„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Нема луѓе кои ќе станат од седенка на која не го спомнувале Аллах, освен како да станале од трпеза на која имало леш од магаре, а потоа ќе зажалат за тоа.“
«مَا مِنْ قَوْمٍ يَقُومُونَ مِنْ مَجْلِسٍ لَا يَذْكُرُونَ اللَّهَ فِيهِ إِلَّا قَامُوا عَنْ مِثْلِ جِيفَةِ حِمَارٍ، وَكَانَ لَهُمْ حَسْرَةً».
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека луѓето кои ќе седнат на некоја седенка, а потоа ќе станат од неа без да го спомнат Аллах, се како оние што се собрале околу леш од магаре, во смрдеа и нечистотија. Тоа е бидејќи се зафатиле со бескорисни разговори што ги одвратиле од спомнувањето на Аллах, па таквата седенка ќе им биде причина за тага, жалење и загуба на Судниот ден.
Она што е спомнато како предупредување за занемарувањето на спомнувањето на Аллах не се однесува само на седенките, туку важи општо за сите ситуации. Имамот ен-Невеви рекол: „Се смета за непожелно некој да седне на одредено место, а потоа да го напушти без да го спомне Аллах во него.“
Каењето што ќе ги снајде на Судниот ден ќе биде или поради пропуштената награда и благодатите, бидејќи времето не го искористиле во покорност кон Аллах, или поради гревот и казната, затоа што времето го потрошиле во непослушност кон Него.
Ако ова предупредување важи за занемарувањето на спомнувањето на Аллах дури и на дозволените собири, тогаш каква ли е состојбата кога станува збор за забранетите собири на кои има озборување, клеветење и други гревови?!
Сунен Ебу Давуд (7/ 221) (4855).
Повеќе... (4)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 120).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (1/ 654).
Цитирано во книги
3 КнигиПовеќе... (2)
- الذكر والدعاء والعلاج بالرقي من الكتاب والسنة"ما من قوم يقومون من مجلس لا يذكرون الله فيه، إلا قاموا عن مثل جيفة حمار، وكان لهم حسرة" .
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 4«مَا مِنْ قَوْمِ يَقومُونَ مِنْ مَجْلِسٍ لا يَذْكُرُونَ اللهَ تعالىٰ فِيهِ، إلا قَامُوا عَنْ مِثلِ جِيفَةِ حِمَارٍ، وكانَ لَهُم حَسرَةً».