Skip to content

„Темножолтиот и жолтиот секрет кој се појавуваше по месечниот циклус не го сметавме за проблематичен.“

Од Уму Атије, радијаллаху анха, а таа е една од жените која му се заколнала на верност на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се пренесува дека кажала:

„Темножолтиот и жолтиот секрет кој се појавуваше по месечниот циклус не го сметавме за проблематичен.“

كُنَّا لا نَعُدّ الكُدرَةَ والصُّفْرَةَ بعدَ الطُّهرِ شيئًا.

Го бележи Ебу Давуд со оваа формулација, а Бухари без додатокот „по чистењето“
Автентичен
Објаснување

Угледната асхабијка Уму Атије, радијаллаху анха, ни кажува дека жените во времето на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, не ја земале предвид темната или жолтеликавата течност што излегува од вагиналниот орган, откако чистотата се појавила по менструалниот циклус. Тие не би го оставале намазот или постот заради тоа.

Значење на зборовите

الْكُدْرَةُ: هو الماء الذي تراه المرأة كالماء الوسخ الكدر.

الصُّفْرَةَ: هو الماء الذي تراه المرأة كالصديد يعلوه اصفرار.

Од придобивките на хадисот

Течноста што излегува од вагиналниот орган на жената откако ќе се исчисти од менструацијата нема да се третира како месечен циклус, дури и да има темникаво-жолтеникава боја која произлегува од крвта.

Појавата на овој секрет во текот на циклусот се смета за менструација. Значи, тоа е крв што излегува во вообичаениот период и е измешана со вода.

Жената поради овој секрет кој се појавува по чистотата нема да ги остави намазот и постот. Напротив, ќе зема абдест и редовно ќе клања.

Референци

Сахих Ел-Бухари (1/ 72) (326).

Сунен Ебу Давуд (1/ 226) (307).

Повеќе... (4)

توضيح الأحكام.

للبسام (1/ 450).

سُبل السلام.

للصنعاني (1/ 153).