Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Исламот Кратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот [1] (Примерок без наведени аргументи) [1] Постои друга дополнета верзија на оваа порака со докази од Куранот и Сунетот за секое прашање. Можете да погледнете преку линкот: https://islamhouse.com/ar/books/2830071 Ова е важна порака која нуди краток и јасен вовед во исламот, објаснувајќи ги неговите основни принципи, учења и доблести, извлечени од оригиналните извори на Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот. Пораката е наменета…
Кратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот
[1] (Примерок без наведени аргументи)[1] Постои друга дополнета верзија на оваа порака со докази од Куранот и Сунетот за секое прашање. Можете да погледнете преку линкот: https://islamhouse.com/ar/books/2830071
Ова е важна порака која нуди краток и јасен вовед во исламот, објаснувајќи ги неговите основни принципи, учења и доблести, извлечени од оригиналните извори на Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот. Пораката е наменета за сите луѓе, муслимани и немуслимани, на сите јазици, во секое време и место, без разлика на околностите.
1. Исламот е Божјата порака до сите луѓе; тој е вечната божествена порака.
2. Исламот не е специфична вера за одредена раса или народ, туку е Божјата вера за целото човештво.
3. Исламот е божествената порака која дојде како дополнување на пораките на претходните пратеници и веровесници, мир и благослов Божји нека е над нив, до нивните народи.
4. Пратениците, мирот Аллахов нека е над нив, биле во иста вера, но со различни верски закони.
5. Исламот повикува, како што повикуваа сите пратеници: Нух, Ибрахим, Муса, Сулејман, Давуд и Иса, алејхимус-селам, да се верува дека Аллах е Господарот, Создателот, Снабдувачот, Оној кој дава и одзема живот, Владетелот со сè, Управителот со сè, Благиот и Семилосниот.
6. Возвишениот Аллах е Создателот и Единствениот кој заслужува да биде обожуван, и никој друг не треба да биде обожуван заедно со Него.
7. Аллах е Создателот на сè во универзумот, видливото и невидливото, и сè друго покрај Него е создадено од Него. Аллах ги создаде небесата и земјата за шест дена.
8. Возвишениот Аллах нема здруженик во Неговата власт, создавањето, управувањето и обожувањето.
9. Возвишениот Аллах не родил и не е роден, и никој не Му е рамен ниту сличен.
10. Семоќниот Аллах не зема никаква физичка форма и не се претвора во ништо од Неговите созданија.
11. Возвишениот Аллах е Благ и Милостив кон Своите робови, затоа им испратил пратеници и им објавил книги.
12. Аллах е Милостивиот Господар, единствениот кој ќе им суди на сите суштества што ги создал на Судниот ден, откако ќе ги проживее од нивните гробови. Тој ќе го награди секого според неговите дела, добри или лоши. Оној кој правел добри дела и верувал, ќе ужива во вечната благосостојба, а оној кој не верувал и правел лоши дела, ќе се соочи со голема казна на идниот свет.
13. Семоќниот и Возвишениот Аллах, го создал првиот човек Адем од земја, потоа овозможил неговите потомци да се размножуваат, сите во основа се еднакви и нема раса која е повредна од друга раса, ниту пак, народ кој е повреден од друг народ, освен според богобојазливоста.
14. Секое новороденче се раѓа во фитра - природна вера.
15. Никој не се раѓа како грешник, ниту, пак, наследува гревови од другите.
16. Целта поради која се создадени луѓето е да го обожуваат само Аллах.
17. Исламот го почестил човечкото битие - мажите и жените - гарантирајќи им ги сите права и одредил секој поединечно да биде одговорен за своите дела, избори и однесување. Секој ќе се земе на одговорност за своите дела со кои си наштетил себеси или на другите.
18. Во исламот, мажот и жената се еднакви во однос на одговорноста, наградата и казната.
19. Исламот ја почитува жената и ги смета за половина/дополнување на мажите. Мажот е должен да ја обезбедува и издржува жената, доколку е способен. Таткото е должен да ја издржува својата ќерка, синот да ја издржува својата мајка, ако е полнолетен и способен, а мажот да ја издржува својата сопруга.
20. Смртта не е вечниот крај, туку премин од светот на делата во светот на наградите. Таа ги опфаќа телото и душата; смртта на душата е нејзиното одвојување од телото. Потоа, душата се враќа во телото по проживувањето на Судниот ден. Душата не преминува во друго тело по смртта, ниту, пак, реинкарнира во друго тело.
21. Исламот повикува на верување во основните принципи на верата; верувањето во Аллах, Неговите мелеци, верувањето во Божјите книги како Тевратот, Инџилот и Зебурот - пред нивното искривоколчување - и Куранот, верувањето во сите Божји пратеници и веровесници, мир над нив, како и верувањето во последниот од нив, Мухамед, Аллаховиот пратеник и последниот од пратениците и веровесниците. Верувањето во Судниот ден, и знаеме дека ако животот на овој свет беше крајот, тогаш животот и постоењето би биле чиста бесмислица. И верувањето во Божјата одредба и предодредување.
22. Веровесниците, Аллаховиот мир нека е над нив, се безгрешни во она што го пренесуваат од Аллах и се заштитени од сè што е спротивно на разумот или моралните вредности. Тие се задолжени да ги пренесуваат Божјите наредби до Неговите робови. Веровесниците немаат никакви божествени или божански својства; тие се луѓе како и сите други, со тоа што Аллах им ги објавува Своите пораки.
Исламот повикува во обожување само на Возвишениот Аллах преку основните ибадети како што се: - Намазот, кој го вклучува стоењето, извршувањето на руку и сеџда, спомнувањето на Аллах, Неговото славење и довата. Муслиманот го извршува намазот петпати на ден, при што исчезнуваат разликите меѓу луѓето, бидејќи богатите, сиромашните, владетелите и подредените стојат во ист ред.
- Зекатот, кој е издвојување на мал дел од имотот, според условите и правилата одредени од Возвишениот Аллах. Зекатот е обврска за богатите и право за сиромашните и другите категории кои имаат право на зекат, еднаш во годината.
- Постот е воздржување од сè што го нарушува постот во текот на деновите од месецот рамазан. Целта е да се воспитува човекот и да се зајакнат неговите амбиции и трпението.
-Аџилакот е посетата на Мека еднаш во животот за оние кои се способни и имаат можност. За време на аџилакот, сите се еднакви во своето насочување кон Возвишениот Создател, при што исчезнуваат сите разлики и поделби.
24. Една од најзначајните карактеристики на ибадетите во исламот е тоа што нивната форма, време и услови на извршување ги одредува Возвишениот Аллах преку Својот пратеник, Божјиот мир и благослов нека бидат на него, без никакво додавање или одземање од страна на луѓето. Сите веровесници, мир и спас над нив, повикувале во извршувањето на овие основни ибадети.
25. Пратеникот на исламот е Мухамед бин Абдулах, од потомството на Исмаил бин Ибрахим, Божјиот мир нека е над нив. Роден е во Мека во 571-та година, каде што и беше испратен како пратеник, а потоа се пресели во Медина. Не учествуваше во паганските обичаи на својот народ, но учествуваше во благородните дела кои беа од корист за општеството. Имаше извонреден карактер пред да биде испратен како пратеник, и неговиот народ го нарекуваше ‘Ел-Емин’ (доверливиот). Аллах го испрати како пратеник кога имаше четириесет години и го помогна со големи знаци (чуда), од кои најголемото е Благородниот Куран, најголемото чудо со кое дошол некој од веровесниците, и единственото чудо кое останало до денес. Кога Аллах му ја усоврши верата, а пратеникот ја пренесе пораката до крај, почина на возраст од шеесет и три години и беше погребан во Медина. Пратеникот Мухамед, Аллаховиот мир и спас нека се над него, е последниот од пратениците и веровесниците. Аллах го испрати со упатство и исправна вера за да ги изведе луѓето од темнините на паганството, неверството и незнаењето во светлината на монотеизмот и исправното верување. Аллах сведочи дека го испрати како повикувач кон Него, со Негова дозвола.
26. Исламскиот шеријат - верозакон со кој дошол пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се над него, е последната божествена порака и закон. Шеријатот е совршен закон кој гарантира благосостојба на луѓето и во верскиот и во световниот живот. Целта на шеријатот, пред сè, е да ги штити: верата, животите, имотите, разумот и честа на луѓето. Исламскиот верозакон ги дерогира сите претходни закони, како што и претходните верозакони ги дерогираа законите пред нив.
27. Возвишениот Аллах, не прифаќа друга вера освен исламот со кој дошол пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека бидат над него. Кој ќе прифати друга вера освен исламот, нема да му биде прифатена.
28. Благородниот Куран е книгата која Аллах му ја објавил на пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се над него. Тоа е зборот на Господарот на световите. Аллах ги предизвика луѓето и џините да дојдат со нешто слично на Куранот или барем на една сура од него, и овој предизвик трае до ден денес. Благородниот Куран одговара на многу важни прашања кои збунуваат милиони луѓе. Куранот е сочуван до денес на оригиналниот арапски јазик на кој беше и објавен, без да се измени ниту една буква од него. Тој е печатен и распространет низ целиот свет. Оваа величествена книга заслужува да се чита, било во оригиналната арапска форма или преводот на нејзините значења. Исто така, Сунетот на пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се над него, е сочуван и пренесен преку доверливи преносители. Неговите изреки се печатени на арапски јазик на кој зборуваше и се преведени на многу други јазици. Куранот и Сунетот се главните извори на исламските прописи и закони. Исламот не се учи од постапките на поединците кои се припишуваат на него, туку од Божјата објава: Куранот и Сунетот на Пратеникот.
29. Исламот наредува доброчинство кон родителите, дури и ако не се муслимани, и наредува на убав однос со децата.
30. Исламот наредува на праведност во зборовите и делата, дури и спрема непријателите.
31. Исламот наредува добрина кон сите суштества и повикува на убаво однесување и добри дела.
32. Исламот наредува на добри морални вредности како што се искреноста, исполнување на доверените обврски, чистота, скромност, храброст, дарежливост, помагање на оние кои се во потреба, помош на неволниците, давање храна на гладните, добрососедство, одржување на роднинските врски и грижа за животните.
33. Исламот ги дозволува убавите и чистите работи за јадење и пиење и наредува чистење на срцето, телото и домот. Затоа го дозволува и бракот, како што тоа го го наредувале и претходните веровесници, бидејќи тие наредувале сè што е добро.
34. Исламот ги забрани основните гревови како што се многубоштвото, неверството, обожувањето на идоли, зборувањето за Аллах без знаење, убивањето на деца, убивањето на невини луѓе, правењето безредие на Земјата, магијата (сихрот), јавниот и тајниот разврат како што се прељубата и истополните одности. Забрани лихварство (камата), консумирањето на мрша и месо на животни жртвувани за идоли, свинското месо и сите останати нечистотии. Го забрани неправедното користење на имотот на сираците, измамата при мерење и вагање, како и прекинувањето на роднинските врски. Сите Божји веровесници, мир Аллахов нека е над нив, се согласни за забраната на овие гревови.
35. Исламот ги забранува лошите, неморални особини како што се лагата, измамата, предавството, проневерата, зависта, злобата, кражбата, насилството и неправдата. Забранува секакво грдо однесување.
36. Исламот забранува финансиски трансакции кои вклучуваат лихварство (камата), штета, нетранспарентнот, неправда или измама, или кои предизвикуваат негативни последици и општа штета за општеството, народите и поединците.
37. Исламот го штити разумот и забранува сè што може да го уништи или негативно да влијае на него, како што е консумирањето алкохол. Разумот има големо значење во исламот, бидејќи само разумна личност се смета за шеријатски обврзник. Исламот го ослободува разумот од оковите на суеверието и паганството. Во исламот нема тајни или прописи кои издвојуваат една група луѓе над друга. Сите прописи и закони се во согласност со здравиот разум и се засновани на праведност и мудрост.
38. Кога станува збор за лажните религии, ако нивните следбеници не ги разбираат противречностите и прашањата кои разумот ги отфрла, верските авторитети ги убедуваат дека верата е над разумот и дека разумот не може да ја разбере религијата. Наспроти тоа, исламот ја смета верата за светлина која го осветлува патот на разумот. Следбениците на лажните религии сакаат човекот да се откаже од својот разум и да ги следи нив, додека исламот бара од човекот да го разбуди својот разум за да ги разбере вистинските значења.
39. Исламот го вреднува автентичното знаење и охрабрува научни истражувања без предрасуди. Исто така, поттикнува да размислуваме за нас самите и за универзумот околу нас. Егзактните научни сознанија не се во колизија со исламот.
40. Возвишениот Аллах на идниот свет нема да ги прифати делата и да даде награда за нив освен на оние кои верувале во Него, му биле покорни и ги сметале за вистинити сите Негови пратеници, Божјиот мир и спас нека е над нив. Возвишениот Аллах ги прифаќа само оние ибадети кои Тој ги пропишал. Па како тогаш може човек кој не верува во Аллах да очекува награда од Него? Ќе биде прифатена верата само на оние кои веруваат во сите пратеници без исклучок и кои веруваат во пораката со која е испратен Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се над него.
41. Целта на сите Божји пораки е да го воздигнат човекот преку вистинската религија, за да биде искрен роб на Господарот на световите, и да го ослободат од ропството на човекот, материјата или суеверието. Исламот, како што гледате, не ги обожува луѓето, ниту ги воздигнува над нивната положба, ниту, пак, од нив прави богови и божества.
42. Во исламот, Аллах пропишал покајание, кое означува враќање кон својот Господар и оставање на гревовите. Исламот ги поништува претходните гревови, а покајанието ги брише, така што нема потреба човек да ги признава своите гревови пред други луѓе.
43. Во исламот, врската помеѓу човекот и Бог е непосредна, не бара посредници. Исламот строго забранува луѓето да се сметаат за божества или на Аллах да му се припишуваат како истоветни во Неговото господарство и божественост.
44. На крајот од оваа порака, да се потсетиме дека луѓето, без разлика на времето, националноста или местото, се разликуваат во своите идеи, цели, средини и дела. Сите тие имаат потреба од водич кој ќе им го покаже патот, систем кој ќе ги обедини и владетел кој ќе ги заштити. Благородните пратеници - мир и благослов Божји нека е над нив - ја преземаа таа улога според упатството на Божјата објава. Тие ги воделе луѓето по патот на доброто и праведноста, обединувајќи ги околу Божјиот закон и судејќи меѓу нив на праведен начин. Луѓето биле на правиот пат во зависност од нивниот одзив кон пратениците и близината на времето кога се случила одредена Божја објава. Севишниот Аллах ги запечати сите објави со Објавата која ја испрати преку Мухамед, Божјиот мир и благослов нека бидат над него, одредувајќи таа да биде трајна и ја направи да биде упатство за луѓето, милост, светлина и водич на патот кој води до Него.
45. Токму поради тоа, те повикувам, о, човеку, искрено да му се предадеш на Аллах, ослободен од слепото следење и обичаите, и да бидеш свесен за твоето враќање кај Него. Размисли за својата состојба и за светот околу тебе. Ако го прифатиш исламот, ќе бидеш среќен и на овој и на идниот свет. За да го прифатиш исламот, треба само да посведочиш дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот пратеник, и да се откажеш од сè што се обожува освен Аллах. Потоа, треба да веруваш во проживувањето по смртта и во вистинитоста на полагањето сметка на идниот свет. Ако го декларираш ова сведоштво, стануваш муслиман. Потоа треба да го обожуваш Аллах според Неговите прописи, како што се намазот, зекатот, постот и аџилакот, ако си во можност да го извршиш.
Примерок од 19.11.1441.
Автор: проф. д-р Мухамед бин Абдулах ес-Сухајм
Поранешен професор по акида на одделот за исламски студии.
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
71 јазици
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
Исламот Важна книга која содржи концизна дефиниција на исламот, ги објаснува главните основи, учења и одлики на истиот, според автентичните извори, Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот. Оваа книга им се обраќа на сите оние кои се обврзани да го следат исламот, во секое време и простор, на муслиманите и на немуслиманите на јазик кој го разбираат. Истата ги зема предвид нивните специфични услови и особености. (верзија која содржи докази од Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот) Исламот е Божја порака до сите луѓе, тој е божествена порака, последна и вечна, со неа се…
Кратка порака до атеистот, која мусе обраќа на разумот: Ако прецизноста и уреденоста на универзумот ја негираат случајноста и укажуваат на мудар Создател, дали е разумно сето то да настанало од непостоење? Затоа, отвори го своето срце за размислување и промислување и побарај ја вистината, бидејќи можеби во неа ќе ја најдеш светлината што ќе те упати.
رسالة لطيفة تتناول أصول العقيدة الإسلامية بأسلوب مبسط وميسر. تبدأ بمقدمة حول أهمية علم التوحيد، كونه أشرف العلوم وأجلّها، ثم تتناول مفهوم الدين الإسلامي وأركانه الخمسة: الشهادتان، والصلاة، والزكاة، والصوم، والحج. كما يشرح الإيمان بالله، وملائكته، وكتبه، ورسله، واليوم الآخر، ويؤكد على أهمية التوحيد في بناء دين المسلم بشكل سليم.
الكتاب يهدف إلى تعزيز الفهم الصحيح للعقيدة الإسلامية وتطبيقها في حياة المسلم اليومية.
Книгата нуди детално објаснување за најважните големи гревови во исламот, - почнувајќи од ширкот кон Аллах, лажните тврдења кои му се припишуваат на Аллах и Неговиот пратеник, новотариите, лицемерното преправање, па сè до оставањето на намазот, блудот и кражбата. Книгата, исто така, ги појаснува последиците и штетите од овие големи гревови и на овој и на оној свет, наведувајќи докази од Куранот и Сунетот, а се осврнува и на начините за заштита и лечење од овие гревови - преку покајание, богобојазливост и добри дела.