Skip to content

„Бањањето во петок, миењето на забите со мисвак и ставањето парфем, доколку го има, е должност на секој полнолетен.“

Амр бин Сулејм ел Енсари рекол: Сведочам дека Ебу Сеид рекол: Сведочам дека Аллааховиот пратеник, алејхи селам, рекол:

„Бањањето во петок, миењето на забите со мисвак и ставањето парфем, доколку го има, е должност на секој полнолетен.“

«الغُسْلُ يَوْمَ الجُمُعَةِ وَاجِبٌ عَلَى كُلِّ مُحْتَلِمٍ، وَأَنْ يَسْتَنَّ، وَأَنْ يَمَسَّ طِيبًا إِنْ وَجَدَ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ни кажува дека капењето во петок е многу препорачливо, речиси и задолжително за секој возрасен муслиман, за кого е задолжителна џума (петочен пладневен намаз). Тука влегува и да ги измие забите со четкичка (сивак) и слично. Вез себе да стави каков било убав и пријатен парфем.

Значење на зборовите

...:

Од придобивките на хадисот

Потврда на правилото дека за секој полнолетен муслиман е пофално да се избања во петок – џума.

Чистотата и отстранувањето на непријатната миризба е шеријатска обврска на секој муслиман.

Петок е голем ден и треба да се подготвиме за тој ден.

Многу е пофално да ги измиеме забите со „сивак“ во денот на џума.

Пофално е да ставиме парфем, од кој било вид со пријатна миризба пред да отидеме во џамија.

На жената не ѝ е дозволено кога излегува од дома, заради намаз или нешто друго, да става парфем. Докази од веровесничката традиција укажуваат на таа забрана.

Возрасен е тој што влегол во пубертет, а пубертетот има неколку знаци. Три знаци се исти и за мажите и за жените: Прво: Да наполнат петнаесет години. Второ: Грубите влакна околу гениталиите. Трето: Ејакулацијата во сон или на јаве, со страст. И четврто, знакот на полнолетство кој се однесува само на жените, а тој е менструацијата. Кога женско лице ќе добие менструација, тоа значи дека е во пубертет.

Референци

Сахих Ел-Бухари (2/ 3) (880).

Сахих Муслим (2/ 580) (846).

(6/ 134).

Повеќе... (11)

مختار الصحاح.

لزين الدين الرازي (ص155).

شرح صحيح البخاري.

لابن بطال (2/ 468).

شرح النووي على مسلم.

توضيح الأحكام شرح بلوغ المرام.

للبسام (1/ 382).

فتح ذي الجلال والإكرام شرح بلوغ المرام.

لابن عثيمين (1/ 330).

منار القاري شرح مختصر صحيح البخاري.

لحمزة قاسم (2/ 234).