намазот
„Аллаху мој, заштити го од казната во гробот.“[203] [203] Сеид бин Мусејјиб рекол: „Клањав зад Ебу Хурејре, радијаллаху анху, џеназе-намаз на едно дете кое никогаш не направило грев, и го слушнав како вели...“ Хадисот го бележат Малик во „Муветта“ (1/288), Ибн Еби Шејбе во „Мусаннеф“ (3/217), и Бејхеки (4/9), а неговиот синџир на пренесувачи за веродостоен го оценил Шуајб Арнаути во неговата рецензија на делото „Шерхус-сунне“ од Бегави (5/357).
Аллахумме е'изху мин 'азабил-кабр.
Доколку каже: „О Аллаху, направи го да биде претходник и залиха за неговите родители, и застапник чие застапништво ќе биде прифатено. О Аллаху, направи преку него да им натежнат вагите на добрите дела и зголеми ги нивните награди. Придружи го со добрите верници, стави го под закрилата на Ибрахим, алејхи селам, и со Твојата милост заштити го од казната на Џехенемот. Замени му го домот со подобар дом и семејството со подобро семејство. О Аллаху, прости им на нашите претци, на нашите деца што нè претекнале и на оние што нè претекнале со иман.“
Аллахумме-џ'алху фератан ве зухран ли валидејхи, ве шефи'ан муџабен. Аллахумме секкил бихи мевазинехума, ве а'зим бихи уџурехума, ве алхикху би салихил-му'минин, веџ'алху фи кефалети Ибрахим, ве кихи би рахметике 'азабел-џехим, ве ебдилху дарен хајрен мин дарихи, ве ехлен хајрен мин ехлихи. Аллахуммегфир ли еслафина ве ефратина ве мен себекана бил-иман. Добро е.[204] [204] Види: Ел-Мугни од Ибн Кудаме (3/416), и книгата Важни лекции за секој муслиман од шејх Абдулазиз бин Абдулах бин Баз, Аллах нека му се смилува (стр. 15).
„О Аллаху, направи го за нас претходник, залиха и награда.“[205] [205] Хасан ја рецитирал сурата Ел-Фатиха над детето, и изговорил... до крај на хадисот. Го бележи Ел-Бегави во „Шерхус-Сунне“ (5/357), и Абдурезак под број (6588), а Бухари го бележи како муаллек-предание во книгата „Ел-Џенаиз“ (65), во подглавјето: „Рецитирање на сурата Ел Фатиха во џеназе намазот“ (2/113), пред хадисот со број (1335).
Аллахуммеџ'алху лена фератан, ве селефен, ве еџран.
57. Дова за изразување на сочувство.
„Навистина, на Аллах Му припаѓа она што го зел, и Негово е она што го дал, и сè кај Него има одреден рок... затоа нека се стрпи и нека се надева на награда кај Аллах.“[206] [206] Бухари (2/80), бр. (1284), и Муслим (2/636), бр. (923).
Инне лиллахи ма ехазе, ве леху ма е'ата, ве куллу шеј'ин 'индеху би еџелин мусемма... фелтесбир вел-тахтесиб.[206]
Доколку, каже: „Аллах нека ти ја зголеми наградата, нека ти даде убава утеха и нека му прости на твојот покојник“
Е'аземаллаху еџреке, ве ехсене 'азаеке, ве гафере ли мејјитик е добро.[207] [207] Ел Езкар од Невеви (стр. 126).
58. Дова при спуштањето на починатиот во гроб
„Во името на Аллах и според суннетот на Аллаховиот пратеник.“[208] [208] Ебу Давуд (3/314) со број (3215) со автентичен-сахих синџир на пренесувачи, и Ахмед со број (5234) и број (4812) со следниве зборови: „Бисмиллах, ве а'ла миллети ресулиллах“, и неговиот синџир на пренесувачи е сахих.
Бисмиллахи ве 'ала суннети Ресулиллах.[
59. Дова по погребувањето на починатиот.
„Аллаху мој, прости му. Аллаху мој, зацврсти го.“[209] [209] Божјиот пратеник ﷺ по закопот застанувал покрај гробот и велел: „Барајте прошка за вашиот брат и молете се Аллах да го зацврсти, затоа што тој сега одговара.“ Ебу Давуд (3/315) бр. (3223) и Хаким, кој го оценил за веродостоен, со што се согласил и Зехеби (1/370).
Аллахуммегфир леху, Аллахумме себбитху.
60. Дова при посета на гробиштата
„Аллаховиот мир нека е со вас, жители на овие домови, верници и муслимани. И ние, ако Аллах сака, ќе ви се придружиме. (Аллах нека им се смилува на оние од нас што заминале порано и на оние што ќе дојдат подоцна.) Го молам Аллах за нас и за вас да ни подари благосостојба.“[210] [210] Го бележат Муслим (2/671) со број (975), и Ибн Маџе (1/494), а дадената верзија е негова со број (1547) од Бурејде, радијаллаху анху, а тоа што е во средни загради е од хадисот на Аиша, радијаллаху анха, кај Муслим (2/671) со број (975).
Ес-селаму алејкум ехлед-дијар минел-му'минине вел-муслимин, ве инна ин ша Аллаху бикум ла лахикун, (ве јерхамуллахул-мустекдимине минна вел-мусте'хирин), ес'елуллахе лена ве лекумул-'афијех.[210]
61. Дова кога дува ветар
„Аллаху мој, Те молам за нејзиното добро и барам заштита кај Тебе од нејзиното зло.“[211] [211] Го бележат Ебу Давуд (4/326) со број (5099), и Ибн Маџе (2/1228) со број (3727), види и: Сахих Ибн Маџе (2/305).
Аллахумме инни ес'елуке хајреха, ве е'узу бике мин шерриха.
„О Аллаху, Те молам за нејзиното добро, за доброто што е во неа и за доброто со кое е испратена, и барам заштита кај Тебе од нејзиното зло, од злото што е во неа и од злото со кое е испратена.“[212] [212] Муслим, а текстот е според него (2/666), бр. (899), и Бухари (4/76), бр. (3206) и (4829).
Аллахумме инни ес'елуке хајреха, ве хајра ма фиха, ве хајра ма урсилет бихи, ве е'узу бике мин шерриха, ве шерри ма фиха, ве шерри ма урсилет бихи.
62. Дова кога грми
„Славен нека е Оној Кого грмежот Го велича со благодарност, а и мелеците од стравопочит кон Него.“[213] [213] Абдулах бин ел Зубејр, Аллах нека е задоволен со обајцата, кога ќе слушнеше грмеж, го прекинуваше разговорот и велеше: ... до крај на хадисот. Муветта (2/992), и рекол Албани во Сахих ел-Келим ет-Тајјиб (157): „Синџирот на пренесувачи е веродостоен, а хадисот е мевкуф-не е хадис туку говор на асхабот“.
Субханеллези јусеббихур-ра'ду би хамдихи вел-мелаикету мин хифетихи.
63. Дови за дожд
„Аллаху мој, напој нè со обилен дожд, пријатен и плоден, корисен а не штетен, што ќе дојде бргу и без одлагање.“[214] [214] Ебу Давуд, (1/303), бр. (1171), а Албани го оценил како сахих (веродостоен) во Сахих Ебу Давуд, (1/216).
Аллахуммескина гајсен мугисен, мериен, мери'ан, нафи'ан гајре даррин, 'аџилен гајра аџил.
„Аллаху мој, спушти ни дожд! Аллаху мој, спушти ни дожд! Аллаху мој, спушти ни дожд!“[215] [215] Бухари (1/224), бр. (1014), и Муслим (2/613), бр. (897).
„Аллаху мој, напој ги Твоите робови и Твоите животни, рашири ја Твојата милост и оживеј ја мртвата земја.“[216] [216] Ебу Давуд (1/305), бр. (1178), а Албани го оценил како хасен (добар) во Сахих Ебу Давуд (1/218).
Аллахуммески 'ибадеке, ве бехаимеке, веншур рахметеке, ве ахји беледекел-мејјит.
64. Дова кога ќе видиме дожд
„Аллаху мој, направи го обилен и корисен.“[217] [217] Бухари, види Ел Фетх (2/518) под број (1032).
Аллахумме сајјибен нафи'ан.
65. Изговарање на автентичната дова по престанок на дождот
„Дожд ни беше даден по Аллаховата добрина и милост.“[218] [218] Го бележат Бухари (1/205), бр. (846), и Муслим (1/83), бр. (71).
Мутирна би фадлиллахи ве рахметихи.
66. Дова за разведрување
„Аллаху мој, спушти дожд околу нас, а не врз нас. Аллаху мој, спушти го врз височинките и ридовите, во долините и на местата каде што растат дрвјата.“[219] [219] Бухари (1/224), бр. (933), и Муслим (2/614), бр. (897).
67. Дова кога ќе се види младата месечина
„Аллах е Најголем. Аллаху мој, нека ни се појави младата месечина со сигурност и иман, со благосостојба и ислам, и со успех во она што Ти, Господару наш, го сакаш и со што си задоволен. Нашиот и твојот Господар е Аллах.“[220] [220] Тирмизи (5/504), бр. (3451), Дарими (1/336) и Сахих Тирмизи (3/157).
Аллаху екбер. Аллахумме ехиллеху 'алејна бил-емни вел-иман, вес-селамех вел-ислам, вет-тевфики лима тухиббу раббена ве терда. Раббуна ве раббукаллах.
68. Дова при ифтар
„Жедта исчезна, жилите се напоија и наградата е потврдена, ако Аллах сака.“[221] [221] Го бележат Ебу Давуд (2/306) со број (2359), и други. Види: Сахихул Џами‘ (4/209).
Зехебез-замеу, вебтеллетил-'уруку, ве себетел-еџру ин ша Аллах.
„Аллаху мој, Те молам со Твојата милост, која опфаќа сè, да ми простиш.“[222] [222] Го бележи Ибн Маџе (1/557) со број (1753) од довата на Абдулах бин Амр, Аллах да биде задоволен со нив двајцата, и Хафиз Ибн Хаџер го оценува како хасен во Тахриџул Езкар. Види: Шерхул Езкар (4/342).
Аллахумме инни ес'елуке би рахметикел-лети веси'ат кулле шеј'ин ен тегфире ли.
69. Дова пред јадење
„Кога некој од вас ќе почне да јаде, нека изговори: 'Во името на Аллах',
Бисмиллах А ако заборави на почетокот, нека каже: 'Во името на Аллах, на почетокот и на крајот.'“[223] [223] Го бележат Ебу Давуд (3/347) со број (3767), и Тирмизи (4/288) со број (1858), види и: Сахих Тирмизи (2/167).
Бисмиллахи фи еввелихи ве ахирихи
„Кого Аллах ќе го нахрани со храна, нека каже: 'Аллаху мој, дај ни бериќет во неа и нахрани нè со подобра од неа.'
Аллахумме барик лена фихи, ве ат'имна хајран минх А кого Аллах ќе го напои со млеко, нека каже: 'Аллаху мој, дај ни бериќет во него и зголеми ни од него.'“[224] [224] Тирмизи (5/506) со број (3455), и Сахих Тирмизи (3/158).
Аллахумме барик лена фихи, ве зидна минх
70. Дова при завршување на оброкот
„Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој ме нахрани со ова и ме снабди со него, без никаква моја сила и моќ.“[225] [225] Го бележат авторите на Сунените освен Несаи: Ебу Давуд со број (4025), Тирмизи со број (3458) и Ибн Маџе со број (3285). Види и во Сахих Тирмизи (3/159).
Елхамду лиллахил-лези ат'амени хаза, ве резеканихи, мин гајри хавлин минни ве ла кувветин.
„Благодарноста Му припаѓа на Аллах — благодарност многубројна, убава и благословена. Не можеме без Него, не Го напуштаме и не сме независни од Него, Господару наш.“[226] [226] Бухари (6/214), бр. (5458), и Тирмизи со истиот текст (5/507), бр. (3456).
Елхамду лиллахи хамден кесиран тајјибен мубарекен фих, гајре (мекфијјин ве ла) муведде'ин, ве ла мустагнен 'анху, раббена
71. Дова на гостинот за домаќинот
„Аллаху мој, дај им бериќет во она со што си ги снабдил, прости им и смилувај им се.“[227] [227] Муслим (3/1615) со број (2042).
Аллахумме барик лехум фима резактехум, вегфир лехум верхамхум
72. Индиректно укажување преку дова за храна или пијалок
„Аллаху мој, нахрани го оној што ме нахранил и напој го оној што ме напоил.“[228] [228] Муслим (3/1626) со број (2055).
Аллахумме ат'им мен ат'амени, вески мен секани
73. Дова при ифтар кога сме на гости
„Постачите нека се ифтарат кај вас, добрите луѓе нека ја јадат вашата храна и мелеците нека упатуваат дова за вас.“[229] [229] Сунен Ебу Давуд (3/367) бр. (3856), Ибн Маџе (1/556) бр. (1747), и Несаи во „Амелул јевми вел лејле“, бр. (296-298), кој наведува дека Тој ﷺ го изговарал ова кога бил на ифтар кај некое семејство. Албани го оценил како автентичен-сахих во „Сахих Ебу Давуд“ (2/730).
Ефтаре 'индекумус-саимун, ве екеле та'амекумул-ебрар, ве саллет 'алејкумул-мелаикех
74. Дова на постачот кога ќе се послужи храна, а се уште не е време на ифтар
„Кога некој од вас ќе биде повикан, нека се одѕвие, па ако пости, нека упати дова, а ако не пости, нека јаде.“ [230] Нека упати дова односно нека се помоли за тој што го повикал на јадење. [230] Муслим (2/1054) со број (1150).
75. Што да каже постачот кога некој ќе го навреди
„Јас постам, јас постам.“ [231] [231] Ел Бухари, Ел Фетх (4/103), бр. (1894), и Муслим (2/806), бр. (1151).
76. Дова кога ќе се видат првите плодови
„Аллаху мој, дај ни бериќет во нашите плодови, дај ни бериќет во нашиот град, дај ни бериќет во нашиот са'а и дај ни бериќет во нашиот мудд.“[232] [232] Са‘а четири прегрста со споени дланки, мудд еден прегрст на споени дланки. Муслим (2/1000) со број (1373).
Аллахумме барик лена фи семерина, ве барик лена фи мединетина, ве барик лена фи са'ина, ве барик лена фи муддина
77. Дова при кивање
„Кога некој од вас ќе кивне, нека каже: 'Благодарноста Му припаѓа на Аллах.'
Елхамдулиллах Потоа неговиот брат или другар нека му каже: 'Аллах нека ти се смилува.'
Јерхамукаллах А кога ќе му каже: 'Јерхамукеллах', тогаш нека одговори: 'Аллах нека ве упати и нека ви ја поправи состојбата.'“[233] [233] Бухари (7/125), бр. 5870.
Јехдикумуллаху ве јуслиху балекум
78. Што се вели на неверникот кога ќе кивне и Му заблагодари на Аллах
„Аллах нека ве упати и нека ви ја поправи состојбата.“[234] [234] Го бележат Тирмизи (5/82) со број (2741), Ахмед (4/400) со број (19586), Ебу Давуд (4/308) со број (5040), види и: СахихТирмизи (2/354).
Јехдикумуллаху ве јуслиху балекум
79. Дова за тој што стапил во брак
„Аллах нека ти даде бериќет, нека спушти бериќет врз тебе и нека ве соедини во добро.“[235] [235] Го бележат авторите на Сунените, освен Несаи: Ебу Давуд со број (2130), Тирмизи со број (1091) и Ибн Маџе со број (1905). Несаи го бележи во делото „Амелул-јевми вел-лејле“ со број (259). Види и: Сахих Тирмизи (1/316).
Барекаллаху леке, ве бареке 'алејке, ве џеме'а бејнекума фи хајр.
80. Дова при стапување во брак и купување на животно за транспорт
Ако некој од вас се ожени или купи слугинка, нека каже: „Аллаху мој, Те молам за нејзиното добро и за доброто на кое си ја создал, а барам заштита кај Тебе од нејзиното зло и од злото на кое си ја создал.“
Аллахумме инни ес'елуке хајреха, ве хајре ма џебелтеха 'алејхи, ве е'узу бике мин шерриха, ве шерри ма џебелтеха 'алејхи. „А кога ќе купи камила, нека ја фати за врвот на нејзината грпка и нека ја изговори истата дова.“[236] [236] Ебу Давуд (2/248) бр. (2160), и Ибн Маџе (1/617) бр. (1918), и види: Сахих Ибн Маџе (1/324).
81. Дова пред интимен однос со сопругата
„Во името на Аллах. Аллаху мој, оддалечи го шејтанот од нас и оддалечи го шејтанот од она со што ќе нè снабдиш.“[237] [237] Бухари (6/141), бр. (141), и Муслим (2/1028), бр. (1434).
Бисмиллах. Аллахумме џеннибнеш-шејтан, ве џеннибиш-шејтане ма резактена
82. Дова при гнев/лутина
„Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан.“[238] [238] Бухари (7/99), бр. (3282), и Муслим (4/2015), бр. (2610).
Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим
83. Дова која се изговара кога ќе се види некој со искушение
„Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Кој ме сочува од она со што те ставил на искушение тебе и ме одликувал над многумина од оние што ги создал.“[239] [239] Тирмизи (5/494) и (5/493) со број (3432), и види: Сахих Тирмизи (3/153).
Елхамду лиллахил-лези 'афани мимма ибтелаке бихи, ве феддалени 'ала кесирин миммен халека тефдила
84. Што се изговара на собирите
Ибн Омер, радијаллаху анху, пренесува: „На еден собир му избројале на Божјиот Пратеник ﷺ дека изговорил сто пати пред да стане: „Господару мој, прости ми и прими го моето покајание. Навистина, Ти си Оној Кој постојано го прима покајанието и Кој многу простува.“[240] [240] Тирмизи, бр. (3434), и Ибн Маџе, бр. (3814), види: Сахих Тирмизи (3/153) и Сахих Ибн Маџе (2/321), а верзијата е на Тирмизи.
Раббигфир ли, ве туб 'алејје, иннеке ентет-Теввабул-Гафур
85. Искупување за пропустите на собирите
„Славен си Ти, Аллаху мој, и Тебе Ти припаѓа благодарноста. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Тебе. Барам прошка од Тебе и Тебе Ти се каам.“[241] [241] Го бележат Ебу Давуд, бр. (4858), Тирмизи, бр. (3433) и Несаи, бр. (1344). Види Сахих Тирмизи (3/153). Потврдено е дека Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Аллаховиот пратеник ﷺ никогаш не седел на некој собир, ниту учел Куран, ниту клањал намаз, а да не го завршел тоа со одредени зборови...“ до крајот на хадисот. Хадисот го бележи Несаи во делото „Амелул-јевми вел-лејле“, бр. (308), и Ахмед (6/77), бр. (24486), а за автентичен го оценил д-р Фарук Хамаде во неговата рецензија (тахкик) на делото „Амелул-јевми вел-лејле“ од Несаи (стр. 273).
Субханекеллахумме ве би хамдик, ешхеду ен ла илахе илла енте, естагфируке ве етубу илејке
86. Дова за оној што рекол: „Аллах нека ти прости“
„И Тебе“. [242] [242] Ахмед, (5/82) бр. (20778), и Ен-Несаи во Амелул-Јеум вел-Лејле (стр. 218) бр. (421), тахкик рецензија на д-р Фарук Хамаде.
Ве леке
87. Дова за оној кој ни направил некаква добрина
„Аллах нека те награди со добро.“[243] [243] Го бележат Тирмизи со број (2035), и види: Сахих ел Џами‘, бр. (6244) и Сахих Тирмизи (2/200).
Џезакеллаху хајрен
88. Она со што Аллах заштитува од Деџалот
„Кој ќе ги научи напамет првите десет ајети од сурата Ел-Кехф, ќе биде заштитен од Деџалот.“ [244] И барањето заштита од Аллах од неговото искушение на последниот тешехуд во секој намаз. [245] [245] Види: хадис број (55), и хадис (56) (стр. 41) од оваа книга. [244] Го бележи Муслим (1/555) со број (809), а во друга верзија: од крајот на Ел-Кехф (1/556) со број (809).
89. Дова за оној кој ќе каже: „Те сакам во името на Аллах“
„Нека те сака Оној чие име ти ме засака.“ [246] [246] Го бележат Ебу Давуд (4/333) со број (5125), а Албани го оценил како хасен во Сахих Сунен Еби Давуд (3/965).
Ехаббекел-лези ехбебтени лех
90. Дова за оној кој ти го понудил својот имот
„Аллах нека ти даде бериќет во твоето семејство и во твојот имот.“[247] [247] Бухари со Ел Фетх (4/288) под број (2049).
Барекаллаху леке фи ехлике ве малике
91. Дова за оној кој позајмил при исплатата
„Аллах нека ти даде бериќет во твоето семејство и во твојот имот. Навистина, наградата за заемот е благодарноста и неговото враќање.“[248] [248] Го бележат Несаи во Амелул-јевми вел-лејле (300), и Ибн Маџе (2/809) со број (2424), види: Сахих Ибн Маџе (2/55).
Барекаллаху леке фи ехлике ве малике, иннема џезаус-селефил-хамду вел-еда'
92. Дова за страв од ширк
„Аллаху мој, барам заштита кај Тебе да не Ти припишам здруженик свесно, и барам прошка од Тебе за она што не го знам.“[249] [249] Ахмед (4/403) бр. (19606), Едебул Муфред на Бухари бр. (716), Сахихул Џами' (3/233) и СахихТергиб вет Терхиб од Албани (1/19).
Аллахумме инни е'узу бике ен ушрике бике ве ене е'алем, ве естагфируке лима ла е'алем
93. Дова за оној кој ќе ти каже: „Аллах нека ти даде бериќет“
„И тебе Аллах нека ти даде бериќет.“ [250] [250] Го бележи Ибн ес-Сунни (стр. 138) со број (278), и види: Ел-Вабил ес-Сајјиб од Ибн ел-Кајјим (стр. 304), со рецензија на Бешир Мухаммед Ујун.
Ве фике барекаллах
94. Дова дека навестувањето зло (тијере) не е посакувано
„Аллаху мој, нема кобење освен она што Ти ќе го одредиш, нема добро освен доброто што доаѓа од Тебе и нема друг вистински Бог освен Тебе.“[251] [251] Ахмед (2/220) бр. (7045), и Ибн ес-Сунни бр. (292), Албани го оценил како Сахих во Силсилетул-ехадисис-сахиха (3/54) бр. (1065). Што се однесува до „фе‘л--оптимистичкиот говор“, тој му се допаѓал на Пратеникот ﷺ; затоа кога слушнал од еден човек убав збор, му се допаднал и рекол: „Го зедовме твојот ,фе‘л‘ од твојата уста.“ Ебу Давуд бр. (3719), и Ахмед бр. (9040), Албани го оценил како Сахих во Силсилетул-ехадисис-сахиха (2/363), кај Ебуш-Шејх во Ахлакун-небиј ﷺ (стр. 270).
Аллахумме ла тајре илла тајруке, ве ла хајре илла хајруке, ве ла илахе гајрук.
95. Дова при влегување во превозно средство
„Во името на Аллах, и благодарноста Му припаѓа на Аллах.“
Бисмиллахи велхамду лиллах „Славен нека е Оној Кој ова ни го потчини, а ние не би можеле сами да го совладаме.
Субханел-лези сеххаре лена хаза, ве ма кунна леху мукринин. И навистина, кај нашиот Господар ќе се вратиме.
Ве инна ила раббина ле мункалибун Благодарноста Му припаѓа на Аллах, благодарноста Му припаѓа на Аллах, благодарноста Му припаѓа на Аллах. Аллах е Најголем, Аллах е Најголем, Аллах е Најголем. Славен си Ти, Аллаху мој. Навистина, си направив неправда себеси, затоа прости ми, зашто никој не ги простува гревовите освен Тебе.“[252] [252] Ебу Давуд (3/34) со број (2602), и Тирмизи (5/501) со број (3446), и види: Сахих Тирмизи (3/156), сура Ез-Зухруф: 13- 14.
Елхамдулиллах, елхамдулиллах, елхамдулиллах. Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер. Субханеке Аллахумме, инни залемту нефси фегфир ли, фе иннеху ла јегфируз-зунубе илла енте
96. Патната дова
„Аллах е најголем, Аллах е најголем, Аллах е најголем
Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер Славен нека е Оној Кој ова ни го потчини, а ние не би можеле сами да го совладаме.
Субханел-лези сеххаре лена хаза, ве ма кунна леху мукринин И навистина, кај нашиот Господар ќе се вратиме.
Ве инна ила раббина ле мункалибун. Аллаху мој, Те молиме на ова наше патување да ни подариш доброчинство и богобојазливост, и дела со кои си Ти задоволен. Аллаху мој, олесни ни го ова патување и скрати ни ја неговата далечина. Аллаху мој, Ти си придружникот на патувањето и чуварот на семејството. Аллаху мој, барам заштита кај Тебе од тешкотиите на патувањето, од непријатната глетка и од лошото враќање кај имотот и семејството.
Аллахумме инна нес'елуке фи сеферина хаза ел-бирре вет-таква, ве минел-'амели ма терда. Аллахумме хеввин 'алејна сеферена хаза, ватви 'анна бу'деху. Аллахумме ентес-сахибу фис-сефер, вел-халифету фил-ехл. Аллахумме инни е'узу бике мин ве'саис-сефер, ве кеабетил-мензар, ве суил-мункалеби фил-мали вел-ехл. При враќањето од патување се изговара истото и се додава: Се враќаме, се каеме, Му робуваме на нашиот Господар и Нему Му благодариме.“[253] [253] Муслим (2/978) со број (1342).
Ајибуне, таибуне, 'абидуне, ли раббина хамидун
97. Дова при влегување во село или град
„Аллаху мој, Господару на седумте небеса и на сè што тие засенуваат, Господару на седумте земји и на сè што тие носат, Господару на шејтаните и на сите што тие ги заведуваат, и Господару на ветровите и на сè што тие го разнесуваат, Те молам за доброто на оваа населба, за доброто на нејзините жители и за доброто што е во неа, а барам заштита кај Тебе од нејзиното зло, од злото на нејзините жители и од злото што е во неа.“[254] [254] Го бележи Хаким и го оценува како сахих, а Зехеби се согласува со него (2/100); Ибн Сунни, бр. (524). Хафиз го оценил како хасен во Тахриџул Езкар (5/154). Алламе Ибн Баз, Аллах нека му се смилува, рекол: „Го бележи Несаи со хасен синџир“. Види: Тухфетул Ахјар (стр. 37).
Аллахумме раббес-семаватис-себ'и ве ма езлелне, ве раббел-ерадинес-себ'и ве ма еклелне, ве раббеш-шејатини ве ма едлелне, ве раббер-ријахи ве ма зерејне, ес'елуке хајре хазихил-карјех, ве хајре ехлиха, ве хајре ма фиха, ве е'узу бике мин шерриха, ве шерри ехлиха, ве шерри ма фиха
98. Дова при влегување на пазар
„Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа благодарноста. Тој оживува и усмртува, и Тој е Живиот Кој не умира. Во Неговата рака е секое добро и Тој е над сè Семоќен.“[255] [255] Тирмизи со број (3428), Ибн Маџе (5/291) со број (3860) и Хаким (1/538), и Албани го оценува како хасен во Сахих Ибн Маџе (2/21) и во Сахих Тирмизи (3/152).
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамд, јухји ве јумит, ве хуве хајјун ла јемут, би једихил-хајр, ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир
99. Дова кога ќе се расипе превозното средство (ќе се сопне јаваницата)
„Во името на Аллах.“[256] [256] Ебу Давуд (4/296) со број (4982), а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Ебу Давуд (3/941).
Бисмиллах
100. Довата на патникот за оние кои остануваат
„Ве доверувам на Аллахово чување, а она што Му е доверено на Аллах никогаш не се губи.“[257] [257] Ахмед (2/403) со број (9230), Ибн Маџе (2/943) со број (2825), и Сахих Ибн Маџе (2/133).
Естевди'укумуллахел-лези ла теди'у ведаи'ух
101. Дова за оној кој тргнува на пат
„На Аллах Му ги доверувам твојата вера, твојот аманет и завршетоците на твоите дела.“[258] [258] Ахмед (2/7) бр. (4524), и Тирмизи (5/499) бр. (3443), а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Сунен ет-Тирмизи (3/419).
Естевди'уллахе динеке, ве еманетеке, ве хаватиме 'амелике
„Аллах нека те снабди со богобојазливост, нека ти го прости гревот и нека ти го олесни доброто каде и да бидеш.“[259] [259] Забележан во збирката на Тирмизи, бр. (3444), види и: Сахих Тирмизи (3/155).
Зевведекаллахут-таква, ве гафере зенбек, ве јессере лекел-хајре хајсу ма кунте
102. Изговарање „Аллаху екбер“ и „Субханаллах“ во текот на патување
Џабир, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Кога се искачувавме, изговаравме текбир изговарајќи: ,Аллах е Најголем.'
Аллаху екбер А кога се симнувавме Го славевме[260] изговарајќи: ,Славен е Аллах.'“ [260] Бухари, види Ел Фетх (6/135), под бр. (2993).
Субханаллах
103. Довата на патникот во предзорие
„Нека слушне секој што слуша за нашата благодарност кон Аллах и за Неговите убави благодати кон нас. Господару наш, биди наш сопатник и излеј ги врз нас Твоите добрини, барајќи заштита кај Аллах од Огнот.“[261] [261] Муслим (4/2086), бр. (2718), а значењето на семме'а сами'ун е: т.е. сведок посведочи за нашата благодарност кон Аллах Возвишениот за Неговите благодати и убавите искушенија. А значењето на семме'а сами'ун е: слушателот им го пренесе овој мој говор на другите и го кажа истото, како потсетување на спомнувањето на Аллах во мугри и довата. Коментар на Невеви на Сахих Муслим (17/39).
Семми'а сами'ун би хамдиллахи, ве хусни белаихи 'алејна, раббена сахибна, ве ефдил 'алејна, 'аизен биллахи минен-нар
104. Дова која се изговара кога ќе се престојува во некое место, било да се работи за патување или не се работи за патување
„Барам заштита со Аллаховите потполни зборови од злото на она што го создал.“[262] [262] Сахих Муслим, (4/2080), бр. (2709).
105. Зикрот при враќање од пат
„На секое возвишение изговара текбир трипати:, потоа вели: „Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа благодарноста, и Тој е за сè Семоќен. Се враќаме, се каеме, Му робуваме на нашиот Господар и Нему Му благодариме. Аллах го исполни Своето ветување, му помогна на Својот роб и Сам ги порази сојузниците.“[263] [263] Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го кажувал ова кога се враќал од поход или хаџ. Го бележат Бухари (7/163), бр. (1797), и Муслим (2/980), бр. (1344).
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамд, ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир. Ајибуне, таибуне, 'абидуне, ли раббина хамидун. Садекаллаху ва'деху, ве несаре 'абдеху, ве хеземел-ахзабе вахдеху
106. Што се изговара кога ќе ни се случи нешто радосно или непосакувано
Божјиот пратеник ﷺ кога ќе го израдувал некој настан, ќе речел: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, со Чија благодат се употполнуваат добрите дела.“
Елхамду лиллахил-лези би ни'метихи тетиммус-салихат. А кога ќе го снајдеше нешто непријатно, велеше: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах во секоја состојба.“[264] [264] Го бележат Ибн Сунни во Амелул јевми вел лејле со број (377), и Хаким, и го оценува како сахих (1/499), Албани го оценува како сахих во Сахих ел Џами‘ (4/201).
Елхамду лиллахи 'ала кулли хал
107. Вредноста на салаватот врз Божјиот Пратеник ﷺ
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Кој на мене ќе ми испрати еден салават, Аллах кон него ќе прати десет (салавати).“ [265] Како на пример да изговори: „Аллаху мој, благослови го и дарувај му мир на нашиот веровесник Мухамед.“ [265] Го бележи Муслим (1/288) со број (384).
Аллахумме салли ве селлим 'ала небијјина Мухаммед
Тој ﷺ, исто така, рекол: „Не правете од мојот гроб светилиште. Испраќајте салавати врз мене, бидејќи вашите салавати ќе ми се достават каде и да сте.“ [266] [266] Ебу Давуд (2/218) со број (2044), и Ахмед (2/367) со број (8804), Албани го оценил за веродостоен во Сахих Ебу Давуд (2/383).
Следен хадис е: „Скржав е оној пред кого ќе бидам спомнат и нема да испрати салават врз мене.“ [267] [267] Тирмизи (5/551) со број (3546), и други, види и: Сахихул Џами’ (3/25), и Сахих Тирмизи (3/177).
Хадис: „Навистина, Аллах има мелеци кои патуваат по земјата и ми го пренесуваат селамот од мојот умет.“ [268] [268] Несаи (3/43), бр. 1282, Хаким (2/421), а Албани го оценил како автентичен во Сахих Несаи (1/274).
Тој ﷺ , исто така, рекол: „Секогаш кога некој ќе испрати селам до мене, Аллах ќе ми ја врати душата за да му возвратам на селамот.“ [269] [269] Ебу Давуд бр. 2041, а Албани го оценил како хасен во Сахих Ебу Давуд (1/383).
108. Ширење на селамот
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, и нема да поверувате додека не се сакате меѓусебно. Зарем не сакате да ве известам за нешто кое, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“ [270] [270] Го бележат Муслим (1/74) под бр. (54), и Ахмед под бр. (1430), и ова е неговата верзија, а верзијата на Муслим е: „لَا تَدْخُلُونَ...“.
„Три особини кои, ако ги поседува некој, има целосен иман: праведност кон самиот себе, ширење на селамот меѓу луѓето и дарежливост, дури и во сиромаштија.“ [271] [271] Бухари, Ел Фетх (1/82), бр. (28), од Аммар, радијаллаху анху, мевкуф, муаллек.
Абдулах ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека некој човек го прашал Пратеникот ﷺ: „Што од исламот е најдобро?“ Тој одговорил: „Да нахраниш гладен и да го поздравиш со селам оној што го познаваш и оној што не го познаваш.“ [272] [272] Бухари, Ел Фетх (1/55) бр. (12), и Муслим (1/65) бр. (39).
109. Како се враќа селамот на неверникот ако те поздрави со селам
„Ако следбениците на Книгата ве поздрават со селам, кажете: ,И на вас.'“[273] [273] Бухари, бр. (6258), и Муслим, бр. (2163).
Ве алејкум
110. Дова кога ќе се слушне пеење на петел и рикање на магаре
„Кога ќе го слушнете пеењето на петелот, побарајте Аллах да ви даде од Неговите добрини, бидејќи тој видел мелек. Како на пример да се изговори следново: „Аллаху мој, Те молам да ми дадеш од Твојата добрина.“
Аллахумме инни ес'елуке мин фадлике А кога ќе го слушнете рикањето на магарето, побарајте заштита кај Аллах од шејтанот, бидејќи тоа видело шејтан.“[274] Како на пример да се изговори следново: „Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан.“ [274] Бухари, види Ел Фетх (6/350), бр. (3303), и Муслим (4/2092), бр. (2729).
Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим
111. Дова кога ќе се слушне лаење на кучиња ноќе
„Кога ќе го слушнете лаењето на кучињата и рикањето на магарињата во ноќта, побарајте заштита од нив; бидејќи тие гледаат тоа што вие не го гледате.“ [275] Како на пример да се изговори следново: „Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан.“ [275] Ебу Давуд (4/327) со број (5105), и Ахмед (3/306) со број (14283), а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Еби Давуд (3/961).
Е'узу биллахи минеш-шејтанир-раџим
112. Дова за оној кого си го навредил
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Аллаху мој, па кој било верник кого сум го навредил, направи тоа да му биде блискост до Тебе на Судниот ден.“ [276] [276] Го бележат Бухари (11/171), бр. (6361), и Муслим (4/2007), бр. (396), а неговиот текст гласи: „Па направи ја за него прочистување и милост.“
113. Што вели Муслиманот кога го фали Муслиманот
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Ако некој од вас веќе мора да го фали својот другар, нека каже: ,За тој и тој сметам, а Аллах е негов Судија и никого не го фалам премногу пред Аллах, го сметам за – ако го знае тоа за него – таков и таков.‘“ [277] [277] Сахих Муслим, (4/2296), бр. (3000).
114. Што се изговара кога некој ќе биде пофален
„Аллаху мој, не ме земај на одговорност за она што го зборуваат, прости ми го она што тие не го знаат и направи ме подобар од она што тие го мислат.“[278] [278] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред бр. (761), чиј синџир на пренесувачи го оценил за веродостоен Албани во Сахих Ел Едеб Ел Муфред бр. (585), а делот во загради е додаток од Ел-Бејхеки во Шу‘аб Ел-Иман (4/228) преку друг синџир.
Аллахумме ла туахизни бима јекулун, вегфир ли ма ла јеа'лемун, (веџ'ални хајрен мимма језуннун)
115. Како оној кој е во состојба на ихрам ја изговара телбијата за време на аџилакот или умрата
„Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам. Ти се одзивам, Ти Кој немаш здруженик, Ти се одзивам. Навистина, благодарноста, благодатта и власта Тебе Ти припаѓаат. Ти немаш здруженик.“[279] [279] Бухари, Ел Фетх (3/408), бр. (1549), и Муслим (2/841), бр. (1184).
Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк, иннел-хамде вен-ни'мете леке вел-мулк, ла шерике лек
116. Текбир кога ќе се стигне до Црниот камен
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, правел таваф околу Каба качен на камила; секогаш кога ќе дојдел до аголот (Црниот камен), покажувал кон него со нешто што го имал и изговарал текбир.“ [280] [280] Бухари со Ел Фетх (3/476) под број (1613), а под 'нештото' се мисли на: Ел-Михџен-бастун. Види: Бухари со Ел Фетх (3/472).
117. Довата помеѓу Јеменскиот агол и Црниот камен
„Раббена атина фид-дуња хасенетен ве фил-ахирати хасенетен ве кина азабен-нари.“ (Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот). [281] [281] Ебу Давуд (2/179), бр. (1894), Ахмед (3/411), бр. (15398), Ел-Бегави во Шерхус-сунне (7/128), хасен според Ел-Албани во Сахиху Еби Давуд (1/354), сура Ел-Бекаре: 201.
Раббена атина фид-дуња хасенетен ве фил-ахирети хасенетен ве кина азабен-нари
118. Дова при стоењето на Сафа и Мерва
Кога Аллаховиот пратеник ﷺ се приближувал до ридот Сафа, го рецитирал ајетот: „(Сафа и Мерва, навистина, се Аллахови обредни места...) Почнувам со она место со кое почнал Аллах.“
Иннес-сафа вел-мервете мин ше'аириллах..., ебдеу бима бедеаллаху бих Почнал од Сафа, се искачил на него и кога ја здогледал Каба се свртил во нејзин правец изговарајќи го шехадетот и текбирот: „Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа благодарноста, и Тој е над сè Семоќен. Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот. Тој го исполни Своето ветување, му помогна на Својот роб и Сам ги порази сојузниците.“
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир. Ла илахе иллаллаху вахдех, енџезе ва'деху, ве несаре 'абдеху, ве хеземел-ахзабе вахдех Потоа упатувал дова помеѓу тоа, а ова го повторил трипати. До крајот на хадисот. Во него се вели: „Па на Мерва го правел истото што го правел и на Сафа.“ [282] [282] Муслим (2/888), бр. (1218), Ел Бекаре, 158.
119. Довата на денот на Арефат
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Најдобра дова е довата на денот на Арефат, а најдоброто што сум го кажал јас и веровесниците пред мене е: „Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа благодарноста, и Тој е над сè Семоќен.“[283] [283] Тирмизи, бр. (3585). Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи (3/184), и во Силсилетул-ехадис ес-сахиха (4/6).
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир
120. Зикрот кај Меш'арил-Харам
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, јавал на Касва сè додека не дошол до Меш‘арул-Харам, па се свртел кон киблата (Му упатувал дови, изговарал текбири, техлили и го искажувал Неговото едноштво) и останал да стои сè додека убаво не се разбелило, а потоа тргнал уште пред да изгрее сонцето.“ [284] [284] Муслим (2/891) со број (1218).
121. Изговарање текбир при секое фрлено камче на џемератите
„При секое фрлање камче кај трите џемерати изговарал текбир, потоа одел понапред и застанувал да упати дова свртен кон киблата, со подигнати раце, по првото и второто џемре. А што се однесува до Џемретул Акабе, таму фрлал камчиња и изговарал текбир при секое фрлање, а потоа си заминувал без да застанел кај него за дова.“ [285] [285] Бухари, Ел Фетх (3/583) под бр. (1751), и види ја неговата верзија таму. Бухари, Ел Фетх (3/583), и (3/584), и (3/581) под бр. (1753), а го бележи и Муслим под бр. (1218).
122. Дова при чудење и радосен настан
„Славен е Аллах!“[286] [286] Бухари, Ел Фетх (1/210), (390) и (414) под бр. (115), (3599) и (6218), и Муслим (4/1857) под бр. (1674).
Субханаллах
,,Аллах е најголем!“[287] [287] Бухари со Ел Фетх (8/441) под бр. (4741) и (3062), Тирмизи под бр. (2180), Несаи во делото Кубра под бр. (11185), види и: Сахих Тирмизи (2/103) и (2/235), и Муснед Ахмед (5/218) под бр. (21900).
Аллаху екбер
123. Што се прави кога некого нешто ќе го израдува
„Пратеникот ﷺ, кога ќе му се случеше нешто што ќе го израдуваше, паѓаше ничкум на сеџда во знак на благодарност кон Аллах, тебареке ве те‘ала.“ [288] [288] Го бележат авторите на Сунените, освен Несаи: Ебу Давуд, бр. (2774), Тирмизи, бр. (1578), и Ибн Маџе, бр. (1394). Види: Сахих Ибн Маџе (1/233) и Ирваул Галил (2/226).
124. Што прави и вели оној што ќе почувствува болка во своето тело
„Стави ја раката на местото што те боли и кажи: ,Во името на Аллах',
Бисмиллах - трипати. И изговори седумпати: „Барам заштита кај Аллах и со Неговата моќ од злото што го чувствувам и од кое стравувам.“[289] [289] Муслим (4/1728), бр. (2202).
125. Дова на оној кој се плаши дека може да урочи некого
„Ако некој од вас види кај својот брат, кај себе или кај својот имот нешто што ќе му се допадне, нека замоли Аллах да даде бериќет во тоа, бидејќи урокот е вистина.“[290] [290] Муснед Ахмед (4/447) со број (15700), Ибн Маџе со број (3508) и Малик (3/118-119); Албани го оценува како сахих во Сахих ел-Џами‘ (1/212), видија и речензијата на Зад ел-Меад од Арнаут (4/170).
126. Што се вели при голем страв
„Ла илахе иллаллах!“ [291] [291] Бухари, види Ел Фетх (6/381), бр. (3346), и Муслим (4/2208), бр. (2880).
127. Што се вели при колење на животно
„Во името на Аллах, и Аллах е Најголем. (Аллаху мој, ова е од Тебе и за Тебе.) Аллаху мој, прими го од мене.“[292] [292] Муслим (3/1557) со број (1967) и Бејхеки (9/287), при што делот во средни загради е од Бејхеки (9/287) и други, а последната реченица е пренесена по смисла од верзијата на Муслим.
Бисмиллахи валлаху екбер (Аллахумме минке ве леке) Аллахумме текаббел минни
128. Што се кажува за одбивање на сплетките на непокорните шејтани
„Барам заштита со Аллаховите потполни зборови, кои не може да ги надмине ниту праведен ниту грешник, од злото на сè што создал, оформил и распространил, од злото на она што се спушта од небото, од злото на она што се искачува кон него, од злото на она што го распространил по Земјата, од злото на она што излегува од неа, од злото на искушенијата на ноќта и денот и од злото на секој ноќен посетител, освен посетител што доаѓа со добро, о Семилосен.“[293] [293] Ахмед (3/419) бр. (15461), Ибн Ес Сунни бр. (637), Тахриџ Ет Тахавијје од Ел Арнаут (стр. 133), и Меџме'уз Зеваид (10/127).
Е'узу би келиматиллахит-тамматил-лети ла јуџавизухунне беррун ве ла фаџир, мин шерри ма халека, ве бере'е ве зере'е, ве мин шерри ма јензилу минес-сема', ве мин шерри ма је'руџу фиха, ве мин шерри ма зере'е фил-ерд, ве мин шерри ма јехруџу минха, ве мин шерри фитнетил-лејли вен-нехар, ве мин шерри кулли тарикин илла тарикан јетруку би хајрин ја Рахман
129. Барање прошка и кааење
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Се колнам во Аллах, јас барам прошка од Аллах и се каам во текот на денот повеќе од седумдесет пати.“ [294] [294] Сахих Ел Бухари, Ел Фетх (11/101), под број (6307).
Тој ﷺ, исто така, рекол: „О, луѓе, покајте се пред Аллах! Зашто јас секој ден се каам кај Аллах повеќе од сто пати.“ [295]. [295] Сахих Муслим, (4/2076) со број (2702).
Во друг хадис, е кажано: „Кој ќе изговори: ,,Барам прошка од Возвишениот Аллах, покрај Кого нема друг вистински Бог, Живиот, Одржувачот на сè, и Нему Му се каам,“
Естагфируллахел-'Азим ел-лези ла илахе илла хувел-Хајјул-Кајјум, ве етубу илејх Аллах ќе му прости, дури и ако побегнал од бојното поле.“[296] [296] Ебу Давуд (2/85) бр. (1517), и Тирмизи (5/569) бр. (3577), и Хаким, кој го оценил за сахих, со потврда од Ез-Зехеби (1/511), а за сахих го оценил и Албани, види: Сахих Тирмизи (3/182) и Џамиул-Усул ли ехадисир-Ресул (4/389-390) во рецензија на Ел-Арнаут.
Тој ﷺ, на друго место, рекол: „Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта. Ако можеш да бидеш од оние што Го спомнуваат Аллах во тој час, тогаш биди.“ [297] [297] Тирмизи, бр. (3579); Несаи (1/279), бр. (572); Хаким (1/309). Види: Сахих Тирмизи (3/183), и Џамиул Усул, рецензија на Ел-Арнаут (4/144).
Веровесникот ﷺ исто така, рекол: „Аллаховиот роб е најблизок до својот Господар кога е на сеџда, тогаш молете се најмногу.“ [298] [298] Муслим, (1/350) со број (482).
Хадис: „Навистина, моето срце понекогаш се прекрива со темен превез и јас барам простување од Аллах секој ден сто пати.“ [299] [299] Хадисот го бележи Муслим (4/2075), бр. 2702. Ибн ел-Есир рекол: „Зборовите: ,срцето ми го обзема еден вид прекривка‘, т.е. се покрива и обвива. Со тоа се мисли на невниманието, бидејќи тој ﷺ постојано бил во состојба на зголемено спомнување на Аллах, близина до Него и постојана свесност за Него. Па, ако понекогаш пропуштел нешто од тоа или заборавел, тоа го сметал за грев за себеси и веднаш прибегнувал кон барање прошка.“ Види: Џамиул-усул (4/386).
130. Вредноста на изговарањето на „Субханаллах“, „Елхамдулиллах“, „Ла илахе иллаллах“ и „Аллаху екбер“
Аллаховиот пратеник ﷺ рекол: „Кој ќе изговори: ,Славен е Аллах и Нему Му припаѓа благодарноста'
Субханаллахи ве би хамдих сто пати во текот на еден ден, ќе му бидат избришани гревовите, дури и ако се колку морската пена.“[300] [300] Бухари (7/168), бр. (6405), и Муслим (4/2071), бр. (2691), види и: „Вредноста на тој што ќе го каже сто пати наутро и навечер“ (стр. 65) од оваа книга.
Тој ﷺ, исто така, рекол: „Кој ќе изговори: ,Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Нему Му припаѓа власта и Нему Му припаѓа благодарноста, и Тој е над сè Семоќен'
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир десетпати, ќе има награда како да ослободил четири робови од потомството на Исмаил.“[301] [301] Го бележат Бухари (7/67), бр. (6404), и Муслим (4/2071), бр. (2693), а дадената верзија е на Муслим. Види: Вредноста на оној кој ќе го изговори сто пати во денот, дова бр. 93 (стр. 66) од оваа книга.
Во хадис е речено: „Два збора се лесни на јазикот, тешки на вагата и сакани кај Милостивиот: „Славен нека е Аллах и Нему Му припаѓа благодарноста. Славен нека е Аллах, Возвишениот.“[302] [302] Бухари (7/168), бр. (6404), и Муслим (4/2072), бр. (2694).
Субханаллахи ве би хамдихи, Субханаллахил-'Азим
Тој ﷺ во друг хадис, рекол: ,,Да изговорам: ,Славен е Аллах, благодарноста Му припаѓа на Аллах, нема друг вистински Бог освен Аллах и Аллах е Најголем'
Субханаллах, вел-хамду лиллах, ве ла илахе иллаллах, валлаху екбер ми е помило отколку сè врз што изгрева Сонцето.“[303] [303] Муслим (4/2072) со број (2695).
Хадис: „Зарем не може некој од вас секој ден да стекне илјада награди?“ Еден од присутните го праша: „Како може некој од нас да стекне илјада добри дела?“ Тој рече: „Кој ќе изговори субханаллах стопати, ќе му бидат запишани илјада добри дела или ќе му се избришат илјада лоши дела.“ [304] [304] Го бележи Муслим (4/2073) со број (2698).
Субханаллах
„Кој ќе изговори: ,Славен нека е Аллах, Возвишениот, и Нему Му припаѓа благодарноста'
Субханаллахил-'Азими ве би хамдих ќе му биде засадена палма во Џенетот.“[305] [305] Го бележат Тирмизи (5/511) со број (3464) и Хаким (1/501), го оценува како сахих, а со него се согласува и Зехеби. Види: Сахих Ел Џами‘ (5/531) и Сахих Тирмизи (3/160).
Божјиот пратеник на друго место рекол: „О Абдулах бин Кајс, сакаш ли да ти укажам на една од ризниците на Џенетот?“ Одговорив: „Да, о, Божји пратенику“, а тој, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Кажи: ,Нема моќ ниту сила освен со Аллах.'“[306] [306] Бухари со Фетх (11/213), бр. (4206), и Муслим (4/2076), бр. (2704).
Следен хадис: „Најмилите зборови на Аллах се четири: ,Славен е Аллах, благодарноста Му припаѓа на Аллах, нема друг вистински Бог освен Аллах и Аллах е Најголем'
Субханаллах, вел-хамду лиллах, ве ла илахе иллаллах, валлаху екбер без оглед со која од нив ќе започнеш.“[307] [307] Муслим (3/1685) со број (2137).
Еден бедуин дошол кај Аллаховиот пратеник ﷺ и му рекол: „Поучи ме на нешто што ќе го кажам.“ Пратеникот му рекол: „Кажи: ,Нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Аллах е Најголем, навистина Голем. Голема благодарност Му припаѓа на Аллах. Славен е Аллах, Господарот на световите. Нема моќ ниту сила освен со Аллах, Силниот, Мудриот'
Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, Аллаху екбер кебира, вел-хамду лиллахи кесира, Субханаллахи раббил-'алемин, ла хавле ве ла куввете илла биллахил-'Азизил-Хаким Рече: „Овие се за мојот Господар, а што е за мене?“ Рече: „Кажи: ,Аллаху мој, прости ми, смилувај ми се, упати ме и снабди ме.‘“[308] [308] Муслим (4/2072), бр. (2696), а Ебу Давуд додава (1/220), бр. (832): И кога бедуинот си замина, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рече: „Навистина ја наполни својата рака со аир.“
Аллахумме-гфир ли, ве-рхамни, вехдини, верзукни
Кога некој човек ќе го примеше исламот, Божјиот пратеник ﷺ го подучуваше на намаз, а потоа му наредуваше да се моли со следниве зборови: „Аллаху мој, прости ми, смилувај ми се, упати ме, подари ми здравје и снабди ме.“[309] [309] Муслим (4/2073), бр. (3697). Во негова друга верзија, исто така, стои: „Навистина, овие ти го обединуваат твојот дуњалук и твојот ахирет.“
Аллахумме-гфир ли, ве-рхамни, вехдини, ве 'афини, верзукни
„Најдобрата дова е: ,Благодарноста Му припаѓа на Аллах',
Елхамдулиллах а најдобриот зикр е: ,Нема друг вистински Бог освен Аллах.“[310] [310] Тирмизи (5/462) бр. (3383), Ибн Маџе (2/1249) бр. (3800), и Хаким (1/503), кој го оценува како сахих, а со него се согласува и Зехеби, и види: Сахихул Џами' (1/362).
„Трајните добри дела се: „Славен е Аллах, благодарноста Му припаѓа на Аллах, нема друг вистински Бог освен Аллах, Аллах е Најголем и нема моќ ниту сила освен со Аллах.“[311] [311] Ахмед, бр. (513), според редоследот на Ахмед Шакир; види: Меџме‘уз Зеваид (1/297). Ибн Хаџер во Булугул Мерам го препишува на Несаи од преданието на Ебу Сеид -во Ел Кубра- под бр. (10617), и вели дека го оценил како сахих Ибн Хиббан, бр. (840), и Хаким (1/541).
Субханаллах, вел-хамду лиллах, ве ла илахе иллаллах, валлаху екбер, ве ла хавле ве ла куввете илла биллах
131: Како Божјиот Пратеник ﷺ правел тесбих?
Од Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува: „Го видов Пратеникот ﷺ како го брои тесбихот“, а во еден додаток стои: „со својата десна рака“. [312] [312] Го бележат Ебу Давуд со неговат верзија (2/81) со број (1502), и Тирмизи (5/521) со број (3486), и види: Сахих ел-Џами‘ (4/271) со број (4865), и Албани го оценува како сахих во Сахих Сунен Ебу Давуд (1/411).
132. Видови на добро и сеопфатни манири
Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Кога ќе падне мрак – или кога ќе се стемни – задржете ги вашите деца да не излегуваат, затоа што шејтаните тогаш се распростануваат. А кога ќе помине еден дел од ноќта, пуштете ги. Затворете ги вратите и спомнете го името на Аллах, затоа што шејтанот не отвора затворена врата. Заврзете ги вашите мешини и спомнете го името на Аллах, и покријте ги вашите садови и спомнете го името на Аллах, макар и да ставите нешто преку нив, и изгаснете ги вашите светилки.“ [313] [313] Бухари со Ел Фетх (10/ 88) бр. (5623), и Муслим (3/ 1595) бр. (2012).
Аллаховите благослови, мир и благодат нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и асхаби.
Related books
All books
Зикрови кои се изговараат наутро и навечер57 јазициЗикрови кои се изговараат наутро и навечер
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ајетул-Курси, Ел-Бекаре, 255) „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците,…
أذكار الحاج والمعتمر12 јазициأذكار الحاج والمعتمر
Јазик: Зикрови за аџијата и умреџијата Микат: Искажува намера за влегување во обредот, па вели: Оној што извршува умра и аџијата што извршува аџилак теметту изговара:„Ти се одзивам за умра, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке умретен, леббејке Аллахумме леббејк). Аџијата што извршува аџилак киран изговара: „Ти се одзивам за умра и аџилак, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке умретен ве хаџџен, леббејке Аллахумме леббејк).
Корисен и концизен водич за новиот муслиман32 јазициКорисен и концизен водич за новиот муслиман
Подготвил: Мухамед ел Шихри 1441-2020 Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед
Корисен и концизен прирачник за еден муслиман54 јазициКорисен и концизен прирачник за еден муслиман
Книгата ги обработува темите поврзани со основите на исламската вера со концизен, но сеопфатен стил. На читателите им дава објаснување за темелите на исправниот ибадет, за значењето на верувањето во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите Пратеници, во Судниот ден и во Неговата предодредба (кадерот). На почетокот книгата ја објаснува благодатта на исламот како и важноста на спознавањето на Аллах, на Неговите атрибути и убави имиња, потоа продолжува со елаборирање на темата на петте столбови на исламот и столбовите на иманот. Се објаснува и концептот на ихсанот…