هل سألت نفسك؟ من خلقك؟ ولماذا؟ وماذا بعد الموت؟

هل سألت نفسك؟ من خلقك؟ ولماذا؟ وماذا بعد الموت؟

كتاب: هل سألت نفسك ؟ من خلقك؟ ولماذا ؟ وماذا بعد الموت؟ كتاب مختصر يتحدث عن إجابة أسئلة الإنسان الوجودية ويحرك الفطرة بضرب بعض الأمثلة والحجج العقلية وبيان دلائل الإسلام بأسلوب مختصر.

Language: lang_mk
Prepared by: Научниот комитет при Здружението за опслужување на исламска медиумска содржина на различни јазици
Version: 2.0
Translations 49
Afrikanns Assamese Azerbaijani Bosnian +45
Attachments 7
PDF
Audio
Video
+3

Дали си се запрашал некогаш: Кој те создал? Зошто си создаден? И што следи по смртта?

Научен комитет на Здружението за опслужување на исламската медиумска содржина на различни јазици

Кој те создал, човеку? Кога би го погледнал своето тело под микроскоп, би видел свет исполнет со прецизност и совршенство. Секоја клетка во твоето тело содржи генетски информации со сложени кодови. Дали си се запрашал кој ги напишал овие кодови? И кој ги поставил на нивното точно место?

Секоја висока градба и секоја скромна куќа ја раскажува приказната за својот градител. Дали е разумно да се помисли дека овој простран универзум, со сета негова убавина, прецизност и уреденост во деталите, настанал без Создател?

О човеку, како што твојот разум не прифаќа да му се каже дека еден прецизно изработен паметен телефон се појавил одеднаш, без дизајнер и без производител, или дека една сложена мрежа на уреди функционира во совршена хармонија и прецизност без програмер или надзорник, така исто  разумот не може да прифати да му се каже дека овој голем универзум, со сиот свој ред, креативност, прецизни закони и совршен систем, настанал без Создател.

Секој дел во овој универзум - од најмалиот атом до најголемата галаксија - укажува на величественоста на својот Создател. За разумот е невозможно да прифати дека овој прецизен систем настанал од хаос, дека овој универзум настанал од ништо, или дека овој прекрасен и сложен систем е резултат на слепа случајност.

Исто како што здравиот разум и нерасипаната природност-фитра, го водат човекот кон верувањето во постоењето на Создателот на универзумот, така истите го поттикнуваат да размислува за својствата на Тој Создател и за Неговото право над нас.

Размислувањето за својствата на Тој Создател ни ги отвора вратите на длабоко разбирање за неопходноста Тој да се одликува со апсолутно совршенство и да биде чист од секој недостаток.

Ова значи дека Создателот се одликува со сите својства на убавина и величественост. Тој, славен нека е, е Семоќен над сè, Сезнаен за сè, и Мудар во сè што создал и одредил. Ваквото совршенство не е само можност, туку  разумска неопходност, бидејќи секој недостаток во Неговите својства би довел до неправилност во создавањето и управувањето, што се коси со совршенството за кое сме сведоци во вселената.

Исто така, возвишеноста над недостатоците налага Создателот да биде независен од Своите созданија, па Тој не зависи од никого, туку сите се сиромашни и во потреба од Него - и во нивното постоење и во нивното опстојување. Тој, Возвишениот, е чист од припишување, здруженик или дете, бидејќи тоа е одраз на недостаток и немоќ, а Возвишениот Аллах е чист од сето тоа.

Ако Аллах е Големиот Создател, Кој се одликува со својства на совршенство и величественост, и Тој е Оној Кој нè создал нас и го создал универзумот од ништо, тогаш Тој е Сопственик на сè што се наоѓа во него; Тој е Оној Кој нè снабдува и нè опкружува со Својата милост, и Тој е Управувачот Кој управува со сè. Зарем не треба да Му бидеме благодарни, да истражуваме како да го постигнеме Неговото задоволство, како да го исполниме правото што Тој го има над нас и да работиме за да ја оствариме целта заради која сме создадени?

Дали е разумно Аллах да нè создаде, а потоа да не ни објасни што сака од нас? Зошто сме тука? Која е целта и смислата на нашето постоење во животот? Што ќе се случи со нас по смртта?

Замисли си човек да изгради луксузен дворец, да го опреми со најсовремена технологија, и кога ќе заврши со изградбата - одеднаш, без никаква причина - целосно да го сруши. Дали можеме таквиот човек да го опишеме како мудар? Зарем не се подразбира дека таквата постапка е залудна и недолична за еден разумен човек?

Па ако таков чин е неприфатлив за човекот, како тогаш да замислиме дека Аллах - Мудриот и Сезнајниот - го создал овој величествен универзум со креативност и совршенство, а потоа да го уништи бесцелно или без мудрост?

Аллах ги создал луѓето за една возвишена цел - да Го обожуваат само Него, без да Му припишуваат здруженик. Ги создал за да ги стави на испит на овој свет и им одредил ден кога ќе бидат оживеани на Судниот ден за да одговараат за своите дела. Оној кој верувал во Аллах и се одѕвил на Неговиот повик, ќе ги добие благодатите на Џенетот, каде што ќе престојува вечно, а оној кој се одвратил од вистината ќе биде од жителите на Огнот.

Ибадетот е задолжителна обврска, бидејќи е целта на нашето постоење и  доказ за нашата благодарност и признавањето дека Аллах е Господар и дека единствено Тој е достоен за обожување.

Размисли за тоа дека Возвишениот Аллах е Тој што те создал, ти дарувал слух и вид и те опкружил со неброени благодати. Тој е Оној што овозможува крвта да тече во твоите вени и те снабдува со вода и воздух, а ти во секој миг имаш потреба од Него. Да не беше Неговата милост и грижа, ќе пропаднеше и твојата сила ќе исчезнеше. Возвишениот Аллах дури и се погрижил за твоето снабдување додека сè уште беше фетус во утробата на мајка ти - кога беше немоќен и немаше никаква контрола над себеси.

Зарем овој Возвишен Создател не заслужува да го обожуваш онака како што Тој сака, а не онака како што ти сакаш?! Размисли, кога би сакал да ѝ подариш подарок на мајка ти, дали би го избрал она што тебе ти се допаѓа, или би се потрудил да дознаеш што таа сака - за да ја израдуваш со нешто што ѝ одговара? Исто така е и со обожувањето на Аллах, џелле ве ‘ала, тоа не треба да биде според нашите страсти или наследени обичаи, туку онака како што Тој, Севишниот, сака и на начинот на кој ни наредил.

Обожувањето мора да биде посветено единствено на Возвишениот Аллах, Кој нема содружник, и не му е дозволено на човекот да го насочува обожувањето кон некој друг освен кон својот Создател. Најтешкиот грев, кој е причина за вечниот престој во Огнот, е ширкот – тоа е кога човекот обожува некој друг освен Аллах, од Неговите созданија, како што е обожувањето идоли, сонцето или месечината, или пак обожување човек, животно или добар човек. Сето тоа се видови на ширк и куфр, и оној кој ќе умре во таква состојба, неговата казна ќе биде вечниот престој во Џехенемскиот оган.

Возвишениот Аллах испратил многу веровесници и пратеници за да нè известат за целта на нашето постоење на овој свет и за смислата на животот. Пораката на сите пратеници беше една и единствена: пораката на исламот и повикот да се обожува единствено Создателот, Кој нема здруженик. Меѓутоа, имаше и такви кои го искривија и го изменија она што го донесоа претходните пратеници. Затоа, Аллах го испрати последниот пратеник, Мухамед, и му ја објави последната порака за човештвото, а тоа е Благородниот Куран. Постојат многубројни рационални и научни докази кои потврдуваат дека Куранот е Аллахов говор и дека тој е единствената книга која не претрпела никакво искривување или измена. Аллах нè известил во Куранот дека нема да прифати од човекот ниедна друга вера освен исламот, и дека пораката на сите пратеници била една: повикот кон тевхидот - верување во едноштвото на Создателот и Негово обожување, без да Му се припишува здруженик. Исто така, Аллах, во Куранот, нè известил, дека за верниците е подготвен Џенетот (Рајот) и вечното уживање во него, а за оние кои обожувале некој друг освен Аллах или одбиле да го прифатат исламот, подготвен е Оганот (пеколот) и болното страдање во него.

Она што го издвојува исламот од другите религии е тоа што муслиманите се единствените кои можат да понудат рационални докази и научни факти, повикувајќи се на веродостојни извори на знаење, за да докажат дека Благородниот Куран – кој денес е во нивни раце – е говор на Аллах, Создателот, славен нека е Тој, сочуван од промени и искривувања.

Благородниот Куран е книга која Аллах му ја објави на Својот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и со неа го предизвика човештвото – пред повеќе од четиринаесет векови – да состават нешто слично на него, или барем една сура (поглавје) слична на него, но тие не можеа да го направат тоа. Овој предизвик останува до денешен ден, без никој да може да донесе нешто што ќе му биде слично во реториката, изразот, натприродноста и верозаконот. И покрај тоа, никој низ вековите не успеал да состави нешто слично, па дури ни приближно на него. Натприродноста на Куранот не е само во неговиот јазик, кој го достигнал врвот на елоквентноста и јасноста, туку се протега и на рационалните и научните докази што потврдуваат дека тој е Аллахов говор. А ако Благородниот Куран содржи јасни докази кои потврдуваат дека е Аллахов говор, тогаш рационално и логично е да се верува во него и да се следи она што е објавено во него, наместо да се потпира на други книги кои биле изложени на човечка интервенција и изменети.

Здравиот разум нè води кон заклучокот дека говорот на Создателот, Кој го создал универзумот и го усовршил неговиот систем, е највистинитиот извор за спознавање на вистината. А кога во Куранот ќе ја најдеме оваа јазична натприродност, научните вистини и сеопфатните прописи – заедно со неговата сочуваност од искривување низ вековите – тогаш неизбежно се прифаќа дека тоа е говор на Аллах.

Према тоа, верувањето во Куранот не претставува само верски избор, туку е и рационална одлука што се усогласува со логиката на потрагата по вистината.

Возвишениот Аллах во Чесниот Куран појаснил дека не нѐ создал залудно, туку нѐ создал за да Го обожуваме.

Аллах во Куранот нѐ известил дека животот на овој свет е само привремена етапа која наскоро ќе заврши, но вистинскиот и вечниот живот ќе биде на оној свет, кога верниците ќе влезат во Џенетот, а неверниците во Огнот.

Создателот, Кој нè создал од ништо, со сигурност е способен да нè оживее по смртта. Во Аллаховите знаци околу нас, во вселената, сведочиме за опипливи докази за Неговата безгранична моќ да го оживее она што било мртво. Како што Аллах го дава огнот од зеленото дрво, ги извлекува посевите и плодовите од сувата земја и создава плод во утробата на мајката од капка семе – така Тој, Возвишениот, е способен да ги оживее мртвите и повторно да ги оживее од нивните гробови заради добивање награда и казна на Судниот ден. На Аллах ништо не му е тешко, и неправедно би било животот на насилникот и на угнетениот да заврши без пресметка, награда или казна.

Човекот може да се запраша: Зошто токму исламот, а не некоја друга вера?

Најголемата одлика што го разликува човекот од другите суштества е разумот, а неговата функција е размислувањето и потрагата по вистината.

Исламот е вера што е во согласност со здравиот разум и чистата човечка природа, бидејќи нуди логични одговори на големите егзистенцијални прашања: Зошто сме тука? Која е целта на нашиот живот? И кое е нашето конечно одредиште по смртта?

Исламот се темели врз обожувањето само на Создателот и на сведоштвото дека нема друг вистински бог освен Аллах. Ова е првото сведоштво и темелот на верувањето во исламот, кое значи дека нема друг бог кој со право се обожува освен Аллах Единствениот.

Ова сведоштвого го содржи следново:

Тевхидот - односно верување во едно божество достојно за обожување, единствено, без здруженик, без припишување син и рамен Нему.

Одрекување од ширкот - односно отфрлање на сите идоли и божества создадени или измислени од страна на  луѓето.

Исламот наложува верување во сите пратеници. Затоа муслиманите веруваат, како што Аллах нè известил во Куранот, дека Иса (Исус) е Аллахов роб и пратеник, а не Негов син; бидејќи Аллах е Возвишен и воздигнат е Тој над тоа да има сопруга или дете, затоа што Тој е независен од нив и од сè друго. Аллах нè известил во Куранот дека Иса бил пратеник кому му беа дадени многу чуда и знаци, и дека беше испратен да го повика својот народ да го обожуваат само Аллах, без да Му припишуваат здруженик. Исто така, нè известил дека Иса не барал од луѓето да го обожуваат него, туку тој самиот го обожувал својот Создател. Затоа, ако сакаш да бидеш вистински верник во Иса, на начин кој Аллах го сака, тогаш прифати го исламот.

Аллах во Куранот нè известил дека Иса на својот народ му наредил да го обожуваат само Аллах и ги предупредил да не Му припишуваат здруженик.

Дали е логично разумниот човек да обожува создание еднакво на себеси – кое чувствува глад и жед, и не може да се заштити од смрт или штета?! Како можеш, о човеку, да го обожуваш Иса, синот на Мерјем (Марија), кога тој е човек кому му биле потребни храна и вода, и кој Му се обраќал на својот Создател со молитва?! Може ли разумот да замисли дека Бог се моли Сам на Себе?! Зарем Аллах не е Тој што се одликува со Величественост, Единствен во Своето совршенство, чист од секаква сличност или споредба, и зарем не е сè што постои во вселената под Неговата моќ и власт? Како може да се сфати дека Создателот на небесата и Земјата се спуштил за да се роди како дете, а потоа да им се предаде на Своите созданија за да го распнат? Оние што се распнуваат и убиваат се смртни луѓе, а Создателот е Живиот, Кој не умира – Вечниот, Кого не Го обзема ниту дремка ниту сон. Зарем не е дел од совршенството на Неговата Големина и Величественост да биде чист од такво нешто?

Аллах во Благородниот Куран нè известува дека сите Пратеници дошле со една единствена порака: да ги повикуваат своите народи кон обожување Аллах Единствениот, Кому никој не Му е рамен. Меѓутоа, со текот на времето, некои ја искривиле оваа вечна порака, па ја засениле светлината на монотеизмот што ја донеле веровесниците. Поради тоа, Аллах го испратил последниот Пратеник, Мухамед салаллаху алејхи ве селем, и му го објавил Благородниот Куран за да ја обнови пораката на монотеизмот со која дошле сите Пратеници пред него.

И на крајот ти велиме, о човеку:

Исламот е вера на разумот и човечката природа, и таа е единствената вера што Возвишениот Создател ја пропишал за човештвото. Затоа, секоја разумна личност треба веднаш да го прифати исламот – верувајќи во Аллах како Господар, во исламот како вера и во Мухамед како пратеник. Ова не е прашање на избор, бидејќи Аллах на Судниот ден ќе ги праша луѓето дали се одзвале на повикот на пратениците. Оној кој бил верник го очекува голем успех и спас, а оној кој бил неверник – неизбежна пропаст.

Ако ја бараш вистинската среќа на овој свет и спасението на идниот, тогаш знај дека најголемата одлука што можеш да ја донесеш во својот живот е да го прифатиш исламот. Треба само да ги изговориш овие зборови искрено и со верничко срце: „Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник“. Потоа, почни да учиш за твојата вера и да постапуваш според она што го налагаат двете сведоштва, а тоа е верувањето во Аллах и Неговиот пратеник и придржување кон столбовите на исламот.

Изговори го тоа сега - не двоуми се, зашто смртта може да дојде ненадејно! Затоа не одложувај толку важна одлука, не му дозволувај на шејтанот да те одврати од доброто, биди храбар и започни го својот пат кон светлината и упатството.

Донеси ја одлуката сега, и започни нов живот исполнет со спокој и задоволство.

Сведочам дека нема друг вистински бог освен Аллах, и сведочам дека Мухамед е Аллахов пратеник.