الدعاء ويليه العلاج بالرقى من الكتاب والسنة
Довата и лечењето со рукја од Куранот и Сунетот
Довата и лечењето со рукја од Куранот и Сунетот
Дови од Куранот и Сунетот
Автор:
Аллаховиот роб Д-р Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани
„На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња – како ќе прават, така ќе бидат казнети!“ (Ел Араф, 180)
Аллах - Ел-Еввел (Првиот) - Ел-Ахир (Последниот) - Ез-Захир (Видливиот) - Ел-Батин (Невидливиот) - Ел-Алијј (Возвишениот) - Ел-А'ла (Највозвишениот)
Ел-Мутеал (Возвишениот) - Ел-Азим (Величествениот) - (Ел-Меџид) Славниот - Ел-Кебир (Големиот) - Ес-Семи' (Тој што сè слуша) - Ел-Бесир (Тој што сè гледа) - Ел-Алим (Тој што сè знае) -
Ел-Хабир (Тој што е известен за сè) - Ел-Хамид (Достојниот за слава и благодарност) - Ел-Азиз (Семоќниот) - Ел-Кадир (Тој што сè може) - Ел-Муктедир (Апсолутно Семоќниот) - Ел-Кавиј (Силниот) -
Ел-Метин (Моќниот)- Ел-Ганиј (Богатиот) - Ел-Хаким (Мудриот) - Ел-Халим (Благиот) - Ел-Афув (Тој што преку гревовите поминува) - Ел-Гафур (Тој што простува) - Ел-Гафар (Тој што многу простува) -
Ет-Тевваб (Тој што го прима покајанието) - Ер-Ракиб (Тој што сѐ надгледува) - Еш-Шехид (Сведокот) - Ел-Хафиз (Заштитникот) - Ел-Латиф (Благиот) - Ел-Кариб (Блискиот) - Ел-Муџиб (Тој што се одѕива) -
Ел-Ведуд (Тој што неизмерно сака) - Еш-Шакир (Благодарниот) - Еш-Шекур (Оној што изобилно наградува) - Ес-Сејјид (Господарот) - Ес-Самед (Оној што е прибежиште секому) - Ел-Кахир (Покорувачот) - Ел-Каххар (Сенадмоќниот) -
Ел-Џеббар (Надмоќниот) - Ел-Хасиб (Тој пред кој ќе полагаме сметка) - Ел-Хади (Упатувачот) - Ел-Хакем (Судијата) - Ел-Куддус (Светиот) - Ес-Селам (Тој што е без недостатоци) - Ел-Берр (Доброчинителот) -
Ел-Веххаб (обилниот Дарувач) - Ер-Рахман (Семилосниот) - Ер-Рахим (Милостивиот) - Ел-Керим (Благородниот) - Ел-Екрем (Најблагородниот) - Ер-Реуф (Сомилосниот) - Ел-Феттах (Отворачот-Тој што дава победа) -
Ер-Разик (Снабдувачот) - Ер-Резак (Оној Кој обилно снабдува) - Ел-Хајј (Вечно Живиот) - Ел-Кајјум (Самопостоечкиот) – Ер-Рабб (Господарот) - Ел-Мелик (Владетелот) - Ел-Мелиик (Суверениот) -
Ел-Вахид (Единиот) - Ел-Ехад (Единствениот) - Ел-Мутекеббир (Гордиот) - Ел-Халик (Создателот) Ел-Халлак (Тој што создава сè) - Ел-Бари (Тој што создава од ништо) - Ел-Мусаввир (Тој што му дава облик на сè) -
Ел-Мумин (Тој што му дава сигурност секому) - Ел-Мухејмин (Тој што бдее над секого) - Ел-Мухит (Тој што опфаќа сè) - Ел-Мукит (Тој што бдее над сè) - Ел-Векил (Заштитникот) - Ел-Кафи (Доволниот) - Ел-Васи' (Сеопфатниот) -
Ел-Хакк (Вистинитиот) – Ел-Џемил (Убавиот) – Ер-Рефик (Благиот) – Ел-Хајијј (Срамежливиот) – Ес-Ситтир (Прекривачот) – Ел-Илех (Бог, Обожуваниот) - Ел-Кабид (Тој што стега) -
Ел-Басит (Оној што пружа) - Ел-Му'ти (Давателот) - Ел-Мукадим (Тој што унапредува) - Ел-Муехир (Тој што уназадува) - Ел-Мубин (Јасниот) - Ел-Менан (Тој што многу дава) -Ел-Велијј (Заштитникот) -
Ел-Мевла (Заштитникот) - Ен-Несиир (Помагачот) - Еш-Шафи (Лекувачот) - Маликул-Мулк (Поседувателот на власта) - Џами'ун-Нас (Собирачот на луѓето) -
Нурус-семавати вел-ерди (Светлината на небесата и Земјата) - Зул-Џелали Вел-Икрам (Величествениот и Благородниот) - Беди'ус-семавати вел-ерди (Создателот на небесата и Земјата) [1] [1] Погледни ги овие имиња со нивните докази од Куранот и Сунетот во книгата: „Објаснување на Аллаховите најубави имиња во светло на Куранот и Сунетот“... од авторот.
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
Вовед
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме, од Него помош и прошка бараме. Бараме засолниште кај Него од злото на нашите души и нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го заведе, а кого ќе го остави во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник. Аллаховиот мир и благослов нека се над него, неговото семејство, неговите асхаби и сите коишто ги следат во добрина сè до Судниот ден. А потоа велам:
Ова е скратено издание од мојата книга „Зикр, дова и лечење со рукја од Куранот и Сунетот“[2], во кое го скратив делот за довата за полесна употреба, додадов дови и корисни поуки, иншаллах. Го молам Возвишениот Аллах со Неговите најубави имиња и возвишени својства да го направи ова дело искрено, имајќи го за цел Неговото благородно Лице. Навистина, Тој е во можност да го стори тоа. [2] Споменатото дело, благодарноста му припаѓа на Аллах, е отпечатено со опширна рецензија на хадисите и се состои од четири тома: Зикрови (Хиснул-муслим) во првиот и вториот том, дови во третиот том, и лечењето со рукја во четвртиот том.
Аллаховиот благослов, мир и бериќет нека се врз нашиот Пратеник Мухамед, врз неговото семејство, неговите асхаби и одбраните следбеници сè до Судниот ден.
Напишано од: Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани
Напишано во месецот Шабан, 1408 година според хиџретскиот календар.
Вредноста на довата
Возвишениот Аллах вели: „Господарот ваш рече: ,Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во Џехенем.‘“ (Ел Мумин, 60) Тој исто така рекол: „А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Затоа, нека се одѕвијат тие на Мојот повик и нека веруваат во Мене, за да бидат на Вистинскиот пат.“ (Ел Бекаре, 186) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Довата е ибадет, вашиот Господар рече: ,Молете Ми се а Јас ќе ви се одѕвијам.‘“[3], Тој, салаллаху алејхи ве селем, исто така, рекол: „Вашиот Господар - Благословен и Возвишен нека е Тој - е срамежлив и благороден; се срами да го остави Својот роб со празни раце кога ќе ги подигне (со дова) кон Него.“[4], Во друг хадис е кажано: „Секој муслиман кој ќе упати дова во која нема грев ниту прекин на роднинските врски, Аллах ќе му подари една од трите работи: или ќе му ја исполни брзо, или ќе му ја сочува за Ахирет, или ќе отстрани од него зло во иста мера.“ Па прашале: „Тогаш, да ги зачестиме довите?“, а тој одговорил: „Аллах дава повеќе.“ [5] [3] Го бележат Ебу Давуд, 2/78, со број 1481, Тирмизи, 5/211, со број 2959, и Ибн Маџе, 2/1258, со број 3828, а Албани, рахимехуллах, го оценил како веродостоен во Сахихул Џами‘ис Сагир, 3/150, и во Сахих Ибн Маџе, 2/324. [4] Го бележат Ебу Давуд 2/78, со број 1488, Тирмизи 5/557, со број 3556 и Ибн Маџе 2/1271, со број 3865. Ибн Хаџер вели: „Неговиот синџир на пренесувачи е добар“, а Албани го оценил како сахих (автентичен) во Сахих Тирмизи 3/179. [5] Го бележат Тирмизи, 5/566 и 5/462, со број 3573, и Ахмед, 3/18, со број 11150, а Албани го оценил како сахих во Сахихул Џами‘ис Сагир, 5/116, и Сахих Сунен Ет Тирмизи, 3/140.
Од етикетите на довата и причините за нејзиното прифаќање се [6]: [6] Види ги овие едеби и причини за прифаќање на довата, со нивните докази, во оригиналот, 3/927-975.
1. Искреност во името на Аллах.
2. Да започне со благодарност кон Аллах и пофалба искажана Нему, потоа со салават на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и со истото да ја заврши.
3. Одлучност во довата и цврста увереност во нејзиното прифаќање.
4. Упорност во довата и воздржаност од брзање.
5. Присуство на срцето при довата.
6. Да се упатува дова и во благосостојба и при тешкотии.
7. Да се бара единствено од Аллах.
8. Да не се упатува дова против своето семејство, имот, децата или себеси.
9. Неподигање на гласот при довата, треба да биде помеѓу шепотењето и гласниот говор.
10. Признавање на гревот и барање прошка за него, како и признавање на благодатите и заблагодарување на Аллах за нив.
11. Избегнување на извештачено и неприродно римување при дова.
12. Молење со понизност, скрушеност, со надеж во Аллах и со стравопочит од Него.
13. Враќање на узурпираните права на нивните сопственици, заедно со покајание.
14. Повторување на довата трипати.
15. Свртување кон киблата (Мека).
16. Подигање на рацете при дова.
17. Земање абдест пред довата, ако е можно.
18. Да не се премине дозволеното во довата.
19. Кога човек моли за друг, нека започне прво со за себеси.[7] [7] Потврдено е од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека понекогаш ја започнувал довата прво за себеси, а понекогаш не, како во неговите дови за Енес, Ибн Абас, Уму Исмаил и за други. За подетално објаснување на ова прашање, види: „Шерх Сахих Муслим“ од ен-Невеви, 15/144, „Тухфетул-Ахведи“ - коментар на Сунен ет-Тирмизи, 9/328, и „Фетхул-Бари“ - коментар на Сахих ел-Бухари, 1/281.
20. Да бара приближување кон Аллах преку Неговите најубави имиња и возвишени својства, или преку добро дело што самиот тој го направил, или преку довата на побожен човек кој е жив и присутен.
21. Храната, пијалакот и облеката да бидат стекнати на халал/дозволен начин.
22. Да не се молиме за нешто што претставува грев или прекин на роднинските врски.
23. Да наредува добро и да одвраќа од злото.
24. Да се воздржува од сите гревови.
Времиња, состојбите и местата во кои довата се прима [8]: [8] Види ги овие времиња, состојби и места со нивните докази детално во оригиналното издание, 3/975-1117.
1. Лејлетул Кадр.
2. Доцниот дел од ноќта.
3. По пропишаните (фарз) намази.
4. Помеѓу езанот и икаметот.
5. Во одреден час од секоја ноќ.
6. При повикот за задолжителните намази.
7. Кога врне дожд.
8. Кога ќе се постројат борбените редови на Аллаховиот пат.
9. Одреден час од петочниот ден.
Мислењето кое поблиску до вистината е дека тоа време е последниот час од времето на икиндискиот намаз во петок, а можно е да биде и за време на хутбето и намазот џума.
10. При пиење Земзем вода со искрена намера.
11. Кога сме на сеџда.
12. Кога ќе се разбудиме од сон ноќе, со изговарање на довата која е пренесена за таа пригода.
13. Кога ќе заспиеме со абдест и ќе се разбудиме во текот на ноќта, и ќе упатиме дова.
14. При изговарање на довата: ((Нема друг вистински Бог освен Тебе, славен си, јас сум навистина еден од неправедниците)).
15. Дова на луѓето за тој што умрел веднаш по смртта на починатиот.
16. Дова по пофалбата упатена до Аллах и испраќањето салават врз Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, при последниот тешехуд.
17. Молење на Аллах со Неговото највозвишено Име, со кое кога ќе биде повикан, Тој се одѕива, а кога ќе биде замолен со него, Тој дарува.[9] (9) Види „Највозвишеното Аллахово име“ во хадисите број 203, 104 и 105 од оваа книга.
18. Дова на муслиманот за својот брат муслиман при негово отсуство.
19. Довата на денот на Арафат во долината Арафат.
20. Дова во текот на месецот Рамазан.
21. Кога муслиманите се собираат на собири на кои се спомнува Аллах.
22- Довата при несреќа: „Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме, Аллаху мој, дај ми награда во ова мое искушение, и загубеното надомести ми го со нешто подобро.“
23. Дова кога срцето е целосно насочено кон Аллах и кога искреноста е најсилна.
24. Довата на оштетениот против оној што му нанел неправда.
25. Довата на родителот за своето дете, и против своето дете.
26. Довата на патникот.
27. Довата на постачот се додека не прекине со постот.
28. Дова на постачот при прекинување со постот.
29. Довата на оној што е во невоља.
30. Довата на праведниот имам (владетел).
31. Довата на добродетелното дете за своите родители.
32. Довата по изговарањето на пропишаната дова по абдестот.
33. Дова по каменувањето на малото џемре (столб на Мина).
34. Дова по каменувањето на средното џемре (столб на Мина).
35. Довата во внатрешноста на Ќабата, а оној што клања во Хиџрот, и тој се смета како да е во внатрешноста, бидејќи Хиџрот е дел е од Ќабата.
36. Довата на ридот Сафа.
37. Довата на ридот Мерва.
38. Довата кај местото Мешарул-Харам.
Верникот постојано треба да Му упатува дова на својот Господар, каде и да се наоѓа, затоа што Возвишениот Аллах вели: „А кога робовите Мои ќе те прашаат за Мене, Јас сум, сигурно, блиску: се одѕивам на молбата на молителот кога ќе Ме замоли. Затоа, нека се одѕвијат тие на Мојот повик и нека веруваат во Мене, за да бидат на Вистинскиот пат.“ (Ел Бекаре, 186) Но, на овие времиња, состојби и места им се посветува посебна грижа.
Дова од Куранот и Сунетот
Благодарноста Му припаѓа единствено на Аллах. Салават и селам нека се врз последниот Пратеник.
1. „Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот. Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите! Семилосниот, Милостивиот. Владетелот на Судниот ден. Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме! Упати нè на Правиот пат. На патот на тие на коишто благодатта им ја подари, а не на тие коишто гневот го предизвикаа ниту на тие што заталкаа!“ (Ел Фатиха, 1-7)
2. „Господару наш, прими го ова од нас, бидејќи Ти, навистина, сè слушаш и сè знаеш!“ (Ел Бекаре, 127)
3. „И прости ни, бидејќи Ти го примаш покајувањето и Милостив си!“ (Ел Бекаре, 128)
4. „Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот!“ (Ел Бекаре, 201)
5. „Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.“ (Ел Бекаре, 285)
6.„Господару наш, не казнувај нè ако заборавиме или ако нешто не сакајќи направиме! Господару наш, не товари нè со товарот кој си им го натоварил на тие пред нас! Господару наш, не оптоварувај нè со тоа за кое немаме сила! Избриши ни ги гревовите наши, прости ни и смилувај ни се! Ти си нашиот Господар, па помогни ни против народот кој не верува!“ (Ел Бекаре, 286)
7. „Господару наш, не скршнувај ги срцата наши откако веќе си нè упатил, и подари ни ја Својата милост! Ти си, навистина, обилниот Дарувач!“ (Али Имран, 8)
8. „Господару наш, ние навистина веруваме, па прости ни ги гревовите наши и сочувај нè од страдањето во Огнот!“ (Али Имран, 16)
9. „Господару мој, подари ми од Себе честит потомок, бидејќи Ти, навистина, молбата ја слушаш!“ (Али Имран, 38)
10. „Господару наш, ние веруваме во тоа што Ти го објави и Пратеникот го следиме, па забележи нè како сведоци на верата!“ (Али Имран, 53)
11. „Господару наш, прости ни ги гревовите наши и неумереноста наша во постапките наши, зацврсти ни ги чекорите наши и помогни ни против народот невернички!“ (Али Имран, 147)
12. „Господару наш, ти ова не го создаде залудно! Возвишен си Ти и сочувај нè од казната во Огнот! Господару наш, тој кого Ти во Огнот ќе го фрлиш, веќе си го понижил, а на насилниците никој на помош нема да им дојде! Господару наш, ние го чувме гласникот кој повикува во верата: ,Верувајте во вашиот Господар!‘, па поверувавме. Господару наш, прости ни ги гревовите наши и покриј ни ги лошите постапки наши и усмрти нè со добрите! Господару наш, дај ни го тоа што ни го вети преку Пратениците Свои и немој да нè понижиш на Судниот ден! Ти, навистина, не го прекршуваш Своето ветување!“ (Али Имран, 191-194)
13. „Господару наш, ние веруваме, па забележи нè како сведоци на верата!“ (Ел Маиде, 83)
14. „Господару наш, самите себеси насилство си сторивме, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно ќе бидеме изгубени.“ (Ел Араф, 23)
15. „Господару наш, не давај ни да бидеме со неправедните луѓе!“ (Ел Араф, 47)
16. Аллаху мој - „Ти си нашиот Господар, па прости ни и смилувај ни се! А Ти си најдобриот Простувач! И досуди ни добро на овој свет и на оној свет.“ (Ел Араф, 155-156)
17. „Мене ми е доволен Аллах, нема бог освен Него; само на Него се потпирам, Тој е Господар на Аршот величествен!“ (Ет Теубе, 129)
18. „Господару наш, немој да направиш ние да бидеме искушение за луѓето-насилници, и спаси нè, со Својата милост, од народот кој не верува!“ (Јунус, 85-86)
19. „Господару мој, кај Тебе јас барам засолниште да не Те молам повеќе за тоа што не го знам! Ако не ми простиш и не ми се смилуваш, јас ќе бидам изгубен.“ (Худ, 47)
20. Аллаху мој - „О, Создателу на небесата и на Земјата, Ти си Заштитникот мој и на овој и на оној свет; дај да умрам како муслиман и придружи ме со тие што се добри!“ (Јусуф, 101) [10] [10] За дополнителна корист, види: Китаб Ел-Феваид од Ибн Кајим, стр. 436 и 437.
21. „Господару мој, направи го овој град безбеден и сочувај ме мене и синовите мои од тоа да обожуваме кипови.“ (Ибрахим, 35)
22. „Господару мој, дај ми јас и потомците мои да го извршуваме намазот (молитвата); Господару мој, ти услишај ја молбата моја!“ (Ибрахим, 40)
23. ,„Господару наш, прости ми мене, и на родителите мои и на сите верници – на Денот кога ќе се полага сметка (за делата)!“ (Ибрахим, 41)
24. „Господару наш, подари ни ја Својата милост и пружи ни во оваа наша постапка вистинско упатство.“ (Кехф, 10).
25. „Господару мој, распространи ги градите мои, и олесни ми ја задачата моја, одврзи го јазолот од јазикот мој, за да го разберат мојот збор.“ (Та Ха, 25-28)
26. „Господару мој, Ти знаењето мое зголеми го!“ (Та Ха, 114)
27. „Нема бог освен Тебе, Славен си! Јас, навистина, бев од тие што си сторија насилство!“ (Ел Енбија, 87)
28. „Господару мој, не оставај ме сам, а Ти си Најдобриот Наследник!“ (Ел Енбија, 89)
29. „Господару мој, Ти се обраќам за заштита од шејтанските дошепнувања и Тебе, Господару мој, Ти се обраќам да ме заштитиш од нивното присуство.“ (Ел Муминун, 97-98)
30. „Господару наш, ние веруваме, затоа прости ни и смилувај ни се, бидејќи Ти си Најмилостивиот!“ (Ел Муминун, 109)
31. „Господару мој, прости и смилувај се, Ти си најдобриот Семилосник!“ (Ел Муминун, 118)
32. „Господару наш, поштеди нè од страдањето во Џехенемот затоа што страдањето во него е навистина неминовна пропаст, тој е лошо престојувалиште и живеалиште;“ (Ел Фуркан, 65-66)
33. „Господару наш, подари ни во жените наши и во децата наши радост, и направи нè предводници на богобојазливите!“ (Ел Фуркан, 74)
34. „Господару мој, подари ми мудрост и придружи ме кон добрите и направи по добро да ме спомнуваат тие што по мене ќе дојдат и направи ме еден од тие кој џенетските благодати ќе ги наследи.“ (Еш Шуара, 83-85)
35. „И не посрамотувај ме на Денот кога луѓето ќе бидат оживеани, на Денот кога никакво богатство, а ни синовите, нема од корист да бидат, само тој што кај Аллах со чисто срце ќе дојде, спасен ќе биде.“ (Еш Шуара, 87-89)
36. „Господару мој, вдахни ми да бидам благодарен на благодатта Твоја, која ми ја укажа мене и на родителите мои, и да правам добри дела за задоволството Твое, и внеси ме, со милоста Своја, меѓу добрите робови Свои!“ (Ен Немл, 19)
37. „Господару мој, јас себеси зло си нанесов, прости ми!“ (Ел Касас, 16)
38. „Господару мој, спаси ме од народот насилнички.“ (Ел Касас, 21)
39. „Господарот мој, ќе ми го покаже патот!“ (Eл Касас, 22)
40. „Господару мој, навистина имам потреба за било какво добро да ми дадеш!“ (Ел Касас, 24)
41. „Господару мој, помогни ми против народот кој прави неред!“ (Ел Анкебут, 30)
42. „Господару мој, подари ми честито потомство!“ (Ес Сафат, 100)
43. „Господару мој, упати ме да Ти бидам благодарен на Твојата благодат, која што си ми ја подарил мене и на моите родители, и да правам добро со коешто си Ти задоволен, и направи ги добри потомците мои! Јас навистина пред Тебе се покајувам и јас сум муслиман, предан на Тебе.“ (Ел Ахкаф, 15)
44. „Господару наш, прости ни нам и на браќата наши кои во верата нè претекнаа и не допуштај во срцата наши да има ниту малку злоба кон верниците; Господару наш, Ти си, навистина, добар и Милостив!“ (Ел Хашр, 10)
45. „Господару наш, на Тебе се потпираме и Тебе Ти се обраќаме и кај Тебе ќе се вратиме.“ (Ел Мумтехине, 4)
46. „Не допуштај, Господару наш, да нè ставиш на искушение на неверниците и прости ни, Господару наш! Ти си навистина Силниот и Мудриот.“ (Ел Мумтехине, 5)
47. „Господару мој, прости ми мене, и на родителите мои, и на тој што како верник во домот мој ќе влезе, и на верниците и верничките.“ (Нух, 28)
48. „,Господару наш, направи го потполно светлото наше и прости ни, бидејќи Ти, навистина, можеш сè.“ (Ет Тахрим, 8)
49. „Аллаху, упати ме, со Твоја дозвола, во вистината околу која не можат да се сложат. Ти кого сакаш го упатуваш на правиот пат.“ [11] [11] Извлечено од Ел Бекаре, 213.
50. „Аллаху мој, дарувај ми ја мудроста, зашто на тој на кого му е дадена, дадено му е големо добро.“ [12] [12] Извлечено од Ел Бекаре, 269.
51. „Аллаху мој, зацврсти ме со постојани зборови на овој свет и на оној свет.“ [13] [13] Извлечено од Ибрахим, 27.
52. „Аллаху наш, омили ни го иманот и разубави го во нашите срца, а омрази ни ги неверието, грешењето и непослушноста, и направи нè од упатените.“ [14] [14] Извлечено од Ел Хуџурат, 7.
53. „Аллаху мој, заштити ме од скржавоста на мојата душа и направи ме од успешните.“ [15] [15] Извлечено од Ет Тегабун, 16.
54. „Господару наш, дај ни добро на овој и на оној свет и сочувај нè од казната во огнот.“ [16] [16] Бухари, бр. 4522, и бр. 6389, и Муслим, бр. 2690.
55. „Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од искушението на пеколот и казната во пеколот, од искушението во гробот и казната во гробот, од злото на искушението на богатството и злото на искушението на сиромаштијата. Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од злото на искушението на лажниот месих Деџал. Аллаху мој, измиј го срцето мое со вода од снег и град, и очисти го срцето мое од гревовите како што ја чистиш белата облека од нечистотија, и направи раздалечина меѓу мене и моите гревови како што си направил раздалечина меѓу истокот и западот. Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од мрзеливоста, гревовите и задолжувањето.“ [17]. [17] Бухари, бр. 832, и Муслим, бр. 589.
56. „Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од немоќта, мрзливоста, кукавичлукот, длабоката старост и скржавоста, и Те молам да ме заштитиш од казната во гробот и од искушенијата на животот и смртта." [18] [18]Го бележат Бухари, бр. 2823, и Муслим, бр. 2706.
57. „О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од тежината на несреќата, и од достигнувањето на бедата, и од лошата одредба, и злорадоста на непријателите.“ [19] [19] Го бележат Бухари, бр. 6347, и Муслим, бр. 2707, а неговиот текст гласи: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, барал заштита од тешките искушенија, од запаѓање во несреќа, од лошата одредба и од злорадоста на непријателите.“
58. „Аллаху мој, поправи ја мојата вера која е моја сигурност, дај ми добро на овој свет затоа што тука живеам, уреди го мојот ахирет (оној свет) каде ќе бидам оживеан, направи мојот живот да биде зголемување на секое добро, а смртта спас од сѐ што е лошо.“ [20] [20] Го бележи Муслим со број 2720.
59. „Аллаху мој, Те молам за упатство, побожност, чедност и независност од луѓето.“ [21] [21] Го бележи Муслим со број 2721.
60. „Аллаху мој, барам заштита од Тебе од немоќта, мрзеливоста, кукавичлукот, скржавоста, длабоката старост и од казната во гробот. Аллаху мој, подари ѝ на мојата душа богобојазливост и оплемени ја, Ти си најдобриот Кој ја оплеменува. Ти си нејзин Заштитник и Господар. Аллаху мој, барам заштита од Тебе од знаење кое не користи, од срце кое не е скрушено, од душа која е незаситна и од молба која не се услишува.“ [22] [22] Го бележи Муслим со број 2722.
61. „,О Аллаху, упати ме и дај ми исправност, Аллаху мој, Те молам за упатство и исправност.“ [23] [23] Го бележи Муслим со број 2725.
62. „О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од губењето на Твоите благодати, од промените на Твојата благосостојба, од ненадејноста на Твојата казна и сиот Твој гнев.“ [24] [24] Го бележи Муслим со број 2739.
63. „Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од злото што го сторив, и од злото што не го сторив.“ [25] [25] Го бележи Муслим со број 2716.
64. „,Аллаху мој, зголеми го мојот имот и моите деца, и дај ми бериќет (благослов) во она што ми го даде.“ [26] „(и продолжи го мојот живот во покорност кон Тебе, и подобри ги моите дела,) и прости ми.“ [27] [26] Доказ за тоа е довата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Енес: „Аллаху, намножи го неговиот имот и деца и дај му бериќет во она кое Ти му го даваш.“ Бухари, бр. 1982 и Муслим, бр. 660. [27] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред, број 653, а Албани го оценил како веродостоен во Ес Силсиле Ес Сахиха, број 2241, и во Сахих Ел Едеб Ел Муфред, стр. 244. Ова се поткрепува со зборовите на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кога бил запрашан: „Кои се најдобрите луѓе?“, па одговорил: „Оној чиј живот е долг, а делата добри.“ Тирмизи, број 2329, и Ахмед, број 17716, Албани го оценил како веродостоен во Сахих Тирмизи, 2/271. Го прашав нашиот почитуван шејх Ибн Баз, Аллах нека е милостив со него, за оваа дова и дали е од Сунет? Тој одговори: „Да.“
65. „,Нема друг вистински Бог освен Големиот и Благиот, Нема друг вистински Бог освен Господарот на возвишениот трон, Нема друг вистински Бог освен Господарот на небесата, Господар на Земјата, и Господар на Тронот величествен.“ [28] [28] Бухари, бр. 6345, и Муслим, бр. 2730.
66. „Аллаху мој, на Твојата милост се надевам, не ме оставај на самиот себеси дури ни колку да трепнам со око, поправи ја мојата состојба, Ти си единствен вистински Бог.“ [29] [29] Ебу Давуд, со број 5090, и Ахмед, 5/42, а Албани го оценил како хасен (добар) во делото Сахих Еби Давуд, 3/250, и во делото Сахих Ел-Едеб Ел-Муфред, 260, и неговиот синџир на пренесувачи го оценил како хасен (добар) и шејхот Ибн Баз во делото Тухфетул-Ахјар, стр. 24.
67. „Нема друг бог освен Тебе, славен нека си Ти, јас навистина бев еден од насилниците!“ [30] [30] Го бележат Ет-Тирмизи, бр. 3505, и Ел-Хаким, 1/505, кој го смета за веродостоен, а со него се согласил и Ез-Зехеби. За веродостоен го оценил и Албани во Сахих Ет-Тирмизи, 3/168, а текстот гласи: „Довата на Зун-Нун, која ја упатил додека бил во утробата на рибата: „Нема друг бог освен Тебе, славен нека си Ти, јас навистина бев еден од насилниците!“ [Ел-Енбија: 87]. Затоа што, навистина, нема муслиман кој за нешто ќе се помоли со неа, а Аллах да не му се одѕвие.“
68. „Аллаху мој, јас сум Твој роб, син на татко и мајка кои се Твои робови, моето чело е во Твојата рака, Ти владееш и праведна е Твојата пресуда, ти се молам со сите Твои имиња со кои се именуваше себеси, кои си ги објавил во Твојата Книга, со кои ги подучи некои Твои робови, или кои се дел од Твоето знаење за невидливото, Куранот нека биде пролет за моето срце, светлина за моите гради, решение за мојата тага и излез од моите грижи.“ [31] [31] Ахмед, 1/391, 452, и Хаким, 1/509, Хафизот Ибн Хаџер го оценил како хасен во Тахриџул Езкар, а Албани го оценил како сахих во Тахриџул Келим Ет-Тајјиб, стр. 73.
69. „Аллаху мој, о Ти што ги насочуваш срцата, насочи ги нашите срца кон Твојата покорност.“ [32] [32] Муслим, бр. 2654.
70. „Ти Кој ги вртиш срцата, зацврсти го моето срце во Твојата вера.“ [33] [33] Тирмизи, хадис бр. 3522, Ахмед, 4/182, и Ел-Хаким, 1/525 и 528. Ел-Хаким го оценил како сахих и Ез-Зехеби се согласил со него. Албани го оценил како сахих во Сахихул Џами', 6/309, и во Сахих Тирмизи, 3/171. Уму Селеме, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Најчестата негова, салаллаху алејхи ве селем, дова била...„
71. „Аллаху мој, Те молам за благосостојба на овој и на идниот свет.“ [34] [34] Тирмизи, бр. 3514, и Бухари во Ел-Едеб Ел-Муфред, број 726. Текстот кај Тирмизи гласи: „Барајте од Аллах благосостојба за овој и идниот свет.“ Во друга верзија се вели: „Барајте од Аллах прошка и благосостојба, бидејќи никому по цврстото убедување (јекин) не му е дадено нешто подобро од благосостојба.“ Албани го оценил како веродостоен во Сахих Ибн Маџе, 3/180, 3/185 и 3/170. Хадисот има и поткрепувачки преданија, види: Муснед на имам Ахмед, во редакција на Ахмед Шакир, 1/156-157.
72. „Аллаху мој, дај ни добар крај во сите работи, и заштити нè од понижувањето на овој свет и од казната на оној свет.“ [35] [35] Ахмед, 4/181, Таберани во Ел Кебир, 2/33/1169, во Ед Дуа, број 1436, и Ибн Хибан, број 2424, 2425 (Меварид). Хафиз Хејсеми во Меџме‘уз Зеваид, 10/178, и рекол „Пренесувачите на Ахмед и на еден од синџирите на Таберани се доверливи.“
73. ,,Господару мој, помогни ми, а не против мене, и дај ми победа, а не против мене, и планирај за мене, а не против мене. И упати ме и олесни ми го упатството. И помогни ми против оној кој ми нанесува неправда. Господару мој, стори ме да Ти бидам многу благодарен, многу да Те спомнувам, да имам голема страхопочит кон Тебе, да Ти бидам многу послушен, кон Тебе понизен, кој многу се кае и постојано Ти се враќа. Господару мој, прими го моето покајание, измиј ги моите гревови, услиши ја мојата молба, зацврсти го мојот доказ, упати го моето срце, исправи го мојот јазик и отстрани ја злобата од моето срце.“ [36] [36] Го бележат: Бухари во Ел-Едеб Ел-Муфред, со број 664 и 665, и Ебу Давуд, со број 1510 и 1511, и Тирмизи, со број 3551, и Ибн Маџе, со број 3830, и Ахмед 1/127, и Хаким, кој го оценил како веродостоен, а со тоа се согласил и Зехеби, 1/519; за веродостоен го оценил и Албани во Сахих Ебу Давуд, 1/414, и во Сахих Тирмизи, 3/178.
74. „О Аллаху наш, ние од Тебе го бараме најдоброто од она за што Те молел Твојот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, и бараме засолниште кај Тебе од злото од кое барал засолниште Твојот Пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, а Ти си Оној од Кого се бара помош, и на Тебе е остварувањето, и нема ниту сила ниту моќ освен кај (со) Аллах.“ [37] [37] Го бележат Тирмизи, бр. 3521, и Ибн Маџе, бр. 3846, со слично значење. Тирмизи рекол: „Хадисот е хасен-гариб“, а Албани го оценил како слаб (даиф) во делото Даиф Тирмизи, стр. 387.
75. „Аллаху мој, барам заштита кај Тебе од злото на мојот слух, и од злото на мојот вид, и од злото на мојот јазик, и од злото на моето срце и од злото на мојата страст.“ [38] [38] Го бележат Ебу Давуд со број 1551, Тирмизи со број 3492, Несаи со број 5470 и други. А Албани го оценил за веродостоен во Сахих Тирмизи, 3/166, и Сахих Несаи, 3/1108.
76. „Аллаху мој, барам заштита од Тебе од болеста витилиго, лудилото, лепрата, и од тешките болести.“ [39] [39] Ебу Давуд, бр. 1554, Несаи, бр. 5493, и Ахмед, 3/192, а Албани го оценил како веродостоен во Сахих Несаи, 3/1116, и Сахих Тирмизи, 3/184.
77. „О Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од лошиот морал, лошите дела и лошите страсти.“ [40] [40] Тирмизи, бр. 3591, Ибн Хиббан, бр. 2422 (Меварид), Хаким, 1/532, Таберани во Ел-Кебир, 19/19/36. И Албани го оценува како сахих во Сахих Тирмизи, 3/184.
78. „Аллаху мој, Ти навистина си Простувач, Благороден, го сакаш простувањето, па прости ми.“ [41] [41] Тирмизи, бр. 3513, и Несаи во „Кубра“, бр. 7712. Албани го оценува како сахих во делото Сахих Тирмизи, 3/170.
79. „О Аллаху, мој од Тебе барам правење добри дела, напуштање на лошите дела, љубов кон сиромашните, и да ми простиш и да ми се смилуваш. И кога ќе посакаш да ставиш еден народ во искушение, усмрти ме без да бидам ставен на искушение. И од Тебе ја барам Твојата љубов, љубовта на оној кој Те сака, и љубовта кон делото кое ме приближува до Твојата љубов.“ [42] [42] Го бележи Ахмед со истите зборови, 5/243 и Тирмизи, со број 3235, со слична верзија, и го оценил како хасен, и рекол: „Го прашав Мухамед бин Исмаил - т.е. Бухари - па рече: ‚Овој хадис е хасен-сахих.‘“ А на крајот од хадисот салаллаху алејхи ве селем рекол: „Таа е вистина, па проучувајте ја и учете ја.“ и Хаким 1/521, а Албани го оценил како сахих во Сахих Тирмизи, 3/318.
80. „О Аллаху, од Тебе барам секакво добро, итно и одложено, она што го знам и она што не го знам. И барам засолниште кај Тебе од секакво зло, непосредно и подоцнежно, она што го знам и она што не го знам. О Аллаху, од Тебе го барам најдоброто од она коешто од Тебе го побарал Твојот слуга и Пратеник и барам прибежиште кај Тебе од злото од коешто барал засолниште кај Тебе Твојот слуга и Пратеник. О Аллаху мој, од Тебе го барам Џенетот, и говорот или делото кое ме приближува кон него, и барам засолниште при Тебе од Огнот, и од говорот или делото кое ме приближува до него, и од Тебе барам секоја одредба (судбина) што си ми ја одредил да биде добра за мене.“ [43] [43] Ибн Маџе, број 3846, со истиот текст, Ахмед, 6/134, а текстот на вториот додаток е негов, Хаким, кој го оценува како сахих, а со него се согласува и Зехеби, 1/521, а текстот на првиот додаток е негов, и Албани го оценува како сахих во Сахих Ибн Маџе, 2/327.
81- „Аллаху мој, чувај ме во исламот додека стојам, чувај ме во исламот додека седам и чувај ме во исламот додека лежам, и немој да дозволиш непријателот ниту завидникот да ми се ситат. Аллаху мој, Те молам за секое добро чии ризници се во Твојата рака, и барам заштита кај Тебе од секое зло чии ризници се во Твојата рака.“ [44] [44] Го бележи Хаким, 1/525, и го оценил како сахих, со што се согласил и Зехеби, а Албани го оценил како хасен во Сахихул Џами', 2/398, и во Ес Силсиле Ес Сахиха, 4/54, бр. 1540.
82- „Аллаху мој, дај ни богобојазливост која ќе се испречи помеѓу нас и гревовите, и покорност со која ќе го достигнеме Твојот Џенет, и цврсто верување со кое ќе ни ги олесниш неволјите на овој свет. Аллаху мој, дај ни да се користиме со нашиот слух, нашиот вид и нашата сила сè додека сме живи, и направи ги да останат со нас до смртта, и направи нашата одмазда да биде врз оние кои ни направиле неправда, и дај ни победа над оние кои ни се непријатели, и немој нашата несреќа да биде во нашата вера, и немој да направиш овој свет да биде наша најголема грижа, ниту краен дострел на нашето знаење, и немој да им дадеш власт над нас на оние кои немаат милост кон нас.“ [45] [45] Тирмизи, бр. 3502, и Хаким, 1/528, кој го оценил за веродостоен, а со него се согласил и Зехеби, и Ибн Сунни, бр. 446, а Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи, 3/168, и во Сахихул Џами', 1/400.
83. „Аллаху мој, барам заштита од Тебе од кукавичлукот, и барам заштита од Тебе од скржавоста, и барам заштита од Тебе од тоа да доживеам длабока старост, и барам заштита од Тебе од искушенијата на овој свет и од казната во гробот.“ [46] [46] Бухари, бр. 2822.
84. „Аллаху мој, прости ми ги моите грешки, моето незнаење, моите претерувања во моите работи, и она што Ти го знаеш подобро од мене. Аллаху мој, прости ми ги гревовите, кои ги направив шегувајќи се, сериозно, ненамерно и намерно, а сето тоа го има кај мене.“ [47] [47] Го бележат Бухари, бр. 6398, и Муслим, бр. 2719.
85. „Аллаху мој, себеси навистина многу неправди си нанесов, и никој не ги простува гревовите освен Тебе, па од Тебе подари ми простување, и смилувај ми се, Ти навистина си Простувач и Сомилосен.“ [48] [48] Го бележат Бухари, бр. 834, и Муслим, бр. 2705.
86. „Аллаху мој, Тебе Ти се предадов, во Тебе верувам, врз Тебе се потпирам, кон Тебе се обраќам и поради Тебе се борам. Аллаху мој, барам засолниште во Твојата моќ – нема друг бог освен Тебе – да не ме оставиш да заталкам. Ти си Живиот, Кој не умира, а џиновите и луѓето умираат.“ [49] [49] Го бележат Бухари, бр. 6398, и Муслим, бр. 2719.
87. „О Аллаху, Те молиме за она што ја предизвикува Твојата милост, за делата кои носат сигурно простување, за сигурност од секој грев, за придобивка од секое добро, за постигнување на џенетската награда и спас од Огнот.“ [50] [50] Хаким, 1/525, кој го оценил како сахих, а со него се согласува и Зехеби, како и Бејхеки во Ед-Да'ват, бр. 206; види и: Ел-Езкар од Невеви, стр. 340, каде што уредникот Абдулкадир Ел-Арнаут го оценил како хасен.
88. „О, Аллаху, прости им на верниците и на верничките.“ [51] [51] Хадисот го пренесува Убаде, радијаллаху анху, кој рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели: ‚Кој бара прошка за верниците и за верничките, Аллах ќе му запише по едно добро дело за секој верник и верничка.‘“ Го бележи Таберани во „Ел-Кебир“, 5/202, под бр. 5092, и 3/334, под бр. 2155. Хејсеми во „Меџмеуз-зеваид“, 10/210, го оценил неговиот синџир на пренесувачи како добар, а Албани во „Сахихул Џами“, под бр. 5902, 5/242, го оценил како хасен (добар).
89. „Аллаху мој, прости ми го мојот грев, прошири ми го мојот дом и благослови ми го она со што си ме снабдил.“ [52] [52] Ахмед, број 16599, 23114 и 23188, и Тирмизи, број 3500, а рецензентите на Муснедот, во 27/144, 38/197 и 38/145, го оценуваат како: „добар со поткрепа на други преданија“.
„Аллаху мој, Те молам за Твојата добрина и Твојата милост, зашто никој друг не ги поседува освен Ти.“ [53] [53] Го бележи Таберани. Хејсеми во Меџмеуз-Зеваид, 10/159, вели: „Пренесувачите се доверливи, освен Мухамед бин Зијад, а и тој е доверлив“, и Албани го оценил како сахих во Сахихул Џами‘, 1/404, со број 1278.
91. „О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од длабока старост, пад, затрупување под урнатини, тага, давење и горење. И заштити ме шејтанот да не ме обземе при смртта, да не умрам на Твојот пат како дезертер и да не умрам од убод на отровно животно.“ [54] [54] Го бележат Ебу Давуд, со број 1552, и Несаи, со број 5531 и 5532, а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Несаи, 3/1123, и Сахих Сунен Еби Давуд, 1/425.
92. „О Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од гладот, зашто тој е најлош сопатник, и барам засолниште кај Тебе од предавството, затоа што тоа е најлошиот близок советник.“ [55] [55] Го бележат Ебу Давуд со број 1547 и Несаи со број 5483, и Албани го оценил како хасен во Сахих Несаи, 3/1112.
93. „О Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од немоќта, мрзеливоста, кукавичлукот, скржавоста, длабоката старост, тврдокорноста, немарноста, оскудицата, понижувањето и бедата, и барам засолниште кај Тебе од сиромаштијата, неверувањето, грешноста, раздорот, лицемерството, желбата за углед и преправањето, и барам засолниште кај Тебе од глувоста, немоста, лудилото, лепрата, витилигото и од сите тешки болести.“ [56] [56] Го бележат Несаи, со број 5493, и Хаким, 1/530, и Албани го оценил како сахих во Сахихул Џами‘, 1/406, и Ирваул Галил, со број 852.
94. „О Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од сиромаштијата, оскудицата и понижувањето, и барам засолниште кај Тебе да не му нанесам некому неправда и да не ми се нанесе неправда.“ [57] [57] Го бележат Ебу Давуд со број 1544 и Несаи со број 5475, а Албани го оценил како сахих во Сахих Несаи, 3/1111, и Сахихул Џами‘, 1/407, а делот во загради е од Ибн Хибан (Меварид), и Албани го оценил како сахих во Сахих Меварид Ез Зам’ан, 2/455.
95. „О Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од лош сосед во постојаното живеалиште; затоа што соседот во привременото живеалиште се менува.“ [58] [58] Бухари во Ел Едеб Ел Муфред, број 117, и Хаким, 1/532, кој го оценил за сахих, а со него се согласил и Зехеби, го бележи и Несаи, број 5517, Албани го оценил за сахих во Сахихул Џами‘, 1/408, и Сахих Несаи, 3/1118.
96. „О Аллаху мој, барам засолниште кај Тебе од срце кое не е исполнето со стравопочит, од молба која не се услишува, од душа која не се заситува и од знаење кое не користи. Барам засолниште кај Тебе од овие четири.“ [59] [59] Го бележат Тирмизи, број 3482 и Ебу Давуд, број 1549, Албани го оценува како сахих во Сахихул Џами‘, број 1295, и во Сахих Несаи, 3/1113.
97. „Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од лошиот ден, и од лошата ноќ, и од лошиот час, и од лошиот придружник, и од лошиот сосед во постојаниот дом.“ [60] [60] Го бележи Таберани, а Хејсеми во Зеваид, 10/144, вели: „неговите пренесувачи се доверливи“. Албани го оценил како хасен во Сахихул Џами‘, 1/411, со број 1290.
98. „О Аллаху, од Тебе го барам Џенетот и барам заштита кај Тебе од Огнот (трипати).“ [61] [61] Го бележат Тирмизи, под број 2572, Ибн Маџе, под број 3340, и Несаи, под број 5536, а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Тирмизи, 2/319, и Сахих Несаи, 3/1121, а неговата верзија гласи: „Кој ќе Го замоли Аллах за Џенетот три пати, Џенетот ќе рече: ‚О Аллаху, воведи го во Џенетот.‘ А кој ќе побара заштита од Огнот три пати, Огнот ќе рече: ‚О Аллаху, заштити го од Огнот.‘“
99. „Аллаху мој, дај ми исправно разбирање на верата.“ [62] [62] На тоа укажува преданието за довата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Ибн Аббас, радијаллаху анхума, кое го бележат Бухари, број 143, и Муслим, број 2477.
100. „Аллаху мој, барам заштита од Тебе да не Ти припишам здруженик свесно, и барам прошка од Тебе за она што не го знам.“ [63] [63] Го бележат Ахмед 4/403, Ибн Еби Шејбе 10/337 и Таберани во Ел-Му‘џем Ел-Евсат 4/284, а Албани го оценил како добар во Сахих Тергиб ве Терхиб 1/19.
101. „Аллаху мој, нека биде корисно за мене она на што ме научи, и научи ме на она што ќе ми користи, и знаењето мое Ти зголеми го.“ [64] [64] Го бележат Тирмизи со број 3599 и Ибн Маџе со број 259, Албани го оценил како сахих во Сахих Ибн Маџе, 1/47.
102. „О Аллаху, Те молам за корисно знаење, добро снабдување и примено дело.“ [65] [65] Го бележат Ибн Маџе, со број 925, Несаи во Амелул-јевми вел-лејле, со број 102, и Ахмед, 6/294 и 305, Албани го оценува како сахих во Сахих Ибн Маџе, 1/152.
103. „Аллаху мој, Те молам Тебе, о Аллах, затоа што Ти си Единствениот, Единиот, Тој за кого сите имаат потреба Кој не родил и не е роден, и никој не Му е рамен, да ми ги простиш моите гревови. Ти навистина си Простувач и Сомилосен.“ [66] [66] Го бележат Несаи, со број 1300, а ова е неговата верзија, и Несаи во „Ел Кубра“, со број 7665, и Ебу Давуд, со број 985, а Албани го оценува како сахих во Сахих Сунен Несаи, 1/147.
104. „О Аллаху, од Тебе барам, зашто Тебе Ти припаѓа сета благодарност, нема друго вистинско божество освен Тебе (Единствен, Кој немаш рамен на Себе), о Дарителу, (о) Создателу на небесата и Земјата, о Величествен и Благороден, Ти си Живиот и Самоопстојувачкиот, навистина од Тебе го барам (Џенетот и барам засолниште кај Тебе од Огнот).“ [67] [67] Го бележат Ебу Давуд со број 1495, Ибн Маџе со број 3858, Несаи со број 1299 и Тирмизи со број 3544, а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Несаи, 1/279, и во Сахих Ибн Маџе, 2/329.
105. „Аллаху мој, јас Те молам со тоа што сведочам дека Ти си Аллах, нема друг вистински бог освен Тебе, Единиот, Тој на Кого сите му се обраќаат, Кој не родил, ниту е роден, и никој не Му е рамен.“ [68] [68] Го бележат Ебу Давуд со број 985, и Тирмизи со број 3475, и Ибн Маџе со број 3857, и Ахмед 5/360, истиот Албани го оценил за веродостоен во Сахих Сунен Тирмизи, 3/163.
106. „Господару, прости ми и прими го моето покајание, Ти, навистина, примаш покајание и простуваш.“ [69] [69] Хадисот го бележат: Ебу Давуд, број 1518, Тирмизи, број 3434, а ова е неговата верзија, Несаи во „Кубра“, број 10292, и Ибн Маџе, број 3814. Албани го оценил како веродостоен во Сахих Ибн Маџе, 2/321, и во Сахих Тирмизи, 3/153.
107. „О Аллаху мој, со Твоето знаење за гајбот (невидливото) и со Твојата моќ над созданијата, остави ме во живот сè додека знаеш дека животот е добро за мене, и усмрти ме ако знаеш дека смртта е подобра за мене. О Аллаху мој, од Тебе барам стравопочит кон Тебе во тајност и во јавност, и од Тебе барам да го зборувам зборот на вистината и во задоволство и во лутина, и од Тебе барам умереност и во богатство и во сиромаштија. И од Тебе барам благодат што не престанува, и од Тебе барам непрекината радост, и од Тебе барам задоволство по одредбата, и од Тебе барам пријатен живот по смртта. И од Тебе барам уживање во гледањето во Твоето Лице и копнеж за средба со Тебе, без штетна несреќа, ниту искушение што води во заблуда. Аллаху мој, украси нè со украсот на иманот и направи нè упатени кои упатуваат на вистинскиот пат.“ [70] [70] Несаи, број 1305; Ахмед, 4/264, а Албани го оценува како сахих во Сахих Несаи, 1/280 и 1/281.
108. „Аллаху мој, дарувај ми ја Твојата љубов и љубовта кон оној чија љубов ќе ми користи кај Тебе. Аллаху мој, она што си ми го дал од тоа што го сакам, направи го сила за мене во она што Ти го сакаш. Аллаху мој, она што си ми го ускратил од тоа што го сакам, направи го тоа време кое ќе го посветам на она што Ти го сакаш.“ [71] [71] Го бележи Тирмизи, број 3491, и го оценил како добар (хасен). Шејхот Абдулкадир ел Арнаут рекол: „Така е како што рекол.“ Види го неговиот тахкик на Џами‘ул Усул, 4/341.
109. „Аллаху мој, прочисти ме од гревовите, Аллаху мој, прочисти ме од нив како што се чисти белата облека од нечистотиите, Аллаху мој, прочисти ме со снег, мраз и ладна вода.“ [72] [72] Го бележат Муслим со број 476 и Несаи со број 400.
110. „Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од скржавоста, и кукавичлукот, и тешката старост, и искушението на срцето, и казната во гробот.“ [73] [73] Несаи, број 5469, а ривајетот гласи: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, барал заштита од пет работи: од скржавост, кукавичлук, лоша старост, искушение во градите и казна во гробот.“ Го бележи и Ебу Давуд, број 1539, а Ел-Арнаути го оценил како добар (хасен) во неговиот тахриџ на делото Џами'ул-усул (4/363).
111. „Аллаху, Господару на Џебраил и Микаил, и Господару на Исрафил, кај Тебе барам заштита од жештината на пеколот и од казната во гробот.“ [74] [74] Го бележат Несаи, број 1344, Ахмед, 6/61, и Ел Бејхаки во Ед-Да‘ват, број 109 – Албани го оценил како сахих во Сахих Несаи, 3/1121, и Силсилетул-Ехадисис-Сахиха, број 1544.
112. „Аллаху мој, вдахни ми разумност и заштити ме од злото на мојата душа.“ [75] [75] Го бележат Тирмизи, а текстот на хадисот е пренесен според неговата верзија, 5/519, со број 3483; Ахмед со сличен текст, 33/197, со број 19992; и Хаким, 1/510, исто така со сличен текст, кој го оценил како веродостоен, а со него се согласил и Зехеби. Рецензентите на Муснедот за хадисот на Ахмед, 33/197, велат: „Синџирот на пренесувачи е веродостоен според критериумите на Бухари и Муслим“. А што се однесува до верзијата на Тирмизи, Албани ја оценил како слаба во Даиф Тирмизи, стр. 397.
113. „Аллаху мој, Те молам за корисно знаење, и барам Твоја заштита од знаење од кое нема корист.“ [76] [76] Го бележат Несаи во Ел Кубра, со број 7867, и Ибн Маџе, со број 3843, а Албани го оценил како хасен во Сахих Ибн Маџе, 2/327, а текстот гласи: „Барајте од Аллах корисно знаење и барајте заштита кај Аллах од знаење кое не користи.“
114. „Аллаху мој, Господару на (седумте) неба и Господар на Земјата, и Господар на величествениот Трон. Господару наш и Господару на сè, Ти што го расцепуваш зрното и семката, Објавителу на Тевратот, Инџилот и Фурканот. Барам Твоја заштита од злото на секое нешто над кое Ти имаш потполна власт. Аллаху мој, Ти си Првиот и пред Тебе нема ништо, Ти си Последниот и по Тебе нема ништо, Ти си Возвишениот и нема ништо над Тебе, и Ти си Скриениот и нема ништо поблиску од Тебе. Ослободи нè од долгот и сочувај нè од сиромаштијата.“ [77] [77] Го бележи Муслим, број 2713, од хадисот на Ебу Хурејре, радијаллаху анху.
115. „Аллаху мој, обедини ги нашите срца и поправи ги нашите меѓусебни односи, упати нè на патиштата на мирот и спаси нè од темнините и изведи нè на светлина. Оддалечи нè од срамните дела, и јавни и тајни, и дај ни бериќет во нашиот слух, во нашиот вид, во нашите срца, во нашите брачни другари и во нашето потомство. Прими го нашето покајание, Ти си, навистина, Оној Кој прима покајание, Милостивиот. Дај ни да бидеме благодарни за Твоите благодати, со кои ќе Те фалиме и ќе ги прифаќаме, и употполни ни ги.“ [78] [78] Го бележат Ебу Давуд со број 969 и Хаким, а текстот е негов 1/265, и вели: ,,Сахих според критериумите на Муслим", и со него се согласува Зехеби, 1/26, а Албани го оценил како сахих во Сахих Ел Едеб Ел Муфред, со број 630.
116. „Аллаху, од Тебе ја барам најдобрата молба, и најдобрата дова, и најдобриот успех, и најдоброто дело, и најдобрата награда, и најдобриот живот, и најдобрата смрт. Зацврсти ме, натежни ги моите ваги, потврди го мојот иман, издигни ги моите степени, прими ја мојата молитва, прости ми ја мојата грешка, и од Тебе ги барам највисоките степени во Џенетот. О Аллаху, од Тебе ги барам почетоците на доброто, и неговите завршетоци, и сето она што го опфаќа, и неговиот почеток, и она што е видливо од него, и она што е скриено од него, и највисоките степени во Џенетот, Амин. О Аллаху, од Тебе го барам најдоброто што го правам, и најдоброто што го чинам, и најдоброто во моите дела, и најдоброто што е скриено, и најдоброто што е видливо, и највисоките степени во Џенетот, Амин. О Аллаху, од Тебе барам да го издигнеш мојот спомен, да го олесниш мојот товар, да ја поправиш мојата состојба, да го очистиш моето срце, да ја заштитиш мојата чест, да го осветлиш моето срце, да ми го простиш мојот грев, и од Тебе ги барам највисоките степени во Џенетот, Амин. О Аллаху, од Тебе барам да ставиш благослов во мене, во мојот слух, во мојот вид, во мојот дух, во мојот изглед, во мојот карактер, во моето семејство, во мојот живот, во мојата смрт и во моите дела. Па, прими ги моите добри дела, и од Тебе ги барам највисоките степени во Џенетот, Амин.“ [79] [79] Го бележи Хаким од хадисот на Уму Селеме како мерфу’ (1/520), и го оценил како сахих, а со него се согласил и Зехеби 1/520, и Ел Бејхеки во Ед Да‘ват, број 225 и Таберани во Ел Кебир 23/326 под број 717.
117. „О Аллаху, оддалечи ме од лошиот морал, следењето на страстите, лошите дела и тешките болести.“ [80] [80] Го бележи Хаким, 1/523, и рекол: „Сахих според условите на Муслим“, а со него се согласил и Зехеби, 1/532, го бележи и Таберани во Ел Му‘џемул Кебир, 19/19, со број 36, и Албани го оценил како сахих во Зилалул Џенети, со број 13.
118. „Аллаху мој, направи ме задоволен со снабдувањето што ми го даде, и благослови ми ја, и секое мое загубено нешто надомести ми го со добро.” [81] [81] Го бележи Хаким, 1/532, и го оценил како сахих, а со него се согласил Зехеби, 1/510; Ел-Бејхеки во Ел-Адаб, број 1084, и во Ед-Да‘ват ел-Кебир, 211, а хафиз Ибн Хаџер го оценил како хасен во Ел-Футухат ер-Рабанијје, 4/383.
119. „Аллаху мој, дај ми лесно полагање на сметка.“ [82] [82] Го бележи Ахмед, 6/48; и Хаким, 1/255, кој вели: „Автентичен е според критериумите на Муслим“, а со него се согласил и Зехеби, 1/255. Аиша, радијаллаху анха, рекла: „Кога Пратеникот си замина, го прашав: ‚О, Божји Пратенику, што е тоа лесна пресметка?‘ Тој рече: ‚Тоа е кога (Аллах) ќе погледне во неговата книга со дела и ќе му прости. Навистина, кој ќе биде детално испрашуван за пресметката на тој Ден, о Аиша, ќе пропадне. Со сето она што ќе го снајде верникот, Возвишениот Аллах му ги брише гревовите поради тоа, дури и трнот што ќе го боцне.‘“ За овој хадис Албани во делото Мишкатул-Месабих вели: „Синџирот на пренесувачи е добар.“
120. „Аллаху мој, помогни ни да Те спомнуваме, да Ти се заблагодаруваме и на најдобар начин ибадет да Ти чиниме.“ [83] [83] Го бележат Ахмед, 2/299, и Хаким, 1/499, кој го оценил како веродостоен, со што се согласил и Зехеби, и тој е таков како што рекле и двајцата. Го има и кај Ебу Давуд, со број 1524, и Несаи во Ел Кубра, со број 9973. Албани го оценил како веродостоен во Сахих Ел Едеб Ел Муфред, со број 534.
121. „О Аллаху, од Тебе барам верување кое е непоколебливи, благодат која не престанува, и друштвото на Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, на највисокиот степен на вечниот Џенет.“ [84] [84] Го бележи Ибн Хибан (Меварид), стр. 604, број 2436, од Ибн Месуд, радијаллаху анху, како мевкуф; го бележи и Ахмед преку друг синџир на пренесувачи 1/386, 400, и Несаи во делото Амелул јевми вел лејле, број 869, а Албани го оценил како добар (хасен) во Ес-Силсиле ес-Сахиха, под број 2301.
122. „Аллаху мој, заштити ме од злото на мојата душа и одреди ми го најисправниот пат. Аллаху мој, прости ми го она што го направив тајно, и она што го направив јавно, она што го згрешив, и она што го направив намерно, она што го направив со знаење, и она што го направив од незнаење.“ [85] [85] Го бележат Несаи во „Ел Кубра“, 6/246, број 10830; Хаким, 1/510, кој го оценува како сахих, а Зехеби се согласил со него; и Ахмед, 4/444. Се наоѓа и во Муснедот со рецензија, 33/197, број 19992. Хафизот (Ибн Хаџер) во Ел Исабе вели дека синџирот на пренесувачи е автентичен-сахих, и Албани го оценил како сахих во Тахриџ Ријадус Салихин, во коментарот на хадисот број 1495.
123. „О Аллаху, барам засолниште кај Тебе да не бидам надвладеан од долгови, да не бидам совладан од непријателот и непријателите да не ликуваат за тоа.“ [86] [86] Го бележат Несаи, со број 5475, и Ахмед 2/173 – Албани го оценил како сахих во Сахих Несаи, 3/1113.
124. „Аллаху мој, прости ми, упати ме, снабди ме и дај ми благосостојба. Прибежиште барам кај Аллах од тешкотијата на престојот на Судниот ден.“ [87] [87] Несаи, со број 1617, и Ибн Маџе, со број 1356, и Албани го оценува како сахих во Сахих Несаи, 1/356, и во Сахих Ибн Маџе, 1/226.
125. „Аллаху мој, дај ми да ми се корисни, мојот слух и со мојот вид, и сочувај ми ги до смртта, и помогни ми против оној кој ми нанесува неправда, и од него земи ја мојата одмазда.“ [88] [88] Го бележат Тирмизи, со број 3681, Бухари во Ел Едеб Ел Муфред, со број 650, и Хаким 1/523, кој го оценил како сахих, а со него се согласил Зехеби, и Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи 3/188.
126. „Аллаху мој, Те молам за чист живот, достоинствена смрт и враќање кое не е понижувачко ниту срамно.“ [89] [89] Го бележат Хаким 1/541, Зеваид Муснед Ел Беззар 2/442 со број 2177 и Таберани во Ед Ду‘а со број 1435. Хејсеми во Меџме‘уз Зеваид 10/179 вели: „Синџирот на пренесувачи на Таберани е добар.“
127. „О Аллаху наш, Тебе ти припаѓа сета благодарност. О Аллаху наш, нема кој да го скрати она што Ти го распространуваш, ниту кој да го распространи она што Ти го скратуваш. Нема кој да го упати оној кого Ти си го оставил во заблуда, ниту кој да го одведе во заблуда оној кого Ти си го упатил. Нема кој да го даде она што Ти го спречуваш, ниту кој да го спречи она што Ти го даваш. Нема кој да го приближи она што Ти си го оддалечил, ниту кој да го оддалечи она што Ти си го приближил. О Аллаху наш, спушти врз нас од Твоите благослови, Твојата милост, Твојата добрина и Твоето снабдување. О Аллаху, наш од Тебе барам постојано блаженство кое не се менува ниту исчезнува. О Аллаху наш, од Тебе барам благосостојба во деновите на немаштија и сигурност во деновите на страв. О Аллаху наш, барам заштита кај Тебе од злото на она што си ни го дал и од злото на она што си ни го ускратил. О Аллаху наш, направи ни го омилен иманот и разубави го во нашите срца, и направи ни ги одвратни неверувањето, грешењето и непослушноста, и направи нѐ од оние кои се на вистинскиот пат. О Аллаху наш, усмрти нѐ како муслимани и дај ни да живееме како муслимани, и придружи нѐ кон доброчинителите, без да бидеме посрамени ниту заведени. О Аллаху наш, проколни ги неверниците кои ги сметаат за лажни Твоите пратеници и кои одвраќаат од Твојот пат, и спушти го врз нив Твојот гнев и Твојата казна. О Аллаху наш, казни ги неверниците од оние на кои им е дадена Книгата, Боже на вистината (Амин).“ [90]. [90] Ахмед со истиот текст, 3/424 и 24/246, број 15492, а текстот во заградите е од Хаким, 1/507, 3/23-24, го бележи и Бухари во Ел Едеб Ел Муфред, број 699, а Албани го оценува како сахих во Тахриџу Фикхис Сира, стр. 284, и во Сахих Ел Едеб Ел Муфред од Бухари, број 538, стр. 259.
128. „Аллаху мој прости ми, смилувај ми се, упати ме, заштити ме и снабди ме.“ [91] [91] Муслим, број 2696, и број 2697, а во едно предание на Муслим стои: „Навистина овие ти го собираат твојот дуњалук и твојот ахирет“, а во Суненот на Ебу Давуд, број 850, се вели: Кога бедуинот си замина, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: ,,Ги наполни своите раце со добро.“
„...и поправи ме, и воздигни ме.“ [92] [92] Види: Сунен Ибн Маџе, број 898, Сунен Тирмизи, број 284, Сахих Ибн Маџе, 1/148, и Сахих Тирмизи, 1/90.
129. „Аллаху мој, зголеми ни, а не намалувај ни, и почести нè, а не понижувај нè, и подари ни, а не лишувај нè, и дај ни предност, а немој да им даваш предност на другите над нас, и направи нè задоволни и биди задоволен со нас.“ [93] [93] Тирмизи, 5/326, бр. 3173, и Хаким, 2/98, го оценува како сахих, а шејх Абдулкадир Ел Арнаут го оценил како хасен во неговата верификација на Џами‘ул Усул, 11/282, бр. 8847.
130. „Аллаху мој, Ти го разубави моето создание, па разубави го и мојот карактер.“ [94] [94] Го бележат Ахмед, 6/68, 155 и 1/403, Ибн Хибан (2423 – Меварид), Ет Тајалиси, 374, Муснед Еби Ја‘ла, со број 5075, и Албани го оценил како сахих во Ирваул Галил, 1/115, со број 74.
131. „О Аллаху, зацврсти ме и дај ми да бидам упатувач и упатен.“ [95] [95] На тоа укажува довата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Џерир, радијаллаху анху. Види: Бухари, под бр. 6333, како и под броевите 3020, 3036 и други.
132. „Аллаху мој, Те молам за постојаност во верата и одлучност на Вистинскиот пат. И Те молам за она што ја носи Твојата милост и за она што го осигурува Твоето простување. И Те молам за благодарност за Твојата благодат и убав ибадет кон Тебе. И Те молам за здраво срце и искрен јазик. И од Тебе го барам секое добро што Ти го знаеш, и барам засолниште кај Тебе од секое зло што Ти го знаеш. И барам прошка од Тебе за она што Ти го знаеш. Ти, навистина, си Зналец на сето она што е скриено.“ [96] [96] Ахмед, 28/338, број 17114, и 28/356, број 17133, и Тирмизи, број 3407, и Таберани во Ел Му‘џемул Кебир со неговата верзија, под број 7135, 7157, 7175, 7176, 7177, 7178, 7179 и 7180. Го бележи и Ибн Хиббан во неговиот Сахих, 3/215, под број 935, и 5/310, под број 1974. Шуајб Ел Арнаут го оценил како хасен во Сахихот на Ибн Хиббан, 5/312, а рецензентите на Муснедот го оцениле како хасен поради неговите синџири на пренесување, 28/338. Албани го спомнува во Силсилетул Ехадисис Сахиха во седмиот том, под бр. 3228, и во Сахих Меваридуз Зам‘ан, под бр. 2416 и 2418, и рекол: „Веродостоен поради другите патишта на пренесување.“
133. „О Аллаху, од Тебе го барам Фирдевс, највисокиот степен на Џенетот.“ [97] [97] Преземено од зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „...Кога барате од Аллах, барајте го од Него Фирдевсот; зашто тој е средината на Џенетот и највисокиот дел на Џенетот, над него е Аршот на Милостивиот, и од него извираат реките на Џенетот.“ (Бухари, број 2790 и 7423).
134. „Аллаху мој, обнови го иманот во срцето мое.“ [98] [98] Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина, иманот се истрошува во вашите срца како што се истрошува старата облека. Затоа, молете го Аллах да го обнови иманот во вашите срца.“ Го бележи Хаким, 1/4, кој го оценил како веродостоен (сахих), а со неговата оцена се согласил и Зехеби. Ел-Хејсеми во „Меџмеуз-зеваид“, 1/52, вели: Го бележи Таберани во „Ел-Кебир“, а неговиот синџир на пренесувачи е добар (хасен).“ Како добар (хасен) го оценил и Албани во „Силсилетул Ехадисис Сахиха“, 4/113, под број 1585.
135. „Аллаху мој, барам заштита од Тебе од намазот кој не користи.“ [99] 136. „Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од лош сосед, и од сопруга која предвреме ќе ми ја обели косата, и од дете кое ќе ми биде господар, и од имот кој ќе ми биде казна, и од итар пријател, чие око ме гледа, а срцето ме демнее; ако види добро, го закопува, а ако види лошо, го разгласува.“ [100] [99] Ебу Давуд, број 1549, а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Ебу Давуд, 1/424. [100] Таберани во Ед Дуа, 3/ 1425, број 1339, а Албани во Силсилетул Ехадис ес Сахиха, 7/ 377, бр. 3137, рекол: „Велам: Ова е добар ланец чии пренесувачи се сите од пренесувачите на Ет Техзиб...“
137. „О, Аллаху, немој да ме посрамиш на Судниот ден.“ [101] [101] Ахмед во Муснед, 29/596, број 18056, а верификаторите на Муснед го оценуваат синџирот како сахих; го бележи и Таберани во Му’џем ел-Кебир, 3/20, број 2524 со зборовите: „О, Аллах, не ме посрамувај на Судниот Ден и не ме посрамувај на денот на неволјата.“
138. „Аллаху мој, Те молам за благосостојба и сигурност на овој и на идниот свет.“ [102] [102] Ибн Маџе, број 3851, а Албани го оценил како сахих во Сахих Ибн Маџе, 3/259, и во Силсилетул Ехадисис Сахиха, број 1138.
139. „О Аллаху, барам заштита кај Тебе од знаење од кое нема корист, од дело кое не се воздигнува, од срце кое не е богобојазливо и од моливата (довата) која не е услишена.“ [103] [103] Го бележи Ибн Хибан, со број 2440 (Меварид), и Албани го оценил како сахих во Сахих Меваридуз Зам'ан, 2/454, со број 2066.
140. „О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од грижи и тага, од немоќ и мрзеливост, од скржавост и кукавичлук, од товарот на долгот и да не бидам надвладеан од луѓето.“ [104] [104] Бухари, под број 6363, Енес, радијаллаху анху, рекол: „Го служев Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, секогаш кога ќе застанеше при патување, го слушав како често вели: ‚Аллаху мој, барам прибежиште кај Тебе...‘“
141. „Аллаху мој, кај Тебе барам заштита од казната во Огнот, и од казната во гробот, и од искушенијата, видливи и скриени, и од искушението на Деџалот.“ [105] [105] Муслим, со број 2867, во кој се вели: „Молете го Аллах да ве сочува од казната во Огнот“..., „Молете го Аллах да ве сочува од казната во гробот...“ до крајот.
142. „Аллаху, Те молам да загинам како шехид на Твојот пат.“ [106] [106] Муслим, број 1909, извадок од говорот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кој искрено ќе бара од Аллах да загине како шехид, Аллах ќе му го подари степенот на шехидите, дури и ако умре во неговата постела.“
143. „Аллаху мој, прости ми, Аллаху мој, стори на Судниот ден да бидам над многу од Твоите созданија од луѓето, Аллаху мој, прости ми го мојот грев, и воведи ме на Судниот ден во чесното место.“ [107] [107] Го бележат Бухари, број 4323, и Муслим, број 2498, а тој е преземен од довата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Убејд Ебу Амир, и од неговата дова, салаллаху алејхи ве селем, за Ебу Бурде, радијаллаху анхума.
144. „Аллаху мој, упати ме заедно со оние кои си ги упатил, и подари ми благосостојба заедно со оние на кои си им подарил, и биди ми Заштитник заедно со оние на кои си им Заштитник. И благослови го она што ми го даде, и заштити ме од злото на она што си го одредил. Навистина, не е понижен оној на кого Ти си му Заштитник. Благословен си, Господару наш, и Возвишен.“ [108] [108] Ахмед во Муснед, 3/249, број 1723, а рецензентите на Муснедот 3/249 рекле: „Синџирот на пренесувачи е сахих“. Ова е општа верзија, која не е ограничена на витр намазот, како што е наведено во другото предание. Па, во оваа верзија Енес, радиијаллаху анху, рекол: „...нè поучуваше на оваа дова...“
145. „Господару мој, прости ми ги моите гревови на Судниот ден.“ [109] [109] Муслим, број 214. На Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му било речено: „О, Аллахов Пратенику, Ибн Џудан во времето на џахилиетот ги одржуваше роднинските врски и ги хранеше сиромашните. Дали тоа ќе му користи?“ Тој одговори: „Не, тоа нема да му користи, бидејќи никогаш не изговори: ,Господару мој, прости ми ги гревовите на Судниот ден.‘“
146. „Барам прошка од Возвишениот Аллах, Тој е Единствениот вистински Бог, Живиот, Тој сѐ друго одржува во живот, Нему му се враќам со покајание.“ [110] [110] Тирмизи, број 3577, Албани го оценил за веродостоен во Сахих Тирмизи, 3/469. Во хадисот стои: „Кој ќе го изговори ова, Аллах ќе му прости, па дури и ако побегнал од бојното поле.“
147. „Аллаху мој, прости ми ги моите гревови, отстрани го гневот од моето срце и заштити ме од искушенијата кои водат во заблуда.“ [111] [111] Преземено од довата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за Аиша, радијаллаху анха: „Аллаху мој, прости ѝ го нејзиниот грев, отстрани го гневот од нејзиното срце и заштити ја од искушенијата што водат во заблуда.“ Го бележи Ибн Асакир со својот синџир на пренесувачи во делото „Четириесет хадиси за доблестите на мајките на верниците“, стр. 85, од Аиша, радијаллаху анха, и вели: „Овој хадис е сахих-хасен (веродостоен и добар), од преданието на Бекијје ибн Велид“. Исто така, го бележи Ибн Сунни со слични зборови во делото „Делата во денот и ноќта“, под број 457. Во друга верзија од Ибн Сунни се вели: „и заштити ме од шејтанот“ наместо „од искушенијата што водат во заблуда“. Види ја неговата оцена кај Албани во „Ед-Даифа“, под број 4207. За оваа дова постои и поткрепувачко предание (шахид) од Уму Селеме, радијаллаху анха, кое го бележи Ахмед, под број 26576, 44/2, со слични зборови, каде што се вели: „Кажи: Аллаху мој, Господару на Пратеникот Мухамед, прости ми го мојот грев, отстрани го гневот од моето срце и заштити ме од искушенијата што водат во заблуда сè додека сме живи.“ Хејсеми го оценил како хасен (добар) во делото „Меџмеуз-зеваид“, 10/27. Ова предание го бележи и Таберани во „Ел-Муџем ел-кебир“, 23/338, под број 785, но без зборовите: „сè додека сме живи“. Постои и поткрепувачко предание (шахид) од Уму Хани, радијаллаху анха, која рекла: „О, Аллахов Пратенику, поучи ме на дова со која ќе Му се обраќам на Аллах“, а тој рекол: „Кажи: Аллаху мој, прости ми го мојот грев...“ до крајот на хадисот. Го бележи Хараити во „И‘тилалул-кулуб“, под број 52, и во „Месавиул-ахлак“, под број 323.
148. „Аллаху мој, овозможи ми да живеам според сунетот на Твојот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, и дај ми да умрам во неговата вера, и заштити ме од искушенијата што водат во заблуда.“ [112] [112] Го бележи Ел-Бејхаки во Ел-Кубра, 5/95, како изрека (мевкуф) од Ибн Омер. Ова го цитира Ибн ел-Мулеккин во делото Ел-Бедр ел-Мунир, 6/309, и рекол, цитирајќи го Ед-Дија: „Неговиот синџир на пренесувачи е добар“. Ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: „Никој од вас нека не вели: ‚О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од искушението‘, бидејќи не постои никој кој не е опфатен од некое искушение; затоа што Аллах вели: ‚Вашите имоти и вашите деца се, навистина, искушение‘ (Ет-Тегабун, 15). Па, кој од вас бара засолниште, нека побара засолниште кај Аллах од искушенијата кои водат во заблуда.“ Го бележи Ибн Џерир во неговиот Тефсир, 13/475, под број 15912, а го спомнува и Ибн Баттал во неговиот коментар на Сахих ел-Бухари, 4/13.
149. „Аллаху наш, нека Твојот мир и спасение биде врз Мухамед и врз семејството на Мухамед, како што беше и врз Ибрахим и семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот. Аллаху наш, нека Твојот благослов биде врз Мухамед и семејството на Мухамед, како што беше врз Ибрахим и врз семејството на Ибрахим, Тебе ти припаѓа благодарноста и Ти си Славениот.“ [113] [113] Бухари, број 3370.
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, како што доликува на Неговото Величество и на Неговата неограничена власт. Аллаховиот благослов и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство, неговите другари асхаби и неговите следбеници кои постапуваат со добрина сè до Судниот ден.
Лечење со шеријатска рукја
Од Куранот и Сунетот
Автор: Аллаховиот роб
д-р Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
Вовед: Важноста на лечењето со Куранот и Сунетот
Навистина, благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме, од Него помош и прошка бараме. Бараме засолниште кај Аллах од злото на нашите души и од нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го заведе, а кого ќе го остави во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. И сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник. Аллаховиот мир и благослов нека се над него, неговото семејство, неговите асхаби и сите што ги следат во добродетелство сè до Судниот ден. А потоа велам:
Нема никаков сомнеж дека лечењето со Благородниот Куран и со потврдените рукји од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, претставува корисен лек и целосно излекување. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,Тој е упатство и лек за верниците.‘“ (Фусилет, 44) Возвишениот, исто така, вели: „Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста.“ (Ел Исра, 82) Овде се појаснува општата карактеристика, бидејќи целиот Куран е лек, како што беше спомнато во претходниот ајет[1]. Возвишениот Аллах исто така вели: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците.“ (Јунус, 57) [1] Види: ,,Ел-Џеваб ел-кафи лимен сееле ‘ан ед-дева еш-шафи" од Ибн Кајим, стр. 20.
Куранот е потполн лек за сите болести – и на срцето, и на телото, како и за болестите на овој и на идниот свет. Но не секој човек е подготвен или удостоен да најде излекување преку Куранот. Ако болниот правилно се лечи со него, и ја лекува својата болест со искреност, иман, целосно прифаќање, цврста убеденост и исполнување на неговите услови, тогаш болеста никогаш нема да може да му одолее. А како би можеле болестите да му се спротивстават на говорот на Господарот на небесата и Земјата – говор кој, кога би се објавил врз планините, би ги распукал, или врз Земјата, би ја распарчил? Затоа, за секоја болест – било на срцето или на телото – во Куранот постои упатство за нејзиниот лек, нејзината причина и начинот на заштита од неа, за оној кому Аллах му дарувал разбирање на Неговата Книга. Возвишениот Аллах, во Куранот, ги спомнал болестите на срцата и на телата, како и лекот за нив:
Болестите на срцето се од два вида: болест на сомнеж и двоумење, и болест на страст и заблуда. Севишниот ги спомнува овие болести на срцето детално, како и причините за нив и нивниот лек [2]. Возвишениот вели: „А зарем не им е доволно тоа што тебе Ние ти објавуваме Книга која им се кажува: во неа е, навистина, милоста и поуката за народот кој верува.“ (Ел Анкебут, 51) Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, рекол: „Кого Куранот нема да го излечи, него ниту Аллах нема да го излечи, и кому Куранот не му е доволен, нему ниту Аллах нема да му биде доволен.“[3] [2] Задул Ме‘ад од Ибн Ел-Кајим, 4/6, и 4/352. [3] Задул Ме‘ад, 4/352.
А што се однесува до телесните болести – Куранот упатува на нивните основни принципи, темелите и правилата на лечењето. Имено сите правила на телесната медицина се содржани во Величествениот Куран, и тие се три: заштита на здравјето, воздржување од штетното и исфрлање на расипаните и штетни материи. Врз основа на овие начела се изведуваат заклучоци и за сите други случаи од овие категории. [4] [4] Задул Ме‘ад, 4/352, и 4/6.
Кога робот би го применил лечењето со Куранот на најдобар начин, би го забележал негово чудесно дејство во брзото излекување.
Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, рекол: „Еднаш, додека бев во Мека, се разболев и не можев да најдам ниту лекар, ниту лек. Затоа, прибегнав да се самолечам со сурата Ел Фатиха и го забележав нејзино чудесно дејство: земав голтка од Земзем водата, врз која повеќепати ја рецитирав сурата, а потоа ја пиев. Во тоа наоѓав целосно излекување. Потоа, почнав да го применувам овој начин за многу болести и секогаш имав голема корист. Им го препорачував тоа на сите што се жалеа на некаква болка, и многумина од нив брзо оздравуваа.“ [5] [5] Задул Ме‘ад, 4/178, и Ел-Џеваб Ел-Кафи, стр. 21.
Исто така, и лечењето со потврдените пратенички рукји е еден од најкорисните методи за излекување. Довата, кога е ослободена од пречки, е една од најкорисните причини за отстранување на несаканото и за постигнување на посакуваното. Таа е меѓу најкорисните лекови, особено кога има упорност во неа. Таа е непријател на несреќата; ја одбива, ја лекува, го спречува нејзиното случување, или ја ублажува доколку се случи [6], како што е спомнато во зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Довата користи и против она што веќе се случило и против она што сè уште не се случило. Затоа, о, Аллахови робови, придржувајте се кон довата.“ [7] Исто така и поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Ништо не ја одвраќа одредбата освен довата, и ништо не го продолжува животниот век освен доброчинството.“ [8] Меѓутоа, овде има нешто на што треба особено да се внимава: а тоа е дека ајетите, зикровите, довите и заштитните молитви со кои се бара излекување и се врши рукја – сами по себе се корисни и лековити. Но нивната делотворност зависи од силата и влијанието на оној што лечи, како и од подготвеноста и приемчивоста на оној што се лечи. Затоа, кога излекувањето ќе изостане, тоа може да биде поради слабото влијание на оној што лечи, поради неприфаќање кај оној што се лечи, или поради силна пречка кај него што го спречува лекот да делува. Лечењето со рукја, всушност, се состои од две работи: [6] Види: Ел-Џеваб ел-Кафи, стр. 22-25. [7] Тирмизи, бр. 3548, Хаким, 1/670, и Ахмед, бр. 22044, Албани го оценил како хасен. Види Сахихул Џами', 3/151, бр. 3403. [8] Хаким, 1/670, и Ет Тирмизи, бр. 2139. Албани го оценил како хасен во: Силсилетул Ехадис ес-Сахиха, 1/76, бр. 154.
Првата работа се однесува на болниот и подразбира внатрешна сила, искрено обраќање кон Возвишениот Аллах, цврсто убедување дека Куранот е лек и милост за верниците, како и правилно прибегнување кон заштитата (дадена од Бога) потврдена со срцето и со јазикот. Бидејќи ова е еден вид борба, а борецот не може да извојува победа над својот непријател освен со две работи:
Оружјето мора да биде исправно и квалитетно, и раката што го користи и насочува мора да биде силна. Ако недостасува еден од овие услови, оружјето ќе биде речиси бескорисно. А што ли ќе се случи ако недостасуваат и двата? Во таков случај, срцето останува лишено од тевхидот, потпирањето на Аллах, богобојазливоста и искреното обраќање Нему, што го остава целосно без никакво оружје.
Второто се однесува на оној што лекува со Куранот и Сунетот, кој исто така мора да ги поседува овие две работи. [9] Објаснувајќи го ова, Ибн ет-Тин, Аллах нека му се смилува, рекол: „Рукјата со Муаввизат и со другите Аллахови имиња е духовна медицина; кога е на јазикот на праведните меѓу созданијата, се постигнува излекувањето со дозвола на Возвишениот Аллах.“ [10] [9] Задул Ме‘ад, 4/68, и Ел-Џеваб Ел-Кафи, стр. 21. [10] Фетхул Бари од Ибн Хаџер, 10/196.
Постои консензус меѓу учените дека рукјата е дозволена, кога ќе се исполнат три услови:
Прв услов: да биде со зборовите на Возвишениот Аллах, или со Неговите имиња и својства, или со зборовите на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Втор услов: Да биде на арапски јазик, или на друг јазик чие значење е познато.
Трет услов: Да се верува дека рукјата не делува сама по себе, туку со Аллахова моќ [11], и дека таа е само причина. [11] Види Фетхул Бари, 10/195, и Фетава на Ибн Баз, 2/384.
Поради оваа голема важност, го скратив делот за рукјата од мојата книга: „Споменување на Аллах, дови и лекување со рукја од Куранот и Сунетот“, и на него додадов корисни додатоци, иншаллах. Го молам Аллах, Семоќниот и Величествениот, преку Неговите најубави имиња и возвишени својства, да го направи ова дело искрено барајќи го Неговото лице, да ми даде корист мене од него, и да им даде корист на сите што ќе го прочитаат, испечатат или ќе бидат причина за неговото ширење, како и на сите муслимани. Навистина, Тој е наш Заштитник и Семоќен. Божјиот мир и благослов, нека се, над нашиот Пратеник Мухамед, неговото семејство, асхаби и сите оние што ги следат во доброто до Судниот ден.
Аллаховиот роб
д-р Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани
Напишано на 18.6.1414 година според хиџретскиот календар.
1- Лечење на сихрот (маѓијата)
Боженственото лечење на сихрот се дели на два вида:
Првиот вид: Заштита од сихрот пред неговото случување:
1. Извршување на сите должности, напуштање на сите забрани и покајание од сите гревови.
2. Што е можно почесто читање на Благородниот Куран, така што ќе си одреди дневен вирд од него.
3. Заштита преку дови, заштитни молитви и пропишани зикрови. Меѓу нив е изговарањето на: „Во Аллахово име, кое кога ќе се спомне не може ништо на земјата ни на небесата да ни нанесе штета, Тој сè слуша и сè знае“ трипати наутро и навечер[12], рецитирањето на Ајетул Курсија после секој намаз, пред спиење, и наутро и навечер[13], како и рецитирањето на: „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!“ и двете заштитнички сури трипати наутро и навечер, и пред спиење, и изговарањето на: „Ла илахе иллаллаху, вахдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лехул-хамду ве хуве 'ала кулли шеј'ин кадир (Нема друг бог освен Аллах, Тој нема Нему рамен. Нему Му припаѓа власта и Нему му припаѓа благодарноста и Тој е Сèмоќен)“ сто пати секој ден [14], и придржувањето кон утринските и вечерните зикрови, зикровите после намазите, зикровите пред спиење и при будење, зикровите при влегување во домот и излегување од него, зикровите при патување, зикровите при влегување во џамија и излегување од неа, довата при влегување во тоалет и излегување од него, довата кога ќе се види некој што е во искушение и слично. Голем дел од нив ги спомнав во делото „Хиснул муслим“, соодветни според различните состојби, прилики, места и времиња. Нема сомнеж дека нивното редовно практикување е едно од најголемите причини за заштита од сихр, урок и џини, со дозвола на Возвишениот Аллах. Тие, исто така, се еден од најголемите лекови по заболувањето од овие и други зла. [15] [12] Го бележат Тирмизи со број 3388, Ебу Давуд со број 5088 и Ибн Маџе со број 3869, а Албани го оценил како сахих во Сахих Ибн Маџе, 2/332. [13] Хаким го оценил како сахих, а со него се согласил и Зехеби, 1/562, и Албани го оценил како сахих во Сахих ет-Тергиб вет-Терхиб, 1/273, бр. 658. [14] Бухари, 4/95, бр. 3293, и Муслим, 4/2071, бр. 2691. [15] Види: Задул Ме‘ад, 4/126, и Меџму‘ул фетава на Ибн Баз, 3/277, и види ги десетте причини со кои се одбива злото на завидливиот и на маѓепсникот во третиот дел од лекувањето на урокот, од оваа книга.
4. Јадење седум урми „Аџва“ наутро на гладно, доколку е можно; поради зборовите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кој наутро на гладно ќе изеде седум урми „Аџва“ нема да му наштети во тој ден отров ниту сихр.“ [16] Најдобри е да бидат од урмите од Медина, од оние што растат меѓу двете вулкански каменишта,, како што е наведено во ривајетот на Муслим, а нашиот почитуван шејх, Абдулазиз бин Абдулах бин Баз, Аллах нека му се смилува, сметал дека сите урми од Медина го имаат ова својство; поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кој ќе изеде седум урми од оние што растат помеѓу двата (вулкански) камени предели [17] кога ќе се разбуди...“ До крај на хадисот [18]. [16] Бухари со Ел Фетх, 10/247, бр. 5445, и Муслим, 3/1618, бр. 2047. [17] Лабетејха: двоина од зборот лабе (харре), што означува подрачје со црни, порозни камења, како да се изгорени со оган. Овде се мисли на двете подрачја со камења што го опкружуваат Пратеничкиот град Медина. Види: Фејдул-Кадир од Ел-Мунави, 2/514. [18] Муслим 3/1618, број 2047.
Toj, Аллах да му се смилува, исто така, сметал дека оваа корист може да се очекува и кај оној што ќе изеде седум урми, дури и ако тие не се од Медина.
Вториот вид: Лечење на сихрот откако ќе се случи, а тоа опфаќа повеќе форми:
Првиот начин: Вадењето и уништување на сихрот, откако ќе се дознае неговото место на шеријатски дозволен начин, што претставува еден од најделотворните начини за лечење на оној што е погоден од сихр. [19] [19] Види: Задул Ме‘ад, 4/124, и Бухари, Ел Фетх, 10/132, бр. 5765, и Муслим, 4/1917, бр. 2189, и Меџму‘ул Фетава Ибн Баз 3/228.
Вториот начин: Преку шеријатска рукја – во која спаѓа следново: [20] [20] Види: Фетхул Хакк ел-Мубин фи 'илаџи ес-сар'и вес-сихри вел-ајни, стр. 138.
Прво: Да се истолчат седум зелени лисја од лотос (сидр) помеѓу два камена или нешто слично, потоа врз нив да се истури количина вода доволна за капење, и врз неа да се рецитира:
„Барам прибежиште кај Аллах од проклетиот шејтан - „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј[76] ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255)
„И Ние му наредивме на Муса: „Фрли го стапот свој!“ – и тој одеднаш го проголта сето тоа со кое тие измамата ја изведоа И така вистината изби на виделина и се покажа дека беше лажно тоа што тие го приредија, и тука тие беа победени и останаа понижени, , а маѓепсниците се поклонија на сеџда. ,Ние веруваме во Господарот на световите!' – викнаа, ,Господарот на Муса и на Харун!'“ (Ел Араф, 117-122)
„И фараонот рече: ,Донесете ми ги сите вешти маѓепсници!' И кога маѓепсниците дојдоа, Муса им рече: ,Фрлете што имате да фрлите!' И кога тие фрлија, Муса извика: ,Тоа што го приредивте е маѓија! Аллах ќе ја уништи, затоа што Аллах не допушта делото на расипаните да успее! Аллах со Своите зборови ќе ја утврди вистината, иако за тоа на неверниците ќе им биде криво!'“ (Јунус, 79-82)
„Тие рекоа: ,О, Муса! Или ти фрли, или ние ќе бидеме први што ќе фрлат.' ,Фрлете вие!' – рече тој, и одеднаш му се пристори дека јажињата нивни и стаповите нивни, поради маѓијата нивна, се движат. И Муса во себе почувствува страв. ,Не плаши се!' – рековме Ние. ,Ти навистина ќе победиш. Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само маѓија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди.' И маѓепсниците се поклонија со лицата до земја, велејќи: ,Ние веруваме во Господарот на Харун и на Муса!'“ (Та Ха, 65-70)
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Кажи: ,О, вие неверници, јас не ги обожувам тие што вие ги обожувате, а ниту пак вие ќе бидете обожуватели на Тој што јас Го обожувам; и јас не сум обожувател на тие што вие сте ги обожувале, а ниту пак вие ќе бидете обожуватели на Тој што јас Го обожувам; Вам – вашата вера, а мене – мојата вера!“
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Кажи: Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите од злото на тоа што Тој го создава и од злото на мрачната ноќ кога ја распространува темнината, и од злото на дувачите во јазли, и од злото на завидливиот кога завидува!‘“
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето, Владетелот на луѓето Богот на луѓето од злото на тој што шепотејќи зли мисли внесува, па се крие, којшто зли мисли внесува во градите на луѓето – од џините и од луѓето!‘“
Откако ќе се рецитира споменатото над водата, од неа се пие трипати, а со преостанатата вода се бања. Со Аллахова дозвола, болеста ќе исчезне. Доколку има потреба, постапката може да се повтори два или повеќепати, сè додека болеста не исчезне целосно. Овој метод е применуван многупати и, со Аллахова дозвола, донел корист. Исто така, делотворен е и за оној кој има пречки при интимниот однос со својата сопруга. [21] [21] Види: „Фетвите на Бин Баз“, 3/279, „Фетх ел Меџид“, стр. 346, и „Ес-Сарим ел-Беттар фи ет-Тесадди лис-сехарети вел-ешрар“ од Вахид Абдуселам, стр. 109-117, каде што има корисна и опширна рукја, делотворна со дозола на Возвишениот Аллах, како и „Мусаннеф“ од Абдурезак, 11/13, и „Фетх ел-Бари“ од Ибн Хаџер, 10/233.
Второ: Се рецитираат сурата Ел Фатиха, Ајетул Курсиј, последните два ајета од сурата Ел Бекаре, сурата Ел Ихлас и двете заштитни сури трипати или повеќе, при што се дувнува и се поминува со лесно допирање со десната рака преку болното место[22]. [22] Види: Бухари со Фетх, 9/62, број 5016, и Муслим, 4/1723, број 2192, и Бухари со Фетх, 10/208.
Трето: Заштитните молитви, рукји и сеопфатни дови:
1. „Го молам Возвишениот Аллах, Господарот на Величествениот Арш, да те излечи“ - се повторува седум пати. [23] [23] Го бележат Ебу Давуд, 3/187, со број 3106, и Тирмизи, 2/410, со број 2083, а Албани го оценил како веродостоен во Сахихул-Џами‘, 5/180, и 322 и во Сахих Ебу Давуд, 2/276.
2. Болниот ја става својата рака на местото што го боли и изговара трипати: „Во името на Аллах“, а потоа седумпати вели: „Барам заштита со Аллаховата моќ од злото кое го чувствувам и од кое стравувам.“ [24] Муслим, 4/1728, бр. 2202.
3. „Отстрани ја болеста, Господару на луѓето! Излечи го – Ти си Исцелителот! Нема исцелување освен Твоето исцелување – излекување што не остава никаква болест зад себе.“ [25] [25] Бухари со Фетх, 10/206, бр. 5750, и Муслим, 4/1721, бр. 2191.
4. „Преку Аллаховите потполни зборови барам заштита од секој шејтан и штетно суштество, и од секое урочливо око.“ [26] [26] Бухари, види Ел Фетх, 6/408, бр. 3371.
5. „Барам заштита, со потполните Аллахови зборови од злото кое го создал.“ [27] [27] Сахих Муслим, 4/1728, бр. 2709.
6. „Барам засолниште со Аллаховите потполни зборови, од Неговата лутина, од казната, од злото на Неговите робови и од шејтанските подбуцнувања, и од тоа да ми се приближат.“ [28] [28] Го бележат Ебу Давуд со број 3893 и Тирмизи со број 3528, а Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи, 3/171.
7. „Барам заштита преку Аллаховите потполни зборови, кои не може да ги надмине ниту доброчинител ниту грешник, од злото на она што го создал, оформил и распространил, и од злото на она што се спушта од небото, и од злото на она што се издигнува кон него, и од злото на она што го распространил на Земјата, и од злото на она што излегува од неа, и од злото на искушенијата на ноќта и денот, и од злото на секој посетител, освен посетителот кој доаѓа со добро, о, Семилосен!“ [29] [29] Муснед Ахмед, 3/119, број 15461, со веродостоен синџир на пренесувачи, и Ибн Сунни, број 637, и Меџме‘уз-Зеваид, 10/127, а Албани го оценил како сахих во Силсилетул-Ехадисис-Сахиха, 7/196.
8. „Аллаху мој, Господару на седумте небеса, Господару на Земјата и Господару на величествениот Трон. Господару наш и Господару на сè, Ти што даваш зрното и семката да из’ртат, Објавителу на Тевратот, Инџилот и Куранот. Барам Твоја заштита од злото на сè што е под Твоја власт. Ти си Првиот, и пред Тебе нема ништо, Ти си Последниот, и по Тебе нема ништо, Ти си Јасниот, и над Тебе нема ништо, и Ти си Скриениот, и нема ништо поблиску од Тебе...“ [30] [30] Муслим, 4/2084, бр. 2713.
9. „Во името на Аллах, ти правам рукја од сè што ти нанесува штета, и од злото на секоја душа и завидливо око. Аллах нека те излечи. Во името на Аллах, рукја ти правам.“ [31] [31] Муслим, 4 / 1718, бр. 2186.
10. „Со името на Аллах, те лекува, и од секоја болест те излекува, и од злото на завидливецот кога завидува, и од злото на секое урочливо око.“ [32] [32] Муслим, а пренесувач на хадисот е Аиша, радијаллаху анха, 4/1718, бр. 2185.
11. „Со името на Аллах, рукја ти правам од сè што ти нанесува штета, од зависта на завидливецот и од секое урочливо око. Аллах нека те излечи.“ [33] [33] Сунен Ибн Маџе, број 3527, пренесувач на хадисот е асхабот Убаде бин Самит, радијаллаху анху, а Албани го оценил за веродостоен во Сахих Ибн Маџе, 2/268.
Со овие заштитни дови, молитви и рукји се лекува од сихр, урок, вознемирување од џини и од сите други болести, бидејќи тие се сеопфатни и корисни рукји, со дозвола на Возвишениот Аллах.
Третиот начин: Прочистување со хиџама на местото или делот од телото каде што се појавиле траги на сихрот, доколку тоа е возможно. А ако пак тоа не е можно, тогаш се доволни претходно споменатите методи на лечење, благодарејќи на Возвишениот Аллах.[34] [34] Види: Задул Ме‘ад, 4/125. Постојат и други видови на лечење на сихрот откако тој ќе се случи, кои се дозволени доколку се испробани и се покажале како корисни. Види: Мусаннеф од Ибн Еби Шејбе, 7/386-387, Фетхул-Бари, 10/233-234, Мусаннеф од Абдурезак, 11/13, Ес-Саримул-Беттар, стр. 194-200, и делото „Ес-Сихру хакикатуху ве хукмуху“ од д-р Мусфир ед-Думејни, стр. 64-66.
Четвртиот начин: Природни лекови. Постојат природни и корисни лекови на кои укажуваат Благородниот Куран и Чистиот Сунет. Кога човекот ги користи со цврсто верување, искреност и посветеност, верувајќи дека користа доаѓа од Аллах, Аллах – со Негова волја – ќе даде корист преку нив. Исто така, постојат и комбинирани лекови од различни билки и слични природни состојки, засновани на искуство, и нивната употреба е дозволена според шеријатот, сè додека не содржат нешто забрането. [35] [35] Види: Фетхул-Хакк ел-Мубин фи 'илаџ ес-сар'и вес-сихри вел-ајни, стр. 139.
Од корисните природни лекови, со Аллахова дозвола, се: медот [36], црното семе [37], водата Земзем [38] и вода која паѓа во форма на дожд; доказ се зборовите на Возвишениот: „Ние од небото спуштаме благословена вода.“ (Каф, 9) Такво е маслиновото масло; поради зборовите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: „Јадете маслиново масло и мачкајте се со него; бидејќи тоа потекнува од благословено дрво.“ [39] Практичното искуство, употребата и проучувањето потврдиле дека тоа е најдобриот зејтин. [40] Исто така во рамките на природните лекови спаѓаат и: капењето, одржувањето на хигиената и користењето мирис. [41] [36] Види: Фетх ел-Хакк ел-Мубин, стр. 140, а за лекувањето со мед ќе биде објаснето подоцна во оваа книга. [37] Види: Фетх ел-Хак ел-Мубин, стр. 141, а лекувањето со црното семе ќе биде објаснето подоцна во оваа книга. [38] Види: „Фетх ел Хакк ел Мубин“, стр. 144, а за лекувањето со водата Земзем ќе биде објаснето подоцна во оваа книга. [39] Ахмед во Муснед, 3/497, бр. 16055, Тирмизи, бр. 1851, и Ибн Маџе, бр. 3319. Албани го оценил како веродостоен во Сахих Тирмизи, 2/166. [40] Види: Фетхул-Хакк ел-Мубин, стр. 142. [41] Види: Претходен извор, стр. 145.
2. Лекување на урокот
Лекувањето на урокот се дели на неколку вида:
Првиот вид: Третман пред заболувањето и има повеќе облици:
1. Барањето заштита и заштитувањето на оние за кои се стравува, со пропишаните зикрови, дови и заштитни молитви, како што е споменато во првиот дел од лечењето на сихрот. [42] [42] Види: во претходно споменатото за лечењето на сихрот од оваа книга.
2. Оној кој се плаши дека може да урочи некого – кога ќе види нешто кај себе, во својот имот, кај своето дете, кај својот брат или нешто друго што го восхитува – треба да замоли за благослов, велејќи: „Маша Аллах, ла куввете ил-ла биллах. Аллахумме барик алејхи“; поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Ако видите нешто кај вашиот брат што ве восхитува, замолете го Аллах да го благослови.“ [43] [43] Муветта Малик, 2/938, и Ибн Маџе, 2/1160, со број 3509, и Ахмед, 4/447 со број 15700, а Албани го оценил како сахих во Сахих Ибн Маџе, 2/265. И Задул Ме‘ад, 4/170, и Ес-Саримул Беттар фит-Тесадди лис-Сехарати вел-Ешрар од шејх Вахид Абдуселам, стр. 229-252.
3. Прикривање на убавините од оној од кого се стравува од урок. [44] [44] Шерх ес-Сунне на Бегави, 13/116, Задул Ме‘ад, 4/173.
Вториот вид: По заболувањето од урок, и тоа (лекувањето) се дели на повеќе облици:
1. Ако е познат оној што урекол, му се наредува да земе абдест, а потоа погодениот од урок се бања со водата од неговиот абдест. [45] [45] Види: Сунен Ебу Давуд, 4/9, со број 5056, а за веродостоен го оценил Албани во Силсилетул-Ехадисис-Сахиха, 6/61, и Задул Ме‘ад, 4/163, и види: Ел-Викајету вел-Илаџу минел-Китаби вес-Сунне од Мухамед бин Шаји‘, стр. 144-147.
2. Почесто да се рецитира: „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!‘“, двете заштитнички сури (Ел Фелек и Ен Нас), сурата Ел Фатиха, Ајетул Курсиј, последните ајети од сурата Ел Бекаре, и пропишаните дови за рукја, со дување и лесно поминување со десната рака преку болното место, како што е споменато во вториот вид на лекување од сихрот, точка 3 од бр. 1-11. [46] [46] Види: во претходно наведеното од вториот вид на лечење од сихр-маѓија од оваа книга.
3. Се рецитира врз вода со благо дување, потоа болниот пие од неа, а со преостанатата вода се полива. Исто така може да се рецитира врз масло и да се мачка со него. Ако рецитирањето се врши врз водата Земзем, тоа е уште подобро, доколку е достапна [49], или пак врз вода од дожд. [50] [47] Сунен Ебу Давуд, 4/10, со број 3885, тоа го направил Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем за Сабит бин Кајс. Албани го оценил како слаб во Даиф Ебу Давуд, со број 836. [48] Ахмед, 3/497, број 16055, Албани го оценил како сахих, Ес Силсиле Ес Сахиха, 1/108, број 379. [49] Види: претходното излагање во четвртиот вид на лекување на сихрот, од оваа книга. [50] Види: она што е претходно наведено во четвртиот вид на лекување на сихрот од оваа книга.
4. Дозволено е на болниот да му се напишат ајети од Куранот, кои потоа се почиваат и измиваат со вода, а тој ја пие таа вода. [51] Во тоа спаѓаат: сурата Ел Фатиха, Ајетул Курсиј, последните два ајета од сурата Ел Бекаре, како и „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е!‘“ двете заштитнички сури и довите за рукја, како што беше наведено и во вториот вид на лекување од сихр, точка 2 и 3, од 1-11. [52] [51] Види: Задул Ме‘ад на Ибн Кајјим, 4/170, и Фетава на Ибн Тејмијје, 19/64. [52] Види: вториот вид на лекување на сихрот од оваа книга.
Третиот вид: Применување на методи кои го спречуваат урокот на завидливиот, а тоа се прави на следниве начини:
1. Барање заштита кај Аллах од неговото зло.
2. Богобојазливост кон Севишниот Аллах и внимавањето на Неговите наредби и забрани: „Чувај Го Аллах, и Тој ќе те чува тебе.“ [53]. [53] Тирмизи, бр. 2516, Албани го оценил како сахих во Сахих Тирмизи, 2/309.
3. Да се биде трпелив со завидливиот и да му се прости, да не го напаѓа, да не се жали од него и да не се помислува да му се наштети.
4. Потпирање на Аллах, зашто тој што се потпира на Аллах, Тој му е доволен.
5. Да не се плаши од завидливиот, ниту да го преокупира своето срце со размислување за него, а ова е еден од најкорисните лекови.
6. Свртување и приближување кон Аллах, искреност кон Него и барање на Неговото задоволство.
7. Покајание од гревовите, бидејќи тие им даваат власт на непријателите над човекот: „А несреќата која ќе ве снајде е поради гревовите кои сте ги направиле, а Тој многу од нив ги простува.“ (Еш Шура, 30)
8. Давање садака и доброчинство, колку што е можно повеќе; бидејќи тоа има чудесно влијание во одбивањето на неволјите, урокот и злото на завидливиот.
9. Гаснење на огнот на завидливиот, насилникот и оној што нанесува зло – преку добрина кон него. Колку повеќе тој ти нанесува зло, неправда, непријателство и завист, толку повеќе ти да му возвраќаш со добрина, убавина и благост. Во ова успева само оној што има голем удел (е на висока положба) кај Аллах.
10. Прочистување на тевхидот и негово искрено посветување на Семоќниот, Мудриот, Оној без чија дозвола ништо не може ниту да наштети ниту да користи. Тој е Оној што го опфаќа сето тоа и Тој е основата на сето тоа. Затоа, тевхидот е најголемата Аллахова тврдина, во која, оној што ќе влезе, ќе биде од безбедните.
Ова се десет причини со кои се одбива злото на завидливиот, оној што урочува и маѓепсникот. [54] [54] Види: Беда‘иул-Феваид, 2/238-245.
3. Лечење на џинското опседнување на човекот.
Лечењето на опседнатиот, во кого влегол џин и го обземал, се дели на два вида:
Првиот вид: пред опседнувањето:
Во заштита од опседнувањето спаѓа придржувањето кон сите фарзови и ваџиби, избегнувањето на сите забрани, покајанието од сите гревови, и заштитувањето со пропишаните зикрови, дови и заштитни молитви.
Вториот вид: Лечење по влегувањето на џинот:
Лечењето се спроведува со рецитирање на муслиман чие срце е во согласност со неговиот јазик, и преку неговата рукја за оној што е погоден од опседнување. Најсилен и најделотворен лек е рукјата со сурата Ел Фатиха [55], Ајетул Курсиј, последните два ајета од сурата Ел Бекаре, и „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е...“ И: „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на мугрите'“. и: „Кажи: ,Барам заштита кај Господарот на луѓето‘...“ со дување врз погоденото лице, и тоа да се повтори три или повеќе пати, како и други ајети од Куранот; бидејќи целиот Куран е лек за она што е во градите, и патоказ и милост за верниците [56], и довите за лекување како што е наведено во вториот вид на лечењето од сихр во точките. [57] За овој вид на лечење, неопходни се две работи: [55] Види: Сунен на Ебу Давуд, 4/13-14, со број 3896, и Ахмед, 5/210, со број 21835, а Албани го смета за веродостоен во „Силсилетул-ехадис ес-сахиха“, број 2028. [56] Види: Ел Фетхур Раббани тертиб Муснед Имам Ахмед, 17/183. [57] Види: Вториот вид од лечењето на сихрот од оваа книга.
Првото е од страна на опседнатиот: преку неговата внатрешна сила, искреното обраќање со дова кон Аллах и правилното практикување на заштитата, потврдено со срцето и со јазикот.
Второто се однесува на оној што лекува, кој и самиот мора да биде таков, зашто ефективноста на оружјето зависи од оној што го користи. [58] [58] Види: опширна и корисна рукја во „Ес-Сарим ел-Беттар“, стр. 109-117, од шејх Вахид Абдуселам, и види: „Задул Ме‘ад“, 4/66-69, и „Појаснување на вистината за влегувањето на џинот во човекот и одговор на оние што го негираат тоа“ од Абдулазиз бин Абдулах бин Баз, стр. 14, и „Фетви“ од Ибн Тејмије, 19/9-65, и 24/276, и „Заштита и лекување од Куранот и Сунетот“ од Мухамед бин Шаји‘, стр. 66-69, и види: „Како да се истераат џините од куќата“, во „Заштита и лекување од Куранот и Сунетот“ од Мухамед ибн Шаји‘, стр. 59, и „Светот на џините и шејтаните“ од Ел-Ешкар, стр. 130.
Ако во увото на опседнатиот се проучи езан, тоа е добро; бидејќи шејтанот бега од него. [59] [59] Види: Фетхул Хакк ел-Мубин, стр. 112, и Бухари, бр. 574.
4. Лекувањето на душевните болести:
Најделотворниот лек за душевните болести [60] и за тешкотијата во градите, накратко, е следново: [60] Види: „Причините за спокојство“ во Задул Ме‘ад, 2/23-28, и книгата Ел-Весаил Ел-Муфиде лил-Хајат ес-Се‘иде од шејхот Абдурахман бин Насир ес-Сади, Аллах да му се смилува.
1. Упатството кон вистината и тевхидот се најголемата причина за спокојство, како што заблудата и ширкот се меѓу најголемите причини за теснотата во градите.
2. Светлината на искреното верување која Аллах ја всадува во срцето на Неговиот роб, заедно со доброто дело.
3. Корисното знаење: колку повеќе се проширува знаењето на робот, толку повеќе му се распрстрануваат и му се шират градите (чувствува спокој).
4. Каеењето и враќањето кон Аллах, љубовта кон Него со целото срце, обраќањето Нему и чувствувањето наслада во обожувањето Нему.
5. Постојаното спомнување на Аллах во секоја состојба и на секое место, затоа што спомнувањето има чудесно влијание врз спокојството, насладата на срцето и отстранувањето на грижите и вознемиреноста.
6. Добрина кон живите суштества на секој можен начин и настојување да им се биде од корист колку што е можно. Зашто дарежливиот добротвор има најшироки гради, најчиста душа и најсмирено срце.
7. Храброста, бидејќи храбриот човек има пространи гради и широко срце.
8. Отстранување на расипаноста [61] од срцето, односно на прекорените особини што предизвикуваат негова стега и мака, како што се зависта, омразата, злобата, непријателството, злопамтењето и неправдата. Потврдено е дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил запрашан за најдобрите луѓе, па рекол: „Секој што има чисто срце и искрен јазик.“ Присутните прашаа: „Знаеме што значи да се биде искрен на јазикот, но што е тоа чисто срце?“ Тој одговори: „Тоа е богобојазливото, чистото срце, во кое нема грев, ниту неправда, ниту злоба, ниту завист.“ [62] [61] Значењето на зборот дегал (расипаноста): Недостаток или мана во нешто што го расипува. [62] Го бележи Ибн Маџе со број 4216, а Албани го оценил како сахих во Сахих Ибн Маџе, 2/411.
9. Оддалечување од некорисното гледање, зборување, слушање, штетното дружење, претераното јадење и спиење; бидејќи воздржувањето од тоа е една од причините за душевен мир, спокојство на срцето и отстранување на грижата и тагата.
10. Ангажирање со некоја корисна работа или корисно знаење, кое го одвлекува срцето од она што го вознемирува.
11. Насочување кон делата на сегашниот ден, без преоптеретување со иднината и без тага за минатото. Верникот треба да се труди во она што му носи корист и во верата и во животот, да го моли својот Господар за успех во неговата намера и да бара помош од Него, затоа што тоа му носи утеха од грижата и тагата.
12. Да се гледа кон оние што се под нас, а не кон оние што се над нас - во поглед на здравјето, снабдувањето и сѐ што е последица на овие благодати.
13. Да се заборават непријатностите од минатото кои не можат да се променат, и воопшто да не се размислува за нив.
14. Кога човек ќе се соочи со некаква несреќа, треба да настојува да си ја олесни, така што ќе го земе предвид најлошиот можен исход и ќе се обиде да го спречи колку што е во можност.
15. Силата на срцето и да не се вознемирува и да не реагира на илузии и замисли што ги поттикнуваат лошите мисли, да не се гневи, ниту да очекува губење на саканите нешта или појава на непријатности, туку да Му ја препушти својата состојба на Возвишениот Аллах, земајќи ги корисните причини и молејќи Го за простување и заштита.
16. Потпирање на срцето врз Аллах, потпирање на Него и убаво мислење за Него, Возвишениот; бидејќи оној што се потпира на Аллах врз него не влијаат илузиите.
17. Разумниот човек знае дека вистинскиот живот е среќниот и сталожениот живот, и дека тој е многу краток. Затоа, да не го крати со грижи и препуштање на вознемиреноста, бидејќи тоа е спротивно на здравиот и исполнет живот.
18. Кога ќе го снајде некаква непријатност, нека ги спореди останатите благодати што ги има - било верски или овоземни - со таа непријатност, па при споредбата ќе сфати колку бројни се благодатите во кои се наоѓа. Исто така, нека го спореди она од што се плаши со многуте можности за спас, и да не дозволи слабата можност да надвладее над силните и бројни причини за спокојство. Со тоа ќе исчезнат неговите грижи и стравови.
19. Треба да знае дека вознемирувањата од луѓето не можат да му наштетат - особено нивните злобни зборови - бидејќи тие им штетат само ним самите. Затоа нека не им придава никаква важност, за да не му наштетат.
20. Да ги насочува своите мисли кон она што му користи и во верата и на овој свет.
21. Верникот не бара благодарност за доброто што го направил, освен од Аллах, знаејќи дека со тоа всушност постапува во однос со Него. Затоа, не му е важно дали ќе му биде заблагодарено од оној кому му направил добро. „Ние само заради Аллаховото лице ве храниме, од вас ни признание ни благодарност не бараме!“ (Ел Инсан, 9)
22. Да се фокусира врз корисните работи и да се работи на нивното реализирање, и да се избегнуваат штетните работи, за да не се преокупираат умот и мислите со нив.
23. Да ги завршува тековните обврски навреме и да се ослободи за идните, за да им пристапи со свежа мисла и нова енергија.
24. Од корисните дела и науки да ги избира најважните, па потоа оние што следат по важност, особено оние кон кои чуствува силна желба. Во тоа нека бара помош од Аллах, а потоа нека бара совет и од другите. Кога ќе се увери во користа и ќе донесе одлука, нека се потпре на Аллах.
25. Спомнувањето на Аллаховите видливи и невидливи благодати - нивното препознавање и спомнување ги отстранува грижите и тагата и го поттикнува верникот на благодарност.
26. Односот кон сопругата, роднините, соработникот и секој со кого имаш некаква врска: кога ќе забележиш некој недостаток кај некого од нив, спомни ги нивните добри страни и спореди ги. Со таквиот пристап ќе се зачува блискоста и ќе се смири срцето. Затоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Верникот не треба да ја мрази верничката; ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му се допадне некоја друга.“ [63]. [63] Муслим, 2/1091, 1469.
27. Дова за подобрување на сите работи, а најголемото од тиеработи е: „Аллаху мој, поправи ја мојата вера во која е мојата сигурност, дај ми добро на овој свет затоа што тука живеам, уреди го мојот ахирет (оној свет) кон кого одам, мојот живот нека биде зголемување на сѐ она кое е добро, а смртта нека биде спас од сѐ што е лошо.“ [64] Исто така кажано е: „Аллаху мој, на Твојата милост се надевам, не ме оставај на самиот себеси дури ни колку да трепнам со око, поправи ги сите мои работи, Ти си единствен вистински Бог.“ [65] [64] Муслим, 4/ 2087, бр. 2720. [65] Ебу Давуд, 4/324, со број 5090, и Ахмед, 5/42, со број 0430, Албани го оценил како веродостоен во Сахихул Џами‘, со број 3388, и како хасен во Сахих Ебу Давуд, 3/251.
28. Џихад на Аллаховиот пат; а потврда се зборовите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: „Борете се на Аллаховиот пат; зашто џихадот на Аллаховиот пат е една од портите на Џенетот, со кој Аллах избавува од грижата и тагата.“ [66] [66] Ахмед, 5/314, 316, 319, 326, 330, бр. 21624, 22680, 22732, Хаким го оценил како сахих, со што се согласил и Зехеби, 2/75, исто така и Албани го оценил како сахих во „Силсилетул-Ехадитис-Сахиха“, 2/274.
Овие причини и средства се корисен лек за душевните болести и претставуваат еден од најдобрите начини за смирување на внатрешната вознемиреност- за оној што ќе размислува за нив и искрено ќе ги применува. Некои од учените со нив лекувале бројни случаи и психички состојби, па Аллах преку нив дал голема корист. [67] [67] Види: Мукадимету ел-Весаил ел-Муфиде, петто издание, стр. 6.
5. Лекување на чирот и раната.
Кога некој човек ќе му се пожалел на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека има чир или рана, тој ќе го направел следново: со својот прст ќе го допрел правот од земјата – како што Суфјан го ставил својот показалец на земја, а потоа го подигнал – и велел: „Во името на Аллах, со правта на земјата и плунката на некој од нас се лекуваат нашите болни, со Аллахова дозвола.“ [68] [68] Бухари со Фетх, 10/206, бр. 5745, и Муслим, 4/1724, бр. 2194.
Значењето на хадисот е: Зема од својата плунка на показалецот, потоа го става на земја, па на прстот се лепи малку земја. Со тоа го трие ранетото или болното место, изговарајќи ги овие зборови за време на триењето. [69] [69] Види: Шерх Сахих Муслим од Невеви, 14/184, и Фетхул Бари од Ибн Хаџер, 10/208, и види детален коментар во Задул Ме‘ад, 4/186-187.
6. Лекување на неволјата
„Нема неволја која ќе ја погоди Земјата и вас, а која не е, пред да ја дадеме, запишана во Книгата – тоа за Аллах е навистина лесно – за да не тагувате по тоа што ви одминало, а и да не се радувате премногу на тоа што Тој ќе ви го даде. Аллах не сака никакви прекумерни трошачи, фалбаџии.“ (Ел Хадид, 22-23)
2. „Никаква неволја не се случува освен со Аллахова дозвола. А кој верува во Аллах, Тој ќе го упати неговото срце, а Аллах сè добро знае.“ (Ет Тегабун, 11)
3. „Секој роб кој ќе го снајде некакво искушение, па ќе каже: ,Ние сме Аллахови и Нему ќе Му се вратиме, Аллаху мој, дај ми награда во ова мое искушение, и надомести ми го со нешто подобро,“ нему Аллах ќе му даде награда за неговото искушение и ќе му го надомести со нешто подобро.“ [70] [70] Муслим, 2/633, бр. 918.
4. „Кога ќе му умре детето на некој од Аллаховите робови, Возвишениот Аллах им вели на Своите мелеци: ,Го зедовте ли детето на Мојот роб?' Тие одговараат: ,Да.' Тој прашува: ,Го зедовте ли плодот на неговото срце?' Тие одговараат: ,Да.' Тој прашува: ,А што рече Мојот роб?' Тие одговараат: ,Ти се заблагодари и изговори истирџа.' [71] Тогаш Возвишениот Аллах вели: ,Изградете му на Мојот роб куќа во Џенетот и наречете ја Куќа на благодарноста.‘“ [72] [71] Односно рекол: Благодарноста Му припаѓа на Аллах, ние сме Аллахови и Нему ќе му се вратиме. [72] Го бележи Тирмизи, бр. 1021, а Албани го оценил како добар (хасен) во: Сахих Тирмизи, 1/298.
5. „Возвишениот Аллах вели: ‚За Мојот роб верник, кога ќе му го земам неговиот сакан од жителите на овој свет, а тој се стрпи надевајќи се на награда, нема друга награда кај Мене освен Џенет.‘“ [73]. [73] Сахих Ел Бухари, Ел Фетх, 11/242, бр. 6424.
6. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на еден човек кому му умрел синот: „Зар не би сакал, кога ќе влезеш на која било порта од портите на Џенетот, да го најдеш (син ти) како те чека?“ [74] [74] Ахмед, бр. 15595, Ен Несаи, 4/23, во Ел Џенаиз, поглавје Поттик за очекување на награда и трпение при неволја, бр. 1870, синџирот на пренесувачи е веродостоен според условите на Сахихот, Ибн Хибан го оценил за веродостоен, 8/209, и Албани го оценил за веродостоен во Сахих ет Тергиб вет Терхиб, бр. 2007, и види: Фетхул Бари, 11/243.
7. „Аллах, Семоќниот и Величествениот, вели: ‚Кога ќе го ставам на искушение Мојот роб со неговите две сакани, па тој ќе се стрпи [и ќе се надева на награда], ќе му ги надоместам со Џенет‘ – мислејќи на неговите очи.“ [75] [75] Бухари, Ел Фетх, 10/116, бр. 5653, а тоа што е во средни загради е од Сунен ет-Тирмизи, бр. 2400, види: Сахих ет-Тирмизи, 2/286.
8. „Нема муслиман кој ќе биде погоден од некаква непријатност – било болест или нешто друго – а Аллах со тоа да не му ги избрише гревовите, како што од дрвото паѓаат нивните лисја.“ [76] [76] Бухари со Фетх, 10/120, бр. 5648, и Муслим, 4/1991, бр. 2571.
9. „На верникот кој ќе го боцне трн, или нешто потешко од тоа, ќе му биде запишан еден степен (награда) и избришан еден грев.“ [77] [77] Муслим, 4/ 1991, бр. 2572.
10. „Верникот кој ќе биде погоден од болка, [78] премореност, [79] болест или тага, дури и грижата што го мачи, [80] поради тоа ќе му бидат простени гревовите.“ [78] Ел-весаб: постојана болка, а со тоа значење се и зборовите на Возвишениот: „И нив ги чека постојано страдание“, т.е. постојано, трајно. Види: Шерх Невеви, 16/130. [79] „Ен-насаб“: значи замор. [80] Се наведува изговор со фетха на ја и дамма на ха: „јехуммуху“, како и со дамма на ја и фетха на ха: „јухеммуху“; што значи: го растажува, и двата изговора се точни. Види: Шерх ен-Невеви ала Сахих Муслим, 16/130. [81] Муслим, 4/1993, бр. 2573.
11. „Големата награда доаѓа со големи искушенија. Кога Аллах ќе засака некој народ, го става на искушение. Кој ќе биде задоволен, му следува задоволство (од Аллах), а кој ќе негодува, му следува негодување.“ [82] [83] [82] Го бележат Тирмизи, бр. 2396, и Ибн Маџе, бр. 4031, Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи, 2/286. [83] Се вели: Ес-Сухт и ес-сехат е спротивно на задоволството. Сехите значи се налутил, т.е. се разгневил, а сахит е оној кој е гневен. Есхатеху значи го налутил, т.е. го разгневил. Се вели: тесеххате атаеху, т.е. негодувал за својот подарок, сметајќи го за мал и не бил задоволен со него. Именката изведена од глаголот е ес-сухт... Изразите сехиттуху и сехитту алејхи, и есхаттуху фе сехите (го налутив, па се налути) се исти по форма и значење како и егдабтуху фе гадибе (го разгневив, па се разгневи). Види: Ес-Сихах, одредница: сехат, и Ел-Мисбаху-л-мунир, одредница: сехат.
12. „...искушенијата нема да престанат да го снаоѓаат Аллаховиот роб [84] сè додека не бидат причина да чекори по Земјата, без ниту еден грев.“ [85] [84] Односно: муслиманот. [85] Го бележат Тирмизи, со број 2698, и Ибн Маџе, со број 4023, шејхот Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи, 2/286.
7. Лекување на грижата и тагата
1. Кога Аллаховиот роб ќе биде погоден од грижа или тага па ќе изговори: „Аллаху мој, јас сум Твој роб, син на татко и мајка кои се Твои робови, моето чело е во Твојата рака, Ти владееш и праведна е Твојата пресуда, ти се молам со сите Твои имиња со кои се именуваше себеси, кои си ги објавил во Твојата Книга, со кои ги поучи некои Твои робови, или кои се дел од Твоето знаење за невидливото, Куранот нека биде пролет за моето срце, светлина за моите гради, решение за мојата тага и излез од моите грижи. Тој што ќе го каже ова, тагата и грижата ќе му бидат заменети со радост.“ [86] [86] Ахмед, 1/391, бр. 3712, Албани го оценил како Сахих во Сахих ет-Тергиб вет-Терхиб, бр. 182.
2. „О Аллаху, барам засолниште кај Тебе од грижите и тагата, од немоќта и мрзеливоста, од скржавоста и кукавичлукот, од товарот на долгот и од тоа луѓето да ме надвладеат.“ [87] [87] Бухари, 7/158, бр. 2893, Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, често ја упатувал оваа дова, види: Бухари со Фетх, 11/173.
8. Лекување на грижите
1. „Нема друг вистински Бог освен Големиот и Благиот, Нема друг вистински Бог освен Господарот на возвишениот трон, Нема друг вистински Бог освен Господарот на небесата, Господар на Земјата и на Тронот величествен.“ [88] [88] Бухари, 7/154, бр. 6346, и Муслим, 4/2092, бр. 2730.
2. „Аллаху, на Твојата милост се надевам, не ме оставај на самиот себеси дури ни колку да трепнам со око, поправи ги сите мои работи, Ти си единствениот вистински Бог.“ [89] [89] Ебу Давуд, 4/324, со број 5092, и Ахмед, 5/42, со број 20430, Албани го оценил како хасен во Ирваул-Галил, 3/357, и Ел-Арнаут во неговата рецензија на Муснедот, 34/75.
3. „Нема друг вистински Бог освен Тебе, славен си, јас сум навистина еден од неправедниците.“[90] [90] Тирмизи, 5/529, бр. 3505, и Хаким, 1/505, кој го оценил како сахих, а со него се согласил и Зехеби. Албани го оценил како сахих во Сахих Тирмизи, 3/168.
4. „Аллах, Аллах е мојот Господар, не Му припишувам здруженик.“ [91] [91] Ебу Давуд, 2/87, број 1525, Албани го оценил за веродостоен во Сахих Ибн Маџе, 2/335, и Сахих Тирмизи, 4/196.
9. Самостојно лекување на болниот
„Стави ја раката на местото каде те боли и кажи трипати: „Бисмиллах“, и кажи седумпати: „Барам заштита со Аллаховата моќ од злото кое го чувствувам и од кое стравувам.“ [92] [92] Муслим, 4/1728, број 2202.
10. Лекување на болниот при неговата посета
„Нема роб муслиман кој ќе посети болен кому не му настапил смртниот час, и ќе каже седум пати: „Го молам Величествениот Господар, Господарот на Величествениот Трон, да те излечи “, а тој да не биде излечен.“ [93] [93] Го бележат Тирмизи, со број 2083, и Ебу Давуд, со број 3893, а Албани го оценил како веродостоен (сахих) во Сахих Тирмизи, 2/210, и Сахихул Џами‘, 5/180.
11- Како ќе постапиме при вознемиреност и уплав при спиење
„Барам засолниште со Аллаховите потполни зборови: од Неговата лутина, од Неговата казна, од злото на Неговите робови, од шејтанските сплетки и од тоа да ми се приближат.“ [94] [94] Ебу Давуд, 4/12, со број 3893, а Албани го оценил како хасен во Сахих Тирмизи, 3/171.
12. Лекување на грозницата
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Грозницата е од здивот на пеколниот оган, па затоа изладете ја со вода.“ [95] [95] Бухари, види Ел Фетх, 10/174, број 3264, и Муслим, 4/1733, број 2210.
13. Лекување на убод и каснување.
1. Рецитирање на сурата Ел Фатиха со собирање на плунка, и нејзино исплукнување врз убодот. [96] [96] Бухари, Ел Фетх, 10/208, поглавје за медицината, во делот за: Рукјата на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем.
2. Местото се протрива со вода и сол, и притоа се рецитира: „Кажи: О, вие неверници“ и двете заштитни сури (Фелек и Нас). [97] [97] Ет Таберани во Ел Му'џем ес Сагир, 2/830, а неговиот синџир на пренесувачи како добар го оценил Ел Хејсеми во Меџме‘уз Зеваид, 5/111, а Албани го оценил како сахих во Силсилетул Ехадисис Сахиха, бр. 548.
14. Лекување на гневот
Лекувањето на гневот се прави на два начини:
Прв начин: Превенција
А тоа се постигнува со избегнување на причините на лутината, а од овие причини се: горделивоста, самобендисаноста, фалењето, покудената алчност, неумесното шегување, несериозноста и слично на тоа.
Втор начин: Лекување на гневот откако ќе настапи.
Истото може да се подели на четири вида:
Барање заштита кај Аллах од проклетиот шејтан.
Абдест.
Промена на состојбата на гневниот: со седнување, легнување, излегување, воздржување од зборување или слично.
Присетување на наградата што е спомената за совладување на гневот, и на понижувањето што е последица на лутината. [98] [98] Види го ова појаснување со неговите веродостојни докази во книгата: Афатул лисан, стр. 110-112, и Ел-Хикме фи давети ила Аллах, стр. 64-66 од авторот.
15. Лекување со црното семе
Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Во црното семе има лек за секоја болест, освен смртта.“ Ибн Шихаб рекол: „Ес-Сам – смрт, а црното семе е шуниз.“[99] Црното семе има навистина многу придобивки, а неговите зборови: „лек за секоја болест“ го имаат значењето како и зборовите на Возвишениот: „Кој според одредението на Господарот свој сè руши.“ (Ел Ахкаф, 25) Односно, сè што е подложно на уништување и нему сличното. [100] [99] Бухари со Фетх, 10/143, број 5688, и Муслим, 1735, број 2215. [100] Види: Задул Ме‘ад, 4/297, и Ет-Тибб мин Ел-Китаб вес-Сунне на Мувеффекуддин Абдулатиф Ел-Багдади, стр. 88.
16. Лекување со мед
1. Возвишениот Аллах, спомнувајќи ја пчелата, вели: „Од утробите нивни излегува пијалак со различни бои, кој им е лек на луѓето. Тоа е доказ за луѓето што размислуваат.“ (Ен Нахл, 69)
2. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Лекот е во три работи: во зарез при хиџама (пуштање крв), или во голтка мед, или во каутеризација (горење), а јас на мојот умет им го забранувам горењето.“ [101] [101] Бухари со Ел Фетх, 10/137, под број 5681, и види користите од медот во: Задул Ме‘ад, 4/50-62, и Ет-Тибб минел-Китаби вес-Суннети од елама Мувеффекуддин Абдулатиф ел-Багдади, стр. 129-136.
17. Лекување со водата Земзем
1. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за водата Земзем рекол: „Навистина е благословена, навистина е храна што заситува [и лек за болест].“ [102] [102] Муслим, 4/1922, бр. 2473, а делот во средни загради го бележат Безар, 2/86, Бејхеки во „Сунен Ел-Кубра“, 5/147, и Таберани во „Му'џем Ел-Евсат“, 3/247, и неговиот синџир на пренесувачи е Сахих. Види: „Меџме'уз-Зеваид“, 3/286.
2. И хадисот кој го пренесува Џабир: „Водата од Земзем е за она за што се пие.“ [103] [103] Ибн Маџе, 3062, и други, а Албани го оценил како сахих во Сахих Ибн Маџе, 2/183, и Ирваул Галил, 4/320.
3. Потврдено е од него, салаллаху алејхи ве селем, дека: „носел вода од Земзем во мешини и садови, истурал врз болните и ги напојувал.“ [105] Имамот Ибн Кајим, Аллах нека му се смилува, рекол: „Јас, и другите, сме искусиле чудесни работи при лекувањето со водата Земзем. Се излекував од повеќе болести со неа и оздравив [106], со Аллахова дозвола.“ [107] [104] Значењето на зборот во хадисот ел идаве: сад за чистење, а множина е Ел едави. Мухтар ес Сахах, 1/11. [105] Тирмизи, 1/180, бр. 963, Ел Бејхеки, 5/202, Албани го оценил како сахих во Сахих Тирмизи, 1/284, и Силсилетул Ехадисис Сахиха, 2/572, бр. 883, и Задул Ме‘ад, 4/392. [106] А другите, освен жителите на Хиџаз, велат: „фебери'ту“. Види: Ен-Нихаје фи гарибил-хадис, 1/111. [107] Задул Ме‘ад, 4/393 и 178.
18. Лекување на болестите на срцето
Срцата се три вида:
1. Чисто срце: а тоа е она со кое ќе се спаси на Судниот ден, оној кој ќе дојде пред Аллах со него, Возвишениот Аллах вели: „На Денот кога никакво богатство, а ни синовите, нема од корист да бидат, само тој што кај Аллах со чисто срце ќе дојде, спасен ќе биде.“ (Eш Шуара, 88-89)
Чисто срце е она кое е ослободено од секоја страст што се спротивставува на наредбата и забраната на Аллах, и од секое сомневање што се коси со Неговата објава. Таквото срце е чисто од робување на било кој освен Нему и од прифаќање за судија некој друг освен Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.
Накратко, чистото и здраво срце е она што е ослободено од каков било облик на здружување со некого освен со Аллах. Неговото обожување е искрено и посветено единствено на Аллах – со својата волја, љубов, доверба, покајничко враќање, понизност, стравопочит и надеж. Неговите дела се само заради Аллах: ако сака – сака заради Аллах, ако мрази – мрази заради Аллах, ако дава – дава заради Аллах, ако одбива – одбива заради Аллах. Сите негови стремежи се кон Аллах, целата негова љубов е за Аллах, неговата намера е насочена кон Него, неговото тело, делата, сонот и будноста се за Него. Разговорот за Аллах му е помил од секој друг разговор, а мислите му кружат околу сè што Нему, Му е, угодно и драго. Го молиме Возвишениот Аллах за вакво срце. [108] Види: Игасетул лехфан мин месаидиш шејтан од Ибн Кајим, Аллах да му се смилува, 1/7 и 73.
2. Мртвото срце: Тоа е спротивно на првото. Тоа е срцето што не го познава својот Господар и не Го обожува според Неговите наредби и она што Тој го сака и со што е задоволен. Напротив, тоа е потопено во своите страсти и задоволства, дури и ако во нив има лутината и гневот на неговиот Господар. Таквото срце обожува друг наместо Аллах – со љубов, страв, надеж, задоволство, гнев, почит и понизност. Ако мрази – мрази поради своите страсти; ако сака – сака поради своите страсти; ако дава – дава поради своите страсти; а ако ускратува – ускратува поради своите страсти. Страста му е имам, похотата – водач, незнаењето – управувач, а небрежноста – негово возило. [109] Бараме заштита кај Аллах од такво срце. [109] Види: Игасет ел Лехфан мин Месаид еш Шејтан, 1/9.
3. Болното срце: Тоа е срце кое има живот, но во него постои и болест. Го хранат две сили – еднаш оваа, еднаш онаа – и срцето ѝ припаѓа на онаа што ќе надвладее. Во него има љубов кон Возвишениот Аллах, вера во Него, искреност кон Него и потпирање врз Него – а тоа е изворот на неговиот живот. Но, во него има и љубов кон страстите, желба за нивно постигнување, завист, горделивост, самобендисаност, стремеж кон превласт и ширење неред на Земјата преку властољубие, лицемерие, преправање, алчност и скржавост – а тоа е изворот на неговата пропаст и уништување. [110] Бараме заштита кај Аллах од такво срце. [110] Види: Игасет ел-Лехфан, 1/9.
Лекот за сите болести на срцето се содржи во Благородниот Куран.
Возвишениот Аллах вели: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците.“ (Јунус, 57) Тој исто така вели: „Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста.“ (Ел Исра, 82)
Болестите на срцето се делат на два вида:
Еден вид е оној од кој заболениот не чувствува болка веднаш, а тоа е болеста на незнаењето, страстите и сомнежите. Ова е најболниот од двата вида, но поради расипаноста на срцето, тој не ја чувствува.
А другиот вид е болест која предизвикува моментална болка: како грижата, вознемиреноста, тагата и гневот. Оваа болест може да се отстрани со природни лекови, со отстранување на нејзините причини и слично. [111] [111] Види: Игасет ел Лехфан, 1/44.
Лекувањето на срцето е со четири работи:
Прво: Благородниот Куран; бидејќи тој е лек за сомнежот во градите, и го отстранува од нив ширкот, нечистотијата на неверството, и болестите на сомнежите и страстите. Тој е упатство за оној кој ја знае вистината и работи според неа, и милост за верниците поради наградата што ја добиваат преку него на овој и на идниот свет. Возвишениот Аллах вели: „Зарем е ист тој што бил во мртвило, а кого Ние го оживеавме и му дадовме светло со помош на кое меѓу луѓето се движи, со тој што е во темнината од која не излегува? А на неверниците им се чини убаво тоа што го прават.“ (Ел Енам, 122)
Второ: Срцето има потреба од три работи:
1. Да ја чува својата сила преку верување, правење добри дела и извршување на редовни дела на покорност.
2. Заштита од штетни работи, а тоа подразбира избегнување на сите гревови и секаков вид прекршоци.
3. Духовно прочистување од сè што е штетно, а тоа се остварува преку покајание и упатување молби за прошка.
Трето: Како се лекува срцето кога страстите ќе завладеат со него:
Постојат два вида на лекување: самопресметка и спротивставување, а самопресметката има два вида:
Прв вид: Пред делото, кој има четири степени:
1. Дали ова дело е изводливо за него?
2. Дали извршувањето на ова дело е подобро за него од неговото изоставување?
3. Дали ова дело се извршува во името на Аллах?
4. Дали ова дело е потпомогнато и има помошници кои ќе го поддржат, доколку за неговото извршување е потребна помош? Ако одговорот е потврден, нека пристапи кон него, а во спротивно, нека не го започнува.
Втор вид: по извршувањето на делото, и тоа се дели на три вида:
1. Преиспитување на самиот себе за делото на покорноста во која потфрлил во однос на Аллаховото право, со тоа што не ја извршил на бараниот начин. А Аллаховите права во тоа се: искреност, добронамерност, следење (на Пратеникот), свесност за степенот на добродетелство (Ихсан), свесност за Аллаховата благодат во тоа, и свесност за сопствените недостатоци после сето тоа.
2. Пресметување со себеси за секое дело што било подобро да се избегне отколку да се направи.
3. Преиспитување на самиот себеси за дозволена или вообичаена работа, и дали со неа го барал Аллах и Ахиретот, па така е добитник, или го посакувал овој свет, па следствено е губитник.
Суштината на сето тоа е човекот прво да се пресмета со самиот себеси во поглед на задолжителните обврски, и да ги надополни доколку се нецелосни. Потоа, да се пресмета за забранетите работи, па ако увиди дека сторил нешто од нив, тоа да го надомести преку покајание и барање прошка. Потоа, да се пресмета за делата на неговите органи, и на крај, за немарноста. [112] [112] Види: Игасет ел-Лехфан, 1/136
Четвртата работа: Како се лекува болеста на срцето кога шејтанот ќе завладее со него.
Шејтанот е непријател на човекот, а спасот од него е преку барањето заштита што Аллах ја пропишал. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го споил барањето заштита од злото на душата и злото на шејтанот, кога му рекол на Ебу Бекр: „Кажи: ,Аллаху мој, Создателу на небесата и на Земјата, Ти што го знаеш видливото и невидливото, Господару и Владетелу на сѐ. Сведочам дека Ти си Единствениот вистински Бог, барам Твоја заштита од злото на мојата душа, од злото на шејтанот и неговиот ширк, и да не си нанесам зло себеси, ниту пак да му го предизвикам на некој муслиман.' Кажувај го ова наутро, навечер и кога ќе легнеш во постела.“ [113] [113] Го бележат Тирмизи со број 3392 и Ебу Давуд со број 5058 Албани го оценил како сахих во Сахих Тирмизи, 3/142.
Прибегнувањето, потпирањето и искреноста ја спречуваат надмоќта на шејтанот. [114] [114] Види: Игасету-Лехфан, 1/ 145- 162.
Аллаховиот мир и благослов нека се врз нашиот пратеник Мухамед, неговото чесно семејство, асхаби и сите оние кои ги следат во нивните добри дела до Судниот ден.
Дова и лечење со рукја од Куранот и Сунетот
Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани
Книгата „Дова и лечење со рукја од Куранот и Сунетот“ од д-р Сеид бин Али бин Вахф ел-Кахтани претставува реномиран и веродостоен научен извор што ја обработува темата за довата и лечењето на болестите преку шеријатска рукја. Во делото се изложени довите засновани на ајети од Благородниот Куран и хадисите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со појаснување на начинот на нивна примена при лекување на духовните и телесните болести. Авторот посветува посебно внимание на верата, искреноста и потпирањето на Аллах како суштински предуслови за примање на довата и постигнување на излекување. Покрај тоа, книгата нуди практични и проверени методи на рукја засновани на Куран и Сунет, како и средства за заштита и превенција од разни видови штети, болести и влијанија. Таа претставува водич за секој муслиман кој бара да се излечи со дозволени средства и да ја зајакне својата искреност кон Аллах.