Skip to content
البَقَرَة /

Ајет 125

2 : 125
البَقَرَة Ајети 286
Сура · البَقَرَة
Македонски · Group
2 : 125

وَإِذۡ جَعَلۡنَا ٱلۡبَيۡتَ مَثَابَةٗ لِّلنَّاسِ وَأَمۡنٗا وَٱتَّخِذُواْ مِن مَّقَامِ إِبۡرَٰهِـۧمَ مُصَلّٗىۖ وَعَهِدۡنَآ إِلَىٰٓ إِبۡرَٰهِـۧمَ وَإِسۡمَٰعِيلَ أَن طَهِّرَا بَيۡتِيَ لِلطَّآئِفِينَ وَٱلۡعَٰكِفِينَ وَٱلرُّكَّعِ ٱلسُّجُودِ

И Ќаба прибежиште и сигурно место за луѓето ја направивме. „Местото на кое стоеше Ибрахим нека ви биде простор зад кој намаз (молитва) ќе извршувате!“ – И на Ибрахим и Исмаил им наредивме: „Храмот Мој исчистете го за тие што ќе го обиколуваат, кои тука ќе престојуваат и руку и сеџда ќе извршуваат.“

Explanation & meanings · 4
  1. Ќаба – Светиот Храм, големата коцкеста камена градба, прекриена со црна пре­крив­ка во центарот на Големата џамија во Мека. Првиот свет исконски храм кој бил изграден на Земјата од Адам, а возобновен од Авраам и неговиот син Исмаил. Тоа е местото каде што милиони муслимани одат на аџилак и кон кое се насочуваат во своите молитви (намази).
  2. Ќаба со нејзина околина, целиот Храм е прибежиште и сигурно место. Човекот, на пример би го сретнал убиецот на својот татко или брат, но ништо не би смеел да му направи.
  3. Исмаил – Старозаветниот пророк Ишмаел, синот на Авраам. Во понатамошниот текст ќе се употребува името во изворната форма од Куранот.
  4. Руку (ар.) – прегиб, поклон, дел од молитвата (намазот) на муслиманите.