„Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Бодрете ги оние што се на смртна постела да изговараат: ,Ла илахе иллаллах‘.“
«لَقِّنُوا مَوْتَاكُمْ لَا إِلَهَ إِلَّا اللهُ».
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, препорачал кога некој е во последните моменти од животот покрај него да се изговара и повторува формулата на тевхидот „Ла илахе иллаллах“, за и тој да ја каже – за таа да биде неговиот последен збор пред смртта.
Препорачливо е тој што е пред смрт да биде потсетен и насочен да ја изговори реченицата на тевхидот.
Непожелно е претерано повторување или наметливо зборување, ако еднаш ја изговорил или ако е јасно дека ја разбрал – за да не се вознемири и да не изговори нешто несоодветно.
Имамот ен-Невеви рекол: „Ако ја изговори еднаш, повеќе не треба да му се повторува, освен ако после тоа каже нешто друго – тогаш повторно да му се укаже за да му биде ,Ла илахе иллаллах‘ последниот збор.“
Хадисот укажува на препораката да се биде покрај тој што е пред смрт: да му се даде потсетување, да се утеши, да му се затворат очите и да се исполнат неговите права.
Не е пропишан телкин (потсетување) по смртта, ниту кај гробот по погребот – бидејќи Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, тоа не го правел.
Сахих Муслим (2/ 631) (916).
Повеќе... (1)
المفهم لما أشكل من تلخيص كتاب مسلم (2/ 569).
Цитирано во книги
4 КнигиПовеќе... (4)
- الخطب المنبريةموسوعة الخطب المنبرية (القسم الثالث)«لَقِّنُوا مَوْتَاكُمْ لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ»
- الخطب المنبريةموسوعة الخطب المنبرية (القسم الثالث)«لَقِّنُوا مَوْتَاكُمْ: لَا إِلٰهَ إِلَّا اللَّهُ»
- الدروس المهمة لعامة الأمة«لَقِّنُوا مَوْتَاكُمْ: لَا إِلَهَ إِلَّا اللَّهُ»[7]
- رياض الصالحينرياض الصالحين مع فوائد وهدايات - 5«لَقِّنُوا مَوْتَاكُمْ لا إلهَ إلَّا اللهُ».