Опис на аџилакот
Автор почитуваниот шејх Аллах нека му ги прости гревовите, на неговите родители и на сите муслимани. Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, Аллаховиот благослов и мир се за нашиот пратеник Мухамед, за неговото семејство и сите негови другари асхаби, а потоа велам: Им се обраќам на моите браќа со неколку зборови за аџилакот за кој настапи времето, надевајќи се дека Возвишениот Аллах ќе ги направи делата на сите да бидат искрени барајќи го Неговото лице, корисни и приближувачки кон Него; а Тој навистина е Дарежлив и Благороден.
These files are generated automatically from the book's text; their layout may differ from the printed edition.
Опис на аџилакот
Автор почитуваниот шејх
Мухамед бин Салих ел Усејмин
Аллах нека му ги прости гревовите, на неговите родители и на сите муслимани.
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, Аллаховиот благослов и мир се за нашиот пратеник Мухамед, за неговото семејство и сите негови другари асхаби, а потоа велам:
Им се обраќам на моите браќа со неколку зборови за аџилакот за кој настапи времето, надевајќи се дека Возвишениот Аллах ќе ги направи делата на сите да бидат искрени барајќи го Неговото лице, корисни и приближувачки кон Него; а Тој навистина е Дарежлив и Благороден.
Говорот за аџилакот се сумира во следново:
1. Прописи поврзани со патувањето.
2. Кога е пропишан аџилакот и за кого е обврска?
3. Од каде започнува ихрамот за оној кој сака да изврши аџилак или умра?
4. Видови на обреди на аџилакот и најдобриот од нив.
5. Описот на обредот „теметту“ од почетокот на ихрамот за умра до завршувањето со аџилакот, во кратки црти.
6. Прошталниот таваф.
7. Забранетите работи за време на ихрамот.
8. Прописот за оној што ги прави овие забранети работи.
9. Посетата на џамијата на Божјиот пратеник.
Прописи поврзани со патувањето
Бидејќи аџилакот неизбежно вклучува патување, а всушност самиот по себе е патување, важно е овде да се зборува за некои од прописите поврзани со патувањето, бидејќи патувањето има посебни прописи што се однесуваат на него, а најважните се оние што се поврзани со намазот, кои се резимираат во следново:
(А) - За тахаретот/чистењето:
Патникот е должен да се измие со вода - ако ја има - при земање абдест и гусул. Ако не најде вода, тогаш зема тејемум со чиста земја, триејќи го лицето и дланките со неа. Тоа се изведува со едно допирање на земјата, по што се тријат целото лице и дланките од врвовите на прстите до зглобот, односно местото каде што се спојува дланката со подлактицата.
Со тоа се смета целосно чист, и таа чистота не се нарушува освен со нешто што ја нарушува чистотата стекната со вода или со наоѓање на вода. Ако земе тејемум за пладневниот намаз и остане на таа чистота до икиндија, може да клања икиндија без повторно да земе тејемум. Истото важи доколку остане на таа чистота до акшамот и јацијата, може да клања без повторно да земе тејемум.
Ако патникот стане џунуб и не најде вода, зема тејемум, со што џенабетот се отстранува, но кога ќе најде вода, џенабетот се враќа и треба да изврши верско капење - гусул. Ако пак изврши мала или голема нужда и не најде вода, зема тејемум и со тоа верската правната нечистотија се отстранува. Но кога ќе најде вода, таа повторно важи и треба да земе абдест; поради хадисот: „Чистата земја ја заменува водата за абдест на муслиманот, дури и ако не најде вода десет години. Но, кога ќе најде вода, нека се плаши од Аллах и нека ја допре со својата кожа.“ Во друго предание стои: „Земјата е чистота на муслиманот.“ Хадисот го бележат Ахмед, Тирмизи: вели „Хадисот е хасен-сахих.“(1) Исто така, на патникот му е дозволено да ги потрие мествите (да земе месх) три дена и три ноќи, додека на оној што не е на пат му е дозволено тоа еден ден и една ноќ. (1) Хадисот го бележат Ебу Давуд во поглавјето за Тахаретот, делот за џунуб кој зема тејемум, бр. 332, Тирмизи во поглавјето за Тахарет, делот за што се пренесува за тејемумот на џунубот, бр. 124, Несаи во поглавјето за Тахарет, делот за намази со еден тејемум, бр. 323, и Ахмед (5/146) од хадисот на Ебу Зер, а споменатиот ривајет е на Безар (9/387) бр. 3973.
(Б) За фарз намазите (задолжителните намази):
Патникот ги клања четирирекатните намази - а тоа се пладневниот, икиндискиот и јацискиот намаз - само два реката, од моментот кога ќе излезе од неговото место на живеење па сè до враќањето, без разлика дали патувањето трае долго или кратко. Во „Сахих ел-Бухари“ од Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излеговме од Медина кон Мека (на прошталниот аџилак), и клањаше по два реката, сè додека не се вративме во Медина.“ Прашав: „Дали престојувавте во Мека некое време?“ Одговори: „Престојувавме таму десет дена.“ (2) (2) Хадисот го бележат: Бухари во поглавјето за скратување на намазите, делот за она што е пренесено околу скратувањето, бр. 1081, и Муслим во поглавјето за намазот на патниците и нивното скратување на намазите, бр. 693.
Тие исто така го бележат хадисот на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, каде што таа вели: „Кога Аллах ги пропишал намазите, ги пропишал по два реката за секој намаз - во состојба на престој и за време на патување. Подоцна, намазот на патникот останал непроменет, додека во намазите во состојба на престој било додадено.“ (3) (3) Хадисот го бележат: Бухари во поглавјето за намазот, делот за тоа како е пропишан намазот во ноќта на Исра, бр. 350, и Муслим во поглавјето за намазот на патниците и нивното скратување на намазите, бр. 685.
Во друго предание стои: „Првично, намазот беше пропишан по два реката. Потоа, кога Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, направи хиџра во Медина, намазот во состојба на престој беше пропишан со четири реката, додека намазот за време на патување остана на првичниот број.“ (4) (4) Го бележи Бухари во поглавјето за доблестите, во делот: Од каде започнаа да ја бележат историјата? бр. 3935.
Додека кај Муслим стои: „Формата на намазот на пат остана каква беше при првичната обврска.“ (5) (5) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за намазот на патниците, под бр. 2/685.
Не е запамтено дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, некогаш ги клањал четирирекатните намази целосно додека бил на пат. Поради тоа, многу од учените сметаат дека скратувањето на четирирекатните намази на два реката за патникот е обврска. Во „Сахих ел-Бухари“ се пренесува од Абдурахман бин Језид дека рекол:
„Осман бин Афан, Аллах нека е задоволен со него, нè предводеше во Мина со четири реката. Тоа му беше пренесено на Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, па тој рече: ,Клањав со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на Мина два реката, и клањав со Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, два реката, и клањав со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, исто така два реката. Па посакувам од тие четирите реката, барем два да бидат прифатени.‘“(6) Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, го сметал потполното клањање на намазот на четири реката од страна на Осман, Аллах нека е задоволен со него, за грешка, така што изразил негодување појаснувајќи дека сунетот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите двајца асхаби е спротивен на тоа. (6) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за скратување на намазот, во делот за намазот на Мина, бр. 1084, и Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за скратување на намазот на Мина, бр. 695.
Осман, Аллах нека е задоволен со него, ги крател намазите во Мина шест или осум години од неговиот халифат, а потоа ги клањал целосно, како што стои во „Сахих Муслим“ во хадисот на Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со двајцата, каде што рекол: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, клањаше на Мина како патник, а исто така и Ебу Бекр, Омер и Осман осум години - или рече: шест години.“ (7) Неговото потполно клањање на намазот било засновано на неговото толкување, Аллах нека е задоволен со него, а околу тоа постојат различни преданија и ставови на учените во врска со значењето на тоа толкување. (7) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за скратување на намазот при престој на Мина, под бр. 18/694.
Ако патникот клања зад имам кој го извршува намазот целосно, тогаш и тој е должен да го клања намазот во целост. Во „Сахих Муслим“ се пренесува од Муса бин Селеме ел-Хузели дека рекол: „Го прашав Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со двајцата: ,Како да клањам ако сум во Мека, а не клањам со имамот?' Тој одговори: ,Два реката, тоа е сунетот на Ебу ел-Касим, салаллаху алејхи ве селем.“' (8) (8) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за намазот на патниците и неговото скратување, под бр. 688.
Исто така, во друг хадис се пренесува од Нафи дека рекол: „Кога Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со двајцата, клањаше зад имам, клањаше четири реката, а кога клањаше сам, клањаше два реката.“ (9) (9) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за скратување на намазот при престој на Мина, под бр. 17/694.
Без разлика дали патникот го започнал намазот со имамот од самиот почеток или се приклучил во текот на намазот, поради општото значење на зборовите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: „Она што ќе го стигнете – клањајте, а она што ќе го пропуштите – доклањајте го.“ (10) (10) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за езанот, во делот за тоа дека не треба да се брза на намаз, бр. 636, и во делот за изразот на човекот: „Го пропуштивме намазот“, бр. 635, и Муслим во поглавјето за џамиите, во делот за препорачаноста за доаѓање на намаз достоинствено и смирено, бр. 602 и 603 од хадисот на Ебу Хурејре и Ебу Катаде.
Што се однесува до спојувањето на пладневниот со икиндискиот намаз или акшамскиот со јацискиот намаз за патникот, тоа е сунет додека е во движење, односно за време на патувањето, како што е пренесено во „Сахих ел-Бухари“ од Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, каде што вели: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги спојуваше пладневниот и икиндискиот намаз кога беше на пат, и ги спојуваше акшамскиот и јацискиот намаз.“ (11) (11) Го бележи Бухари во поглавјето за скратување на намазите - во делот за спојување на акшамскиот и јацискиот намаз за време на патување, бр. 1107 како муалек-со непотполн синџир на пренесувачи.
Ако патникот се задржи на едно место, сунет е да не ги спојува намазите, бидејќи Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ги спојувал намазите на Мина, каде што престојувал. Сепак, ако ги спои, нема проблем, особено ако има потреба за тоа, како на пример поради некоја обврска што треба да ја заврши или поради одмор. Во двата „Сахиха“ е пренесен хадисот на Ебу Џухејфе, Аллах нека е задоволен со него, во кој се вели
дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, излегол од шаторот кој му бил поставен во Абта кај Мека. Ебу Џухeјфе раскажува: ,,Излезе во најжешкиот дел од денот - значи во силната жештина - кон Абта, каде што зеде абдест, па клањаше пладне два реката, а потоа и икиндија два реката.“ (12) (12) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за доблестите, делот за описот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бр. 3553, и Муслим во поглавјето за намазот, поглавје за преградата на оној што клања, бр. 503.
Исто така, во „Сахих Муслим“ од Сеид бин Џубејр, се пренесува дека Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со двајцата, дека рекол: Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на патувањето на битката кај Тебук ги споил пладневниот со икиндискиот, како и акшамскиот со јацискиот намаз. Сеид рече: „Го прашав Ибн Абас: Што беше неговата намера со тоа?“ Тој одговори: ,,Сакаше да не му отежне на својот умет." (13) А истото, во целост, се пренесува и од Муаз бин Џебел, Аллах нека е задоволен со него. (14) (13) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за намазот на патниците, делот за спојувањето на двата намази во местото каде престојува, под бр. 51/705. [14] Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за намазот на патниците, делот за спојување на двата намази во место на престој, под бр. 706.
Значењето на зборовите „да не му отежне на својот умет“ е: да не им создаде тешкотии и непријатност.
В) За доброволните - нафила намази
На патникот му е пропишано да ги клања доброволните намази исто како и оној што не е на пат, па така може да клања ноќен намаз, витр, духа намаз, техијетул месџид, и намазот за помрачување на сонцето. Во „Сахих ел-Бухари“ се пренесува од Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со двајцата, дека рекол:
„Го видов Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога се брзаше на пат, го одложуваше акшамскиот намаз и го клањаше три реката, потоа предаваше селам, па не минуваше многу време пред да ја клања јацијата два реката, потоа предаваше селам. И не клањаше ништо после јацијата сѐ додека не станеше (да клања) во средината на ноќта.“(15) (15) Го бележи Бухари во поглавјето за скратување на намазот, во делот дали се учи езан или икамет кога се спојуваат акшамскиот и јацискиот намаз? бр. 1109, и Муслим во скратена форма во поглавјето за намазот на патниците, во делот за дозволеноста на спојувањето на два намази при патување, бр. 703.
Исто така, во двата „Сахиха“ е забележан хадис кој го пренесува Сеид бин Јесар, во кој вели: „Бев на пат со Абдулах бин Омер по патот кон Мека, и Сеид рече: 'Кога се исплашив дека ќе настапи утрото, се симнав и клањав витр, а потоа му се придружив.' Абдулах бин Омер праша: 'Каде беше?‘ Јас одговорив: ,Се исплашив дека ќе настапи утрото, па се симнав и клањав витр.‘ Тогаш Абдулах рече: 'Зарем немаш најдобар пример во Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем?‘ Одговорив: 'Секако, се колнам во Аллах.‘ Тој рече: 'Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го клањаше витр намазот врз камила.‘“(16) (16) Го бележи Бухари во поглавјето за витр намазот, во делот за извршување на витр намазот на јаваница, бр. 999, и Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за дозволеноста на извршувањето на нафила намазот на јахалица за време на патување, бр. 36/700.
Во друг хадис од Абдурахман бин Ебу Лејла се пренесува дека рекол: „Никој не ми кажал дека го видел Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како клања духа намаз освен Уму Хани. Таа раскажала дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, влегол во нејзината куќа на денот на освојувањето на Мека и таму клањал осум реката.“ (17) (17) Го бележи Бухари во поглавјето за скратување на намазот, во делот „кој клања доброволни намази за време на патување надвор од задолжителните намази,“ бр. 1103, и Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за препорачаноста на духа намазот, бр. 80/336.
И во двата „Сахиха“ од Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека не седнува додека не клања два реката.“ (18) (18) Го бележи Бухари во поглавјето за ноќниот намаз, во делот што е пренесено дека ноќниот намаз се извршува два по два реката, бр. 1163, и Муслим во поглавјето за намазот, во делот за препорачаноста на клањање техијетул месџид, бр. 714.
Исто така, во нив се пренесува од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во случката со помрачувањето на месечината, дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Навистина, сонцето и месечината се два знака од Аллаховите знаци. Тие не се помрачуваат поради смртта или животот на некого. Кога ќе ги видите - значи: помрачени - побрзајте да клањате намаз.“ [19] (19) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за помрачувањето, делот за хутбата на имамот при помрачување, бр. 1046, и Муслим во поглавјето за помрачување, делот за намазот при помрачување, бр. 901.
Овие два хадиса се општи и Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не ја поврзал наредбата со одредено време, ниту направил разлика меѓу оној што е во местото каде живее и оној што е на патување.
Во „Сахих ел-Бухари“ е забележан хадисот кој го пренесува Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со двајцата, кој рекол: „Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ги клањал доброволните намази јавајќи, дури и кога не бил свртен кон кибла.“ (20) Го бележи Бухари во поглавјето за скратување, делот за извршување на доброволните намази врз јаваница, бр. 1094.
Кога зборот „доброволно“ (التطوع) доаѓа со одредениот член (ال), тоа може да означува род – односно, целата категорија на доброволни намази, а може да означува и севкупност – секој поединечен доброволен намаз без исклучок. Второто значење е посилно поткрепено, бидејќи основата е дека доброволните намази остануваат пропишани сè додека не се појави доказ што укажува на нивно оставање. А, колку што ни е познато, таков доказ постои само за оставањето на потврдените нафили поврзани со пладневниот, акшамскиот и јацискиот намаз – кога човекот е на пат. Како што е наведено во „Сахих Муслим“, од Хафс бин Асим бин Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, кој рекол: „Бев со Ибн Омер на пат кон Мека. Тој нè предводеше како имам на пладневниот намаз два реката, потоа се сврте, и ние со него, сè додека не стигна до своето место и седна, а и ние седнавме со него. Погледна кон местото каде што клањаше и виде луѓе кои стојат, па праша: ‘Што прават овие?’ Одговорив: ‘Клањаат – односно, клањаат нафила.’ Тој рече: ‘Кога јас би клањал и нафила, тогаш би го клањал потполниот број на рекати при задолжителниот намаз, о сине на мојот брат. Јас патував со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и тој не клањаше повеќе од два реката сè додека Аллах не го зеде. Патував и со Ебу Бекр, и тој не клањаше повеќе од два реката сè додека Аллах не го зеде. Исто така и со Омер, и тој не клањаше повеќе од два реката сè додека Аллах не го зеде. Потоа бев и со Осман, и тој исто така не клањаше повеќе од два реката сè додека Аллах не го зеде. Возвишениот Аллах вели: 'Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример.'" (21) (Ел Ахзаб, 21) (21) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за Намазот на патниците, во делот за Намазот на патниците и неговото скратување, под бр. 689, исто така го бележи и Бухари во скратена форма во поглавјето за скратување, во делот за оној кој не ги извршува потврдените нафили по задолжителните намази додека е на пат, под бр. 1101-1102.
Претходно беше споменат хадисот за спојувањето на акшамскиот и јацискиот намаз, од кој се разбира дека Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем, не ги клањал потврдените нафили поврзани со нив. (22) (22) Претходно спомнато на стр. бр. 7
Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, со зборовите: „Кога јас би клањал и нафила, тогаш би го клањал потполниот број на рекати“, мислел: кога би клањал доброволни намази со кои се надополнува задолжителниот намаз (потврдените нафили), тогаш не би го скратил воопшто намазот, туку би го клањал во целост. Ова е поткрепено со тоа што е пренесено дека тој, Аллах нека е задоволен со него, клањал доброволни намази на својата јаваница, вклучително и витр намазот, и притоа известувал дека и Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го правел тоа.
Меѓу насловите што имам Ел-Бухари, рахимехуллах, ги поставил во својот „Сахих“ се наоѓаат и: „Поглавје за оној што не клања доброволни намази на патување пред и по задолжителниот намаз“, и „Поглавје за оној што клања доброволни намази на патување, но не оние што доаѓаат веднаш по и пред задолжителниот намаз.“
Што се однесува до потврдениот сабахски сунет, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го клањал и дома и при патување, бидејќи не бил толку посветен на ниту еден друг доброволен намаз како на двата реката од сабахскиот сунет, и никогаш не ги пропуштал, како што пренесува Аиша, Аллах нека е задоволна со неа, во „Сахих ел-Бухари." (Фетх, 3/42) (23) (23) Го бележи Бухари во поглавјето за ноќниот намаз, во делот за грижата за двата раката на сабахскиот сунет, бр 1169, и Муслим во поглавјето за намазот на патниците, во делот за препорачаноста на двата раката на сабахскиот сунет, бр. 94/724.
Во „Сахих Муслим“, дополнително се пренесува од Ебу Катаде, Аллах нека е задоволен со него, дека бил со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на пат, и ја спомнал случката кога преспале и не го клањале сабахскиот намаз сè до изгрејсонцето. Тогаш, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им наредил да го напуштат тоа место, па се симнал, земал абдест, а потоа Билал го проучил езанот за намазот. Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, клањал два реката, па го клањал сабахскиот намаз, како што тоа го правеше секој ден.“ (24) (24) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за џамиите, делот за надоместување на пропуштениот намаз, бр. 681.
Муслим, исто така, бележи сличен хадис од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него. (25) (25) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за џамиите, делот за надоместување на пропуштените намази, бр. 680.
Подетално се задржавме на темата за доброволното клањање нафила намаз на патникот, бидејќи некои луѓе сметаат дека воопшто не треба да се клањаат доброволните намази. Меѓутоа, од сето што го спомнавме, станува јасно дека доказот укажува само на тоа дека не се клањаат потврдените сунети на пладневниот, акшамскиот и јацискиот намаз. А останатите нафили остануваат на својата пропишаност. А Аллах е Оној Кој дава успех.
На патникот му е дозволено да клања доброволни намази за време на патувањето додека е на својата јаваница/во своето превозно средство, без разлика во кој правец е свртен, дури и ако не е свртен кон киблата. Во „Сахих ел-Бухари“ се пренесува хадис од Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со двајцата, во кој се вели дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, клањал врз својата јаваница свртен кон истокот, а кога сакал да клања задолжителен намаз, се симнувал и се свртувал кон киблата. (26) (26) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за скратувањето, во делот за симнување (од јаваница) за клањање на задолжителниот намаз, бр. 1099.
Од прописите поврзани со патувањето е и тој со кој му се препорачува на патникот да има придружба – поради дружење и заемна помош кога има потреба. Не е препорачливо човек да патува сам, освен ако за тоа има оправдана причина или верска корист, како што е џихадот на Аллаховиот пат и слично. Во „Сахих ел-Бухари“ од Абдулах бин Омер, Аллах нека е задоволен со двајцата, се пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога луѓето би го знаеле она што јас го знам за осаменоста, никој не би патувал сам ноќе.“ (27) (27) Го бележи Бухари во поглавјето за џихадот, во делот за воените походи, бр. 2998.
Исто така треба да носи документ што го потврдува неговиот идентитет и адреса, за да не остане без идентитет во случај на несреќа или слично.
Од прописите за патувањето е и тој кој вели дека на женатане ѝ е дозволено да патува без придружник (махрем), без разлика дали патувањето е далечно или блиско, дали е за аџилак или за друга цел, дали е млада и убава или стара и со нарушен изглед, дали е во придружба на жени од своето семејство и пријателки или не, дали се претпоставува нејзината безбедност или не, и дали патува со авион или на друг начин. Во двата Сахиха е забележан хадис од Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со двајцата, во кој вели: Го слушнав Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, како држи хутба и вели: „Нека не се осамува маж со жена освен ако со неа не е присутен нејзин старател (махрем), и нека жената не патува освен во придружба на старател (махрем).“ Тогаш стана еден човек и рече: „О, Аллахов Пратениче, мојата сопруга тргна на аџилак, а јас сум запишан за учество во тој и тој поход.“ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: „Оди и изврши аџилак заедно со својата сопруга.“ (28) Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, издаде општа забрана за патување на жената без старател-придружник (махрем), без да истакне одреден вид патување, без да направи исклучок за одреден тип на жена или состојба, и без да бара дополнителни детали за сопругата на човекот. (28) Хадисот го бележат: Бухари во поглавјето за џихадот, делот за оној кој се запишал во војска, а неговата жена тргнала на аџилак, бр. 3006, и Муслим во поглавјето за аџилакот, поглавје за патувањето на жената со махрем, бр. 1341.
Махрем е сопругот на жената и секој оној на кого му е трајно забрането да стапи во брак со неа, поради крвно сродство, доење или сватовство.
Махремите поради крвно сродство или доење се седум: таткото и сите во неговата нагорна линија (како што се дедото и прадедото), синот и сите во неговата надолна линија (како што се внукот и правнукот), братот, неговиот син и сите во нивната надолна линија (како што се внукот од брат и неговите деца), синот на сестрата и сите во неговата надолна линија (како што се внукот од сестрата и неговите деца), чичкото и сите во неговата нагорна линија, и вујкото и сите во неговата нагорна линија.
Махремите по сватовство се четворица: таткото на сопругот на жената и сите во неговата нагорна линија, синот на сопругот на жената и сите во неговата надолна линија, сопругот на ќерката на жената и сите во неговата надолна линија, и четврто: сопругот на мајката на жената и сите во неговата нагорна линија – под услов да има извршено конзумирање на бракот со неа.
Од условите е махремот да биде полнолетен и разумен, бидејќи малолетникот и лицето со ментална попреченост не се сметаат доволни за дозволеноста на патувањето со нив.
Врз основа на ова, ако жената не најде махрем, не е обврзана да изврши аџилак, бидејќи не е во можност да го исполни патувањето како што е пропишано.
Кога беше пропишан аџилакот?
Аџилакот е пропишан во деветтата или десеттата година по хиџретот, според поисправното мислење на исламските алими, затоа што неговото пропишување се случи со зборовите на Возвишениот Аллах: „Аџилакот должен е да го заврши, поради Аллах, секој што е во можност да дојде до него. А тој што не верува – па, Аллах е навистина независен од световите.“ (Али Имран, 97) А тој ајет се наоѓа во сурата Али Имран, објавена во годината на делегациите, во деветтата година по хиџретот/преселбата.
Мудроста во одложувањето на пропишувањето на задолжителноста на аџилакот - а Аллах најдобро знае - е во тоа што Мека, Аллах нека ја зголеми нејзината чест, сè до таа година беше под власта на многубошците од Курејш. Поради тоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби не можеа да го извршат аџилакот на целосен начин. Не беше далечен ни настанот со умрата Худејбија, кога во шестата година по хиџра, мушриците го спречија Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговите асхаби да ја извршат нивната умра.
Аџилакот е обврска за секој муслиман, полнолетен, разумен и со физичка и материјална способност.
Што се однесува до малолетникот, за него аџилакот не престанува обврска, но ако го изврши, тој е исправен и ќе му се запише како доброволен аџилак. Откако ќе стане полнолетен, должност му е да го изврши задолжителниот аџилак, бидејќи оној што го извршил пред полнолетството се смета како да извршил намаз пред да настапи пропишаното време.
Додека пак оној што не е во можност да го изврши аџилакот поради недостаток на материјални средства - како сиромашниот или робот - не му е задолжително да го изврши аџилакот, поради зборовите на Возвишениот Аллах: „...Што е во можност да дојде до него.“ Тука се мисли за оној што не е во можност, па затоа не е обврзан.
Што се однесува до оној што не е само во физичка состојба да го изврши аџилакот, ако неговата немоќ не се очекува да се повлече - како што е случајот со староста или некаква хронична болест - тогаш тој треба да овласти некој друг да го изврши изврши аџилакот за него. Но ако постои надеж за оздравување - поради привремена болест - тогаш треба да почека додека не оздрави, па самиот да го изврши аџилакот. Доколку пак умре пред да го изврши, во тој случај ќе го изврши некој друг за него со средства од неговата оставнина.
Кога аџилакот станува обврска на муслиманот, тој е должен да го изврши веднаш без одлагање, бидејќи наредбите на Аллах и Неговиот Пратеник, кога не се ограничени со време и нема доказ дека дозволуваат одлагање, треба да се извршат веднаш. Како што е наведено во хадисот на Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со двајцата, дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Побрзајте со аџилакот - мислејќи на првиот задолжителниот аџилак- зашто никој од вас не знае што може да му се случи.“ (29) Хадисот го пренесува Ахмед, и покрај слабоста во неговиот синџир, постојат општи докази кои го потврдуваат неговото значење. (29) Го евидентирал имамот Ахмед во неговиот „Муснед“ (1/314).
Од каде влегува во ихрам оној што сака да изврши аџилак или умра?
Оној што има намера да изврши аџилак или умра влегува во ихрам од местата што ги одредил Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, познати како микати, а тие се пет:
1. Зул Хулејфа - наречен и Ебјар Али - е микат за жителите на Медина и за секој што поминува од тој правец.
2: Џухфа - поранешно село кое денес е напуштено, па наместо него се користи Рабиг- е микат за жителите на Шам и за оние што минуваат оттаму, освен ако претходно не поминале низ Зул Хулејфа.
3. Јелемлем - планина или место во Тихама, наречено и како Садија - е микат за жителите на Јемен и за сите што доаѓаат од тој правец.
4. Карн ел-Маназил - наречен и како Сејл - е микат за жителите на Неџд и за оние што доаѓаат од тој правец.
5. Зат Ирк - наречен и каки Дариба - е микат за жителите на Ирак и за секој што доаѓа од тој правец.
Секој што ќе помине низ некој од овие микати со намера да изврши аџилак или умра, должен е да влезе во состојба на ихрам.
А оној што го поминува микатот по воздушен или морски пат, должен е да влезе во ихрам кога ќе биде на исто ниво со еден од нив, и не му е дозволено да го одложи влегувањето во ихрам сè до слетување на аеродромот или до пристигнување на пристаништето, бидејќи тоа претставува прекршување на Аллаховите граници: „А тие што Аллаховите граници ги пречекоруваат, тие се неправедни!“ (Ел Бекаре, 229)
Оној што се наоѓа после овие микати од страната поблиску до Мека, влегува во ихрам од местото каде што се наоѓа, дури и оние што се во Мека влегуваат во ихрам од Мека, освен за умра, кога треба да влезат во ихрам од надвор од границите на харемот, односно од зад подрачјето на границите на харемот. Така е пропишано со зборовите Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, до Абдурахман бин Ебу Бекр: „Изведи ја својата сестра - мислејќи на Аиша- надвор од Харамот, и нека започне со умрата.“ (30) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за аџилакот, во делот за Аллаховите зборови: „Аџилакот е во познатите месеци.“ Бр. 1560, и Муслим во поглавјето за аџилакот, во делот за објаснување на видовите на ихрам, бр. 1211/123 од хадисот на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа.
А оној што ги поминува овие микати без намера да изврши аџилак или умра - како оној што патува за трговија, посета на роднини, студирање и слично - не е должен да влезе во ихрам, бидејќи аџилакот и умрата се обврска само еднаш во животот, а влегувањето во ихрам е пропишано исклучиво за извршување аџилак или умра.
Видови на обреди на аџилакот и најдобриот од нив
Аџилакот има три вида на обред: теметту, киран и ифрад.
Теметту: да се влезе во ихрам за умра во еден од месеците на аџилакот - односно, по влегувањето на месецот шевал - и да ја изврши умрата, а потоа повторно да влезе во ихрам за аџилакот истата година.
Киран: кога некој ги спојува аџилакот и умрата така што влегува во ихрам за двата обреда истовремено, или прво влегува во ихрам за умрата, а потоа ја додава намерата за аџилакот пред да започне со тавафот.
Ифрад: да се влезе во ихрам исклучиво со намера за аџилак.
Повеќето алими се согласуваат дека човекот има избор помеѓу овие обреди, но има поделени мислења кога е во прашање тоа кој од нив е највреден. Поисправното мислење е дека најдобриот е обредот теметту, затоа што Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, им го наредил на своите асхаби и ги поттикнал на таа форма на аџилакот. Исто така, теметту вклучува повеќе дела, така што се извршуваат целосно обредите на умрата и обредите на аџилакот, а воедно е и полесен од останатите за оние кои пристигнуваат во Мека порано, бидејќи по завршувањето на умрата, до влегувањето во ихрам за аџилакот, можат слободно да користат сè што инаку е забрането во состојба на ихрам.
Исто така во обредот теметту задолжително е да се принесе курбан како израз на благодарност, а не како надомест. Курбанот треба да биде од она што е дозволено за жртвување – како овца, или една седмина од камила или крава. Се коле на денот на Бајрамот или во трите денови по него, а месото се дели во Мина или Мека, и дозволено е да се јаде од него. Ако не може да принесе курбан, тогаш треба да пости три дена додека е на аџилак, а тие три дена мора да завршат најдоцна до третиот ден по Бајрам, а потоа уште седум дена откако ќе се врати од аџилакот.
Оној што извршува киран има ист пропис како и оној што извршува теметту во поглед на обврската за курбан или неговата замена.
Опис на теметту - од влегувањето во ихрам за умра до завршувањето на аџилакот, во кратки црти
(А) Умра
1. Кога ќе сака да влезе во ихрам за умра, ќе се избања како што се бања по интимен однос или ејакулација потоа ќе се намириса со најубавиот мирис што го има на главата и брадата, и ќе облече бел ихрам - долен дел (изар) и горен дел (рида). Жената може да облече каква било облека, но без да се украсува.
2. Ако е време за некој од фарз намазите, ќе го клања фарзот, па потоа ќе влезе во ихрам. Ако не е време за фарз намаз, ќе клања два реката со намера на сунет на абдестот, а не со намера за сунет на ихрамот, бидејќи не е потврдено од Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, дека за ихрамот постои посебен сунет намаз.
3. Потоа, откога ќе заврши со намазот, ја изразува намерата за влегување во умра, изговарајќи телбија: „Ти се одзивам, Аллаху мој Ти се одзивам, Ти се одзивам Тебе Единствениот кој нема здруженик, Ти се одзивам, благодарноста и благодетите се Твои, а Твоја е и власта, Ти Кој немаш здруженик, Ти се одзивам, Аллаху мој, за умра.“ (Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк. Иннел-хамде вен-ни‘мете леке вел-мулк, ла шерике лек. Леббејке Аллахумме умретен.) Мажот ја изговара со подигнат глас, а жената тивко.
Од сунет е телбијата да се повторува често, сè до започнувањето на тавафот, кога се прекинува со неа.
4. Кога ќе пристигне во Мека, започнува со тавафот веднаш по доаѓањето, така што се упатува кон Црниот камен, го допира – односно го поминува со десната рака – и го бакнува ако може без турканица; во спротивно, само покажува кон него и изговара „Аллаху екбер.“
Потоа се свртува така што Каба му останува од левата страна. Кога ќе помине покрај Јеменскиот агол – кој е последниот агол пред Црниот камен – го допира со десната рака, ако може, но не го бакнува.
Го извршува тавафот со седум круга, при што мажот во првите три круга оди забрзано (рамл) и го става десниот дел ихрамот под десната мишка (ел-идтиба) во текот на целиот таваф.
Рамл: забрзано одење со кратки чекори.
Ел-идтиба: поставување на средниот дел од наметката (ридата) под десната мишка, со двата краја префрлени преку левото рамо.
За време на тавафот, го спомнува и слави Аллах, и упатува дови со смиреност и присутност на срцето. Секогаш кога ќе стигне до Црниот камен, изговара: „Аллаху екбер“. А помеѓу Јеменскиот агол и Црни Есвед, изговара: „Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот!“ (Ел Бекаре, 201) Што се однесува до ограничувањето одредена дова за секој круг од тавафот, тоа нема основа во Сунетот и претставува новотарија.
5. По завршувањето на тавафот, клања два реката зад Мекам Ибрахим, дури и ако е оддалечен од него. На првиот рекат по Фатиха, рецитира: „Кажи: О, вие неверници.“ (Ел Кафирун, 1) А на вториот рекат: „Кажи: Тој е Аллах, Еден е!“ (Ел Ихлас, 1)
6. Потоа го извршува сајот - брзото движењето помеѓу Сафа и Мерва - седум пати, започнувајќи од Сафа и завршувајќи на Мерва.
Од Сунет е да се искачи на нив и да застане свртен кон киблата, со подигнати раце, спомнувајќи го Аллах и упатувајќи дова.
Исто така од Сунет за мажот е да се движи побргу помеѓу двете зелени ознаки.
7. Кога ќе го заврши сајот, ја скратува косата така што ќе ја опфати целата глава, а жената скратува од косата колку должината на врв од прст.
Со тоа умрата е завршена, и тој излегува од состојбата на ихрам, па му станува дозволено сè што му било дозволено пред влегувањето во него – како носење облека, користењето парфеми, склучување брак и слично.
(Б) Аџилак
1. На денот на Тервије, а тоа е осмиот ден од месецот зул-хиџе, се облекува ихрамот за аџилакот од местото каде што се престојува. При тоа се постапува исто како при влегувањето во ихрам за умра, се бањаме, се намирисуваме и ја облекуваме облеката на ихрам.
2. Откако ќе заврши со тоа, ја изразува намерата за влегување во аџилакот со зборовите: „Ти се одзивам, Аллаху мој Ти се одзивам, Ти се одзивам Тебе Единствениот кој нема здруженик, Ти се одзивам, благодарноста и благодетите се Твои, а Твоја е и власта, Ти Кој немаш здруженик, Ти се одзивам, Аллаху мој, за аџилак." (Леббејке Аллахумме леббејк, леббејке ла шерике леке леббејк. Иннел-хамде вен-ни‘мете леке вел-мулк, ла шерике лек. Леббејке Аллахумме хаџџен.) Мажот ја изговара со подигнат глас, а жената тивко.
Од Сунет е телбијата да се повторува сè до фрлањето камчиња на џемератите на Акаба на денот на Бајрам, кога се прекинува.
3. Потоа се упатува кон Мина, каде што ги клања пладневниот, икиндискиот, акшамскиот, јацискиот и сабахскиот намаз. Четири рекатните намази ги клања скратено - по два реката - без да ги спојува.
4. Наутро, на деветтиот ден, по изгрејсонце, се упатува кон Арефат. Доколку може се спушта во Немира до пладне, а ако не, тогаш се спушта дирекно во Арефат. По настапувањето на пладневниот намаз, ги клања пладневниот и икиндискиот намаз скратено и споено. Потоа се посветува на зикрот и довата, свртен кон киблата - дури и ако планината е зад него - сè до зајдисонцето.
5. По зајдисонце се упатува кон Музделифе, каде што го клања акшамскиот намаз три реката а јацискиот намаз два. Таму преноќува, а по сабахскиот намаз се посветува на спомнувањето на Аллах и довата сè додека не се раздени јасно.
6. Кога ќе се раздени, тргнува кон Мина. Штом ќе пристигне, започнува со фрлањето камчиња кај Џемретул Акаба, што е на страната најблиску до Мека. Фрла седум последователни камчиња, секое камче малку поголемо од зрно наут, и при секое фрлање изговара текбир со понизност и величење на Возвишениот Аллах.
Откако ќе заврши со фрлањето, го жртвува курбанот - ако е во можност - потоа ќе ја избричи целата глава или ќе ја скрати, а бричењето е подобро освен за жената, која ја крати косата во должина на врв од прст.
Со фрлањето на камчињата и бричењето или скратувањето на косата, мухримот излегува од првата фаза на ихрамот. Му станува дозволено да ја облече својата облека, да користи мириси и да прави сè што му било дозволено пред да влезе во ихрам - освен страсното приоѓање на жената, кое останува забрането сè додека не влезе во втората фаза на ослободување од ихрамот.
Потоа се упатува кон Мека, каде што го извршува тавафот на аџилакот (тавафул ифада) и го изведува сајот помеѓу Сафа и Мерва, на ист начин како што го извршил при умрата. Сепак, при овој таваф не се практикува забрзаното одење (рамл), ниту се открива рамото (идтибаʿ), бидејќи тие две постапки се пропишани само при првиот таваф по пристигнувањето во Мека.
Со извршувањето на тавафот и сајот, кои биле претходени со фрлање на камчиња на Џемретул Акабе и со бричење или скратување на косата, се постигнува втората фаза на ослободување од ихрамот. Со тоа му станува дозволено сè што му било дозволено пред влегувањето во ихрам – вклучувајќи го и страсното приоѓање на жената.
Резиме на обредите кои се извршуваат на денот на Бајрамот е следното:
Фрлање камчиња на Џемретул Акабе.
Колење курбан.
Бричење или скратување на косата.
Таваф и сај.
Сунет е тие да се извршат по овој редослед. Сепак, доколку некој поради одредени околности ги изврши на различен редослед, нема пречка.
7. Преноќува во Мина во ноќите спроти единаесеттиот и дванаесеттиот ден.
8. Во овие два дена, по одминувањето на зенитот, се фрлаат камчиња на трите џемерати. Се започнува со првото џемре – најоддалеченото од Мека – при што се фрлаат седум последователни камчиња, со изговарање на текбир при секое фрлање. Потоа се оддалечува од гужвата, се свртува кон киблата, ги подига рацете и му упатува долга дова на Аллах, колку што сака. Потоа го фрла второто џемре и постапува исто – фрла седум камчиња и застанува за дова. Потоа го фрла третото – Џемретул Акабе, каде што претходно фрлал на денот на Бајрам – исто така со седум камчиња и текбир, само што по него не застанува за дова.
9. Откако ќе ги заврши обредите на дванаесеттиот ден со фрлање на трите џемерати, може – ако сака – да остане во Мина и на тринаесеттиот ден и тогаш повторно да ги фрли камчињата по пладне. Ова е подобро, бидејќи така постапил и Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, а во тоа има прилика за повеќе добри дела. Ако, пак, сака да побрза, дозволено му е да ја напушти Мина на дванаесеттиот ден, но до пред зајдисонце.
Во тие денови и ноќи се препорачува често изговарање на текбир и спомнување на Аллах, поради зборовите на Возвишениот: „И спомнувајте Го Аллах во одредените денови!“ (Ел Бекаре, 203) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол: „Деновите на тешрик се денови на јадење, пиење и спомнување на Аллах.“ (31) (31) Хадисот го бележи Муслим во поглавјето за постот, во делот за забрана на постење во деновите на тешрик, бр. 1141 од хадисот на Нубејша ел-Хузели.
Со ова се завршуваат главните обреди на аџилакот.
Проштален таваф (тавафул веда)
Кога аџијата ќе ги заврши сите обреди на аџилакот и се подготвува за враќање во својата земја, не треба да ја напушти Мека сè додека не го изврши прошталниот таваф (тавафул веда) околу Каба, тоа нека биде последното нешто што ќе го стори пред заминувањето.
Жената која е во менструација или има постпородилно крварење не е должна да го изврши овој таваф, врз основа на зборовите на Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко: „На луѓето им беше наредено последното што ќе го направат во Каба да биде тавафот, освен за жената која е во менструација.“ (32) (32) Хадисот го бележи Бухари во поглавјето за аџилакот, во делот за прошталниот таваф, бр. 1755, и Муслим во поглавјето за аџилакот, во делот за обврската на прошталниот таваф, бр. 1328/380.
Забранети работи за време на ихрам
Забранетите работи за време на ихрам се работи кои стануваат недозволени поради самата состојба на ихрам.
Тие се резимираат во следново:
1. Отстранување на косата од главата, било со бричење или на друг начин. Мнозинството на исламски алими со оваа забрана го изедначуваат и отстранувањето на влакната од другите делови на телото.
2. Отстранување на ноктите од рацете или нозете. Мнозинството исламски алими го изедначуваат ова со отстранувањето на косата, поради заедничката основа и улога на нега и разубавување.
3. Користење на парфем по влегувањето во ихрам - било на телото, облеката, во храната или во пијалокот.
4. Носење на ракавици, односно покривки за рацете.
5. Телесен контакт со страст (без полен однос).
Фидјата (одкупот) за овие пет забранети работи е по избор, како што Аллах го спомнува тоа во Куранот во врска со бричењето на главата, а останатите случаи аналогно се изедначуваат со тоа. Па така, верникот за одкуп може да избере една од следниве три опции: а) постење три дена, б) хранење шест сиромаси – по половина саʿа за секој, во) жртвување овца. Храната и месото се делат на сиромасите, било во Мека, или на местото каде што е сторена забраната.
6. Интимен однос (вагинален). Ако се случи за време на аџилакот пред првото ослободување од ихрамот, тоа повлекува четири последици:
а) Обредот станува неважечки поради извршениот однос.
б) Обредите мора да се довршат.
в) Обврска за повторување на аџилакот следната година.
г) Фидја: колење на големо жртвено животно, чие месо се дели на сиромасите во Мека или на местото каде што е сторен престапот.
7. Склучување брак. За ова нема фидја, но самиот брак e неважечки, без разлика дали лицето во ихрам е мажот, жената, старателот или неговиот застапник.
8. Убивање на диво копнено ловно животно. За тоа следува вредносен откуп, кој може да биде: а) колење слично животно, чие месо се дели на сиромашните во харемот; б) проценка на вредноста во храна, која потоа се дели на сиромашните во харемот; в) постење – по еден ден за секој сиромав што би бил нахранет.
Овие осум забрани се харам за секој што се наоѓа во состојба на ихрам, без разлика дали е маж или жена, со тоа што за мажите важат дополнително уште две посебни забрани:
1. Покривање на главата со нешто што директно се допира и се прилепува на неа е забрането. Но, не е проблем ако главата се засени или заштити со непокривачки предмети кои не ја допираат, како што се шатор, покрив на возило или чадор.
2. Носење кроена облека, односно облека што е сошиена според обликот на телото, негов дел или орган, како што се кошула, панталони и местви. Дозволено е носење изар и рида (двoдeлна облека на ихрам), дури и ако се крпени, како и прстен, часовник, очила, слушалки, паричник и слични предмети.
За жените важи следната забрана:
Покривање на лицето на каков било начин. Некои исламски алими велат дека забранет е само никабот – односно покривање на лицето со превез што има отвори за очите. Најдобро е жената да не го покрива лицето воопшто, освен ако е во присуство на мажи кои не ѝ се махрем – во тој случај, должна е да го покрие, било да е во состојба на ихрам или надвор од него.
Фидјата за овие забрани е по избор, како фидјата за првите пет гореспоменати забрани.
Прописот за оној што ги прави овие забрани
За оној што ги прави претходно споменатите забрани постојат три состојби:
Прво: Ако го направи забранетото без потреба и без оправдана причина - тогаш е грешен и должен е да даде фидја.
Второ: Ако го стори поради потреба - тогаш не се смета за грешен, но сепак треба да даде фидја. Возвишениот Аллах вели: „А ако некој меѓу вас се разболи или главоболка го мачи, со пост, со милостина или со курбан нека се искупи!“ (Ел Бекаре, 196) Ако, на пример, му било потребно да ја покрие главата поради студ или жештина од кои се плашел дека може да му наштетат, тоа му е дозволено, но треба да даде фидја – според изборот меѓу претходно споменатите видови.
Трето: Ако ја стори забраната со оправдана причина – како што е незнаење, заборав, присила или сон – тогаш не се смета за грешен, ниту му следува фидја, врз основа на зборовите на Возвишениот: „Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме!“ (Ел Бекаре, 286) И поради хадисот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Аллах, навистина, преминува преку (не ги казнува) грешките на мојот умет , заборавот и она на што биле присилени. (33)“ (33) Хадисот го бележи Ибн Маџе во поглавјето за разводот, делот за разводот под присила и заборав, под бр. 2043 и 2045, од Ебу Зер и Ибн Абас.
Меѓутоа, кога ќе престане оправдувањето – било да дознае за забранетото, да се сети, да му престане присилата или да се разбуди од сон – тогаш е должен веднаш да се откаже од тоа, односно од забранетото дело.
Посета на џамијата на Божјиот пратеник
Џамијата на Божјиот пратеник е една од трите џамии за кои е дозволено да се подготвува за патување (со верска намера). Тоа се: Месџидул Харем во Мека, Џамијата на Божјиот пратеник во Медина и Џамијата ел-Акса во Кудс (Ерусалим). Намазот во Џамијата на Божјиот пратеник има вредност колку илјада намази на друго место, освен во Месџидул Харем. Затоа, се препорачува нејзината посета за клањање во секое време, а не само за време на аџилакот, бидејќи посетата не е дел од обредите на аџилакот. Аџилакот е целосен и без неа, и не се намалува неговата вредност со нејзино изоставување. Но, луѓето обично ја поврзуваат со аџилакот за патувањето да им биде заедничко, особено за оние на кои им е тешко да патуваат одвоено, како што се жителите на далечни места.
Кога ќе влезе во џамијата, клања колку што сака, потоа се упатува кон гробот на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, застанува пред него и вели: „Ес-селаму алејке, ејјухен-небијју, ве рахметуллахи ве берекатуху. Аллахумме сал-ли ала Мухаммедин ве ала али Мухаммед, кема сал-лејте ала Ибрахиме ве ала али Ибрахим, иннеке Хамидун Меџид. Аллахумме барик ала Мухаммедин ве ала али Мухаммед, кема баректе ала Ибрахиме ве ала али Ибрахим, иннеке Хамидун Меџид.“
Потоа се поместува малку на десната страна за да му предаде селам на Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, велејќи: „Ес-селаму алејке ја Еба Бекр, ја халифете Расулиллах, радијаллаху анке, ве џезаке Аллаху ан уммети Мухаммедин хајран.“
Потоа продолжува уште малку на десната страна за да му предаде селам и на Омер, Аллах нека е задоволен со него, велејќи: „Ес-селаму алејке ја емирел-му’минин Омер, радијаллаху анке, ве џезаке Аллаху ан уммети Мухаммедин хајран.“
Потоа ја посетува Џамијата Куба со абдест и клања во неа.
Исто така, ги посетува гробиштата Ел-Бекија – гробиштата на Медина – каде што му упатува селам на Осман, Аллах нека е задоволен со него, застанува покрај неговиот гроб и вели: „Ес-селаму алејке, ја емирел-му’минин Осман, радијаллаху анке, ве џезаке Аллаху ан уммети Мухаммедин хајран.“ Потоа им упатува селам на погребаните во Ел-Бекија и прави дова за нивна прошка и милост.
Се оди и до Ухуд, каде се посетува гробот на Хамза, чичкото на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и останатите шехиди, па се прави дова Аллах да биде задоволен со нив и за нивна прошка и милост.
Жената не ги посетува гробовите, ниту гробот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ниту гробовите на другите.
Во Медина нема друго што е верски пропишано да се посети од џамиите и другите места освен она што го спомнавме.
А Аллах е Оној кој дава успех! Нека се Аллаховиот благослов и мир над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и сите негови асхаби.
Напишано од Аллаховиот роб
Мухамед Салих ел Усејмин
Related books
All books
КРАТОК ПРИРАЧНИК ЗА ОПИСОТ И ПРОПИСИТЕ НА УМРАТА65 јазициКРАТОК ПРИРАЧНИК ЗА ОПИСОТ И ПРОПИСИТЕ НА УМРАТА
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите. Аллаховиот мир и благослов се за нашиот Пратеник Мухамед, за неговото семејство и сите асхаби. Во продолжение велам: Ова е кратка студија за начинот на извршување на умра, нејзините прописи и етика, во која се потрудивме да ги објасниме најважните работи што треба да ги знае секој извршител на умра. Го молиме Возвишениот Аллах да овозможи оваа студија да биде искрена, имајќи Го за цел Неговото благородно Лице и да биде од корист за сите муслимани.
Начин на земање абдест (практично и кратко објаснување)79 јазициНачин на земање абдест (практично и кратко објаснување)
Начин на земање абдест (поедноставено видео) Практична примена што го прикажува начинот на земање абдест чекор по чекор. Ова е многу важно, бидејќи абдестот е услов за исправноста на намазот. Погледни го видеото и научи го правилниот начин на земање абдест. Начин на земање абдест
Опис како се клања намаз (кратко видео)85 јазициОпис како се клања намаз (кратко видео)
Краток практичен приказ на начинот на извршување на намазот, со цел да Го обожуваме Аллах со јасно знаење и нашиот намаз да биде потполн со сите рукнови и шартови. Опис на намазот Кога сакаме да клањаме намаз, треба да се исчистиме од малата и големата правна нечистотија. Да клањаме во чиста облека што ги покрива срамните делови. Телото и местото каде што клањаме да бидат чисти од нечистотија. Се вртиме кон киблата. Пожелно е да се клања кон сутра.
Опис на умрата59 јазициОпис на умрата
Опис на умрата (кратко и практично објаснување. Како да извршиш умра? (Поедноставено едукативно видео) Видео кое по редослед ги објаснува обредите на умрата – од стапувањето во ихрам до излегувањето од него – на едноставен и јасен начин. Погледни го видеото и научи како да ја извршиш умрата лесно и правилно. Оној што сака да изврши умра е должен да влезе во ихрам од микатот што му е одреден. Микатите се местата што Веровесникот ﷺ ги одредил за од нив да влезе во ихрам оној што сака да изврши аџилак или умра. Кој ќе помине покрај некој од нив со намера да изврши аџилак или умра, должен е да…