الإسلام - نبذة موجزة عن الإسلام (مشتملة على الأدلة)
Исламот Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот Важна книга која содржи концизна дефиниција на исламот, ги објаснува главните основи, учења и одлики на истиот, според автентичните извори, Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот. Оваа книга им се обраќа на сите оние кои се обврзани да го следат исламот, во секое време и простор, на муслиманите и на немуслиманите на јазик кој го разбираат. Истата ги зема предвид нивните специфични услови и особености. (верзија која содржи докази од Благородниот Куран и Пророчката…
These files are generated automatically from the book's text; their layout may differ from the printed edition.
Исламот
Концизна и суштествена презентација на исламот според Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот
Важна книга која содржи концизна дефиниција на исламот, ги објаснува главните основи, учења и одлики на истиот, според автентичните извори, Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот. Оваа книга им се обраќа на сите оние кои се обврзани да го следат исламот, во секое време и простор, на муслиманите и на немуслиманите на јазик кој го разбираат. Истата ги зема предвид нивните специфични услови и особености.
(верзија која содржи докази од Благородниот Куран и Пророчката традиција – Сунетот)
Исламот е Божја порака до сите луѓе, тој е божествена порака, последна и вечна, со неа се запечатуваат сите пораки на Бог до човештвото.
Исламот е порака до сите луѓе. Аллах, Славениот, вели: „Ние те пративме на целото човештво, радосни вести да им носиш и да ги опоменуваш, но повеќето луѓе не знаат...“ (Сабе, 28) Возвишениот истовремено вели: „Кажи: ,О, луѓе, јас сум ви на сите вас Аллахов Пратеник...‘“ (Ел Араф, 158) Текстот на следниот ајет е: „О, луѓе, Пратеникот веќе ви ја донесе Вистината од Господарот ваш; затоа верувајте – подобро е за вас! А ако не верувате, па Аллахово е тоа што е на небесата и на Земјата, и Аллах сè знае и Мудар е!“ (Ен Ниса, 170)
Исламот е Божја порака, вечна, и е последната од сите Божји објави за која нашиот Господар вели: „Мухамед не е татко никому од вашите луѓе, туку е Аллахов Пратеник и последен веровесник – а Аллах сè добро знае.“ (Ел Ахзаб, 40)
2. Исламот не е вера за одредена раса или за некој посебен народ, тој е вера на целото човештво
Исламот не е вера на одредена раса или народ, тој е Аллахова вера за целото човештво и Аллах во својата прва наредба во Благородниот Куран вели: „О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“ (Ел Бекаре, 21) Аллах, Возвишениот, вели: „О, луѓе плашете се од Господарот свој, Кој од еден човек ве создаде, од кого жената како пар негов ја создаде, а од нив двајца многу мажи и жени расеа!“ (Ен Ниса, 1) Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на денот на ослободувањето на Мека, одржал говор и рекол: „Луѓе, Аллах ве спасил од горделивоста на времето на незнаењето и од гордеењето (со потеклото), секој човек е или богобојазлив доброчинител кој му е драг на Аллах или грешник несреќник кој нема вредност кај Бога. Луѓето се потомци на Адем, а Аллах го создал Адем од земја. Аллах вели: ,О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено.‘ (Ел Хуџурат, 13)“ Забележан во збирката на Тирмизи, бр. 3270. Во наредбите на Благородниот Куран и во наредбите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не се наоѓа пропис кој се однесува на одреден народ или заедница заради нивната раса, нација или род.
3. Исламот е Божја порака која ги дополнила претходните објави на Аллах, до различни народи преку Божјите пратеници, Аллаховиот мир нека е со сите
Исламот е последната Божја порака до човештвото која го надополнила она што претходно им било објавено на другите Божји пратеници, Аллаховиот мир нека е со сите. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Ние ти објавуваме тебе како што му објавувавме на Нух и на веровесниците по него, а му објавивме и на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на внуците, и на Иса, и на Ејуб, и на Јунус, и на Харун, и на Сулејман, а на Давуд му го дадовме Зебурот.“ (Ен Ниса, 163) Оваа вера објавена од Аллах до Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, е истата вера која им била пропишана и им била објавена и на поранешните пејгамбери. Нашиот Господар рекол: „Тој ви го пропишува во верата истото тоа што му го наредил и на Нух и тоа што ти го објавуваме тебе, и тоа што му го наредивме на Ибрахим и на Муса и на Иса: „Вистинската вера исповедајте ја и во тоа не се раздвојувајте!“ Тешко им е на многубошците да се одѕвијат на твојот повик. Аллах за Својата вера одбира кого Тој сака и го упатува во неа тој што искрено ќе Му се обрати.“ (Еш Шура, 13) Оваа вера објавена од Аллах до Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, е потврда на она кое е објавено во Тевратот (Тората) и Инџилот (Евангелието), пред нивното искривување. Аллах, Благиот, вели: „А тоа што ти го објавуваме од Книгата е целосна Вистина, таа потврдува дека се вистинити и тие пред неа – Аллах за робовите Свои навистина знае сè и Тој гледа сè.“ (Ел Фатир, 31)
4. Верата на Божјите пратеници, Аллаховиот мир нека е над нив, е една, се разликуваат нивните верозакони
Сите Божји пратеници, Аллаховиот мир нека е со нив, имаат една единствена вера, а се разликуваат нивните верозакони. Аллах, рекол: „А тебе ти објавуваме Книга, со Вистината, да ги потврди книгите пред неа објавени и над нив да бдее. И ти суди им според тоа што го објавува Аллах и не следи ги желбите нивни, и не отстапувај од Вистината која ти доаѓа; на сите вас закон и правец ви пропишавме! А да сакаше Аллах, ќе ве направеше следбеници на една вера, но, Тој сака да ве искуша во тоа што ви го пропишува, затоа натпреварувајте се кој повеќе добрини ќе прави; кај Аллах сите ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа за што не се согласувавте.“ (Ел Маиде, 48) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Јас сум најблизок до Иса, синот Мерјемин, на овој и на другиот свет. Божјите пратеници се браќа по татко, им се разликуваат мајките, но верата им е една единствена.“ Го пренесува Бухари, бр. 3443.
5. Исламот, онака како што повикувале и сите пратеници меѓу кои се и Нух, Ибрахим, Муса, Сулејман, Давуд и Иса, Аллаховит мир нека е со сите, повикува да се верува во Аллах како Господар, Создател, Снабдувач, Тој дава живот и одзема живот, Тој владее и управува со сè, Тој е Благиот и Милостивиот.
Пораката на исламот е еднаква на пораката на сите пратеници меѓу кои се и Нух, Ибрахим, Муса, Сулејман, Давуд и Иса, Аллаховит мир нека е со сите. Таа е да се верува во Аллах како Господар, Создател, Снабдувач, Тој што дава живот и одзема живот, Тој што владее и управува со сè, Тој е Благиот и Милостивиот. Господарот на световите рекол: „О, луѓе, сетете се на благодатта со која Аллах ве опсипува. Постои ли, освен Аллах, некаков друг создател кој од небо и од земја ве снабдува? Освен Него нема друг бог, па тогаш каде се одметнувате?“ (Ел Фатир, 3) Аллах, Возвишениот, на друго место во Куранот вели: „Запрашај: ,Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?‘ – ,Аллах!‘, ќе кажат тие, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите од Него?‘“ (Јунус, 31) Во друг ајет од Аллаховата книга стои:: „Тој Кој од ништо создава сè, Кој тоа повторно ќе го направи, и Кој снабдувањето од небо и од земјата ви го дава. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Кажи: ,Докажете ако ја зборувате вистината!‘“ (Ен Немл, 64)
Сите Божји пратеници, Аллаховиот благослов нека е над сите, се пратени да повикуваат да се обожува само Аллах, едниствениот вистински Господар. Аллах, рекол: „Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!‘ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда. Затоа патувајте по светот за да видите како завршија тие што Пратениците за лага ги обвинуваа.“ (Ен Нахл, 36) Куранот вели: „Пред тебе ниту еден Пратеник не испративме, а да не му објавевме: ,Нема бог освен Мене, затоа Мене обожувајте Ме!‘“ (Ел Енбија, 25) Аллах ни зборува за Нух, алејхи селам, велејќи: „Ние го испративме Нух на народот негов, па тој им говореше: ,О, народе мој, само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Јас навистина стравувам за вас од страданието на Големиот ден!‘“ (Ел Араф, 59) За Ибрахим, алејхи селам, ни го кажал следното: „А и Ибрахим, кога му кажа на народот свој: ,Аллах обожувајте Го и од Него плашете се, тоа ви е подобро, да знаете!‘“ (Ел Анкебут, 16) Ни ја пренесува и пораката на Салих, алејхи селам, велејќи: „,О, народе мој,‘ – говореше тој - ,само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Еве ви знак од Господарот ваш: оваа Аллахова камила за вас е знак. Пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не злоставувајте ја, па неиздржливо страдање да ве стигне!‘“ (Ел Араф, 73) И пораката на Шуајб, алејхи селам, кој рекол: „,О, народе мој,‘ – говореше тој – ,само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Ви доаѓа јасен доказ од Господарот ваш, затоа правилно на литарот и на кантарот мерете и на луѓето работите нивни не кратете им ги, и редот на Земјата не нарушувајте го кога е веќе на неа воспоставен! Тоа е подобро за вас, ако верувате.‘“ (Ел Араф, 85)
Кога првпат му се обрати на Муса, алејхи селам, Аллах, Славениот, му рече: „И те одбрав тебе. Затоа слушај го тоавшто ќе ти се објавува!“ (13) „Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го!“ (14) (Таха, 13-14) Аллах нѐ информира и дека Муса, алејхи селам, побарал заштита од Аллах, велејќи: „Го молам Господарот свој и Господарот ваш да ме заштити од секој вообразеник кој не верува во Денот во кој сметката ќе се полага!“ (Ел Мумин, 27) Аллах ни кажува и за Месихот Иса, алејхи селам, велејќи: „Аллах, навистина, е и мој и ваш Господар, па Него обожувајте Го! Тоа е Вистинскиот пат!“ (Али Имран, 51) За Иса, алејхи селам, Возвишениот Аллах исто така не информира велејќи: „,О, синови Израилови, обожувајте Го само Аллах, и мојот и вашиот Господар!‘ Кој на Аллах ќе Му припишува здруженик, Аллах ќе му го забрани влезот во Џенетот и неговото живеалиште ќе биде Џехенемот; а на злосторниците нема никој да им помогне!“ (Ел Маида, 72)
И во двете претходни книги објавени од Аллах, Тевратот и Инџилот, потврдено е дека само единствениот Бог треба да се обожува како што е спомнато за Муса, алејхи селам, кој во книгата Повторени закони вели: „Почуј, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ.“ Тевхидот како единствено исправно верување е потврдено и во Марковото евангелије во кое Иса, алејхи селам вели: „А Исус му одговори: Прва од сите заповеди е: Чуј, Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ.“
Аллах, џеле џелалуху, потврдува дека сите Негови пратеници ја имале истата голема должност да ги повикаат луѓето да го обожуваат единствениот вистински Бог. Аллах, субханеху ве теала вели: „Ние на секој народ Пратеник му испративме: ,Само Аллах обожувајте Го, а тргнете се од тагутот!‘ И меѓу нив имаше од тие на кои Аллах на Вистинскиот пат им укажал, а и од тие што заслужиле да останат во заблуда.“ (Ен Нахл, 36) Од говорот на Возвишениот е и следниов во кој Тој вели: „Кажи: ,Што мислите за тие на коишто, покрај Аллах, им се молите? Покажете ми кој дел од Земјата го создале, и дали имаат некаков удел во небесата? Донесете ми ја Книгата објавена пред оваа или само некаков остаток од знаењето, ако вистината ја зборувате.‘“ (Ел Ахкаф, 4) Ибн Сади, Аллах нека му се смилува, вели: „Стана јасно дека полемиката на многубошците за нивниот политеизам нема никаква поткрепа, ниту, пак, доказ. Тие се потпираат врз лажни претпоставки, небазирани размислувања, погрешно резонирање, а тоа го потврдува целосната анализа на нивната состојба и следењето на нивните знаења и пракса. Да видиме дали нивните лажни божества, за кои ги потрошија своите животи, им донеле некоја корист на овој или на оној свет.“ Тејсирул Керимил Менан, стр. 779.
6. Аллах создал сѐ и единствено Тој заслужува да биде обожуван и никој друг не смее да се обожува освен Аллах.
Аллах е Тој кој заслужува да биде обожуван и никој друг, освен Него, не смее да се обожува. Аллах, Славениот, вели: „О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“ (21) „Кој Земјата постела, а небото кров ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа.“ (22) (Ел Бекаре, 21-22) Тој кој нѐ создал нас и генерациите пред нас, кој направи земјата да биде наша постела, кој од небото спушта дожд и за нас создава плодови со кои се храниме; единствено Тој заслужува да биде обожуван. Аллах, вели: „О, луѓе, сетете се на благодатта со која Аллах ве опсипува. Постои ли, освен Аллах, некаков друг создател кој од небо и од земја ве снабдува? Освен Него нема друг бог, па тогаш каде се одметнувате?“ (Ел Фатир, 3) Единствено Тој што создава и снабдува, заслужува нему да му се посвети обожувањето. Аллах, рекол: „Тоа е Аллах, Господарот ваш, нема друг бог освен Него, Создателот на сè; затоа Него обожувајте Го; Тој бдее над сè!“ (Ел Енам, 102)
Сѐ она што покрај Аллах се обожува не заслужува да биде обожувано, тие не поседуваат ниту колку ронка на небесата ниту на земјата; Тој (Аллах) нема содружник во било која ствар, ниту помагач, ниту има потреба од поддржувач. Како тогаш можеме да му се молиме на некој друг и на Аллах да му припишуваме здруженик. Нашиот Господар вели: „Кажи: ,Викнете ги тие кои, покрај Аллах, за богови ги сметате. Тие ништо не поседуваат, ни колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата; тие во нив немаат никаков удел и Тој нема од нив никаква помош.‘“ (Сабе, 22)
Аллах е Создател на сите суштества, ги создал од ништо и нивното постоење е доказ за Неговото постоење, како Господар и како единствено достоен за обожување. Аллах, Најмилостивиот, вели: „Еден од доказите Негови е тоа што од земја ве создаде, и одеднаш, луѓе, секаде ве има распространети.“ (20) „И еден од доказите Негови е тоа што за вас, од видот ваш, создава жени за покрај нив да се смирите, и тоа што помеѓу вас создава љубов и сомилост. Во тоа навистина има знаци за луѓето што размислуваат.“ (21) „И еден од доказите Негови е создавањето на небесата и на Земјата, и разновидноста на јазиците ваши и на боите ваши; во тоа навистина има знаци за тие што знаат.“ (22) „И еден од доказите Негови е вашиот сон и ноќе и дење, и вашето настојување да стекнете нешто од изобилството Негово; во тоа навистина има знаци за луѓето кои слушаат.“ (23) „И еден од доказите Негови е тоа што ви ја покажува молњата, за да се заплашите и за да се понадевате, и тоа што од небото спушта дожд и со него ја оживува земјата по мртвилото нејзино; во тоа навистина има знаци за луѓето кои разбираат.“ (24) „И еден од доказите Негови е тоа што небото и Земјата ги одржува поради волјата Негова. Потоа, штом Тој само еднаш од земјата ќе ве повика, бргу ќе излезете.“ (25) „Нему Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата, Нему сè Му е потчинето.“ (26) „Тоа е Тој што создава од ништо и Тој тоа повторно ќе го стори, Нему тоа Му е лесно;“ (27) (Ер Рум, 20-27)
Немруд го негираше постоењето на неговиот Господар, па на тоа Ибрахим, алејхи селам, му одговори: „,Аллах прави Сонцето да изгрева од исток,‘ – рече Ибрахим – ,па ти направи да излезе од запад!‘ И неверникот се збуни. А Аллах навистина не ги упатува насилниците на Вистинскиот пат.“ (Ел Бекаре, 258) На истиот тој начин Ибрахим, алејхи селам, аргументираше пред својот народ, дека Аллах е тој што го упатил, го нахранил и напојил, кога е болен Аллах го лекува, го усмртува и оживува. За тоа ни зборуваат следниве ајети: „Кој ме создаде и на Вистинскиот пат ме упати, (78) и Кој ме храни и пои, (79) и Кој, кога ќе се разболам, ме лечи, (80) и Кој животот ќе ми го одземе, и Кој потоа ќе ме оживее.“(81) (Еш Шуара, 78-81) Во Куранот се спомнува и полемиката на Муса, алејхи селам, со фараонот на кого Божјиот пратеник му вели дека неговиот Господар е: „...е Тој што му даде облик на сè, а потоа го упати.“ (Таха, 50)
Аллах на луѓето им потчинил сѐ што е на небесата и на Земјата, ги опсипа со сите благодати, за да Го обожуваат и да не Го негираат. Аллах, Славениот, вели: „Како не гледате дека Аллах ви овозможил да го користите сето тоа што постои на небесата и на Земјата и дека дарежливо ве опсипува со Својата благодат, и видливата и невидливата? А има луѓе кои расправаат за Аллах без никакво знаење, без никакво упатство и без Книгата што дава светлина.“ (Лукман, 20) Аллах на човекот му потчинил сѐ што е на небесата и на Земјата, го создал и го подготвил со сѐ што му е потребно од слух, вид, срце за да го научи она кое ќе го ориентира кон неговиот Создател и Заштитник, а кој вели: „Аллах од стомаците на вашите мајки ве изведува, вие ништо не знаете, и ви дава и слух и вид и разум, за да бидете благодарни.“ (Ен Нахл, 78)
Аллах, субханеху ве теала, ги создал сите светови, го создал човекот и го подготвил со сѐ она што му е неопходно од екстремитети и сила, го помогнал со сѐ она кое му е неопходно за да го обожува Аллах и за да живее на Земјата. За човекот е потчинето сѐ на небото и на Земјата.
Сите овие големи созданија се доказ дека Аллах е вистинскиот Господар и дека тој факт подразбира дека Аллах е единствено достоен да се обожува. Аллах, субханеху ве теала вели: „Запрашај: ,Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?‘ – ,Аллах!‘, ќе кажат тие, а ти кажи: Па зошто тогаш не се плашите од Него?‘“ (Јунус, 31) Вистинскиот Господар ни кажува: „Кажи: ,Што мислите за тие на коишто, покрај Аллах, им се молите? Покажете ми кој дел од Земјата го создале, и дали имаат некаков удел во небесата? Донесете ми ја Книгата објавена пред оваа или само некаков остаток од знаењето, ако вистината ја зборувате.‘“ (Ел Ахкаф, 4) Аллах, Возвишениот вели: „Небесата кои вие ги гледате без столбови ги создаде, а по Земјата планини неподвижни распореди за да не ве тресе, и по неа животни од сите видови распространи. Ние од небото спуштаме дожд и правиме од него да растат разновидни благородни растенија. Тоа е Аллаховото создавање; а покажете ми што, освен Него, создале другите? Ништо! Mногубошците се во вистинска заблуда.“ (Лукман, 10-11) Вистинскиот и Премилостивиот Господар исто така вели: „Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!“ (35) „Дали тие небесата и Земјата ја создадоа?! Не, туку тие не се убедени!“ (36) „Дали се кај нив ризниците на Господарот твој, или дали тие владеат?“ (37) (Ет Тур, 35-37) Познатиот коментатор на Куранот Ес Сади напишал: „Оваа аргументација (од страна на Аллах) е со факти кои не можат да ги негираат освен ако не излезат од рамките на здравиот разум и верски принципи.“ Тефсир Ибн Сади, стр: 816.
7. Аллах е Создател на сѐ што постои во универзумот, на она што е видливо и на она кое не е видливо. Сѐ освен Аллах е создадено суштество; Аллах ги создал и небесата и Земјата за шест дена.
Аллах е Создател на сѐ што постои во универзумот, на она што е видливо и на она кое не е видливо. Сѐ освен Аллах е создадено суштество; Аллах, џеле џелалуху, вели: „Кажи: ,Кој е Господар на небесата и Земјата?‘ – и одговори: ,Аллах!‘ Кажи: ,Па зошто тогаш наместо Него како заштитници сте ги прифатиле тие што не можат самите себеси никаква корист да си направат ниту од себе некаква штета да отстранат?‘ Кажи: ,Зарем се еднакви слепецот и тој што гледа, или, зарем се исти темнините и светлото, или зарем тие што Му ги здружуваат на Аллах создаваат како што Тој создава, па создавањето им се чини слично?‘ Кажи: ,Аллах е Создателот на сè и Тој е Единиот и Семоќниот.‘“ (Ер Рад, 16). Аллах исто така вели: „...а ќе го создаде и тоа што не го знаете.“ (Ен Нахл, 8)
Аллах ги создал и небесата и Земјата за шест дена, и за тоа Тој вели: „Тоа е Тој што ги создаде небесата и Земјата за шест временски периоди, а потоа се возвиши над Аршот: Тој знае што влегува во земјата и што излегува од неа, и што од небото слегува и што кон него се крева, Тој е со вас каде и да сте, и Аллах гледа сè што правите.“ (Ел Хадид, 4) Аллах, Возвишениот вели: „Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор.“ (Каф, 38)
8. Аллах, Возвишениот, нема здруженик во Неговата власт, создавање, управување и во обожувањето посветено Нему.
Аллах, субханеху ве теала е апсолутниот Владетел кој нема здруженик во создавањето, владеењето и управањето. Аллах, Најмилостивиот, вели: „Кажи: ,Што мислите за тие на коишто, покрај Аллах, им се молите? Покажете ми кој дел од Земјата го создале, и дали имаат некаков удел во небесата? Донесете ми ја Книгата објавена пред оваа или само некаков остаток од знаењето, ако вистината ја зборувате.‘“ (Ел Ахкаф, 4) Ибн Сади, Аллах нека му се смилува, вели: „Кажи им на овие кои покрај Аллах обожуваат идоли и кипови, за кои сметаат дека му се рамни на Аллах, тие не поседуваат корист, не можат да ни наштетат, во нивни раце не е ниту животот, ниту смртта ниту оживувањето. Докажувајќи им зошто тие не заслужуваат да бидат обожувани, кажи им: Покажете ми кој дел од Земјата го создале, и дали имаат некаков удел во небесата? Дали создале нешто од составните делови на небесата и Земјата, дали тие ги создале планините, реките, дали нивно создание се животните? Тие ли ги посадија дрвјата или пак помагаа во создавањето на овие работи? Тие самите, а и другите ќе потврдат дека ништо не создале, а тоа е непобитен доказ дека обожувањето на нешто или некој освен Аллах е безвредно.“
Потоа укажа на непостоење на доказ од објавата велејќи: „Донесете ми ја Книгата објавена пред оваа...“ книга која повикува кон идолопоклонство „....или само некаков остаток од знаењето,“ наследен од пратениците во кое се наредува политеизмот. Познато е дека тие се немоќни да достават доказ од Божјите пратеници дека повикувале кон ширк. Сигурни сме и убедени сме дека сите повикувале да се обожува единствениот Бог и го забранувале идолопоклонството. Ова е највозвишеното знаење наследено од нив. Тефсир Ибн Сади, стр.779.
Возвишениот Аллах е апсолутниот Владетел кој нема ортак во Неговата власт. Аллах, Славениот, вели: „Кажи: ,О, Аллаху мој, Поседувателу на власта! Ти власта кому сакаш му ја даваш, а ја одземаш од кого сакаш! Ти возвишуваш кого сакаш, а понижуваш кого сакаш! Во Твојата рака е доброто! Ти си навистина Семоќен!‘“ (Али Имран, 26) Аллах ја спомнува и Неговата апсолутна моќ на Судниот ден: „На Денот кога тие ќе се појават, кога на Аллах нема за нив ништо скриено да Му биде. Кому му припаѓа власта денес? – На Аллах, Единиот, над сè Надмоќниот.“ (Ел Мумин, 16)
Аллах, Возвишениот, нема здруженик (му нема рамен) во Неговата власт, создавање, управување и во обожувањето: „И кажи: ,Благодарноста Му припаѓа на Аллах Кој нема дете и Кој во власта нема ортак, и на Кој не му треба заштитник поради немоќ – и величај Го со сета величественост!‘“ (Ел Исра, 111) Аллах, Возвишениот, вели: „Тој на Кого Му припаѓа власта на небесата и на Земјата, Кој нема дете, Кој во власта нема здруженик и Кој создаде сè и како што треба го уреди!“ (Ел Фуркан, 2) Тој е Владетел и сè што постои му е потчинето, Тој е Создател и сè што постои Тој го создал, Тој управува со сè. Затоа само Тој е достоен да се обожува а обожувањето на некој друг освен Аллах е доказ за недостаток на разум и е политеизам кој е уништувачки на овој и на оној свет: Тие велат: „,Бидете евреи или христијани, и ќе бидете на Вистинскиот пат!‘ Ти кажи: ,Не, ние сме во верата на Ибрахим, кој исправно веруваше; тој никого за рамен на Аллах не Му припишуваше.‘“ (Ел Бекаре, 135) Аллах, Возвишениот, вели: „Кој има подобра вера од тој што Му го предал своето лице на Аллах, а добродетел е и ја следи верата на Ибрахим чинејќи, уште, и добри дела, и кој ја следи верата Ибрахимова, верата чиста? А Аллах го зеде Ибрахим за пријател.“ (Ен Ниса, 125) Вистинскиот Господар ни дава до знаење дека секој оној кој не го следи Ибрахимовиот пат, не е разборит, ниту, пак, разумен. „Верата на Ибрахим ја одбегнува само тој што не е достоен на себеси! Ние него го одбравме на овој свет, а и на оној свет ќе биде меѓу добрите.“ (Ел Бекарe, 130)
9. Возвишениот Аллах не родил ниту е роден и не постои нешто, односно некој кој е сличен или истоветен со Него:
Возвишениот Аллах не родил ниту е роден и не постои нешто, односно некој кој е сличен или истоветен со Него. Вистинскиот господар вели: „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!‘“ (Ел Ихлас, 1-4) Аллах, Возвишениот, вели: „Тој е Господар на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив, затоа само Него обожувај Го и истрај во тоа! Дали знаеш некого кој Му е сличен?“ (Мерјем, 65) Тој, на друго место во Куранот, ќе каже: „Создателот на небесата и на Земјата! Тој како парови ве создава – а создава парови и од животните – за така да ве размножува. Ништо Нему не му е слично! Тој сè слуша и сè гледа.“ (Еш Шура, 11)
10. Возвишениот Господар не се инкарнира во ништо, ниту, пак, се отелотворува во нешто кое Тој го создал:
Возвишениот Господар не се инкарнира во ништо, не се отелотворува во нешто кое Тој го создал, ниту, пак, се соединува со било што. Тој е Создател а сѐ друго покрај Него е создадено. Сѐ што постои и е создадено еден ден ќе го снема а ќе остане само Тој. Тој поседува сѐ и Тој е Владетелот. Тој не се инкарнира во нешто што создал, ниту, пак, тоа што е создадено може да се соедини со Божјото битие. Аллах е поголем и повозвишен од сѐ. Негирајќи го Своето соединување со Месихот, Аллах, Славениот, вели: „Неверници се тие што велат: ,Бог е Месих, синот Мерјемин!‘ Кажи: ,Кој може да Го спречи Аллах, ако сака, да го уништи Месих, синот Мерјемин, и мајката негова, и сите што се на Земјата? Аллахова е власта и на небесата и на Земјата и на тоа што е помеѓу нив! Тој создава што сака и Аллах може сè.‘“ (Ел Маиде, 17) Аллах, Возвишениот, вели: На Аллах Му припаѓаат и истокот и западот; каде и да се свртите, таму е Аллаховото лице. Аллах е навистина неизмерно добар и Тој знае сè. „Неверниците велат: ,Аллах си зел дете за себе.‘ Возвишен нека е Тој! Напротив, Нему Му припаѓа сè што е на небесата и на Земјата и Нему сè Му се покорува; Тој е Создателот на небесата и на Земјата, а кога нешто ќе одлучи, Тој само ќе каже: ,Биди!‘ – и тоа бидува.“ (Ел Бекаре, 115-117) Во други ајети од Аллаховата книга се вели: „Тие велат: ,Семилосниот си зел дете за Себе!‘ Вие, навистина, нешто крупно говорите! Од тоа небесата само што не се распаднале, а Земјата не се урнала и планините не се здробиле, затоа што на Семилосниот Му припишуваат дете! А на Семилосниот не Му е потребно да си земе дете! Та, сите тие, и тие на небесата и тие на Земјата, ќе Му дојдат на Семилосниот како робови. Тој сите ги опфати и точно ги изброја, и сите на Судниот ден ќе Му дојдат еден по еден.“ (Мерјем, 88-95) Од говорот на Возвишениот е и следниов во кој Тој вели: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!“ (Ел Бекаре, 255) Не е можно Семоќниот Создател да се инкарнира во, да се соедини со или да го прогласи за истоветно божество некого или нешто што е создадено.
11. Аллах е Благ и Милостив кон своите робови, па затоа пратил Свои пратеници и им објавил книги.
Севишниот Господар е Благ и Сомилосен кон своите робови, и тоа е причината поради која се испратени Божјите пратеници и се објавени Божјите книги. Преку нив Аллах ги извел од темнините на неверувањето и идолопоклонството на светлината на монотеизмот и Божјиот пат. Аллах, субханеху ве теала, вели: „Тој на Својот роб му објавува јасни ајети за да ве изведе од темнините на светлина, а Аллах навистина е Благ и Милостив кон вас.“ (Ел Хадид, 9)
Аллах, Возвишениот, вели: „...а тебе само како милост на световите те пративме.“ (Ел Енбија, 107) Му нареди на Својот пратеник да ги информира Неговите робови дека Тој простува и е Милостив. Аллах, Возвишениот, вели: „Кажи им на робовите Мои дека Јас, навистина, Сум Тој што простува и дека Сум Милостив.“ (Ел Хиџр, 49) Знак на Неговата благост и милост е отстранувањето на неволјата и доброто кое им го дава. Аллах, во Неговата Книга, вели: „Ако Аллах ти даде некаква неволја, никој освен Него не може да ти ја отстрани, а ако ти посака добро, па никој не може да ја спречи Неговата благодат; Тој со неа наградува кого сака од робовите Свои.Тој простува и Милостив е.“ (Јунус, 107)
Аллах, Милостивиот Господар, пред Кого ќе одговараат сите луѓе за своите дела на Судниот ден, откако ќе бидат проживеани од своите гробови. Секој ќе го добие заслуженото, наградата или казната. Верникот кој бил доброчинител ќе биде награден со вечен рај, а неверникот кој грешел ќе се соочи со голема казна на Судниот ден.
Аллах, Милостивиот Господар, пред Кого ќе одговараат сите луѓе за своите дела на Судниот ден, откако ќе бидат проживеани од своите гробови. Секој ќе го добие заслуженото, наградата или казната. Верникот кој бил доброчинител ќе биде награден со вечен рај, а неверникот кој грешел ќе се соочи со голема казна на Судниот ден. Аллах со Својата праведност, мудрост и милост одредил овој свет да биде место на кое човекот треба да работи, додека другиот свет е место каде ќе го добие заслуженото, наградата или казната. Доброчинителот ќе ја добие заслужената награда, а неправедникот и тој што не ги почитува Аллаховите граници ќе биде казнет за своите дела. Имајќи предвид дека некои луѓе имаат сомнежи поврзани со оживувањето, Аллах дава бројни докази дека оживувањето на мртвите е вистина во која нема сомнеж. Тој во Куранот вели: „А од доказите Негови е и тоа што гледаш сува земја, а кога на неа ќе спуштиме дожд, таа се придвижува и процветува. Тој што ѝ дава живот ќе ги оживее сигурно и мртвите, бидејќи Тој е способен за сè.“ (Фусилет, 39) Аллах, Возвишениот, вели: „О, луѓе! Ако се сомневате во оживувањето – па Ние ве создаваме од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка крв, потоа од парче месо, обликувано и необликувано, за да ви објасниме! А во матките задржуваме што сакаме, до рокот одреден, потоа правиме како доенчиња да се раѓате и потоа до потполна развиеност да израснете; едни од вас умираат, а други длабока старост доживуваат, за, откако знаел, да не знае ништо. И ти види ја земјата како е замрена, но кога дожд ќе спуштиме на неа, таа потреперува и набабрува, и од неа никнуваат секакви прекрасни растенија.“ (Ел Хаџ, 5) Вистинскиот Господар во овие цитати од Куранот дава три логични докази во прилог на оживувањето по смртта, а тоа се:
1, Аллах го создал првиот човек од земја, и Тој што бил моќен да го создаде човекот од земја првиот пат, е моќен да го врати во живот откако умрел и се претворил во прав.
2. Тој што човекот го создал од капка семе има моќ да го врати во живот по смртта.
3. Тој што со дожд ја оживува замрената земја е моќен да ги оживее луѓето по нивната смрт. Овој ајет укажува на научната надмоќ на Куранот, во еден краток цитат спомнати се три логични докази за ова важно прашање.
Аллах, Возвишениот, вели: „Тој Ден, кога ќе ги свиткаме небесата како што се свиткува лист хартија, така како што првиот пат од ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме.“ (Ел Енбија, 104) Аллах, Возвишениот, вели: „...и Нам Ни наведува пример, а заборава како е создаден, и вели: ,Кој ќе ги оживее коските кога прав ќе се сторат?‘“ Кажи: ,Ќе ги оживее Тој што првиот пат ги создал; Тој добро знае сè што создал.‘“ (Јасин, 78-79) Во други ајети од Аллаховата книга се вели: „А што е потешко: вас или небото да го создаде? Тој го создаде, сводот негов високо го крена и го усоврши, ноќите негови мрачни, а деновите светли ги направи. Потоа Земјата ја распростре, од неа вода и пасишта изведе, и планините неподвижни ги направи.“ (Ен Назиат, 27-31) Нашиот Господар ни дава до знаење дека создавањето на човекот не е потешко од создавањето на небесните сводови, на Земјата и на сѐ помеѓу нив. Создателот на небесата и Земјата е моќен да го врати во живот човекот, по неговата смрт.
13. Аллах, субханеху ве теала, го создал првиот човек, Адем, од земја, потоа овозможил неговите потомци да се размножуваат, сите во основа се еднакви и нема раса која е повредна од друга раса, ниту, пак, народ кој е повреден од друг народ, освен според богобојазливост.
Нашиот Благороден Господар го создал првиот човек, Адем, од земја, потоа овозможил неговите потомци да се размножуваат, сите во основа се еднакви и нема раса која е повредна од друга раса, ниту, пак, народ кој е повреден од друг народ, освен според богобојазливост. Тој во еден ајет вели: „О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено.“ (Ел Хуџурат, 13) Во други ајети од Аллаховата книга се вели: „Аллах ве создава од земја, потоа од капка семе, и на крај ве прави во парови. И ниедна жена не забременува ниту пак раѓа, а Тој тоа да не го знае. И ничиј живот не се продолжува ниту скратува, а тоа да не е забележано во Книгата; тоа за Аллах е навистина лесно!“ (Ел Фатир, 11) Во други ајети од Аллаховата книга се вели: „Тоа е Тој што ве создаде од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка, потоа како доенчиња ве изведува, и до мажественото доба да стигнете, и старци да станете – а некои од вас умираат и порано – и до одредениот рок да поживеете, за да можете да сфатите.“ (Ел Мумин, 67) Аллах, нашиот Господар, нѐ учи дека создавањето на Иса/Исус е со наредба да биде како што и создавањето на Адем било со наредба да биде. Тој во Куранот вели: „Случајот со Иса кај Аллах е навистина ист како случајот со Адем: од земја го создаде, а потоа му рече: ,Биди!‘ – и тој би.“ (Али Имран, 59) Спомнато е претходно во втората точка дека Божјиот пратеник, Аллаховиот мир и спас нека се над него, објаснил дека луѓето се еднакви и дека единствен критериум на вреднување е богобојазливоста.
14. Секое новороденче се раѓа во состојба на (фитрах – чиста Аллахова вера)
Секое новороденче се раѓа во состојба на (фитрах – чиста Аллахова вера). Аллах вели: „Ти насочи го лицето свое кон верата, искрено; кон верата Аллахова чиста, со која луѓето ги создаде. Нема измена на Аллаховата вера, тоа е вистинската вера, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“ (Ер Рум, 30) Ел Ханифије се тие кои чекорат по стапките на Ибрахим, алејхи селам. Во Куранот е запишано: „Потоа на тебе ти објавивме: ,Следи ја верата на Ибрахим, тој имаше чиста вера, на Аллах не Му припишуваше здруженици!‘“ (Ен Нахл, 123) Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Нема новороденче кое не се раѓа во чистата Аллахова вера –фитрах, потоа неговите родители од него прават евреин, христијанин или поклоник на огнот. Така и животните се раѓаат целосно здрави и помеѓу нив не можеш да видиш некое осакатено.“ Ебу Хурејере, радијаллаху анху, потоа цитирал: „...кон верата Аллахова чиста, со која луѓето ги создаде. Нема измена на Аллаховата вера, тоа е вистинската вера, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“ (Ер Рум, 30) Сахих Ел Бухари бр. 4775. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Навистина мојот Господар ми нареди да ве поучам за тоа кое не го знаете. Секој имот кој му го давам на мојот роб за него е дозволен (халал), а Јас Моите робови ги создадов во чистата неискривена вера, за потоа од верата да ги заведат шејтаните, забранувајќи им го она кое Јас им го дозволив и наредувајќи им да обожуваат и други покрај Мене, нешто што Јас не им го дозволив.“ Го бележи Муслим, бр. 2865.
15. Ниту еден човек не се раѓа со грев, ниту, пак, носи наследен, туѓ, грев
Ниту еден човек не се раѓа со грев, ниту, пак, носи туѓ, наследен, грев. Аллах нѐ учи дека кога Адем, алејхи селам, и неговата сопруга Хава, ја прекршиле Аллаховата наредба и јаделе од забренетото дрво, сфатиле дека згрешиле и се покајале. Аллах, субханеху ве теала, го инспирирал со зборови како да се покае, па Адем, алејхи селам, се покајал, па Аллах им простил на обајцата. Аллах, Семоќниот, вели: „И Ние рековме: ,О, Адеме, ти и твојата жена живејте во Џенетот и јадете од него од каде што сакате, но не приближувајте се до ова стебло, па со тоа неправда да си сторите!‘ Но, шејтанот ги намами да сторат грев и ги изведе од местото каде што живееја! – ,Слезете!‘ – им рековме Ние. ,Едни на други ќе бидете непријатели до одреденото време! Земјата ќе биде ваше живеалиште и уживање некое време!‘ И Адем прими некои зборови од Господарот свој, па Тој му прости; Тој навистина простува и Милостив е! И Ние рековме: ,Слезете од него сите! Од Мене ќе ви доаѓа Упатството; и тие што ќе го следат Упатството Мое, ниту ќе стравуваат, ниту ќе тагуваат!‘” (Ел Бекаре, 35-38) Аллах му простил на Адем, алејхи селам, за стореното и тој веќе нема грев. Ниту неговите потомци нема да го наследат тој грев затоа што истиот го избришало покајанието. Едно од основните правила во исламот е дека никој не може да биде одговорен за гревовите на другите. Во Аллаховата книга е запишано: „Што и да направи некој, за себе си прави, и секој грешник само својот товар ќе си го носи. На крајот кај Господарот свој ќе се вратите и Тој ќе ве извести за тоа за што не се согласувавте.“ (Ел Енам, 164)
Аллах, Возвишениот, вели: „Тој што оди по Вистинскиот пат, од тоа само тој ќе има корист, а тој што талка – на своја штета талка, и ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи! А Ние ниту еден народ не сме казниле, додека Пратеник не сме им испратиле!“ (Ел Исра, 15) Во други ајети од Аллаховата книга се вели: „И ниту еден грешник гревовите од другиот нема да ги носи; ако претоварениот со гревови повика да му се понесат, никој нема да му ги понесе, па ни роднината. А ти ќе ги опоменеш само тие кои од Господарот свој се плашат, иако никој не ги гледа, и кои извршуваат намаз – тој што ќе се исчисти, се исчистил за свое добро – а кај Аллах сè се враќа!“ (Ел Фатир, 18)
16. Целта поради која се создадени луѓето е да го обожуваат само Аллах:
Целта поради која се создадени луѓето е да го обожуваат само Аллах. За ова Аллах во Куранот вели: „Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Ез Заријат, 56)
17. Исламот го почестил човечкото битие – мажите и жените – гарантирајќи им ги сите права и одредил секој поединечно да биде одговорен за своите дела, избори и однесување. Секој ќе се земе на одговорност за своите дела со кои си наштетил себеси или на другите.
Исламот ги почестил луѓето – мажите и жените – создавајќи го човечкото битие да биде Негов намесник на Земјата. Аллах, Милостивиот, вели: „И кога Господарот твој им рече на мелеците (ангелите): ,Јас на Земјата ќе поставам намесник!‘“ (Ел Бекаре, 30)
Со оваа почест се опфатени сите членови на човечкиот род. Куранот нѐ учи: „Ние навистина ги одликувавме синовите на Адем: им дадовме по копно и по море да патуваат, и ги снабдивме со вкусни јадења, и им дадовме големи предности над мноштвото кои сме ги создале.“ (Ел Исра, 70) Аллах, Возвишениот, вели: „...дека човекот во најдобар облик го создаваме.“ (Ет Тин, 4)
Аллах забранил човекот да следи, да му се потчини и да му биде покорен на било кого освен на Аллах. Во Куранот е запишано: „Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли, ги сакаат како што Аллах се сака! Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах! А само кога би знаеле насилниците – кога ќе ја доживеат казната, ќе видат дека само на Аллах сета моќ Му припаѓа и дека Аллах стравотно казнува. Кога тие што беа следени ќе се откажат од своите следбеници и кога врските што ги врзувале ќе бидат прекинати и тие казната ќе ја искусат...“ (Ел Бекаре, 165 и 166) Аллах ни објаснува дека состојбата на следбениците и следените на Судниот ден ќе биде незавидна затоа што ќе ја согледаат заблудата која ја следеле: „,А зарем ние од упатството ве одвративме откако на него ви беше укажано? Не, самите си бевте злосторници.‘ – ќе им речат вообразените на угнетените. ,Не беше така,‘ – ќе им одговорат угнетуваните на вообразените – ,туку дење и ноќе интриги подготвувавте кога од нас баравте да не веруваме во Аллах и други за еднакви да Му сметаме.‘ И сите ќе ја прикријат тагата кога ќе ја видат казната, а Ние на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме; зарем ќе бидат казнети поинаку освен според тоа што го правеа?“ (Сабе, 32 и 33)
Потполната Аллахова праведност на Судниот ден се огледа и во фактот дека повикувачите и водачите кои своите следбеници ги повикувале во заблуда ќе одговараат и тие кои на погрешен пат ги навеле. Поврзано со ова, Возвишениот Господар вели: „...за на Судниот ден да го носат сиот товар свој и дел од товарот на тие кои несвесно во заблуда ги донеле. А грозно е тоа што тие ќе го носат!“ (Ен Нахл, 25)
Исламот ги гарантира сите права на луѓето на овој и на другиот свет, а најголемите две права се Аллаховото право пред луѓето и правото на луѓето пред Аллах. Од Муаз б. Џебел се пренесува дека рекол: „Јавав со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, зад него врз една камила, па ме повика: ,О, Муаз. Ти се одзивам и тоа ми причинува среќа и радост.‘ – му одговорив. Ме праша: ,Дали знаеш кое е правото на Аллах кон луѓето?‘ Реков: ,Не знам.‘, па тој рече: ,Аллахово право кон луѓето е да го обожуваат и никого за истоветен со Аллах да не го сметаат.‘ Продолживме со јавањето за одредено време па потоа повторно ме повика: ,О, Муаз. Ти се одзивам и тоа ми причинува среќа и радост.‘ – му одговорив. ,Правото на робовите кон Аллах е да не ги казни доколку така направат.‘“ Сахих Ел Бухари, бр. 6840.
Исламот ја гарантира вистинската вера, потомството, имотот и честа на човекот. Божјиот пратеник ﷺ вели: „Навистина Аллах одредил, вашите животи, вашите имоти, вашата чест да бидат свети (загарантирани), како што се свети овој ден, овој месец и ова место.“ Сахих Ел Бухари, бр. 6501. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја обзнани оваа величествена заповед за време на прошталниот аџилак, на кој присуствуваа повеќе од сто илјади асхаби. Оваа порака ја истакна и ја повтори на денот на жртвувањето (курбанскиот бајрам) во текот на прошталниот аџилак.
Исламот го прави човекот одговорен за своите избори, дела и постапки. Возвишениот Аллах вели: „И на секој човек околу врат ќе му го врземе тоа што ќе го направи, а на Судниот ден книгата отворена ќе му ја прикажеме: ,Читај ја книгата своја, доволно ти е денес тоа што сметка своја ќе полагаш!‘“ (Ел Исра, 13-14) Ова значи дека сè што човекот ќе направи – било добро или лошо – ќе му биде запишано и ќе остане негово. Никој нема да биде одговорен за делата на другите, ниту другите за неговите. Возвишениот Аллах исто така вели: „Ти, о, човеку, што многу се трудиш, трудот свој пред Господарот свој ќе го најдеш.“ (Ел Иншикак, 6) Возвишениот, вели: „Кој прави добро, во своја корист го чини, а кој прави лошо, на своја штета го прави. – А Господарот твој не е неправеден кон робовите Свои.“ (Фусилет, 46)
Исламот исто така го обврзува човекот да сноси одговорност за секое дело што му штети на него самиот или што им нанесува штета на другите. Возвишениот Аллах вели: „Тој што ќе стори грев, на своја штета го сторил, бидејќи Аллах сè знае и Мудар е.“ (Ен Ниса, 111) Аллах, Возвишениот, вели: „Заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови: ако некој убие некој кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал!“ (Ел Маиде, 32) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Ниту една душа нема да биде неправедно убиена, а дел од нејзината вина да не падне врз првиот син на Адем, бидејќи тој беше првиот што воведе (направи) убиство.“ Сахих Муслим, бр. 5150.
18. Исламот ги изедначува мажот и жената во однос на трудот, одговорноста, наградата и казната.
Исламот ги изедначува мажот и жената во однос на трудот, одговорноста, наградата и казната. Возвишениот Аллах вели: „А тој што прави добро, било да е маж или жена, а верник е, ќе влезе во Џенетот и нема да му се направи неправда.“ (Ен Ниса, 124) Аллах, Возвишениот, вели: „На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подобро одошто го правеле.“ (Ен Нахл, 97) Аллах, Возвишениот, вели: „Кој ќе стори зло, соодветно ќе биде казнет, а кој ќе стори добро – било маж или жена, а верник е – во Џенетот ќе влезе; во него сè ќе имаат во изобилство, без сметка.“ (Гафир, 40) Аллах, Возвишениот, вели: „За муслиманите и муслиманките, и за верниците и за верничките, и за послушните мажи и за послушните жени, и за искрените мажи и за искрените жени, и за стрпливите мажи и за стрпливите жени, и за понизните мажи и за понизните жени, и за мажите кои даваат зекат и за жените кои даваат зекат, и за мажите кои постат и за жените кои постат, и за мажите кои за своите срамни места водат грижа и за жените кои за своите срамни места водат грижа, и за мажите кои често Го спомнуваат Аллах и за жените кои често Го споменуваат Аллах – Аллах, навистина, за сите нив прошка и голема награда подготви.“ (Ел Ахзаб, 35)
19. Исламот ја почитува жената и ги смета жените за сродни на мажите. Мажот е должен да ја обезбедува и издржува жената, доколку е способен. Таткото е должен да ја издржува својата ќерка, синот да ја издржува својата мајка, ако е полнолетен и способен, а мажот да ја издржува својата сопруга.
Исламот ги смета жените сродни на мажите. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Жените се сродни на мажите." Тирмизи, бр. 113.
Од посебната почит што исламот ѝ ја укажува на жената е тоа што го задолжува синот да се грижи за издршката на својата мајка, доколку има можност за тоа. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Раката што дава е подобра – започни со мајка ти, потоа со татко ти, па со сестра ти и брат ти, и продолжи со најблиските, па најблиските.“ Хадисот го пренесува Ахмед. Подетално во врска со положбата на родителите ќе биде објаснето во точката број (29), со Аллахова дозвола.
И од почитта што исламот ѝ ја укажува на жената е тоа што го задолжува мажот да се грижи за издршката на својата сопруга, доколку е способен за тоа. Возвишениот Аллах вели: „Богатиот нека троши според богатството свое, а тој што е сиромашен – според тоа колку што Аллах му дал, бидејќи Аллах никого не задолжува повеќе отколку што му дал; Аллах сигурно по тешкотијата ќе даде олеснување.“ (Ет Талак, 7) „Некој човек го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: ,Кое е правото на сопругата кај некој од нас?‘ Тој одговорил: ,Да ја храниш кога ти јадеш, да ја облекуваш кога ти се облекуваш, да не ја удираш по лицето и да не ја навредуваш.‘“ Хадисот го пренесува Ахмед Исто така, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснувајќи некои од правата на жените врз нивните сопрузи, рекол: „Вашата обврска кон нив е да им обезбедите издршка и облека на примерен начин.“ Сахих Муслим И рекол: „Доволен грев за човекот е да ги занемари оние за кои е должен да се грижи.“ Го пренесува имамот Ахмед Ел Хатаби, напишал: „Зборовите, оние за кои е должен да се грижи‘ се однесуваат на оние чија издршка му е задолжителна. Значењето би било како да му се вели на оној кој дава садака: не давај од она што не е вишок над издршката што си должен да ја обезбедиш за своето семејство, барајќи награда за тоа, бидејќи тоа може да се претвори во грев ако ги запоставиш нив.“
И од почитта што исламот ѝ ја укажува на жената е тоа што го задолжува таткото да ја обезбеди издршката за својата ќерка. Возвишениот Аллах вели: „Мајките нека ги дојат децата свои полни две години, доколку сакаат доењето да биде потполно. Таткото на детето е должен според својата можност да го храни и да го облекува на примерен начин.“ (Ел Бекарe, 233) Аллах објаснува дека таткото, кому му се родило дете, е должен да го храни и облекува своето дете на убав и примерен начин во ајетот кој гласи: „А ако ви ги дојат децата, тогаш дајте им ја заслужената награда и договорајќи се меѓусебно на убав начин.“ (Ет Талак, 6) Аллах го задолжил таткото да ја обезбеди заслужената награда (накнада) за доењето на своето дете, што укажува дека издршката на детето е негова обврска. Ова должност важи како за машките, така и за женските деца. Дополнително, следниот хадис ја потврдува обврската на таткото да се грижи за издршката на својата сопруга и децата. Од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека Хинд му рекла на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Ебу Суфјан е скржав човек, и јас сум принудена да земам од неговиот имот.“ Тој ѝ одговорил: „,Земи онолку колку што е доволно за тебе и за твоите деца, според обичајот во вашата средина.‘“ Хадисот го бележи Бухари Исто така, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја појаснил вредноста и наградата за издршката на ќерките и сестрите, кога рекол: „Кој ќе се грижи за издршката на две или три ќерки, или за две или три сестри, сè додека тие не се осамостојат или додека тој не умре пред нив, јас и тој ќе бидеме блиски (на Судниот ден) како овие два прста.“ (Притоа покажал со показалецот и средниот прст.) Ес Силсиле Ес Сахиха бр. 296
20. Смртта не е вечниот крај, туку премин од светот на делата во светот на наградата. Смртта го опфаќа телото и душата; смртта на душата се случува со нејзиното напуштање на телото, а потоа таа повторно се враќа во телото по оживувањето на Судниот ден. Душата не преминува во друго тело по смртта, ниту, пак, се реинкарнира во друго тело.
Смртта не е вечниот крај. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,Мелекот на смртта, кој за тоа ви е одреден, душите ќе ви ги земе, а потоа кај Господарот свој ќе се вратите.‘“ (Ес Сеџда, 11) Смртта го опфаќа телото и душата; смртта на душата се случува со нејзиното напуштање на телото, а потоа таа повторно се враќа во телото по оживувањето на Судниот ден. Возвишениот Аллах вели: „Аллах ги зема душите во часот на нивната смрт, а и на тие што спијат, па ги задржува тие на кои им одредил да умрат, а другите ги остава до одредениот рок. Тоа се, навистина, докази за тие што размислуваат.“ (Ез Зумер, 42) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Кога душата ќе биде земена (од мелекот на смртта), погледот ја следи.“ Муслим, бр. 920. По смртта, човекот преминува од светот на делата во светот на наградата. Возвишениот Аллах вели: „На Него сите ќе Му се вратите; Аллаховото ветување е вистинито; Тој навистина од ништо создава, и Тој повторно тоа ќе го повтори, за праведно да ги награди тие што веруваат и прават добри дела. А тие што нема да веруваат ги чека напивка од зовриена вода и неиздржливо страдање, затоа што беа неверници.“ (Јунус, 4)
Душата не преминува во друго тело по смртта, ниту, пак, се реинкарнира. Тврдењата за реинкарнацијата немаат никаква основа ниту во разумот, ниту во реалноста, а исто така, за ова верување не постои никаков доказ во пренесените учења од претходните пратеници, мир Аллахов нека е над нив.
21. Исламот повикува на верување во основните принципи на верата, а тоа се: верувањето во Аллах, Неговите мелеци, верувањето во Божјите книги како Тевратот, Инџилот и Зебурот – во нивната оригинална форма, пред да бидат искривени – и во Куранот. Исламот, исто така повикува на верување во сите Божји пратеници и веровесници, мир над нив, како и во последниот од нив, Мухамед, Аллаховиот пратеник и печат на сите пратеници и веровесници. Верувањето во Судниот ден е основен принцип, бидејќи знаеме дека, aко животот на овој свет беше крајот, тогаш животот и постоењето би биле чиста бесмисленост. Исто така, исламот повикува на верување во Божјата одредба и предодредување.
Исламот повикува на верување во основните принципи на верата, на кои повикувале сите Божји пратеници и веровесници, мир над нив. Овие принципи се:
Прво: Верувањето во Аллах како Господар, Создател, Снабдувач и Управител на универзумот, и дека само Тој е достоен за обожување. Обожувањето на било што друго освен Него е лажно и неосновано. Единствено Аллах заслужува да биде обожуван, и обожувањето е исправно само ако е насочено кон Него. Доказите за оваа тема беа појаснети во точката број (8).
Возвишениот Аллах ги спомнал овие основни принципи во многу различни ајети од Благородниот Куран, меѓу кои е и ајетот во кој вели: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови‘. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.‘“ (Ел Бекаре, 285) И Возвишениот Аллах вели: „Добродетелството не е во тоа да ги вртите вашите лица кон исток и запад, туку добродетели се тие кои веруваат во Аллах, во оној свет, во мелеците, во книгите, во веровесниците, и тие што од имотот свој, иако им е мил, им даваат на роднините, на сирачињата, на сиромашните, на патниците, на питачите, и за откуп од ропство, и тие што намазот (молитвата) го извршуваат и зекат даваат, и кои кога ќе ги преземат обврските свои ги исполнуваат, и тие што се издржливи во немаштијата и во болеста, и за време на борба. Тоа се тие што се искрени и тоа се тие што се богобојазливи.“ (Ел Бекаре, 177) Возвишениот Аллах повикува на верување во овие основни принципи и објаснува дека оној што нема да верува во нив, таквиот далеку заталкал. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, и во Книгата која Тој на Својот Пратеник му ја објавува и во Книгите кои претходно ги објавил. А тој што нема да верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови, и во оној свет, тој далеку заталкал!“ (Ен Ниса, 136) Во хадисот на Омер бин Ел Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, стои дека рекол: „Еден ден додека бевме кај Аллаховиот пратеник, саллалаху алејхи ве селлем, се појави човек во сосема бела облека и со сосема црна коса, кај него не се забележуваше траг од патување, а никој од нас не го познаваше, тогаш седна кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, и ги потпре колената до колената на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рацете ги спушти врз неговите бутови и рече: ,О, Мухамед, извести ме за исламот.‘ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговори: ,Ислам е да сведочиш дека нема друг бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник, да клањаш намаз, да даваш зекат, да постиш во рамазан и да одиш на аџилак ако си во можност.‘ Овој му рече: ,Вистина кажа.‘ Омер вели: ,Ние се зачудивме, прво го прашува а потоа потврдува.‘ Потоа пак го праша: ,Извести ме за иманот.‘ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, му одговори: ,Да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот Ден и да веруваш во Одредбата било да е добро или лошо.‘ Човекот пак рече: ,Вистина кажа.‘, и додаде: ,Извести ме за добродетелството.‘ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: ,Тоа е да го обожуваш Аллах како да Го гледаш пред себе, бидејќи иако ти не Го гледаш, Тој те гледа.‘“ Сахих Муслим, хадис бр. 8. Во овој хадис се спомнува како Џибрил, алејхи селам, доаѓа кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашува за нивоата на верата: исламот, иманот и ихсанот. На ова, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му одговара, а потоа ги известува своите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, дека тоа бил Џибрил, алејхи селам, кој дошол за да ги поучи на нивната вера. Исламот е божествената порака што ја пренел Џибрил, алејхи селам, до Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, кој потоа им ја пренел на луѓето. Неговите асхаби, Аллах нека е задоволен со нив, ја зачувале и ја пренеле на следните генерации.
Второ: Верувањето во мелеците, кои претставуваат невидлив свет создадени од Аллах, обликувани на посебен начин и задолжени со големи задачи. Една од нивните најзначајни должности е пренесувањето на Божјите пораки до пратениците и веровесниците, мир над нив. Најодбран меѓу мелеците е Џибрил, алејхи селам, на што укажуваат зборовите на Возвишениот во врска со спуштањето на Божјата објава преку него до пратениците, мир над нив: „Тој ги испраќа мелеците со Објавата по Своја волја, на тие Свои робови на коишто сака: Опоменувајте дека нема друг бог освен Мене и плашете се од Мене!“ (Ен Нахл, 2) И Возвишениот Аллах вели: „И Куранот сигурно е објава од Господарот на световите; поверливиот Џибрил го донесува на срцето твое, за да опоменуваш, на јасен арапски јазик. Тој е спомнат во книгите на претходните Пратеници." (Еш Шуара, 192-196)
Трето: Верувањето во Божјите книги како Тевратот, Инџилот и Зебурот – во нивната оригинална форма, пред да бидат искривени – и во Куранот. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, и во Книгата која Тој на Својот Пратеник му ја објавува и во Книгите кои претходно ги објавил. А тој што нема да верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови, и во оној свет, тој далеку заталкал!“ (Ен Ниса, 136) Возвишениот Аллах вели: „Тој ти ја објавува Книгата со Вистината, која ги потврдува претходните, а и Тевратот, и Инџилот ги објавил претходно, како патоказ за луѓето, а го објавил и Фурканот. На тие што не веруваат во Аллаховите ајети им припаѓа тешка казна; а Аллах е силен и жестоко казнува!“ (Али Имран, 3-4) На друго место во Куранот Возвишениот Аллах вели: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови‘. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.‘“ (Ел Бекаре, 285) Во Куранот еобјавено: „Кажи: ,Ние веруваме и во Аллах и во тоа што ни е објавено нам, и во тоа што им е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на потомците; и во тоа што им е дадено на Муса и на Иса и на веровесниците од Господарот нивен; ние никаква разлика меѓу нив не правиме и само Нему искрено Му се предаваме.‘“ (Али Имран, 84)
Четврто: Верувањето во сите Божји пратеници и веровесници, мир над нив. Треба да се верува во сите Божји пратеници и веровесници, мир над нив, и да се верува дека сите тие се испратени од Аллах како пратеници на своите народи да им ги пренесуваат Божјите пораки, верата и Божјиот закон. Возвишениот Аллах вели: „Кажете: ,Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува, и во тоа што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во тоа што му е дадено на Муса, и на Иса, и во тоа што им е дадено на веровесниците од Господарот нивен; ние не правиме никаква разлика меѓу нив и ние само Нему Му се покоруваме.‘“ (Ел Бекаре, 136) Во друг ајет стои: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови‘. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.‘“ (Ел Бекаре, 285) Говор на Возвишениот Аллах е и следниот: „Кажи: ,Ние веруваме и во Аллах и во тоа што ни е објавено нам, и во тоа што им е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на потомците; и во тоа што им е дадено на Муса и на Иса и на веровесниците од Господарот нивен; ние никаква разлика меѓу нив не правиме и само Нему искрено Му се предаваме.‘“ (Али Имран, 84)
И да се верува во последниот од нив, Мухамед, Аллаховиот пратеник и печат на сите пратеници и веровесници. Аллах Возвишениот вели: „Аллах од секој веровесник на кого Книга му објавил и знаење му дал зел обврска: ,Кога после вас ќе дојде Пратеник кој ќе потврди дека е вистина тоа што го имате, дали целосно ќе му поверувате и ќе го поддржите? Дали се сложувате и ја прифаќате таа обврска кон Мене?‘ Тие одговорија: ,Прифаќаме‘. ,Тогаш бидете сведоци,‘ – рече Тој – ,а и Јас со вас ќе сведочам.‘“ (Али Имран, 81)
Исламот наредува да се верува општо во сите Божји пратеници и веровесници без исклучок, а посебно го наредува верувањето во последниот Божји пратеник и печатот на веровесниците, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем. Аллах вели: „Кажи: ,О, следбеници на Книгата, вие немате никаква вера доколку не се придржувате до Тевратот, Инџилот и до тоа што ви го објавува Господарот ваш!‘“ (Ел Маиде, 68) Во Куранот е објавено: „Кажи: ,О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!‘ Па ако не се согласат, вие кажете: ,Бидете сведоци дека ние сме муслимани!‘“ (Али Имран, 64)
Оној што негира еден пратеник, како да ги негирал сите пратеници и веровесници, мир над нив. Затоа Аллах, објаснувајќи ја причината за казната над народот на Нух, алејхи селам, вели: „И народот на Нух ги сметаше Пратениците за лажни.“ (Еш Шуара, 105) Иако Нух, алејхи селам, беше првиот пратеник и немаше претходници меѓу пратениците, нивното негирање на него се смета за негирање на сите пратеници и веровесници, бидејќи нивната порака и цел се единствени и исти.
Петто: Верувањето во Судниот ден, кој е Денот на оживувањето и крајот на овосветскиот живот. Аллах ќе му нареди на мелекот Исрафил, алејхи селам, да дувне во рогот, по што ќе се онесвестат и ќе умрат сите што Аллах со својата воља одредил да умрат. Возвишениот Аллах вели: „И во рогот ќе се дувне, и ќе умрат тие на небесата и тие на Земјата, ќе останат само тие кои Аллах ќе ги одбере; потоа во рогот по вторпат ќе се дувне и тие, одеднаш, ќе станат и ќе чекаат.“ (Ез Зумер, 68) И откако Аллах ќе ги уништи сите што се на небесата и на Земјата, освен тие кои Аллах ќе ги поштеди, тогаш ќе ги свитка небесата и земјата, како што Возвишениот Аллах вели: „Тој Ден, кога ќе ги свиткаме небесата како што се свиткува лист хартија, така како што првиот пат од ништо создадовме, така повторно од ништо ќе создадеме, тоа е ветувањето Наше, Ние навистина тоа ќе го сториме.“ (Ел Енбија, 104) Аллах, Возвишениот, вели: „Тие не Го величаа Аллах така како што треба да Го величаат; а целата Земја на Судниот ден во Неговата рака ќе биде, а небесата во Неговата десница стуткани ќе останат. Славен нека е Тој и високо над тие што за рамни Му ги припишуваат.“ (Ез Зумер, 67) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На Судниот ден, Возвишениот Аллах ќе ги свитка небесата, ќе ги земе во Својата десна рака и ќе рече: ,Јас сум Владетелот! Каде се насилниците? Каде се горделивите?‘ Потоа ќе ги свитка земјите во Својата лева рака и повторно ќе рече: ,Јас сум Владетелот! Каде се насилниците? Каде се горделивите?‘“ Муслим
Потоа Аллах ќе му нареди на мелекот да дувне уште еднаш, и тогаш сите ќе станат и ќе чекаат. Возвишениот Аллах вели: „И во рогот ќе се дувне, и ќе умрат тие на небесата и тие на Земјата, ќе останат само тие кои Аллах ќе ги одбере; потоа во рогот по вторпат ќе се дувне и тие, одеднаш, ќе станат и ќе чекаат.“ (Ез Зумер, 67) Потоа откога Аллах ќе ги оживее сите суштества, ќе ги собере за пресметката. Возвишениот Аллах вели: „А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување.“ (Каф, 44) Возвишениот Аллах, на друго место, вели: „На Денот кога тие ќе се појават, кога на Аллах нема за нив ништо скриено да Му биде. Кому му припаѓа власта денес? – На Аллах, Единиот, над сè Надмоќниот.“ (Гафир, 16) На тој ден Аллах ќе им пресуди на сите луѓе, ќе му ја врати правдата на секој угнетен за неправдата што му била нанесена и ќе го награди или казни секој човек според неговите дела. Возвишениот Аллах вели: ,,Тој Ден секој човек според заслугата казнет или награден ќе биде; тој Ден нема да има неправда! Аллах, навистина, брзо ќе пресмета." (Гафир, 17) Аллах, Славениот рекол: „Аллах нема ни тронка неправда да стори. Тој доброто дело ќе го умножи и уште од Себе голема награда ќе даде!“ (Ен Ниса, 40) И Возвишениот Аллах вели: „Тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види. И тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!“ (Ел Зилзал, 7-8) Возвишениот Аллах вели: „Ние на Судниот ден терезиите на правдата ќе ги поставиме, па никому неправда нема да му биде направена: ако нешто биде тешко дури и колку зрно синап, Ние за тоа ќе казниме или ќе наградиме. А доста е тоа што Ние за сметките ќе испрашуваме.“ (Ел Енбија, 47)
По оживувањето и пресметката доаѓа наградата. Оној што правел добро ќе ужива во вечната благосостојба која никогаш нема да заврши, а оној што правел зло и бил неверник ќе ја дочека казната. Возвишениот Аллах вели: „Тој ден власта ќе ја има само Аллах, Тој ќе им суди. А верниците и тие што правеле добри дела, ќе бидат во џенетските градини на уживањата, а неверниците и тие кои ајетите Наши ги негираа, тие срамно страдање ќе имаат.“ (Ел Хаџ, 56-57) Исто така, знаеме дека доколку животот на овој свет би бил конечен, тогаш животот и постоењето би биле чиста бесмислица. Возвишениот Аллах вели: „Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?“ (Ел Муминун, 115)
Шесто: Верувањето во Божјата предодредба. Тоа подразбира дека мора да се верува дека Аллах го знае сето она што било во минатото, што се случува сега и што ќе се случи во иднина во целиот универзум. Аллах сето тоа го запишал уште пред да ги создаде небесата и Земјата. Возвишениот Аллах вели: „Кај Него се клучевите на сите тајни, само Тој ги знае, и Тој Единиот знае што има на копното и што е во морето, и ниту еден лист не паѓа, а Тој за него да не знае; и нема зрно во темнините на Земјата, ниту нешто посвежо ниту нешто посуво, ништо што не е во Јасната Книга.“ (Ел Енам, 59) И дека Аллах со знаењето Свое опфаќа сè. Возвишениот Аллах вели: „Аллах создаде седум небеса и исто толку земји; Неговата наредба до сите нив достигнува за да знаете дека Аллах е моќен за сè и дека Аллах со знаењето Свое опфаќа сè!“ (Ет Талак, 12) Ништо во универзумот не се случува освен она што Аллах го посакал, го одредил и го создал. Тој, исто така, ги овозможува и ги олеснува причините за да тоа се случи . Возвишениот Аллах вели: „Тој на Кого Му припаѓа власта на небесата и на Земјата, Кој нема дете, Кој во власта нема здруженик и Кој создаде сè и како што треба го уреди!“ (Ел Фуркан, 2) И дека во сето ова постои совршена Божја мудрост, која е над можностите на луѓето да ја разберат во целост. Возвишениот Аллах вели: „Совршена мудрост – но, опомените не користат.“ (Ел Камер, 5) Аллах, исто така, вели: „Тоа е Тој што создава од ништо и Тој тоа повторно ќе го стори, Нему тоа Му е лесно; Нему Му припаѓа највозвишениот пример и на небесата и на Земјата; Тој е Силен и Мудар.“ (Ер Рум, 27) Возвишениот Аллах се опишал Себеси со мудрост и се нарекол Мудриот. Возвишениот Аллах вели: „Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот.“ (Али Имран, 18) Возвишениот Аллах, зборувајќи за Иса, алејхи селам, нè известува дека тој ќе му се обрати на Аллах на Судниот ден, велејќи му: ,,Ако ги казниш, робови се Твои, а ако им простиш, Силен и Мудар си Ти!“ (Ел Маиде, 118) Возвишениот Аллах, му рече и на Муса, алејхи селам, кога го повика од страната на планината Тур: „О, Муса, Јас сум Аллах, Силниот и Мудриот!“ (Ен Немл, 9)
Аллах, исто така и Божјата книга, Куранот, ја опишал со мудрост. Тој, рекол: „Елиф–лам–ра. Ова е Книга чии стихови се усовршени, а потоа разјаснети, од Мудриот и Сезнајниот.“ (Худ, 1) Аллах, Возвишениот, вели: „Тоа е мудроста која Господарот твој ти ја објавува. И не здружувај Му на Аллах друг бог, за да не бидеш фрлен во Џехенемот, прекорен и од милоста Негова оддалечен.“ (Ел Исра, 39)
22. Веровесниците, Аллаховиот мир нека е над нив, се безгрешни во пренесувањето на она што им е објавено од Аллах и се заштитени од сè што е спротивно на разумот или моралните вредности. Тие се задолжени да ги пренесуваат Божјите наредби до Неговите робови. Веровесниците немаат никакви својства на божественост или господарство; туку тие се луѓе како и сите други, на кои Аллах им ги објавува Своите пораки.
Веровесниците, Аллаховиот мир нека е над нив, се безгрешни во пренесувањето на она што им е објавено од Аллах. Аллах ги избира најдобрите меѓу Своите созданија за да ги пренесуваат Неговите пораки. Возвишениот Аллах вели: „Аллах одбира Пратеници меѓу мелеците и луѓето – Аллах сè слуша и сè гледа.“ (Ел Хаџ, 75) Возвишениот вели: „Навистина Аллах ги одбрал Адем и Нух, и семејството на Ибрахим, и семејството на Имран над световите!“ (Али Имран, 33) Возвишениот вели: „О, Муса, – рече Тој – Јас тебе те одликував над останатиот свет со пратеништвото Свое и говорот Свој. Тоа што Ти го давам земи го и благодарен биди!“ (Ел Араф, 144) Веровесниците, мирот Божји нека е над нив, знаат дека она што им се објавува е Божја објава и ги гледаат мелеците како им ја доставуваат објавата. Возвишениот Аллах вели: „Тој тајните ги знае и Тој тајните Свои не ги открива никому, освен на тој што Тој за Пратеник ќе го одбере; затоа Тој и пред него и зад него ги поставува тие што ќе го чуваат за да покаже дека посланијата од Господарот свој ги доставиле, Тој во детали го знае тоа што е во нив, Тој ја знае бројноста на сè што постои.“ (Ел Џин, 26-28) Аллах им наредил да ги пренесат Неговите пораки. Возвишениот Аллах вели: „О, Пратенику, кажувај го тоа што ти се објавува од Господарот твој! Ако не го сториш тоа, тогаш не си ја доставил Објавата Негова, а Аллах од луѓето ќе те штити. Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот кој не сака да верува.“ (Ел Маиде, 67) Возвишениот вели: „Пративме Пратеници кои радосни вести и опомени донесуваа, за луѓето, после пратениците, никакво оправдување пред Аллах да немаат. А Аллах е Силен и Мудар!“ (Ен Ниса, 165)
Божјите пратеници, мирот Божји нека е над нив, се плашат од Аллах со најголема богобојазливост и стравопочит, па затоа во Неговите пораки ниту додаваат, ниту одземаат. Возвишениот Аллах вели: „А да изнесуваше тој какви било зборови против Нас, Ние со десницата би го зграпчиле, а потоа главната вена би му ја пресекле, и никој меѓу вас не би можел од тоа да го одбрани.“ (Ел Хака, 44-47) Ибн Кесир, Аллах нека му се смилува, рекол: Возвишениот Аллах вели: „А да изнесуваше тој какви било зборови против Нас“ – односно, ако Мухаммед, салаллаху алјхи ве селем, како што тврдат, лажно измислил нешто за Нас, па додал или одзел од објавата, или кажал нешто од себе и ни го припишал Нам – што не е вистина – Ние веднаш би го казниле. Затоа Возвишениот вели: „Ние со десницата би го зграпчиле.“ Некои велат дека значењето е: „Ние со десницата би го зграпчиле“ бидејќи тоа е најсилниот начин на казнување. Други велат дека значењето е: Ние би ја земале неговата десница. Возвишениот вели: „А кога Аллах ќе рече: О, Иса, сине Мерјемин, ти ли им говореше на луѓето: ,Прифатете ме мене и мајката моја како две божества покрај Бог?‘ – тој ќе рече: ,Чист си Ти од тоа! Мене не ми доликува да зборувам за тоа што немам право. Ако тоа јас сум го говорел, Ти тоа веќе го знаеш; Ти знаеш што знам јас, а јас не знам што знаеш Ти; Само Ти, Единиот, знаеш сè што е скриено! Јас им го велев само тоа што Ти им го нареди: ,Обожувајте Го Бога, и мојот и вашиот Господар!‘ И јас бдеев над нив додека бев меѓу нив, а кога Ти кај Себе ме зеде, само Ти ги наѕрнуваше; Ти бдееш над сè!“ (Ел Маиде, 116-117)
Од благодатта на Аллах кон Неговите пратеници и веровесници, алејхим селам, е тоа што Тој им помага и ги зацврстува во пренесувањето на Неговите пораки. Возвишениот Аллах вели: „Ние велиме само дека некое наше божество со зло те погодило. ,Јас го повикувам Аллах за сведок,‘ – рече тој – ,а вие посведочете дека јас немам ништо со тоа што вие Му припишувате здруженици; и против мене интриги смислете и ни малку време не ми давајте. Јас се потпирам на Аллах, мојот и вашиот Господар! Нема ниту едно живо суштество, а да не е во Негова власт; Господарот мој навистина постапува праведно.“ (Худ, 54-56) Аллах, Возвишениот, вели: „И за малку тие да те одвратат од тоа што Ние ти го објавуваме, за против Нас нешто друго да изнесеш, и тогаш тие би те сметале за пријател. А да не те направивме цврст, за малку ќе им се приклонеше, и тогаш навистина ќе ти дадевме да искусиш двојна мака во животот и двојно страдање по смртта; тогаш не би нашол никого кој против Нас би ти помогнал.“ (Ел Исра, 73-75) Овие ајети, заедно со тие што им претходат, сведочат и докажуваат дека Куранот е објава од Господарот на световите. Доколку Куранот беше од Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, тој немаше да содржи вакви зборови упатени кон него.
Аллах ги штити пратениците од луѓето. Возвишениот Аллах рекол: „О, Пратенику, кажувај го тоа што ти се објавува од Господарот твој! Ако не го сториш тоа, тогаш не си ја доставил Објавата Негова, а Аллах од луѓето ќе те штити. Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот кој не сака да верува.“ (Ел Маиде, 67) На друго место, Аллах, Возвишениот, вели: „Кажи им ја веста за Нух! Кога тој му рече на народот свој: ,О, народе мој, ако ви здосади моето престојување меѓу вас и моето опоменување со Аллаховите докази, а јас постојано се потпирам на Аллах, тогаш заедно со божествата свои одлучете и одлуката ваша нека не биде нејасна, потоа тоа над мене извршете го и не го одложувајте!‘“ (Јунус, 71) Аллах нè информира и за зборовите на Муса, алејхи селам: „,Господару наш,‘ – рекоа тие – ,се плашиме да не нè стави веднаш на маки или да не се осили.‘ ,Не плашете се!‘ – рече Тој - ,Јас Сум со вас, Јас сè слушам и гледам.‘“ (Таха, 45-46) Возвишениот Аллах објасни дека Тој ги чува Своите пратеници, мир над нив, од нивните непријатели, па тие не можат да им нанесат никакво зло. Исто така, Возвишениот Аллах информира дека Тој ја чува Својата објава, така што не може да се додаде ништо во неа, ниту да се одземе нешто. Возвишениот Аллах вели: „Ние го објавуваме Куранот и Ние над него ќе бдееме.“ (Ел Хуџурат, 9)
Веровесниците, мир Божји нека е над нив, се заштитени од сè што е спротивно на разумот или моралните вредности. Возвишениот Аллах, фалејќи го Својот веровесник Мухамед, салаллаху алјхи ве селем, вели: „Бидејќи ти навистина имаш најдобар карактер.“ (Ел Калем: 4) Исто така, опишувајќи го него, вели: „А другарот ваш не е луд.“ (Ет Теквир, 22) Оваа заштита им е дадена за да можат совршено да ја исполнат својата мисија. Веровесниците, мир Божји нека е над нив, се задолжени да ги пренесуваат Божјите наредби до Неговите робови. Тие немаат никакви особини на божественост или господарство, туку се луѓе како и останатите луѓе, на кои Аллах им ја објавува Својата порака. Возвишениот Аллах вели: „,Ние сме луѓе како вас,‘ – им говореа Пратениците нивни, – ,но, Аллах го дава пратеништвото само на тие Свои робови на коишто Тој сака; ние не можеме да ви донесеме чудо без Аллаховата волја, а верниците само на Аллах нека се потпираат.‘“ (Ибрахим, 11) Возвишениот Аллах му наредил на Својот пратеник Мухамед, салаллаху алјхи ве селем, на својот народ да им го каже следново: „Кажи: ,Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.‘“ (Кехф, 110)
23. Исламот повикува на обожување само на Возвишениот Аллах преку основните видови на ибадет, кои се: Намазот, кој опфаќа стоење, руку, сеџда, спомнување на Аллах, Неговото величање и упатување дова. Намазот се извршува пет пати на ден, и преку него исчезнуваат разликите меѓу луѓето, бидејќи богатите и сиромашните, владетелите и подредените стојат во ист ред. Зекатот, кој подразбира издвојување на мал дел од имотот, определен според условите и пропорциите одредени од Возвишениот Аллах. Тој е задолжителна обврска за богатите и право на сиромашните и другите категории кои имаат право на зекат, и се издвојува еднаш годишно. Постот, кој значи воздржување од сè што го нарушува постот во текот на деновите на месецот рамазан. Постот го воспитува карактерот, ја зајакнува волјата и го учи човекот на трпение. Аџилакот, кој подразбира посетување на Ќаба во Мека еднаш во животот за оние кои се способни и финансиски можат да го извршат. За време на аџилакот, сите верници се еднакви во својата покорност кон Возвишениот Создател, при што исчезнуваат сите социјални разлики и поделби.
Исламот повикува на обожување на Возвишениот Аллах преку основните видови на ибадет, како и преку други ибадети. Овие возвишени ибадети им беа пропишани на сите веровесници и пратеници, мир Божји нека е над нив. Најважните од нив се:
Прво: Намазот – Возвишениот Аллах го пропишал намазот за муслиманите, исто како што го пропишал и за сите веровесници и пратеници, мир Божји нека е над нив. Аллах му заповедал на Својот халил Ибрахим, алејхи селам, да го исчисти Неговиот храм – Ќаба – за оние кои ќе го обиколуваат, ќе го извршуваат намазот, и ќе извршуваат руку и сеџда. Возвишениот Аллах вели: „И Каба прибежиште и сигурно место за луѓето ја направивме. Местото на кое стоеше Ибрахим нека ви биде простор зад кој намаз (молитва) ќе извршувате! – И на Ибрахим и Исмаил им наредивме: ,Храмот Мој исчистете го за тие што ќе го обиколуваат, кои тука ќе престојуваат и руку и сеџда ќе извршуваат.‘“ (Ел Бекаре, 125) Возвишениот Аллах, исто така, го пропишал намазот и на Муса, алејхи селам, во првиот повик што му го упатил. Возвишениот Аллах вели: ,,Навистина, Јас Сум твојот Господар! Затоа, соблечи ги обувките свои, ти си во благословената долина Тува. И те одбрав тебе. Затоа слушај го тоа што ќе ти се објавува! Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го! Навистина, Јас Сум Аллах! Нема друг бог освен Мене, па Мене обожувај Ме и кога ќе се сетиш на Мене, намазот (молитвата) извршувај го!“ (14) (Таха, 12-14) И Иса, алејхи селам, известува дека Возвишениот Аллах му наредил да извршува намаз и да уделува зекат, како што е спомнато во Неговите зборови: „И ќе ме направи благословен каде и да бидам, и ќе ми нареди сè додека сум жив намаз (молитва) да извршувам и зекат да давам.“ (Мерјем, 31) Намазот во исламот се состои од стоење, руку, сеџда, спомнување на Аллах, Неговото величање и упатување дова. Муслиманот го извршува намазот петпати на ден. Возвишениот Аллах вели: „Чувајте го намазот (молитвата), особено средниот намаз, и пред Аллах понизно стојте.“ (Ел Бекаре, 238) Аллах, Возвишениот, вели: „Извршувај го намазот (молитвата) кога Сонцето од половина небо ќе тргне, па до ноќната темнина, и намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.“ (Ел Исра, 78) Божјиот пратеник, салалаху алејхи ве селем, вели: „На руку величајте Го Возвишениот Господар, а на сеџда вложете труд во упатување дова, бидејќи тоа е момент кога најверојатно ќе ви биде примена.“ Сахих Муслим
Второ: Зекатот – Возвишениот Аллах го пропишал зекатот за муслиманите, исто како што го пропишал и за веровесниците и пратениците пред нив, мир и благослов над нив. Зекатот претставува мал дел од имотот, кој, според условите и пропорциите утврдени од Возвишениот Аллах, е задолжителен за богатите и се издвојува за сиромашните и други категории еднаш годишно. „Земи од добрата нивни зекат, со него да ги исчистиш и благословени да ги направиш, и помоли се за нив, молитвата твоја сигурно ќе ги смири. А Аллах сè слуша и сè знае.“ (Ет Теуба, 103) Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, го испратил Муаз, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен, му рекол: „Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата – евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Ако го прифатат тоа, извести ги дека Аллах им наредил пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Ако го прифатат и тоа, извести ги дека Аллах им наредил садака (задолжителен зекат) која се зема од богатите и им се враќа на сиромашните. Ако го прифатат и тоа, не земај од нивните скапоцени имоти и чувај се од довата на угнетениот, бидејќи помеѓу него и Аллах, нема превез.“ Забележан во збирката на Тирмизи, бр. 625.
Трето: Постот – Возвишениот Аллах го пропишал постот за муслиманите, исто како што го пропишал и за веровесниците и пратениците пред нив, мир и благослов над нив. Возвишениот Аллах вели: „О, верници! Ви се пропишува пост, како што им е пропишан и на тие пред вас, за да бидете богобојазливи.“ (Ел Бекаре, 183) Постот подразбира воздржување од сè што го поништува постот во текот на денот за време на месецот рамазан. Тој ја воспитува душата, ја зајакнува волјата и го учи човекот на трпение. Божјиот пратеник ﷺ вели: Возвишениот Аллах рекол: „Постот е за Мене, и Јас лично ќе го наградам за него. Тој ја остава својата страст, храната и пиењето поради Мене. Постот е штит, а за постачот има две радости: една при ифтарот и друга кога ќе го сретне својот Господар.“ Сахих Ел Бухари бр. 7492.
Четврто: Аџилакот – Возвишениот Аллах го пропишал аџилакот за муслиманите, исто како што го пропишал и за веровесниците и пратениците пред нив, мир Божји нека е над нив. Аллах му наредил на Својот халил Ибрахим, алејхи селам, да ги повика луѓето на аџилак. Возвишениот Аллах вели: „,И повикај ги луѓето на аџилак!‘ – и ќе ти доаѓаат пеш и на секоја истоштена камила, кои ќе доаѓаат од далечен пат.“ (Ел Хаџ, 27) Возвишениот Аллах, исто така, му наредил да ја исчисти Светата Ќаба за аџиите. Возвишениот Аллах вели: „И кога на Ибрахим за прибежиште му го покажавме местото каде што е Ќаба, му рековме: ,Не припишувај Ни здруженици, и исчисти ја Мојата Ќаба за тие што ќе ја обиколуваат, кои ќе стојат и кои руку и сеџда ќе извршуваат.‘“ (Ел Хаџ, 26)
Аџилакот подразбира посета на Светата Ќаба во Мека за извршување на точно определени обреди, еднаш во животот, за оние кои се способни и имаат можност. Возвишениот Аллах вели: ,,Аџилакот е должен да го изврши, поради Аллах, секој што е во можност да дојде до него. А тој што не верува – па, Аллах е навистина независен од световите." (Али Имран, 97) За време на аџилакот, аџиите се собираат на едно место, искрено извршувајќи ибадет за Возвишениот Создател. Сите аџии ги извршуваат обредите на ист начин, при што исчезнуваат разликите во нивната околина, култура и животен стандард.
24. Една од најзначајните карактеристики на ибадетите во исламот е тоа што нивната форма, време и условите на извршување се пропишани од Возвишениот Аллах и пренесени преку Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, без никакво додавање или одземање од страна на луѓето до денес. Сите веровесници, мир и благослов над нив, ги повикувале луѓето кон извршување на овие основни ибадети.
Една од најзначајните карактеристики на ибадетите во исламот е тоа што нивната форма, времето и условите на извршување се пропишани од Возвишениот Аллах и пренесени преку Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, без никакво додавање или одземање од страна на луѓето до денес. Возвишениот вели: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја исполнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3) Аллах, Возвишениот, вели: „Затоа држи се до тоа што ти се објавува, бидејќи ти навистина си на Вистинскиот пат.“ (Ез Зухруф, 43) Возвишениот Аллах за намазот вели: „А кога намазот (молитвата) ќе го завршите, Аллах спомнувајте Го, и стоејќи и седејќи и лежејќи. А кога ќе бидете безбедни, намазот во потполност извршувајте го, бидејќи на верниците им е пропишано во одредени временски интервали намазот да го извршуваат.“ (Ен Ниса, 103) Возвишениот Аллах, за категориите на кои им се издвојува зекатот, вели: „Зекатот им припаѓа само на сиромашните и на тие што имаат потреба, и на тие што го собираат, и на тие чиишто срца треба да се придобијат, и за откуп од ропство, и на презадолжените, и за цели на Аллаховиот пат и за патникот. Аллах така одредил! А Аллах сè знае и Мудар е.“ (Ет Теуба, 60) И за постот вели: „Во месецот рамазан започна објавувањето на Куранот, кој е патоказ за луѓето, јасен доказ за Вистинскиот пат и разликување на доброто од злото. Кој од вас ќе биде дома во тој месец, нека пости, а кој ќе биде болен или ќе биде на пат, нека ги испости истиот број денови. Аллах сака да ви олесни, а не да имате потешкотии, одреден број денови да испостите и Аллах да Го величате за упатството кое ви го даде, и благодарни да бидете.“ (Ел Бекарe, 185) За аџилакот вели: „Аџилакот е во познатите месеци; тој што ќе се обврзе дека во нив ќе изврши аџилак не смее да има однос со сопругата, ниту нешто лошо да прави, ниту да се препира во текот на аџилакот. А за доброто кое ќе го сторите Аллах знае. Снабдете се за на пат, а најдоброто снабдување е богобојазливоста. И плашете се од Мене, о, вие со разум обдарени!“ (Ел Бекарe, 197) Сите веровесници, мир над нив, повикувале кон овие возвишени ибадети.
25. Пратеникот на исламот е Мухамед бин Абдулах, од потомството на Исмаил бин Ибрахим, мир Божји нека е над нив. Роден е во Мека во 571. година, каде што беше испратен како пратеник, а подоцна се пресели во Медина. Тој не учествуваше во паганските обичаи на својот народ, но беше дел од благородните дела што ѝ користеа на заедницата. Пред да биде испратен како пратеник, се одликуваше со извонреден карактер и искреност, поради што неговиот народ го нарекуваше „Ел-Емин“ (доверливиот). Аллах го испрати како пратеник на возраст од четириесет години и го поткрепи со големи знаци (чуда), од кои највозвишеното е Благородниот Куран – најголемото чудо на сите веровесници и единственото што останало до денес. Кога Аллах ја усоврши верата, а Пратеникот ја пренесе пораката во целост, тој почина на возраст од шеесет и три години и беше погребан во Медина. Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, е последниот од пратениците и веровесниците. Аллах го испрати со упатство и вистинската вера за да ги изведе луѓето од темнината на паганството, неверството и незнаењето кон светлината на монотеизмот и исправното верување. Аллах сведочи дека го испрати како повикувач кон Него, со Негова дозвола.
Пратеникот на Исламот е Мухамед бин Абдулах, од потомството на Исмаил бин Ибрахим, мир Божји нека е над нив. Роден е во Мека во 571. година, каде што беше испратен како пратеник, а подоцна се пресели во Медина. Неговиот народ го нарекуваше „Ел-Емин“ (доверливиот), поради неговата искреност и доверливост. Тој не учествуваше во паганските обичаи на својот народ, но беше дел од благородните дела што ѝ користеа на заедницата. Пред да биде испратен како пратеник, се истакнуваше со извонреден морал. Возвишениот Аллах го опиша како личност со најдобар карактер, кога рече за него: „Бидејќи ти навистина имаш најдобар карактер.“ (Ел Калем: 4) Аллах го испрати како пратеник на возраст од четириесет години и го поткрепи со големи знаци (чуда), од кои највозвишеното е Благородниот Куран. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Секој веровесник бил поткрепен со знаци (чуда) кои ги уверувале луѓето. А она што мене ми беше дадено е објавата што Аллах ми ја објави, и се надевам дека јас ќе имам најмногу следбеници на Судниот ден.“ Сахих Ел Бухари Благородниот Куран е објава од Аллах упатена до Неговиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем. За него, Возвишениот Аллах вели: „Оваа Книга, во која нема сомнеж, е Упатство за богобојазливите." (Ел Бекаре, 2) Тој исто така вели: „А зошто тие не го проучуваат Куранот? Бидејќи, да е од некој друг, а не од Аллах, тие во него би нашле многу противречности!“ (Ен Ниса, 82) Аллах ги предизвика џините и луѓето да донесат нешто слично на Куранот. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,Кога сите луѓе и џинни би се здружиле да сочинат еден ваков Куран, тие, каков што е тој, не би сочиниле, па дури и взаемно да си помагаат.‘“ (Ел Исра, 88) Потоа ги предизвика да донесат десет слични сури. Возвишениот Аллах вели: „Зарем тие да велат: ,Тој го измислува!?‘ Кажи: ,Па направете вие десет, слични на Куранот, измислени поглавја, и кого сакате од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош викнете, ако е вистина тоа што го тврдите!‘“ (Худ, 13) А ги предизвика дури и да донесат барем една единствена слична сура. Возвишениот Аллах вели: „А ако се сомневате во тоа што Сме му го објавиле на Својот роб, тогаш, донесете вие едно поглавје слично на тоа; повикајте ги и божествата ваши, ако вистината ја зборувате." (Ел Бекаре, 23)
Благородниот Куран е најголемото чудо на сите веровесници и единственото што останало до денес. Кога Аллах ја усоврши верата, а Пратеникот ја пренесе пораката во целост, тој почина на возраст од шеесет и три години и беше погребан во Медина.
Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, е последниот пратеник и печатот на веровесниците. Возвишениот Аллах вели: „Мухамед не е татко никому од вашите луѓе, туку е Аллахов Пратеник и последен веровесник – а Аллах сè добро знае.“ (Ел Ахзаб, 40) Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Мојот пример и примерот на веровесниците пред мене е како примерот на човек кој изградил куќа, ја украсил и направил убава, но недостасувала една тула на едно место. Луѓето ја обиколувале, се восхитувале на неа и велеле: ,Зошто не е поставена оваа тула?‘ Јас сум таа тула, и јас сум последниот од веровесниците.“ Сахих Ел Бухари Во Инџилот (Евангелието), Иса, алејхи селам, најавувајќи го доаѓањето на Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Каменот што го отфрлија ѕидарите стана глава на аголот. Зар никогаш не сте го прочитале ова во Писмата? Исус им рече: ,Од Господарот е тоа, и прекрасно е во нашите очи.‘“ Во Тевратот (Тората), која е достапна денес, се наведуваат зборовите на Аллах упатени на Муса, алејхи селам: „Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам.“
Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, беше испратен од Аллах со упатство и вистинската вера. Аллах сведочи дека тој е на вистинскиот пат и дека го испратил како повикувач кон Него, со Негова дозвола. Возвишениот Аллах вели: „Аллах сведочи дека е вистина тоа што ти го објавува, го објавува со Своето знаење, а и мелеците сведочат. А Аллах е доволен како сведок.“ (Ен Ниса, 166) Аллах, Возвишениот, вели: „Тој го прати Пратеникот Свој со Упатството и со Вистинската вера за да ја издигне над сите вери. А Аллах е доволен Сведок!“ (Ел Фетх, 28) Аллах го испрати со упатство за да ги изведе луѓето од темнината на паганството, неверството и незнаењето кон светлината на монотеизмот и исправното верување. Возвишениот Аллах вели: „Со која Аллах ги упатува на патиштата на спасението тие што настојуваат да го стекнат задоволството Негово и ги изведува, според волјата Своја, од темнината на светлина и им укажува на Вистинскиот пат.“ (Ел Маиде, 16) Аллах, Возвишениот, вели: „Елиф-лам-ра. Ова е Книга која ти ја објавуваме за луѓето, со волјата на нивниот Господар, да ги изведеш од темнините на светлина, на патот на Силниот и за благодарност Достојниот.“ (Ибрахим, 1)
26. Исламскиот шеријат, верозаконот со кој беше испратен Божјиот пратеник Мухамед, нека се на него Божјиот мир и благослов, е последната божествена порака и закон. Тој е совршен и комплетен систем кој ја обезбедува благосостојбата на луѓето како во верскиот, така и во световниот живот. Шеријатот, пред сè, се грижи за заштитата на: верата, животите, имотите, разумот и потомството на луѓето. Исламскиот шеријат ги укинува сите претходни закони, исто како што претходните закони ги укинуваа оние што им претходеа.
Исламскиот шеријат, со кој беше испратен Божјиот пратеник Мухамед, нека се на него Божјиот мир и благослов, е последната божествена порака и закон. Со оваа порака, Аллах ја усоврши верата и ја исполни Својата благодат врз човештвото преку испраќањето на пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се на него. Возвишениот Аллах вели: „Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја исполнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера.“ (Ел Маиде, 3)
Исламскиот шеријат е совршен закон кој обезбедува добробит за луѓето во нивниот верски, и во нивниот световен живот. Тој ги содржи доблестите на сите претходни верозакони, дополнувајќи и усовршувајќи ги истите. Возвишениот Аллах вели: „Овој Куран води кон единиот исправен пат, и на верниците кои прават добри дела им носи радосна вест, дека ги чека награда голема.“ (Ел Исра, 9) Исламскиот шеријат, исто така, ги отстрани тешкотиите и ограничувањата што им беа наложени на претходните народи. Возвишениот Аллах вели: „На тие кои ќе го следат Пратеникот, веровесник, кој нема да знае ни да чита, ниту да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да прават добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаа ќе ги ослободи. Затоа, тие кои во него ќе веруваат, кои ќе го поддржуваат и ќе го помагаат и светлото по него пратено ќе го следат – ќе го постигнат тоа што ќе го сакаат!“ (Ел Араф, 157)
Исламскиот шеријат ги укинува сите претходни верозакони. Возвишениот Аллах вели: „А тебе ти објавуваме Книга, со Вистината, да ги потврди книгите пред неа објавени и над нив да бдее. И ти суди им според тоа што го објавува Аллах и не следи ги желбите нивни, и не отстапувај од Вистината која ти доаѓа; на сите вас закон и правец ви пропишавме! А да сакаше Аллах, ќе ве направеше следбеници на една вера, но, Тој сака да ве искуша во тоа што ви го пропишува, затоа натпреварувајте се кој повеќе добрини ќе прави; кај Аллах сите ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа за што не се согласувавте.“ (Ел Маиде, 48) Куранот, кој го содржи шеријатот, ги потврдува вистините од претходните божествени книги, но истовремено им пресудува и ги укинува.
27. Возвишениот Аллах не прифаќа друга вера освен исламот, со кој беше испратен пратеникот Мухамед, Божјиот мир и благослов нека се на него. Кој ќе следи друга вера освен исламот, нема да му биде прифатена.
По испраќањето на Веровесникот Мухамед, нека се на него Божјиот мир и благослов, Возвишениот Аллах не прифаќа никаква друга вера освен исламот, со кој тој беше испратен. Кој ќе бара друга вера освен исламот, нема да му биде прифатена. Возвишениот Аллах вели: „А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.“ (Али Имран, 85) Аллах, Возвишениот, вели: „За Аллах единствено исламот е вистинска вера. А тие на кои им е дадена Книгата се раздвоија во моментот кога им дојде знаењето и тоа од меѓусебна завист. А Аллах брзо ќе се пресмета со тие што не веруваат во Аллаховите зборови!“ (Али Имран, 19) Исламот е верата на Ибрахим, Божјиот пријател, алејхи селам. Возвишениот Аллах вели: „Верата на Ибрахим ја одбегнува само тој што не е достоен на себеси! Ние него го одбравме на овој свет, а и на оној свет ќе биде меѓу добрите.“ (Ел Бекаре, 130) Аллах, Возвишениот, вели: „Кој има подобра вера од тој што Му го предал своето лице на Аллах, а добродетел е и ја следи верата на Ибрахим чинејќи, уште, и добри дела, и кој ја следи верата Ибрахимова, верата чиста? А Аллах го зеде Ибрахим за пријател.“ (Ен Ниса, 125) И Аллах му нареди на Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, да каже: „Кажи: ,Мене Господарот мој на Вистинскиот пат ме упати, во вистинската вера, верата на правоверниот Ибрахим, а тој не беше идолопоклоник.‘“ (Ел Енам, 161)
28. Благородниот Куран е книгата која Аллах му ја објави на Божјиот пратеник Мухамед, нека се на него Божјиот мир и благослов. Тој е зборот на Господарот на световите. Аллах ги предизвика луѓето и џините да донесат нешто слично на Куранот, или барем една сура како него, и овој предизвик трае до ден денес. Благородниот Куран дава одговори на многу важни прашања, кои збунуваат милиони луѓе. Тој е зачуван до денес на оригиналниот арапски јазик на кој беше објавен, без да се измени ниту една буква од него. Куранот е печатен и распространет низ целиот свет. Оваа величествена книга заслужува да се чита, било во оригиналната форма на арапски јазик или преку превод на нејзините значења. Исто така, Сунетот на Божјиот пратеник Мухамед, нека се на него Божјиот мир и благослов, е сочуван и пренесен преку доверливи преносители. Неговите учења и живот се документирани на арапски јазик, на кој и тој зборуваше, и се преведени на многу други јазици. Куранот и Сунетот се единствените извори на исламските прописи и закони. Исламот не се заснова на постапките на поединците кои се припишуваат на него, туку на Божјата објава: Куранот и Сунетот.
Благородниот Куран е книгата која Аллах му ја објави на Божјиот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, кој беше Арап и на арапски јазик. Тој е говор на Господарот на световите. Возвишениот Аллах вели: „И Куранот сигурно е објава од Господарот на световите; поверливиот Џибрил го донесува на срцето твое, за да опоменуваш, на јасен арапски јазик.“ (Еш Шуара, 192-195) Аллах, Возвишениот вели: „А ти, навистина, го примаш Куранот од Мудриот и Сезнајниот!“ (Ен Немл, 6) Овој Куран е објава од Аллах и ја потврдува вистинитоста на претходните книги. Возвишениот Аллах рекол: „Овој Куран не е измислен, од Аллах е! Ја потврдува вистинитоста на предходните објави и ги објаснува прописите, во него нема сомнеж, од Господарот на световите е!“ (Јунус, 37) Куранот, исто така, расветлува многу од прашањата за кои евреите и христијаните се разидувале во својата вера. Возвишениот Аллах вели: „Овој Куран на синовите Израилови најмногу им кажува за тоа за што не се согласуваат.“ (Ен Немл, 76) Во Куранот се содржани јасни докази и аргументи кои служат како неоспорлив доказ за луѓето во разбирањето на вистините за Аллах, Неговата вера и наградата кај Него. Возвишениот Аллах вели: „Ние во овој Куран им наведуваме на луѓето секакви примери за да примат поука.“ (Ез Зумер, 27) Возвишениот вели: „Ние тебе ти ја објавуваме Книгата како објаснување за сè и како упатство и милост и радосна вест за муслиманите.“ (Ен Нахл, 89)
Благородниот Куран дава јасни одговори на многу важни прашања кои збунуваат милиони луѓе. Тој објаснува како Аллах ги создаде небесата и земјата. Возвишениот Аллах вели: „Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сè живо создаваме? Па зарем нема да веруваат?“ (Ел Енбија, 30) И како Аллах го создал човекот. Возвишениот Аллах вели: ,,О, луѓе! Ако се сомневате во проживувањето – па Ние ве создаваме од земја, потоа од капка семе, потоа од грутка крв, потоа од парче месо, обликувано и необликувано, за да ви објасниме! А во матките задржуваме што сакаме, до рокот одреден, потоа правиме како доенчиња да се раѓате и потоа до потполна развиеност да израснете; едни од вас умираат, а други длабока старост доживуваат, за, откако знаел, да не знае ништо. И ти види ја земјата како е замрена, но кога дожд ќе спуштиме на неа, таа потреперува и набабрува, и од неа никнуваат секакви прекрасни растенија.“ (Ел Хаџ, 5) Куранот исто така појаснува каде ќе биде крајот на човекот, каква награда ги очекува добродетелните и каква казна ги очекува оние што прават зло, по овој живот. Доказите за ова прашање се наведени во точката број (20). Исто така, поставува прашање дали овој свет е настанат случајно или е создаден со возвишена цел? Возвишениот Аллах ни вели: „И зошто тие не размислат за царството на небесата и на Земјата и за сето тоа што Тој го создал, и дека можеби, крајот нивен им се приближил? Па во кои зборови, освен во Куранот, ќе веруваат?“ (Ел Араф, 185) Возвишениот вели: „Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?“ (Ел Муминун, 115)
Благородниот Куран е зачуван до денес на оригиналниот арапски јазик на кој беше објавен. Возвишениот Аллах вели: „Ние го објавуваме Куранот и Ние над него ќе бдееме.“ (Ел Хиџр, 9) Не е изоставена ниту една буква од него, и невозможно е да има противречности, недостатоци или измени. Возвишениот Аллах вели: „А зошто тие не го проучуваат Куранот? Бидејќи, да е од некој друг, а не од Аллах, тие во него би нашле многу противречности!“ (Ен Ниса, 82) Куранот е печатен и дистрибуиран низ целиот свет. Таа е величествена и чудесна книга која заслужува да се чита, да се слуша или да се проучува преку преводите на неговите значења. Исто така, Сунетот на Божјиот пратеник Мухамед, нека се на него Божјиот мир и благослов, е сочуван и пренесен преку доверливи пренесувачи. Неговите учења и живот се документирани на арапски јазик, на кој и тој зборуваше, и се преведени на многу други јазици. Куранот и Сунетот се единствените извори на исламските прописи и закони. Исламот не се заснова на постапките на поединците кои му се припишуваат нему, туку на Божјата објава: Куранот и Сунетот на Веровесникот. Возвишениот Аллах вели за Куранот: „Навистина, тие што не веруваат во Опомената, откако им дојде, ќе бидат казнети! А тој (Куранот) навистина е возвишена книга, лагата не може да ѝ пријде од која било страна, таа е Објава од Мудриот и за благодарност достојниот.“ (Фусилет, 41-42) Возвишениот Аллах вели за Сунетот на Божјиот пратеник дека и тој е објава од Аллах: „Тоа што Пратеникот ќе ви го даде – земете го, а тоа што ќе ви го забрани – оставете го; и плашете се од Аллах бидејќи Аллах навистина жестоко казнува.“ (Ел Хашр, 7)
29. Исламот наредува доброчинство кон родителите, дури и ако тие не се муслимани, и препорачува грижа и посветеност кон децата.
Исламот наредува доброчинство кон родителите. Возвишениот Аллах вели: „Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: ,Уф!‘ – и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит!“ (Ел Исра, 23) Аллах, Возвишениот, вели: „Ние му наредивме на човекот да им биде послушен на родителите свои. Мајката го носи, а нејзиното здравје трпи, и го дои во текот на две години. Биди Ми благодарен Мене и на родителите свои, кај Мене сите ќе се вратат.“ (Лукман, 14) Аллах, Возвишениот, исто така вели: „Човекот го задолживме на родителите свои добро да им прави; мајката негова со мака го носи и со мака го раѓа! А неговото носење и доење е триесет месеци. Па кога ќе ја достигне зрелоста своја и кога ќе наполни четириесет години, тој ќе рече: ,Господару мој, упати ме да Ти бидам благодарен на Твојата благодат, која што си ми ја подарил мене и на моите родители, и да правам добро со коешто си Ти задоволен, и направи ги добри потомците мои! Јас навистина пред Тебе се покајувам и јас сум муслиман, предан на Тебе.‘“ (Ел Ахкаф, 15) Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека некој човек дошол кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и го прашал: „,О, Аллахов Пратенику, кој од луѓето најмногу заслужува добро однесување кон него?‘ Тој одговорил: ,Твојата мајка.‘ Човекот прашал: ,А потоа кој?‘ Пратеникот повторно рекол: ,Твојата мајка.‘ Човекот повторно прашал: ,А потоа кој?‘ Пратеникот повторно рекол: ,Твојата мајка.‘ Човекот прашал: ,А потоа кој?‘ Пратеникот одговорил: ,Потоа твојот татко.‘“ Сахих Муслим
Оваа наредба за доброчинство и грижа кон родителите важи без разлика дали се тие муслимани или не. Од Есма бинт Ебу Бекр, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека рекла: „Мајка ми, која беше многубошка, дојде кај мене за време на договорот меѓу Курејшиите и Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем. Го прашав Пратеникот: ,Мајка ми дојде кај мене и побара да ја одржувам роднинската врска со неа. Дали да ја почитувам?‘ Тој одговори: ,Да, одржувај врска со твојата мајка.‘“ Сахих Ел Бухари Дури и ако родителите вложуваат напори и се трудат да го одвратат своето дете од исламот и да го наведат кон неверството, исламот го задолжува да не им се покорува во тоа, туку да остане верник во Аллах и да продолжи да биде добар кон нив и да живее со нив во добрина. Возвишениот Аллах вели: „А ако те наговараат Мене друг да Ми припишуваш за рамен, за кој ти ништо не знаеш, ти не слушај ги и кон нив, на овој свет, примерно однесувај се, а следи го патот на тој што искрено Ми се обраќа; потоа кај Мене ќе се вратите и Јас ќе ве известам за тоа што го правевте.“ (Лукман, 15)
Исламот не му забранува на муслиманот да биде добар кон своите роднини кои се многубожци, или кон другите луѓе кои не му се роднини, сè додека тие не војуваат против него. Возвишениот Аллах вели: „Аллах не ви забранува да чините добро и да бидете праведни кон тие што не војуваат против вас заради верата и кои од родниот крај не ве прогонуваат – Аллах, навистина, ги сака тие што се праведни.“ (Ел Мумтехине, 8)
Исламот наредува грижа и посветеност кон децата, а најважната должност со која исламот го обврзува родителот е да ги научи своите деца на правата на нивниот Господар врз нив. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече на својот братучед Абдулах бин Абас, Аллах нека биде задоволен со двајцата: „Момче, научи ги овие зборови, чувај го Аллах и Тој ќе те чува. Чувај го Аллах, а Тој ќе биде секогаш со тебе. Кога бараш нешто, барај од Аллах, а кога бараш помош, барај ја од Аллах.“ Хадисот го бележи Ахмед, 4/287
Исто така, Аллах им нареди на родителите да ги научат своите деца на она што ќе им биде од корист во нивниот верски и световен живот. Возвишениот Аллах вели: „О, вие кои верувате, себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат, и за кој строги и силни мелеци ќе се грижат, коишто на тоа што Аллах ќе им го заповеда нема да бидат непослушни, и кои тоа што ќе им се нареди ќе го извршат.“ (Ет Тахрим, 6) Од Али, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека за зборовите на Возвишениот Аллах: „Себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот“, рекол: „Воспитајте ги и подучете ги.“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, им заповеда на родителите да ги научат своите деца на намазот за да се навикнат на него. Тој, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Наредете им на вашите деца да го извршуваат намазот кога ќе наполнат седум години.“ Хадисот го забележал Ебу Давуд. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе рече: „Секој од вас е пастир и секој од вас е одговорен за своето стадо. Владетелот е пастир и одговорен за своите поданици, и ќе биде прашан за нив. Мажот е пастир во своето семејство и ќе биде одговорен за него. Жената е пастирка во домот на својот маж и ќе биде прашана за својата одговорност. Слугата е пастир на имотот на својот господар и ќе биде одговорен за тоа. Секој од вас е пастир и секој од вас ќе биде одговорен за своето стадо.“ Сахих Ибн Хибан, бр. 4490
Исламот му наредува на родителот да се грижи за издршката на своите деца и семејство. Некои аспекти од ова прашање беа споменати под бројот (18). Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја истакна важноста на издршката за децата, велејќи: „Најдобриот имот што човекот може да го потроши е имотот што го троши на своето семејство, имотот што го троши за своето животно за јавање на Аллаховиот пат, и имотот што го троши за своите другари на Аллаховиот пат.“ Ебу Килаба рекол: „Тој прво започна со семејството.“ Потоа додал: „Кој може да има поголема награда од оној кој се грижи за своите мали деца, ги одржува чесни, им користи или ги прави независни преку својата грижа?“ Сахих Муслим, бр. 994
30. Исламот наредува на праведност во зборовите и делата, дури и спрема непријателите.
Возвишениот Аллах е опишан со апсолутна праведност во Своите дела и во уредувањето меѓу Своите робови. Тој постапува праведно во однос на она што го наредил и забранил, како и во она што го создал и одредил. Возвишениот Аллах вели: „Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот.“ (Али Имран, 18) Аллах наредува праведност. Семоќниот вели: „Кажи: ,Господарот мој наредува праведност!‘“ (Ел Араф, 29) Сите пратеници и веровесници, Аллаховиот мир нека е над нив, дојдоа со праведност. Возвишениот Аллах вели: „Ние Пратениците Наши со јасни докази ги праќавме и по нив Книга и Мерка – правда праќавме, за луѓето да постапуваат праведно.“ (Ел Хадид, 25) Мерката/терезијата што се спомнува во ајетот означува праведност во зборовите и делата.
Исламот наредува на праведност во зборовите и делата, дури и кон непријателите. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, секогаш бидете праведни, сведочете поради Аллах, па дури и против вас самите или против родителите и роднините! Било да е тој за кого сведочите богат или сиромашен, па Аллахово е да се грижи за нив! Затоа, не следете ги страстите, за да не бидете неправедни! А ако лажно сведочите или сведочењето го избегнувате, па, Аллах, навистина, знае што правите!“ (Ен Ниса, 135) Аллах, Возвишениот, вели: „И омразата што ја имате кон одредени луѓе, затоа што ви го оневозможија пристапот кон Светиот Храм, никако нека не ве наведе да ги нападнете! Едни на други помагајте си во добродетелството и во богобојазливоста, а не соучествувајте во гревот и непријателството; и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах страшно казнува!“ (Ел Маиде, 2) Аллах, Возвишениот, рекол: „О, верници, должностите кон Аллах извршувајте ги и праведно сведочете! Омразата која кон некои луѓе ја имате нека не ве натера неправедни да бидете! Праведни бидете, тоа е најблиску до богобојазливоста, и плашете се од Аллах, бидејќи Аллах добро знае што правите!“ (Ел Маиде, 8) Дали во денешните закони на народите или во религиите на луѓето има нешто слично на оваа заповед – да се сведочи со вистина и да се говори искрено, дури и ако тоа е против себеси, своите родители или ближните, и да се постапува праведно спрема пријателите и непријателите?
Исто така, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредил праведност меѓу децата. Од Амир се пренесува дека рекол: Го слушнав Нуман бин Бешир, Аллах нека е задоволен со него и со неговиот татко, како вели од минберот: „Мојот татко ми подари нешто, а Амра бинт Руваха, мајка ми, рече: ,Не сум задоволна додека не го известиш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.‘ Тогаш татко ми отиде кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, и му рече: ,Му дадов подарок на мојот син од Амра бинт Руваха, а таа побара да те известам за тоа, о Аллахов Пратенику.‘ Пратеникот праша: ,Дали им даде исто на сите твои деца?‘ Тој одговори: ,Не.‘ Тогаш Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Плашете се од Аллах и бидете праведни меѓу вашите деца.‘“ Нуман додаде: „Па, татко ми се врати и го повлече подарокот.“ Сахих Ел Бухари, бр. 2587
Ова е затоа што животот на луѓето и опстојувањето на државите не се одржливи без праведност. Само со праведност, луѓето можат да имаат сигурност во својата вера, живот, потомство, чест, имот и татковина. Затоа, кога неверниците од Мека им го отежнаа животот на муслиманите, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им нареди да се преселат во Абесинија (Етиопија), велејќи дека таму има праведен владетел кај кого никој не е угнетуван.
31. Исламот наредува добрина кон сите суштества и повикува на убаво однесување и добри дела.
Исламот наредува добрина кон сите суштества. Возвишениот Аллах вели: „Аллах бара да се почитува сечие право, да се прави добро, и на блиските да им се дава.“ (Ен Нахл, 90) Аллах, Возвишениот, вели: „За тие што даваат, и кога се во изобилие и кога се во оскудност, кои гневот си го совладуваат и кои на луѓето им простуваат. А Аллах ги сака добродетелите!“ (Али Имран, 134) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Возвишениот Аллах наредил добродетелство и убаво однесување во секоја работа*. Па и кога убивате, направете го тоа на лесен начин, а кога колете животно, направете го тоа што полесно. секој од вас нека го наостри ножот за да не го измачува животното.“ Сахих Муслим, бр. 1955
Исламот повикува на убаво однесување и добри дела. Возвишениот Аллах го опишал Пратеникот Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, во претходните книги со следниве зборови: „На тие кои ќе го следат Пратеникот, веровесникот, кој нема да знае ни да чита, ниту да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да прават добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаа ќе ги ослободи. Затоа, тие кои во него ќе веруваат, кои ќе го поддржуваат и ќе го помагаат и светлото по него пратено ќе го следат – ќе го постигнат тоа што ќе го сакаат!“ (Ел Араф, 157) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „О Аиша, Аллах е Благ и ја сака благоста. Тој го дарува за благоста она што не го дарува за грубоста и она што не го дарува за ништо друго.“ Сахих Муслим, бр. 2593 Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Навистина, Аллах ви забрани: непослушност кон мајките, закопување на живи новородени ќерки и скржавост во она што треба да се дава. Исто така, ви го забрани бескорисниот говор, претераното прашување и расфрлањето на имотот.“ Сахих Ел Бухари, бр. 2408 Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, и нема да поверувате додека не се сакате меѓусебно. Зарем не сакате да ве известам за нешто што, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“ Сахих Муслим, бр. 54
32. Исламот наредува високи морални вредности, како што се искреноста, исполнувањето на доверените обврски, чедноста, срамежливоста, храброста, великодушноста, дарежливоста, помагањето на сиромашните, спасувањето на загрозените, хранењето на гладните, добрососедството, одржувањето на роднинските врски и милосрдноста кон животните.
Исламот наредува високи морални вредности. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Пратен сум да ги потполнам моралните одлики.“ Сахих Ел-Едеб Ел-Муфред, 207. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Навистина, моите најсаканите и најблиските до мене на Судниот ден се оние со најдобар морал. А најомразените кај мене и најоддалечените од мене на Судниот ден се наметливите говорници (ес-серсарун), оние кои самодопадливо се пренапрегнуваат во говорот (ел-муташедикун) и оние кои зборуваат со разметливост (ел-мутафејхикун).“ Асхабите прашаа: „,Аллахов Пратенику, ги разбираме наметливите говорници и оние кои се пренапрегнуваат во говорот, но кои се ел-мутафејхикун?‘ Тој одговори: ,Тоа се вообразеноте кои се издигнуваат над другите.‘“ Ес Силсиле ес Сахиха бр. 791 Од Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не бил развратен ниту бесрамен, тој велел: „Најдобрите од вас се оние со најубав карактер.“ Сахих Ел Бухари бр. 3559 Покрај тоа, постојат многубројни ајети и хадиси кои укажуваат дека исламот поттикнува на високи морални вредности и на правењето добри дела, воопшто.
Меѓу работите што исламот ги наредува е искреноста (вистинољубивоста). Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Вистинољубивоста, навистина, води кон добрина, а добрината води кон Џенет. Човекот ќе остане приврзан кон вистината сè додека не биде запишан кај Аллах меѓу вистинољубивите.“ Сахих Муслим, бр. 2607
Меѓу работите кои исламот ги наредува е и исполнувањето на доверените обврски. Возвишениот Аллах вели: „Аллах ви наредува доверливите работи да им ги давате на тие што се достојни за нив...“ (Ен Ниса, 58)
Меѓу работите кои ги наредува исламот е и чедноста. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Тројца имаат право на Аллаховата помош: ... и човекот кој стапува во брак со намера да ја зачува својата чедност.“ Сунен Тирмизи, бр. 1655 И меѓу неговите, салаллаху алејхи ве селем, дови беше: „Аллаху мој, Те молам за упатство, побожност, чедност и независност од луѓето.“ Сахих Муслим, бр. 2721
Исто така меѓу работите што исламот ги наредува е и срамежливоста. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Со срамежливоста доаѓа само добро.“ Сахих Ел Бухари, бр. 6117 Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Секоја вера се одликува со свој морален квалитет, а моралниот квалитет со кој се одликува исламот е срамежливоста.“ Хадисот го бележи Бејхеки во неговото дело: Шу‘абул иман, 6/2619
Исламот ја наредува и храброста. Од Енес, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдобриот меѓу луѓето, најхрабриот меѓу луѓето и најдарежливиот меѓу луѓето. Кога еднаш жителите на Медина се исплашиле (поради закана или опасност), Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бил првиот кој ги претекнал, јавајќи ја својата јаваница.“ Сахих Ел Бухари бр. 2820 Понатаму, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, бараше заштита од Аллах од кукавичлукот, велејќи: „Аллаху мој, барам заштита од Тебе од кукавичлукот…“ Сахих Ел Бухари бр. 6374
Исламот ги наредува и великодушноста и дарежливоста. Возвишениот Аллах вели: „Примерот на тие што имотот свој го трошат на Аллаховиот пат е сличен со тој што ќе посее зрно од кое никнуваат седум класа и во секој клас по стотина зрна. А Аллах зголемува кому Тој сака! Аллах е неизмерно добар и Сезнаен!“ (Ел Бекаре, 261) Една од најистакнатите одлики на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше неговата дарежливост. Ибн Абас, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше. Џибрил го посетуваше секоја ноќ сè додека месецот не завршеше, а Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му го изложуваше Куранот. Кога Џибрил, алејхи селам, ќе го посетеше, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, стануваше подародежлив од ветерот што носи благодати.“ Сахих Ел Бухари, бр. 1902
Меѓу работите кои исламот ги наредува е и помагањето на сиромашните, спасувањето на загрозените, хранењето на гладните, добрососедството, одржувањето на роднинските врски и милосрдноста кон животните. Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека некој човек го прашал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем рекол: „,Кој е најдобриот ислам?‘ Тој одговорил: ,Да го нахраниш гладниот и да го поздравиш со селам оној што го познаваш и оној што не го познаваш.‘“ Сахих Ел Бухари, бр.12 Божјиот пратеник ﷺ рекол: „,Еден човек додека одел по пат го совладала силна жед. Здогледал бунар, се спуштил во него и се напил вода. Кога излегол, видел куче како задишано јадело кал од голема жед. Човекот си помислил: ,Ова куче е исто толку жедно како што бев и јас.‘ Повторно се спуштил во бунарот, ја наполнил својата обувка со вода, ја држел со устата додека излегувал и го напоил кучето. Аллах беше задоволен од неговото дело и му ги простил гревовите.‘ Асхабите прашале: ,О Аллахов Пратениче, зарем и за помагањето на животните има награда?‘ Тој одговорил: ,Да, за секое живо суштество има награда.‘“ Сахих Ибн Хибан, бр. 544 Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Тој што се грижи за вдовицата и сиромашниот е како борецот на Аллаховиот пат или како оној кој ноќе клања, а дење пости.“ Сахих Ел Бухари, бр. 5353
Исламот ги потврдува правата на роднините и строго наредува одржување на роднинските врски. Возвишениот Аллах вели: „Веровесникот им е побитен на верниците отколку тие сами на себеси, а жените негови им се како мајки нивни. А роднините, според Аллаховата Книга, се поважни едни на други од останатите верници и мухаџири, а на пријателите свои можете добрина да им направите. Тоа во Книгата е запишано.“ (Ел Ахзаб, 6) Тој исто така предупредува од прекинувањето на роднинските врски, изедначувајќи го со ширењето на неред на земјата. Возвишениот Аллах вели: „Можеби и вие, кога би се одметнале, неред на Земјата би правеле и роднинските врски би ги кинеле! Тоа се тие коишто Аллах ги проколнал и глуви и слепи ги направил.“ (Мухамед, 22-23) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Нема да влезе во Џенет оној што ги прекинува роднинските врски.“ Сахих Муслим, бр. 2556 Роднините со кои е задолжително да се одржуваат врските се: родителите, браќата и сестрите, чичковците, тетките по таткова линија, вујковците и тетките по мајчина линија.
Исламот го потврдува и правото на соседот, дури и ако е неверник. Возвишениот Аллах вели: „И обожувајте Го Аллах и ништо не Му здружувајте! А на родителите правете им добро, и на роднините, и на сирачињата, и на сиромашните, и на блискиот сосед и на далечниот сосед, и на пријателот, и на патникот, и на тој што е во ваша сопственост! Аллах, навистина, не ги сака горделивите и фалбаџиите!“ (Ен Ниса, 36) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Џебраил толку често ме советуваше (да се однесувам добро) со соседот, што помислив дека ќе има удел во наследството.“ Сунен Ебу Давуд, бр. 5152
33. Исламот ги дозволува убавите и чисти работи за јадење и пиење и наредува чистота на срцето, телото и домот. Затоа го дозволува и бракот, како што тоа го наредувале и веровесниците, мирот Божји нека е над нив, бидејќи тие наредувале сè што е добро.
Исламот ги дозволува убавите и чисти работи за јадење и пиење. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „О луѓе, навистина Аллах е Убав и не прифаќа освен она што е убаво. Аллах им го нареди на верниците истото што им го нареди и на пратениците. Возвишениот Аллах вели: ,О, Пратеници, со дозволени и убави јадења хранете се и добри дела правете, бидејќи Јас добро знам вие што правите!‘ И вели: ,О, верници, јадете од добрата храна со која ве снабдивме и бидете Му благодарни на Аллах, ако навистина само Него Го обожувате!‘ Потоа го спомна човекот кој долго патува, со разбушавена коса и правлив, ги подига рацете кон небото и вели: ,Господару мој, Господару мој,‘ а неговата храна е харам, неговиот пијалок е харам, неговата облека е харам, и е хранет со харам, па како да му биде примена молбата?“ Сахих Муслим, бр. 1015 Аллах, Возвишениот, вели: „Кажи: ,Кој ги забрани Аллаховите украси, кои Тој за робовите Свои ги создаде, и вкусната храна?‘ Кажи: ,Тие се за верниците на овој свет, а и на оној свет се само за нив. Ете, така Ние подробно ги изложуваме доказите на луѓето кои знаат.‘“ (Ел Араф, 32)
Исламот наредува чистота на срцето, телото и домот. Затоа го дозволува и бракот, како што тоа го наредувале и веровесниците, мир над нив, бидејќи тие наредувале сè што е добро. „Аллах за вас создава жени од вашиот вид, а од жените ваши ви дава синови и внуци; и вкусни јадења ви дава. Па зарем тие во лага веруваат, а Аллаховите благодати ги негираат?“ (Ен Нахл, 72) Аллах, Возвишениот, вели: „И облеката своја исчисти ја! И стој настрана од идолите!“ (Ел Мудесир, 4-5) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „,Нема да влезе во Џенетот оној што во своето срце има вообразеност макар и колку зрно од синап.‘ Еден човек праша: ,Човекот сака да носи убава облека и убави обувки?‘ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Аллах е Убав и ја сака убавината. Вообразеноста е отфрлање на вистината и понижување на луѓето.‘“ Сахих Муслим, бр. 91
34. Исламот ги забрани основните гревови, како што се: многубоштвото, неверието, обожувањето на идоли, зборувањето за Аллах без знаење, убивањето на деца, убивањето на невини луѓе, правењето неред на Земјата, маѓијата, јавниот и скриениот разврат, како што се прељубата и истополните односи. Исламот исто така го забрани лихварството (каматата), консумирањето на мрша, месото од животни жртвувани за идоли, свинското месо и сите останати нечистотии и штетни работи. Го забрани неправедното трошење на имотот на сираците, измамата при мерењето и вагањето, како и прекинувањето на роднинските врски. Сите Божји веровесници, мир Божји нека е над нив, се согласни за забраната на овие гревови.
Исламот ги забрани основните гревови, како што се: многубоштвото, неверието, обожувањето на идоли, зборувањето за Аллах без знаење и убивањето на деца. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,Дојдете да ви кажам што ви пропишува Господарот ваш: ништо да не Му здружувате, на родителите добрина да им правите, децата свои, поради сиромаштија, да не ги убивате, – Ние и вас и нив ги храниме – не прибижувајте им се на лошите дела, било јавни или тајни; не убивајте го тој кого Аллах забранил да се убие, освен кога тоа правдата го бара, – ете, Тој тоа ви го препорачува за да размислите – и до имотот на сирачето да не се доближувате, освен на најубав начин, сè додека не стане полнолетно, и неправилно на литарот и на кантарот да не мерите, – Ние никого преку неговите можности не го задолжуваме – и кога зборувате, зборувајте праведно, па дури и да се однесува и на роднините, и обврските кон Аллах да не ги кршите! – ете, Тој тоа ви го наредува за да земете поука.‘“ (Ел Енам, 151-152) Аллах, Возвишениот, вели: „Кажи: ,Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!‘“ (Ел Араф, 33)
Исламот, исто така, забранува убивање на невини луѓе. Возвишениот Аллах вели: „И не убивајте некого, чие убивање Аллах го забранил, освен кога правдата тоа го изискува! А ако некој, ни крив ни должен е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт, но ни тој нека не ја пречекорува границата во убивањето, бидејќи тој, навистина, е помогнат.“ (Ел Исра, 33) Аллах, Возвишениот, вели: „И тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат, и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат, освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој тоа го прави, ќе ја искуси казната.“ (Ел Фуркан, 68)
Забрането е и правење неред на Земјата. Возвишениот Аллах вели: „И не правете неред на Земјата, кога на неа редот е веќе воспоставен.“ (Ел Араф, 56) Возвишениот Аллах, пренесувајќи ни ги зборовите на Шуајб, алејхи селам, вели: „,О, народе мој,‘ – говореше тој – ,само Аллах обожувајте Го, вие друг бог освен Него немате! Ви доаѓа јасен доказ од Господарот ваш, затоа правилно на литарот и на кантарот мерете и на луѓето работите нивни не кратете им ги, и редот на Земјата не нарушувајте го кога е веќе на неа воспоставен! Тоа е подобро за вас, ако верувате.‘“ (Ел Араф, 85)
Исламот ја забранува и маѓијата. Возвишениот Аллах вели: „Само фрли го тоа што ти е во десната рака, ќе го проголта тоа што тие го направија, бидејќи тоа што тие го направија е само маѓија од маѓепсниците, а маѓепсникот нема да успее каде и да оди.“ (Та Ха, 69) Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „,Избегнувајте ги седумте гревови кои предизвикуваат пропаст.*‘ Прашале: ,Кои се тие, о, Божји пратенику?‘ Тој одговорил: ,Многубоштвото (ширкот), маѓијата (сихрот), неправедното убиство, каматата, бесправното користење на имотот на сиракот, дезертирањето од бојното поле и клеветењето на чесните и чедните вернички.‘“ Сахих Ел Бухари бр. 6857
Исламот ги забрани јавните и скриените развратни дела, како што се прељубата и истополните односи. На почетокот на овој дел се спомнаа ајетите што укажуваат на ова. Исламот исто така ја забрани каматата. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, плашете се од Аллах и откажете се од тоа што останало од каматата, ако сте верници! Ако не го сторите тоа, ви се навестува војна од Аллах и од Неговиот Пратеник! А ако се покаете, ви припаѓаат главнините од имотите ваши; ниту некого ќе оштетите, ниту ќе бидете оштетени.“ (Ел Бекаре, 278-279) Возвишениот Аллах не се заканил со војна на ниту еден грешник како што се заканил на оној што се занимава со камата, бидејќи каматата води до уништување на верите, земјите, имотите и животите.
Исламот го забранува и консумирањето на мрша, месото од животни жртвувани за идоли, како и свинското месо. Возвишениот Аллах вели: „Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и што при пад е загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклале пред да умре, и што на жртвениците е жртвувано, и ви се забранува гатање со стрелички. Тоа е порок!“ (Ел Маиде, 3)
Исламот забранува консумирање на опијати и сите други нечистотии и штетни работи. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, виното, коцката, идолите и стреличките за гатање се одвратни нешта, шејтаново дело; затоа избегнувајте ги, за да постигнете што сакате. Шејтанот сака со помош на виното и коцката меѓу вас да внесе непријателство и омраза, и да ве одврати од сеќавање на Аллах и од извршување на намазот (молитвата). Па, ќе престанете ли?“ (Ел Маиде, 90-91) Претходно, во точката број (31), беше спомната веста од Возвишениот Аллах дека една од особините на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, опишани во Тевратот е тоа што тој им ги забранува лошите работи. Возвишениот Аллах вели: „На тие кои ќе го следат Пратеникот, веровесник, кој нема да знае ни да чита, ниту да пишува, кој тие кај себе, во Тевратот и Инџилот, запишан го наоѓаат, кој од нив ќе бара да прават добри дела, а од лошите ќе ги одвраќа, кој убавата храна ќе им ја дозволи, а лошата ќе им ја забрани, кој од товарот и тешкотиите кои тие ги имаа ќе ги ослободи. Затоа, тие кои во него ќе веруваат, кои ќе го поддржуваат и ќе го помагаат и светлото по него пратено ќе го следат – ќе го постигнат тоа што ќе го сакаат!“ (Ел Араф, 157)
Исламот го забранува неправедното трошење на имотот на сираците. Возвишениот Аллах вели: „И на сирачињата имотите нивни дајте им ги, лошото како добро не подметнувајте им го и имотите нивни со имотите ваши не трошете ги, бидејќи тоа, навистина, е голем престап!“ (Ен Ниса, 2) Аллах, Возвишениот, вели: „Навистина, тие што неправедно ги трошат имотите на сираците, во своите стомаци ставаат оган и тие во огнот ќе горат!“ (Ен Ниса, 10)
Исто така ја забранил и измамата при мерењето и вагањето. Возвишениот Аллах вели: „Тешко им на тие што не мерат чесно, кои полна мерка земаат кога купуваат од други, а кога им мерат на други (на литар или на кантар) – кратат. Како не помислуваат дека ќе бидат оживеани.“ (Ел Мутафифин, 1-4)
Исламот го забрани прекинувањето на роднинските врски, како што беше спомнато претходно во точката број (31), со ајетите и хадисите што укажуваат на ова. Сите пратеници и веровесници, мир Божји над нив, се согласни за забраната на овие гревови.
35. Исламот ги забранува лошите особини, како што се лагата, измамата, предавството, проневерата, лошите интигри, кражбата, зависта, насилството и неправдата, и забранува секој вид на одвратно однесување.
Исламот воопштено ги забранува лошите особини. Возвишениот Аллах вели: „И, од горделивост, не го врти од луѓето лицето свое и не оди по земјата надмено, бидејќи Аллах не го сака ни горделивиот ни фалбаџијата.“ (Лукман, 18) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Навистина, мене најсаканите и најблиските до мене на Судниот ден се оние со најдобар морал. А најомразените кај мене и најоддалечените од мене на Судниот ден се наметливите говорници (ес-серсарун), оние кои самодопадливо се пренапрегнуваат во говорот (ел-муташедикун) и оние кои зборуваат со надменост (ел-мутафејхикун).‘ Асхабите прашаа: ,Аллахов Пратенику, ги разбираме наметливите говорници и оние кои се пренапрегннуваат во говорот, но кои се ел-мутафејхикун?‘ Тој одговори: ,Тоа се горделивите кои се издигнуваат над другите.‘“ Ес Силсиле ес Сахиха, бр. 791
Исламот ја забранува лагата. Возвишениот вели: „Навистина Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што претерува во зло и кој многу лаже.“ (Гафир, 28) И Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Чувајте се од лагата, бидејќи лагата води кон разврат, а развратот води кон Огнот. Човекот постојано ќе лаже и ќе се стреми кон лагата, сè додека не биде запишан кај Аллах како лажливец.“ Сахих Муслим, бр. 2607 Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол: „Лицемерот има три знаци: кога зборува – лаже, кога ветува – не исполнува, и кога му се доверува – изневерува.“ Сахих Ел Бухари, бр. 6095
Исламот ја забранува измамата. „Божјиот пратеник помина покрај сад во кој имаше храна, ја стави раката во внатрешноста на садот и почувствува влажност. Праша кој е сопственикот на оваа храна? Сопственикот рече: ,Се навлажи од дождот Божји Пратенику.‘ ,Зошто тогаш не ја ставиш на врвот за да ја видат луѓето? Кој мами не е наш.‘“ Сахих Муслим, бр. 102
Исламот го забранува предавството, проневерата и злобната итрина. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, Аллах и Пратеникот не лажете ги и свесно со аманетите не поигрувајте си.“ (Ел Енфал, 27) Возвишениот вели: „Тие кои обврската кон Аллах ја исполнуваат и не го кршат ветувањето.“ (Ер Рад, 20) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ѝ велел на војската пред тргнување: „Борете се, но бесправно не присвојувајте, не изневерувајте, не осакатувајте, и не убивајте деца.“ Сахих Муслим, бр. 1731 Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Четири особини го прават човекот лицемер во целост, а оној кој поседува една од нив има особина на лицемерство сè додека не ја напушти: кога му се доверува – изневерува, кога зборува – лаже, кога се обврзува – го прекршува договорот, и кога расправа – ги преминува границите.“ Сахих Ел Бухари бр. 34
Исламот ја забранува зависта. Возвишениот Аллах вели: „Или би им завидувале на луѓето на кои Аллах од изобилието Свое им дарил. А Ние на Ибрахимовите потомци Книга и мудрост им дадовме, и голема власт им подаривме!“ (Ен Ниса, 54) Аллах, Возвишениот, вели: „Многумина од Следбениците на Книгата би сакале, поради својата пакост, по вашето верување да ве вратат во неверување, иако вистината им стана јасна! Но вие простете им и преминете преку тоа, додека Аллах својата одлука не ја донесе. Аллах навистина е Семоќен.“ (Ел Бекаре, 109) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во дрга прилика рекол: „До вас стигна болеста на народите пред вас: зависта и омразата. Таа е како брич, но не го отстранува само влакното, туку ја уништува и верата. Се колнам во Аллах, нема да влезете во Џенетот додека не поверувате, и нема да поверувате додека не се сакате меѓусебно. Зарем не сакате да ве известам за нешто што, ако го правите, ќе се сакате? Ширете го селамот помеѓу вас.“ Сунен Тирмизи, бр. 2510
Исламот ги забранува лошите интриги. Возвишениот Аллах вели: „И исто така Ние сторивме во секој град првенците да станат грешници и во него замки да поставуваат, но тие само себеси замки си поставуваат, а да не забележуваат.“ [Ел Енам, 123) Возвишениот Аллах известува дека евреите се обиделе да го убијат Месихот, алејхи селам, и сковале интриги, но Аллах им возвратил на нивните интриги. Потоа Аллах објаснува дека злобните интриги не погодуваат никого освен оние што ги сковале. Возвишениот Аллах вели: „А кога Иса почувствува дека тие не веруваат, рече: ,Кои ќе ми бидат помошници на Аллаховиот пат?‘ ,Ние сме помагачи на Аллаховата вера!‘ – рекоа учениците – ,Ние веруваме во Аллах, а ти биди сведок дека ние сме муслимани! Господару наш, ние веруваме во тоа што Ти го објави и Пратеникот го следиме, па забележи нè како сведоци на верата!‘ И неверниците почнаа да смислуваат интриги, па и Аллах тоа им го направи! А Аллах најдобро го умее тоа. И кога Аллах рече: ,О, Иса, Јас душата ќе ти ја земам и кон Себе ќе те воздигнам! Ќе те спасам од неверниците и ќе сторам тие што те следат да бидат над неверниците сè до Судниот ден! Потоа Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ви пресудам за тоа за што не се согласувавте!‘“ (Али Имран, 52-55) Исто така, Возвишениот Аллах нè известува дека народот на веровесникот Салих, алејхи селам, кога намислил да го убие со сплетка, кроел интриги, но Аллах возвратил на нивните интриги и ги уништил нив и целиот нивен народ. Возвишениот Аллах вели: „,Заколнете се во Аллах,‘ – рекоа – ,дека во ноќта него и семејството негово ќе го убиеме, а тогаш на неговиот најблизок крвен сродник ќе му кажеме: Ние не присуствувавме на убиството на семејството негово, ние, навистина, вистината ја говориме.‘ И смислуваа сплетки, па и Ние, но тие тоа не го чувствуваа, па погледни каква беше последицата на сплеткарењето нивно: ги уништивме сите – и нив и народот нивен." (Ен Немл, 49-51)
Исламот ја забранува кражбата. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Човекот кој прави блуд, не е верник додека го прави; човекот кој краде, не е верник додека краде; и човекот кој пие алкохол, не е верник додека го пие. Но, вратите на покајанието остануваат отворени по тоа.“ Сахих Ел Бухари бр. 6810
Исламот го забранува насилството. Возвишениот Аллах вели: „Аллах бара да се почитува сечие право, да се прави добро, и на блиските да им се дава, а развратот и сè што е лошо и одвратно и насилството го забранува; да примите поука, Тој ве советува.“ (Ен Нахл, 90) И Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Аллах ми објави да бидете скромни, за никој да не врши насилство врз друг и никој да не се гордее над друг.“ Сунен Ебу Давуд, бр. 4895
Исламот ја забранува неправдата. Возвишениот Аллах вели: „А Аллах не ги сака насилниците!“ (Али Имран, 57) Возвишениот вели: „Неправедните, навистина нема да успеат!“ (Ел Енам, 21) Возвишениот вели: „А на неправедните им подготви болно страдание.“ (Ел Инсан, 31) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На тројца довите не им се одбиваат: праведниот владетел, постачот додека не го заврши постот и оној кому му е направена неправда. Неговата дова се издигнува до облаците, небеските врати ѝ се отвораат, и Господарот вели: ,Се колнам во Својата моќ, ќе те помогнам, дури и ако тоа биде по извесно време.‘“ Хадисот го бележат Муслим, бр. 2749, во скратена форма со мала разлика, Тирмизи, бр. 2526, исто така со мала разлика и Ахмед, бр. 8043, а текстот на хадисот е пренесен според неговата верзија. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рекол на Муаз кога го испратил во Јемен: „Чувај се од довата на угнетениот, бидејќи помеѓу него и Аллах нема превез.“ Сахих Ел Бухари, бр.1496 Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Оној кој ќе направи неправда на припадник на друга вера што е под договор со муслиманите, ќе го омаловажи, ќе го задолжи повеќе од неговите можности или ќе му одземе нешто без негова согласност – Јас ќе му бидам тужител на Судниот ден.“ Сунен Ебу Давуд, бр. 3052 Исламот, како што можеш да видиш, ја забранува секоја лоша особина, неправеден однос и тиранија.
36. Исламот забранува финансиски трансакции кои вклучуваат камата, штета, измама, неправда или нетранспарентност, како и оние што водат до негативни последици и општа штета за општествата, народите и поединците.
Исламот забранува финансиски трансакции кои вклучуваат камата, штета, измама, неправда или нетранспарентност, како и оние што водат до негативни последици и општа штета за општествата, народите и поединците. Претходно беа спомнати ајетите и хадисите во кои се наведува забраната за камата, неправдата, измамата и правењетото неред на земјата. Возвишениот Аллах вели: „А тие што ги вознемируваат верниците и верничките, а тие тоа не го заслужуваат, товарат на себе клевета и вистински грев.“ (Ел Ахзаб, 58) Аллах, Возвишениот, вели: „Кој прави добро, во своја корист го чини, а кој прави лошо, на своја штета го прави. – А Господарот твој не е неправеден кон робовите Свои.“ (Фусилет, 42) Во Сунетот се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, пресудил дека не е дозволено да се прави штета ниту нанесување штета. Сунен Ебу Давуд Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека не му наштетува на својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот гостин. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро или нека молчи.“ Во друга верзија стои: „Нека постапува добро кон својот сосед.“ Сахих Муслим, бр. 47 Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол: „Една жена беше казнета и фрлена во Огнот поради мачката што ја затворила сè додека не умрела. Таа не ја хранела и не ѝ давала вода додека била затворена, ниту ја пуштила да јаде од инсектите на земјата.“ Сахих Ел Бухари, бр. 3482 Ако е ова состојбата со оној што нанел штета на мачка, тогаш што да се каже за оној чие злодело ги погодува луѓето? Ибн Омер раскажува: „Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се качи на минберот и со силен глас рече: ,О, вие кои го прифативте исламот со вашите јазици, но иманот сè уште не допрел до вашите срца! Не вознемирувајте ги муслиманите, не исмејувајте ги и не следете ги нивните недостатоци. Оној што ќе го следи недостатокот на својот брат муслиман, Аллах ќе го следи неговиот недостаток, а оној кого Аллах ќе го следи, ќе го понижи, дури и ако е скриен во длабочината на неговиот дом.“ Еден ден, додека гледаше кон Каба, Ибн Омер рече: „Колку си величествена и колку е голема твојата светост! Но, верникот е посвет и повреден кај Аллах од тебе.“ Хадисот го бележат Тирмизи, бр. 2032 и ибн Хибан, бр. 5763 Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека не му наштетува на својот сосед. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека го почитува својот гостин. Кој верува во Аллах и во Судниот ден, нека зборува добро или нека молчи.“ Сахих Ел Бухари бр. 6018 Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „,Дали знаете кој е вистинскиот муфлис (банкрот, губитник)?‘ Рекоа: ,Муфлис кај нас, о Божји Пратенику, е оној што нема дирхем ниту имот.‘ Тој рече: ,Вистинскиот муфлис од мојот умет е оној кој на Судниот ден ќе дојде со пост, намаз и зекат, но истовремено ќе дојде и со тоа што навредил еден, наклеветил друг, присвоил имот од третиот и ја пролеал крв на четвртиот. Тогаш, од неговите добри дела ќе им се даде на оние што ги оштетил. Ако неговите добри дела се потрошат пред да ги намири сите долгови, ќе се земат од нивните гревови и ќе му бидат додадени нему, па потоа ќе биде фрлен во Огнот.“ Хадисот го бележат Муслим, под бр. 2581, Тирмизи, бр. 2418 и Ахмед, бр. 8029 и ова е неговата верзија.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „На патот имало трнлива гранка од дрво што им пречела на луѓето. Еден човек ја отстранил и поради тоа бил внесен во Џенетот.“ Хадисот го бележат Бухари, бр. 652, со слично значење, Муслим, бр. 1914 во слична верзија, Ибн Маџе, бр. 3682 и Ахмед бр. 10432, а текстот на хадисот е според нивната верзија. Ако отстранувањето на пречка од патот води кон Џенетот, што тогаш да се каже за оној што им нанесува штета на луѓето и ги уништува нивните животи?
37. Исламот е дојден со цел да го заштити разумот и да забрани сè што го расипува, како што е пиењето алкохол. Исламот го издигнува значењето на разумот, правејќи го основа за шеријатските обврски и го ослободува од оковите на суеверијата и идолопоклонството. Во исламот нема тајни или прописи кои се однесуваат само на одредена група, туку сите негови прописи и закони се во согласност со здравиот разум и се засновани на правда и мудрост.
Исламот дојде со цел да го заштити разумот и да го воздигне неговото значење. Возвишениот Аллах вели: „И слухот, и видот, и разумот – за сето тоа навистина ќе се одговара.“ (Ел Исра, 36) Затоа, должност на човекот е да го чува својот разум. Поради тоа, исламот го забранил консумирањето алкохол и употребата на наркотичните средства. Забраната за алкохолот беше спомената во точката број (34), а многу ајети од Куранот завршуваат со зборовите на Возвишениот Аллах: „За да размислите.“ (Ел Бекаре, 242) Аллах, Возвишениот, вели: „Животот на овој свет е само игра и забава, а оној свет, навистина, е подобар за тие што се плашат од Аллах. Зошто не се опаметите?“ (Ел Енам, 32) Аллах, Возвишениот, вели: „Ја објавуваме како Куран на арапски јазик, за да разберете.“ (Јусуф, 2) Возвишениот Аллах исто така појаснил дека од упатството и мудроста имаат корист само оние со разум, односно луѓето со проникливост. Возвишениот Аллах вели: „Тој дарува мудрост кому сака, а тој на кого мудроста му е дадена, дадено му е големо добро! А само обдарените со разум поуката ја прифаќаат!“ (Ел Бекаре, 269)
Поради тоа, исламот го направил разумот основа за шеријатските обврски. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие додека не се разбуди, за детето додека не порасне и за лудиот додека не се освести или не закрепне." Хадисот го бележат: Бухари како муалак, но во форма на категорична изјава, пред хадисот бр. 5269. Ебу Давуд го бележи како споена верзија под бр. 4402, а ова е неговата верзија. Тирмизи, бр. 1423, Несаи во „Ел Кубра“ бр. 7346, Ахмед, бр. 956 со мала разлика и Ибн Маџе, бр. 2042 во скратена форма. Исламот го ослободи разумот од оковите на суеверијата и идолопоклонството. Возвишениот Аллах, опишувајќи како народите се држеле до своите суеверија и го одбивале вистинскиот пат што им бил објавен, вели: „Исто така, пред тебе, Ние ниту во еден град не испративме Опоменувач, а тие коишто живееја со раскошен живот да не зборуваа: ,Ги затекнавме предците наши како ја исповедаат верата и ние стапките нивни ги следиме.‘“ (Ез Зухруф, 23) Возвишениот Аллах ни пренесува за Ибрахим Халил, алејхи селам, дека му рекол на својот народ: „Кога тој на својот татко и на својот народ им рече: ,Какви се овие кипови кои дење и ноќе ги обожувате?‘ – тие одговорија: ,И нашите предци ги обожуваа.‘“ (Ел Енбија, 52-53) Исламот дојде и им нареди на луѓето да го напуштат обожувањето на идолите, да се откажат од суеверијата наследени од татковците и предците и да го следат патот на Божјите пратеници, мир Аллахов над нив.
Во исламот нема тајни или прописи наменети само за одредена група луѓе. Али бин Ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, кој беше братучед на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и сопруг на неговата ќерка, беше прашан: „,Дали Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ве издвојуваше со нешто посебно?‘ Тој одговори: ,Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не нè издвојуваше со ништо што не беше упатено кон сите луѓе, освен тоа што е напишано во кориците на мојата сабја.‘ Потоа извади лист на кој пишуваше: ,Аллах го проколнува оној што коле за некој друг освен за Аллах, Аллах го проколнува оној што ги изменува граничните белези, Аллах го проколнува оној што ги проколнува своите родители и Аллах го проколнува оној што му дава засолниште на неправедник/оној што прави новотарија.‘“ Сахих Муслим, бр. 1978 Сите прописи и шеријатски закони во исламот се во согласност со здравиот разум и се засновани на правда и мудрост.
38. Кога станува збор за лажните религии, ако нивните следбеници не ги забележат противречностите и работите кои разумот ги отфрла, верските водачи ги убедуваат дека религијата е над разумот и дека разумот нема улога во нејзиното разбирање. Наспроти тоа, исламот ја смета религијата за светлина што му го осветлува патот на разумот. Следбениците на лажните религии сакаат човекот да се откаже од својот разум и да ги следи нив, додека исламот бара од човекот да го разбуди својот разум за да ги спознае вистинските значења на работите.
Кога станува збор за лажните религии, ако нивните следбеници не ги забележат противречностите и работите кои разумот ги отфрла, верските водачи ги убедуваат дека религијата е над разумот и дека разумот нема улога во нејзиното разбирање. Наспроти тоа, исламот ја смета религијата за светлина што му го осветлува патот на разумот. Следбениците на лажните религии сакаат човекот да се откаже од својот разум и да ги следи нив, додека исламот бара од човекот да го разбуди својот разум за да ги спознае вистинските значења на работите. „Ние на таков начин и тебе ти го објавуваме тоа што ти се објавува. Ти не знаеше што е Книга, ниту што е верување, но Ние ја направивме светла помош на која ги упатуваме од робовите Наши тие што сакаме. А ти, навистина, упатуваш на Вистинскиот пат.“ (Еш Шура, 52) Божјата објава содржи докази и јасни аргументи кои го насочуваат здравиот разум кон вистините што човекот се стреми да ги дознае и да верува во нив. Возвишениот Аллах вели: „О, луѓе, Доказот од Господарот ваш веќе ви стигна и Ние ви ја објавивме Јасната Светлина!“ (Ен Ниса, 174) Возвишениот Аллах сака човекот да живее во светлината на упатството, знаењето и вистината. Наспроти тоа, шејтаните и тагутите сакаат човекот да остане во темнината на неверувањето, незнаењето и заблудата. Возвишениот Аллах вели: „Аллах е заштитник на верниците, ги изведува од темнините на светлина, а на неверниците заштитници им се тагутите, тие ги втеруваат од светлината во темнините.“ (Ел Бекаре, 257)
39. Исламот го вреднува исправното знаење и охрабрува научни истражувања ослободени од лични страсти. Тој повикува на размислување и медитирање за самите себе и за универзумот околу нас. Исправните научни сознанија никогаш не се во спротивност со исламот.
Исламот го возвишува исправното знаење. Возвишениот Аллах вели: „О, верници, кога ќе ви се каже: ,Направете место за другите таму каде што се седи‘ – вие направете, па и вам Аллах место ќе ви направи; а кога ќе ви се каже: ,Станете‘ – вие станете, и Аллах на високи степени ќе ги воздигне тие што веруваат и на коишто им е дадено знаење. А Аллах добро го знае тоа што го правите.“ (Ел Муџаделе, 11) Аллах го поврза сведочењето на учените со Своето сведочење и сведочењето на Неговите мелеци за најголемата вистина. Возвишениот Аллах вели: „Аллах сведочи дека нема друг бог освен Него, а и мелеците и учените, постапувајќи праведно. Нема друг бог освен Него, Силниот и Мудриот.“ (Али Имран, 18) Ова ја покажува високата положба на учените во исламот. Аллах не му наредил на Својот Пратеник, Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, да бара зголемување на нешто, освен знаењето. Возвишениот Аллах вели: „И кажи: ,Господару мој, Ти знаењето мое зголеми го!‘“ (Таха, 114) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе тргне по патот на барањето на знаење, Аллах ќе му го олесни патот кон Џенетот. Навистина, мелеците ги спуштаат своите крилја од задоволство заради оној што бара знаење, а за него молат за прошка сите што се на небесата и на земјата, дури и рибите во водата. И навистина, вредноста на учените над побожните е како вредноста на месечината над останатите ѕвезди. Навистина учените се наследници на веровесниците и навистина, веровесниците не оставиле во наследство ни динари ни дирхеми, туку знаење. Оној што ќе го земе тоа наследство, земал огромен удел.“ Хадисот го бележат Ебу Давуд, бр. 3641, Тирмизи бр. 2682, Ибн Маџе бр. 223 и ова е неговата верзија и Ахмед бр. 21715
Исламот охрабрува научни истражувања ослободени од лични страсти. Тој повикува на размислување и медитирање за самите себе и за универзумот околу нас. Возвишениот Аллах вели: „Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина. А зарем не е доволно тоа што Господарот твој е Сведок за сè?“ (Фусилет, 53) Аллах, Возвишениот, исто така вели: „И зошто тие не размислат за царството на небесата и на Земјата и за сето тоа што Тој го создал, и дека можеби, крајот нивен им се приближил? Па во кои зборови, освен во Куранот, ќе веруваат?“ (Ел Араф, 185) Аллах, Возвишениот, рекол: „Зошто не патуваат по светот за да видат како завршиле тие пред нив? Тие беа посилни од нив, и земјата ја ораа и ја обработуваа повеќе отколку што ја обработуваат овие, и пратениците им донесуваа јасни докази; Аллах не им направи неправда, самите на себеси си нанесоа неправда.“ (Ер Рум, 9)
Исправните научни сознанија никогаш не се во спротивност со исламот. Еден пример за ова е деталот што Куранот го спомнал пред повеќе од илјада и четиристотини години, а современата наука го потврди многу подоцна. Резултатите од науката се во целосна согласност со она што е објавено во Благородниот Куран, а тоа е создавањето на ембрионот во утробата на мајката. Возвишениот Аллах вели: „Ние навистина човекот од екстракт од глина го создадовме, потоа како капка семе на безбедно место го ставивме, потоа капката семе грутка крв ја направивме, потоа од грутката крв парче месо создадовме, па од парчето месо коски направивме, а потоа коските со месо ги обвиткавме, и потоа, како друго создание, го оживуваме, па нека е возвишен Аллах, Најубавиот Создател!“ (Ел Муминун, 12-14)
40. Возвишениот Аллах нема да ги прифати делата ниту ќе даде награда за нив на идниот свет освен од оние кои верувале во Него, Му биле покорни и ги потврдиле како вистинити Неговите пратеници, нека е мир и спас над нив. Аллах ги прифаќа само оние ибадети кои Тој ги пропишал. Па како може човек кој не верува во Аллах да очекува награда од Него? Верата ќе биде прифатена само од оние кои веруваат во сите пратеници, без исклучок, и кои веруваат во пораката со која е испратен Мухамед, салаллаху алејхи ве селем.
Возвишениот Аллах нема да ги прифати делата ниту ќе даде награда за нив на идниот свет освен од оние кои верувале во Него, Му биле покорни и ги потврдиле како вистинити Неговите пратеници, нека е мир и спас над нив. Возвишениот Аллах вели: „На тој што го сака овој свет, Ние бргу му даваме што сакаме и на кого сакаме, но потоа Џехенемот ќе му го подготвиме, каде засрамен и отфрлен ќе се пече. А тој што го сака оној свет и се труди да го заслужи, а верник е, трудот на таквите ценет ќе им биде.“ (Ел Исра, 18-19) Во Куранот е запишано: „Кој ќе прави добри дела, а при тоа ќе биде и верник, трудот нема да му биде лишен од награда, бидејќи Ние сигурно сме го забележале.“ (Ел Енбија, 94) Аллах ги прифаќа само оние ибадети кои Тој ги пропишал. Возвишениот Аллах рекол: „Кажи: ,Јас сум човек како и вие, мене ми се објавува дека вашиот Бог е еден Бог. Па кој се надева на средба со Господарот свој, нека прави добри дела и во обожувањето на Господарот свој нека не Му припишува здруженик.‘“ (Кехф, 110) Јасно е наведено дека делото не може да биде исправно освен ако е од она што Аллах го пропишал и ако неговиот извршител е искрен во неговото дело, верувајќи во Него и потврдувајќи ги Неговите пратеници и веровесници, мир Божји над нив. А за оној чии дела не ги исполнуваат овие услови, Возвишениот Аллах вели: „И Ние ќе пристапиме кон делата нивни кои ги правеле, и во прав и пепел ќе ги претвориме.“ (Ел Фуркан, 23) Аллах, Возвишениот, вели: „Кога некои лица потиштени, преморени и напатени во огнот жесток ќе се пржат.“ (Ел Гашија, 2-4) Овие лица се потиштени и напатени од своите дела, но бидејќи ги извршувале без упатство од Аллах, нивниот краен исход е Огнот. Причината за тоа е што не постапувале според она што Аллах го пропишал, туку се занимавале со лажни ибадети и ги следеле предводниците на заблудата кои им измислуваат лажни верувања. Исправното дело кое Аллах го прифаќа е само она што е во согласност со она што го донел Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Па како може човек кој не верува во Аллах да очекува награда од Него?
Верата ќе биде прифатена само од оние кои веруваат во сите пратеници, без исклучок, и кои веруваат во пораката со која е испратен Мухамед, салаллаху алејхи ве селем. – Претходно во точката број (20) беа наведени докази околу ова. Возвишениот Аллах вели: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови‘. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме.‘“ (Ел Бекаре, 285) Аллах, Возвишениот, вели: „О, верници, верувајте во Аллах и во Пратеникот Негов, и во Книгата која Тој на Својот Пратеник му ја објавува и во Книгите кои претходно ги објавил. А тој што нема да верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови, и во оној свет, тој далеку заталкал!“ (Ен Ниса, 136) Аллах, Семоќниот, вели: „Аллах од секој веровесник на кого Книга му објавил и знаење му дал зел обврска: ,Кога после вас ќе дојде Пратеник кој ќе потврди дека е вистина тоа што го имате, дали целосно ќе му поверувате и ќе го поддржите? Дали се сложувате и ја прифаќате таа обврска кон Мене?‘ Тие одговорија: ,Прифаќаме.‘ ,Тогаш бидете сведоци,‘ – рече Тој – ,а и Јас со вас ќе сведочам.‘“ (Али Имран, 81)
41. Целта на сите Божји пораки е да го воздигнат човекот преку вистинската вера, за да стане искрен роб на Аллах, Господарот на световите и да го ослободат од ропството на човекот, материјата или суеверието. Исламот, како што гледаш, не ги обожува луѓето, не ги издигнува над нивната положба и не ги претвора во богови или божества.
Целта на сите Божји пораки е да го воздигнат човекот преку вистинската вера, за да стане искрен роб на Аллах, Господарот на световите и да го ослободат од ропството на човекот, материјата или суеверието. Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол: „Несреќен е оној што им робува на динарот, дирхемот, свилените облеки и украсените кадифени наметки. Ако добие нешто, е задоволен, а ако не добие, се гневи.“ Сахих Ел Бухари бр. 6435 Човекот со исправна природа не се покорува никому освен на Аллах. Ниту богатството, ниту угледот, ниту положбата, ниту племето можат да го поробат. Оваа случка му покажува на читателот какви биле луѓето пред пратеништвото и какви станале по него.
„Кога првите муслимани се преселија во Абесинија (Етиопија), тогашниот крал Неџаши (Негус) ги праша: ,Која е таа вера заради која се одделивте од вашиот народ, а не ја прифативте ниту мојата вера, ниту верата на кој било од овие народи?‘ Џафер бин Ебу Талиб одговорил: ,О кралу! Ние бевме народ во незнаење – обожувавме идоли, јадевме мрша, правевме неморални дела, ги киневме роднинските врски и постапувавме лошо кон соседите. Силниот го угнетуваше слабиот. Живеевме така сè додека Аллах не ни испрати пратеник од нашите редови, кого го познававме по неговото благородно потекло, искреност, доверливост и чистота. Тој нè повика да го обожуваме Аллах како единствен Бог и да се откажеме од она што ние и нашите предци го обожававме покрај Него – од камења и идоли. Нè научи на искреност во говорот, на исполнување на довереното, на почитување на роднинските врски, на добрососедство и на воздржување од забранетите работи и пролевањето крв. Нè одврати од неморалните дела, лажните сведоштва, бесправното трошење на имотот на сирачињата и обвинувањето на чесните жени. Ни нареди да Го обожуваме само Аллах, без да Му припишуваме содружници, и ни нареди да ги извршуваме намазот, зекатот и постот.‘ Џафер му ги објасни основите на исламот и продолжи: ,Ние го послушавме и му поверувавме, го следевме во она што ни го донесе. Го обожувавме само Аллах, без да Му припишуваме содружници. Го сметаме за забрането она што ни го забрани и за дозволено она што ни го дозволи...‘“ Го бележи Ахмед бр. 1740 со мали разлики и Ебу Нуајм во „Хилијетул-Евлија“ (1/115) во скратена верзија. Исламот, како што гледаш, не ги обожува луѓето, не ги издигнува над нивната положба и не ги претвора во богови или божества. Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!‘ Па ако не се согласат, вие кажете: ,Бидете сведоци дека ние сме муслимани!‘“ (Али Имран, 64) Аллах, Возвишениот, вели: „Тој не ви наредува мелеците и веровесниците за господари да ги сметате! Зарем да ви нареди неверство откако веќе сте станале муслимани?“ (Али Имран, 80) Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: „Немојте да ме воздигнувате како што христијаните претерале во воздигнувањето на Иса синот Мејремин, алејхи селам. Навистина јас сум само роб па кажете: ,Аллахов роб и Негов пратеник.‘“ Сахих Ел Бухари бр. 3445
42. Во исламот, Аллах пропишал покајание, што значи враќање на човекот кон својот Господар и оставање на гревовите. Исламот ги брише претходните гревови, а покајанието ги поништува, така што нема потреба човекот да ги признава своите гревови пред останатите луѓе.
Во исламот, Аллах пропишал покајание, што значи враќање на човекот кон својот Господар и оставање на гревовите. Возвишениот Аллах вели: „И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни.“ (Ен Нур, 31) Аллах, Возвишениот, вели: „Зарем тие не знаат дека само Аллах го прима покајанието од робовите Свои и дека само Тој ги прифаќа зекатот и милостината, и дека само Аллах е Тој што простува и дека Тој е Милостив?!“ (Ет Теуба, 104) Аллах, Возвишениот, вели: „Тој е Тој што ги прима покајанијата од робовите Свои и ги простува лошите дела и знае што правите.“ (Еш Шура, 25) Божјиот пратеник ﷺ рекол: „Навистина, Аллах повеќе се радува на покајанието на Својот роб отколку човек кој се наоѓа во пустина, каде што постои опасност од уништување, со своето животно за јавање на кое се наоѓа неговата храна и вода. Тој заспал, а кога се разбудил, открил дека животното му исчезнало. Го барал сè додека не го совладала жедта, па рекол: ,Ќе се вратам на местото каде што бев, ќе легнам и ќе умрам.‘ Ја положил главата на раката за да умре, но кога се разбудил, го нашол своето животно со сета храна и вода на него. Аллах повеќе се радува на покајанието на Својот роб отколку што се радувал тој човек кога го пронашол своето животно со храната и водата.“ Сахих Муслим, бр. 2744
Исламот ги брише претходните гревови, а покајанието ги поништува. Возвишениот Аллах вели: „Кажи им на тие што не веруваат: ако престанат, ќе им биде простено тоа што било претходно; но ако не престанат, па се знае што се случи со древните народи.“ (Ел Енфал, 38) Возвишениот Аллах ги повика христијаните на покајание. Семоќниот вели: „Зошто тие не се покајат кај Аллах и не замолат прошка од Него? А Аллах простува и Милостив е.“ (Ел Маиде, 74) Исто така, Возвишениот Аллах ги поттикнува сите грешници да се покајат. Возвишениот вели: „Кажи: ,О, робови Мои кои кон себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ви ги прости; Тој, навистина, многу простува и Тој е Милостив.‘“ (Ез Зумер, 53) Кога Амр бин ел Ас одлучил да го прифати исламот, се исплашил дека неговите гревови од минатото нема да му бидат простени. Амр ја раскажува оваа случка: „Кога Возвишениот Аллах внесе ислам во моето срце, отидов кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да му дадам заклетва. Тој ја испружи својата рака кон мене, но јас реков: ,О, Аллахов Пратенику, нема да ти дадам заклетва додека не ми се простат моите минати гревови.‘ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ми рече: ,О Амр, зарем не знаеш дека хиџрата ги поништува гревовите направени пред неа? О Амр, зарем не знаеш дека исламот ги поништува сите претходни гревови?‘“ Го бележи Муслим бр. 121 во подолга верзија со сличен текст и Ахмед бр. 17827 и ова е неговата верзија.
43. Во исламот, врската помеѓу човекот и Аллах е директна и не бара посредници. Исламот строго забранува луѓето да се сметаат за божества или да му се припишуваат содружници на Аллах во Неговото господарство или божественост.
Во исламот нема потреба човекот да ги признава своите гревови пред други луѓе, бидејќи врската помеѓу човекот и Аллах е директна и не бара посредници. Како што беше споменато во точката (36), Возвишениот Аллах ги повикува сите луѓе на покајание и враќање кон Него. Истовремено, строго забранува луѓето да ги земаат веровесниците или мелеците како посредници помеѓу Него и Неговите робови. Возвишениот Аллах вели: „Тој не ви наредува мелеците и веровесниците за господари да ги сметате! Зарем да ви нареди неверство откако веќе сте станале муслимани?“ (Али Имран, 80) Исламот, како што гледаш, строго забранува да ги сметаме луѓето за божества или да им припишуваме содружништво со Аллах во Неговото господарство или божественост. Возвишениот Аллах, зборувајќи за христијаните, вели: „Тие, покрај Аллах, за божества ги сметаат свештениците свои, и монасите свои и Месих, синот Мерјемин, а наредено им е само еден Бог да обожуваат – нема друг бог освен Него. Тој е многу високо над тие кои Нему за рамни Му ги припишуваат.“ (Ет Тевба, 31) Аллах, исто така, ги укорува неверниците за тоа што земале посредници меѓу себе и Аллах, па вели: „Искреното практикување на верата е долг кон Аллах! А на тие што покрај Него земаат други за заштитници: ,Ние ги обожуваме само за да нè приближат што поблиску до Аллах‘ – Аллах ним, навистина, ќе им пресуди за тоа за коешто тие не се согласуваа. Аллах нема да го упати на Вистинскиот пат тој што е лажливец и неверник.“ (Ез Зумер, 3) Возвишениот Аллах објасни дека идолопоклониците – луѓето од џахилиетот – земале посредници меѓу себе и Аллах, велејќи: „Тие нè приближуваат до Аллах.“
Па кога Аллах им забранил на луѓето да ги земаат веровесниците или мелеците како посредници помеѓу Него и Неговите робови, тогаш уште повеќе е забрането да се земаат другите како посредници. Како може тоа да биде дозволено, кога и самите пратеници и веровесници, мир Аллахов нека е над нив, се натпреваруваат да се доближат до Аллах? Возвишениот Аллах известува за состојбата на пратениците и веровесниците, мир Аллахов нека е над нив: „Тие се трудеа што повеќе добри дела да направат и Ни се молеа и во надеж и во страв, и кон Нас беа понизни.“ (Ел Енбија, 90) Аллах, Возвишениот, вели: „Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува.“ (Ел Исра, 57) Оние кои ги повикувате покрај Аллах – било да се тоа веровесници или добри луѓе – тие самите се доближуваат до Аллах, се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. Па како тогаш тие да се повикуваат покрај Аллах?
44. На крајот од оваа порака, да се потсетиме дека луѓето, без разлика на времето, националноста или местото, се разликуваат во своите идеи, цели, средини и дела. Целото човештво има потреба од водич кој ќе ги насочи, систем кој ќе ги обедини и владетел кој ќе ги заштити. Благородните пратеници – мир и благослов Божји нека е над нив – ја преземале оваа улога според Божјата објава. Тие ги воделе луѓето по патот на доброто и праведноста, обединувајќи ги околу Божјиот закон и судејќи меѓу нив со правда. Луѓето биле на правиот пат во зависност од нивниот одзив кон пратениците и близината на времето кога се случила одредена Божја објава. Возвишениот Аллах ги заврши сите објави со последната Објава испратена преку Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, одредувајќи таа да биде трајна и ја направи упатство за луѓето, милост, светлина и водич до патот кој води кон Него.
На крајот од оваа порака, да се потсетиме дека луѓето, без разлика на времето, националноста или местото, како и целото човештво, се разликуваат во своите идеи, цели, средини и дела. Сите тие имаат потреба од водич кој ќе ги насочи, систем кој ќе ги обедини и владетел кој ќе ги заштити. Благородните пратеници – мир и благослов Божји нека е над нив – ја преземале оваа задача по објава од Возвишениот Аллах. Тие ги воделе луѓето по патот на доброто и праведноста, ги обединуваа околу Божјиот закон и судеа меѓу нив со правда. Нивните животи и дела биле исправни во зависност од нивниот одзив кон пратениците и близината на времето од објавата. Кога заблудата се прошири, незнаењето завладеа, а идолопоклонството стана вообичаено, Аллах го испрати Својот пратеник Мухамед, салаллаху алејхи ве селем, со упатство и вистинска вера за да ги изведе луѓето од темнината на неверието, незнаењето и идолопоклонството кон светлината на верата и упатството.
45. Токму поради тоа, те повикувам, о, човеку, искрено да му се предадеш на Аллах, ослободен од слепото следење и обичаите, и да бидеш свесен дека по твојата смрт ќе се вратиш кај својот Господар. Размисли за себе и за светот околу тебе. Ако го прифатиш исламот, ќе бидеш среќен и на овој и на идниот свет. За да го прифатиш исламот, треба само да посведочиш дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот пратеник, и да се откажеш од сè што се обожува покрај Аллах. Потоа, треба да веруваш во оживувањето по смртта и дека полагањето сметка, наградата и казната се вистина. Ако го посведочиш ова, стануваш муслиман. После тоа, треба да го обожуваш Аллах според Неговите прописи, како што се намазот, зекатот, постот и аџилакот, доколку си во можност да го извршиш.
Токму поради тоа, те повикувам, о, човеку, искрено да му се предадеш на Аллах, ослободен од слепото следење и обичаите, како што те повикува Возвишениот Аллах во Неговиот говор: „Кажи: ,Јас ви советувам само едно: станете искрено кон Аллах, двајца по двајца, или еден по еден, па потоа размислете дека другарот ваш не е опседнат. Тој само ве опоменува пред тешкото страдање.‘“ (Сабе, 46) И да бидеш свесен дека по твојата смрт ќе се вратиш кај својот Господар. Возвишениот Аллах вели: „И дека на човекот му припаѓа само тоа што тој сам ќе го стори, и дека трудот негов сигурно ќе се види, и дека според него во потполност награден или казнет ќе биде, и дека кај Господарот твој повторно ќе се врати.“ (Ен Неџм, 39-42) Размисли за себе и за светот околу тебе. Возвишениот Аллах вели: „И зошто тие не размислат за царството на небесата и на Земјата и за сето тоа што Тој го создал, и дека можеби, крајот нивен им се приближил? Па во кои зборови, освен во Куранот, ќе веруваат?“ (Ел Араф, 185)
Ако го прифатиш исламот, ќе бидеш среќен и на овој и на идниот свет. За да го прифатиш исламот, треба само да посведочиш дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Неговиот пратеник. Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го испрати Муаз во Јемен како повикувач во исламот, му рече: „Одиш кај народ од ехли китаб (следбениците на книгата – евреи и христијани). Кога ќе стигнеш, повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Аллахов пратеник. Ако го прифатат тоа, извести ги дека Аллах им наредил пет задолжителни намази во текот на денот и ноќта. Ако го прифатат и тоа, извести ги дека Аллах им наредил садака (задолжителен зекат) која се зема од богатите и им се враќа на сиромашните. Ако го прифатат и тоа, не земај од нивните скапоцени имоти.“ Сахих Муслим, бр. 19 И да се откажеш од сè што се обожува покрај Аллах. Откажувањето од сè што се обожува покрај Аллах е чистата вера на Ибрахим, алејхи селам. Возвишениот Аллах вели: „Прекрасен пример за вас е Ибрахим и тие што беа со него кога на народот свој му рекоа: ,Ние со вас немаме ништо, а ниту со тие што вие, наместо Аллах, ги обожувате; ние се одрекуваме од вас, и непријателство и омраза помеѓу нас постојано ќе се јавува сè додека во Аллах, во Него Единиот, не поверувате!‘ – не и во зборовите на Ибрахим кон таткото свој: ,Јас ќе се молам да ти се прости, но не можам со ништо да те одбранам од Аллах.‘ Господару наш, на Тебе се потпираме и Тебе Ти се обраќаме и кај Тебе ќе се вратиме.“ (Ел Мумтехине, 4) Потоа, треба да веруваш во оживувањето по смртта. Возвишениот Аллах вели: „Тоа е затоа што Тој, Аллах, е Вистина и затоа што Тој е кадарен мртвите да ги оживее и затоа што Тој може сè, и затоа што Часот на оживувањето, во тоа нема сомнеж, ќе дојде и затоа што Аллах ќе ги оживее тие во гробовите.“ (Ел Хаџ, 6-7) И дека полагањето сметка, наградата и казната се вистина. „А Аллах небесата и Земјата со Вистината ги создаде и поради тоа за секој човек да биде награден или казнет според тоа што го заработил, и на нив нема да им се направи неправда.“ (Ел Џасије, 22)
Ако го посведочиш ова, стануваш муслиман. После тоа, треба да го обожуваш Аллах според Неговите прописи, како што се намазот, зекатот, постот и аџилакот, доколку си во можност да го извршиш, и друго.
Примерок од 19.11.1441.
Автор: проф. д-р Мухамед бин Абдулах ес-Сухајм
Поранешен професор по акида на одделот за исламски студии.
Педагошки факултет, Универзитет „Крал Сауд“.
Ријад, Кралство на Саудиска Арабија.
Related books
All books
Кратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот61 јазициКратко и концизно претставување на исламот според Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот Исламот [1] (Примерок без наведени аргументи) [1] Постои друга дополнета верзија на оваа порака со докази од Куранот и Сунетот за секое прашање. Можете да погледнете преку линкот: https://islamhouse.com/ar/books/2830071 Ова е важна порака која нуди краток и јасен вовед во исламот, објаснувајќи ги неговите основни принципи, учења и доблести, извлечени од оригиналните извори на Благородниот Куран и пророчката традиција - Сунетот. Пораката е наменета за сите луѓе, муслимани и немуслимани, на сите јазици, во секое време и место, без разлика на…
Кратка и јасна порака за атеистот61 јазициКратка и јасна порака за атеистот
Кратка порака до атеистот, која мусе обраќа на разумот: Ако прецизноста и уреденоста на универзумот ја негираат случајноста и укажуваат на мудар Создател, дали е разумно сето то да настанало од непостоење? Затоа, отвори го своето срце за размислување и промислување и побарај ја вистината, бидејќи можеби во неа ќе ја најдеш светлината што ќе те упати.
نبذة في العقيدة الإسلامية (شرح أصول الإيمان)75 јазициنبذةنبذة في العقيدة الإسلامية (شرح أصول الإيمان)
رسالة لطيفة تتناول أصول العقيدة الإسلامية بأسلوب مبسط وميسر. تبدأ بمقدمة حول أهمية علم التوحيد، كونه أشرف العلوم وأجلّها، ثم تتناول مفهوم الدين الإسلامي وأركانه الخمسة: الشهادتان، والصلاة، والزكاة، والصوم، والحج. كما يشرح الإيمان بالله، وملائكته، وكتبه، ورسله، واليوم الآخر، ويؤكد على أهمية التوحيد في بناء دين المسلم بشكل سليم. الكتاب يهدف إلى تعزيز الفهم الصحيح للعقيدة الإسلامية وتطبيقها في حياة المسلم اليومية.
Речник на големите гревови13 јазициРечник на големите гревови
Книгата нуди детално објаснување за најважните големи гревови во исламот, - почнувајќи од ширкот кон Аллах, лажните тврдења кои му се припишуваат на Аллах и Неговиот пратеник, новотариите, лицемерното преправање, па сè до оставањето на намазот, блудот и кражбата. Книгата, исто така, ги појаснува последиците и штетите од овие големи гревови и на овој и на оној свет, наведувајќи докази од Куранот и Сунетот, а се осврнува и на начините за заштита и лечење од овие гревови - преку покајание, богобојазливост и добри дела.