من خلق الكون؟ ومن خلقني؟ ولماذا؟

من خلق الكون؟ ومن خلقني؟ ولماذا؟

Кој го создал универзумот? Кој ме создал? И зошто?

Language: lang_mk
Prepared by: Научната комисија при управата за верски прашања во Месџидул Харам и џамијата на Божјиот пратеник
Version: 2.0
Translations 47
Afrikanns Assamese Azerbaijani Bulgarian +43
Attachments 7
PDF
Audio
Video
+3

Кој го создал универзумот? Кој ме создал? И зошто?

Научната комисија при Претседателството за верски прашања на Месџидул-Харам во Мека и џамијата на Божјиот пратеник во Медина

Дали сум јас на вистинскиот пат?

Кој ги создал небесата и Земјата и сè што е дел од нив од величествените созданија, чиј број и обем не можно да се опфати?

Кој го создал овој прецизен систем на небото и на Земјата?

Кој го создал човекот, му го дал слухот, видот и разумот и му овозможил да стекнува знаење и да ја спознава вистината?

Кој го создал овој прецизен систем во деловите на твоето тело, и кој ти го дал најубавиот облик?

Размисли за создавањето на живите битија, за нивната различност и разновидност, кој ги создал во сите тие безбројни облици?

Како овој грандиозен универзум е уреден и стабилен, со своите закони кои прецизно го регулираат низ текот на времето?

Кој ги поставил овие системи кои владеат на овој свет (животот, смртта, размножувањето, ноќта и денот, промената на годишните времиња итн.)?

Дали овој унивезум се создал сам од себе? Или настанал случајно? Аллах Возвишениот вели: „Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?! Дали тие небесата и Земјата ги создадоа?! Не, туку тие не се убедени!” (Ет Тур, 35-36)

Ако ние самите не се создадовме, а невозможно е да дојдовме од ништо или случајно, тогаш вистината во која нема сомнение е: дека овој универзум мора да има голем и моќен Создател, бидејќи е невозможно овој универзум да се создал самиот себе! Или дека настанал од ништо! Или дека настанал случајно!

Зошто човекот верува во работи кои не може да ги види? На пример: перцепцијата, разумот, душата, чувствата и љубовта. Дали можеби е така затоа што ги забележал нивните ефекти. Како човек го негира Создателот на овој грандиозен универзум, а ги забележува трагите на сè што е создадено и трагите на Неговото создавање и сомилост?!

Никој со здрав разум не прифаќа да му се каже дека оваа куќа само така настанала и дека не ја изградил никој, или дека истата ја создало непостоењето! Како некои луѓе можат да веруваат дека овој голем универзум настанал без Создател? Како еден разумен човек може да прифати да му се каже дека оваа прецизна уреденост настанала случајно?

Сето ова нè води до еден заклучок, а тоа е дека со овој универзум управува Голем и Моќен Владетел и дека само Тој е достоен за обожување. Сè што се обожува покрај Него е заблуда и не заслужува да се обожува.

Господар, Величенствен Создавател.

Еден е Создателот, Тој е Владетел, Кој управува со сѐ, Кој сите ги снабдува, Тој дава живот и смрт, Тој е Оној кој ја создал Земјата и ја потчинил на Своите созданија, Тој е Оној кој ги создал небесата, и други големи созданија што се во нив. Тој воспостави прецизна рамнотежа на Сонцето, Месечината, ноќта и денот, што укажува на Неговата големина.

Тој ни го подредил воздухот и за нас нема живот без него. Тој го спушта дождот и ни ги потчинил морињата и реките. Тој нè хранеше и не чуваше додека сè уште бевме фетуси во утробите на нашите мајки, кога бевме немоќни, овозможи крвта да тече во нашите вени, срцето постојано да отчукува од денот на нашето раѓање па сè до денот на смртта.

Овој Господар, Создател, кој ги снабдува сите е Аллах, нека е Возвишен Тој.

Аллах, Возвишениот, вели: „Господарот ваш е Аллах, Кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на Неговата волја. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!” (Ел Араф, 54)

Алах е Господарот Кој е Создател на сѐ што постои во вселената, на она што го гледаме и она што не го гледаме. Сè освен Него е создадено. Само Тој е достоен за обожување и никој не треба да се обожува освен Него. Никој не Му е рамен во Неговото владеење, создавање, управување или обожување.

Ако, дури и хипотетички, претпоставиме дека покрај Возвишениот Господар постојат и други божества, тогаш универзумот неизбежно би се нарушил; бидејќи не е можно управувањето со оваа вселена истовремено да му припаѓа на две божества. Возвишениот Аллах вели: „Да управуваа други богови со Земјата и небесата, а не Аллах, ќе се побркаа...” (Ел Енбија, 22)

Својствата на Господарот и Творецот (Создателот)

Господарот, Возвишениот, поседува најубави имиња кои се многубројни и не може да се набројат. Исто така, Тој поседува многу возвишени атрибути кои укажуваат на Неговото совршенство. Меѓу Неговите имиња се: Создателот, Аллах, што значи: Единствениот Бог достоен за обожување, Кому му нема еднаков. Тој е Живиот, Вечниот, Милостивиот, Снабдувачот и Благородниот. Возвишениот Аллах во Благородниот Куран вели: „Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде по нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот!” (Ел Бекаре, 255).

Возвишениот Аллах вели: „Кажи: ,Тој е Аллах, Еден е! Аллах е прибежиште секому! Не родил и не е роден, и никој не Му е рамен!’” (Ел Ихлас, 1-4)

Господарот Кој заслужува да се обожува, ги има најсовршените атрибути

Една од тие особини е Дека само Тој е достоен да се обожува, а сѐ друго освен него е создадено, задолжено со обврски и наредби, потчинето.

Една од неговите карактеристики е дека Тој е Жив, Вечен. Сè што живее е создадено од ништо, по волја на Аллах. Тој го одржува нивното постоење, ги снабдува и ги штити. Господарот е Живиот Кој никогаш не умира, и невозможно е да исчезне; Тој е Вечниот кој никогаш не спие, ниту пак го обзема дремка ниту сон.

Една од Неговите особини е тоа што Тој е Сèзнајниот, Кому ништо на небото и на Земјата не Му е скриено.

Една од Неговите особини е дека Тој сѐ слуша и гледа, ги гледа сите созданија, знае за мислите во душите и тоа што го кријат човечките гради, ништо не Му е скриено на Возвишениот ниту на Земјата ниту на небесата.

Една од Неговите особини е дека Тој е Моќен ништо не може да Го совлада ниту може да ја одбие Неговата волја, го прави она што сака и не дозволува да се случи нешто што Тој не сака, забрзува и одлага, и Тој има совршена мудрост.

Од Неговите особини е тоа дека Тој создава и снабдува, управува, ги создал сите созданија и управува со нив, додека сѐ што е создадено е под Неговата власт и контрола.

Една од Неговите особини е тоа што Тој му одговара на оној што е во неволја, му помага на оној што е во тешка состојба и ја отстранува мака́та и грижата. Секое создание, кога ќе западне во неволја или теснотија, неминовно Му се обраќа и Му прибегнува Нему.

Обожувањето може да биде насочено само кон Возвишениот Аллах, бидејќи Тој е Единствениот Совршен кој е достоен за обожување, и никој друг освен Него. Сѐ што се обожува освен Него, е лажно божество, бидејќи е со маани, подложно на смрт и исчезнување.

Возвишениот Аллах ни дарувал разум со кој можеме да спознаеме дел од Неговата величественост, и во нас вградил природна наклонетост (фитра) што го сака доброто, го презира злото и наоѓа спокој кога Му прибегнува на Аллах – Господарот на световите. Оваа природна наклонетост укажува на Неговото совршенство и на тоа дека Тој, Возвишениот, не може да се опише ниту да Му се припише каков било недостаток.

На разумниот човек не му доликува да обожува ништо освен совршеното. Па како тогаш би обожувал создание кое е несовршено како него, или дури и пониско од него?!

Обожуваното не може да биде човек, ниту кип, ниту дрво, ниту животно!

Господарот е над небесата, издигнат над Својот престол (Арш), одвоен од созданијата. Во Неговото Битие нема ништо од Неговите созданија, ниту во Неговите созданија има нешто од Неговото Битие. Тој не се појавува ниту се отелотворува во ниту едно од Неговите созданија.

Господарот не е сличен на ништо; Тој сè слуша и сè гледа, и никој не Му е рамен. Тој е апсолутно независен од Своите созданија – не спие и нема потреба од храна. Тој е Величествен и не може да има жена ниту дете. Создателот ги поседува атрибутите на величественост и совршенство и никогаш, под никакви околности, не може да се опише со потреба или недостаток.

Аллах, Возвишениот, вели: „О, луѓе, еве еден пример, па послушајте го: Тие што, покрај Аллах, ги молите, не можат никако ни мушичка да создадат, па дури и поради неа да се соберат. А ако мушичката нешто би им зела, тие тоа не би можеле од неа да го вратат, слаб е тој што бара и тоа што се бара! Тие не Го познаваат Аллах како што треба, а Аллах е навистина Моќен и Силен.” (Ел Хаџ, 73-74).

Зошто нѐ создал Големиот Создател? И што бара од нас?

Дали е разумно да се помисли дека Аллах ги создал сите овие созданија без цел? Дали би ги создал залудно, а Тој е Мудриот и Сезнајниот?

Дали е разумно дека Тој нè создал толку прецизно и потполно, ни подредил сè што е на небесата и на Земјата, и тоа Негово создавање да е бесцелно, нè оставил без одговор на најважните прашања кои нè преокупираат, како на пример: Зошто сме тука? Што се случува по смртта? Која е целта на нашето постоење?

Дали е разумно да нема казна за насилникот и награда за добротворот?

Аллах Возвишениот вели: „Зарем мислите дека залудно ве создадовме и дека нема да Ни се вратите?“ (Ел Муминун, 115).

Напротив, Аллах испратил пратеници за да ја осознаеме целта на нашето постоење, и нѐ упатил како да го обожуваме и да Му се приближиме, и што Тој бара од нас! И како да го добиеме Неговото задоволство, и нѐ известил за нашиот крај после смртта?

Аллах пратил пратеници за да нè информираат дека единствено Тој заслужува да биде обожуван, да знаеме како да Го обожуваме, да ни ги пренесат Неговите забрани и наредби, да нè поучат за благородните вредности, кои доколку ги прифатиме, нашиот живот ќе биде убав, исполнет со добрини и благодати.

Аллах испратил многу пратеници, како: Нух, Ибрахим, Муса и Иса, и ги потпомогнал со јасни знаци и чуда што ја потврдуваат нивната вистинитост и фактот дека тие се пратени од Него, Возвишениот. Последниот меѓу нив беше Мухамед ﷺ.

Пратениците нè известиле сосема јасно дека животот на овој свет е испит, а дека вистинскиот живот започнува по смртта.

Исто така, нè известиле дека постои Џенет за верниците кои Го обожувале Аллах Единствениот, без да му припишат здружник, и верувале во сите Божји пратеници; и дека постои Џехенем, кој Аллах го подготвил за неверниците што обожувале други покрај Аллах или не верувале во некој од Божјите пратеници.

Аллах, Возвишениот, вели: „О, синови Адемови, кога меѓу вас самите ќе ви доаѓаат Пратеници кои прописите Мои ќе ви ги објаснуваат – тогаш тие што ќе се плашат од Аллах и што ќе прават добри дела од ништо нема да се плашат ниту за што било ќе тагуваат; а тие што доказите Наши ќе ги негираат, и од нив горделиво ќе се свртуваат, ќе бидат жители во Огнот, во него вечно ќе останат!” (Ел Араф, 35-36)

Аллах, Возвишениот, вели: „О, луѓе, обожувајте Го Господарот ваш Кој ве создаде и вас и тие пред вас, за да бидете богобојазливи, Кој Земјата постела, а небото кров ви ги направи; Кој од небото ви го спушта дождот и со него создава плодови, снабдување за вас. Затоа не припишувајте Му здруженик на Аллах, знаејќи го тоа. А ако се сомневате во тоа што Сме му го објавиле на Својот роб, тогаш, донесете вие едно поглавје слично на тоа; повикајте ги и божествата ваши, ако вистината ја зборувате. Па, ако не го направите тоа, а нема да го направите, тогаш чувајте се од огнот кој е подготвен за неверниците, чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат! А израдувај ги тие што веруваат и што прават добри дела дека ним им припаѓаат џенетските градини низ кои реки течат! Кога и да бидат снабдени од градините со некаков плод, велат: ,Со ова и претходно бевме снабдени.', а им беа давани само слични на нив! Во градините само чисти жени ќе имаат и во нив вечно ќе престојуваат!” (Ел Бекаре, 21-25).

Зошто имаше повеќе Божји пратеници?

Аллах ги испрати Своите пратеници до сите народи, така што ниту еден народ не остана без пратеник кој ги повикуваше да Го обожуваат својот Господар, и ги пренесоа Неговите заповеди и забрани. Крајната цел на нивниот повик беше луѓето да го обожаваат Аллах Единствениот и Семоќниот. Секогаш кога некој народ почнуваше да го напушта или да го искривува она што им го донел нивниот Пратеник како што е наредба да се верува во Неговото единство, Аллах испраќаше друг Пратеник да ги исправи и да ги врати луѓето кон природното верување и покорноста на Аллах Единствениот.

Аллах го запечати испраќањето на веровесниците со Мухамед, алејхи селам, кој донесе целосна вера и постојан закон кој ќе важи за сите луѓе до Судниот ден. Овој закон е целосен и ги дерогира сите претходни закони, а Семоќниот Аллах ја гарантира трајноста и опстанокот на оваа вера сѐ до Судниот ден.

Човекот не може да биде верник сè додека не поверува во сите Божји пратеници.

Аллах е Тој што ги испратил Божјите пратеници, им наредил на сите луѓе да ги следат, и секој што го негирал пратеништвото на еден од нив станувал неверник. Нема поголем грев од тоа да се отфрли тоа што Аллах го објавил. За влез во рајот, услов е верувањето во сите Пратеници.

Затоа, должноста на секој човек во ова време е да верува во Аллах и во сите Негови пратеници и да верува во Судниот ден. Ова може да се постигне само со верување и следење на последниот Пратеник, Мухамед, алејхи селам, кој е потпомогнат со трајното чудо, Благородниот Куран, за кој Семоќниот Аллах ветил дека ќе го заштити и чува сѐ додека постои светот.

Аллах во Куранот спомнува дека тој што одбива да верува во кој било од Неговите пратеници, таквиот не верува во Аллах и ја смета за лажна неговата Објава, Аллах Возвишениот вели: „Тие што не веруваат во Аллах и во Пратениците Негови и сакаат помеѓу Аллах и Пратениците Негови разлика во верувањето да направат, велат: ,Во некои веруваме, а во некои не веруваме’, и сакаат помеѓу тие две некаков пат да изнајдат - тие навистина се вистински неверници; а Ние на неверниците им подготвивме срамно страдање!” (Ен Ниса, 150-151).

Затоа ние муслиманите веруваме во Аллах и во Судниот ден - како што наредил Аллах - и веруваме во сите Пратеници и претходно испратени објави. Аллах Возвишениот вели: „Пратеникот верува во тоа што му се објавува од Господарот негов, и верниците, секој од нив верува во Аллах, и во мелеците Негови, и во Книгите Негови, и во Пратениците Негови: ,Ние не правиме поделба меѓу Пратениците Негови'. И велат: ,Слушаме и се покоруваме. Те молиме за прошка, Господару наш, Тебе ќе Ти се вратиме’.” (Ел Бекарe, 285).

Што е Благородниот Куран?

Чесниот Куран е Божји говор и Негово откровение кое му го објави на последниот Пратеник Мухамед, алејхи селам, Тој е најголемото чудо кое ја докажува вистинитоста на неговото пратеништво. Куранот е вистина во неговите прописи и вистина во неговите известувања.

Семоќниот Аллах ги предизвикал негаторите да состават едно поглавје слично на Куранот, но тие не биле во можност да го сторат тоа; а тоа е токму поради големината што ја содржи Куранот и сите аспекти на човечкиот живот што ги опфаќа во овој и идниот свет. Куранот ги содржи сите вистински факти на верувањето на кои мора да им се верува.

Исто така, ги вклучува заповедите и забраните кои човекот треба да ги следи кога станува збор за односот помеѓу него и неговиот Господар, или за работи што се однесуваат само за него, или кога станува збор за односот помеѓу него и другите суштества. Сето ова е прецизно и јасно кажано и објаснето.

Исто така, содржи многу рационални докази и научни факти кои укажуваат дека овој текст не може да биде дело на човек, туку тоа е говор на Господарот на луѓето, нека е славен и Возвишен.

Ислам, што е тоа?

Исламот е целосна предаденост на Возвишениот Аллах со признание за Неговото единство, да Му се покорува и да го спроведува Неговиот верозакон, со задоволство и целосно прифаќање, и да негира сè што се обожува покрај Него.

Возвишениот Аллах ги испратил Пратениците само со една порака, а тоа е: повикот да се обожува единствено Аллах, Кој нема партнери и неверување во сѐ што се обожува освен Аллах.

Исламот е верата на сите Веровесници, бидејќи нивниот повик бил ист, иако нивните верозакони се разликувале. Муслиманите денес се единствените кои се придржуваат кон вистинската вера која ја имале сите Веровесници, а пораката на исламот во ова време е вистинита, и е последната порака од Создателот до луѓето.

Затоа, Господарот Кој ги испрати Ибрахим (Авраам), Муса (Мојсеј) и Иса (Исус), мирот Божји нека е над нив, е истиот Оној Кој го испратил и последниот од пратениците – Мухамед ﷺ. Исламското законодавство (шеријатот) дојде како завршно и дерогирачко во однос на претходните верозакони.

Сите религии што луѓето ги практикуваат денес – освен исламот – или се религии создадени од луѓето, или пак биле објавени од Бога, но подоцна биле изобличени од човечка рака. Поради тоа, тие станале мешавина од суеверен митолошки материјал, наследени легенди и човечки толкувања и измислици.

Исламот на муслиманите е една јасна и единствена вера која не се менува. И обредите преку кои Му се покоруваат на Аллах се исти кај сите муслимани: тие ги извршуваат петте дневни намази, го даваат зекатот од својот имот и постат во месецот Рамазан. Нивниот устав е Благородниот Куран – една иста книга во сите земји. Возвишениот Аллах вели: „.. Денес верата ваша ви ја усовршив и благодaтта Своја спрема вас ја надополнив и задоволен Сум исламот да ви биде вера. А на тој што ќе биде принуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости и Милостив ќе биде.” (Ел Маиде, 3).

Возвишениот Аллах во Куранот вели: „Кажи: ,Ние веруваме и во Аллах и во тоа што ни е објавено нам, и во тоа што им е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб и на потомците; и во тоа што им е дадено на Муса и на Иса и на веровесниците од Господарот нивен; ние никаква разлика меѓу нив не правиме и само Нему искрено Му се предаваме'. А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.” (Али Имран, 84-85).

Исламот е сеопфатен начин на живеење, во согласност е со човечката природа и разумот, прифатлив за праведните души. Тој е од Создателот даден закон за неговите созданија. Исламот е вера на добрината и среќата за сите луѓе на овој и на оној свет, не прави разлика помеѓу расите и бојата на кожата. Во исламот сите луѓе се еднакви и никој не е повреден од другиот, освен според добрите дела.

Аллах, Возвишениот, вели: „На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.” (Ен Нахл, 97)

Исламот е патот кон среќата.

Исламот е вера на сите Веровесници, таа е вера за сите луѓе, и не е вера посебна за Арапите.

Исламот е пат кој води до вистинската среќа на овој свет и до вечна благосостојба на идниот свет.

Исламот е единствената вера која им се одѕива на потребите на човековата душа и тело, која ги решава сите проблеми на човештвото. Возвишениот Аллах вели: „,Излегувајте од него сите,' – рече Тој – ,едни на други непријатели ќе бидете! Од Мене упатство ќе ви доаѓа, и тој што ќе го следи Моето Упатство нема да заталка и нема несреќен да биде. А тој што ќе се заврти од Опомената Моја, тој тежок живот ќе живее и на Судниот ден слеп ќе го оживееме.’” (Та Ха, 123-124).

Кои се придобивките на муслиманот на овој и на идниот свет?

Исламот со себе носи големи придобивки, меѓу кои се:

Успехот и честа, човекот на овој свет да биде Аллахов роб. Во спротивно ќе биде роб на неговите страсти, на шејтанот и неговите нагони.

Победа на идниот свет така што Аллах ќе му прости, ќе биде задоволен со него, и ќе го воведе во Џенет, ќе се здобие со задоволство и постојана благодат, и ќе се спаси од казната во огинот.

На Судниот ден верникот ќе биде со веровесниците, искрените верници, шехидите (мачениците) и добрите луѓе. Колку е тоа прекрасно друштво! А кој не верува, ќе биде со тирани, зли луѓе, криминалци и со тие што правеле неред.

Оние кои Аллах ќе ги воведе во Рајот ќе живеат во вечна благосостојба, без смрт, болест, болка, стареење или тага. Ќе им се исполнат сите желби кои ќе ги посакат. А оние што ќе влезат во огнот ќе бидат во вечни и непрекинати страдања.

Во Џенетот има уживања кои окото не ги видело, увото за нив не слушнало, ниту пак човек може да ги замисли. Доказ за тоа се зборовите на Возвишениот Аллах: „На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според подоброто што го правеле.” (Ен Нахл, 97)

Аллах, Возвишениот, рекол: „И никој не знае какви, како награда за тоа што го правеле, скриени радости ги очекуваат.” (Ес Сеџда, 17)

Што губи немуслиманот?

Човек ќе го изгуби најголемото знаење и спознание, знаењето и спознанието за Аллах. Ќе го изгуби верувањето во Аллах кое му дава сигурност и смиреност на овој свет и вечни уживања на идниот свет.

Човекот ќе ја изгуби верата и следењето на највеличествената книга која Аллах им ја објавил на луѓето.

Нема да верува во великаните Веровесници и нема да ја има привилегијата да се дружи со нив во Џенетот на Судниот ден. Ќе биде заедно со шејтаните, злосторниците и неправедниците во џехенемскиот оган. А каков лош дом е тоа и какво лошо друштво се тие.

Аллах, Возвишениот, вели: „Кажи: ,Губитници се, навистина, тие што на Судниот Ден ќе се изгубат и себеси и семејствата свои. Ете, тоа е очигледен губиток!' Над нив ќе има слоеви од Оган, а и под нив слоеви; со тоа Аллах ги застрашува робовите Свои. ,О, робови Мои, плашете се од Мене!’” (Ез Зумер: 15-16).

Кој сака спас на Ахиретот, треба да биде муслиман кој е покорен на Аллах и да го следи Неговиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.

Една од вистините околу кои се согласиле сите пратеници и веровесници, Божјиот мир нека е над нив, е дека на Ахиретот ќе бидат спасени само муслиманите кои верувале во Возвишениот Аллах, не Му припишувале содружник во обожувањето и верувале во сите пратеници и веровесници. Сите оние што ги следеле пратениците, им верувале и ја потврдувале пораката со која тие дошле, ќе влезат во Џенетот и ќе бидат спасени од Огнот.

Така, оние што живееле во времето на веровесникот Муса, алејхи селам, верувале во него и го следеле неговото учење, биле муслимани, верници и праведни луѓе. Но, откако Аллах го испратил веровесникот Иса, алејхи селам, станало обврска за следбениците на Муса да веруваат во Иса и да го следат.

Оние кои веруваа во Исус беа муслимани и добри верници. А оние кои одбија да веруваат во Исус и рекоа: „Ќе останеме на верата на Мојсеј“, тие не се верници затоа што одбија да веруваат во веровесникот кој Аллах го пратил.

Потоа, откако Аллах го испратил последниот од пратениците – Мухамед, алејхи селам – стана обврска за сите луѓе да веруваат во него. Господарот е Оној Кој ги испратил Муса и Иса, и Тој е Оној Кој го испратил и последниот од пратениците – Мухамед. Затоа, оној што не верува во пратеништвото на Мухамед, алејхи селам, и вели: „Ќе продолжам да го следам Муса или Иса“, таквиот не се смета за верник.

Не е доволно човек само да каже дека ги почитува муслиманите, ниту пак е доволно за неговиот спас на Ахиретот тоа што дава милостина и им помага на сиромашните. Напротив, неопходно е да биде верник во Аллах, во Неговите Книги, во Неговите Пратеници и во Судниот ден, за Аллах да го прифати тоа од него. Затоа што, нема поголем грев од ширкот и неверувањето во Аллах, од негирањето на објавата што Аллах ја објавил или од одбивањето на пратеништвото на Неговиот последен Пратеник – Мухамед, алејхи селам.

Затоа, Евреите, христијаните и сите други кои слушнале за пратеништвото на Мухамед, алејхи селам, а одбиле да веруваат во него и одбиле да влезат во верата ислам, ќе бидат во Џехенемскиот оган, во кој ќе останат засекогаш. Ова е Аллахова одредба и пресуда, а не пресуда на кој било човек. Возвишениот Аллах вели: „Тие што не веруваат од следбениците на Книгата и многубошците, сигурно ќе бидат во огнот џехенемски, во кој вечно ќе останат; – тие се најлошите суштества.” (Ел Бејине, 6).

Земајќи предвид дека последната Божја објава му е доставена на човештвото, должност е на секој човек што ќе слушне за последниот Божји пратеник Мухамед, алејхи селам, да верува во него, да го следи неговиот верозакон и да му се покорува во неговите наредби и забрани. Сходно на тоа секој оној кој ќе слушне за оваа последна објава и ќе ја отфрли, од него нема да се прими ниту едно дело и ќе биде казнет на идниот свет.

Некои од доказите за ова тврдење се: „А тој што сака друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и тој на оној свет ќе биде меѓу губитниците.” (Али Имран, 85).

Аллах, Возвишениот, рекол: „Кажи: ,О, следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот, и нам и вам заеднички, никого освен Аллах да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, и едни со други, покрај Аллах, за божества да не се сметаме!' Па ако не се согласат, вие кажете: ,Бидете сведоци дека ние сме муслимани!’” (Али Имран, 64).

Кои се должностите на муслиманот?

Муслиманот е должен да верува во овие шест столбови:

Верување во Аллах, Возвишениот, и дека Тој е Создателот, Одржувачот, Владетелот и Сопственикот на сè, никој не Му е сличен. Тој нема ниту жена ниту дете и единствено Тој е достоен за обожување. Никој не се обожува освен Него, и да веруваме дека се што се обожува освен Него е лажно.

Верување во мелеците кои се Аллахови робови, Тој ги создал од светлина и одредил некој од нив да ја доставуваат Божјата објава до Пратениците.

Верување во сите книги кои Аллах им ги објавил на Божјите пратеници (како што се Тевратот и Инџилот - пред да бидат искривени) и во последната, Благородниот Куран.

Верување во сите Пратеници како што се Нух, Ибрахим, Муса, Иса и последниот Мухамед. Сите тие беа од човечкиот вид, поддржани со објавата и им биле дадени натприродни знаци (чуда) кои ја потврдуваат нивната вистинитост.

Верување во Судниот ден, кога Аллах ќе ги проживее сите луѓе, и првите и последните, Аллах ќе им суди на сите. Верниците ќе влезат во Џенетот, а неверниците во Џехенемот.

Верување во Божјата предодредба и дека Аллах знае сѐ, што било во минатото и што ќе се случи во иднина. Аллах сето тоа го знае и го запишал, сакал да се случи и сѐ создал.

Да Го обожува Аллах на начинот што Тој го пропишал: со извршување на намазот, давање зекат, постење и извршување на аџилакот – доколку има можност за тоа. Потоа, неопходно е да ја учи и запознае својата вера, бидејќи токму таа ќе биде извор на неговата среќа на овој свет и причина за неговиот спас на Ахиретот.