Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви
Од Аиша и Абдулах ибн Абас, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекле:
Кога на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се приближила смртта, тој ја ставал својата наметка на лицето, но кога ќе почувствувал потешкотија, ја тргал од лицето. Додека бил во таква состојба рекол: „Аллаховото проклетство нека ги стигне евреите и христијаните, затоа што од гробовите на своите Пратеници направија места за молитви.“ Со ова ги предупредуваше луѓето да не го прават истото.
لَمَّا نَزَلَ بِرَسُولِ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ طَفِقَ يَطْرَحُ خَمِيصَةً لَهُ عَلَى وَجْهِهِ، فَإِذَا اغْتَمَّ بِهَا كَشَفَهَا عَنْ وَجْهِهِ، فَقَالَ وَهُوَ كَذَلِكَ: «لَعْنَةُ اللَّهِ عَلَى اليَهُودِ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ» يُحَذِّرُ مَا صَنَعُوا.
Аиша и Ибн Абас, нека Аллах биде задоволен со нив, ни пренесуваат дека, кога на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му се приближила смртта, тој ставал парче ткаенина врз лицето. Кога поради агонијата на смртта му станувало тешко да дише, ја тргал ткаенината од лицето. Во таа исклучителна тешка ситуација рекол: „Аллах ги проколнал евреите и христијаните и ги оддалечил од Неговата милост, бидејќи изградиле места за молитва (месџиди) врз гробовите на своите Пратеници.“ Овој говор на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, во таков критичен момент, укажува на сериозноста на ова дело. Затоа, тој го предупредил својот умет да не го следи овој пример, бидејќи тоа е дело на евреите и христијаните, а исто така е пат кој може да води кон многубоштвото и побивање на еднобоштвото (тевхидот) на Аллах, Возвишениот.
.....:
Забраната за претворање на гробовите на Пратениците и праведниците во месџиди, места за молитва, каде што би Му се клањало на Аллах, е поради тоа што тоа претставува средство кое може да води кон многубоштво (ширк).
Интензивната посветеност на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговата грижа за зачувување на еднобоштвото (тевхидот), како и неговиот страв од претераното возвишување на гробовите, произлегуваат од тоа што ваквите постапки можат да доведат до многубоштво (ширк).
Дозволено е проколнување на евреите и христијаните, како и на оние кои го следат нивниот пример со градење врз гробовите и претворање на тие места во месџиди – места за обожување.
Градењето врз гробовите е од обичаите на евреите и христијаните, а во хадисот е наведена забраната за имитирање на нивните постапки.
Претворањето на гробовите во места за молитва опфаќа вршење намаз кај нив или свртени кон нив, дури и ако не е изграден формален храм или месџид.
Сахих Ел-Бухари (1/ 95) (435).
(2/ 102) (1390).
Сахих Муслим (1/ 377) (531).
(1/ 376) (529).
Повеќе... (4)
الملخص في شرح كتاب التوحيد.
للشيخ صالح الفوزان (ص170).
الجديد في شرح كتاب التوحيد.
لمحمد بن عبد العزيز السليمان القرعاوي (ص185).
Цитирано во книги
5 КнигиПовеќе... (5)
- الصلاة التي علمها النبي ﷺ الصحابة رضي الله عنهمالصلاة التي علمها النبي ﷺ الصحابة رضي الله عنهملَمَّا نُزِلَ بِرَسُولِ اللهِ ﷺ، طَفِقَ يَطْرَحُ خَمِيصَةً لَهُ عَلَى وَجْهِهِ، فَإِذَا اغْتَمَّ كَشَفَهَا عَنْ وَجْهِهِ، فَقَالَ: وَهُوَ كَذَلِكَ «لَعْنَةُ اللهِ عَلَى الْيَهُودِ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ»
- الصلاة التي علمها النبي ﷺ الصحابة رضي الله عنهملَمَّا نُزِلَ بِرَسُولِ اللهِ ﷺ، طَفِقَ يَطْرَحُ خَمِيصَةً لَهُ عَلَى وَجْهِهِ، فَإِذَا اغْتَمَّ كَشَفَهَا عَنْ وَجْهِهِ، فَقَالَ: وَهُوَ كَذَلِكَ «لَعْنَةُ اللهِ عَلَى الْيَهُودِ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ»
- المختصر المفيد للمؤذن والإمام والخطيب وأحكام المساجد«لَعْنَةُ اللَّهِ عَلَى اليَهُودِ وَالنَّصَارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيَائِهِمْ مَسَاجِدَ»
- مجموعة زاد السیرة النبوية (4)السيرة النبوية 4«لَعْنَةُ ﷲ على اليَهُودِ والنَّصارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبيائِهِمْ مَساجِدَ» يُحَذِّرُ ما صَنَعُوا.
- مجموعة زاد العقيده (4)العقيدة 4«لَعْنَةُ الله على اليَهُودِ والنَّصارَى، اتَّخَذُوا قُبُورَ أَنْبِيائِهِمْ مَساجِدَ» يُحَذِّرُ ما صَنَعُوا.