Skip to content

Дали течноста што излегува од жената - без разлика дали е бела или жолта - е чиста или нечиста? Дали е потребно да се земе абдест, земајќи предвид дека перманентно истекува? Каков е прописот ако наизменично истекува, особено што повеќето жени - дури и образованите жени - сметаат дека ова е природна влажност за која не мора да се зема абдест?

السؤال

Прашање 1:

Дали течноста што излегува од жената - без разлика дали е бела или жолта - е чиста или нечиста? Дали е потребно да се земе абдест, земајќи предвид дека перманентно истекува? Каков е прописот ако наизменично истекува, особено што повеќето жени - дури и образованите жени - сметаат дека ова е природна влажност за која не мора да се зема абдест?

س35: هل السائل الّذي ينزل من المرأة -أبيض كان أم أصفر- طاهرٌ أو نجسٌ؟ وهل يجب فيه الوضوء، مع العلم بأنه ينزل مستمرًّا؟ وما الحكم إذا كان متقطّعًا، خاصةً أن غالب النّساء -لا سيما المتعلّمات- يعتبرن ذلك رطوبةً طبيعيةً، لا يلزم منه الوضوء؟

الجواب

Одговор 1:

По истражувањето кое го направив сметам дека ако течноста што излегува од жената не излегува од уринарниот тракт, туку излегува од матката, тогаш таа е чиста, но се губи абдесот дури и да е чиста течност. Затоа што не е услов тоа што го губи абдестот да биде нечистотија, како што воздухот излегува од анусот, тој нема супстанција, но сепак се губи абдестот.

И според тоа, ако нешто истече од некоја жена додека има абдест, тоа ќе ѝ го расипе абдестот, и таа мора да го обнови.

А ако е континуирано, тогаш не го расипува абдестот, но таа треба да земе абдест за секој намаз кога ќе дојде време за намаз, и ќе клања во ова време во кое земала абдест, фарзови и нафили и ќе чита Куран, и ќе прави што сака од она што ѝ е дозволено.

Познавачите на исламското право сметаат вакво нешто се однесува за некој што боледува од уринарна инконтиненција. Ова е пропис за течноста од гледна точка на чистотата, дека таа е чиста, а од гледна точка на поништувањето на абдестот, таа течност го расипува абдестот освен ако не е континуирано течење, ако е континуирано, тогаш не го расипува абдестот, но жената треба да зема абдест секогаш кога ќе настапи време на намаз, и притоа да преземе мерки да го запре истекувањето на течност од неа.

Но, ако тече со прекини, и вообичаено престанува за време на намазот, тогаш таа треба да го одложи намазот до времето кога ќе престане течењето, освен ако се плаши да ѝ помине времето за намаз, тогаш треба да земе абдест, да се преврза - да се заштити од протекување - и да клања.

Нема разлика помеѓу мало и големо истекување; бидејќи сето тоа излегува надвор од местото, и затоа го поништува абдестот, без разлика дали е мала или голема количина, за разлика од она што излегува од останатиот дел од телото, како што е крвта и повраќањето, тие не го поништуваат абдестот, без разлика дали се работи за мала или голема количина.

Што се однесува до убедувањето на некои жени дека тоа не го поништува абдестот, не знам врз база на која основа е тоа, освен можеби зборовите на Ибн Хазм, рахимехуллах, кој рекол: "Ова не го поништува абдесот." Но, тој не спомнал никаков доказ за тоа, да имаше докази од Куранот и Сунетот или изреките на асхабите, ќе важеше тоа правило.

Секоја жена мора да биде богобојазлива и да внимава на својата чистота. Намазот не се прифаќа без чистота, дури и стопати да клања, всушност, некои зналци велат: „Кој клања без чистота, тој е неверник.”Затоа што тоа е облик на исмејување со ајетите на Аллах Возвишениот.

ﺟ35: الظاهر لي بعد البحث: أن السائل الخارج من المرأة إذا كان لا يخرج من المثانة، وإنما يخرج من الرحم، أنّه طاهرٌ، ولكنه ينقض الوضوء وإن كان طاهرًا؛ لأنه لا يشترط للناقض للوضوء أن يكون نجسًا، فها هي الرّيح تخرج من الدّبر، وليس لها جرمٌ، ومع ذلك تنقض الوضوء.

وعلى هذا، إذا خرج من المرأة وهي على وضوءٍ فإنه ينقض الوضوء، وعليها تجديده.

فإن كان مستمرًّا فإنه لا ينقض الوضوء، ولكن تتوضأ للصلاة إذا دخل وقتها، وتصلّي في هذا الوقت الّذي تتوضأ فيه فروضًا ونوافل، وتقرأ القرآن، وتفعل ما شاءت ممّا يباح لها،

كما قال أهل العلم نحو هذا فيمن به سلس البول، هذا هو حكم السائل من جهة الطهارة، فهو طاهرٌ، ومن جهة نقضه للوضوء، فهو ناقضٌ للوضوء إلا أن يكون مستمرًّا عليها، فإن كان مستمرًّا فإنه لا ينقض الوضوء، لكن على المرأة ألا تتوضأ للصلاة إلا بعد دخول الوقت، وأن تتحفظ.

أما إن كان منقطعًا، وكان من عادته أن ينقطع في أوقات الصلاة، فإنها تؤخّر الصلاة إلى الوقت الّذي ينقطع فيه، ما لم تخش خروج الوقت، فإن خشيت خروج الوقت فإنها تتوضأ، وتتلجم -تتحفظ- وتصلّي.

ولا فرق بين القليل والكثير؛ لأنه كله خارجٌ من السبيل، فيكون ناقضًا قليله وكثيره، بخلاف الذي يخرج من بقية البدن كالدم والقيء، فإنه لا ينقض الوضوء، لا قليله ولا كثيره.

وأما اعتقاد بعض النّساء أنه لا ينقض الوضوء فهذا لا أعلم له أصلًا، إلا قولًا لابن حزمٍ رحمه الله، فإنه يقول: إن هذا لا ينقض الوضوء، ولكنه لم يذكر لهذا دليلًا، ولو كان له دليلٌ من الكتاب والسّنة أو أقوال الصحابة لكان حجةً.

وعلى المرأة أن تتقي الله، وتحرص على طهارتها؛ فإن الصلاة لا تقبل بغير طهارةٍ ولو صلت مئة مرةٍ، بل إن بعض العلماء يقول: إن الذي يصلّي بلا طهارةٍ يكفر؛ لأن هذا من باب الاستهزاء بآيات الله سبحانه وتعالى.