„Овој свет е (привремено) уживање, а најголемото уживање на овој свет е добра сопруга.“
Абдуллах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Овој свет е (привремено) уживање, а најголемото уживање на овој свет е добра сопруга.“
«الدُّنْيَا مَتَاعٌ، وَخَيْرُ مَتَاعِ الدُّنْيَا الْمَرْأَةُ الصَّالِحَةُ».
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека овој свет и она што е во него, е нешто што луѓето го користат/уживаат во него одредено време, а потоа ќе исчезне. Највредното задоволство на овој свет е добрата сопруга која кога нејзиниот сопруг ќе ја погледне го прави среќен, кога ќе ѝ нареди да направи нешто, таа го прави тоа, а кога тој е далеку од дома, ја брани и чува својата чест и неговиот имот.
...:
Дозволено е да ги користиме задоволствата на овој свет кои Аллах им ги дозволил на Своите робови, без претерување, вообразеност или нивна злоупотреба.
Поттик да избереме добра сопруга, бидејќи таа е важна помош за сопругот во покорноста кон Господарот.
Најдоброто задоволство на овој свет е тоа кое се манифестира со покорност кон Аллах или ни помага да бидеме покорни.
Сахих Муслим (2/ 1090) (1467).
Повеќе... (6)
بهجة الناظرين شرح رياض الصالحين.
لسليم الهلالي (1/ 365).
كشف المشكل من حديث الصحيحين.
لابن الجوزي (4/ 129).
نزهة المتقين شرح رياض الصالحين.
لمصطفى الخن وغيره (1/ 286).