المختصر في آداب زيارة المسجد النبوي وأحكامها
Краток прирачник за етиката и прописите при посетата на џамијата на Божјиот пратеник
Краток прирачник за етиката и прописите при посетата на џамијата на Божјиот пратеник
Научниот комитет при Здружението за опслужување на исламската медиумска содржина на различни јазици
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаховиот мир и благослов се за нашиот Пратеник Мухамед, за неговото семејство и сите асхаби.
Во продолжение велам:
Ова е кратка студија за етиката и прописите поврзани со посетата на џамијата на Божјиот пратеник, во која се потрудивме да ги објасниме најважните работи што треба да ги знае секој посетител на џамијата на Божјиот пратеник во Медина.
Го молиме Возвишениот Аллах да овозможи оваа студија да биде искрена барајќи Го Неговото благородно Лице и да биде од корист за сите муслимани.
Научниот комитет при Здружението за опслужување на исламската медиумска содржина на различни јазици
Краток прирачник за етиката и прописите при посетата на џамијата на Божјиот пратеник
Се препорачува посетата на џамијата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и за истата не е пропишано одредено време. Таа не претставува дел од обредите на аџилакот, ниту е обврска за аџиите – било мажи или жени – да го посетат гробот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ниту гробиштата Ел-Бекиа.
Не е дозволено намерно да се поаѓа на патување со цел посета на гробот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи патувањето со намера за извршување ибадет не се прави за посета на гробишта, туку исклучиво за трите џамии. Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Немојте, со намера за ибадет, да тргнувате на патување освен кон трите џамии: мојата џамија, Месџидул Харам и Месџидул Акса.“ [1] [1] Хадисот го бележат Бухари, бр. (1189) и Муслим, бр. (827), а текстот е според Муслим.
Оној што не живее во Медина, не треба да патува со намера да го посети гробот, туку пропишано му е да патува со намера да ја посети џамијата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Кога ќе пристигне таму, ќе го посети и неговиот гроб, како и гробовите на неговите асхаби. Со тоа, посетата на гробот се вбројува како дел од посетата на џамијата.
Не е пропишано жената да го посетува гробот на Веровесникот ﷺ ниту гробот на кој било друг, бидејќи тој ﷺ ги проколнал жените што често ги посетуваат гробиштата, поради тоа што од нив може да произлезе претерано оплакување, непристојно облекување и други шеријатски прекршоци. Наместо тоа, им се препорачува што повеќе да испраќаат салавати и селами на Божјиот пратеник ﷺ било во џамијата или на друго место – и тие ќе му бидат пренесени нему ﷺ каде и да се наоѓа жената, како што е потврдено со неговите зборови ﷺ во кои рекол: „Не правете од вашите домови гробници, ниту од мојот гроб светилиште. Испраќајте салавати до мене, бидејќи вашите салавати ќе ми се достават каде и да сте.“ [2] Тој ﷺ исто така рекол: „Навистина, Аллах има мелеци кои патуваат по земјата и ми го пренесуваат селамот од мојот умет.“ [3] [2] Го Ебу Давуд, бр. (2042). [3] Го бележи Ахмед во неговиот Муснед, бр. (4320).
При влегувањето во благородната џамија на Божјиот пратеник ﷺ препорачливо е да се влезе со десната нога и да се изговори: „Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост“, исто како што се изговара при влегување во останатите џамии.
Нема пропишан посебен зикр за влегување во неговата џамија ﷺ.
Потоа се клањаат два реката техијетул месџид.
Ако не е време на забрана, може да клања доброволно и повеќе колку сака, по два реката, бидејќи Аллаховиот пратеник ﷺ рекол: „Еден намаз извршен во оваа моја џамија е подобар од илјада намази во која било друга џамија, освен во Месџид ел-Харам (Ќаба).“ [4] [4] Го бележат Бухари, бр. (1190), и Муслим, бр. (1394).
Исто така, треба да се стреми да клања во Ревда - просторот помеѓу минберот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговата соба - доколку му се укаже можност; поради неговите зборови ﷺ: „Просторот помеѓу мојата куќа и мојот минбер е градина од џенетските градини.“ [5]. [5] Го бележат Бухари, бр. (1195), и Муслим, бр. (1390).
Доколку пак не му се укаже прилика, нека клања во кој било дел од џамијата – и ова се однесува на индивидуалниот намаз. А кога станува збор за заедничкиот намаз во џемат, нека се потруди да биде во првиот саф веднаш зад имамот, заради општите докази што укажуваат на вредноста на тоа.
Кога сака да го посети гробот на Божјиот пратеник ﷺ како и гробовите на неговите двајца асхаби,
треба да застане пред неговиот гроб ﷺ со почит, достоинство и тивок глас, потоа да го поздрави со селам ﷺ изговарајќи: (Ес-селаму алејке, ја Ресулуллах, ве рахметуллахи ве берекатуху); а ако додаде: (Ешхеду еннеке Ресулуллах хаккан, ве еннеке кад бел-легте ер-рисалете, ве еддејте ел-еманете, ве џахедте филлахи хакка џихадихи, ве насахте ел-уммете, фе џезаке Аллаху ан умметике афдале ма џеза Небијјен ан умметихи-Сведочам дека ти навистина си Божји пратеник, ја достави пораката, и го исполни аманетот, и на Аллаховиот пат се стремеше со вистински џихад, го посоветува твојот умет и за тоа Аллах нека те награди со најдобра награда со која Тој наградил некој Пратеник заради ангажирањето и работата со нивните народи) нема да згреши.
Потоа се придвижува малку кон десната страна и го поздравува со селам Ебу Бекр Ес-Сидик, Аллах нека е задоволен со него.
Потоа продолжува уште малку надесно и му предава селам на Омер бин ел-Хатаб. Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со двајцата, кога го предаваше селамот на Пратеникот ﷺ и двајцата асхаби, обично не додаваше ништо повеќе од: (Есселаму алејке, ја Ресулуллах, есселаму алејке, ја Ебу Бекр, есселаму алејке, ја ебета-татко мој) и потоа си заминуваше.
Не треба да се задржува долго ниту да се прави дова покрај гробот на Божјиот пратеник ﷺ и гробовите на неговите двајца асхаби. Имамот Малик го сметал тоа за забрането и рекол: „Тоа е новотарија која не ја практикувале претходниците, и нема да се поправи состојбата на последниот дел од овој умет освен она што ја поправило состојбата на првите муслимани.“
А она што некои посетители го прават, како гласно говорење покрај Неговиот ﷺ гроб и долго задржување на тоа место, е спротивно на она што е пропишано. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, не кревајте го гласот свој над гласот на Веровесникот и не разговарајте гласно со него, како што разговарате гласно едни со други, да не бидат поништени делата ваши, а вие и да не забележите. Навистина, на тие што ќе ги стишат гласовите свои пред Аллаховиот Пратеник – а тоа се тие чии срца Аллах ги искушал во богобојазливоста – им припаѓа прошка и голема награда.“ (Ел Хуџурат, 2-3) Исто така, долгото задржување покрај неговиот ﷺ гроб и честото повторување на посетите и селамите водат до метеж, бучава и подигање на гласовите покрај неговиот ﷺ гроб - што е спротивно на она што Аллах го пропишал на муслиманите во овие јасни ајети - а Тој ﷺ е достоен за почит и во текот на животот и по смртта. Затоа, не му прилега на верникот да прави покрај неговиот гроб нешто што е спротивно на шеријатската етика.
Во неприкладно однесување влегува и она што го прават некои посетители и други - од правење дова покрај неговиот гроб, свртени кон гробот со подигнати раце - ваквата пракса е спротивна на она што го практикувале праведните претходници од асхабите на Божјиот пратеник и нивните следбеници. Напротив, тоа спаѓа меѓу новововедените бидати.
Некои посетители, при поздравување на Пратеникот ﷺ со селам ја ставаат десната рака врз левата - на градите или под нив - слично на положбата во намазот. Но оваа положба не е дозволена при изразување селам нему ﷺ бидејќи претставува став на понизност и ибадет кој е дозволен само за Аллах, како што го пренесува тоа хафизот Ибн Хаџер, еден од исламските алими, рахимехуллах, во неговиот „Фетх“.
Никому не му е дозволено да смета дека дело со кое се приближува до Аллах е допирањето на ѕидот, или кружењето околу просторијата во која е закопан Божјиот пратеник, ниту да бара од Пратеникот ﷺ исполнување на неговата потреба, како излекување на болен, и слично, бидејќи сето тоа се бара единствено од Аллах.
Препорачливо е посетителот на Медина, за време на неговиот престој, да ја посети џамијата Куба и да клања во неа, бидејќи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дотаму одел пешачејќи или јавајќи и клањал два реката. Сехл бин Ханиф пренесува дека Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Кој ќе се исчисти во својот дом, па потоа ќе дојде во џамијата Куба и ќе клања во неа, ќе има награда како за умра.“ [6] [6] Го бележи Ибн Маџе, бр. (1412).
На мажите им е Сунет да ги посетат гробиштата Ел-Бекија - гробиштата на Медина - како и гробовите на шехидите и гробот на Хамза, Аллах нека е задоволен со него, бидејќи Веровесникот ﷺ ги посетувал и правел дова за нив, како и поради неговите ﷺ зборови: „Ви забранував да ги посетувате гробиштата, но сега посетувајте ги, бидејќи тие ве потсетуваат на ахиретот.“ [7]. [7] Ахмед бр. (1236).
А кога ќе ги посети, изговара исто што се изговара при посетата на другите гробишта: „Селам вам, о жители на овие живеалишта – од верниците и муслиманите. И ние, кога Аллах ќе посака и одреди, ќе ви се придружиме. Аллах нека им се смилува на оние од нас што веќе заминаа и на оние што ќе дојдат подоцна. Го молиме Аллах за благосостојба и за нас и за вас.“
Нема сомнеж дека целта од посетата на гробиштата е потсетување на ахиретот и добродетелството кон починатите преку правење дова за нив, како и следење на Сунетот на Веровесникот ﷺ. Тоа се смета за шеријатски дозволената посета.
А што се однесува до посетата со намера да се прави дова покрај нивните гробови, или да се бара од Аллах преку нив, или преку нивниот статус, и слично - тоа е забранета посета што претставува новотарија, која ниту Аллах ниту Неговиот пратеник ﷺ не ја пропишале, ниту пак ја практикувале праведните претходници. А што се однесува до барањето од нив да ги исполнат потребите, или да ги излечат болните, и слично, тоа спаѓа во голем ширк.
Поочитуван читателу, следуваат неколку измислени хадиси поврзани со оваа тема – за да ги препознаеш и да бидеш заштитен и да не бидеш заведен од нив:
1. „Кој ќе изврши аџилак, а не ме посетил – ме запоставил.“
2. „Кој ќе ме посети по мојата смрт, како да ме посетил за време на мојот живот.“
3. „Кој ќе ме посети, и ќе го посети мојот татко Ибрахим истата година – му гарантирам Џенет кај Аллах.“
4. „Кој ќе го посети мојот гроб, ќе му биде загарантирано моето застапништво.“
Овие хадиси, како и сличните на нив, не се потврдени од Веровесникот ﷺ. Хафизот Акили рекол: „Нема ништо автентично во оваа област.“ Хафизот ибн Хаџер, во делото „Телхис“ откако ги спомена повеќето од овие преданија, рече дека сите синџири на пренесувачи на овие хадиси се слаби. Посетата на џамијата на Божјиот пратеник пред аџилакот или умрата, или по нив, не е дел од сунетите на аџилакот или умрата, ниту пак од препорачаните дела, бидејќи посетата на џамијата на Божјиот пратеник е препорачана во секое време. Па, доколку аџијата или оној што извршува умра не ја посети, нема грев за тоа. Не постои поврзаност помеѓу аџилакот или умрата и посетата на џамијата на Божјиот пратеник, бидејќи тие се одвоени ибадети. Оној што ќе изврши аџилак или умра не е обврзан да ја посети џамијата на Божјиот пратеник. Исто така, оној што ќе ја посети џамијата на Божјиот пратеник не е обврзан да изврши аџилак ниту умра. А доколку ги спои аџилакот, умрата и посетата на џамијата на Божјиот пратеник во едно патување, тогаш нема пречка за тоа.
Прекршоци и грешки при посетата на џамијата на Божјиот пратеник
Триењето од ѕидовите и железните решетки при посетата на гробот на Божјиот пратеник ﷺ како и врзувањето на конци и слични работи на прозорците - со намера да се добие бериќет.
Но, бериќетот е во она што го пропишал Аллах и неговиот пратеник ﷺ а не во новотариите.
Одењето до пештерите на планината Ухуд, како и до пештерата Хира и пештерата Севр во Мека, врзувањето на крпи на тие места, упатувањето дови што Аллах не ги дозволил, како и поднесувањето тешкотии заради тоа.
Сето ова се новотарии што немаат основа во чистиот исламски верозакон.
Посетување на некои места за кои се тврди дека се поврзани со трагите на Божјиот пратеник ﷺ - како што се местото каде што клекнала камилата, бунарот на прстенот или бунарот на Осман - и земање земја од тие места заради бериќет.
Упатување дова на мртвите при посета на гробиштата Ел-Бекија и гробиштата на шехидите од Ухуд, како и фрлање пари на тие места како облик на приближување и барање бериќет од тие што се закопани на тоа место.
Ова се смета за голема грешка, дури и за голем ширк- како што спомнуваат учените, и како што е наведено во Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот Пратеник ﷺ бидејќи ибадетот му припаѓа исклучиво на Аллах и не е дозволено ништо од него да се насочува кон некој друг освен Нему, како што се довата, колењето курбан, заветувањето и слично, поради Неговите зборови: „А наредено им е само Аллах да Го обожуваат, искрено, како правоверни, верата да Му ја исповедаат.“ (Ел Бејине, 5)
Го кажавме ова а Аллах најдобро знае. Аллаховиот благослов и мир нека се врз нашиот Пратеник Мухамед, врз неговото семејство и сите асхаби.