أذكار الحاج والمعتمر

أذكار الحاج والمعتمر

Јазик:

Language: lang_mk
Prepared by:
Version: 1.0
Translations 10
Bosnian Czech German Spanish +6
Attachments 7
PDF
Audio
Video
+3

Јазик:

Зикрови за аџијата и умреџијата

Микат:

Искажува намера за влегување во обредот, па вели:

Оној што извршува умра и аџијата што извршува аџилак теметту изговара:„Ти се одзивам за умра, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке умретен, леббејке Аллахумме леббејк).

Аџијата што извршува аџилак киран изговара: „Ти се одзивам за умра и аџилак, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке умретен ве хаџџен, леббејке Аллахумме леббејк).

Аџијата што извршува аџилак ифрад изговара: „Ти се одзивам за аџилак, Ти се одзивам, Аллаху мој Ти се одзивам“ (Леббејке хаџџен, леббејке Аллахумме леббејк).

Потоа, оној што извршува умра и аџијата што го одредил аџилакот теметтуʿ продолжуваат со телбијата сè додека не ја здогледаат Ќабата, додека оние што извршуваат киран и ифрад ја прекинуваат телбијата со фрлањето на Џемретул-Акабе.

Таваф:

При секое започнување на круг, покажува кон Црниот камен и изговара: „Аллаху екбер“. Дозволено е на почетокот да додаде и „Бисмиллах“, но не и во останатите кругови.

Помеѓу Јеменскиот агол и Црниот камен вели: „Господару наш, дај ни добро на овој свет и добро на идниот свет и сочувај нè од казната во Огнот.“

По тавафот, аџијата, доколку е во можност, оди до Мекам Ибрахим и го рецитира ајетот: „И местото на кое стоеше Ибрахим направете го место за намаз.“

Потоа клања два реката, при што на првиот рекат рецитира: „Кул ја ејјухел кафирун“ (сура Ел Кафирун), а на вториот рекат: „Кул хуваллаху ехад“ (сура Ел Ихлас).

Сај:

- Кога ќе се приближи до ридот Сафа, го рецитира ајетот: „Сафа и Мерва, навистина, се Аллахови обредни места.“ „Почнувам со она со што започнал Аллах.“

- Кога ќе се искачи на Сафа, се свртува кон Ќабата и вели: „Аллаху екбер, елхамдулиллах“, потоа го изговара следниов зикр: „Нема друг вистински бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Негова е власта и Нему Му припаѓа благодарноста, и Тој е Семоќен. Нема друг вистински бог освен Аллах, Единствениот, го исполни ветувањето, го помогна Својот роб и Сам ги победи сојузниците.“ Потоа упатува дова, потоа повторно го изговара овој зикр, па повторно упатува дова, и повторно го изговара зикрот. Потоа се спушта кон Мерва и постапува на ист начин. Така постапува при секое искачување на Сафа и на Мерва.

За круговите на тавафот и сајот нема пропишани посебни дови, туку муслиманот може да изговара зикр и дови по своја желба.

Ден 8:

Оној што извршува аџилак теметту влегува во ихрам за аџилак и изговара: „Ти се одзивам за аџилак, Ти се одзивам, Аллаху мој, Ти се одзивам“ (Леббејке хаџџен, леббејке Аллахумме леббејк), додека оној што извршува киран и оној што извршува ифрад веќе влегле во ихрам за аџилак уште од микатот.

При движењето од Мина кон Арефат, аџијата се посветува на изговарање телбија или текбир — и двете се пренесени од Божјиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, и од неговите асхаби.

Ден 9:

На денот на Арефат што повеќе се изговара: „Нема друго вистински бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик. Негова е власта и Нему Му припаѓа благодарноста, и Тој е Семоќен.“ По пладне, аџијата и се посветува на довата сè до зајдисонце.

Ден 10:

По сабахскиот намаз се упатува кон Мешарул-Харам во Музделифе, доколку е во можност; а ако не е, тогаш на местото каде што се наоѓа Му упатува дова на Возвишениот Аллах, Го велича и Му се заблагодарува.

Кога ќе почне со фрлање камчиња на Џемретул-Акабе, телбијата престанува, а при секое фрлање изговара: „Аллаху екбер“.

Потоа ги извршува тавафот на аџилакот (тавафул-ифада) и двата реката по него, а потоа и сајот на аџилакот, при што ги учи довите и зикровите како што беше претходно споменато при умрата.

Деновите на Тешрик:

Фрла кај малото џемре и при секое фрлање изговара: „Аллаху екбер“, потоа се придвижува напред, се свртува кон киблата и упатува дова подолго. Потоа фрла кај средното џемре и при секое фрлање изговара: „Аллаху екбер“, потоа се придвижува кон левата страна, се свртува кон киблата и упатува дова подолго. Потоа фрла кај големото џемре и по него не упатува дова.

Проштален таваф (тавафул-веда):

При него ги изговара истите зикрови како и при тавафот на умрата.

Во името на Аллах Семилосниот Милостивиот

Д-р Абдулах бин Хамуд ел-Фурејх

Преведено на неколку јазици

Притисни на секоја тема за да преминеш кон зикровите и довите поврзани со неа

Враќање на почетната страница

Следно

Претходно

Научна вакуфска фондација „Иктида“

Се стремиме кон ширење на сунетот на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговите секојдневни зикрови.

Со задоволство стоиме на располагање за контакт: