„Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта
Од Ебу Умаме се пренесува дека Амр бин Абесе, Аллах нека е задоволен со него, раскажал дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Господарот е најблиску до Својот роб во последниот дел од ноќта. Ако можеш да бидеш од оние што Го спомнуваат Аллах во тој час, тогаш биди.“
«أَقْرَبُ مَا يَكُونُ الرَّبُّ مِنَ العَبْدِ فِي جَوْفِ اللَّيْلِ الآخِرِ، فَإِنْ اسْتَطَعْتَ أَنْ تَكُونَ مِمَّنْ يَذْكُرُ اللَّهَ فِي تِلْكَ السَّاعَةِ فَكُنْ».
Божјиот пратеник, Аллаховиот спас нека е врз него, известува дека Господарот е најблиску до Својот роб во последната третина од ноќта. Ако ти, о вернику, бидеш упатен и имаш можност да бидеш меѓу оние што Му се покоруваат на Аллах – што клањаат, Го спомнуваат и бараат прошка во овој благословен час – тогаш искористи ја оваа прилика и посветено труди се во неа.
Хадисот е поттик муслиманот да Го спомнува Аллах во последниот дел од ноќта.
Временските периоди се разликуваат според нивната вредност кога станува збор за зикрот, довата и намазот.
3. Мирк во врска со разликата помеѓу фразите „Господарот е најблиску до Својот роб“ и „Робот е најблиску до својот Господар кога е на сеџда“ вели: Првата укажува на времето кога Господарот е најблиску до робот, а тоа е во последниот дел од ноќта, додека втората укажува на состојбата во која робот е најблизок до Господарот, а тоа е кога е на сеџда.
Сунен Тирмизи (5/ 537) (3579).
Сунен Ебу Давуд (2/ 454) (1277).
Сунен Несаи (1/ 279) (572).
Повеќе... (8)
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (2/ 1019).
شرح رياض الصالحين.
لابن عثيمين (5/ 509).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (17/ 535).
مشكاة المصابيح.
للتبريزي (1/ 387).