Skip to content

,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).‘“

Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, слушнал некој човек како вели: „Не, се колнам во Ќаба.“, па Ибн Омер рекол: „Не се колни во ништо друго освен во Аллах, бидејќи го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:

,Кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, направил неверство (куфр) или многубоштво (ширк).‘“

«مَنْ حَلَفَ بِغَيْرِ اللهِ فَقَدْ كَفَرَ أَوْ أَشْرَكَ».

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нè известува дека кој ќе се заколне во нешто друго освен во Аллах, или Неговите имиња и својства, направил чин на неверство или ширк, бидејќи заклетвата подразбира величање на она во што се колне, а величието му припаѓа само на Возвишениот Аллах. Затоа, не треба да се колнеме во ништо друго освен во Аллах, или во Неговите имиња и својства. Под ова колнење се подразбира малиот ширк; но, ако оној што се колне го велича она во што се колне на начин како што се велича Возвишениот Аллах, или повеќе од тоа, тогаш тоа е голем ширк.

Значење на зборовите

من حلف: الحلف: اليمين، وهي توكيد الحكم بذكر معظّم تطمئن له نفس المخاطب.

كفر أو أشرك: يحتمل أن يكون هذا شكًّا من الراوي، ويحتمل أن تكون "أو" بمعنى الواو فيكون كفر وأشرك.

Од придобивките на хадисот

Величањето преку заклетвата е право кое му припаѓа исклучиво на Возвишениот Аллах, и затоа не треба да се колнеме освен во Него, или во Неговите имиња и својства.

Асхабите, Аллах нека е задоволен со сите нив, се грижеа кога е во прашање наредувањето на доброто и забранувањето на злото, особено кога се однесуваше на ширкот или неверството.

Референци

Сунен Тирмизи (3/ 194) (1535).

Сунен Ебу Давуд (5/ 154- 155) (3251).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (9/ 249) (5346).

(9/ 275) (5375).

(10/ 249) (6072).

(1/ 343).

Повеќе... (11)

فتح المجيد شرح كتاب التوحيد.

لعبد الرحمن التميمي (ص413).

القول المفيد على كتاب التوحيد.

لابن عثيمين (2/ 214).

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

لصالح الفوزان (ص326).

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

لمحمد القرعاوي (ص365).

التمهيد لشرح كتاب التوحيد.

لصالح آل الشيخ (ص452).

فتاوى اللجنة الدائمة.