Skip to content

„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“

Абдулах бин Мугафел, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“

«بَيْنَ كُلِّ أَذَانَيْنِ صَلَاةٌ، بَيْنَ كُلِّ أَذَانَيْنِ صَلَاةٌ» ثُمَّ قَالَ فِي الثَّالِثَةِ: «لِمَنْ شَاءَ».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека помеѓу секој езан и икамет има нафила намаз. Ова го повторил трипати, а при третото повторување нагласил дека тоа е препорачливо за оној кој сака да клања.

Од придобивките на хадисот

Препорачливо е да се клања нафила намаз помеѓу езанот и икаметот.

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, често повторувал нешто повеќепати за подобро да допре до слушателите и за да ја истакне важноста на тоа што го кажува.

Под „два езана“ се мисли на езанот и икаметот. Овој начин на изразување е вообичаен во арапскиот јазик за нагласување, слично како што се користи изразот „двете месечини“ за Сонцето и Месечината или „двајцата Омери“ за Ебу Бекр и Омер.

Езанот го означува настапувањето на времето за намаз, додека икаметот го означува повикот за започнување на намазот.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 128) (627).

Сахих Муслим (1/ 573) (838).

Повеќе... (2)

البحر المحيط الثجاج في شرح صحيح الإمام مسلم بن الحجاج (16/ 671).

النهاية في غريب الحديث والأثر (31).