Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

32 од 841 картички

Исчисти филтри
Мајка ми – ќерката на Реваха – побара од татко ми да му подари нешто од својот имот на нејзиниот син. Тој одложуваше една година, а потоа се согласи. Таа рече: „Не сум задоволна додека тоа не го посведочиш пред Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем.“ Татко ми ме зеде за рака – тогаш бев младо момче – и отидовме кај Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Му рече: „О Аллахов пратенику, ќерката на Реваха сака да бидеш сведок на дар што ѝ го дадов на нејзиниот син.“ Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „О, Бешир, имаш ли и други деца освен него?“ Тој одговори: „Да.“ Тој рече: „Дали на сите им подари исто како на него?“ Тој рече: „Не.“ Тогаш Аллаховиот пратеник рече: „Тогаш немој мене да ме земаш за сведок – јас не сведочам за неправда.“ А во верзијата кај Муслим се вели: „Тогаш земи некој друг за сведок.“
Автентичен Го бележат Бухари и Муслим, а хадисот е пренесен во повеќе формулации
Му реков на Ата бин ебу Рабах: „Сакаш ли да ти покажам една жена од жителите на Џенетот?“ Тој рече: „Сакам.“ Ибн Абас рече: „Оваа црна жена. Таа дојде кај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и рече: ,Ми се случуваат напади (паѓам во бесвест), и тогаш ми се открива телото. Замоли Го Аллах за мене.‘ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ѝ рече: ,Ако сакаш, биди трпелива, и ќе го добиеш Џенетот. А ако сакаш, ќе се помолам Аллах да те излекува.‘ Таа рече: ,Ќе бидам трпелива. Но, кога ќе имам напад, телото ми се открива – замоли Го Аллах да не се откривам.‘ Тогаш Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се помоли за неа.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, ја проколнал таа што додава вештачка коса, како и таа што го бара тоа; и таа што тетовира, како и таа што бара да биде тетовирана.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Дали да ви кажам што е подобро од степенот на постот, намазот и садаката?“ Рекоа: „Да.“ Тој рече: „Поправањето на меѓучовечките односи. Зашто нарушените односи се како ,жилетот.‘“
Автентичен Го бележат Ебу Давуд и Тирмизи
„Жената не патува растојание кое се поминува за два дена, ако не е придружувана од мажот или од махрем. Нема постење на два дена: Фитр и Курбан Бајрам. Нема намаз од мугрите додека Сонцето не излезе потполно, ниту од попладне (икиндија) до зајдисонце. Не се патува со намера освен кон три џамии: Месџидул Харам во Мека, Месџидул Акса во Ерусалим и оваа џамија (во Медина).“
Автентичен Муттефекун алејхи
„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘ Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘ Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘ Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘ Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘ Тие одговорија: ,Да.‘ Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Вистински ги одржува роднинските врски не оној што само возвраќа на посетите, туку оној кој ја одржува врската дури и кога таа е прекината.“
Автентичен Го бележи Бухари
„Пазете се од влегувањето кај жените“. Еден човек од енсарите рече: „О, Аллахов Пратенику, што мислиш за братот на сопругот?“ Тој рече: „Тој е смрт“.
Автентичен Муттефекун алејхи