الدروس المهمة لعامة الأمة
Важни лекции за сите муслимани Неговата еминенција шејхот Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Вовед на авторот: Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, крајниот исход е во полза на богобојазливите. Аллаховиот мир и спас нека се над Неговиот роб и пратеник, нашиот Пејгамбер - Мухаммед, и над неговото семејство и сите негови асхаби.
These files are generated automatically from the book's text; their layout may differ from the printed edition.
Важни лекции за сите муслимани
Неговата еминенција шејхот
Абдулазиз б. Абдулах б. Баз, Аллах нека е милостив кон него.
Вовед на авторот:
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, крајниот исход е во полза на богобојазливите. Аллаховиот мир и спас нека се над Неговиот роб и пратеник, нашиот Пејгамбер - Мухаммед, и над неговото семејство и сите негови асхаби.
Во продолжение велам:
Пред вас е книга која во кратки црти го објаснува она што секој муслиман треба да го знае за верата Ислам со наслов: 'Важни лекции за сите муслимани'.
Аллах го молам да даде да им биде од корист на муслиманите, од мене да го прими ова дело, Тој навистина е Дарежлив и Благороден.
Абдул Азиз б. Абдуллах ибн Баз Важни лекции за секој муслиман [1] [1] Меџму’ул Фетава вел-Мекалат ел-Мутеневви'ах (3/288-298).
Прва лекција: Поглавјето Ел Фатиха и кратките курански поглавја
Поглавјето Ел Фатиха и што може од кратките сури од Ез Зелзеле до Ен Нас. Истите треба да се подучуваат, да се рецитираат со корекција при грешка, да се научат наизуст и да се објасни како треба да се разберат.
Втора лекција: Столбовите на Исламот
Објаснување на петте столбови на исламот, а првиот и најважниот е: Сведочењето дека нема друг вустински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божји пратеник. Се појаснува значењето и условите кои треба да ги исполни ова сведоштво. Со „Ла илахе“ се негира секое лажно божество што се обожува, а со „Ил-лаллах“ се потврдува обожувањето на Аллах кому никој и ништо не му се рамни. Условите за исправноста на ова сведоштво (на ЛА ИЛАХЕ ИЛЛАЛЛАХ) се: знаењето кое е спротивно на незнаењето, убеденоста која е спротивна на сомнежот, искреноста во исповедање на верата која е спротивна на ширкот/многубоштвото, вистинитоста која е спротивна на лагата, љубовта која е спротивна на омразата, покорност и извршување на неговите должности кое е спротивно на напуштањето, прифаќањето кое е спротивно на отфрлањето и негирањето на сѐ она што се обожува покрај Аллах. Спомнатите услови се собрани во овие два стиха:
Знаење, убеденост, искреност и вистинитост... со љубов предаденост и прифаќање. И додај го осмиот услов ... да негираш сè што се обожува, освен Аллах .
Истовремено треба да се појасни и сведоштвото дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, што значи: да веруваме дека е вистина сѐ она за што нѐ извести, да му се покоруваме во сѐ она што ни нареди, да се оддалечуваме од сѐ она што ни го забрани и од кое не одврати, и да не се обожува Аллах освен онака како што пропишале Возвишениот Аллах и Неговиот пратеник, Аллаховиот мир и спас нека се над него. Потоа на ученикот ќе му се објаснат останатите столбови на исламот, а тоа се: намазот, зекатот, постот на месец Рамазан и аџилакот во Аллаховата света куќа (Ќаба) за оној којшто има можност.
Трета лекција: Столбовите на иманот
Иманот има шест столбови: Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот ден и да веруваш во одредбата, била добра или лоша, бидејќи сето тоа е од Возвишениот Аллах.
Четврта лекција: Категории на тевхидот и категории на ширкот
Објаснување на категориите на теухидот, а тоа се три категории: Теухид рубубијје, теухид улухијје и теухидул-есмаи вес-сифат
Тевхид рубубије: верувањето дека Аллах е Создател на сѐ, управува со сѐ и Тој нема партнер во тоа.
Тевхид улухије: верувањето дека Севишниот Аллах е единствениот кој се обожува со право и дека никој друг го нема тоа право. Тоа е значењето на формулата „Ла илахе иллаллах“ никој со право не се обожува освен Аллах, и сите ибадети: како намазот, постот и друго, треба искрено да му се посветат на Единствениот Бог и ништо од тоа не е дозволено да му се посвети на некој друг освен Него.
Тевхид ел-есмаи вес-сифат: верувањето во сите Аллахови имиња и атрибути спомнати во Благородниот Куран и автентичниот Сунет, да ги потврдуваме онака како му доликуваат само Нему, без искривување на значењата, без нивно негирање, без објаснување на нивната форма и без споредување, спроведувајќи ги во пракса зборовите на Возвишениот Аллах: ,,Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден. и никој не Му е рамен!'“ (Ел Ихлас, 1-4) И Неговите зборови: „Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“ [Еш Шура: 11] Некои алими теухидот го поделиле на две категории, така што Теухидул-есмаи вес-сифат го внесоа во делот на Теухиду рубубијје. Во таквата поделба нема ништо спорно бидејќи на крај се сведува на исто значење.
Категориите на ширк се три: голем ширк, мал ширк и скриен ширк.
Последици на големиот ширк се поништување на делата и вечен престој во џехенемскиот оган. Така ќе се казни секој што ќе направи голем ширк и ќе умре без да се покае. Аллах, за него вели: ,,А да Му припишуваа здруженик, сигурно ќе им пропаднеше тоа што го правеа." [Ел Енам, 88] Аллах, Возвишениот, исто така рекол: „Многубошците не се достојни Аллаховите џамии да ги одржуваат, кога, дека се неверници, самите признаваат. Делата нивни ќе се поништат и во Огнот вечно ќе останат.“ [Ет Теубе, 17] На човекот кој ќе умре чинејќи ширк, нема да му биде простено и ќе му биде забранет влезот во Џенетот. Како што Возвишениот Аллах вели: ,,Аллах нема да прости ако нешто Му се здружува, а ќе прости сè освен тоа, кому Тој сака!" (Ен Ниса, 48) Возвишениот исто така вели: „Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во Џенетот и неговото живеалиште ќе биде Џехенемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ [Ел Маиде, 72]
Во видови на големиот ширк спаѓаат: молитва упатена на мртвите или идолите, барање на помош од нив, завет на мртвите или киповите, принесување на курбан за истите и слично.
За мал ширк се смета сѐ она кое според текстовите на Куранот и Сунетот се именува како ширк, но не влегува во категоријата голем ширк; како што е преправање во некои дела, да се заколнеме во нешто друго покрај Аллах, и да кажеме: 'тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој', и слично. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и спас нека се над него, рекол: ,,Најголем страв за вас ми предизвикува малиот ширк, па го прашале за него, а тој одговорил: Разубавување на делата кога некој нѐ гледа или слуша-Рија." [2] Хадисот го бележат имам Ахмед, Таберани и Бејхаки од Махмуд б. Лебид Ел Енсари, Аллах нека е задоволен со него, со добар синџир на преносители. Го бележи и Таберани со добри синџири на пренесување од Махмуд б. Лебид, од Рафи' ибн Хадиџ од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. [2] Го бележат имамот Ахмед (5/428), Таберани во Ел Кебир (4/338) и Ел Бејхаки во Еш Шу‘аб (14/355). Во Меџме‘уз Зеваид (1/121) е запишано: го пренеува Ахмед и пренесувачите се доверливи.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол: ,,Кој ќе се заколне во некого/нешто друго освен Аллах, направил ширк." [3] Го бележи имамот Ахмед со добар синџир на пренесувачи од Омер ибн Ел Хатаб, радијаллаху анху. Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи со автентичен синџир на пренесувачи од Ибн Омер, радијаллаху анхума, од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол: ,,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк)." [4] Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,,Немој да велите: 'Тоа што го сака Аллах и го сака тој и тој', туку кажете: 'Тоа што го сака Аллах, па потоа тоа што го сака тој и тој." [5] Го бележи Ебу Давуд со автентичен синџир, од Хузејфе ибн ел Јеман, радијаллаху анху. [3] Го бележи имамот Ахмед (1/41) [4] Го бележат Ебу Давуд со број (3251) и Тирмизи со број (1535). [5] Го бележат Ебу Давуд со број (4980) и Ахмед (5/384).
Овој вид на ширк не предизвикува отпадништво од верата, ниту е причина за вечна казна во огнот. Со овој вид на ширк тевхидот е непотполн, но сепак валиден.
Трет вид: Скриен ширк за кој доказ е хадисот во кој е кажано: „,Сакате ли да ве известам за нешто, кое, за вас, ме плаши повеќе од Деџалот?‘ – Одговорија: ,Секако дека сакаме, Аллахов пратенику.‘ Рече: ,Скриениот ширк; човек ќе стане да клања па ќе го разубави својот намаз, затоа што некој го гледа.‘“ [6] Го пренесува имамот Ахмед во неговиот Муснед, од Ебу Сеид Ел Худри, радијаллаху анху. [6] Го бележат Ибн Маџе со број (4204) и имам Ахмед (3/30).
Ширкот исто така може да се подели и на само два вида:
Голем и мал ширк, додека скриениот ширк ги опфаќа и двата вида. Скриениот ширк може да биде голем ширк, како што е ширкот на лицемерите; затоа што тие ги кријат нивните лажни верувања, и се прикажуваат како муслимани, само заради преправање и стравувајќи за себе.
А може да биде и мал ширк, како што е преправањето/рија, спомнат во хадисот на Махмуд б. Лебид ел Енсари цитиран претходно, и хадисот на Ебу Сеид кој исто така го спомнавме. Од Аллаховата помош зависи нашиот успех.
Петта лекција: Ихсанот
Столб на ихсанот е да го обожуваме Аллах како да го гледаме, иако ние не можеме да го видиме, Тој нас нѐ гледа.
Шеста лекција: Шартови (услови) на намазот
Тоа се девет шартови:
1. Ислам, 2. Разум, 3. Темјиз (возраста кога детето почнува да знае што му користи и што му наштетува), 4. Чистотијата (абдест или гусул), 5. Отстранување на нечистотијата (од телото, облеката и местото каде ќе клањаме), 6. Соодветна облека која ги покрива интимните места, 7. Настапување на времето за намаз, 8. Свртување кон кибла, 9. Нијет (намера).
Седма лекција: Рукнови (столбови) на намазот
Тоа се четиринаесет рукнови:
1. Стоење во намазот (за тие што тоа го можат), 2. Почетниот текбир, 3. Рецитирање на сурата Ел Фатиха, 4. Поклонување во намаз (руку), 5. Потполно исправање после враќање од на руку, 6. Сеџда со седум дела на телото, 7. Потполно исправање по сеџдата, 8. Седењето помеѓу двете сеџди, 9. Смиреност во сите постапки од намазот, 10. Редоследот помеѓу рукновите/столбовите, 11. Последниот тешехуд (еттехијату...), 12. Седење поради последниот тешехуд, 13. Салаватите за Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, 14. Предавањето на двата селама.
Осма лекција: Ваџиби (обврски) во намазот
Ги има осум:
1. Сите текбири освен почетниот, 2. Изговарање на 'Семи'аллаху лимен хамидех', за имамот и тој што клања сам, 3. Изговарање на 'Раббена ве лекел хамд за сите', 4. Изговарање на 'Субхане раббијел азим' при поклонување/руку, 5. Изговарање на 'Субхане раббијел е'ла' на сеџда, 6. Изговарање на 'Рабби'гфир ли' помеѓу две сеџди, 7. Првиот тешехуд, 8. Седење при првиот тешехуд.
Деветта лекција: Појаснување на тешехудот
Тешехуд е да се изговори следното:
Ет-техијату лил-лахи, вес-салавату, вет-тајјибату, ес-селаму ‘алејке ејјухен-небијју, ве рахметуллахи, ве берекатуху. Ес-Селаму ’алејна ве‘ала ’ибадиллахис-салихин. Ешхеду ен ла илахе иллАллах, ве ешхеду енне Мухаммеден ‘абдуху ве ресулуху. (Најубав поздрав, почести и секое добро му припаѓаат на Аллах! Нека ти е мир и спас, Пратенику, милост и благослов Божји! Нека е мир и спас на нас и на сите други Аллахови добри робови! Сведочам дека нема друг бог освен Аллах и сведочам дека Мухаммед е Аллахов роб и пратеник.)
Потоа се додава салават на Пратеникот -алејхисселам, и се бара берекет за него, па вели: Аллахуме, сали ‘ала Мухаммед, ве‘ала Али-Мухаммед, кема саллејте ‘ала Ибрахиме, ве‘ала Али-Ибрахим, иннеке Хамиду-н-Меџид. Ве барик ‘ала Мухаммед, ве‘ала Али-Мухаммед кема баректе ‘ала Ибрахиме, ве‘ала Али-Ибрахиме, иннеке Хамиду-н-Меџид! (Алаху мој, дај им спас на Мухаммед и на семејството негово (и воздигни го нивниот спомен), како што им даде спас на Ибрахим и на семејството негово (и го воздигна нивниот спомен), Ти си, навистина, за благодарност Достоен и Величествен! Алаху мој, дај им благослов на Мухаммед и на семејството негово, како што им даде благослов на Ибрахим и на семејството негово, Ти си, навистина, за благодарност Достоен и Величествен!)
Потоа на последниот тешехуд бара заштита кај Аллах од страдањата џехеннемски, гробните маки, искушенијата на животот и смртта и од искушенијата на Деџалот. Потоа може, на Аллах, да му упати какви што сака дови. Се препорачуваат дови спомнати во Суннетот, од нив е и:
Аллахумме е'инни ала зикрике ве шукрике ве хусни 'ибадетике. Аллахумме инни залемту нефси зулмен кесирен ве ла јегфиру-з-зунубе илла Енте фегфир ли магфиретен мин 'индике вер-рхамни иннеке Енте Ел Гафур Ер-Рахим. (Аллаху мој помогни ми да те спомнувам, да ти се заблагодарувам и на најдобар начин ибадет да Ти чинам. Аллаху мој, себеси навистина многу неправди си нанесов, и никој не ги простува гревовите освен Тебе, па од Тебе подари ми простување, и смилувај ми се, Ти навистина си Простувач и Сомилосен.)
Кога се работи за првиот тешехуд, после изговарање на двата шехадета (после ет-техијјату), станува на третиот рекат за пладне, икиндија, акшам и јација намаз. Доколку ги изговори и салаватите за Божјиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, тоа е подобро; заради општите хадиси кои зборуваат за тоа. По салаватите ќе стане на третиот рекат.
Десетта лекција: Сунети во намазот
Сунети во намазот се:
1. Довата со која се почнува намазот по првиот текбир.
2. Ставање на десната рака врз левата рака на градите, при стоење во намаз, пред и после поклонот/руку.
3. Подигање на рацете, со составени прсти и дланки кон кибла, во висина на рамената или ушите, при првиот текбир, при спуштање на руку, при исправање по руку и при станување од првиот тешехуд кон трет рекат.
4. Изговарањето на довите на руку (субхане раббијел азиим) и на сеџда (субхане раббијел е'ла) повеќе од еднаш.
5. Она што се додава по изговарањето на (Раббена ве лекел хамд) по исправањето од поклонот/руку, и она што се изговара повеќе од еднаш во довата за барање опрост (раббигфир ли) помеѓу двете сеџди.
6, Главата да биде на ниво рамно со грбот при поклонот/руку.
7. Одвојување на надлактиците од двете страни на телото, стомакот од бутовите и бутовите од потколениците за време на сеџдето.
8. Одвојување (подигање) на подлактиците од земјата при сеџда.
9. Седење врз положеното лево стопало додека десното е исправено (со прстите од стапалото свртени кон Кибла), при првиот тешехуд и помеѓу двете сеџди.
10. Теверук при последниот тешехуд на намазите кои имаат три или четири рекати а тоа значи: се седи врз левиот бут и дебело месо, левото стапало се става под потколеницата од десната нога, додека десното стапало е исправено (потпирајќи се врз прстите свртени кон Кибла).
11. Покажување со показалецот на првиот и вториот тешехуд од почетокот на седнување до крајот и негово благо придвижување при изговарање на дова.
12. Салавати и молба за бериќет за Мухамед и за семејството на Мухамед -слејхисселам, и за Ибрахим и семејството на Ибрахим во првиот тешехуд.
13. Изговарање на пропишаните дови на последниот тешехуд.
14. Рецитирање на глас на сабах намаз, џума намаз, бајрамските намази, намазот за дожд, и на првите два реката на акшам и јација намазите.
15. Рецитирање во себе на пладневниот и икиндискиот намаз, на третиот рекат на акшамскиот намаз и на последните два реката на јацискиот намаз.
16. Рецитирање на делови од Куранот после поглавјето Ел Фатиха, имајќи ги предвид останатите сунети во намазот покрај оние кои ги спомнавме. Такви се додавањето дова по (Раббена лекел хамд) по исправање од руку, за имамот, тој што клања зад имам и за тој што клања сам. Тука спаѓа ставањето на дланките на колена со благо раширени прсти при поклон/руку.
Единаесетта лекција: Постапки кои го расипуваат намазот.
Намазот се расипува со овие осум постапки:
1. Да се зборува намерно и свесно во намаз, знаејќи дека тоа е забрането. Ако тоа го направи заборавајќи или од незнаење, намазот не се расипува.
2. Гласно смеење.
3. Јадење.
4. Пиење.
5. Откривање на срамно место.
6. Големо свртување од правецот на Кибла.
7. Многубројните, едно по друго, движења во намазот.
8. Губењето на абдестот.
Дванаесетта лекција: Услови на абдестот
Абдестот има десет услови:
1. Ислам, 2. Разум, 3. Темјиз (возраста кога детето почнува да разликува добро и лошо), 4. Нијет, 5. Задржување на ниетот; да нема намера да го прекине ниетот сѐ до завршувањето на абдестот, 6.Прекинот на секоја причина што го обврзува абдестот, 7. Чистење со вода или користење на камења и сл. пред да се земе абдест, 8. Водата да е чиста и дозволена да се користи, 9. Од кожата да се отстрани сѐ она кое спречува водата да ја допре кожата, 10. Настапување на времето за секој намаз, посебно кај лицата со постојана нечистотија.
Тринаесетта лекција: Фарзовите на абдестот
Абдестот има шест фарзови:
Миењето на лицето кое вклучува испирање на устата (мадмада) и носот (истиншак). Миење на подлактиците со сѐ лактовите, триење на целата глава со сѐ ушите, миење на стапалата со сѐ глуждовите, по редослед и да не се дозволи сушење на некој дел од телото пред целосно да се земе абдест. Препорачано е повторување на миењето на лицето, рацете и стапалата по трипати. Истото е препорачано и за испирањето на носот и устата. Обврска е тоа да се направи еднаш, а што се однесува до триењето на главата; не е препорачано тоа да се повторува повеќепати, бидејќи на тоа укажуваат автентичните хадиси.
Четиринаесетта лекција: Со што се расипува абдестот?
Абдестот се расипува во овие шест ситуации:
1. Сѐ што излегува на еден од двата телесни отвора (аналниот и уринарниот), 2. Излегување на голема количина нечистотија од телото, 3. Губење на свеста со спиење или на друг начин, 4. Директно допирање со раката на половиот орган или аналниот отвор без некаква преграда, 5. Јадење на месо од камила, 6. И отпадништво од исламот, Аллах нека нѐ заштити, нас и муслиманите од такво нешто.
Важна напомена: Тој што бања (гусули) мртов човек, исправно е дека тоа не го расипува абдестот, и ова е став на поголемиот број на учените луѓе (алими), бидејќи нема доказ кој обврзува со земање абдест. Исклучок е ако тој што бања мртов човек директно (без ракавици) го допре половиот орган на мртовецот, во оваа ситуација обавезно е да се земе абдест.
Тој е должен да не го допре половиот орган на мртвиот без ракавици или нешто што го спречува директниот допир. Човек со абдест ако допре жена, не му се расипува абдестот, било да се работи за допирање со страст или без страст - според поисправното мислење на учените, сè додека од него не излезе нешто, затоа што Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги бакнувал некои од своите сопруги, потоа клањал без да го обнови абдестот.
Што се однесува до ајетите во поглавјата Ен Ниса и Ел Маиде: „...или ако сте биле во допир со жените...“ (Ен Ниса, 43] [Ел Маиде, 6] Тука се мисли на полов однос, според поточното мислење на исламиските зналци. Таков е и ставот на Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, и на голем број на учени луѓе од првите и од подоцнежните генерации. Аллах е Тој кој Едини дава успех.
Петнаесетта лекција: Пропишаните морални особини кои треба да го красат секој муслиман
Дел од нив се: искреноста, доверливоста, чедноста, срамежливоста, храброста, дарежливоста, верноста, да се чуваме од сѐ што Возвишениот Аллах го забранил, убав однос кон комшиите, помагање на сите оние кои имаат потреба според можностите и сите оние карактерни особини на кои укажуваат Благородниот Куран и Сунетот.
Шеснаесетта лекција: Исламските манири кои треба да го красат муслиманот
За убави манири се сметаат: Поздравување со селам, ведрината на лицето, јадење и пиење со десна рака, со претходно изговарање на ,,Бисмиллах", искажување благодарност кон Аллах по јадењето и пиењето, искажување благодарност кон Аллах по кивање - на тој што кива и изговара ,,Елхамдулиллах" да му се каже ,,Јерхамукаллах", посета на болните, следењето на џеназите - клањањето на џеназе намаз и присуство при закопот. Тука спаѓаат и исламските манири при влегувањето во џамија, куќа, при излегување, при патување, во односот кон родителите, роднините и соседите, возрасните и децата, честитањето за новороденче, брак, искажувањето на сочувство при смрт, како и други исламски манири при облекување, соблекување и обување.
Седумнаесетта лекција: Предупредување од ширкот (многубоштвото) и видови на гревови.
Најголеми гревови се седумте гревови кои предизвикуваат пропаст: Многубоштвото (ширкот) кон Возвишениот Аллах, маѓијата (сихрот), убиство на оној кој Возвишениот Аллах забранил да се убива освен со право, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле, клеветењето на чесните, верните и чедните вернички.
Во групата на големи гревови спаѓаат и: Непослушност кон родителите, прекинувањето на роднинските врски, лажното сведочење, лажната заклетва, неправда кон луѓето во однос на животите, имотот и честа, конзумирањето на алкохолни пијалаци, коцкањето, озборувањето, пренесувањето на туѓи зборови, и сѐ она кое го забраниле Аллах, Возвишениот, и Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Осумнаесетта лекција: Подготовка на мртовецот, обавување на џеназе намазот и закопот
Следи појаснување:
Прво: Се препорачува човек кој е на смртната постела да се потсетува на сведоштвото „Ла илахе иллаллах“ а на тоа укажува следниот хадис: „Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“ Го бележи Муслим во неговиот Сахих. Овој хадис се однесува на оние луѓе кај кои се појавиле знаци на смртта (на смртна постела). [7] Го бележи Муслим со броевите (916 и 917)
Второ: Кога ќе се потврди смртта ќе му се затворат очите, ќе му се подврзе брадата. Ова е потврдено во Сунетот.
Трето: Обврска е починатиот муслиман да се избања, освен ако не е шехид кој загинал во битка. Шехидот не се бања, не му се клања џеназе намаз и се закопува со својата облека. Таква била праксата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со шехидите од битката кај Ухуд, не ги бањале ниту им клањале џеназе намаз.
Најпрво треба да му се покријат срамните делови на телото, потоа се подигнува малку и благо му се притиска стомакот. Оној кој го бања починатиот, околу дланката ќе обвитка крпа и со неа ќе ги исчисти местата каде излегува урината и изметот, а потоа му се зема абдест како што се зема абдест за намаз. Потоа со вода во која има сидр или нешто слично (сапун, шампон) ќе ги измие главата и брадата. Следи миење на неговата десна па потоа лева страна од телото. Истото ќе го повтори двапати и трипати и при секое повторување со рака ќе помине преку стомакот и ако нешто излезе истото ќе го измие. Потоа аналниот отвор ќе го блокира со памук или слично, а ако тоа не биде доволно се користи глина или некое современо медицинство средство како фластер.
Четврто: Опис на бањањето (гусул) на починатиот
Исто така ќе го повтори и абдестот. Доколку не се постигне чистота со трипати, миењето ќе се повтори петпати или седумпати, потоа се суши со ткаенина и се става парфем на скриените делови на телото, како и врз местата со кои правел сеџда. Препорачано е доколку има можност целото тело да се премачка со парфем, а ќефинот ќе се намириса со миризлив чад (вид на мирис). Доколку мустаќите или ноктите му се долги ќе ги скрати, но не е спорно и да ги остави. Не треба да ја чешла неговата коса, да ги бричи срамните влакна ниту да го обрежува. За тие работи нема доказ. На жена ќе ѝ се исплетат три плетенки на косата и ќе ѝ се спуштат одзади.
Петто: Замотување во ќефин
За машко најдобро е да се замота во три бели ткаенини во кои нема ниту кошула ниту турбан; како што беше направено со Аллаховиот Пратеник, Аллаховиот мир и спас нека се над него. Се завиткува во овие платна целосно. Ако, пак, се завитка во кошула (горна облека), долна облека и покривка (која ќе го опфати целото тело), тоа исто така е прифатливо.
За женско лице се користат пет ќефини, за градниот кош (дир'), за главата (химар), за долниот дел на телото (изар) и две прекривки (за да го покријат целото тело). За мало дете доволен е еден до три ќефини, додека пак мало девојче се замотува во кошула (камис) и две прекривки.
Обврската за сите починати е да се завиткаат барем во едно парче облека што го покрива целото тело. Доколку умрениот бил во состојба на ихрам, ќе се избања со вода во која има сидр и негови ќефини ќе бидат неговите или некои други ихрами. Нема да му се покрие главата, ниту лицето и нема да се намирисува; затоа што тој ќе биде проживеан изговарајќи ја телбијата, како што се спомнува во еден автентичен/сахих хадис на Аллаховиоѕ Пратеник -саллаллаху алејхи ве селлем. Жената која умрела во состојба на ихрам се замотува во ќефин како што е практика за жените, но нема да се намирисува и нема да ѝ се става никаб врз лицето ниту пак ракавици. Сепак, лицето и рацете ѝ се покриваат со материјалот со кој е завиткана, согласно со претходно опишаниот начин на завиткување на жената.
Шесто: Лицата со најголемо право да го извршат миењето, молитвата и закопот на починатиот
Тој кого починатиот го назначил како извршител, потоа таткото, па дедото и тие кои се поблиску од машката (татковата) страна на роднините.
За миењето не починатата жена најголемо право има лицето кому тоа му е оставено како аманет, потоа мајката, па бабата и најблиските по ред од женските роднини. Сопружниците имаат право да се гусулат еден на друг; затоа што Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со него, по смртта бил избањан од страна на неговата сопруга, како што и Али, Аллах нека е задоволен со него, ја измил неговата сопруга Фатима, Аллах нека е задоволен со неа.
Седмо: Опис на џеназе намазот
Овој намаз се состои од четири текбири, по првиот текбир се чита поглавјето Ел Фатиха, ако на тоа поглавје му се додаде кратко поглавје од Куранот или еден, два ајета ќе направи добро. Ова го потврдува веродостојниот хадис кој го пренесува Ибн Абас, радијаллаху анхума. По вториот текбир ќе ги проучи салаватите врз Аллаховиот пратеник, алејхис-селам, како при седењето за тешехудот. Потоа го изговара третиот текбир и вели: (Аллахумме гфир ли хајјина ве мејјитина ве шахидина ве гаибина ве сагирина ве кебирина ве зекерина ве унсана, Аллахумме мен ехјејтеху минна фе ехјихи алел ислам ве мен тевеффејтеху минна фе тевеффеху алел иман. Аллахумме гфир леху верхамху ве афихи ве'фу анху ве екрим нузулеху ве веси' мудхалеху вегсилху бил маи вес-селџ вел беред, ве неккихи минел хатаја кема јунекка ес-сеубул ебједу минед-денес ве ебдилху дарен хајрен мин дарихи ве ехлен хајрен мин ехлихи ве едхилху ел џеннете ве е'изху мин азабил кабр ве азабин-нар, вефсах леху фи кабрихи ве неввир леху фихи. Аллахумме ла тухримна еџреху ве ла тудиллена бе'адеху) (Аллаху мој, прости им на живите и мртвите, на присутните и отсутните, на малите и големите, на машките и женските! Аллаху мој, ако дадеш да живееме, тогаш дај ни да живееме во исламот, а ако одредиш да умреме, дај да умреме со иман! Аллаху мој, покриј ги неговите лоши дела и смилувај му се, заштити го и прости му, Почести го со благословено живеалиште и влезот простран направи му го, и искапи го со вода, снег и мраз и исчисти го од гревовите како што се чисти белата облека од нечистотијата, и замени го неговиот дом со подобар, а неговото семејство со подобро, воведи го во Џенетот и заштити го од казната во гробот и од казната во огнот. Дај гробот да му биде простран и осветлен! Аллаху мој, не лишувај нѐ од наградите (за сè што правиме) и не заведувај нѐ по него.) Потоа го изговара четвртиот текбир и предава селам, еднаш на десната страна.
Убаво е да се подигнат рацете при секој текбир. Доколку починатиот е жена, ќе каже (Аллахумме-гфир леха-Аллаху наш прости ѝ), доколку се двајца ќе каже (Аллахумме-гфир лехума-Аллаху наш прости им на обајцата) а доколку се повеќе од двајца ќе каже (Аллахумме-гфир лехум-Аллаху наш прости им на сите). Доколку е малолетен, наместо довата во која се бара да му се прости, се изговара: (Аллахуммеџ'алху фератен ве зухрен ливалидејхи ве шефи'ан муџабен, Аллахумме секкил бихи мевазинехума, ве е'азим бихи уџурехума ве елхикху би салихи селефил му'минине, веџ'алху фи кефалети Ибрахиме алејхи салату ве селам, ве кихи бирахметике азабел-џехим). О, Аллах, нека биде претходник и гарантирана награда за неговите родители, дај да се заземе за нив и тоа заземање да се прими, О Аллах, зголеми ја со него тежината на вагата на нивните добри дела, зголеми ја нивната награда, придружи го со добрите претходници од верниците, смести го под закрилата на Ибрахим, алејхи селам, и со Твојата милост заштити го од страдањето во пеколниот оган:
Сунет е кај машко џеназе имамот да застане наспроти главата на умрениот, кај женско џеназе ќе застане наспроти нејзината половина. Доколку има повеќе џенази, поблиску до имамот е машкото а поблиску до Киблата е женското. Ако има и деца, редоследот е: машкото женазе се става пред женското, потоа следи женското, а на крај детето. Главата на машкото дете е на ниво на главата на возрасен маж, половината на женското џеназе е на ниво на главата на машкото џеназе, а главата на женското дете е на ниво на главата на возрасна жена, а ако е зад возрасен маж, половината треба да биде на ниво на главата на возрасен маж. Сите клањачи се редат зад имамот, освен ако се работи за еден клањач кој не нашол место зад имамот тогаш застанува од десната страна на имамот.
Осмо: Опис на закопот
Пропишано е длабочината на гробот да биде до појасот на маж и да се прокопа вдлабнување (лехд) во страната на гробот што е кон Кибла. Умрениот се става во тоа вдлабнување на неговата десна страна свртен кон Кибла, се разврзуваат заврските на ќефинот, но не се отстрануваат и така се оставаат. Лицето не се открива ниту на машко ниту на женско џеназе. Потоа во вдлабнувањето се поставуваат тули, кои се зацврстуваат со глина за да го заштитат телото од земјата. Доколку нема цигли може да се користат и даски или камења или дрва, за да не паѓа земјата врз починатиот. Потоа се покрива со земја и се препорачува да се каже (Бисмиллах ве 'ала миллети расулиллах), “Во името на Аллах и според верата на Аллаховиот пратеник„. Гробот може да се подигне во висина до една педа, се прекрива со камења доколку постои можност и се попрскува со вода.
Пропишано е тие кои присуствуваат на закопот да застанат покрај гробот и да се молат за умрениот, затоа што Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, по закопот застанувал покрај гробот и велел: „Барајте прошка за вашиот брат и молете се Аллах да го зацврсти, затоа што тој сега се испитува.“ [8]. [8] Го бележат Ебу Давуд со број (3221) и Хаким (3/399).
Деветто: Пропишано е за оној кој не присуствувал на џеназе намаз, да му клања на починатиот и после неговото закопување.
Таква е праксата на Божјиот пратеник - саллаллаху алејхи ве селлем, но само доколку од смртта не поминале повеќе од еден месец. Ако помине повеќе од еден месец, тогаш не е пропишано да се изврши молитва над гробот, бидејќи не е пренесено дека Пратеникот -саллаллаху алејхи ве селлем, некогаш клањал над гроб по истекот на еден месец од закопот на починатиот.
Десетто: На семејството на починатиот не му е дозволено да подготвува храна за луѓето; Заради зборовите на Џерир б. Абдуллах Ел Беџели, познатиот асхаб, Аллах нека е задоволен со него: ,,Собирот кај семејството на умрениот и подготовката на храна по закопот ја сметавме за недозволено оплакување (на умрениот)". [9] Го пренесува имамот Ахмед со добар синџир на пренесувачи. [9] Го бележат Ибн Маџе со број (1612) и имамот Ахмед (2/204).
А додека подготовката на храна за нив лично и за нивните гости не е спорна. Препорачано е роднините и соседите да подготват храна за нив. Кога на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му беше соопштено дека Џафер ибн ебу Талиб умрел во Шам, наредил неговото семејство да подготви храна за семејството на Џафер, и рекол: ,,Им се случи нешто што ги преокупира." [10]. [10] Муслим во Ел Џенаиз (976), Ен Несаи во Ел Џенаиз (2034), Ебу Давуд во Ел Џенаиз (3234), Ибн Маџе во Ма џае фил-Џенаиз (1569) и Ахмед (2/441).
Нема пречка семејството на умрениот да ги повика соседите или други да јадат од храната која им била подарена. Немаме знаење дека за тоа постои шеријатски одредено време.
Единаесетта точка: На жената не ѝ е дозволено да тагува по починатиот повеќе од три дена, освен на сопругата за нејзиниот сопруг.
Нејзина должност е да тагува за својот сопруг четири месеци и десет дена, освен ако е бремена, тогаш тагува сè до породувањето. Сунетот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го потврдува тоа.
На мажите не им е дозволено да манифестираат тага за кој било умрен роднина или некој друг.
Дванаесетто: На мажите им е пропишано повремено да ги посетуваат гробиштата, да се молат и да бараат милост за умрените, како и да се потсетуваат на смртта и на сѐ што се следи по неа.
Поради зборовите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,,Посетувајте ги гробиштата, тие ве потсетуваат на идниот свет-ахиретот." [11] Хадисот го бележи Муслим во неговиот Сахих. [11] Го бележи Ибн Маџе со број (1569) и Албани го оценува како сахих.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги поучуваше своите асхаби кога ќе ги посетат гробиштата да речат: ,,Есселаму алејкум ехле дијари минел му'минине вел муслимине ве инна иншаАллаху бикум лахикун, нес'елуллахе лена ве лекум ел'афије. Рахималлаху елмутекаддимине минна вел мусте'хирине." (Аллаховиот мир нека е со вас, жители на овие домови верници и муслимани, и ние -ин шаа Аллах ќе ви се придружиме. Аллах го молам за наша и ваша заштита. Аллах нека им се смилува на претходниците од нас и на подоцнежните.) [12] [12] Го бележи Муслим со број (975).
Што се однесува на жените, тие немаат право да ги посетуваат гробиштата, затоа што Божјиот пратеник, алејхи селам, ги проколнал жените кои ги посетуваат гробишатата. Постои основано стравување дека тие при посетата можат да бидат ставени на искушение, да не покажат трпение. На жените не им е дозволено и да ја следат погребната поговорка, бидејќи тоа го забранил Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем. Џеназе намазот за починатиот во џамија и во мусала е пропишан и за мажите и за жените еднакво.
Ова е последното што го напишавме во оваа кратка брошура. Аллаховиот благослов и мир нека се врз Мухаммед, врз неговото семејство и неговите следбеници.
Related books
All books
نبذة في العقيدة الإسلامية (شرح أصول الإيمان)75 јазициالإسلاميةالإيماننبذة في العقيدة الإسلامية (شرح أصول الإيمان)
رسالة لطيفة تتناول أصول العقيدة الإسلامية بأسلوب مبسط وميسر. تبدأ بمقدمة حول أهمية علم التوحيد، كونه أشرف العلوم وأجلّها، ثم تتناول مفهوم الدين الإسلامي وأركانه الخمسة: الشهادتان، والصلاة، والزكاة، والصوم، والحج. كما يشرح الإيمان بالله، وملائكته، وكتبه، ورسله، واليوم الآخر، ويؤكد على أهمية التوحيد في بناء دين المسلم بشكل سليم. الكتاب يهدف إلى تعزيز الفهم الصحيح للعقيدة الإسلامية وتطبيقها في حياة المسلم اليومية.
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот71 јазициКонцизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
Исламот Важна книга која содржи концизна дефиниција на исламот, ги објаснува главните основи, учења и одлики на истиот, според автентичните извори, Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот. Оваа книга им се обраќа на сите оние кои се обврзани да го следат исламот, во секое време и простор, на муслиманите и на немуслиманите на јазик кој го разбираат. Истата ги зема предвид нивните специфични услови и особености. (верзија која содржи докази од Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот) Исламот е Божја порака до сите луѓе, тој е божествена порака, последна и вечна, со неа се…
Кратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот61 јазициКратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Исламот [1] (Примерок без наведени аргументи) [1] Постои друга дополнета верзија на оваа порака со докази од Куранот и Сунетот за секое прашање. Можете да погледнете преку линкот: https://islamhouse.com/ar/books/2830071 Ова е важна порака која нуди краток и јасен вовед во исламот, објаснувајќи ги неговите основни принципи, учења и доблести, извлечени од оригиналните извори на Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот. Пораката е наменета за сите луѓе, муслимани и немуслимани, на сите јазици, во секое време и место, без разлика на…
Речник на големите гревови13 јазициРечник на големите гревови
Книгата нуди детално објаснување за најважните големи гревови во исламот, - почнувајќи од ширкот кон Аллах, лажните тврдења кои му се припишуваат на Аллах и Неговиот пратеник, новотариите, лицемерното преправање, па сè до оставањето на намазот, блудот и кражбата. Книгата, исто така, ги појаснува последиците и штетите од овие големи гревови и на овој и на оној свет, наведувајќи докази од Куранот и Сунетот, а се осврнува и на начините за заштита и лечење од овие гревови - преку покајание, богобојазливост и добри дела.