„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
Али, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека кај него дошол еден мукатеб (роб што склучил договор за свој откуп) и му рекол: „Не можам да ја исполнам обврската за својот откуп – помогни ми!“ Али му рекол: „Сакаш ли да те научам на зборови со кои ме поучи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем? – Дури и ако имаш долг колку што е планината Сир, Аллах ќе ти го отплати.“ А потоа му рече:
„Кажи: О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите освен од Тебе.“
«قُلْ: اللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلاَلِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكَ عَمَّنْ سِوَاكَ».
Еден човек, роб што склучил договор со својот сопственик да се откупи и стане слободен, дошол кај владетелот на верниците, Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со него, и рекол: „Не можам да ја исполнам обврската за откуп – помогни ми да го исплатам долгот, било со пари, било со совет и упатство.“ Владетелот на верниците му рекол: „Сакаш ли да те научам на зборови со кои ме поучи Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем? – Дури и ако имаш долг голем колку планината Сир, што припаѓа на племето Тај, Аллах ќе го отплати за тебе и ќе те избави од понижувањето што го носи долгот. Кажи: „О, Аллах, направи да ми биде доволно“ – т.е. заштити ме и оддалечи ме „дозволеното што Ти го дозволи“ – т.е. да ми биде доволно „од“ – т.е. за да не паднам во „она што Ти си го забранил и направи ме независен“ – т.е. ослободи ме од потреба „со Твојата дарежливост“ – т.е. со Твојата благодат „од секој друг освен од Тебе“ – т.е. да не зависам од ниту едно од созданијата.
Поттик за консултирање и барање мислење од учени и побожни луѓе.
Должност на учените и повикувачите кон Аллах е да ги упатуваат оние што им се обраќаат и да ги насочуваат кон решенија што ќе им помогнат при појавата на тешкотии и проблеми.
Поттик за помош на мукатебот – роб што склучил договор за сам да се откупи.
Поттик за кажување на оваа дова и искрено барање од Аллах преку неа.
Халал зарабоката, дури и ако е мала, е подобра и поблагословена од харамот, дури и ако е обилен (харамот).
Човекот треба да се стреми кон независност од луѓето и доволен да му биде единствено Аллах.
Кога немаш што да му дадеш на оној што бара, барем одговори му љубезно и со убаво одбивање.
Сунен Тирмизи (5/ 526) (3563).
Повеќе... (9)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (2/ 565).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (2/ 1013).
كنوز رياض الصالحين.
لمجموعة من الباحثين (17/ 456).
فيض القدير شرح الجامع الصغير.
للمناوي (3/ 111).
النهاية في غريب الحديث والأثر (3/ 9).
Цитирано во книги
11 Книги- Прецизно истражување и појаснување на многубројни прашања поврзани со аџилакот, умрата и посетата на светите места, во светлина на Куранот и Сунетотالتحقيق والإيضاح لكثير من مسائل الحج والعمرة والزيارة - النسخة المعتمدة* „Аллаху мој, нека ми биде доволно тоа што е дозволено кое ќе ме оддалечи од забранетото, Твојата дарежливост нека ми биде доволна да не се потпрам на некој друг.“ [71]
- Речник на големите гревови„О, Аллах, направи дозволеното што Ти го дозволи да ми биде доволно, па да не посегнувам по она што си го забранил; и направи ме независен со Твојата дарежливост од сите други освен од Тебе.“ [94]
- Речник на големите гревови„Аллаху мој, нека ми биде доволно тоа што е дозволено кое ќе ме оддалечи од забранетото, Твојата дарежливост нека ми биде доволна да не се потпрам на некој друг.“ [115]
Повеќе... (8)
- أدعية جامعةأدعية جامعة (للحرمين)53. «اللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلالِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكَ عَمَّنْ سِوَاكَ».
- الذكر والدعاء والعلاج بالرقي من الكتاب والسنة"اللهم اكفني بحلالك عن حرامك، واغنني بفضلك عن سواك".
- المختصر في آداب السفر وصفة الحج والعمرة وآداب الزيارة والأدعية الجامعة مع ملحق بالفتاوى والمخالفات4- أدعية جامعة (للحرمين)«اللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلالِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكَ عَمَّنْ سِوَاكَ».
- حصن المسلم من أذكار الكتاب والسنةحصن المسلم«اللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلَالِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكِ عَمَّنْ سِوَاكَ»[177].
- حصن المسلم من أذكار الكتاب والسنةحصن المسلماللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلَالِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكِ عَمَّنْ سِوَاك
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 7«اللهم اكْفِنِي بحلالك عَنْ حرامِكَ، وأغْنِنِي بفضِلكَ عمَّنْ سواكَ».
- قاموس الكبائر موسوعة الكبائر - المجموعة الأولى«اللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلَالِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكَ عَمَّنْ سِوَاكَ» [94].
- قاموس الكبائر موسوعة الكبائر - المجموعة الأولى«اللَّهُمَّ اكْفِنِي بِحَلَالِكَ عَنْ حَرَامِكَ، وَأَغْنِنِي بِفَضْلِكَ عَمَّنْ سِوَاكَ» [115].