Skip to content

,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи

Ебу Абдурахман, Абдулах бин Месуд, Аллах нека е задоволен со него, рекол:

„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни раскажа, а тој е искрениот и она што го зборува е вистина: ,Создавањето на човекот се одвива во утробата на неговата мајка четириесет дена и четириесет ноќи, потоа станува згрутчена крв толку долго, потоа станува залак месо толку долго. Потоа му се испраќа мелек, на кој му се наредува да запише четири работи: неговото снабдување - ризк, неговиот животен век, неговите дела и дали ќе биде од среќните или несреќните, а потоа му се вдахнува душата. Навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Џенетот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Џенетот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Огнот, и ќе влезе во него. И навистина, некој од вас ќе прави дела на жителите на Огнот, сè додека не остане само една педа помеѓу него и Огнот, па ќе го претекне она што му е запишано, и ќе почне да прави дела на жителите на Џенетот и ќе влезе во него.'“

حَدَّثَنَا رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ وَهُوَ الصَّادِقُ المَصْدُوقُ: «إِنَّ أَحَدَكُمْ يُجْمَعُ خَلْقُهُ فِي بَطْنِ أُمِّهِ أَرْبَعِينَ يَوْمًا، ثُمَّ يَكُونُ عَلَقَةً مِثْلَ ذَلِكَ، ثُمَّ يَكُونُ مُضْغَةً مِثْلَ ذَلِكَ، ثُمَّ يُرْسَلُ إلَيْهِ المَلَكُ فَيَنْفُخُ فِيهِ الرُّوحَ، وَيُؤْمَرُ بِأَرْبَعِ كَلِمَاتٍ: بِكَتْبِ رِزْقِهِ، وَأَجَلِهِ، وَعَمَلِهِ، وَشَقِيٍّ أَوْ سَعِيدٍ؛ فَوَالَّذِي لَا إلَهَ غَيْرُهُ إنَّ أَحَدَكُمْ لَيَعْمَلُ بِعَمَلِ أَهْلِ الجَنَّةِ حَتَّى مَا يَكُونُ بَيْنَهُ وَبَيْنَهَا إلَّا ذِرَاعٌ فَيَسْبِقُ عَلَيْهِ الكِتَابُ فَيَعْمَلُ بِعَمَلِ أَهْلِ النَّارِ فَيَدْخُلُهَا، وَإِنَّ أَحَدَكُمْ لَيَعْمَلُ بِعَمَلِ أَهْلِ النَّارِ حَتَّى مَا يَكُونُ بَيْنَهُ وَبَيْنَهَا إلَّا ذِرَاعٌ، فَيَسْبِقُ عَلَيْهِ الكِتَابُ فَيَعْمَلُ بِعَمَلِ أَهْلِ الجَنَّةِ فَيَدْخُلُهَا».

Го бележат Бухари и Муслим
Автентичен
Објаснување

Ибн Месуд, радијаллаху анху, рече: „Ни раскажа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, а тој е искрениот во своите зборови и вистинитоста на неговите зборови ја потврдил Возвишениот Аллах: Создавањето на секој од вас започнува така што, кога мажот ќе ѝ пријде на својата сопруга, неговата семенска течност се собира во нејзината утроба и четириесет дена останува како капка. Потоа станува згрутчена крв, односно густа и стврдната крв, и тоа е во вторите четириесет дена. Потоа станува залак месо, односно парче месо со големина на залак што може да се џвака, и тоа е во третите четириесет дена. Потоа Аллах му испраќа мелек, кој по завршувањето на третите четириесет дена му ја вдахнува душата. На мелекот му се наредува да запише четири работи: неговата егзистенција (ризк), односно количината на благодати што ќе ги добие во текот на неговиот живот; неговиот животен век, односно колку долго ќе живее на овој свет; неговите дела – какви ќе бидат; и дали ќе биде среќен или несреќен. Потоа Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се заколна дека некој човек ќе ги прави делата на жителите на Џенетот и неговите дела ќе бидат добри, односно според она што им се покажува на луѓето. Така ќе продолжи сè додека меѓу него и Џенетот не остане освен колку една педа, односно ќе биде толку блиску до него како што е човек што го дели само една педа од одредено место. Тогаш ќе го стигне она што му е запишано и одредено, па ќе почне да ги прави делата на жителите на Огнот, ќе го заврши животот со нив и ќе влезе во Огнот. Тоа е затоа што услов за прифаќање на делата е човекот да остане истраен во нив и да не ги промени. Исто така, друг човек ќе ги прави делата на жителите на Огнот сè додека не се доближи до влегување во него, како меѓу него и Огнот да останала освен колку една педа. Тогаш ќе го стигне она што му е запишано и одредено, па ќе почне да ги прави делата на жителите на Џенетот, ќе го заврши животот со нив и ќе влезе во Џенетот.“

Од придобивките на хадисот

Објаснување на етапите на создавањето на човекот.

Верувањето во Аллаховата предодредба (кадер)

Страв од лоша завршница и поттик постојано да Го молиме Аллах за истрајност сè до смртта.

Предупредување да не се залажуваме со надворешноста на делата; бидејќи тие се вреднуваат според нивниот завршеток.

Овој хадис се однесува на оној што не ги прави добрите дела со искреност и вистински иман, туку само надворешно им изгледа на луѓето дека ги прави делата на жителите на Џенетот. Што се однесува до оној што навистина ги прави делата на жителите на Џенетот, искрено и со вистински иман, Возвишениот Аллах е поправеден, поблагороден и помилостив отколку да го остави без Својата помош на крајот од неговиот живот. Возвишениот Аллах вели: „Аллах ги зацврстува оние што веруваат со цврст збор и на овој свет и на Ахиретот, а неправедните Аллах ги остава во заблуда. Аллах прави што сака.“

Референци

Сахих Ел-Бухари (9/ 135) (7454).

(4/ 111) (3208).

Сахих Муслим (4/ 2036) (2643).

Повеќе... (2)

عمدة القاري شرح صحيح البخاري (15/ 130).

شرح الأربعين النووية للعثيمين (ص: 84).