Прописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)
Прописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)
Книгата ги објаснува практиката и целите на постапувањето со починатите според исламскиот шеријат, разгледувајќи ја вредноста на следењето на џеназите, начинот на извршување на намазот за нив и различните состојби поврзани со тоа. Книгата исто така, укажува на важните упатства како што се брзото подготвување на џеназата, избегнувањето на гласното оплакување, значењето на трпението и задоволството со Божјата одлука. Книгата потсетува дека смртта е неизбежна за секој човек и поттикнува на добро мислење за Аллах и истрајност, со дова за починатите за прошка и милост.
Јазик: lang_mk
Подготвил: Научната комисија при управата за верски прашања во Месџидул Харам и џамијата на Божјиот пратеник.
Научна комисија при управата за верски прашања во Месџидул Харам и џамијата на Божјиот пратеник.
Вовед
Благодарноста му припаѓа на Аллах, кој е единствено е Вечнен и кој ја одредил смртта за сите живи суштества. Салаватот и селамот се за оној кој беше испратен како милост за световите, нашиот миленик и избраник Мухамед, врз неговото семејство, неговите асхаби и сите негови следбеници. А потоа:
Ова е кратка студија наменета за тебе – кој си доживеал загуба на близок, драг или сакан. Го молиме Возвишениот Аллах да ни донесе корист и нам и тебе преку неа. Насловот на оваа книга гласи: „Прописи за џеназето“.
Го молиме Аллах да ти даде голема награда и утеха.А за тој што починал прошката и Неговото задоволството.
Радосна вест од Господарот:
Брате мој, ти кој си ставен на искушение со несреќата на смртта - сети се на зборовите на Возвишениот Аллах:„...израдувај ги трпеливите.“(Ел Бекаре, 155)
Навистина, во смртта на Божјиот пратеник ﷺ имаш најголема утеха и сочуство. Тој ﷺ рекол:„Кога некој од вас ќе се соочи со некаква загуба, нека се сети на својата загуба со мојата смрт, бидејќи таа е најголемата загуба за него.“(Го бележи имамот Таберани)
* Тебе ти е ветен убав спомен преку зборовите на Божјиот пратеник, ﷺ. Од Уму Селеме, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека рекла: „Го слушнав Божјиот пратеник ﷺ како вели:,Нема роб кој ќе се соочи со некаква загуба па ќе каже: ,Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме, Аллаху мој дај ми награда во ова моја загуба и надомести ми ја со подобра,' а Аллах да не му даде награда за загубеното и да не му го надомести со подобро.'"(Го бележи имамот Муслим)
*Аллах те ставил на искушение за да ти ги избриши гревовите. Ебу Сеид ел Худри и Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со нив, пренесуваат дека Пратеникот ﷺ рекол:„Верникот кој ќе биде погоден од болест, неволја, грижа, тага, слабост или болка, дури и трнот со кој ќе се боцне, Аллах, Возвишениот, поради тоа ќе му ги прости гревовите.“(Го бележи имамот Бухари)
* Аллах исто така ти вети куќа во Џенетот! Ебу Муса ел-Ешари, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:„Кога ќе умре детето на некој роб, Аллах им вели на Своите мелеци: „Го зедовте ли детето на Мојот роб?“ Тие велат: „Да.“ Потоа вели: „Го зедовте ли плодот на неговото срце?“ Тие велат: „Да.“ Потоа вели: „Што рече Мојот роб?“ Тие велат: „Ти се заблагодари и рече: 'Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме.'“ Аллах вели: „Изградете за Мојот роб куќа во Џенетот и наречете ја: Куќа на благодарноста.“(Го пренесува Тирмизи а Албани го оценил како добар/хасен)
* И не само тоа, туку Возвишениот Аллах ти го вети Џенетот. Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол:Возвишениот Аллах вели: „За Мојот верен роб, кому ќе му го земам најдрагиот од овој свет, а тој тоа го прифати со трпение, нема друга награда, освен Џенетот.“(Го бележи Бухари)
* Не плаши се, не тагувај за твојата загуба, и имај убаво мислење за твојот Господар, бидејќи Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со двајцата, пренесува дека Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:
Прво: Следење на џеназето од неговиот дом до местото каде што ќе се клања џеназе намазот.
Второ: Следење на џеназето од домот на неговото семејство па сè до завршувањето на погребот, што е подобро и носи поголема награда.
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:„Кој ќе присуствува на џеназето сè до клањањето, ќе добие еден кират; а кој ќе присуствува сè до погребот, ќе добие два кирата.“Кога го прашаа: „А што значат тие два кирата?“ Тој одговори: „Како две огромни планини.“(Бухари и Муслим)
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:„Кој од вас денес пости?“ Ебу Бекр рече: „Јас.“Потоа праша: „Кој од вас денес следеше џеназе?“ Ебу Бекр рече: „Јас.“Потоа праша: „Кој од вас денес нахрани сиромав?“ Ебу Бекр рече: „Јас.“Потоа праша: „Кој од вас денес посети болен?“ Ебу Бекр рече: „Јас.“Тогаш Божјиот пратеник ﷺ рече: „Нема да се соберат овие дела во еден човек, а тој да не влезе во Џенетот.“(Го бележи Муслим)
Опис на џеназе намазот:
Првиот текбир: Се бара заштита кај Аллах од проклетиот шејтан, се изговара ,,Бисмиллахир Рахманир Рахим "и се рецитира сурата Ел-Фатиха и кратка сура или неколку ајета.
Вториот текбир: Се испраќа салават на Пратеникот ﷺ (Ибрахимовиот салават).
Третиот текбир: Се изговара дова за починатиот, а најдобро е да се каже:„Аллаху мој, прости им на живите и на мртвите наши, на присутните и на отсутните, на малите и на големите, на мажите и на жените. Кому што ќе му дозволиш да живее — дај му долг и благ живот во исламот; а кому што ќе одредиш да умре — земи му ја душата во состојба на иман.“„Аллаху мој, прости му, смилувај му се, нека му е простено и нека е без гревови. Нека е чесно местото каде ќе биде спуштен, нека му е доволно широк гробот, исчисти го со вода, мраз и снег, и измиј ги гревовите негови како што белата облека се мие од нечистотии. Куќата замени му ја со подобра, и семејството со подобро, и сопругата со подобра. Внеси го во Џенетот и заштити го од казната во гробот."Сето ова е пренесено од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Доколку се упати дова за него со други зборови, нема проблем, како на пример да се каже:„Аллаху мој, доколку бил доброчинител, зголеми му го доброто, а ако бил грешен, прости му ги гревовите. Аллаху мој, прости му и овозможи му да ги изговори постојаните зборови.“
Четвртиот текбир: После него се стои кратко, и се предава селам, еднаш на десната страна, изговарајќи: „Ес селаму алејкум ве рахметуллахи“.
Ситуации поврзани со џеназе намазот:
1. Џеназе намазот да се клања на местото одредено за џенази.
2. Џеназе намазот да се клања во џамија.
3. Да се клања за починатиот на гробиштата пред закопувањето.
4. Да се клања за починатиот откако ќе се закопа на гробиштата , но само доколку не поминало долго време по закопот.
5. Џеназе намазот да се клања на гробиштата после долго време од закопувањето.Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека еден црн човек или жена ја чистел/а џамијата, па починал/а, а Божјиот пратеник ﷺ не знаел за неговата/нејзината смрт. Еден ден го спомна и рече:„Што се случи со тој човек?“ Му одговорија: „Почина, о Аллахов пратенику.“ Тој рече: „Зарем не можевте да ме известите?“ Тие рекоа: „Се случи така и така“ (му ја раскажаа случката). Тогаш Божјиот пратеник ﷺ – бидејќи тие го потцениле неговото значење – рече: „Покажете ми го неговиот гроб.“ Потоа дојде до неговиот гроб и клањаше џеназе намаз за него.(Го бележи Бухари)
Второ: Поттик за клањање на џеназе намазот и предупредување од мрзеливост во неговото следење.
Трето: Да не се одолговлекува враќањето на долгот на починатиот. Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник ﷺ рекол„Душата на верникот е врзана за неговиот долг сè додека не биде отплатен.“(Го бележат Ахмед и Тирмизи)
Четврто: Забрана за гласно оплакување. Тоа подразбира подигање на гласот со набројување на доблестите на починатиот и неговите убави дела. Таквата практика потекнува од обичаите на џахилијетот. Ебу Малик ел-Ешари – Аллах нека е задоволен со него – пренесува дека Божјиот пратеник ﷺ рекол:„Четири работи од времето на џахилијетот остануваат во мојот умет и нема целосно да ги напуштат: гордеењето со потеклото, клеветењето околу родословот, барањето дожд од ѕвездите и гласното оплакување.“(Го бележи Муслим)
Петто: Внимавање да не се оди врз гроб или да се седи врз него. Укбе бин Амир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник ﷺ рекол:„Повеќе би сакал да одам врз жар или врз меч, или да зашијам налани со моите нозе, отколку да згазам врз гроб на муслиман.“(Го бележи Ибн Маџе)
Шесто: Да не се брза со довата за починатиот и да не се заминува веднаш по неговото закопување. Од Ебу Амр – а се вели и Ебу Абдулах, или Ебу Лејла – Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува:Кога Божјиот пратеник ﷺ ќе завршеше со закопот на починатиот, застануваше покрај неговиот гроб и велеше:„Барајте прошка за вашиот брат и молете го Аллах да го зацврсти, затоа што тој сега се испрашува.“(Го бележи Ебу Давуд)
Седмо: Поздравување со селам на жителите на гробиштата при поминување покрај нив или при нивна посета. Од Бурејде, нека е Аллах задоволен од него, се пренесува дека Пратеникот ﷺ ги поучувал кога ќе излезат на гробишта да речат:„Есселаму алејкум ехле дијари минел му'минине вел муслимине ве инна инша Аллаху бикум лахикун, ес'елуллахе лена ве лекум ел'афије." (Мирот нека е со вас жители на ова место, верници и муслимани, вие заминавте пред нас а и ние ќе дојдеме после вас, Аллах го молиме за прошка и спасение за нас и за вас.)(Го бележи Муслим)
Осмо: Да не се преокупира човек со разговори за овосветски работи за време на џеназата, без внимание кон местото и ситуацијата.
Заклучок
Смртта е врата низ која сите луѓе ќе поминат. Знај дека нема поучител и советник како смртта. Аллах нека му се смилува на вашиот починат и нека му прости – и на сите муслимани кои го напуштиле овој свет.
Аллаховите благослови и мир се врз нашиот пратеник Мухамед, врз неговото семејство и сите негови асхаби.
Сè укажува на постоење на Создателот Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме да ги наброиме? Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата? Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да присвојува знаења и да осознава вистини? Како го објаснуваш ова прецизно создавање на органите во твоето и во телата на живите организми? Кој така креативно ги создал? Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сито минато време?
Исламот претставува преданост кон Аллах, Создателот и Управителот со универзумот, и покорност Нему со љубов и величење. Основата на исламот е верувањето во Аллах, дека Тој е Создателот, а сè освен Него е создадено. Тој е Единствениот кој заслужува да биде обожуван, без здруженик/истоветен. Нема вистински бог освен Него. Тој ги има најубавите имиња и највозвишените особини, и Тој е апсолутно совршен, без недостаток. Тој не родил и не е роден, никој не Му е рамен и никој не Му е сличен. Тој не се инкарнира во ништо, ниту се соединува со било што. Исламот е верата на Возвишениот Аллах, Кој не…
Во името на Аллах Семилосниот Милостивиот Кој е твојот Господар? Ова е најважното и најзначајното прашање во животот на кое човекот мора да го знае вистинскиот одговор. Нашиот Господар е Тој што ги создаде небесата и Земјата и спушта вода од небото, преку која никнуваат растенија кои даваат плодови за нас и за животните со кои се храниме. Тој нè создаде нас, нашите предци, и сè што постои. Ноќта ја направи за одмор и починка, а денот за работа и обезбедување на животните потреби. Тој ни ги подреди Сонцето, Месечината, ѕвездите и морињата, и ни ги даде животните од кои се храниме и од кои ги…