حقوق دعت إليها الفطرة
رسالة لطيفة تقدم شرحًا مفصلًا لعشرة حقوق أساسية تشمل حقوق الله تعالى، وحقوق النبي صلى الله عليه وسلم، وحقوق الوالدين، والأولاد، والأقارب، والجيران، والزّوجين، والرّعية والولاة، والمسلمين عمومًا، وغير المسلمين. يهدف الكتاب إلى تعزيز الفهم الصحيح للعلاقات الاجتماعية والواجبات الفردية تجاه الآخرين، مستندًا إلى نصوص الوحي من القرآن الكريم والسنة النبوية، مما يجعله مرجعًا مهمًا لكل مسلم يسعى لتطبيق الشريعة في حياته اليومية مع ربه ومع الآخرين.
These files are generated automatically from the book's text; their layout may differ from the printed edition.
Потоа, Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: Прочитајте го, ако сакате, овој ајет: „Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле! Тоа се тие коишто Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил.“ (Мухамед, 22-23)
Правата кои произлегуваат од вродената човечка природа и кои ги потврдува шеријатот
*
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот
Вовед
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме и од Него помош и прошка бараме. Бараме заштита кај Аллах да нè сочува од злото на нашите души и од грдоста на нашите дела. Кого Аллах ќе го упати, тој нема да застрани, а кого ќе го остави во заблуда, него никој не може да го упати Сведочам дека нема друг бог освен Аллах, Единиот, Кому никој не му е рамен, и сведочам дека Мухамед е Негов роб и Негов пратеник, Божјиот благослов и спас нека се над него и над неговото семејство и неговите другари асхаби.
Велиме: Од убавините на Божјиот закон е чувањето и грижата за правдата и обезбедувањето на правата за секого, без претерување и без занемарување. Возвишениот Аллах наредил да се почитува секое право, да се прави добро и на блиските да им се дава. Со праведност ги испрати пратениците, ги објави книгите и ги воспостави основните норми на животот на овој и на идниот свет.
Праведноста значи давање на секому неговото право и поставување на секој во соодветната позиција што ја заслужува. Ова не може да се постигне освен со познавање на правата, за да можат да им се доделат на оние кои ги заслужуваат. Поради тоа, го напишавме ова дело за да објасниме некои значајни права, со цел секој верник, според своите можности, да ги исполнува онака како што ги научил. Еве ги накратко тие права:
1. Аллаховите права.
2. Правата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него.
3. Правата на родителите.
4. Правата на децата.
5. Правата на блиските роднини.
6. Правата на сопружниците.
7. Правата на владетелите и поданиците.
8. Правата на соседите.
9. Правата на муслиманите воопшто.
10. Правата на немуслиманите.
Овие се некои од правата што накратко сакаме да ги појасниме во ова истражување.
*
Првото право: Аллаховите права
Ова право е највредното, најважното и најголемото, затоа што тоа е правото на Возвишениот Аллах, Создателот, Поседникот и Управителот со сите работи. Тоа е правото на Вистинскиот Владетел, Живиот и Вечниот, Оној кој ги одржува небесата и Земјата. Тој е Создателот на сè и секое нешто го одредил со совршена мудрост. Аллаховото право е тоа што Тој те создаде од ништо, кога немаше спомен. Тој те одгледа со благодати уште додека беше во утробата на мајка ти, во трите темнини, каде што никој од созданијата не можеше да ти го достави твојот извор на храна и животни потреби. Аллах го уреди тоа да се храниш преку дојките на мајка ти, те упати на патот на животот и ти ги подари родителите. Те снабди и подготви, ти даде разум, разбирање и различни благодати, овозможувајќи ти да ги прифатиш и користиш. Возвишениот Аллах вели: „Аллах од стомаците на вашите мајки ве изведува, вие ништо не знаете, и ви дава и слух и вид и разум, за да бидете благодарни.“ (Ен Нахл, 78) Ако Аллах би те лишил Својата милост дури и за еден миг, би бил уништен, и ако би ја спречил Својата милост кон тебе, не би можел да живееш. Затоа, кога Аллаовата милост и благодат кон тебе се толку големи, Неговото право врз тебе е најголемото право. Тоа е правото во тоа што Тој те создаде од ништо, те подготви и ти овозможи живот на овој свет. Аллах не бара од тебе снабдување, ниту очекува да Го храниш. Возвишениот вели: „Ние не бараме од тебе снабдување, Ние тебе те снабдуваме! А само тие кои од Аллах ќе стравуваат и кои од гревовите ќе се чуваат ги чека убава завршница.“ (Та-Ха, 132)
Возвишениот Аллах бара од тебе само една работа, чија корист на крајот ти се враќа тебе: да Го обожуваш Него Единствениот, без да Му припишуваш здруженик. Возвишениот вели: „Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56) Аллах сака да бидеш Негов покорен роб во сè што подразбира служење Нему, исто како што Тој е твојот Господар во сè што подразбира Господството. Сака да бидеш Негов покорен и понизен роб, послушен на Неговите наредби, да се оддалечуваш од Неговите забрани и да веруваш во она што го објавил. Ги гледаш Неговите непрекинати благодати кон тебе, една по една. Зарем не се срамиш да ги замениш овие благодати со неверство?!
Кога некој човек би ти направил услуга, би ти било срам да му возвратиш со грев или да му покажеш непослушност. Па како тогаш треба да постапуваш кон твојот Господар, од Кого секоја благодат врз тебе е од Неговата милост, и секое зло од кое си заштитен е од Неговата милост?! Возвишениот вели: „Од Аллах е секоја благодат којашто ја уживате, а штом некоја неволја ве снајде, повторно од Него гласно помош барате.“ (Ен Нехл, 53)
Ова право со кое Аллах ги обврзал луѓето е олеснето и поедноставено за оној кому Аллах му го олеснил. Тоа е затоа што Аллах не дал во него никаква потешкотија, ниту тежина, ниту мака. Возвишениот Аллах вели: ,„И борете се, поради Аллах, така како што треба да се борите! Тој вас ве избра и во верата ништо тешко не ви пропиша, во верата на вашиот предок Ибрахим. Аллах одамна муслимани ве нарекол, и во овој Куран, за Пратеникот да биде сведок против вас, и за вие да бидете сведоци против останатите луѓе. Затоа, намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте и до Аллах цврсто држете се. Тој е вашиот Господар, па колку прекрасен Господар и колку прекрасен Помагач!“ (Ел Хаџ, 78)
Тоа е возвишеното верување, верување во вистината и плодно добро дело. Тоа е верување во невидливото и во стварноста, засновано врз љубовта и величењето, а неговиот плод е искреноста и истрајноста. Петте дневни намази што Возвишениот Аллах ги пропишал ги бришат гревовите, ги издигнуваат степените и ги поправаат срцата и состојбите на верниците. Човекот е должeн да ги извршува според своите можности. Возвишениот вели: „Па плашете се од Аллах колку што можете.“ (Ет Тегабун, 16)
Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, му рекол на Имран бин Хусејн додека бил болен: „Клањај стоејќи. Ако не можеш, тогаш седејќи. Ако не можеш ни седејќи, тогаш легни на страна.“
Зекатот е мал дел од твојот имот што треба да го издвоиш за потребите на муслиманите, како што се сиромашните, оние кои се во потреба, патниците, презадолжените и другите што имаат право на зекат. Возвишениот вели: „Затоа, намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте и до Аллах цврсто држете се. Тој е вашиот Господар, па колку прекрасен Господар и колку прекрасен Помагач!“ (Ел Хаџ, 78)
Постењето на еден месец во годината, а оној кој е болен или на пат може да ги надомести деновите подоцна. Оној кој не може да пости поради трајна болест или немоќ, треба да нахрани сиромав за секој пропуштен ден.
Аџилакот до светата Ќаба е обврска еднаш во животот за оној кој е во состојба да го изврши.
Ова се основите на Аллаховите права. Сè друго што станува обврска, е поради одредени состојби или околности, како што е џихадот на Аллаховиот пат, или поради причини што го прават делото задолжително, како на пример заштитата на угнетениот.
Погледни, брату, колку е лесно да го извршиш ова право и колкава награда носи. Ако го исполниш, ќе бидеш среќен и на овој и на идниот свет, и ќе бидеш спасен од огнот и ќе влезеш во Џенетот. Возвишениот вели: „Па кој ќе биде од огнот оддалечен и во Џенетот воведен, успеал! А животот на овој свет е само лажно насладување!“ (Али Имран, 185)
*
Второто право: Правото на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него.
Ова е најголемото право што му припаѓа на некое создание, бидејќи никој од созданијата нема поголемо право од правото на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него. Возвишениот Аллах вели: „Ние те праќаме тебе како сведок и како носител на радосни вести и како опоменувач!“ (Ел Фетх, 8) Поради тоа, љубовта кон Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, треба да биде пред љубовта кон сите луѓе, па дури и пред љубовта кон самиот себе, кон своите деца и родители. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас нема да биде вистински верник сè додека не ме сака повеќе од неговиот татко, неговото дете и сите луѓе.“
Од правата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, е да се почитува, уважува и велича на начин што му прилега, без претерување и занемарување. Почитувањето кон Пратеникот за време на неговиот живот значеше почитување на неговиот Сунет и неговата благородна личност, а по неговата смрт, тоа значи почитување на неговиот Сунет и верозаконот што го донесе. Кој ја видел почитта и величењето на асхабите кон него, сфатил како овие благородни и чесни луѓе ги исполнувале своите должности кон него. Урве бин Месуд, кога Курејшиите го испратија да преговара со Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, при примирјето на Худејбија, рече: „Сум влегувал кај цареви – кај Кисра (Хозрој), Цезар и Неџаши (Негус) – но не сум видел никој да го почитува својот владетел како што асхабите го почитуваат Мухамед. Кога ќе им нареди нешто, веднаш ја исполнуваат неговата наредба. Кога ќе земе абдест, се натпреваруваат кој ќе земе од неговата вода. Кога зборува, го снижуваат гласот пред него и не го гледаат директно од почит кон него.“
Така го почитувале, Аллах нека е задоволен со сите нив, со целата чест што Аллах му ја дал преку неговиот благороден карактер, благост и леснотија во однесувањето. Да беше груб и тврдокорен, тие ќе се разбегаа од него.
Од правата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, е да му веруваме во сè што пренел за минатото и иднината, да ги почитуваме неговите наредби, да се воздржиме од она што го забранил и прекорил, и да веруваме дека неговото упатство е најсовршено, и дека неговиот верозакон најпотполн. Ниеден друг закон или систем не треба да има предност пред неговиот, без разлика на неговото потекло. Возвишениот вели: „И се колнам во Господарот твој, тие нема да бидат верници сè додека во меѓусебните спорови за судија тебе не те прифатат, а потоа во душите свои ни малку тешкотија да не почувствуваат за тоа што си го одредил и додека сосема не се покорат.“ (Ен Ниса, 65) „Кажи: ,Ако Аллах Го сакате, тогаш мене следете ме, и вас Аллах ќе ве сака и гревовите ќе ви ги прости!‘ А Аллах простува и Милостив е.“ (Али Имран, 31)
Исто така, од правата на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, е да се брани неговиот верозакон и неговото упатство со целата сила што човекот може да ја употреби, според ситуацијата и со соодветни средства. Ако непријателот напаѓа со лажни аргументи и сомнежи, одбраната треба да биде преку знаење – со побивање на неговите аргументи и разјаснување на нивната погрешност. Ако пак напаѓа со оружје и сила, тогаш одбраната треба да биде со слични средства.
Ниту еден верник не може да остане рамнодушен ако некој го напаѓа верозаконот на Божјиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него, или неговата благородна личност, а да премолчи ако е во можност да го одбрани.
*
Трето право: Правата на родителите.
Никој не може да го негира значењето на родителите во животот на своите деца. Родителите се причината за постоењето на детето и имаат големи права врз него. Тие го растеле и се труделе да му ја обезбедат секоја удобност, не спиејќи ноќе заради неговиот спокој. Мајката го носеше во својот стомак, додека тој живееше на сметка на нејзината храна и здравје цели девет месеци, како што укажуваат зборовите на Возвишениот Аллах: „Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи.“ (Лукман, 14) Потоа следеше негата и доењето во текот на две години, со сите маки и тешкотии што тие ги носат.
Таткото, исто така, се грижи за твоето издржување и прехранување од најрана возраст додека не пораснеш и не станеш самостоен. Тој вложува труд во твоето израснување и воспитување, додека ти не можеш ниту сам да си помогнеш ниту да си наштетиш. Затоа, Аллах наредил детето да им укажува добрина и благодарност на родителите, велејќи: „Ние му наредивме на човекот да им биде послушен на родителите свои. Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи, и го дои во текот на две години. Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат.“ (Лукман, 14) И вели: „Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: ,Уф!' - и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит! Биди внимателен и покорен кон нив, и кажи: ,Господару мој, смилувај им се, тие мене, кога бев дете, ме негуваа!'“ (Ел Исра, 23-24)
Правото на родителите над тебе е да им укажуваш почит, што се изразува преку добрина кон нив, како со зборови, така и со дела, како материјално, така и со лична грижа. Треба да ги почитуваш во сè што не е спротивно на Божјите наредби и што не ти нанесува штета. Биди нежен во зборовите, покажувај им насмевка на лицето и служи им достоинствено. Не се лути на нив кога ќе остарат, ќе се разболат или ќе ослабнат, и не чувствувај товар од грижата кон нив. Еден ден, и ти ќе бидеш во нивната положба – ќе станеш родител како што тие беа за тебе, и ќе достигнеш старост пред своите деца, ако ти е одредено да поживееш, како што и тие доживеале пред тебе, и ќе ти биде потребна добрината на твоите деца, исто како што ним им била потребна твојата. Ако си ги почитувал своите родители, радувај се на големата награда кај Аллах. Оној што ги почитува родителите, и неговите деца ќе го почитуваат; оној што ги занемарува, и неговите деца ќе го занемарат. Секое дело носи заслужена награда – како што постапуваш, така и ќе постапуваат кон тебе.
Аллах го воздигна правото на родителите на високо место, ставајќи го веднаш по Неговото право, кое го вклучува и правото на Неговиот пратеник, Божјиот мир и благослов нека се над него. Возвишениот Аллах вели: „И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите правете им добро.“ (Ен Ниса, 36) И Возвишениот вели: „Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат.“ (Лукман, 14) Божјиот пратеник, мир и благослов над него, го ставил доброчинството кон родителите дури и пред џихадот на Аллаховиот пат. Како што се пренесува во хадисот на Ибн Месуд, Аллах нека е задоволен со него, кој рекол: „О, Аллахов Пратенику, кое дело е најсакано кај Аллах?“ Одговори: „Намазот во неговото време.“ Реков: „А потоа кое?“ Рече: „Доброчинството кон родителите.“ Реков: „А потоа кое?“ Рече: „Џихадот на Аллаховиот пат.“ Овој хадис го бележат Бухари и Муслим. Тој укажува на важноста на правото на родителите, кое многумина денес го занемариле, па станале непослушни и ги прекинале врските со нив. Некои дури и не го гледаат правото на своите родители, можеби ги потценуваат и ги омаловажуваат, однесувајќи се со надмоќ кон нив. Таквите ќе ја добијат својата заслужена исплата, било на овој или на идниот свет.
*
Четврто право: Правото на децата
Зборот „деца“ ги опфаќа синовите и ќерките, а нивните права се многубројни, од кои најважно е воспитувањето – развивањето на верата и убавото однесување во нивните души, за тие да постигнат висока позиција и значење во нивниот живот. Возвишениот Аллах вели: „О, вие кои верувате, себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат.“ (Ет Техрим, 6) Божјиот Пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Секој од вас е пастир и секој од вас е одговорен за своето стадо; човекот е пастир на своето семејство и одговорен за него.“ Децата се аманет кој Аллах им го дал на родителите, и тие ќе бидат одговорни за нив на Судниот ден. Со воспитувањето во верата и убавото однесување, родителите се ослободуваат од одговорноста за своето стадо, а децата ќе се поправат и ќе бидат извор на радост за своите родители како во овој така и на идниот свет. Возвишениот Аллах вели: „Тие што веруваа и по кои децата нивни во верувањето се поведоа, ќе им ги приклучиме и децата нивни, а делата нивни нема ниту малку да ги намалиме – секој човек е одговорен за тоа што сам го направил.“ (Ет Тур, 21) Зборот „намалиме“ значи дека нема да им ја намалиме нивната награда. Божјиот Пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, исто така, рекол: „Кога ќе умре човекот, неговите дела престануваат освен во три случаи: трајната садака, знаењето од кое има корист после него, или добродетелното дете кое на Аллах му се моли за него.“ Ова е плодот на воспитувањето на детето кое кога е убаво воспитано, тоа ќе биде од корист за своите родители дури и по нивната смрт.
Многу родители го занемариле ова право, па ги заборавиле и запуштиле своите деца, како да немаат никаква одговорност за нив. Не прашуваат каде одат, ниту кога се враќаат. Не се грижат кои им се пријатели ниту со кого се дружат. Не ги насочуваат кон доброто, ниту ги одвраќаат од злото.
Интересно е што многу од тие родители се особено внимателни кога станува збор за материјалните средства – ги чуваат, ги зголемуваат и посветено се грижат за нивната состојба, иако најчесто се грижат и ги одржуваат за други. Но, кога станува збор за нивните деца, изгледа како да немаат никаква грижа, иако грижата за нив е многу поважна и покорисна како за овој, така и за идниот свет. И како што родителот треба да го храни телото на детето со храна и пијалак и да го облекува соодветно, така исто треба да го храни неговото срце со знаење и иман и да ја облече неговата душа со облека на побожноста, бидејќи тоа е најдоброто.
Едно од правата на децата е родителите да ги издржуваат на соодветен начин, без претерување и без запоставување, бидејќи тоа е дел од обврската на родителот кон своите деца и знак на благодарност кон Аллах за Неговата дарежливост со материјалните средства со кои ги обдарил. Како може некој да им го ускратува својот имот на децата за време на животот и да штеди од нив, за потоа да им го остави по својата смрт, па неизбежно да заврши во нивните раце? Дури и ако им го ускрати она што им е потребно, тие имаат право да земат од неговиот имот колку што им е доволно, како што Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, ѝ дозволи на Хинд бинт Утбе, Аллах нека е задоволен со неа.
Исто така од правата на децата е родителите да не преферираат едно дете во однос на друго во давањето и дарувањето, односно да не му дадат нешто на едно дете, а другите да ги лишат од тоа. Таквата постапка е неправедна, а Аллах не ги сака неправедните. Ова може да предизвика чувство на отфрленост кај оние кои се лишени од тоа и да создаде непријателство меѓу нив и оние кои добиле подароци, а понекогаш дури и непријателство меѓу децата и нивните родители.
Некои луѓе издвојуваат едно од своите деца пред другите поради тоа што е послушно, грижливо и внимателно кон родителите, па го издвојуваат со посебни дарови поради неговата добрина. Меѓутоа, ова не е оправдано. Послушното дете не треба да се наградува за својата добрина, бидејќи наградата за тоа му припаѓа на Аллах. Освен тоа, издвојувањето на детето со дарови може кај него да предизвика чувство на горделивост и самобендисаност, а кај другите деца – чувство на отфрленост и да ја зголеми непослушноста. Исто така, не знаеме како ќе се променат работите – послушното дете може да стане непослушно, а непослушното да стане послушно, бидејќи срцата се во Аллаховите раце, и Тој ги насочува како што сака.
Во двата Сахиха (Сахих Бухари и Сахих Муслим) се пренесува од Нуман бин Бешир дека неговиот татко, Бешир бин Сад, му подарил роб, а потоа го известил Божјиот пратеник, Аллахов мир и благослов нека се над него, за тоа. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, го прашал: „Дали на секое од твоите деца му даде исто?“ Таткото одговорил: „Не.“ Тогаш Божјиот пратеник,Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Тогаш врати го.“ Во друго предание рекол: „Плашете се од Аллах и бидете праведни кон своите деца.“ А во друга верзија стои: „Повикај друг сведок за ова, бидејќи јас не сведочам при неправда.“ Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, го нарекол преферирањето на некои деца пред други неправда, а неправдата е забранета и грев.
Но, ако едно од децата има потреба од нешто, а другото ја нема таа потреба, како на пример училишен прибор, лекување или средства за брак, тогаш нема пречка да му се обезбеди тоа што му е потребно. Ова е дозволено бидејќи се работи за посебна потреба, која се смета за дел од издржувањето.
Кога родителот ќе ја исполни својата должност кон детето преку воспитување и издржување, тогаш е веројатно дека и детето ќе биде поттикнато да го почитува родителот и да ги исполни неговите права. Но, ако родителот ја запостави својата должност кон нив, тој ќе биде достоен за казна, бидејќи детето може да го отфрли неговото право и да стане непослушно кон него, како заслужена награда – „Како што постапуваш, така и ќе ти се постапи.“
*
Петто право: Правата на блиските роднини.
На секој близок роднина – како братот, чичкото, вујкото, нивните деца и сите кои се поврзани со тебе по роднинска линија – му припаѓа правото на оваа блискост според степенот на сродството. Возвишениот Аллах вели: „Дај му го на роднината правото негово.“ (Ел Исра, 26) И вели: „И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите правете им добро, и на роднините.“ (Ен Ниса, 36) Затоа, секој близок е должен да ги одржува врските со својот роднина со добрина, поддршка и помош – физичка и материјална – во склад со блискоста и потребата. Ова го потврдуваат шеријатот, разумот и човечката природа.
Во многу текстови се нагласува важноста на одржувањето на роднинските врски и се поттикнува на нивното зачувување. Во двата Сахиха се пренесува од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, дека Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Аллах ги создал суштествата, и кога завршил со нив, станала роднинската врска и рекла: ‘Ова е местото на оној кој бара заштита кај Тебе од прекинување на врските!’ Аллах рекол: ‘Да! Зарем не си задоволна што Јас ќе го поврзам оној што ќе те поврзе, и ќе го прекинам оној што ќе те прекине?’ Таа одговорила: ‘Да, Господару мој!’ Тој рекол: ‘Тогаш нека биде така.’“ Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, исто така рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека ги одржува роднинските врски.“
Многумина го занемаруваат ова право и постапуваат небрежно кон него. Гледаш човек кој не покажува почит кон своите роднини – ниту со имот, ниту со положбата која ја има, ниту со доброто однесување. Поминуваат недели или месеци без да ги посети, без да им подари нешто или да им помогне во нужда и потреба. Понекогаш дури им нанесува штета со зборови или со дела, а понекогаш и со двете. Тој гради врски со далечни луѓе, но ги запоставува своите блиски роднини.
Некои луѓе ги одржуваат роднинските врски само ако и роднините го прават истото, и ги прекинуваат ако и роднините ги прекинат. Ваквото однесување не е вистинско одржување на роднинските врски, туку само возвраќање на добрината со иста добрина, што важи за сите, не само за роднините. Вистинскиот чувар на роднинските врски е оној што ги одржува заради Аллах, без разлика дали роднините постапуваат исто или не. Во Сахих Бухари од Абдулах бин Амр бин ел Ас, Аллах нека е задоволен со двајцата, се пренесува дека Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Вистинскиот чувар на врските не е оној кој само возвраќа со добрина, туку оној кој ги одржува роднинските врски дури и кога тие се прекинати.“ Исто така се пренесува дека некој човек го прашал Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „О, Аллахов Пратенику, имам роднини кон кои се однесувам добро, а тие ја прекинуваат врската со мене. Јас им правам добро, а тие ми прават лошо. Јас им покажувам благост, а тие се груби кон мене.“ Пратеникот, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, му одговорил: „Ако е така како што велиш, тогаш ти всушност како да ги храниш со врел пепел, и ќе имаш постојан помошник од Аллах против нив, сè додека продолжуваш така.“ Хадисот го бележи Муслим.
Ако ништо друго, одржувањето на роднинските врски носи тоа што Аллах го поддржува оној кој ги одржува овие врски и како на овој свет така и на идниот – го дарува со милост, му ги олеснува работите и му ги отстранува тешкотиите. Одржувањето на овие врски води кон зближување на семејството, зголемување на љубовта и сочувството меѓу нив, меѓусебната поддршка во тешките моменти, радости и веселби, што е потврдено и познато од искуство. Сите овие придобивки се губат кога настанува прекин на врските, што доведува до отуѓување.
*
Шесто право: Правата на сопружниците
Бракот носи важни последици и големи обврски, бидејќи е врска меѓу сопругот и сопругата што подразбира обострани права: како што се телесните, социјалните и финансиските права.
Сопружниците треба да се однесуваат еден кон друг со почит и да ги исполнуваат своите обврски со леснотија, толеранција, без противење и одолговлекување. Возвишениот Аллах вели: „Со нив убаво живејте!“ (Ен Ниса, 19) И вели: „Тие (жените) имаат исто толку права колку и должности, по тоа што е познато. А мажите имаат предност над нив за еден степен!“ (Ел Бекаре, 228) Жената, исто така, е должна да ги исполнува своите обврски кон сопругот.
Кога секој од сопружниците ги исполнува своите обврски кон другиот, нивниот живот ќе биде среќен, а врската меѓу нив ќе биде цврста. Но, ако не постапуваат така, ќе настанат несогласувања и расправии, и животот ќе им стане тежок.
Многу текстови содржат препораки за добро однесување кон жената, земајќи ја предвид нејзината природа и прифаќајќи дека совршенство не е возможно. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Препорачувам да се однесувате добро со жените; жената е создадена од ребро, а најсвитканиот дел на реброто е неговиот врв. Ако се обидеш да го исправиш, ќе го скршиш, а ако го оставиш, ќе остане свиткано. Затоа, однесувајте се добро со жените.“ Во друга верзија се пренесува: „Жената е создадена од ребро и нема да може целосно да ти се прилагоди. Ако уживаш со неа, ќе уживаш и покрај нејзината несовршеност; ако се обидеш да ја исправиш, ќе ја скршиш, а тоа значи развод.“ Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, исто така рекол: „Верникот не треба да ја мрази верничката; ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, ќе му се допадне друга.“ Значењето на „не треба да ја мрази“ е „не треба да ја презира.“ Овие хадиси се упатства од Пратеникот до уметот за тоа како мажот треба да се однесува кон жената. Тие укажуваат дека мажот треба да го прифати она што е природно и лесно, бидејќи жената е создадена со одредени несовршености. Мажот може да ужива со неа само доколку ја прифати таква каква што е создадена.
Овие хадиси, исто така, укажуваат дека човекот треба да ги согледа и добрите и лошите страни кај жената. Ако му пречи некоја нејзина особина, нека ја спореди со друга која му се допаѓа и нека не ја гледа само преку недостатоците.
Многу мажи очекуваат совршенство од своите сопруги, што е невозможно, и поради тоа често ги обзема незадоволство и не успеваат да уживаат во заедничкиот живот. Ова може да доведе до развод, како што рекол Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „Ако се обидеш да ја исправиш, ќе ја скршиш, а нејзиното кршење е развод.“ Затоа, сопругот треба да биде трпелив и да преминува преку сè што жената прави, сè додека тоа не ја нарушува верата или честа.
Исто така од правата на сопругата кај сопругот е да ѝ ја обезбеди потребната издршка – од храна, пијалак, облека, дом и сè што е поврзано со тоа, согласно зборовите на Возвишениот: „Таткото на детето е должен според својата можност да го храни и да го облекува на примерен начин.“ (Ел Бекаре, 233) Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, исто така рекол: „Вашата обврска кон нив е да им обезбедите издршка и облека на примерен начин.“ Кога бил прашан: „Кое е правото на сопругата кај некој од нас?“, тој одговорил: „Да ја храниш кога и ти јадеш, да ја облекуваш кога ти се облекуваш, да не ја удираш по лицето, да не ја навредуваш и да не ја одбегнуваш освен во домот.“ Хадисот го бележи Ебу Давуд.
Меѓу правата на сопругата е сопругот да постапува праведно меѓу неа и другата сопруга, ако има две. Тој треба правично да ја дели издршката, сместувањето, времето поминато со секоја и сè што може да се подели, бидејќи наклонетоста кон една од нив е голем грев. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Кој има две жени и е наклонет кон една од нив, на Судниот ден ќе дојде искривен на едната страна.“ Сепак, за она во кое не може да се постапува праведно (бидејќи не може да го контролира), како што се љубовта и душевната смиреност, не се смета за грев, бидејќи тоа е надвор од неговата контрола. Возвишениот Аллах вели: „Вие нема да можете кон сопругите свои потполно еднакво да постапувате, колку и да го сакате тоа.“ (Ен Ниса, 129) Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, го делел времето праведно меѓу своите сопруги – Аллах нека е задоволен со сите нив – и велел: „О, Аллах, ова е мојата поделба во она што го контролирам, затоа не ме прекорувај за она што Ти го поседуваш, а јас не можам да го контролирам.“
Ако сопругот, со согласност од една од сопругите, ѝ даде предност на другата во ноќевањето, тоа нема проблем, бидејќи така и Божјиот пратеник, мир и благослов над него, го делел времето помеѓу Аиша и Севда, кога Севда доброволно го отстапила својот ден на Аиша. Исто така, кога Пратеникот, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, бил во болеста од која починал, прашувал: „Каде ќе бидам утре? Каде ќе бидам утре?“ Тогаш неговите сопруги му дозволиле да остане каде што посакува, па тој останал во домот на Аиша до својата смрт.
Правата на сопругот над сопругата се поголеми од нејзините права над него, според зборовите на Возвишениот: „Тие (жените) имаат исто толку права колку и должности, по тоа што е познато. А мажите имаат предност над нив за еден степен!“ (Ел Бекаре, 228) Мажот е заштитник и одговорен за жената, се грижи за нејзините потреби, за нејзиното однесување и ја насочува, како што вели Возвишениот: „Мажите се надредени над жените затоа што Аллах ги одликувал едните над другите и затоа што тие ги трошат имотите свои.“ (Ен Ниса, 34)
Едно од правата на сопругот над сопругата е таа да му биде послушна во неговите барања, освен ако тоа подразбира грев, и да ги чува неговите тајни и неговиот имот. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Кога би му наредил на некој да направи сеџда на друг, ќе ѝ заповедав на жената да направи сеџда на својот сопруг.“ Тој исто така рекол: „Кога мажот ја повика својата жена во постела, а таа одбие и тој остане лут на неа, мелеците ја проколнуваат сè додека не се раздени.“
Исто така од правата на сопругот е тоа што сопругата не треба да прави нешто што би го попречило неговото целосно уживање, дури и ако станува збор за доброволен ибадет, поради зборовите на Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „Не е дозволено на жената да пости додека нејзиниот сопруг е присутен, освен со негова дозвола, ниту да дозволи некој да влезе во неговиот дом без негова дозвола.“
Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, одредил задоволството на сопругот како една од причините за влегување на сопругата во Џенетот. Тирмизи пренесува хадис од Уму Селеме, Аллах нека е задоволен со неа, во кој Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Секоја жена што ќе почине, а нејзиниот сопруг е задоволен со неа, ќе влезе во Џенет.“
*
Седмо право: Правата на владетелите и поданиците.
Владетелите се оние кои управуваат со работите на муслиманите, било на државно ниво како што е врховниот претседател, или на локално ниво за одредени области или задачи. Тие имаат права кои мора да ги исполнат кон поданиците, а поданиците имаат свои права кон нив.
Правата на поданиците пред владетелите: Владетелите треба да ја исполнат доверената обврска од Аллах, постапувајќи искрено кон своите поданици и водејќи ги по патот што ќе им носи корист како на овој така и на идниот свет. Ова значи следење на патот на верниците, патот по кој одел Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него – пат што носи среќа и благодат и за владетелите и за поданиците. Така се гради задоволство и доверба помеѓу поданиците и нивните водачи, со меѓусебна почит и исполнување на доверените задачи. Оној кој се плаши од Аллах ќе биде почитуван и од луѓето, а оној кој ќе го задоволи Аллах, Аллах ќе го заштити од зависноста од луѓето и ќе ги направи задоволни со него, бидејќи срцата се во Аллаховите раце и ги врти како што сака.
Што се однесува пак на правата на владетелите пред поданиците: Поданиците треба искрено да ги советуваат своите владетели во прашањата што ги засегаат, да ги потсетуваат кога ќе покажат немарност, да прават дова за нив ако отстапат од вистинскиот пат и да ги почитуваат нивните одлуки во она што не е грев кон Аллах. Ова обезбедува ред и стабилност, додека непочитувањето и бунтот водат кон хаос и нарушување на поредокот. Затоа Аллах наредил покорност кон Него, кон Неговиот Пратеник и кон претпоставените. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, покорувајте Му се на Аллах и покорувајте му се на Пратеникот и на вашите претпоставени.“ (Ен Ниса, 59) Пратеникот, Аллаховиот мир и благослов нека се над негоо, исто така рекол: „Муслиманот е должен да слуша и да се покорува, било тоа да му е пријатно или не, освен ако му се нареди нешто што е грев; тогаш нема ниту послушност, ниту покорност.“
Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Бевме на пат со Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, и застанавме на едно место. Гласникот на пратеникот повика: ‘Заеднички намаз!’ Се собравме околу пратеникот, и тој рече: ‘Секој пратеник кого Аллах го испратил имал обврска да го упати својот народ кон најдоброто што го знаел за нив и да ги предупреди за злото што го знаел. Овој ваш умет ќе има заштита на почетокот, но на крајот ќе го снајдат искушенија и дела кои ќе ги осудувате. Ќе доаѓаат искушенија, секое правејќи го претходното да изгледа поблаго. Кога ќе дојде едно, верникот ќе рече: „Ова е мојата пропаст!“ А потоа ќе дојде друго, и ќе рече: „Ова е, ова е!“ Па, оној кој сака да биде оддалечен од Огнот и да влезе во Џенетот, нека го дочека крајот со верување во Аллах и во Судниот ден и нека постапува кон луѓето така како што сака тие да постапуваат кон него. Кој ќе му даде верност на имамот со испружена рака и искрено од срце, нека му биде покорен, ако може. А ако му дојде друг кој се бори за таа власт, тогаш отсечете му ја главата на тој вториот.’“ Хадисот го бележи Муслим. Еден човек го праша Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „О, Аллахов Пратенику, што ако ни дојдат владетели кои го бараат своето право, но ни го одземаат нашето право? Што ќе ни наредиш?“ Пратеникот го игнорираше прашањето, но тој повторно праша, па Пратеникот му одговори: „Слушајте и покорувајте се; за нив е нивната одговорност, а за вас вашата.“
Исто така од обврските на поданиците кон владетелите е да ги поддржуваат во нивните задачи, да им помагаат во исполнувањето на доверените одговорности и секој да го познава своето место и улога во заедницата, за работите да се одвиваат правилно. Без поддршка од поданиците, владетелите не можат успешно да ги исполнат своите обврски.
*
Осмо право: Правата на соседите
Соседот е оној што живее блиску до тебе и има посебни права кон тебе. Доколку е твој роднина и е муслиман, тогаш има три права: право на соседство, право на роднинската врска и право на исламот. Додека ако е муслиман, но не и твој роднина, тогаш има две права: право на соседство и право на исламот. Ако пак е твој роднина, но не е муслиман, тогаш има две права: право на соседство и право на роднинската врска. А ако не е роднина, ниту, пак,муслиман, тогаш има само едно право, а тоа е правото на соседството.
Возвишениот Аллах вели: „А на родителите правете им добро, и на роднините, и на сирачињата, и на сиромашните, и на блискиот сосед и на далечниот сосед.“ (Ен Ниса, 36) Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Џебраил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има и удел во наследството.“ (Бухари и Муслим)
Од правата што соседот ги има кон неговиот сосед е да му прави добро колку што може, било тоа преку имот, углед или друга корист. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Најдобриот сосед кај Аллах е оној кој е најдобар кон својот сосед.“ И рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека биде добар кон својот сосед.“ Исто така рекол: „Кога ќе готвиш манџа додај повеќе вода и понеси им и на соседите.“
Исто така од добрините кон соседот е подарувањето на подароци при посебни прилики, бидејќи подарокот создава меѓусебна љубов и го отстранува непријателството.
Од правата на соседот е и да биде заштитен од каква било штета, било со зборови или дела. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Се колнам во Аллах, не е вистински верник, не е вистински верник, не е вистински верник.“ Тогаш го прашале: „Кој, о Божји пратенику?“ Тој одговорил: „Оној чии соседи не се безбедни од неговото зло.“ Во друга верзија стои: „Нема да влезе во Џенетот оној чии соседи не се безбедни од неговото зло.“ Зборот „баваик“ се однесува на секоја штета; затоа, оној чии соседи не се безбедни од неговата штета не е вистински верник и нема да влезе во Џенетот.
Многу луѓе денес не обрнуваат внимание на правата на соседството, и нивните соседи не се безбедни од нивната штета. Често ги гледаме во расправии, несогласувања и нарушување на правата, нанесувајќи им штета со зборови и дела. Сето ова е спротивно на наредбите на Аллах и Неговиот пратеник и доведува до разединување на муслиманите, разидување на нивните срца и губење на меѓусебната почит.
*
Деветто право: Правата на муслиманите воопшто
Овие права се многубројни, а меѓу нив е и тоа што е спомнато во веродостојниот хадис, каде што Божјиот пратеник,Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Шест се правата на еден муслиман кон друг муслиман: кога ќе го сретнеш, поздрави го со селам; кога ќе те повика, одѕви се на повикот; кога ќе ти побара совет, посоветувај го; кога ќе кивне и изговори 'елхамдулиллах', посакај му милост; кога ќе се разболи, посети го; и кога ќе умре, следи го до неговото џеназе.“ Во овој хадис се објаснети неколку права кои муслиманите треба да ги почитуваат едните кон другите:
Првото право е поздравот со селам. Тој е потврден сунет и е еден од најважните начини за зближување и градење меѓусебна љубов меѓу муслиманите. Ова може да се забележи во секојдневниот живот, а на тоа укажуваат и зборовите на Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, и нема да поверувате додека не се сакате меѓусебно. Зарем не сакате да ве известам за нешто што, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“
Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, секогаш прв ги поздравувал со селам оние што ќе ги сретнел, а ги поздравувал и децата кога ќе поминувал покрај нив.
Според сунетот, помладиот треба да го поздрави постариот, помалобројните да ги поздрават побројните, а оној кој е на коњ или во возило да го поздрави пешакот. Сепак, ако првиот кој треба да поздрави не го стори тоа, нека поздрави другиот, за да не се изгуби селамот. Ако помладиот не поздрави, нека поздрави постариот; ако помалобројните не поздрават, нека ги поздрават побројните, за да ја добијат наградата.
Амар бин Јасир, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Три особини кои, ако ги поседува некој, има целосен иман: праведност кон самиот себе, ширење на селамот меѓу луѓето и дарежливост, дури и во сиромаштија.“
Започнувањето со селам е сунет, но одговарањето на селамот е колективна должност (фарз кифаје). Тоа значи дека ако еден од групата одговори, тоа е доволно за сите. Кога некој поздравува група луѓе, доволно е само еден од нив да го врати поздравот, што ја исполнува обврската за сите. Возвишениот Аллах вели: „Кога со поздрав ќе бидете поздравени, со поубав од него отпоздравете, или поздравот возвратете го, бидејќи Аллах навистина сè пресметува!“ (Ен Ниса, 86) Не е доволно на селамот да се одговори само со „добредојде“, бидејќи тоа не е ниту подобар ниту еднаков одговор. Ако некој каже „селам алејкум“, треба да се одговори со „алејкум селам“. Ако некој каже „здраво“, треба да се одговори со „здраво“ – со ист поздрав. Ако се додаде и дополнителен поздрав, тоа е уште подобро.
Второто право е: „Кога ќе те повика, одѕви се“, што значи дека, ако некој те покани во својот дом на оброк или за некоја друга пригода, прифати ја поканата. Одѕвивањето на поканата е потврден сунет, бидејќи му носи радост на оној што поканува и ја зацврстува љубовта и пријателството меѓу луѓето.
Исклучок е свадбената гозба, каде присуството е задолжително под одредени услови, според зборовите на Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „Кој нема да се одѕвие, се огрешил кон Аллах и Неговиот Пратеник.“
Зборовите „Кога ќе те повика, одѕви се“ можат да се однесуваат и на повик за помош и поддршка. Ова значи дека, ако некој побара од тебе да му помогнеш – на пример, да подигне или премести нешто – твоја обврска е да му помогнеш. Како што рекол Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „Верниците се како делови на една градба – секој дел го поддржува и зајакнува другиот.“
Третото право е: „Кога ќе ти побара совет, посоветувај го“. Ова значи дека, ако некој ти се обрати и побара твој совет за нешто, твоја обврска е да го посоветуваш, бидејќи советувањето е дел од верата. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Верата е совет: За Аллах, за Неговата Книга, за Неговиот пратеник, за претпоставените на муслиманите како и за сите останати муслимани."
Ако, пак, не ти побара совет, но постои опасност или грев во она што планира да го направи, твоја должност е да го предупредиш и посоветуваш, дури и ако не побарал совет од тебе. Ова е важно за да се заштитат муслиманите од штета и неправда. Но, ако нема опасност или грев во она што планира да го направи, иако ти сметаш дека друг избор би бил покорисен, не си должен да кажеш ништо освен ако самиот не побара совет.
Четвртото право е: „Кога ќе кивне и рече 'елхамдулиллах', посакај му милост“, што значи да му кажеш: „Јерхамукеллах“ (Аллах нека ти се смилува) како пофалба за тоа што му се заблагодарил на Аллах по кивнувањето. Ако пак кивне, а не Му заблагодари на Аллах, тогаш нема право да му се посака милост, бидејќи казната за тоа што не му се заблагодарил на Аллах е во тоа што не му се посакува милост.
Посакувањето милост на оној кој кивнал и рекол „елхамдулиллах“ е задолжително. Потоа, оној на кого му се посакала милост треба да возврати со зборовите: „Јехдикумуллаху ве јуслих балекум“ (Аллах нека ве упати и нека ја подобри вашата состојба).
Ако кивањето продолжи, а си му посакал милост трипати, на четвртото кивнување кажи: „Афакеллах“ (Аллах да те излекува), наместо да кажеш „Јерхамукеллах“.
Петтото право е: „Кога ќе се разболи, посети го“. Посетата на болниот е негово право од братот муслиман, и муслиманите треба да го исполнат тоа право. Колку е поблиска врската со болниот (семејна, пријателска или соседска), толку е поголема должноста да го посетиш.
Посетата на болниот зависи и од неговата состојба и сериозноста на болеста. Во некои случаи може да бидат потребни чести посети, додека во други е доволно поретко. Најважно е да се земат предвид околностите.
Сунет е за оној кој посетува болен да праша за неговата состојба, да прави дова за него и да му ја отвори вратата на надежта и олеснувањето, бидејќи тоа е една од најголемите причини за негово заздравување и закрепнување. Исто така, добро е да го потсети на покајание на смирен и пријатен начин, без да го исплаши. На пример, може да му каже: „Во оваа болест стекнуваш корист, бидејќи Аллах преку неа ги брише гревовите и ги отстранува лошите дела. Можеби со ограничувањето во движењето ќе стекнеш голема награда преку честото сеќавање на Аллах, барањето прошка и довата.“
Шестото право е: „Кога ќе умре, следи го на неговото џеназе“, што значи дека придружувањето на џеназето е право на секој муслиман кон неговиот брат и носи голема награда. Потврдено е дека Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Кој ќе го следи џеназето сè до извршувањето на џеназе-намазот, ќе добие еден кират, а кој ќе го следи сè до погребот, ќе добие два кирата.“ Кога го прашаа: „Што значат два кирата?“ Тој одговори: „Како две огромни планини.“
Исто така од правата на муслиманот е да не му нанесува штета на својот брат, бидејќи штетата нанесена на муслиман спаѓа меѓу големите гревови. Возвишениот Аллах вели: „А тие што ги вознемируваат верниците и верничките, а тие тоа не го заслужуваат, товарат на себе клевета и вистински грев.“ (Ел Ахзаб, 58)
Често, оној кој му нанесува штета на својот брат бива казнет од Аллах уште на овој свет, пред Судниот ден. Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него, рекол: „Не мразете се, не одбегнувајте се и бидете браќа, Аллахови робови. Муслиманот е брат на муслиманот – не го угнетува, не го предава и не го понижува. Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа."
Правата на муслиманот кон другиот муслиман се многубројни, но може да се каже дека сите тие се содржани во зборовите на Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и благослов нека се над него: „Муслиманот е брат на муслиманот.“ Кога човекот ќе ја исполни суштината на ова братство, тој ќе се труди да му донесе секое добро и да избегне сè што би можело да му наштети.
*
Десетто право: Правата на немуслиманите
Терминот „немуслимани“ ги опфаќа сите неверници, поделени во четири категории: 1. Тие со кои сме во војна, 2. Тие на кои им е дадена заштита, 3. Тие со кои имаме договор за примирје, 4. Жителите на муслиманската држава.
Оние со кои сме во војна немаат право на заштита или грижа од наша страна.
На оние на кои им е дадена заштита, им припаѓа правото на нашата заштита во одредени времиња и места за нивната безбедност, како што Возвишениот Аллах вели: „Ако некој од многубошците те замоли за заштита, ти заштити го за да ги чуе Аллаховите зборови, а потоа испрати го на безбедно место за него.“ (Ет Теуба, 6)
Што се однесува пак до оние со кои имаме договор за примирје, должни сме да го почитуваме до договорениот рок, сè додека тие остануваат верни на него и не го нарушуваат на никаков начин, не соработуваат против нас и не ја навредуваат нашата вера, како што Возвишениот Аллах вели: „Со многубошците со кои имате склучено договори кои тие во ништо не ги нарушиле, ниту некого против вас помогнале, исполнете ги договорите до договорениот рок. Аллах навистина ги сака богобојазливите.“ (Ет Теуба, 4) „А ако ги прекршат заклетвите свои, по склучувањето на договорот со нив, и ако верата ваша ја навредуваат, тогаш борете се против водачите на безверието за да престанат, а за нив навистина не постојат заклетви.“ (Ет Теуба, 12)
Што се однесува до немуслиманите кои живеат во муслиманската држава, тие имаат најмногу права од сите овие категори, бидејќи се под заштита и грижа на муслиманите, при што плаќаат џизја (данок).
Затоа, должноста на муслиманските владетели е да им судат според исламските закони во поглед на животот, имотот и честа и да спроведат казни за постапки што и нивната вера ги смета за забранети. Владетелите се должни да ги заштитат и да ги чуваат од секакво зло.
Дополнително, немуслиманите треба да се разликуваат од муслиманите во облеката и да не покажуваат нешто што е спротивно на исламот ниту обележја на својата вера, како камбани или крстови. Правилата за нив се детално објаснети во книгите на исламските алими, затоа тука нема да должиме и навлегуваме во детали.
Благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите, Аллаховиот благослов и мир нека се над нашиот пратеник Мухамед, над неговото семејство и сите негови другари асхаби.
Напишано од Аллаховиот слуга кој се надева во Аллаховата сомилост
Мухамед Салих ел Усејмин
*
Related books
All books
نبذة في العقيدة الإسلامية (شرح أصول الإيمان)76 јазициنبذة في العقيدة الإسلامية (شرح أصول الإيمان)
رسالة لطيفة تتناول أصول العقيدة الإسلامية بأسلوب مبسط وميسر. تبدأ بمقدمة حول أهمية علم التوحيد، كونه أشرف العلوم وأجلّها، ثم تتناول مفهوم الدين الإسلامي وأركانه الخمسة: الشهادتان، والصلاة، والزكاة، والصوم، والحج. كما يشرح الإيمان بالله، وملائكته، وكتبه، ورسله، واليوم الآخر، ويؤكد على أهمية التوحيد في بناء دين المسلم بشكل سليم. الكتاب يهدف إلى تعزيز الفهم الصحيح للعقيدة الإسلامية وتطبيقها في حياة المسلم اليومية.
Кратка и јасна порака за атеистот61 јазициКратка и јасна порака за атеистот
Кратка порака до атеистот, која мусе обраќа на разумот: Ако прецизноста и уреденоста на универзумот ја негираат случајноста и укажуваат на мудар Создател, дали е разумно сето то да настанало од непостоење? Затоа, отвори го своето срце за размислување и промислување и побарај ја вистината, бидејќи можеби во неа ќе ја најдеш светлината што ќе те упати.
كيفية صلاة النبي - صلى الله عليه وسلم -82 јазициالنبيصلىكيفية صلاة النبي - صلى الله عليه وسلم -
Кликнете за да ги видите деталите за книгата.
Исламот89 јазициИсламот
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Дали си се запрашал некогаш: Кој ги создал небата, Земјата и сите величенствени созданија кои живеат во нив? Кој го создал прецизниот систем во нив?