المختصر المفيد للمؤذن والإمام والخطيب وأحكام المساجد
ЗА МУЕЗИНОТ, ИМАМОТ И ХАТИБОТ И ПРОПИСИТЕ ПОВРЗАНИ СО ЏАМИИТЕ
These files are generated automatically from the book's text; their layout may differ from the printed edition.
ЗА МУЕЗИНОТ, ИМАМОТ И ХАТИБОТ
И ПРОПИСИТЕ ПОВРЗАНИ СО ЏАМИИТЕ
([4])
Книги со теми од хадис и фикх – особено поглавјата поврзани со хутбата, имамството, езанот и џамиите.
Ел-муфид фи текриб ахкам ел-езан – од д-р Мухамед бин Абдурахман бин Мелхи ел-Арифи. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Мевдуат хутбетил-џума – од Абдурахман бин Муала ел-Лујехик. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
КОРИСЕН И КОНЦИЗЕН ПРИРАЧНИК
Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме, од Него помош и прошка бараме и само Нему му се враќаме со покајание. Бараме засолниште кај Него од злото на нашите души и нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го заведе, а кого ќе го остави во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник. Аллаховиот мир и благослов нека се над него, неговото семејство, неговите асхаби и сите коишто ги следат во добрина сè до Судниот ден.
Потоа велам: Имајќи предвид луѓето постојано имаат потреба од она што ќе ги подобри нивните состојби, шеријатот вовел прописи што ја исполнуваат таа цел. Меѓу нив се и прописите поврзани со езанот и икаметот за намазот, имамството, петочната хутба и прописите поврзани со џамиите. Поради тоа, одговорноста на муезинот, имамот и хатибот е голема. Заради важноста на нивната улога, се погриживме да подготвиме книга со наслов „Корисен и концизен прирачник за муезинот, имамот и хатибот и прописите поврзани со џамиите“, и да ја преведеме на повеќе јазици.
Прво поглавје: Прописи на езанот и икаметот
Езанот е еден од симболите на исламот и на неговите следбеници, бидејќи со него се повикува пет пати во текот на денот и ноќта. Учените во своите книги му посветиле внимание, разгледувајќи ги неговите прописи, сунети, препорачани дела и работите што го поништуваат. Сето тоа укажува на важноста и честа на овој ибадет. ([1]) ()Види: Ел-Муфид фи текриб ехкам ел-езан, од ел-Арифи, стр. 7.
Прва точка: Дефиниција на езанот и икаметот
Езанот, според шеријатската терминологија, е најавување на настапувањето на времето за намаз, преку посебни, јасно утврдени изрази, пропишани во шеријатот. ([2]) ()Види: Ел Мугни од Ибн Кудаме, 1/292; Мухтар ес-Сихах, стр. 16, предмет أ ذ ن; и Ел-езан вел-икаме од Кахтани, стр. 5.
Додека икаметот, според шеријатската терминологија, претставува најавување за отпочнување на намазот, преку одредена шеријатски утврдена формулација. ([3]) Види: Кешаф ел-Кина, 1/230.
Втора точка: Кој е прописот за езанот и икаметот
Езанот и икаметот се шеријатски утврдени обреди, втемелен на Куранот, Сунетот и консензусот.
Доказ од Аллаховата Книга се зборовите на Возвишениот: „И кога повикувате на намаз (молитва), и тоа за потсмев и забава го земаат, затоа што тоа се луѓе кои не сфаќаат.“ (Ел Маиде, 58)
А што се однесува до Сунетот, бројни хадиси укажуваат на шеријатската утврденост на езанот и икаметот. Од нив е и следниот:
Од Ибн Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол: „Кога муслиманите пристигнаа во Медина, се собираа и го очекуваа времето за намаз, без да се повикува на него. Еден ден разговараа за тоа, па некои рекоа: ,Да поставиме ѕвоно, како ѕвоното на христијаните,’ а други рекоа: ,Да користиме рог, како рогот на Евреите.’ Тогаш Омер рече: ,Зошто да не одредиме човек што ќе повикува на намаз?’ По ова Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Билале, стани и повикај на намаз.“ () Го бележат Бухари, бр. 604, и Муслим, бр. 377.
Доказ од консензусот е тоа што уметот е едногласен дека езанот и икаметот се утврдени за петте намази.
Имамот Ибн Кудаме ел-Макдиси рекол: „Целиот умет е едногласен дека езанот е пропишан за петте намази.“ ([5)] () Ел-Мугни, 1/293
Езанот и икаметот спаѓаат меѓу обврските од видот фарз кифаје за мажите — и во местото на живеење и при патување — но само за петте дневни намази, не и за другите, поради хадисот на Малик бин Хувејрис, радијаллаху анху, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога ќе настапи времето за намаз, еден од вас нека повика езан, а нека ве предводи (како имам) најстариот меѓу вас.“ ([6]) () Го бележат Бухари, бр. 628 и Муслим, бр. 674.
Дополнителен доказ е и дека езанот и икаметот се од видливите симболи на исламот, и нивното запоставување не е дозволено.
Што се однесува пак до жените, за нив не е пропишан ниту езанот ниту икаметот, без разлика дали жената клања сама или предводи други жени. () Шерх ел-Умде од Ибн Тајмије, стр. 101.
Трета точка: Вредноста на езанот и икаметот
Во врска со вредноста на езанот и муезините пренесени се бројни текстови, во кои се нагласени следните доблести:
Муезинот е еден од повикувачите кон Аллах и спаѓа меѓу луѓето кои говорат најубаво. Возвишениот Аллах вели: „А кој говори поубаво од тој што повикува кон Аллах, кој прави добри дела и кој вели: ,Јас сум, навистина, муслиман!'“ (Фусилет, 33)
Муезините ќе бидат со најдолги вратови на Судниот ден. Од Муавија, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Го слушнав Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, како вели: „Муезините ќе бидат со најдолги вратови на Судниот ден.“ ([8]) () Муслим, бр. 387.
Езанот и икаметот го бркааат и оддалчуваат шејтанот. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога се повикува на намаз, шејтанот се оддалечува испуштајќи гасови, за да не го слуша езанот. Кога езанот ќе заврши, се враќа. А кога се обзнанува почетокот на намазот – односно кога се изговара икаметот – тој повторно се оддалечува. Кога икаметот ќе заврши, се враќа и почнува да му нашепнува на човекот и неговата душа, велејќи му: ,Сети се на ова, сети се на она' – на нешта на кои претходно не се ни сеќавал – сè додека човекот не заборави колку рекати клањал.“ ([9]) () Го бележат Бухари, бр. 1222, и Муслим, бр. 389.
Сè што ќе го чуе езанот ќе сведочи за муезинот. Абдулах бин Абдурахман ел-Енсари, раскажува дека Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, му рекол: „Те гледам дека ги сакаш овците и пустината. Кога ќе бидеш со своите овци или во пустина и ќе повикаш езан за намазот, подигни го гласот, затоа што: ;Нема да го чуе гласот на муезинот – ниту џин, ни човек, ниту некој друг – а да не му посведочи (за тоа) на Судниот ден.“ Ебу Сеид рекол: „Ова го слушнав од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ ([10]) () Бухари, бр. 609.
Доколку луѓето навистина би ја знаеле вредноста на езанот, би се натпреварувале за него, односно ќе влечеа ждрепка кој од нив ќе го повикува. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога луѓето би знаеле каква награда има во езанот и првиот ред, и не би имале друг начин освен да извлекјуваат ждрепка, навистина би влечеле ждрепка.“ ([11]) () Го бележат Бухари, бр. 615, и Муслим, бр. 437.
На муезинот му се простува онолку колку што достигнува неговиот глас, и ја потврдува вистинитоста на тоа што го вели сè што ќе го чуе – било живо или неживо, и има награда за секој што клања одзивајќи се на тој езан; бидејќи оној што упатува на доброто има награда како и оној што го прави. Бера бин Азиб, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах и Неговите мелеци го благословуваат првиот ред, а на муезинот му се простува онолку колку што достигнува неговиот глас, и ја потврдуваат (вистинитоста) сите што го слушаат – и живи и неживи – и има награда за секој што клања одзивајќи му се нему.“ ([12]) Го бележи Ахмед, бр. 18506; Несаи, бр. 646 – Ел-Мунзири го оценил синџирот како добар во Тергиб ве Терхиб (1/176), а Ибн Мулекин рекол: „Овој синџир е добар“ во делото Бедр ел-Мунир (3/385)
Езанот е едно од највозвишените обележја на исламот и прави разлика меѓу земјата на неверството и земјата на исламот. Имамот ел-Бухари, рахимехуллах, во неговиот Сахих именувал едно од поглавјат со овој наслов: „Поглавје за тоа како езанот ги штити животите“, во кое го пренесува хадисот од Енес бин Малик, радијаллаху анху: „Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одеше во воен поход против некој народ, не напаѓаше додека не се раздени. Ако слушнеше езан, се воздржуваше од напад, а ако не слушнеше – напаѓаше.“ ([13]) ()Го бележат Бухари, бр. 610 и Муслим, бр. 382.
Имамот ел-Хатаби рекол: „Овој хадис укажува дека езанот е обележје на исламската вера и дека претставува обврска која не смее да се запостави. Ако жителите на некое место се договорат да го напуштат и одбијат да го повикуваат езанот, тогаш владетелот има право да се бори против нив поради тоа.“ () Алам Ел-Хадис, шерх Сахих Ел-Бухари: 1/460.
Четврта точка: Услови за исправност на езанот и икаметот
1. Ислам: Езанот и икаметот не се валидни доколку ги изврши неверник, бидејќи тие се ибадети, а ибадетот не е исправен од неверник.
2. Разумност: Не се валидни доколку ги изврши лице со ментална попреченост, пијано лице или мало дете кое не разликува, а тоа важи и за другите ибадети.
3. Нијет (намера): Езанот и икаметот не се исправни без нијет, бидејќи тие се ибадети, а ибадетот не е валиден без нијет. Тоа е потврдено со зборовите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Делата се вреднуваат според намерите, и секому му припаѓа она што го намерил.“ ([15]) Го бележат Бухари, бр. 1, и Муслим: 1907, како хадис пренесен од Омер бин ел-Хатаб, радијаллаху анху.
4. Машкост: не е исправно жената да го изговара езанот или икаметот (во џамија за присутните клањачи мажи и жени).
5. Езанот треба да се изврши по настапувањето на времето за намаз: Не е исправно да се изврши пред да настапи неговото време. Доказ за овој став е хадисот на Малик бин Хувејрис, радијаллаху анху, во кој Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „...Кога ќе настапи времето за намаз, еден од вас нека повика езан, а нека ве предводи најстариот меѓу вас.“ ([16]) Овој хадис укажува дека езанот е поврзан со настапувањето на времето за намаз, што значи дека не е дозволено да се изврши пред неговото време. Додека икаметот се извршува во моментот кога се има намера да се започне со самото клањање. () Го бележат Бухари, бр. 628, и Муслим, бр. 674.
6. Езанот – како и икаметот – треба да се извршат по утврдениот редослед: Муезинот треба да ги изговара зборовите на езанот и икаметот според редоследот утврден во шеријатските текстови, без да го менува нивниот редослед. Бидејќи езанот е ибадет со прецизен редослед, мора да се извршува токму така како што е пренесен – поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кој, во нашата вера, ќе воведе нешто што не е од неа, ќе му биде одбиено.“ ([17]) Го бележат Бухари, бр. 2697, и Муслим, бр. 1718, а хадисот го пренесува Аиша, радијаллаху анха.
7. Езанот – како и икаметот – треба да се извршиат без прекини: Тоа значи дека зборовите треба да се изговараат последователно, без да се прекинува со говор или некое дејство, и без долга пауза меѓу нив.
8. Езанот и икаметот треба да бидат на арапски јазик и со зборови кои се потврдени во Сунетот, без грешки што го менуваат/искривуваат значењето.
9. Езанот треба да се изговара гласно: Ако муезинот го изговара езанот тивко, така што се слуша само самиот себеси, не се постигнува целта од неговата пропишаност; поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: ,,...Еден од вас нека повика езан." ([18]) Ова укажува дека треба да се подигне гласот за да го слушнат другите, бидејќи целта на езанот е да се известат луѓето. Ако муезинот го извршува езанот само за себе или за некој што е со него, не е задолжително да го повиши гласот, но треба да биде доволно гласен за самиот да се слушне или да го слушне присутниот. Сепак, ако го подигне гласот повеќе од тоа – тоа е подобро, поради хадисот на Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху: „...Кога ќе бидеш со своите овци или во пустина и ќе повикаш езан за намазот, подигни го гласот, заtoa што: ,Нема да го чуе гласот на муезинот – ниту џин, ниту човек, ниту нешто друго – а да не посведочи за тоа на Судниот ден.’“ ([19]) () Претходно наведено. () Претходно наведено.
Петта точка: Од особините што се бараат кај муезинот:
1. Да биде познат со праведност и доследност во верата, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Имамот е гарант, а муезинот е довереник. Аллаху мој, упати ги имамите и прости им на муезините.“ ([20]) Муезинот е довереник за времето на намазот и постот, а таквата одговорност не му се доверува освен на праведен човек. Затоа, не е соодветно муезинот да биде грешник, да врши гревови јавно или да биде личност со нарушен углед. () Го бележат Ебу Давуд, бр. 517, и Тирмизи, бр. 207.
2. Да биде полнолетен, бидејќи езанот на полнолетникот е покомплетен. Сепак, исправен е и езанот на дете што е способно да разликува, сè додека го извршува во пропишаното време. Ако го изврши езанот навреме, тоа е доволно за да се постигне целта, а тоа е објавување на настапувањето на времето.
3. Да ги познава времињата на намазот за да може точно да ги следи и да го извршува езанот на почетокот од секое време. Ако не е запознаен со нив, не може да се гарантира дека нема да згреши.
4. Да има силен (звучен) глас, поради хадисот на Абдулах бин Зејд, радијаллаху анху, каде го пренесува неговиот сон, па Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рекол: „Навистина ова е вистинит сон. Затоа, стани со Билал – неговиот глас е појасен и позвучен од твојот – пренеси му го она што ти беше кажано, и нека повикува со него.“ (21) Зборовите: „Појасен и позвучен глас“ значат повисок и посилен глас, што укажува дека е препорачливо муезинот да има јасен и силен глас, бидејќи токму таквиот глас најдобро ја исполнува целта на езанот. Го бележи Тирмизи, бр. 189 и рекол: „Хадисот е хасен-сахих.“ Погледни: Тухфет ел-Ахвези, 1/481.
5. Да има убав глас, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во хадисот на Абдулах бин Зејд, радијаллаху анху, кој беше спомнат претходно: „Неговиот глас е појасен и позвучен од твојот," што значи неговиот глас е поубав и попријатен.
6. Да биде чист од малата и големата правна нечистотија (да има абдест или гусул), бидејќи езанот и икаметот се спомнување на Возвишениот Аллах, и се препорачува оној што Го спомнува Аллах да биде во состојба на чистота.
7. Да го изврши езанот стоејќи, поради зборовите на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем: „О Билал, стани и повикај на намаз.“ (23) Ибн ел-Мунзир рекол: „Се пренесува едногласен став дека од сунет (потврдена пракса на Веровесникот) е муезинот да го извршува езанот стоејќи.“ ([24]) Го бележат Бухари, бр. 604, и Муслим, бр. 377, а хадисот го пренесува Ибн Омер, радијаллаху анхума. () Ел-Иџма од Ибн Мунзир, стр. 38.
8. Да го изврши езанот свртен кон кибла, како што е наведено во една од верзиите на хадисот на Абдулах бин Зејд, радијаллаху анху, во врска со сонот: „...Па се сврте кон киблата и рече: ,Аллаху екбер, Аллаху екбер...’“ ([25]) Ибн ел-Мунзир рекол: „Се пренесува едногласен став дека потврдена пракса е муезинот да се сврти кон кибла при езанот.“ ([26]) () Го бележи Ебу Давуд бр. 507. () Ел-Иџма од Ибн Мунзир, стр. 38.
9. Да ги стави показалците во ушите, како што правел Билал, радијаллаху анху, додека повикувал езан пред Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Од Ебу Џухејфе, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го видов Билал како повикува езан, се вртеше и го насочуваше својот глас лево и десно, со показалците во ушите, додека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше во својата црвена шатра…“ ([27]) Го бележи Тирмизи, бр. 197, и рекол: „Хадисот е хасен-сахих, а неговата основа е во Сахихот на Бухари, бр. 634, со зборовите: Аун бин Еби Џухејфе, од неговиот татко, пренесува дека го видел Билал како го повикува езанот, па почнав да ги следам движењата на неговата уста – налево и надесно – додека го повикуваше езанот.“
Имамот Тирмизи, откако го наведе овој хадис, рекол: „Согласно со ова е праксата кај учените-се препорачува муезинот при повикувањето на езанот да ги стави показалците во ушите.“
Ибн Шубруме беше прашан: „Зошто на муезинот му е наредено да ги стави прстите во ушите?“ Тој рече: „За да го засили гласот...“ ([28]) () Ел-Евсат, 4/11.
Ен-Невеви, рахимехуллах, рекол: „Сунет е да се стават показалците во ушните шуплини, и ова е општоприфатено, како што го пренесува Мухамели во ‘ел-Меџмуʿ’ од повеќето алими. Нашите учители рекле: Во тоа има и дополнителна корист – можеби некој, поради глувост, оддалеченост или друга причина, нема да го слушне гласот, па кога ќе го види муезинот со прстите во ушите, ќе разбере дека се повикува езан.“ Шерх Ел Мухезеб, 3/113.
10. Да се сврти надесно кога ќе каже: „Хајјe 'aлес-салах" – при двете повторувања, и налево кога ќе каже: „Хајјe'aлел-фелах“ – исто така при двете повторувања, без да ги поместува стапалата, поради хадисот на Ебу Џухејфе, радијаллаху анху, за езанот на Билал, радијаллаху анху, пред Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, во кој рекол: „Го следев како се свртува надесно и налево додека велеше: хајјалес-салах, хајјалел-фелах.“ ([30]) Така се прави, затоа што на тој начин повикот подобро допира до оние што се подалеку од џамијата. Го бележат Бухари, бр. 634 и Муслим, бр. 503, а дадената верзија е на Муслим.
11. Езанот да се изговара смирено и со умерено темпо, без претерано одолговлечување или оддолжување, бидејќи езанот е повик за оние што не се во џамијата, па затоа е подобро да се изговара јасно и мирно. Икаметот, пак, се изговара побрзо, бидејќи е наменет за присутните, па побрзото изговарање е посоодветно. () Погледни: Ел-Мугни од Ибн Кудаме, 1/295.
12. Езанот да се изведе онака како што е пропишано – со лесен и пријатен глас, без пренемагање и без претерана мелодичност, за да не се претвори во пеење, ниту да се оддолжи на начин што ја нарушува неговата суштина. Муезинот треба да го изведе со својот природен глас, почитувајќи ги неговите услови и шеријатската етика.
Шеста точка: Опис на езанот и икаметот
За езанот и икаметот постојат утврдени начини на изведување пренесени во хадисите на Аллаховиот пратеник, меѓу кои и хадисот на Абдулах бин Зејд, радијаллаху анху, во кој се наведува текстот на езанот:
Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер.
Ешхеду ен ла илахе иллаллах, ешхеду ен ла илахе иллаллах.
Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах, ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах.
Хајје ‘алес-салах, хајје ‘алес-салах.
Хајје ‘алел-фелах, хајје ‘алел-фелах.
Аллаху екбер, Аллаху екбер.
Ла илахе иллеллах.
А текстот на икаметот гласи:
Аллаху екбер, Аллаху екбер.
Ешхеду ен ла илахе иллаллах.
Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах.
Хајје ‘алес-салах, хајје ‘алел-фелах.
Кад каметис-салату, кад каметис-салат
Аллаху екбер, Аллаху екбер.
Ла илахе иллаллах.([32]) () Го бележат Ебу Давуд бр. 499, Тирмизи (скратено) бр. 189, и рече: хадисот на Абдулах бин Зејд е хасен-сахих.
Ова е начинот на кој Билал, радијаллаху анху, го изведувал езанот и икаметот во присуство на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека биле на пат и додека престојувале на едно место, сè до неговата смрт, салаллаху алејхи ве селем.
А кога станува збор за сабахскиот езан, по изразот „Хајје ʿалел-фелах“ се додава: „Ес-салату хајрун минен-неум“ – двапати; бидејќи Ебу Мехзура, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол: „Ако го повикуваш езанот за сабах намазот, кажи: ,Ес-салату хајрун минен-неум, ес-салату хајрун минен-неум.’ ([33]) Хадисот го бележи Ебу Давуд бр. 500, а Ен-Невеви во делото Хуласату ел-Ахкам 1/286 рекол: „Хадисот е хасен (добар).“
Постои уште една форма на езанот, позната како терџиʿ – повторување. Кај неа муезинот прво ги изговара двата шехадета со тивок глас, а потоа ги повторува со подигнат глас. Додека кај икаметот, изразите се повторуваат двапати. Овој опис е забележан во хадисот на Ебу Мехзура, радијаллаху анху, во кој вели: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, лично ме подучи на езанот и рече: Кажи: Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Ешхеду ен ла илахе иллаллах, Ешхеду ен ла илахе иллаллах, Ешхеду енне Мухаммеден расулуллах, Ешхеду енне Мухаммеден расулуллах, Потоа се повторуваат со подигнат глас: Ешхеду ен ла илахе иллаллах, Ешхеду ен ла илахе иллаллах, Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах, Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах, Хајје ʿалес-салах, хајје ʿалес-салах, Хајје ʿалел-фелах, хајје ʿалел-фелах, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Ла илахе иллеллах.
Икамет: Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Ешхеду ен ла илахе иллаллах, Ешхеду ен ла илахе иллаллах, Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах, Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах, Хајје ʿалес-салах, хајје ʿалес-салах, Хајје ʿалел-фелах, хајје ʿалел-фелах, Кад каметис-салату, кад каметис-салат, Аллаху екбер, Аллаху екбер, Ла илахе иллеллах. ([34]) Го бележи Ебу Давуд, под броевите 502 и 503.
Ова спаѓа во рамките на разновидноста во обликот на ибадетите, па со која било од овие пренесени начини муезинот да го повика езанот ќе биде исправно. Шејхул ислам Ибн Тејмије, рахимехуллах, откако спомна дел од потврдените форми на езанот, рече: „Ако е така, тогаш исправен е ставот на следбениците на хадисот и оние кои се согласуваат со нив – а тоа е дозволеноста на сè што е пренесено од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во врска со ова, без да се отфрла нешто од тоа. Затоа што разновидноста во начинот на езанот и икаметот е слична на разновидноста во учењето на Куранот, тешеххудот и слично. Никој нема право да негира нешто што Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му го пропишал на својот умет.“ ([35]) () Меџму' ел-Фетава: 22/ 66.
Петта точка: Што изговара оној што го слуша езанот и каква дова се изговара по него
Препорачливо е оној што го слуша езанот да ги повторува зборовите на муезинот, како што е спомнато во хадисот на Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога ќе го слушнете езанот, изговарајте го она што то изговара муезинот.“ ([36]). Освен при изразите: „хајје ʿалес-салах“ и „хајје ʿалел-фелах“ – тогаш е препорачано слушателот да изговори по секој од нив: „Ла хавле ве ла куввете илла биллах,“ така е спомнато во хадисот на Омер бин ел-Хатаб, радијаллаху анху, во кој тој пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога муезинот ќе каже: Аллаху екбер, Аллаху екбер – и некој од вас рече: Аллаху екбер, Аллаху екбер; потоа ќе рече: Ешхеду ен ла илахе иллаллах – и тој ќе рече: Ешхеду ен ла илахе иллаллах; потоа ќе рече: Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах – и тој ќе рече: Ешхеду енне Мухаммеден ресулуллах; потоа ќе рече: Хајје ʿалес-салах – и тој ќе рече: Ла хавле ве ла куввете илла биллах; потоа ќе рече: Хајје ʿалел-фелах – и тој ќе рече: Ла хавле ве ла куввете илла биллах; потоа ќе рече: Аллаху екбер, Аллаху екбер – и тој ќе рече: Аллаху екбер, Аллаху екбер; потоа ќе каже: Ла илахе иллеллах – и тој тоа го каже искрено од срце, ќе влезе во Џенет.“ ([37]) () Го бележат Бухари, бр. 611, и Муслим, бр. 383. () Муслим, бр. 385.
Препорачливо е и да изговори: „Ешхеду ен ла илахе иллаллах вахдеху ла шерике леху ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху, радиту биллахи раббен, ве би Мухаммедин расулен, ве бил-ислами динен“ (Сведочам дека Аллах е единствениот вистински Бог кој нема здруженик и дека Мухамед е Негов роб и пратеник, задоволен сум со Аллах како мој Бог, со Мухамед, алејхи селам, како Веровесник и со исламот како моја вера) по двата шехадета.
Сад бин Ебу Векас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој, кога ќе го слушне муезинот, ќе изговори : ,Ешхеду ен ла илахе иллаллах вахдеху ла шерике леху ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулух, радиту биллахи раббен, ве би Мухаммедин расулен, ве бил-ислами динен,' (Сведочам дека Аллах е единствениот вистински Бог кој нема здруженик и дека Мухамед е Негов роб и пратеник, задоволен сум со Аллах како мој Бог, со Мухамед, алејхи селам, како Веровесник и со исламот како моја вера) ќе му бидат простени гревовите." () Муслим, бр. 386.
А кога муезинот при сабахскиот езан ќе каже: „Ес-салату хајрун минен-неум“, препорачливо е и оној што го слуша да го повтори истото, поради зборовите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Кога ќе го слушнете езанот, изговарајте го она што то изговара муезинот.“ ([39]) () Бухари и Муслим
Следно се испраќа салават врз Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа се изговара довата што е пренесена во хадисот во каде што тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој, кога ќе го слушне езанот, ќе изговори: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“ ([40]) А значењето на: „Совршен повик“ се однесува на повикот на езанот, бидејќи тој е целосен и совршен – затоа што содржи величење на Возвишениот Аллах, потврда на Неговото едноштво, сведоштво за пратеништвото и повик кон доброто. „Намазот чие време е сега,“ односно намазот што ќе се воспостави и ќе се клања сега. „Ел-Весиле“: степен во Џенетот. ,„Ел-Федилете“: возвишена доблест која не ја поседува никој друг. „Мекамен Махмуден“ Мекам махмуд е секое возвишено место на кое луѓето ќе го фалат, а во него спаѓа и големото застапништво за сите созданија, при што тој – салаллаху алејхи ве селем – ќе се застапи за присутните сè додека не се пресуди меѓу нив. () Хадисот го бележат Бухари, бр. 614 од хадисот на Џабир, радијаллаху анху.
Абдулах бин Амр бин ел-Ас, радијаллаху анхума, пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Кога ќе го чуете муезинот, повторете го она што го изговара, а потоа испратете салават врз мене, затоа што оној кој ќе испрати еден салават кон мене, Аллах ќе испрати врз него десет салавати. Потоа, замолете Го Аллах да ми го подари Ел-Весиле, зашто тоа е едно посебно место во Џенетот, кое му припаѓа само на еден од Аллаховите робови, и се надевам дека тоа сум јас. Кој ќе побара Ел-Весиле за мене, нему ќе му биде дадено моето застапништво (шефат).“ ([41]) () Го бележи Муслим, бр. 384.
Од новотариите што се прават, а се поврзани со езанот, е: муезинот по езанот на глас да испраќа салавати и селами, како и заедничко изговарање на довата што е пренесена по езанот (Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммет...); такво е и подигањето на рацете при изговарање на оваа дова; како и поставување лице што ќе го повторува зад муезинот зборот (хаккан) или (ебеден) на крајот од реченицата, велејќи: (хаккан ла илахе иллаллах) или (ебеден ла илахе иллаллах) — бидејќи за сето тоа нема валиден доказ.
Осма точка: Прописот за излегување од џамија по езанот
Забрането е човекот да ја напушти џамијата по езанот сè додека не клања, освен ако има оправдана причина или намера да се врати – во таков случај нема пречка. Тоа е потврдено со зборовите на Ебу Шаса: „Седевме во џамијата со Ебу Хурејре, радијаллаху анху, кога муезинот го повика езанот. Тогаш еден човек стана излегувајќи од џамијата, па Ебу Хурејре, радијаллаху анху, го следеше со поглед додека не излезе, а потоа рече: ,Овој човек ја прекрши наредбата на Ебу Касим, салаллаху алејхи ве селем.’“ () Го бележи Муслим, бр. 655.
Тирмизи, откако го наведе овој хадис во неговиот Сунен, рече: „Согласно со ова е практиката кај учените од асхабите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и оние после нив: дека никој не треба да излегува од џамија после езанот, освен ако има оправдание – да биде без абдест, па да мора повторно да земе, или за нешто што е неопходно/итно.“ () Сунен Тирмизи: 1/397, бр. 204.
Деветта точка: Колку време треба да помине помеѓу езанот и икаметот?
Праксата на Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, укажува дека помеѓу езанот и икаметот се остава доволно време. Абдулах бин Мугафел, радијаллаху анху, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Меѓу секои два езана има намаз, меѓу секои два езана има намаз“ – а при третото повторување додал: „За оној што сака.“ ([44]) Под „два езана“ се мисли на езанот и икаметот. Затоа, муезинот треба да остави доволно време помеѓу нив, за присутните да можат да клањаат два реката пред фарзот, а другите верници да пристигнат во џамијата и да го стигнат намазот. () Го бележат Бухари бр. 627 и Муслим бр. 838.
Имамот Ахмед рекол: „Муезинот, кога ќе го повика езанот, не треба да брза со икаметот, туку да почека додека не пристигнат верниците во џамијата, и додека оној што има потреба – тој што има физиолошка нужда – не ја заврши својата потреба. Треба да остави доволно време помеѓу езанот и икаметот.“ () Шерх умдетул-фикх од Ибн Тејмије, поглавје за намазот: стр. 135.
Десетта точка: Одговорноста на муезинот и неговата етика:
Муезинот треба да го извршува езанот искрено, само заради Аллах, како што е споманто во хадисот на Осман бин Ебу ел-Ас, Аллах нека е задоволен со него, кој рекол: „Едно од последните совети што ми ги остави Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, беше да изберам муезин кој не зема плата за својот езан.“ ([46]) () Го бележи Тирмизи, бр. 209, и го оценил како добар (хасен).
Тирмизи, рахимехуллах, откако го наведе овој хадис рече: „Согласно со ова е практиката кај учените – тие го сметале за мекрух (непожелно) муезинот да зема плата за езанот, и препорачувале тој да го извршува езанот искрено, со надеж во Аллаховата награда.“
Прашањето дали муезинот може да добива надомест од државната каса на муслиманите – нема пречка во тоа, бидејќи таа е воспоставена за нешто што се смета од општа корист на муслиманите, а езанот и икаметот спаѓаат во таа корист. ()Види: Ел-езан вел-икаме од Кахтани: стр. 19.
Исто така мора да знае дека е одговорен за езанот за петте дневни намази во нивните точно определени времиња, поради зборовите на Аллаховиот пратеник, алелјхи селам: „Имамот е гарант, а муезинот е довереник.“ ([48]) Што значи: тој е довереник во однос на времињата за намаз, и треба да доаѓа во џамијата со абдест уште пред влегувањето на времето за езан. Не смее да го пропушта езанот освен ако има оправдана причина, а во таков случај треба да одреди некој што ќе го замени. Хадисот го бележат Ебу Давуд, бр. 517 и Тирмизи, бр. 207 пренесен од Ебу Хурејре, радијаллаху анху.
Муезинот треба да се држи до следниве работи:
1. Да се грижи за чистотата и одржувањето на џамијата, и да соработува со вработените и џематот во таа работа; бидејќи Аллах ги фали оние кои ги одржуваат Неговите џамии, велејќи: „Аллаховите џамии ги одржуваат тие кои во Аллах и во оној свет веруваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои од никого, освен од Аллах, не се плашат; тие се, со надеж, на Вистинскиот пат.“ (Ет Тевбе, 18) Без разлика дали под одржување се мисли на градење, реновирање и чистење на џамијата, или на воспоставување на намазот и спомнување (зикр) на Возвишениот Аллах во неа – и едното и другото спаѓа во значењето на одржување на џамиите. ([49]) ()Види: Фетхул Бари од Ибн Хаџер: 1/541.
2. Да го научи исправното верување, да ги совлада прописите поврзани со езанот, чистотата и намазот, да научи напамет значаен дел од Аллаховата Книга, и да биде подготвен да го замени имамот во случај на негово отсуство.
3. Да наредува на доброто и да одвраќа од злото, да повикува кон Аллах со мудрост и убав совет, да биде внимателен и благ со луѓето, да биде трпелив на нивните навреди, и да соработува со имамот на џамијата во тоа.
4. Да се погрижи џамијата да остане посветена на знаењето, ибадетот и сè што е од корист за верниците, и да се отстрани сè што може да им наштети, било во нивната вера или поврзано со овоземните потреби.
5. Да се зближи и да соработува со џематот и посетителите на џамијата – да се распрашува за нив кога отсуствуваат, да ги посетува кога се болни, да ги следи и клања нивните џенази, и да им биде поддршка во моменти на тешкотија и несреќа.
Второ поглавје: Прописи за имамството
Прва точка: Дефиниција на имамството
Имамството во намаз претставува поставување на еден од клањачите пред редот, за да ги предводи на другите во извршувањето на намазот. Имам е оној зад кого луѓето клањаат – односно тој што го предводи намазот, а останатите ги следат неговите движења. ([50]) Види: Хашијету Реудул Мурби’: 2/296, и Ел-Имамету фи ес-салати од Кахтани, стр. 6.
Втора точка: Пропишаноста на имамството и неговата вредност
Предводењето на намазот претставува едно од највредните дела кои ги извршуваат најдобрите луѓе – оние што се истакнуваат со доблести како знаење, исправно рецитирање на Куранот и праведност, како што ќе се појасни подоцна. Намазот во џемат не може да се замисли без него, а намазот во џемат е едно од најзначајнит обележја на исламот. ([51]) ()Види: Ел-Меусуату ел-фикхије ел-Кувејтије, 6/201.
Некои од вредностите на имамството:
1. Вредноста на имамството е добро позната, бидејќи самата улога ја извршувал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како и неговите праведни халифи по него. Сè до денес, имамството го преземаат најдобрите муслимани – оние што се истакнуваат по своето знаење и добри дела. ([52]) ()Види: Ел-Имамету фи ес-салати од Кахтани: стр. 9.
2. Имамството во намаз е шеријатска должност со голема вредност, које им се доверува на луѓе со посебни доблести. За тоа сведочат зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Нека ги предводи луѓето оној што најмногу знае од Аллаховата Книга…“ ([53]) Познато е дека тој што најмногу знае од Куранот е највредниот меѓу нив, а поврзувањето на имамството со него укажува на вредноста на оваа улога. ([54]) Го бележи Муслим, бр. 673 а преданието е на Ебу Месуд ел-Енсари, радијаллаху анху. Види: Еш-Шерх ел-Мумти’ ала Задул Мустакни’, 2/41.
3. Довата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во која бара упатство за имамите. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Имамот е гарант, а муезинот е довереник. Аллаху мој, упати ги имамите и прости им на муезините.“ ([55]) ()Хадисот го бележат Ебу Давуд, бр. 517, и Тирмизи, бр. 207.
Значењето на зборовите: ,,Имамот е гарант" е: тој ја носи одговорноста за исправноста на намазот на клањачите зад него, бидејќи нивниот намаз е поврзан со неговиот. А зборовите: „Аллаху мој, упати ги имамите“ значат: упати ги на исправниот пат, за да го извршуваат намазот на најпотполн начин. ([56]) Види: Шерх Ебу Давуд од Ел-Ајни, 2/468 и Фејдул Кадир на Ел-Мунави, 3/182.
Трета точка: Кој е најдостоен да биде имам
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, појаснил кој има најголемо право и кој е најдостоен да го предводи намазот, кога рекол: „Имам на народот нека биде оној кој најмногу знае од Аллаховата Книга. Ако се еднакви во знаењето на Аллаховата Книга, тогаш нека ги предводи оној кој подобро го познава Сунетот. Ако се еднакви во познавањето на Сунетот, тогаш оној кој порано направил хиџра. Ако се еднакви во хиџрата, тогаш оној кој порано примил ислам – според друго предание: Оној кој е повозрасен. И нека не предводи човек друг човек во неговиот дом, ниту во место што е под негова власт.“ ([57]) Најдостојни и со најголемо право за имамство се: ()Го бележи Муслим, бр. 673.
1. Оној кој најмногу знае напамет од Куранот, кој најисправно го рецитира, го чита на најпотполн начин и добро ги познава прописите на намазот. Ако се соберат двајца – едниот со поголемо знаење од Куранот, а другиот со помало знаење, но подлабоко познавање на фикхот – предност се дава на оној кој подобро го познава фикхот, бидејќи потребата од правилното разбирање на прописите на намазот е поголема од самото меморирање и убавината на рецитацијата.
2. Потоа следи оној кој подобро го познава Сунетот. Ако двајца имами се еднакви во рецитацијата на Куранот, но едниот од нив е поупатен во Сунетот, предност му се дава нему, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Ако се еднакви во знаењето на Аллаховата Книга, тогаш нека предводи оној кој подобро го познава Сунетот.“
3. Потоа следи оној кој порано направил хиџра од земја на неверството во земја на исламот – доколку се еднакви во рецитацијата и познавањето на Сунетот, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Ако се еднакви во познавањето на сунетот, тогаш оној кој порано направил хиџра.“
4. Потоа следи оној кој порано примил ислам, ако се еднакви во хиџрата, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во претходниот хадис: „Ако се еднакви во хиџрата, тогаш оној кој порано примил ислам.“ Станал порано муслиман.
5. Потоа следи повозрасниот, доколку се еднакви во сите претходни работи, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во едно од преданијата на претходниот хадис: „Тогаш оној кој е повозрасен.“ Аргумент е и хадисот на Малик бин Хувејрис, радијаллаху анху, во кој Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нека повика езан некој од вас, и нека ве предводи повозрасниот меѓу вас.“ ([58]) () Го бележат Бухари, бр. 628, и Муслим, бр. 674.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му дал предност на повозрасниот во овој хадис затоа што тие биле приближни по знаење.
Ако се изедначат во сè што претходно беше спомнато и настане несогласување меѓу нив, така што секој сака да биде имам – тогаш се влече ждрепка. Оној што ќе биде извлечен добива предност, бидејќи сите имаат еднакво право на имамство, а не можат да постигнат согласност. Затоа се постапува како и со другите права – односно, преку ждрепка.
Домаќинот има поголемо право да предводи намаз од гостинот, исто како што и владателот – врховниот имам – има предност над другите, доколку и двајцата се достојни за имамство, како што укажуваат зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „И нека не предводи човек друг човек во неговиот дом, ниту во место што е под негова власт.“
Ова важи и за редовниот имам на џамијата – тој има поголемо право да предводи од кој било друг, освен од владателот, дури и ако некој друг подобро рецитира или има повеќе знаење, поради општото значење на спомнатиот хадис.
Ибн Омер, радијаллаху анхума, имал ослободен роб кој бил имам во една џамија. Кога еднаш дошол таму и ослободениот роб сакал да му отстапи, Ибн Омер го поставил напред и му рекол: „Ти имаш најголемо право на имамство во својата џамија.“ ([59]) Ова го бележат: еш-Шафи’иј во Ел-Ум 1/185, Абдурезак во Ел-Мусанеф, 2/399, и Ел-Бејхеки, 3/126, хадис бр. 5531. Невеви во Ел-Хуласа 2/701, рекол: „Неговиот синџир на пренесувачи е хасен или сахих“, а Албани го оценил како хасен во Ирваул Галиил, 2/302.
Исто така, и поставувањето на друг наместо него без основа претставува мешање во неговото право и повреда на неговото достоинство.
Постојат различни мислења меѓу исламските алими по прашање дали е дозволено дете што разликува да ги предводи другите во намаз. Некои алими тоа го дозволуваат, аргументирајќи го тврдењето со хадисот на Амр бин Селеме, радијаллаху анху, во кој спомнува дека тој го предводел својот народ во времето на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога имал шест или седум години. ([60]) () Го бележи Бухари, бр. 4302.
Исто така, дозволено е оној што клања нафила (доброволен намаз) да го предводи на оној што клања фарз, како што е спомнато во хадисот на Муаз бин Џебел, радијаллаху анху, во кој се вели дека во една прилика клањал јација намаз со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа се вратил и го предводел својот народ во истиот намаз. ([61]) () Го бележат Бухари, бр. 701, и Муслим, бр. 465.
Четврта точка: Кому му е забрането да биде имам
Имамството е забрането во следниве случаи:
1. Жената не смее да му биде имам на маж, поради општото значење на зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Нема да успее народ што ѝ доверува водечка положба на жената.“ ([62]) А имамството е вид на водечка одговорност. Покрај тоа, основа во шеријатот е жената да стои во задниот ред, како што е наведено во Сунетот. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобрите редови за мажите се првите, а најлошите последните; додека најдобрите редови за жените се последните, а најлошите првите.“ ([63]) Ова е пропишано со цел заштита и прикривање на жената. Ако би се поставила како имам, тоа би се косело со оваа шеријатска основа. По ова прашање постои едногласно мислење меѓу исламските алими. Имамот Ибн Хазм, рахимехуллах, вели: „Исламските алими се сложни дека жената не смее да предводи мажи ако тие знаат дека таа е жена. Ако тоа го сторат, тогаш нивниот намаз е неважечки според консензусот.“ ([64]) ()Го бележи Бухари, бр. 4425 од хадисот на Ебу Бекре, радијаллаху анху. ()Муслим, бр. 440. ()Мератибул Иџма, стр. 27.
2. Имамството на оној што е без абдест или на телото има нечистотија, а знае за тоа. Меѓутоа, ако џематот не го знае тоа сè до завршувањето на намазот, нивниот намаз е исправен, како што е пренесено од Омер бин ел-Хатаб, радијаллаху анху, дека една прилика ги предводел луѓето додека бил џунуб (состојба по интимен однос или ејакулација) па го повторил намазот, но не им наредил да го повторат и другите. ([65]) ()Го бележи Дарекутни во неговиот Сунен бр. 1371.
Абдурахман бин Мехди, рахимехуллах, рекол: „По ова прашање постои консензус – џунубот го повторува намазот, а тие не го повторуваат. Не знам дека некој има спротивно мислење на ова.“ ([66]) ()Сунен на Дарекутни, 2/188.
3. Имамството на оној што не ја знае напамет сурата Ел-Фатиха, или не ја рецитира правилно, или врши недозволено спојување на буквите – како на пример кога ја спојува буквата „ха“ со „ра“ во зборовите на Возвишениот: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.“ (Ел Фатиха, 2) – бидејќи на тој начин спојува букви кои не се ни слични ниту блиски по изговор. Ист е прописот и доколку заменува една буква со друга – како што е замената на буквата „ра“ со „ја“, или прави грешка што го менува значењето –во тој случај неговото имамство е неисправно, освен ако предводи некој што е сличен нему. Причината за тоа е неговата неспособност да го изврши, или поништувањето на еден од рукновите на намазот.
4. Имамството на новотар кој поради неговата новотарија се смета за неверник, поради зборовите на Возвишениот: „Зарем на верникот да му биде исто како на непослушниот? Не, тие не се еднакви.” (Ес Сеџда, 18) Непослушниот (фасикот) во овој контекст е неверникот, како што е јасно од контекстот на ајетите.
5. Забрането е да се предводи намаз во џамија каде што има назначен имам, и не е дозволено некој друг да го предводи намазот пред него, освен со негова дозвола или доколку доцни, а времето за намазот е при крај. ([67]) Види: Ел-Есиле вел-еџвибе ел-фикхије лис-Селман, 1/163.
Петта точка: Кој е непожелно да биде имам
Непожелно е да биде имам секој од следниве:
1. Леххан – оној кој често прави грешки при рецитирањето што не го менува значењето, било да е тоа во сурата Ел-Фатиха или во некоја друга сура. На пример, ако каже: „елхамде лиллах“ со „д” вокализирано со фетха неговиот намаз е валиден, но неговото имамство е непожелно, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Имам на народот нека биде оној кој најмногу знае од Аллаховата Книга.” ([68]) () Претходно наведено.
Ако грешката го менува значењето, но се случи во некоја друга сура покрај Ел-Фатиха – било од незнаење, невнимание или поради говорна мана – намазот останува валиден, но неговото имамство се смета за непожелно. Бидејќи, дури и ако целосно ја изостави рецитацијата на сурата што следи по Ел-Фатиха, намазот сепак би бил исправен – па така и грешката во неа не го поништува. Но, ако намерно прави таква грешка што го менува значењето, тогаш и намазот е неисправен, бидејќи тоа се смета за потсмев со намазот.
2. Оној што повторува одредени букви – како „фа“, „та“ и слично – со намера да го зголеми бројот на букви во рецитирањето.
3. Фасикот (грешникот) и новаторот кој поради неговата новотарија не се смета за неверник. ([69]) Види: Кешаф ел-Кина, од 1/475 и она што следува.
4. Оној што предводи намаз, а поголемиот дел од народот со право го презира. Ебу Умаме, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Има тројца чии намази не ги надминуваат нивните уши: роб кој избегал додека не се врати, жена која ја поминала ноќта додека нејзиниот сопруг е лут на неа, и имам кого неговиот народ не го сака.” ([70]) Го бележи Тирмизи, бр. 360, и рече: „Хадисот е хасен-гариб.“
Имамот Тирмизи вели: „Некои од учените сметаат дека е непожелно (мекрух) човек да предводи народ кој го мрази, но ако имамот не е неправеден (односно ако го мразат бесправно), тогаш гревот е на оние што го мразат. Ахмед и Исхак велат за ова: ако го мрази еден, двајца или тројца, нема пречка да предводи, сè додека поголемиот дел од народот не го мрази.“ ([71]) () Сунен на Тирмизи: 2/ 192.
Ако пак го мразат затоа што се придржува до сунетот во намазот – рецитирајќи ги препорачаните сури и клањајќи со смиреност – неговото имамство не се смета за непожелно; бидејќи го мразат бесправно, па нивната омраза не се зема предвид. Треба да ги советува, потсетува и придобие; и да биде нивен имам согласно сунетот. Ако Аллах ја оцени неговата намера како искрена и со цел да ги придобие нивните срца, ќе му го олесни тоа. ([72]) Шерх Ел-Мумти' ала Зад Ел-Мустeкни', 4/253.
Шеста точка: Положбата на имамот во однос на муктедиите
Сунет е имамот да застане пред муктедиите, а тие да се постројат зад него доколку се двајца или повеќе. Кога Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе станел за намаз, тој застанувал напред, а неговите асхаби зад него. Ова го потврдува хадисот во кој се вели дека Џабир и Џебар, радијаллаху анхума, застанаа – едниот од десната, а другиот од левата страна на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој клањаше, па ги фати за рацете и ги постави зад себе. ([73]) Хадисот го бележи Муслим, бр. 3010 во рамките на долг хадис кој го пренесува Џабир, радијаллаху анху.
Кога со имамот клања само еден човек, тој треба да застане од неговата десна страна, на иста линија со него, поради зборовите на Ибн Абас, радијаллаху анхума: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, стана да клања, па застанав од неговата лева страна. Тој ме фати за увото и ме премести на неговата десна страна.“ ([74]) ()Го бележат Бухари бр. 6316 и Муслим бр. 763.
Жените, пак, треба да стојат зад редовите на мажите, како што е пренесено во хадисот на Енес, радијаллаху анху: „Јас и сирачето застанавме зад Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а старицата застана зад нас.“ ([75]) () Го бележи Бухари, бр. 380, и Муслим, бр. 658.
Имамот треба да стои насреде, пред средината на првиот ред. Бин Баз, рахимехуллах, рекол: „Сунет е позицијата на имамот да биде на среднината на џамијата и тоа е практичниот сунет до кој муслиманите отсекогаш се придржуваат.“ ([76]) Шејх Сеид ел-Кахтани, рахимехуллах, го спомнал во неговатакнигата „Ел-Имамету фи ес-салати“, стр. 55.
Тој исто така рекол: „Редот започнува од средината, веднаш зад имамот, а десната страна на секој ред е подобра од левата. Исто така, задолжително е да не се започнува нов ред сè додека не се пополни претходниот.“
Седма точка: Претекнување на имамот во движењата
Муктедијата (оној што клања зад имам) е должен да ги извршува движењата во намазот по имамот и да го следи во неговите постапки. Од правилата на следењето е муктедијата да не го претекнува имамот, ниту да се изедначува со него, туку да ги извршува движењата откако ќе ги направи имамот. Тоа значи дека не смее да се разликува од него во ниту една состојба, како што кажува хадисот на Ебу Хурејре, радијаллаху анху, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Имамот е поставен за да се следи, затоа немојте да му се спротивставувате. Кога ќе оди на руку, одете и вие на руку. Кога ќе рече: ,Семи Аллаху лимен хамидех’, речете: ,Раббена лекел хамд’. Кога ќе оди на сеџда, одете и вие на сеџда. Ако клања седејќи, клањајте сите седејќи. Исправете ги редовите во намазот, бидејќи исправувањето на редовите е од убавината на намазот.“ ([77]) ()Хадисот го бележат Бухари, бр. 722, и Муслим, бр. 417.
Забрането е да се претекнува имамот во сите рукнови на намазот. Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека еден ден Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, клањаше со нас, и кога го заврши намазот, се сврте кон нас и рече: „О луѓе! Јас сум вашиот имам, па не ме претекнувајте ниту при руку, ниту при сеџда, ниту при станување, ниту при завршување на намазот; навистина ве гледам и пред мене и зад мене.“ ([78]). Ебу Хурејре, радијаллаху анху, на друго место пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Зарем не се плаши некој од вас, ако ја подигне главата пред имамот, дека Аллах нема да му ја претвори во глава на магаре, или дека ќе му го претвори лицето во лик на магаре?“ ([79]) () Муслим, бр. 426. () Го бележат Бухари бр. 691 и Муслим бр. 427.
Кој ќе го изговори почетниот текбир пред имамот, неговиот намаз не е валиден, бидејќи услов за неговата исправност е почетниот текбир да се изговори по имамот, а тој го пропуштил тој услов.
Осма точка: Други прописи поврзани со имамството и џематот
Во прописите поврзани со имамството и џематот, а кои не беа спомнати претходно, се вбројува и следново:
1. Препорачливо е да им се даде предност на разумните, угледните и возрасните луѓе да стојат во првите редови, блиску до имамот, поради зборовите на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Нека ми се приближат оние од вас кои се разумни и зрели, потоа оние што следуваат по нив, па оние што следуваат по нив.“ ([80]) () Хадисот го бележи Муслим, бр. 432 од хадисот на Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху.
2. Грижата за првиот ред Препорачливо е клањачите да настојуваат да клањаат во првиот ред и да се грижат за него, а истовремено да се пазат од заостанување и занемарување на оваа вредност. Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога забележал дека некои од неговите асхаби седат во последните редови, им рекол:
„Дојдете напред и клањајте зад мене, па нека клањаат зад вас тие што ќе дојдат по вас. Луѓето ќе продолжат да заостануваат во редовите, сè додека Аллах не ги оддалечи.“ ([81]) Исто така, Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога луѓето би знаеле каква награда има во езанот и првиот ред, и не би имале друг начин освен да одредат со фрлање ждрепка, навистина би извлекувале ждрепка.“ ([82]) Значењето на зборовите „би фрлале ждрепка“ е: би извлекувале меѓу себе за да одредат кој ќе застане во првиот ред. ()Муслим, бр 438. ()Го бележат Бухари, бр. 615, и Муслим, бр. 437
Што се однесува пак до жените, за нив е препорачливо да стојат во задните редови. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобрите редови за мажите се првите, а најлошите последните; додека најдобрите редови за жените се последните, а најлошите првите.“ ([83]) Ова се однесува на случајот кога жените стојат зад мажите без преграда меѓу нив. Но, доколку клањаат во посебен простор, одвоени од мажите, тогаш и тие пополнуваат од првиот ред, па следниот. ([84]) () Муслим, бр 440. ()Види: Меџму’ Фетава на Ибн Баз, 12/196.
3. Имамот не треба да брза при рецитирањето на сурата Ел-Фатиха, туку треба да ја чита смирено, за да може и муктедијата да стигне да ја прочита. ([85]) Види: ел-Минзар фи бејан кесир мин ел-ехтаа аш-шаиʿа, Салих Алу Шејх, стр. 53.
4. Намазот не е валиден доколку човекот клања сам зад редот. Вабиса бин Мабд, радијаллаху анху, пренесува дека некој човек клањал сам зад редот, па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му наредил да го повтори намазот. ([86]) () Го бележи Тирмизи бр. 230 од хадисот на Вабиса и го оценил како хасен - добар.
Деветта точка: Сунети кои треба да ги спроведува имамот
Имамот треба да се придржува до сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога ги предводува другите во намазот. Меѓу тие сунети ќе ги спомнеме:
1. Да го олесни намазот и да води сметка за потребите на луѓето. Тоа значи дека имамот треба да клања смирено, без да брза во намазот до степен што муктедиите нема да можат правилно да ги извршат рукновите и ваџибите. Исто така, треба да рецитира полека, така што клањачите зад него ќе можат целосно да го завршат својот намаз. Ебу Месуд ел-Енсари пренесува дека некој човек рекол: „Се колнам во Аллах, о Аллахов пратенику, понекогаш намерно доцнам на сабахскиот намаз поради тој и тој човек, бидејќи многу го оддолжува намазот.“ Ебу Месуд раскажува: „Не сум го видел Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, толку разгневен, додека им се обраќаше на луѓето, како што беше тој ден.“ Потоа рече: „Навистина некои од вас ги одвраќаат луѓето! Кога некој од вас ги предводи луѓето, нека скрати, бидејќи меѓу нив има слаби, стари и луѓе со потреба.“ ([87]) () Бухари, бр. 90.
2. Пред започнување со намазот, да нареди израмнување на редовите и пополнување на празнините, како што постапувал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога им го наредувал тоа на клањачите. Нуман бин Бешир, радијаллаху анху, раскажува: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни ги израмнуваше редовите толку прецизно, што изгледаше како да ги израмнува со стрела. Откако забележа дека сме го разбрале тоа, еден ден излезе и застана за да го започне намазот. Кога беше на прагот да го изговори почетниот текбир, виде човек чиј граден кош беше истакнат пред линијата на редот. Тогаш рече: ,О, Аллахови робови, израмнете ги вашите редови, или Аллах ќе ги разедини вашите срца.’” ([88]) ()Го бележат Бухари, бр. 717, и Муслим, бр. 436, а верзијата е на Муслим.
Имамот Невеви, рахимехуллах, рекол: „Зборот кидах (стрела) – со кесра на буквата каф – се однесува на дрвените делови од стрелите при нивното обликување и обработка. Значењето на хадисот е дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, посветувал големо внимание на израмнувањето, сè додека редовите не станеле толку прави, што изгледало како да се порамнети со стрела, поради нивната прецизност и рамномерност.“ [89] () Шерх Сахих Муслим од Невеви: 4/157.
3. Да им нареди најпрвин да го пополнат првиот ред, потоа следните, а доколку има недостаток, тој да остане во задниот ред, поради зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Зарем нема да се редите како што се редат мелеците пред својот Господар?“ Прашавме: „О, Божји пратенику, а како се редат мелеците пред својот Господар?“ Тој одговори: „Ги пополнуваат следствено првите редови и се збиваат во редот.“ ([90]) () Го бележат Муслим, бр. 430, од хадисот на Џабир бин Семура, радијаллаху анху.
4. Да го следи примерот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во неговото рецитирање за време на намазот. Најчесто, на сабахскиот намаз рецитирал од долгите сури познати како „тивал муфесал“, на акшамскиот – од сурите „кисар муфесал“, а на јацискиот, пладневниот и икиндискиот намаз од „евсат муфесал“. Сулејман бин Јесар пренесува, од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека рекол: „Не клањав зад никого чиј намаз посличен на намазот на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, од тој човек.“ Сулејман вели: „Ги оддолжуваше првите два реката од пладневниот намаз, а последните два ги кратеше. И го кратеше икиндискиот намаз, додека на акшамскиот намаз рецитираше од кисар муфесал, на јацискиот – од евсат муфесал, а на сабахскиот – од тивал муфесал.“ ([91]) () Го бележи Несаи, бр. 982, Хафиз Ибн Хаџер во Булугул Мерам бр. 286 вели дека синџирот на пренесувачи е автентичен-сахих.
Сурите „тивал муфесал“ се од сурата Ел-Хуџурат до Ел-Буруџ, „евсат муфесал“ од Ел-Буруџ до Ел-Бејјине, а „кисар муфесал“ од Ел-Бејјине до крајот на Куранот. ([92]) Види: Миркат ел-Мефатих, 2/700
Десетта точка: Квалитети кои треба да ги поседува имамот
Имамот е столб и основа на џамијата. Преку него, џамијата ја остварува својата мисија во ширењето на исламскиот повик, во подигањето на свеста кај заедницата и во просветлувањето на луѓето за прашањата на нивната вера. Кога имамот е учен, разумен, проницлив и запознаен со обичаите и состојбата на луѓето, неговото влијание врз џематот и населбата каде што се наоѓа џамијата е позитивно и корисно – ги подучува, ги насочува и ги води кон секое добро и доблест.
Такви биле имамите кои ги исполнувале условите за имамство. Во почетокот на исламот, имам бил Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, потоа неговите халифи, па предводниците, учените и истакнатите личности. Ова укажува дека оној што ја презема оваа функција треба да биде на високо ниво во верата, моралот, знаењето и однесувањето.
Тука јасно се гледа важноста на оваа функција во животот на луѓето, бидејќи силата на имамот се одразува врз неговата заедница, а неговата слабост остава видливи последици. Џамијата е местото што го учи општеството да ги поврзува зборовите со делата. Ако имамот е слаб во знаење, разборитост или има лош карактер и однесување, тој повеќе ќе наштети отколку што ќе користи. А кога задачата на имамот е да ги насочува верниците кон доброто, праведноста и исправноста, тогаш е тешко неукиот имам да може да ја исполни оваа возвишена мисија.
Од друга страна, имамот може да ги поседува потребните услови за оваа улога – во поглед на знаењето и личната способност – но да биде зафатен со други обврски што влијаат на квалитетот на неговото имамство. Па така, доаѓа доцна на времето за намаз и нема доволно време за повторување сурите или ајетите што ги рецитира во намазот, па го гледаме како предводи со одредени сури или ајети кои секогаш ги повторува.
Имамот исто така, може да го надвладее страста, незнаењето, склоноста кон расправии или неприфатливиот фанатизам, па да отстапи од објективноста, воспитното насочување и повикувањето со мудрост и убав совет.
Џамијата има големо влијание во оваа вера, бидејќи таа е светилник на упатството – место каде што тој што му е покорен на Аллах се поврзува со својот Господар, го зајакнува неговиот иман и се сретнува со своите браќа со цел да се потпомагаат во ширењето на доблеста и да се борат против гревовите. Но, џамијата нема да може да ја исполни оваа улога сè додека Аллах не ѝ подари имам кој ги поседува потребните научни и морални квалитети што му доликуваат на секој што ја презема оваа возвишена должност и ги извршува нејзините благородни задачи.
Најважните квалитети кои треба да ги поседува имамот:
1. Да го извршува делото искрено заради Аллах, за да биде потпомогнат, успешен, прифатен и сакан кај Аллах и кај луѓето.
2. Да се чува од лицемерие и самопромоција, бидејќи секоја работа се вреднува според нејзината цел, а секое дело според намерата, и на секого му припаѓа она што го намерил. Оној што се украсува со нешто што не го поседува, Аллах ќе го понижи.
3. Да ја знае Аллаховата Книга напамет, или барем дел од неа, редовно да го повторува наученото и да има дневен вирд (дневна програма) за читање на Куранот.
4. Да научи значителен број хадиси, на пример од Ријадус-салихин, четириесетте хадиси на имамот Невеви, Булугул Мерам, или од други признати хадиски книги.
5. Да ја научи исправната акида (верување) – акидата на праведните претходници (селефу салих).
6. Да го изучува фикхот на верските прописи, особено фикхот на ибадетите, а најважно од тоа се прашањата поврзани со чистотата, намазот, зекатот и постот. Исто така, да го познава фикхот на меѓучовечките односи, за да ги знае правилата на заработката и трошењето, и да ги предупредува луѓето од измама, прикривање на мааните и неправедно присвојување на туѓ имот. Да ги опоменува од расипништво, неконтролирано трошење и скржавост – сè со цел нивното трошење да биде во согласност на Куранот и Сунетот.
7. Да го познава арапскиот јазик, за да ги разбира значењата на објавата што Аллах му ја објавил на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи Куранот е објавен на арапскиот јазик.
8. Да го чита животописот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, неговите одлики (шемаил), како и животописите на праведните претходници, бидејќи во нив има најдобар пример, корисно знаење и богато исламско морално и животно воспитување.
9. Да ги познава верските авторитети од својата земја и другите истакнати алими, познати по исправната акида, знаење и разборитост, да се обраќа кај нив за верските прашања и при решавање на проблемите во своето општество.
10. Да има познавање за исламските секти и нивните верувања, за идеолошките правци и нивните цели, како и за деструктивните учења и нивните намери, за да може да ги дискутира во светлината на Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и низ призма на делата на признатите исламски алими – со цел да ја побие нивната лажност и да предупреди на нивните заблуди.
11. Да биде запознаен со различните социјални мрежи, да ги знае нивните предности и недостатоци, и како да ги користи во повикувањето кон Аллах, како и да се заштити од опасностите што можат да му наштетат нему и на неговота заедница.
Кога овие квалитети се присутни кај имамот, тоа со Аллахова дозвола води кон постојаност и рамнотежа.
Најважните морални квалитети:
1. Имамот на џамијата треба да биде повикувач кон вистината и учител за својот џемат, како и за сите посетители на џамијата – било од истата населба или од други места. Затоа, треба да го зема за пример Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој е најдобриот и најсовршениот пример за уметот и неговите предводници. Возвишениот Аллах вели: „Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.“ (Ел Ахзаб, 21)
Исто така, треба да се воздржува и себеси и присутните во џамијата од разговори за беспотребни овоземни теми и политика, и да се грижи џамијата да остане место посветено исклучиво на знаењето и ибадетот.
2. Да биде чист и уреден, и да се грижи за хигиената на џамијата, за редот и распоредот на нејзините предмети, како и за одржувањето на нејзините простории и опрема – без претерување и расипништво – и да се воздржува од претерано украсување на џамијата.
3. Да има пристојно однесување и изглед, следејќи го Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – со пуштање на брадата, кратење на мустаќите и избегнување на носење облека под глуждовите – и да зрачи со достоинство и смиреност, следејќи ги стапките на праведните претходници.
4. Да биде благ, трпелив и милостив кон другите, бидејќи благоста, каде и да се појави – разубавува, а кога ќе ја снема – нагрдува, како што е пренесено во хадисот од Аиша, радијаллаху анха, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Благоста кога ќе се појави во нешто – го разубавува, а кога ќе се отстрани од нешто – го нагрдува.“ ([93]) () Муслим бр. 2594.
Ако некој од посетителите на џамијата направи некаква грешка, имамот не треба да брза да го укори, туку треба да го посоветува со благост и да го поучи на убав начин. Муавија бин Хакем ес-Сулеми, радијаллаху анху, рекол: „Додека клањав со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еден човек во џематот кивна, па реков: Аллах да ти се смилува. Тогаш луѓето ме погледнаа остро, па реков: Што ви е, зошто ме гледате така? – и почнаа да удираат со рацете по своите бутови. Кога разбрав дека сакаат да ме замолчат, замолчив. Откако заврши со намазот – се колнам во Аллах, не видов ниту пред него ниту по него подобар учител од него – не ме прекори, ниту ме навреди, ниту ме удри, туку само рече: ‘Овој намаз не е за говор на луѓето, туку во него се слави и величи Аллах и се рецитира Куранот.’“ ([94]) ()Муслим, бр. 537.
5. Да биде благ и срдечен, за да ги приближи луѓето кон себе и тие да можат да се окористат од неговата љубезност, поддршка и знаење. Треба да им биде потпора во нивните неволји и потреби, и да се советува со нив околу прашањата што се однесуваат на функцијата на џамијата.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на највисокото ниво во сите овие доблести, како што Возвишениот Аллах вели за него: „Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина. Затоа простувај им и моли да им биде простено, и договарај се со нив! А кога ќе одлучиш, потпри се на Аллах, бидејќи Аллах навистина ги сака тие кои имаат доверба во Него.“ (Али Имран, 159)
6. Да се одликува со трпеливост, убеденост и искреност во она што го проповеда, за да ја заслужи честа да биде имам во својата џамија и меѓу својот џемат. Бидејќи трпеливоста и убеденоста го издигнуваат човекот до степенот на имамство во верата, како што вели Возвишениот Аллах: „Помеѓу нив Ние водачи одредувавме, и тие, одѕивајќи се на Нашата заповед, на Вистинскиот пат упатуваа, бидејќи стрпливи беа и во доказите Наши цврсто веруваа.“ (Ес Сеџда, 24)
7. Треба да биде искрен во она што го говори – било за време на петочната хутба, верско предавање и советување, или во секојдневните разговори со луѓето – за да биде меѓу искрените, упатените и успешните, како што е пренесено од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол: „Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах меѓу искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“ ([95]) ()Го бележат Бухари, бр. 6094, и Муслим, бр. 2607, од хадисот на Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху.
Лагата е зло и несреќа, а најтешката форма на лага е лажењето за Аллах, односно зборувањето за Него без знаење. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: 'Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!'“ (Ел Араф, 33)
Овој благороден ајет ги опфаќа најтешките гревови, наведувајќи ги по ред – од полесните кон потешките – сè до најопасниот од нив, а тоа е зборувањето за Аллах без знаење, во однос на Неговите имиња, својства и верозакон.
Такво е и, лажењето во врска со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Таквата лага се смета за една од најопасните лаги и најтешките гревови. Таа е една од големите гревови за кои е најавена закана со Оганот. Мугире бин Шубе, радијаллаху анху, пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина лагата за мене не е како лагата за некој друг. Кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви местото во Огнот.“ ([96]) () Го бележат Бухари, бр. 1291, и Муслим, бр. 4
Треба да ја избегнува лагата дури и кога е со добра намера – како за поттикнување кон доброто или одвраќање од злото – како што понекогаш прават некои проповедници. Ваквото лажење е одвратно и не содржи никакво добро ниту упатство. Оној што го практикува тоа ќе биде казнет а не награден, грешен е а не добитник.
8. Треба да биде доверлив при пренесување на говорот, внимателно да ја проверува точноста на информациите, да не прибегнува кон прифаќање на непроверени гласини, и да се потпира само на сигурни извори. Возвишениот Аллах го наредил тоа во Неговите зборови: „О, верници, ако ви дојде грешник со вест, проверете ја, за да не погодите некој народ од незнаење, па да се каете за она што сте го направиле.“ (Ел Хуџурат, 6)
9. Треба да се труди да ги прикрива грешките на луѓето и да ги чува нивните тајни. Оној што ќе го прикрие муслиманот – Аллах ќе го прикрие него и на дуњалукот и на Ахиретот. А оној што ќе истражува и открива туѓи скриени недостатоци – Аллах ќе ги открие неговите, сè додека не го посрами, дури и во внатрешноста на неговиот дом. Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го прикрие муслиманот, Аллах ќе го прикрие него на Судниот ден.“ ([97]) Ебу Берзе ел-Еслеми, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О вие што верувате со јазикот, а иманот сè уште не влегол во вашите срца – не озборувајте ги муслиманите и не истражувајте ги нивните скриени гревови! Кој ќе ги разоткрива нивните скриени гревови – Аллах ќе го разоткрие него, а кого Аллах ќе го разоткрие – ќе го посрами, па дури и во внатрешноста на неговиот дом.“ ([98]) () Го бележат Бухари, бр. 2442, и Муслим, бр. 2580. Ебу Давуд бр. 4880, и за овие компоненти види ја книгата: ,Имамул Месџид: Мукавиматуху Ел-Илмијје вел-Хулукијје' од шејх Сауд бин Мухаммед Ел-Бишр.
Трето поглавје: Намазот џума и неговата хутба
Прва точка: Петочниот џума намаз
Прво прашање: Што подразбира џума намазот и кое е неговото време
Прво: Концептот на џума намазот
Во арапскиот јазик, зборот „џума“ го означува петокот – денот од седмицата во кој се клања посебен намаз познат како џума намаз. ([99]) () Види: Му'џему лугатил фукаха од Мухамед Равас Кал‘аџи и други: стр. 166.
Аллах го упатил овој уммет кон вредноста на петокот и тоа е голема благодат. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ние сме последниот умет, но на Судниот ден ќе бидеме први. Книгата им беше објавена на народите пред нас, а нам подоцна. Овој ден (петокот) им беше пропишан ним, но тие се разединија околу него, па Аллах нè упати нас кон него. Затоа нè следат во однос на него: Евреите – утре (сабота), а христијаните – задутре (недела).“ ([100]) () Го бележат Бухари, бр. 876, и Муслим, бр. 855.
Исто така, петокот е најдобриот ден во кој изгреало сонцето. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобриот ден во кој изгреало сонцето е петокот. Во него е создаден Адем, во него е внесен во Џенетот и во него е изведен од него.“ ([101]) () Муслим, бр 854.
Од џума до џума се бришат гревовите направени меѓу нив, како што е наведено во хадисот на Ебу Хурејре, радијаллаху анху, каде што пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Петте дневни намази, од џума до џума и од рамазан до рамазан, ги бришат гревовите што се направени меѓу нив, доколку се избегнуваат големите гревови.” ([102]) ()Муслим, бр. 233.
Џума намазот е самостоен и посебен намаз кој се разликува од пладневниот намаз во бројот на рекати, рецитирањето на глас, хутбата и специфичните услови што се бараат за неговата исправност. Неговата сличност со пладневниот намаз е во тоа што се совпаѓаат по времето на клањање.
Второ: Времето на џума намазот
Времето на џума намазот е исто како времето на пладневниот намаз – почнува од моментот кога сонцето ќе ја премине средината на небото (зенитот), па сè додека сенката на предметот не стане колку неговата должина, по одземањето на сенката што постои во моментот на зенитот, поради хадисот на Енес бин Малик, радијаллаху анху, во кој се вели дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го клањал џума намазот кога сонцето ќе се наклони. ([103]) Тоа значи – кога ќе се наклони кон запад и ќе се помести од средината на небото, што е токму времето на пладневниот намаз. () Го бележи Бухари, бр. 904
Второ прашање: Прописот на џума намазот и за кого е задолжителен
Прво: Прописот на џума намазот
Џума намазот е поединечна обврска (фарз ајн) за мажите, поради зборовите на Возвишениот Аллах: „О, верници, кога во петок на намаз ќе се повика, побрзајте кон спомнувањето на Аллах, и купопродажбата оставете ја, тоа ви е подобро, да знаете!“ (Ел Џума, 9) Абдулах бин Омер и Ебу Хурејре, радијаллаху анхума, пренесуваат дека го слушнале Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како, на неговиот минбер, вели: „Некои луѓе, или ќе престанат да ги пропуштаат џумите, или Аллах ќе им ги запечати срцата, па ќе бидат од немарните.“ ([104]) ()Муслим, бр. 865.
Муслиманите се едногласни околу задолжителноста на џума намазот. Ибн ел-Мунзир, рахимехуллах, рекол: ,,Согласни се дека џума намазот е задолжителен за слободните, полнолетните и оние што не се патници, а немаат оправдување.”([105]) () Ел Иџма, стр. 40.
Второ: За кого е задолжителен
Џума намазот е задолжителен за секој муслиман, маж, слободен, полнолетен, разумен, способен да присуствува и не е патник. Не е задолжителен за: роб, жена, дете, лице со ментално нарушување, болен и патник. Ова го потврдува преданието на Тарик бин Шихаб, радијаллаху анху, во кое се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Џума намазот е задолжителен за секој муслиман во џемат, освен за четворица: роб, жена, дете и болен.“ ([106]) () Ебу Давуд: бр. 1067.
Што се однесува до патникот, тој не е должен да го клања џума намазот, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не ја клањал џумата за време на неговите патувања. Денот на Арафат за време на неговиот хаџ се совпаднал со петок, но и покрај тоа, тој го клањал само пладневниот намаз и го споил со икиндискиот.
Ибн ел-Мунзир, рахимехуллах, пренесува консензус по ова прашање, велејќи: „Согласни се дека џума намазот не е задолжителен за децата и жените... и согласни се дека џума намазот е задолжителен за слободните, полнолетните и оние што не се патници, а немаат оправдување.” ([107]) () Ел- Иџма, стр. 40.
А доколку на џума намазот присуствува роб, жена, дете, болен или патник, нивниот намаз е валиден и им се смета наместо пладневниот намаз.
Исто така, џума намазот не е задолжителен за бедуините кои постојано се селат во потрага по пасишта и вода, бидејќи жителите на пустината во времето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, живееле околу Медина, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не им наредувал да клањаат џума. Имамот Ахмед рекол: „Џума намазот не е задолжителен за бедуините, бидејќи тие се преселуваат. Причината поради која обврската паѓа од нив е нивното постојано преселување. Секој што е населен и не се преселува по сопствен избор се смета за жител на населено место.“ ([108]) Меџму’ул Фетава, 24/166.
Џума намазот се воспоставува со тројца луѓе: еден што ја држи хутбата и двајца што ја слушаат, поради зборовите на Возвишениот: „...побрзајте кон спомнувањето на Аллах.” (Ел Џума, 9) Овој израз е во множина, а најмалиот број што означува множина во арапскиот јазик е тројца.
Трето прашање: Како се клања џума намазот
Џума намазот се состои од два реката, при што се рецитира на глас, бидејќи така постапувал Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, и со тоа се согласни сите исламски алими. Ибн Хазм, рахимехуллах, рекол: „Согласни се дека џума намазот - кога ќе се исполнат пропишаните услови - се состои од два реката, при што се рецитира на глас.” ([109]) () Мератибул Иџма, стр. 33.
Сунет е на првиот рекат да се рецитира сурата Ел-Фатиха и сурата Ел-Ала, а на вториот рекат сурата Ел-Фатиха и Ел-Гашија. Од Нуман бин Бешир, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на бајрамските и џума намазите ги рецитираше сурите Ел-Ала и Ел-Гашија.” () Муслим, бр. 878.
Исто така, може да се рецитира на првиот рекат Ел-Фатиха и сурата Ел-Џума, а на вториот Ел-Фатиха и сурата Ел-Мунафикун. Ибн Еби Рафи пренесува: „Мерван го остави Ебу Хурејре како свој заменик во Медина и замина за Мека. Ебу Хурејре нè предводеше на џума намаз и по сурaта Ел-Џума, на вториот рекат ја рецитираше сурата ‘Кога лицемерите ти доаѓаат …’ (Ел-Мунафикун). Кога заврши со намазот, го сретнав и му реков: ,Ти ги рецитираше двете сури што Али бин Еби Талиб ги рецитираше во Куфа, на што Ебу Хурејре рече: 'Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како ги рецитира за џума.'" ([111]) () Муслим бр. 877.
Четврто прашање: Со што се пристигнува на џума намаз
Џума намазот се стасува со еден рекат заедно со имамот. Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе стаса еден рекат од џума или друг намаз – го стасал намазот.” ([112]) () Несаи, бр. 557.
Ако пак стигне помалку од еден рекат, тогаш ќе го доклања како пладне намаз. ([113]) () Види: Ел-Мугни на Ибн Кудаме, 2/231.
А оној што ќе го пропушти првиот рекат од џума намазот и го стаса имамот на вториот рекат – додека е на руку или пред тоа – треба да наклања само уште еден рекат, поради хадисот: „Кој ќе стаса еден рекат – го стасал целиот намаз.” ([114]) () Ебу Давуд бр. 893.
Петто прашање: Што е забрането или непожелно да се прави за време на џума
1. Забрането е да се зборува додека имамот држи хутба, поради хадисот на Ебу Хурејре, радијаллаху анху, во кои се вели дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Ако му речеш на својот пријател во петок, додека имамот држи хутба: ,Молчи!', веќе си кажал нешто бескорисно.” ([115]) Што значи си прозборил бескорисно, а тоа е неисправен и отфрлен говор, и ја изгуби вредноста на твојата џума. () Го бележат Бухари, бр. 934, и Муслим, бр. 851.
Имамот Невеви, рахимехуллах, рекол: „Во хадисот се забранува секој вид на говор за време на хутбата, а со тоа се опоменува и на останатите форми на зборување. Бидејќи кога дури и зборот ‚Молчи!‘ – кој сам по себе е наредба на добро – е наречен како празно зборување, тогаш сèкое друго зборување е уште посоодветно да се избегнува.” ([116]) () Шерху Муслим, 6/138
Во забраната за зборување се вбројува и да му се рече на оној што кивнал: „Јерхамукаллах“, како и да се одговори на селам, бидејќи тоа не е дозволено додека имамот држи хутба. Но, пред да започне хутбата или за време на паузата меѓу двете хутби, нема пречка да се зборува.
Што се однесува пак до зборувањето на некој од џематлиите со имамот додека тој држи хутба, во тоа нема ништо спорно, поради хадисот на Енес бин Малик, радијаллаху анху, кој рекол: „Еден човек влезе во џамијата во петок преку вратата што беше на страната на куќата на судот, додека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, стоеше и држеше хутба. Човекот застана пред Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, и рече: ,О Аллахов пратенику, имотите ни пропаднаа, пасиштата пресушија, замоли го Аллах да ни спушти дожд!’ Тогаш Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, ги подигна рацете... до крај на хадисот. ” ([117]). () Го бележат Бухари, бр. 967, и Муслим, бр. 897.
2. За време на хутбата е забрането сѐ она кое води до расеаност и губење на вниманието како што е допирање на камчињата, користење теспих, мобилен телефон и слично, бидејќи Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ги допре камчињата, навистина направил нешто бескорисно.” (118). Ова е затоа што таквото однесување ја спречува концентрацијата и разбирањето на хутбата. () Муслим, бр 857.
3. Исто така, забрането е и да се преминува преку редовите за време на хутбата, поради хадисот на Абдулах бин Буср, радијаллаху анху, во кој се вели: „Еден човек дојде во петок и почна да ги преминува редовите додека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, држеше хутба, на што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Седни! Ги вознемири луѓето.’” ([119]) () Ебу Давуд бр. 1118
Причината за забраната е во тоа што преминувањето преку редовите ги вознемирува клањачите и им го одвлекува вниманието од хутбата. Сепак, ова не важи за имамот, доколку не може да стигне до неговото место на друг начин, ниту за оној што има оправдана потреба – како на пример ако треба да земе абдест, да ја пополни празнината пред себе или слично.
4. Забрането е да се крева човек од местото на кое прв стигнал, па потоа да се седне на неговото место, како што е потврдено од хадисот на Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Никој од вас да не го крева својот брат во петок, за потоа да седне на неговото место, туку направете простор.” ([120]) ()Муслим, бр 2178.
5. Непожелно е да се разделуваат двајца за да се седне помеѓу нив или да се премине преку нив, поради хадисот на Селман ел-Фариси, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се избања во петок... потоа ќе замине (кон џамијата) не разделувајќи двајца, ќе клања колку што му е пропишано, а кога ќе излезе имамот ќе молчи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу таа и наредната џума.” ([121]) Ова укажува дека оној што ќе раздели двајца седнати еден до друг, нема да ја добие оваа прошка. () Бухари, бр. 910.
Шесто прашање : Сунети на денот на џума
1. Сунет е на сабахскиот намаз во петок да се рецитираат сурите Ес-Сеџда и Ел-Инсан, бидејќи Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, редовно го практикувал тоа. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во петок на сабахскиот намаз ги рецитирал овие две сури. ([122]) () Го бележат Бухари, бр. 891, и Муслим, бр. 880.
2. Гусулот (верски дефинирано капење) на денот џума, кој спаѓа под потврден сунет, поради хадисот на Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, во кој Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе дојде на џума, нека се искапе.” ([123]). На ова треба да се внимава и да не се остава, особено кога станува збор за оние кои имаат непријатен телесен мирис. () Го бележат Бухари, бр. 877, и Муслим, бр. 844.
Времето за капење започнува од појавата на зората. Гусулот од џенабет е доволен и за џума, бидејќи целта од петочниот гусул е телесната чистота и отстранувањето на непријатната миризба – што се постигнува со истиот. Сепак, се препорачува да се има и нијет за петочниот гусул при истиот, за да се постигне и наградата за него.
3. Сунет е да се стави парфем и да се спастри, како и да ги отстранат од телото работите што е пропишано да се отстранат - како сечењето на ноктите, бричењето на интимните делови, отстранување на влакната под пазувите и кратењето на мустаќите, поради хадисот на Селман ел-Фариси, радијаллаху анху, кој пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол: „Кој ќе се искапи во петок и ќе се спастри колку што може, потоа ќе се намачка со масло или ќе стави мирис, па ќе излезе без да разделува двајца, ќе клања колку што му е пропишано, а потоа кога ќе излезе имамот ќе молчи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу таа и следната џума.“ ([124]) () Бухари, бр. 910.
Помеѓу потврдените сунети е и користењето мисвак на овој ден, поради хадисот на Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, кој рекол: „Сведочам дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ‚Гусулот во петок е обврска за секој кој достигнал шеријатска полнолетност, како и користењето мисвак и мирис, ако го има.‘“ ([125]) ()Бухари, бр. 880.
4. Сунет е и да облече најубавата облека што ја има, поради хадисот на Омер бин ел-Хатаб, радијаллаху анху, во кој се спомнува дека виде наметка со шарки кај вратата на џамијата па рече: ,О Аллахов Пратенику, кога би ја купил оваа наметка и би ја носел во петок, како и кога доаѓаат делегации кај тебе...‘“ ([126]) () Го бележат Бухари, бр. 886, и Муслим, бр. 2068.
5. Сунет е да се појде порано во џамија за џума, поради поттикот од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за тоа. Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе се искапи во петок како за џенабет, а потоа ќе тргне кон џамијата, ќе има награда како да принесол во жртва камила – било машка или женска. Кој ќе појде во вториот час, како да принесол крава. Кој ќе појде во третиот час, како да принесол овен со рогови. Кој ќе појде во четвртиот час, како да принесол кокошка. А кој ќе појде во петтиот час, како да принесол јајце. Кога ќе излезе имамот, мелеците присуствуваат и го слушаат зикрот/советот.“ ([127]) () Бухари, бр. 881, Муслим, бр. 850
6. Сунет е оној што ќе влезе во џамија за џума додека имамот држи хутба, да не седнува додека не клања два реката и да ги скрати, поради наредбата на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, упатена кон оној што дошол за време на хутбата. Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува: „Сулејк ел-Гатафани дојде на џума додека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, држеше хутба, па седна. Пратеникот му рече: „О Сулејк, стани и клањај два реката, и скрати ги.“ Потоа додаде: „Кога некој од вас ќе дојде на џума додека имамот држи хутба, нека клања два реката и нека ги скрати.“ ([128]) () Бухари, бр. 930, и Муслим, бр. 875
7. Сунет е во петок да се чита сурата/поглавјето Ел-Кехф, поради хадисот на Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе ја прочита сурата Ел-Кехф во петок, ќе му биде осветлено со светлина помеѓу двата петока.” ([129]) Хадисот го бележи Хаким во ел-Мустедрек бр. 3392, но истиот е со недостаток, бидејќи не е потполн зинџирот на пренесувачи до Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, туку е мевкуф/запира кај Ебу Сеид.
8. Сунет е во текот на петочниот ден и ноќ да се зголеми испраќањето салавати врз Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поради хадисот на Евс бин Евс, радијаллаху анху, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Најдобриот од вашите денови е петокот, па затоа зголемете го испраќањето салават на мене, бидејќи вашиот салават ми се прикажува.” ([130]) () Ебу Давуд бр. 1531.
9. Сунет е на овој ден да се упатува многу дова и да се настојува да се погоди часот кога довата се прима, како што е спомнато во хадисот на Ебу Хурејре, радијаллаху анху, кој пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го спомнал петокот и рекол: „Во него има час во кој, доколку муслиманот стои и клања, барајќи нешто од Аллах, Тој сигурно тоа и ќе му го даде.“ ([131]) () Го бележат Бухари, бр. 935, и Муслим, бр. 852.
Надежта за примање на довата постои во текот на целиот ден, но најмногу се очекува дека тоа е: – времето од моментот кога имамот ќе седне за хутба сè до завршувањето на намазот, – или последниот час од денот петок, за оној кој го чека акшамот, било во џамија или во својот дом, поради хадисот на Ебу Муса ел-Ешари, радијаллаху анху, во кој Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, за времето на примањето на довата во петок рекол: „Тоа е часот помеѓу седењето на имамот и завршувањето на намазот.“ ([132]) () Муслим, бр. 853.
Седмо прашање: Нафилите на џума намазот
Џума намазот нема потврден сунет пред него, но му се препорачува на оној што доаѓа на џума да клања онолку рекати колку сака - два, четири, шест или повеќе, давајќи селам по секои два реката, како што поттикнувал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, на тоа, и како што се пренесува во хадисот на Селман ел-Фариси, радијаллаху анху, во кој рекол: „Кој ќе се искапе во петок… па ќе излезе без да разделува двајца, ќе клања колку што му е одредено да клања, а потоа кога ќе излезе имамот ќе молчи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу таа и следната џума.“ ([133]) Ова се потврдува и преку праксата на асхабите, радијаллаху анхум, како и преку општите текстови што ја истакнуваат вредноста на доброволните (нафила) намази. () Бухари, бр. 910.
Што се однесува до потврдената нафила по џума намазот, таа се извршува така што се клањаат два реката дома или четири реката во џамија. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, по џума намазот обично клањал два реката во својот дом. ([134]) А од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кога некој од вас ќе клања џума намаз, нека клања по него уште четири реката.“ ([135]) () Го бележат Бухари, бр. 937, и Муслим, бр. 729, од хадисот на Ибн Омер, радијаллаху анхума. () Муслим, бр. 881.
Значи, ако се клања во џамија, се клањаат четири реката, а ако се клања дома, тогаш два реката.
Втора точка: Петочната хутба
Прво прашање: Петочната хутба
Хутбата е говор што се одржува пред група луѓе, непосредно пред џума намазот. Таа содржи искажување благодарност кон Аллах, пофалба Нему, испраќање салавати и селами на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како и советување и потсетување. ([136]) Види: Му’џему лугатил фукаха, стр. 197, и Хутбетул џума ве ехкамуха ел фикхије од Ел-Хуџејлан, стр. 22.
Второ прашање: Прописот на хутбата
Хутбата е услов за исправност на џума намазот и без неа намазот не се смета за исправен. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, кога во петок на намаз ќе се повика, побрзајте кон спомнувањето на Аллах.“ (Ел-Џума, 9) Во толкувањето на овој ајет „спомнувањето на Аллах” се однесува на хутбата. ([137]) Доколку хутбата не беше задолжителна, тогаш немаше да биде задолжително да се инсистира на неа. Дополнително, постојаноста на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во одржувањето на хутбата и тоа што никогаш не ја оставал, исто така укажува на нејзината задолжителност. () Тефсир Ет-Табери, 22/642.
Имамот Ибн Кудаме ел-Ханбели, рахимехуллах, рекол: „Гледано во целина, хутбата е услов за исправноста на џума намазот, и тој не е исправен без неа.” ([138]). () Ел-Мугни, 2/224.
Трето прашање: Услови на хутбата
1. Да се состои од две хутби, како што е потврдено во хадисот на Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, кој рекол: „Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одржуваше две хутби, помеѓу кои седнуваше.” ([139]) () Бухари, бр. 928.
2. Да биде по влегувањето на времето за џума намаз. Ако се одржи пред неговото време, или дел од неа биде пред времето, тогаш не се смета за исправна.
3. Хутбите да се одржат пред намазот, поради хадисот на Саиб бин Језид, радијаллаху анху, кој рекол: „Во времето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и во времето на Ебу Бекр и Омер, радијаллаху анхума, езанот за џума се учеше кога имамот ќе седнеше на минберот.“ ([140]) Ова јасно укажува дека хутбите претходеле на намазот. ()Бухари, бр. 916.
Исто така, потврда за ова се наоѓа во зборовите на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: ,,Клањајте како што сте ме виделе да клањам." ([141]) Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, не почнуваше со намазот сè додека не ги завршеше двете хутби. Ел-Мердави рекол: „Услов е двете хутби да претходат на намазот и за овој став не постои никакво несогласување.”([142]) () Бухари, бр. 631 од хадисот на Малик бин Хувејрис, радијаллаху анху. () Ел-Инсаф, 2/389.
4. Последователноста меѓу деловите на хутбата. Имамот Ибн Кудаме, рахимехуллах, рекол „Последователноста е услов за исправноста на хутбата. Ако се прекине меѓу нејзините делови со долг говор, подолго молчење или нешто друго што го нарушува текот, тогаш треба да се започне повторно од почеток. Дали прекинот се смета за долг или не – се оценува според она што вообичаено се смета за долг прекин. Исто така, се бара последователност и меѓу хутбата и намазот. Ако има потреба да се обнови абдестот, може тоа да се стори, па да се продолжи со хутбата, сè додека прекинот не биде предолг.“ ([143]) () Ел-Мугни, 2/230.
5. Хутбата треба да се одржува гласно, затоа што е задолжителна и претставува услов за исправноста на џума намазот. Гласното говорење е средство преку кое се исполнува нејзината цел – а тоа е советување и потсетување, а она без што не може да се изврши обврската, и самото станува обврска.
6. Потребно е присуство на бројот на клањачи што ја прави џумата исправна, бидејќи хутбата е зикр кон кој е наредено да се стремиме, па затоа е задолжително тој број да биде присутен и да ја слуша.
Четврто прашање: Рукнови (столбови) на хутбата
1. Хутбата да започне со искажување благодарност и пофалба кон Возвишениот Аллах, поради хадисот на Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, во кој се вели: ,,Петочната хутба на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, започнуваше со благодарност и пофалба кон Аллах, а потоа продолжуваше ... до крај на хадисот([144]). () Муслим, бр. 867.
2. Да содржи салават на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи испраќањето салават во хутбата, било позната и прифатена практика меѓу асхабите, радијаллаху анхум. ([145]) () Види: Џелаул ефхам од Ибн Кајим: стр. 371.
3. Да содржи поука и совет за богобојазност од Аллах, поради хадисот на Џабир бин Семура, радијаллаху анху, кој рекол: „Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, држеше две хутби, меѓу кои седнуваше, во кој рецитираше од Куранот и ги опоменуваше луѓето.” ([146]) А токму тоа е и целта на хутбата. () Муслим, бр. 862.
4. Рецитирање дел од Благородниот Куран, како што е наведено во хадисот на Џабир бин Семура, радијалаху анху: „Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, држеше две хутби, меѓу кои седнуваше, во кој рецитираше од Куранот и ги опоменуваше луѓето.”
Петто прашање: Сунети на хутбата
1. Да ја држи хутбата на минбер или на некое повисоко место, бидејќи на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му беше направен минбер, на кој ја држеше петочната хутба. ([147]) Од голем број асхаби, радијаллаху анхум, се пренесува со степен на мутеватир (апсолутна веродостојност) дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја држел хутбата на минбер. ([148]) Имамот Невеви, рахимехуллах, пренесува консензус околу препорачаноста на ова, велејќи: „Учените се согласни дека е препорачано (мустехаб) хутбата да се одржува на минбер.” ([149]) На тој начин информацијата се пренесува појасно, а и гледањето на хатибот има посилно влијание врз советувањето. Го бележи Бухари, бр. 2095 како хадис пренесен од Џабир, радијаллаху анху. ()Види: Ирваул Галил фи техриџ ехадис Менар ес-Себил, од 3/75 понатаму. ()Ел-Меџму шерх Ел-Мухеззеб, 4/527.
2. Стоење на хатибот за време на хутбата, доказ се зборовите на Возвишениот: „Но кога тие ќе здогледаат некаква трговска роба или забава, се залетуваат по неа и тебе те оставаат сам да стоиш.” (Ел-Џума, 11) Исто така, Абдуллах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја држеше хутба стоејќи, потоа седнуваше, па повторно стануваше, како што и вие сега постапувате.” ([150]) () Го бележат Бухари, бр. 920, и Муслим, бр. 861.
3. Од сунет е хатибот да биде свртен со лицето кон присутните. Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ќе се приближеше до својот минбер во петок, ги поздравуваше со селам оние што седеле околу него, а кога ќе се качеше на минберот, се свртуваше со лицето кон луѓето и ги поздравуваше со селам. ([151]) () Го бележи Бејхеки во ,,Сунен Ел-Кубра," бр. 5742.
Хафизот Ибн Реџеб вели: „Свртувањето на имамот кон присутните и неговото вртење на грбот кон киблата е пракса за која постои консензус. На тоа укажуваат и текстовите, бидејќи тој им се обраќа за да го разберат. Сето тоа е сунет, а оној што ќе постапи поинаку го прекршил сунетот, но неговиот џума намаз останува валиден.” ([152]) () Фетхул Бари на Ибн Реџеб, 8/250.
4. Сунет е хатибот да ги поздрави присутните со селам кога ќе се сврти кон нив, доказ е хадисот на Џабир, радијаллаху анху, во кој се вели дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се качел на минберот, ги поздравувал присутните со селам. ([153]) () Ибн Маџе бр. 1109.
5. Сунет е да се седне на минберот додека муезинот не го заврши езанот, како што пренесува Ибн Омер, радијалаху анхума: „Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, држеше две хутби. Кога ќе се качеше на минберот, седнуваше сè додека муезинот не заврши, потоа стануваше и ја држеше првата хутба, па повторно седнуваше без да зборува, а потоа стануваше и ја држеше втората хутба.” ([154]) Ова го потврдува и хадисот на Саиб бин Језид, радијаллаху анху, во кој се вели: „Во времето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како и во времето на Ебу Бекр и Омер, радијаллаху анхума, езанот за џума се учеше кога имамот ќе седнеше на минберот.” ([155]) () Ебу Давуд, бр. 1092. () Бухари, бр. 916.
6. Да го подигне гласот при хутбата според својата можност, поради хадисот на Џабир бин Абдулах, радијаллаху анху, кој вели: „Кога Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, држеше хутба, очите му се зацрвенуваа, гласот му се засилуваше, а лутината му се зголемуваше, како да е војсководец што ја предупредува својата војска: ,Саббахекум! Мессакум!’“ ([156]) „Саббахекум“ значи: непријателот се подготвува да ве нападне наутро, а „мессакум“: да ве нападне навечер – изрази што се користат како силно предупредување за претстојна опасност. () Муслим, бр. 867.
7. Да седне кратко помеѓу двете хутби, како што налага хадисот на Ибн Омер, радијаллаху анхума: ,,Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одржуваше две хутби, помеѓу кои седнуваше.” ([157]) () Го бележи Бухари, бр. 928
8. Сунет е хутбите да бидат кратки, втората хутба пократка од првата, додека намазот да биде подолг, поради хадисот на Амар, радијаллаху анху, во кој Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Долгиот намаз на човекот и кратката хутба се знак за неговиот фикх (разбирање на верата), па одолжете го намазот, а скратете ја хутбата.” ([158]) () Муслим, бр. 869.
9. Сунет е хатибот да упати дова за муслиманите, молејќи за подобрување на нивната верска и овоземна состојба, како и дова за предводниците на муслиманите за нивна праведност и успех. Имамот Невеви, рахимехуллах, рекол: „Што се однесува до довата за предводниците на муслиманите и нивните владатели за нивно исправување, успех во вистината, спроведување на правдата и слично, како и за исламските војски, тоа е препорачливо според консензусот.” ([159]) () Ел-Меџму шерх Ел-Мухеззеб, 4/521.
Не е пропишано имамот да ги подигнува рацете при дова во текот петочната хутба, освен при истиска (намаз за дожд), и се препорачува да покажува со показалецот. Умара бин Руејба, радијалаху анху, пренесува дека го видел Бишр бин Мерван на минберот како ги подигнува рацете и рекол: „Аллах нека ги обезличи овие две раце! Го видов Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не правеше повеќе од тоа да покаже со својата рака вака - потоа покажа со показалецот.” ([160]) () Муслим, бр. 874.
10. Намазот да го предводи оној што ја држел хутбата, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја држеше хутбата, а потоа го предводеше намазот, а така постапувале и неговите халифи по него. Сепак, ако хутбата ја држи едно лице, а намазот поради оправдана причина го предводи друго, тоа е дозволено. ([161]) () Ел-Мугни од Ибн Кудаме, 2/ 228.
Шесто прашање: Превод на петочната хутба
Дозволено е хатибот во место каде што народот, или мнозинството, не го познава арапскиот јазик, да ја одржи хутбата на нивниот јазик, со цел луѓето да ја разберат нејзината содржина, да се постигне нејзината цел, и да се има корист од знаењето, советите и потсетувањето што ги содржи. Ова е така затоа што не е пренесено од Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека услов за хутбата е да биде исклучиво на арапски јазик. Тој ја држел на арапски бидејќи тој бил неговиот и јазикот на неговиот народ.
Најдобро е имамот да ја одржи хутбата на арапски јазик, а потоа да ја преведе на јазикот на својот народ, следејќи го примерот на Пратеникот, алејхи селам, во неговите хутби и за да се избегне несогласувањето во ова прашање.
При преводот, треба да се води грижа за она што е најсоодветно и најкорисно за слушателите – било преводот да се прави дел по дел веднаш по секој сегмент од хутбата, или да се одложи и да се изврши откако ќе заврши хутбата на арапски, а пред започнување на намазот.
Исто така, дозволено е хутбата да се преведува во живо (симултан превод), и тој превод да се пренесува преку радиосигнал, така што клањачите кои не го познаваат арапскиот јазик ќе можат да го слушаат преку слушалки. Ова не се смета за легв (забрането дејство за време на хутбата) ни од страна на преведувачот, ни од страна на слушателот – бидејќи тоа носи општа корист и овозможува да се постигне целта на хутбата.
Седмо прашање: Квалитети кои треба да ги поседува хатибот
Хатибот е столб и основа на џамијата. Преку него, џамијата ја остварува својата мисија во ширењето на повикот, во подигањето на свеста кај заедницата и во просветлувањето на луѓето за прашањата на нивната вера. Кога хатибот е учен, разумен, проницлив и запознаен со обичаите и состојбата на луѓето, неговото влијание врз џематот и населбата каде што се наоѓа џамијата е позитивно и корисно – ги подучува, ги насочува и ги води кон секое добро и доблест.
Такви биле хатибите кои ги исполнувале условите за хутба. Во почетокот на исламот, хатиб бил Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, потоа неговите халифи, па предводниците, учените и истакнатите личности. Ова укажува дека оној што ја презема оваа функција треба да биде на високо ниво во верата, моралот, знаењето и однесувањето.
Тука јасно се гледа важноста на оваа функција во животот на луѓето, бидејќи силата на хатибите се одразува врз нивната заедница, а нивната слабост остава видливи последици. Џамијата е местото што го подучува општеството да ги поврзува зборовите со делата. Ако имамот е слаб во знаење, разборитост или има лош карактер и однесување, тој повеќе ќе наштети отколку што ќе користи. А кога задачата на имамот е да ги насочува верниците кон доброто, праведноста и исправноста, тогаш е тешко неукиот имам да може да ја исполни оваа возвишена мисија.
Можно е хатибот може да ги исполнува сите услови за оваа функција во поглед на знаењето и личната способност, но да биде зафатен со други обврски што негативно влијаат врз квалитетот на неговото извршување.
Можеби нема доволно време за да ја подготви хутбата соодветно на околностите, па излегува пред луѓето – како што вели Ибн Кајим ел-Џевзи, рахимехуллах – со хутба која не внесува иман во срцето, не го зацврстува тевхидот, не нуди посебно спознавање за Аллах, не потсетува на ахиретските денови, ниту ги поттикнува душите на љубов и копнеж за средба со Него. ()Задул Меад фи хедји хајрил ибад, 1/ 409.
Исто така, може да го надвладее страста, незнаењето, склоноста кон расправии или осудениот фанатизам, па да отстапи од објективноста, воспитното насочување и повикувањето со мудрост и убав совет.
Џамијата има големо влијание во верата, таа е местото каде човек се поврзува со својот Господар, го зацврстува иманот, се сретнува со своите браќа верници со кои работи на ширење на доблестите и борба против пороците. Сето тоа не може да се постигне доколку џамијата нема имам во кој се собрани сите фактори на знаење, морални квалитети кои се неопходни за да ја извршува оваа чесна функција. Ова се предуслови за да ја извршуваа оваа племенита должност на најдобар можен начин.
Најважните стручни квалитети што треба да ги поседува хатибот:
1. Да го извршува делото искрено заради Аллах, за да биде потпомогнат, успешен, прифатен и сакан кај Аллах и кај луѓето.
2. Да се чува од лицемерие и самопромоција, бидејќи секоја работа се вреднува според нејзината цел, а секое дело според намерата, и на секого му припаѓа она што го намерил. Оној што се украсува со нешто што не го поседува, Аллах ќе го понижи.
3. Да ја знае Аллаховата Книга напамет, или барем дел од неа, редовно да го повторува наученото и да има дневен вирд (дневна програма) за читање на Куранот.
4. Да научи значителен број хадиси, на пример од Ријадус-салихин, четириесетте хадиси на имамот Невеви, Булугул Мерам, или од други признати хадиски книги.
5. Да ја научи исправната акида (верување) – акидата на праведните претходници (селефу салих).
6. Да го изучува фикхот на верските прописи, особено фикхот на ибадетите, а најважно од тоа се прашањата поврзани со чистотата, намазот, зекатот и постот. Исто така, да го познава фикхот на меѓучовечките односи, за да ги знае правилата на заработката и трошењето, и да ги предупредува луѓето од измама, прикривање маани и неправедно присвојување на туѓ имот. Да ги опоменува од расипништво, растурање и скржавост – сè со цел нивното трошење да биде во согласност на Куранот и Сунетот.
7. Да го познава арапскиот јазик, за да ги разбира значењата на објавата што Аллах му ја објавил на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бидејќи Куранот е објавен на арапскиот јазик.
8. Да го чита животописот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, неговите карактеристики (шемаил), како и животописите на праведните претходници, бидејќи во нив има најдобар пример, корисно знаење и богато исламско морално и животно воспитување.
9. Да ги познава верските авторитети од својата земја и другите истакнати алими, познати по исправната акида, знаење и разборитост, да се обраќа кај нив за верските прашања и при решавање на проблемите во своето општество.
10. Да има познавање за исламските секти и нивните верувања, за идеолошките правци и нивните цели, како и за деструктивните учења и нивните намери, за да може да ги дискутира во светлината на Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и низ призма на делата на признатите исламски алими – со цел да ја побие нивната лага и да предупреди на нивните заблуди.
11. Да има искрена грижа за состојбата на муслиманите – нивната слабост и надмоќта на непријателите над нив – и да биде свесен дека причината за тоа е нивното отстапување од вистинскиот пат, слабата вера во Аллах и недоволната покорност кон Неговиот закон. Поради тоа, треба да се залага да ги подучува на она што им користи и во верата и на овој свет.
12. Да биде запознаен со различните социјални мрежи, да ги знае нивните предности и недостатоци, и како да ги користи во повикувањето кон Аллах, како и да се заштити од опасностите што можат да му наштетат нему и на неговото опшество.
Кога овие квалитети се присутни кај имамот, тоа со Аллахова дозвола води кон постојаност и рамнотежа.
Најважните морални квалитети се:
1. Хатибот треба да биде повикувач кон вистината и учител за својот џемат, како и за сите посетители на џамијата – било од истата населба или од други места. Затоа, треба да го зема за пример Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој е најдобриот и најсовршениит пример за уметот и неговите предводници. Возвишениот Аллах вели: „Вие во Аллаховиот Пратеник имате прекрасен пример за тој што се надева на Аллаховата милост и на награда на оној свет, и кој често Го спомнува Аллах.” (Ел Ахзаб, 21)
Исто така, треба да се воздржува и себеси и присутните во џамијата од разговори за беспотребни дуњалучки теми и политика, и да се грижи џамијата да остане место посветено исклучиво на знаењето и ибадетот.
2. Да биде чист и уреден, и да се грижи за хигиената на џамијата, за редот и распоредот на нејзините предмети, како и за одржувањето на нејзините простории и опрема – без претерување и разметливост – и да се воздржува од претерано украсување на џамијата.
3. Да има пристојно однесување и изглед, следејќи го Сунетот на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем – со пуштање на брадата, кратење на мустаќите и избегнување на носење облека под глуждовите – и да зрачи со достоинство и смиреност, следејќи ги стапките на праведните претходници.
4. Да биде благ, трпелив и милостив кон другите, бидејќи благоста, каде и да се појави – разубавува, а кога ќе ја снема – расипува, како што е пренесено во хадисот од Аиша, радијаллаху анха, дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Благоста која ја има во нешто – го разубавува, а кога ќе се отстрани од нешто – нагрдува.” ([163]) ()Муслим, бр. 2594.
Ако некој од посетителите на џамијата направи некаква грешка, не треба имамот да го укори, туку треба да го посоветува со благост и да го поучи на убав начин. Муавија бин Хакем ес-Сулеми, радијаллаху анху, рекол: „Додека клањав со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, еден човек во џематот кивна, па реков: Аллах да ти се смилува. Тогаш луѓето ме погледнаа остро, па реков: Што ви е, зошто ме гледате така? – и почнаа да удираат со рацете по своите бутови. Кога разбрав дека сакаат да ме замолчат, замолчив. Откако заврши со намазот – се колнам во Аллах, не видов ниту пред него ниту по него подобар учител од него – не ме прекори, ниту ме навреди, ниту ме удри, туку само рече: ‘Овој намаз не е за говор на луѓето, туку во него се слави и велича Аллах и се рецитира Куранот.” ([164]) ()Муслим, бр. 537.
5. Да биде благ и срдечен, за да ги приближи луѓето кон себе и тие да можат да се окористат од неговата љубезност, поддршка и знаење. Треба да им биде потпора во нивните неволји и потреби, и да се советува со нив околу прашањата што се однесуваат на функцијата на џамијата.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше на највисокото ниво во сите овие доблести, како што Возвишениот Аллах вели за него: „Со Аллаховата милост ти си благ кон нив. А да си груб и со тврдо срце, би се разбегале од твојата близина. Затоа простувај им и моли да им биде простено, и договарај се со нив! А кога ќе одлучиш, потпри се на Аллах, бидејќи Аллах навистина ги сака тие кои имаат доверба во Него.” (Али Имран, 159)
6. Да се одликува со трпеливост, убеденост и искреност во она што го проповеда, за да ја заслужи честа да биде имам во својата џамија и меѓу својот џемат. Бидејќи трпеливоста и убеденоста го издигнуваат човекот до степенот на имамство во верата, како што вели Возвишениот Аллах: „Помеѓу нив Ние водачи одредувавме, и тие, одѕивајќи се на Нашата заповед, на Вистинскиот пат упатуваа, бидејќи стрпливи беа и во доказите Наши цврсто веруваа.” (Ес Сеџда, 24)
7. Треба да биде искрен во она што го говори – било за време на петочната хутба, верско предавање и советување, или во секојдневните разговори со луѓето – за да биде меѓу искрените, упатените и успешните, како што е пренесено од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол: „Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах меѓу искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“ ([165]) Го бележат Бухари, бр. 6094, и Муслим, бр. 2607, како хадис на Абдулах бин Месуд, радијаллаху анху.
Лагата е зло и несреќа, а најтешката форма на лага е лажењето за Аллах, односно зборувањето за Него без знаење. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: 'Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!” (Ел Араф, 33)
Овој благословен ајет ги опфаќа најтешките гревови, наведувајќи ги по ред – од полесните кон потешките – сè до најопасниот од нив, а тоа е зборувањето за Аллах без знаење, во однос на Неговите имиња, својства и верозакон.
Исто така, лажењето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спаѓа меѓу најопасните лаги и најтешките гревови. Тоа е еден од големите гревови за кои е најавена закана со пеколниот оган. Мугире бин Шубе, радијаллаху анху, пренесува дека го слушнал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, како вели: „Навистина лажењето на мене не е како лажењето на некој друг. Кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви местото во Огнот.” ([166]) () Го бележат Бухари, бр. 1291 и Муслим, 4.
Треба да ја избегнува лагата дури и кога е со добра намера – како за поттикнување кон доброто или одвраќање од злото – како што понекогаш прават некои проповедници. Ваквото лажење е одвратно и не содржи никакво добро ниту упатство. Оној што го практикува тоа ќе биде казнет а не награден, грешен а не добитник.
8. Треба да биде доверлив при пренесување на говорот, внимателно да ја проверува точноста на информациите, да не прибегнува кон прифаќање на непроверени гласини, и да се потпира само на сигурни извори. Возвишениот Аллах го нареди тоа во Неговите зборови: „О, верници, ако ви дојде грешник со вест, проверете ја, за да не погодите некој народ од незнаење, па да се каете за она што сте го направиле.” (Ел Хуџурат, 6)
9. Треба да се труди да ги прикрива грешките на луѓето и да ги чува нивните тајни. Оној што ќе го прикрие муслиманот – Аллах ќе го прикрие него и на овој свет и на Ахиретот. А оној што ќе истражува и открива туѓи скриени недостатоци – Аллах ќе ги открие неговите, сè додека не го посрами, дури и во внатрешноста на неговиот дом. Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе го прикрие муслиманот, Аллах ќе го прикрие (ќе му ги сокрие недостатоците) него на Судниот ден.” ([167]) Од Ебу Берзе ел-Еслеми, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О вие што верувате со јазикот, а иманот сè уште не влегол во вашите срца – не озбоувајте ги муслиманите и не истражувајте ги нивните скриени гревови! Кој ќе ги разоткрива нивните скриени гревови – Аллах ќе го разоткрие него, а кого Аллах ќе го разоткрие – ќе го посрами, па дури и во внатрешноста на неговиот дом.” ([168]) ()Бухари, бр. 2442, и Муслим, бр. 2580. ()Ебу Давуд бр. 4880.
Осмо прашање: Етика на хутбата и хатибот:
1. Петочната хутба треба да биде чиста од секаква злоупотреба, како тоа да се користи како средство за промоција на одредена личност, партија, организација или слично. Треба да биде искрена за Аллах и за Неговата вера, за пренесување на Неговиот повик и за возвишување на Неговиот збор. Возвишениот вели: „Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!” (Ел Џин, 18)
2. Хатибот не треба да држи долга хутба која што ќе им стане тешка на слушателите и ќе го одврати нивното внимание, ниту пак да ја скрати толку што ќе се наруши нејзината смисла и контекст.
3. Хатибот треба да го прилагоди говорот според разбирањето и подготвеноста на присутните – со обичните луѓе да користи јасен и разбирлив речник, избегнувајќи термини што се надвор од нивното поимање; со средната класа да има умерен пристап, а со високата – порафиниран. Со сите општествени слоеви треба да настапува мудро, ставајќи ги зборовите на вистинското место, и во секој случај да се воздржува од празно украсување во говорот.
4. Треба да избегнува теми што поттикнуваат расправии, омраза или поделби, бидејќи задачата на хатибот е да ги поучува луѓето, да ги зближува нивните срца околу вистината и да ги отстранува причините за раздор.
5. Да не се преоптеретува со тоа да зборува во рима или говорот да биде премногу комплексен, туку неговата цел да биде пренесување на корисни значења на најјасен, најкраток и најразбирлив начин.
6. Да се воздржува од вештачко и неприродно имитирање, како и глумење на стилот на познатите хатиби, бидејќи тоа предизвикува непријатност и одбивност кај слушателите. ([169]) () Види: Услуб хутбет ел-џума од Абдуллах бин Дајфуллах ер-Рухејли, стр. 12, 20, 22; и Хамсуне весијје ве весијје литекуне хатибан наџихан од Емир бин Мухамед ел-Медри, стр. 33, 73, 87.
Деветто прашање: Целта на хутбата
Петочната хутба треба да има за цел да ги постигне следниве работи:
1. Објаснување на основите на тевхидот, неговата важност и вредност, како и предупредување од ширкот во сите негови форми, појави и средства што водат кон него.
2. Советување и потсетување на Севишниот Аллах, на Неговата пресметка на Неговите робови и награда на ахиретот, како и на божествените значења кои ги оживуваат срцата. Повикување кон доброто, наредување на него и одвраќање од злото.
3. Подучување на муслиманите на вистините на нивната вера преку Аллаховата Книга и Сунетот на Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со посебен акцент врз моралната исправност и рамнотежа – без претерување и занемарување.
4. Разјаснување на погрешните сфаќања за исламот и одговарање на сомнежите и невистините што ги шират неговите противници со цел да внесат забуна кај луѓето – на мудар и убедлив начин, далеку од расправии и навреди.
5. Спротивставување на деструктивните и заведувачки идеи преку претставување на вистинскиот ислам како пат што Аллах го одбрал за уметот и што тие го прифатиле како своја вера, со нагласување на неговите одлики на сеопфатност, рамнотежа, длабочина и позитивност.
6. Поврзување на хутбата со секојдневниот живот и реалноста во која живеат луѓето – преку фокус на лекување на општествените болести и нудење решенија за проблемите, засновани на исламскиот шеријат. Притоа, потребно е да се обрне внимание на верувањето и неговото исправување, на столбовите на исламот и иманот, на прашањата поврзани со жената, муслиманското семејство и сите други теми од кои луѓето имаат потреба.
7. Да се води сметка за верските прилики што се повторуваат низ годината – како рамазан, аџилак и друго – бидејќи тие ги преокупираат мислите на слушателите и ги поттикнуваат да бараат знаење што ќе им помогне подобро да ги разберат и доживеат тие периоди.
8. Поттикнување на исламското братство меѓу муслиманите и спротивставување на секаков облик на расна, национална, мезхебска или регионална поделба, кои водат кон раздор помеѓу муслиманите.
Десетто прашање: Како се подготвува хутба
Хатибот треба да посвети сериозно внимание на подготовката на хутбата, трудејќи се таа да биде темелна и добро осмислена, имајќи го предвид следново:
Хутбата обично се состои од три дела: вовед, главна тема и заклучок. Овие делови не се издвојуваат формално при пишување или при самото излагање, туку се природно поврзани и усогласени. Степенот на нивната поврзаност зависи од способноста на хатибот, од неговото знаење и искуство, што овозможува хутбата да биде добро структурирана и содржајно поврзана.
Ваквата уреденост и прецизност ги прават значењата јасни, целите разбирливи, и му овозможуваат на говорникот да го привлече вниманието на слушателите и да го задржи нивниот интерес и фокус.
Вовед: Хатибот треба да посвети внимание на воведот и почетокот на хутбата, користејќи изрази што уште од самиот старт ја откриваат целта на говорот, привлекуваат внимание и ја отвораат душата за примање на пораката. Тоа може да биде преку курански ајети што опоменуваат или поттикнуваат, или преку мудри изреки од пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Воведот е првото што хатибот го изговара пред присутните, па доколку ги изненади со силен и убав почеток, ќе ја придобие нивната подготвеност да го следат остатокот од хутбата со внимание и интерес.
На самиот почеток од говорот треба да се вметне нешто што укажува на неговата главна цел, имајќи предвид дека петочната хутба започнува со искажување благодарност и пофалба кон Аллах, со двете сведоштва и со испраќање салават и селам на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Затоа, овие зборови треба да бидат внимателно избрани, така што ќе ја навестат темата и суштината на хутбата.
Тема: Тоа е основната цел на хутбата. Понекогаш е соодветно хатибот уште на почетокот јасно да ја најави, на пример со зборовите: „Денес сакам да ви зборувам за тоа и тоа...“ – особено ако станува збор за актуелно прашање што го засега општеството и за кое луѓето очекуваат јасен став.
Но понекогаш не е мудро темата директно да се открие – било затоа што е чувствителна, или затоа што може да предизвика поделби. Во такви случаи, хатибот треба постепено да воведува во темата и да ѝ пристапи индиректно, водејќи ги слушателите со логична поврзаност сè до целта – со умереност, рамнотежа и без предизвикување поделби или вознемирување. Така ќе ги подготви срцата на присутните, особено ако се оддалечени од темата или не се навикнати на неа.
Темата на хутбата најчесто се заснова врз два столба: објаснување и аргументација.
Што се однесува до објаснувањето, тоа се постигнува преку дефинирање на темата за која се зборува, и појаснување на нејзините карактеристики, својства и специфики.
А што се однесува до аргументацијата, темата обично бара поткрепа со докази, аргументи и сведоштва – најчесто црпени од Куранот, Сунетот и говорот на селефот – како и наведување на историски настани и примери заради споредба и поука. Во оваа насока, корисно е да се пренесуваат и зборови на познати имами и мудреци, препознатливи по праведност, имамет/предводништво, доблест, зухд/аскетизам, храброст и богобојазливост, сè во согласност со темата и контекстот.
Заклучок на хутбата: Откако хатибот ќе го заврши излагањето на темата, препорачливо е да ја заокружи хутбата со соодветен заклучок кој ќе ги поврзе неговите мисли и ќе ја сумира темата, користејќи поинакво изразување и концизност. Должењето во оваа фаза води кон здодевност и го расејува вниманието.
Заклучокот не треба да содржи нови идеи или нови аргументи, бидејќи во тој случај повеќе не би бил завршница, туку продолжение на темата.
Тој треба да биде силен по своето изразување и влијание, бидејќи претставува последното што слушателот го слуша и она што најдолго останува во неговото сеќавање. Ако пак е слаб во содржината и начинот на излагање – ја губи својата суштинска корист.
Заклучокот може да биде составен од курански ајети кои не биле претходно спомнати, а кои го заокружуваат значењето на темата преку поттикнување, предупредување, аргументација или потврдување. Исто така, може да се спомене хадис од Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој пренесува слична порака. Или пак, може да се направи резиме на клучните делови од хутбата, на поинаков, концизен и јасен начин, со изразен ефект.
Тука постојат уште две прашања на кои хатибот треба да обрне посебно внимание: држење до една тема и содржинска свежина и разновидност.
Држење до една тема: Потребно е хатибот да се ограничи на една тема, темелно да ги изложи нејзините аспекти, со внимателно избрани зборови и продлабочен пристап. Разгранувањето на темите и обработка на повеќе прашања во една хутба го расејува вниманието, едни теми ги потиснуваат другите и тоа доведува до заморно оддолжување, бледа слика и површна обработка.
Содржинска свежина и разновидност: Хатибот не треба постојано да се враќа на истите теми, туку треба да внесува разновидност – обработувајќи различни аспекти на шеријатот: тевхид, ибадети, меѓучовечки односи, етика и слично.
Исто така, не треба секогаш да користи ист начин на изразување и излагање, туку понекогаш да зборува со поставување прашања, другпат на утврдувачки начин, да наведува примери, да посочува мудрости и тајни – сето тоа водејќи сметка за реалноста на општеството, согледувајќи ги потребите на луѓето и насочувајќи ги на начин што ќе има силно влијание врз нив во согласност со промените што ги опкружуваат. () Види: Менхеџ фи и'дад хутбетил џума од д-р Салих бин Абдулах бин Хумејд, стр. 22 и понатаму.
Четврто поглавје: Прописите поврзани со џамиите
Прва точка: Дефиниција на џамијата
Џамијата (ар. месџид) според шеријатската дефиниција, е место во кое се извршуваат петте задолжителни намази, џума намазот и други видови ибадет, каде се повикува на намаз со езан. Наречена е „месџид“ затоа што претставува место каде се извршува сеџда на Севишниот Аллах.
Разликата помеѓу џамија и мусала
Џамијата (месџид) е место што трајно е посветено и вакуф за извршување на петте задолжителни намази. Наспроти тоа, мусалата претставува привремено определено место за клањање, како што се на пример просториите за намаз во училиштата, институциите, компаниите, патиштата и слично. Бидејќи овие простори не се наменети трајно за извршување на намазите, не е сунет да се клања техијјетул месџид при влегување во нив, за разлика од влегувањето во џамија, каде што е тоа препорачано.
Втора точка: Изградба на џамиите и нивната вредност
Џамиите се најдобрите и најблагословените места на Земјата. Во нив се извршува највредиот ибадет - намазот. Возвишениот Аллах вели: „Во џамиите кои со Негова волја се градат и во коишто се спомнува Неговото име – Него Го слават, наутро и навечер, луѓето кои купувањето и продавањето не ги спречуваат Аллах да Го спомнуваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат, и кои стравуваат од Денот во кој срцата и погледите вознемирени ќе бидат.“ (Ен Нур, 36-37)
Аллах ги припиша џамиите на Себе како израз на нивната посебна чест и почит. Возвишениот вели: „Има ли поголем насилник од тој којшто забранува во Аллаховите џамии името Негово да се спомнува?“ (Ел Бекаре, 114) На друго место Аллах, вели: „Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!“ (Ел Џин, 18)
Затоа шеријатот поттикнува на нивното градење и одржување, како физички така и духовно. Возвишениот Аллах вели: „,Аллаховите џамии ги одржуваат тие кои во Аллах и во оној свет веруваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои од никого, освен од Аллах, не се плашат; тие се, со надеж, на Вистинскиот пат.“ (Ет Теуба, 18)
Осман бин Афан, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Кој ќе изгради џамија барајќи го со тоа Аллаховото лице, Аллах ќе му изгради слична во Џенетот.“ ([171]) () Го бележат Бухари, бр. 450 и Муслим, бр. 533.
Исто така, Џабир бин Абдулах, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе изгради џамија заради Аллах, дури и колку гнездо на птица или помала, Аллах ќе му изгради куќа во Џенетот.“ ([172]) Ибн Маџе, бр. 738, а Бусири во „Заваид” (1/94) го оценил како Сахих.
Зборовите: „Дури и колку гнездо на птица“ се однесуваат на местото што женката птица го расчистува на земјата за да ги снесе своите јајца. Со оваа споредба, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, сакал да укаже на најмалата површина, со цел никој да не ја потцени вредноста на она што го изградил од џамиите – дури и ако тоа било мошне мало и скромно.
Во ова влегува секој што придонел во изградбата – дури и ако ставил една тула или малку глина, работел со своите раце, им платил на работниците или на кој било начин учествувал со својот имот или труд – сè додека се смета дека лично помогнал во изградбата на џамија, со искрена намера и надеж на наградата што произлегува од тоа, дека Аллах ќе му изгради слична или уште поголема во Џенетот. Затоа што куќите во Џенетот не се мерат со оние на овој свет, ниту пак има споредба меѓу нив. Тоа е поттик за оној кому Аллах му дал изобилство да се натпреварува во добри дела и да ја искористи можноста додека е жив, вложувајќи за Ахиретот, дела чии награди ќе ги најде повеќекратно зголемени кај својот Господар. ([173]) Види: „Фусул ве месаил тетеалек бил месаџид” од шејх Ибн Џибрин, рахимехуллах, стр. 14.
Трета точка: Одржувањето на џамиите и вредноста на тоа дело
Одржувањето на џамиите, во својата целосна смисла, ги опфаќа и материјалниот и духовниот аспект. Тоа вклучува: изградба и обнова на џамиите, нивно осветлување, опремување, грижа и одржување на чистотата, обожување на Аллах во нив, поставување имами и муезини, организирање халки за спомнување на Аллах, како што се учењето на Куранот, фикхот, тефсирот, хадисот и другите корисни науки. Под ова спаѓа и обезбедување плати за вработените, доделување вакуфи во корист на џамијата – како што се сместувачки капацитети за имамот, муезинот, учителот и учениците – изградба на места за абдест и сè друго што ѝ користи на џамијата.
Возвишениот Аллах вели: „Аллаховите џамии ги одржуваат тие кои во Аллах и во оној свет веруваат и кои намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат и кои од никого, освен од Аллах, не се плашат; тие се, со надеж, на Вистинскиот пат.“ (Ет Теуба, 18)
Овој благороден ајет сведочи дека вистинската вера му припаѓа на оној што ја одржува џамијата – со редовно клањање во неа, грижа за нејзината чистота и поправка на сè што се расипало. ([174]) Види: „Ел-мешру’у вел мемну’у фил месџид“ од Мухамед ел-Арфеџ, стр. 9.
Четврто барање: Одржување на чистотата во џамиите
Земајќи во предвид дека џамиите се места на ибадет и приближување до Аллах преку покорност, наредено е тие да се одржуваат и да се чуваат од нечистотии и отпадоци, за да останат чисти, убави и достоинствени.
Ибн Сади, рахимехуллах, во толкувањето на Аллаховите зборови: „Во џамиите кои со Негова волја се градат и во коишто се спомнува Неговото име - Него Го слават, наутро и навечер.“ (Ен Нур, 36) Рекол: Зборовите: ,,...се градат и во коишто се спомнува Неговото име...“ Овие два израза ги опфаќаат прописите поврзани со џамиите. Под „се градат“ се подразбира нивната изградба, метење и чистење од нечистотии и штетни работи, заштита од деца и лица со ментална попреченост кои не внимаваат на чистота, како и од неверниците. Исто така, џамиите треба да се заштитат од празни разговори и од кревање глас што не е во домен на споменувањето на Аллах. ([175]) () Тефсир Ес-Сади, стр: 569.
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека една црна жена ја чистеше џамијата - односно ја метеше - па Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја забележа нејзината отсутност, и праша за неа, па му рекоа: „умре” на што Пратеникот рекол: „Зарем не можевте да ме известите?“ - како да го потцениле нејзиното значење, па рече - „Покажете ми го нејзиниот гроб.“ Му го покажаа, па и клањаше џеназе, потоа рече: „Овие гробови се исполнети со темнина за нивните жители, а Возвишениот Аллах, ќе им ги осветли преку мојата молитва за нив.“ ([176]) () Го бележат Бухари, бр. 460, и Муслим, бр. 956.
Од Енес, радијалаху анху, исто така се пренесува дека рекол: „Додека седевме во џамијата со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дојде еден бедуин и почна да уринира во џамијата. Асхабите извикаа: ,Застани! Застани!’ Но Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Не го прекинувајте - односно: не го спречувајте додека не заврши - оставете го.' Го оставија додека не заврши, а потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го повика и му рече: ,Овие џамии не се погодни за уринирање или нечистотија. Тие се за спомнување на Возвишениот Аллах, за намаз и за читање на Куранот.' Потоа му нареди на еден од луѓето да донесе кофа со вода и да ја истури врз местото каде уринирал." ([177]) () Го бележат Бухари, бр. 219 (скратено), и Муслим, бр. 285.
Нема несогласување помеѓу зналците дека урината и сличните нечистотии се дел од работите кои мора да се отстранат од џамиите, бидејќи чистотата е од условите на џамијата. Џамиите, нивните теписи и сите простори што им припаѓаат – како дворови, тераси и слично – треба да се заштитат од секаков вид нечистотија и да се исчистат веднаш штом ќе се појави нешто од тоа.
Истовремено, се пренесува дека тие треба да се чистат и од други видови нечистотија, како што се шлајм, секрет од носот, плунка, крв, гној и слично. Енес бин Малик, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, видел плунка на местото на намазот во правец кон киблата,па тоа многу го вознемирило – толку што се забележало на неговото лице – па станал, го избришал со својата рака и рекол: „Кога некој од вас ќе застане на намаз, тој му се обраќа на својот Господар – или Господарот е меѓу него и киблата – затоа нека не плука во правец кон киблата, туку на својата лева страна или под своите нозе.“ Потоа го зеде крајот од својата облека, плукна во него и ја преклопи, па рече: „Или нека постапи вака.” ([178]) () Бухари, бр. 405, и Муслим, бр. 551.
Постојат многу хадиси кои укажуваат на забраната за плукање и исфрлање шлајм во џамијата. Во некои од нив се забранува плукањето во правец кон киблата или на десната страна, а се дозволува тоа да се направи на левата страна или под левата нога, по што се препорачува да се истрије со ногата. Несомнено е дека плунката и шлајмот се нешта што природно предизвикуваат одвратност, и токму затоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се налутил кога забележал плунка во правец на киблата во џамијата, така што лицето му поцрвене, па веднаш ја избриша и го намириса местото со хулук или шафран.
Познато е дека кога џамијата е изградена од глина, одржувањето е полесно, бидејќи подот е земјен и овозможува да се закопа она што ќе падне од нечистотијаили да се отстрани нечистата земја.
Земајќи предвид дека денешните џамии најчесто се поплочени и покриени со чисти теписи, кои се чувствителни на валкање, а на кои лесно остануваат траги од плунка, крв, гној и слично – неопходно е строго да се забрани плукањето на подот во нив, било да е тоа врз теписите, плочките или ѕидовите. Оној што ќе почувствува потреба да плукне или да исфрли шлајм, треба да излезе надвор, или да плукне во марамче кое потоа ќе го исфрли, или на крајот од својата облека и да ја преклопи, како што е спомнато во хадисот, со цел џамијата да остане чиста, уредна и достоинствена.
Аиша, радијаллаху анха, вели: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нареди да се градат џамии во населбите, да се одржуваат чисти и да се намирисаат убаво.“ Суфјан рекол: „Изградба на џамии во населбите значи: во живеалиштата на племињата.” [179] () Тирмизи, бр. 594, види и Фусул ве Месаил тетеалек бил месаџид, стр. 27.
Петта точка: Прописот за градење на џамија врз гроб или вклучување гроб во џамијата.
Не е дозволено да се изгради џамија врз гроб на било кого, без разлика за кого се работи, бидејќи ова е забрането, како што рекол шејхул ислам Ибн Тејмије, рахимехуллах: „Имамите се согласни дека не смее да се гради џамија врз гроб, затоа што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: ,Тие пред вас ги претвораа гробовите во џамии. Затоа, не претворајте ги гробовите во џамии; навистина, ви го забранувам тоа.'
Исто така, не е дозволено да се закопа никој во џамија. Ако џамијата постоела пред закопот, треба да се промени, или со израмнување на гробот, или со негово преместување ако е нов.
Ако џамијата е изградена по гробот, тогаш задолжително е или џамијата да се отстрани, или да се отстрани формата на гробот, бидејќи во џамија изградена врз гроб не е дозволено да се клања ниту задолжителен, ниту доброволен намаз; тоа е јасно забрането." ([180]) () Меџму ел-фетава, 22/194.
Меѓу доказите за ова, покрај она што го навел шејхул ислам, рахимехуллах, е и хадисот кој го пренесуваат Аиша и Абдулах бин Абас, радијаллаху анхума, кои рекле: ,,Кога на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се приближила смртта, тој ја ставал својата наметка на лицето, но кога ќе почувствувал потешкотија, ја тргал од лицето. Додека бил во таква состојба рекол: ,Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што гробовите на своите Пратеници ги претворија во места за молитви.' Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото." ([181]) () Го бележат Бухари, бр. 435, и Муслим: 531.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моментите на смртната агонија објаснил дека Возвишениот Аллах ги проколнал Евреите и Христијаните затоа што ги претворале гробовите на своите пратеници во светишта. Тој појаснил дека тоа било обичај на претходните неверници, со цел да го предупреди својот умет да не ги следи нивните постапки и да го затвори патот кон ширкот и обожувањето на некој друг покрај Аллах.
Мајката на верниците Аиша, радијаллаху анха, пренесува дека Ум Хабиба и Ум Селеме спомнале црква што ја виделе во Абесинија, во која имало икони, на што Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Навистина тие, ако меѓу нив имало добар човек и кога тој ќе умрел, тие врз неговиот гроб граделе светиште и ги насликувале тие слики. Таквите се најлошите созданија кај Аллах на Судниот ден.” ([182]) () Бухари, бр. 427, и Муслим, бр. 528.
Од Аиша, радијаллаху анха, исто така се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во текот на болеста од која не се опоравил рекол: „Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.” Ако не било тоа негово предупредување, неговиот гроб ќе беше на видливо место, но тој се плашеше да не биде претворен во џамија. ([183]) () Бухари, бр. 1390, и Муслим, бр. 529.
Шеста точка: Прописот за украсување на џамиите
Не е соодветно џамиите да се украсуваат, ниту да стануваат повод за горделивост и меѓусебно натпреварување во нивната надворешна убавина. Бухари бележи од Абдулах бин Абас, радијаллаху анхума, дека рекол: „Навистина ќе ги украсувате џамиите како што ги украсуваат Евреите и Христијаните.”
А Енес бин Малик, радијалаху анху, рекол: „Ќе се гордеат со нивната убавина, но ќе ги одржуваат (посетуваат) само малку.“
Од Омер, радијаллаху анху, се пренесува дека наредил да се градат џамии и рекол: „Заштитете ги луѓето од дождот, но внимавајте да не ги боите со црвена или жолта боја, па да не ги доведете во искушение луѓето.” ([184]) Овие преданија ги спомнува Бухари во неговиот „Сахих“ како муалек и со формулација која укажува на сигурност (1/96-97).
Во денешно време многу е распространето натпреварувањето во изгледот на џамиите. Луѓето почнаа да претеруваат во нивното украсување и во средствата што ги трошат за таа цел. Учените дале фетва дека е дозволено да се градат уредни и убави џамии доколку и куќите и домовите се изградени убаво – за џамиите да не изгледаат запоставено и безвредно во споредба останатите станбени објекти. Сепак, тоа треба да биде без претерување и раскош ниту во украсувањето, ниту во бојадисувањето, плочките, керамиката или теписите, особено ако сето тоа не е нужно. Имајќи предвид дека многу џамии сè уште имаат потреба од најосновни работи, подобро е средствата да се насочат токму кон потребите на таквите џамии.
Абдулах ибн Омер, радијаллаху анхума, пренесува дека џамијата во времето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, била изградена од тули, покривот ѝ бил од гранки на палми, а столбовите од палмово дрво. Ебу Бекр не направил никакви измени во неа, додека Омер ја проширил и ја обновил на истата основа како во времето на Аллаховиот пратеник – повторно со тули, палмени гранки и дрвени столбови. Потоа, Осман направил значајно проширување: ги ѕидал ѕидовите со делкани камења и вар, столбовите ги направил од обработен камен, а покривот го покрил со тиково дрво. ([185]) () Бухари, бр. 446.
Абдулазиз бин Баз, рахимехуллах, рекол: „Постапката на Осман, радијаллаху анху, укажува дека нема пречка џамијата да се разубави со делкан камен, квалитетно дрво и бојадисување на ѕидовите – сето тоа е дозволено. Иако животот на првите генерации е подобар и посовршен, сепак, кога почнале да ги украсуваат своите домови и да ги обновуваат старите градби, оставањето на џамијата во нејзината стара состојба може да ги одврати од клањање и собирање во неа. Во таков случај, дозволено е да се постапи како што постапил Осман, радијаллаху анху, за да се поттикнат луѓето да ја посетуваат џамијата. Но, ако целта е натпреварување во раскош и гордеење– тогаш тоа не е дозволено. Исто така, не е препорачливо на ѕидовите на џамијата да се пишува нешто – подобро е тие да останат еднобојни“ ([186]). () Пренесено од книгата „Ел Месаџид“ на ел-Кахтани, стр. 71.
Седма точка: Прописот за влегување на неверник во џамија
На муслиманите им е забрането да му дозволат на неверник да влезе во Светиот Храм во Мека, како и на целата територија што влегува во границите на харемот. Основата за ова се наоѓа во зборовите на Возвишениот Аллах: „О, верници, многубошците се нечисти, и нека не доаѓаат повеќе на аџилак во Светиот Храм по овогодишниот аџилак.” (Ет Теубе, 28) Што се однесува до другите џамии, ако нивното влегување е со шеријатски оправдана цел, нема пречка за тоа – како на пример да праша за исламот, да изврши некоја работа поврзана со џамијата, или со потребите на муслиманите, да слушне предавање, или да влезе за некаква дозволена цел, како на пример да се напие вода што се наоѓа во џамијата. Во такви случаи тоа е дозволено, бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го врзал Сумаме бин Усал за еден од столбовите на џамијата – како што раскажува Ебу Хурејре, радијаллаху анху дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, испратил коњаници кон Неџд, и тие донеле човек од племето Бени Ханифа по име Сумаме бин Усал, па го врзале за еден од столбовите на џамијата. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му пријде и го праша: „Што имаш да кажеш, о Сумаме?“ Тој одговори: „Имам добро, о Мухамед. Ако ме убиеш – ќе убиеш човек со крвна одмазда, ако ми направиш добро – ќе направиш добро на благодарен човек, а ако бараш богатство – побарај колку сакаш.“ Пратеникот го остави до следниот ден... до крајот на хадисот. ([187]) () Бухари и Муслим
Исто така се пренесува дека во џамијата влегла и делегација од Неџран, кои биле христијани ([188]), како и Дамам бин Салебе, кој влегол кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека бил во џамијата. Енес бин Малик, радијаллаху анху, раскажува: „Додека седевме со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек јавајќи камила, се симна, ја врза камилата а потоа праша: ,Кој од вас е Мухамед?’ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, па рековме: ,Овој, човекот со бел тен што седи потпрен.’ Тогаш човекот рече: ,О, сине на Абдулмуталиб.’ А Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Ти се одзивам.’ Човекот рече: ,Имам прашање до тебе и ќе бидам директен, па немој да се налутиш.’ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.’... сè додека не рече: ,Поверував во она со што си испратен. Јас сум Дамам бин Салебе, испратен од мојот народ – племето Бену Сад бин Бекр.’“ ([189]) () Бухари и Муслим Бухари. Види: Меџму фетава ве мекалат од Ибн Баз, осми том, поглавје „Пропис за влегувањето на неверниците во џамија", и фетви на потојаната комисија, 6/276.
Ова е сè што успеавме да го изложиме во врска со она што му е потребно на муезинот, имамот и хатибот, како и за прописите поврзани со џамиите. Ги советуваме муезинот, имамот и хатибот да се плашат од Аллах, да бидат истрајни во барањето и ширењето на знаењето, како и да водат грижа за тоа.
Аллах нека ни биде на помош. Аллаховиот благослов и мир се за нашиот пратеник Мухамед, неговото семејство и сите негови асхаби. Нашата последна дова е: благодарноста му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.
Неколку корисни извори и книги за муезинот, имамот и хатибот:
Ел-езан вел-икаме од д-р Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани. Издавач: Печатница Сефир, Ријад.
Ахкамул-имамети вел-иʾтимами фи ес-салати од д-р Абдулмухсин ел-Муниф.
Ел-имаме фи ес-салати фи дауил-л-китаб ве-с-сунне од Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани.
Услуб хутбетил-џума – од Абдуллах бин Дајфуллах ер-Рухејли. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Ел-имаме фи ес-салати – мефхум, фадаил, енва, адаб ве ахкам фи дауи-л-китаби ве-с-сунне – од д-р Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани. Издавач: Печатница Сефир, Ријад.
Хутебул-џума ве месулијјатул-хутаба – подготвено од: Комисијата за даʿва и упатство, Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Хутбетул-џума фил китаби вес-сунне – од Абдурахман бин Мухамед ел-Хамед. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Хутбетул-џума ве ехкамуха ел-фикхијје – од Абдулазиз бин Мухамед бин Абдулах ел-Хуџејлан. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Центар за исламски истражувања и студии.
Хутбетул-џума ве деуруха фи тербијетил-умме – од Абдулгани Ахмед Џебр Мезхер. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Хамсуне весијјетен ве весијје литекуне хатибен наџихан – од Емир бин Мухамед ел-Медри. Објавено на веб страницата на Министерството за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Салатул-џума – мафхум, шурут, фадаил, хасаис, адаб ве ахкам фи дауил-китаби вес-сунне – од д-р Сеид бин Али бин Вехф ел-Кахтани. Издавач: Печатница Сафир, Ријад.
Минберул-џумуа емане ве месулијје – од Абдуллах бин Мухамед бин Хумејд. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Менхеџ фи иʿдад хутбетил-џума – од д-р Салих бин Абдулах бин Хумејд. Издавач: Министерство за исламски прашања, даʿва и упатство, Кралство Саудиска Арабија.
Расаил лил еиммети вел муеззинин – од шејх Абдулах бин Салих ел-Февзан. Издавач: Дар Ибн ел-Џевзи.
Рисале ила еимметил месадџид вел муеззинин вел меʾмумин – од шејх Абдулах бин Џарулах ел-Џарулах.
Мевсуатул фикх ел-Кувејтијје и Мевсуа ед-дурер ес-сенијје – поглавјата за хутбата, имамството, езанот и џамиите.
Related books
All books
إعداد خطيب ماهر33 јазициخطيبإعداد خطيب ماهر
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Него го славиме и од Него помош и прошка бараме. Бараме засолниште кај Него од злото на нашите души и нашите лоши дела. Кого Аллах ќе го упати, никој не може да го заведе, а кого ќе го остави во заблуда, никој не може да го упати на вистинскиот пат. Сведочам дека нема друг вистински Бог освен Аллах, Единствениот, Кој нема здруженик, и сведочам дека Мухамед е Неговиот роб и пратеник. Аллаховиот мир и благослов нека се над него, над неговото семејство, неговите асхаби и сите што ги следат во добродетелство. Потоа…
Кој ме создал? И зошто?75 јазициКој ме создал? И зошто?
Сè укажува на постоење на Создателот Кој ги создал небесата и Земјата и сè што постои на нив од грандиозните созданија кои не можеме да ги наброиме? Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата? Кој го создал човекот, му дал слух, вид и разум и му овозможил да присвојува знаења и да осознава вистини? Како го објаснуваш ова прецизно создавање на органите во твоето и во телата на живите организми? Кој така креативно ги создал? Како е организиран и толку стабилен овој грандиозен универзум, со своите закони кои прецизно го уредуваат во текот на сито минато време?
Прописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)26 јазициПрописи за џеназето (подготовки и закоп на починато лице)
Книгата ги објаснува практиката и целите на постапувањето со починатите според исламскиот шеријат, разгледувајќи ја вредноста на следењето на џеназите, начинот на извршување на намазот за нив и различните состојби поврзани со тоа. Книгата исто така, укажува на важните упатства како што се брзото подготвување на џеназата, избегнувањето на гласното оплакување, значењето на трпението и задоволството со Божјата одлука. Книгата потсетува дека смртта е неизбежна за секој човек и поттикнува на добро мислење за Аллах и истрајност, со дова за починатите за прошка и милост.
ستون سؤالا في أحكام الحيض والنفاس47 јазициأحكامستون سؤالا في أحكام الحيض والنفاس
Кликнете за да ги видите деталите за книгата.