Skip to content

„Петте дневни намази, петок до петок, и рамазан до рамазан, ги бришат гревовите меѓу нив, ако се избегнуваат големите гревови.“

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„Петте дневни намази, петок до петок, и рамазан до рамазан, ги бришат гревовите меѓу нив, ако се избегнуваат големите гревови.“

«الصَّلَوَاتُ الْخَمْسُ، وَالْجُمُعَةُ إِلَى الْجُمُعَةِ، وَرَمَضَانُ إِلَى رَمَضَانَ، مُكَفِّرَاتٌ مَا بَيْنَهُنَّ إِذَا اجْتَنَبَ الْكَبَائِرَ».

Го бележи Муслим
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, Аллаховиот спас нека е врз него, известува дека петте дневни намази, петочната молитва и постот во месецот рамазан секоја година, ги бришат малите гревови помеѓу нив, под услов да се избегнуваат големите гревови. Големите гревови, како што се прељубата и пиењето алкохол, не се бришат освен со искрено покајание (тевба).

Значење на зборовите

مكفرات: ماحيات.

Од придобивките на хадисот

Гревовите се категоризираат како мали и големи.

Бришењето на малите гревови е условено со избегнување на големите гревови.

Големите гревови се оние за кои е пропишана казна на овој свет или за кои е најавена казна на оној свет, или е опишана посебна казна, гнев или закана, или проклетство за оној што ги прави. Примери за големите гревови се прељубата и пиењето алкохол.

Референци

Сахих Муслим (1/ 209) (233).

Повеќе... (8)

شرح رياض الصالحين.

لابن عثيمين (2/ 183).

نزهة المتقين بشرح رياض الصالحين.

لمصطفى سعيد الخن (1/ 158).

تطريز رياض الصالحين.

لفيصل آل مبارك (ص108).

بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.

لسليم بن عيد الهلالي (1/ 209).