Филтрирај резултати
339 картички
الموضوعات
الموضوعات (13)
التصنيف الشرعي
Filter ▾
حجم المحتوى4
Одговор: 1. Кога ќе почувствуваме болка во телото, треба да ја ставиме десната рака на тоа место и три пати да кажеме: „Бисмиллах“. Потоа, седум пати да кажеме: „Е’узу би 'иззетиллахи мин шерри ма еџиду ве ухазиру“.
- Треба да бидеме задоволни со Аллаховата одредба.
Во хадисот на Ум Ел Алаа, Аллах нека е задоволен со неа, стои: „Ме посети Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека бев болна и ми рече:
„Радувај се, Ум Ел Алаа; бидејќи болеста на муслиманот ги отстранува неговите гревови како што огнот ги отстранува нечистотиите од златото и среброто.“
(Ебу Давуд)
- Кога братот муслиман ќе се разболи, треба што побрзо да го посетиме, на Аллах да му се молиме за неговото закрепнување, и да не се останува долго време кај него.
- Да му проучиме рукја без тој тоа да го бара од нас.
- Треба да го советуваме да биде трпелив, да прави дова, да клања и да се грижи за хигиената колку што може.
- Довата за болниот гласи:
ЕС ЕЛУЛЛАХЕЛ-АЗИМ, РАББЕЛ-АРШИЛ-АЗИМ ЕН ЈЕШФИЈЕКЕ. Истата треба да се повтори седум пати.
Одговор: 1. Треба да биде со искрена намера во името на Возвишениот Аллах.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Кој ќе учи знаење за да се фали пред учените, да се расправа со незнајковците и да ги привлекува луѓето кон себе, Аллах ќе го внесе во Џехенем.“
(Ибн Маџе)
- Да го применува знаењето што го стекнал.
,,На Судниот ден, нема да се помрднат стапалата на робот додека не биде прашан за четири работи: - меѓу кои - за неговото знаење, дали работел според него.“
(Тирмизи и Дарими)
- Го почитува учителот и го уважува и кога е присутен и кога е отсутен.
- Седи пред него со почит.
- Внимателно слушање, без прекинување во неговото предавање.
- Поставување прашања со почит.
- Да не се повикува по име.
„Навистина, почитта кон Аллах вклучува почитување на постариот муслиман и на носителот на Куранот.“
(Ебу Давуд)
Одговор: 1. Присутните да се поздрават со селам.
- Седењето таму каде што завршува редот, не кревајќи никого од неговото место, и да не се седнува помеѓу двајца без нивна дозвола.
- Да се направи место за другите за да можат и тие да седнат.
- Да не се прекинуваат другите кога зборуваат.
- Пред да се напушти собирот треба да се побара дозвола и да се поздрави кога се заминува.
- Ибн Омер, Аллах нека е задоволен со него, зборувајќи за Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Тој забрани да се крева човек од неговото место за да седне друг, и во таква ситуација велел: направете простор и проширете го кругот.“
(Бухари)
Доказ е хадисот во кој стои:
„Кога некој од вас ќе дојде на собир, нека се поселами. Кога ќе сака да замине, нека се поселами. Првиот селам не е поважен од последниот.“
(Тирмизи и Ебу Давуд)
- Кога ќе заврши дружењето, да се проучи довата со која се бара прошка за пропустите на дружењето:
,,СУБХАНЕКАЛЛАХУММЕ ВЕ БИ ХАМДИКЕ, ЕШХЕДУ ЕН ЛА ИЛАХЕ ИЛЛА ЕНТЕ, ЕСТЕГФИРУКЕ ВЕ ЕТУБУ ИЛЕЈКЕ".
Одговор: 1. Да се легне порано.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Од Ебу Берза, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не го сакал спиењето пред јацискиот намаз и разговорот по него.“
(Бухари)
- Да се спие со абдест.
- Не треба да се спие на стомак.
- Да се спие на десната страна и да се стави десната дланка под десниот образ.
- Да се истресе креветот пред спиење.
Доказ е хадисот во кој стои:
Пренесува Бера бин Азиб, Аллах нека е задоволен со него, од Аллаховиот Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дека рекол:
„Пред да легнеш во постела, земи абдест како за намаз, па потоа легни на твојата десна страна.“
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, рекол: Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, виде човек како лежи на стомак и рече:
„Ова е положба (на лежење) која Аллах не ја сака.“
(Ахмед и Тирмизи)
Исто така Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:
„Кога ќе легнете во кревет, истресете го со внатрешноста на вашата облека, бидејќи не знаете што може да има на него.“
- Да се проучат пропишаните зикрови пред спиење како што се: ајетил курси, сурата Ел Ихлас и двете сури заштитнички (Ел Фелек и Ен Нас) по три пати, потоа да се каже:
,,БИСМИКЕАЛЛАХУММЕ ЕМУТУ ВЕ АХЈА".
- Да се разбуди за сабах намаз.
- Кога ќе се стане од спиење да се каже:
„ЕЛХАМДУЛИЛЛАХИЛЛЕЗИ АХЈАНА БЕАДЕ МА ЕМАТЕНА ВЕ ИЛЕЈХИН-НУШУР.“
Одговор: 1. Кога јадеме или пиеме, треба да имаме намера со тоа да го зајакнеме телото за да можеме полесно да ги извршуваме нашите обврски кон Аллах.
- Да ги измиеме рацете пред јадење.
Поради хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој стои дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој сака да јаде и пие, нека ги измие рацете, а потоа нека започне со јадењето и пиењето.“
(Ахмед)
- Да изговориме "Бисмиллах", да јадеме со десната рака и од храната што е пред нас. Да не јадиме од средината на чинијата или од тоа што е пред другите.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Момче, започни со Бисмиллах, јади со десната рака и јади од храната што е пред тебе.“
(Бухари и Муслим)
- Ако заборавиме да изговориме "Бисмиллах" пред јадење, тогаш ќе изговориме од кога ќе се сетиме: „БИСМИЛЛАХИ ЕВВЕЛУХУ ВЕ АХИРЕХУ.“
„Кога некој од вас започнува да јаде, нека изговори: „Бисмиллах“ а ако заборави да го направи тоа на почетокот, нека каже: „Бисмиллахи еввелуху ве ахиреху.“
(Ахмед и Тирмизи)
- Треба да бидеме задоволни со храната пред нас и да не ја критикуваме. Ако ни се допаѓа, ќе ја јадеме; ако не, ќе ја оставиме.
Поради хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој рекол:
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ја критикуваше храната. Ако му се допаѓаше, ја јадеше; ако не му се допаѓаше, ја оставаше.“
- Треба да јадеме умерено и да избегнуваме прејадување.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Човекот никогаш не наполнил полош сад од својот стомак. Доволно е неколку залци за да се одржи исправен. Ако не може да се воздржи, тогаш нека остави една третина за храната, една третина за пијалакот и една третина за воздухот.“
(Тирмизи и Ибн Маџе)
- Не треба да дуваме во храната и пијалаците; туку ги оставаме да се оладат сами.
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забрани дување во храната и пијалаците.“
(Ахмед и Ибн Маџе)
- Треба да јадеме заедно со семејството или со гостите.
Поради хадисот во кој стои дека некој човек му рекол на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Јадеме, но не се наситуваме.“ Па тој му одговори:
„Можеби јадете одделно. Соберете се заедно околу храната и спомнете го Аллаховото име над неа, ќе ви биде даден бериќет во неа.“
(Ебу Давуд и Ибн Маџе)
- Не треба да започнуваме со јадењето пред постарите.
- Кога пиеме нешто, треба да го спомнеме Аллаховото име и да пиеме седејќи, на трипати.
„Кога некој од вас пие, нека не дише во садот.“
И хадисот на Енес:
,,Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, забранил да се пие стоејќи.“
(Муслим)
И овој хадис:
„Додека пиел Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, трипати земал воздух.“
- На крајот, од кога ќе завршиме со обедувањето и оброкот, треба да му се заблагодариме на Аллах.
„Аллах е задоволен од робот кој, кога јаде, му заблагодарува за тоа, или кога пие, му заблагодарува за тоа.“
Одговор: 1. Треба да започнуваме со облекувањето од десната страна и да му заблагодариме на Аллах за тоа.
Земајќи го како основа хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога се облекувате или земате абдест, започнете со десната страна.“
(Ахмед и Ебу Давуд)
- Облеката не смее да биде под глуждовите.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Она што е под глуждовите од облеката, ќе биде во огнот.“
(Бухари)
Глуждовите се двете коски испупчени од страните на стапалото.
- Машките не смеат да носат женска облека, ниту женските машка облека.
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го проколнал мажот кој носи женска облека и жената која носи машка облека.“
- Не смее да се имитираат неверниците или грешниците во начинот на облекување.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Кој имитира еден народ, тој е еден од нив.“
(Ебу Давуд)
- При соблекување на облеката, треба да го спомнеме Аллаховото име.
„Заштитата помеѓу срамните делови на синовите Адемови и џините е кога некој од вас ќе ја соблече својата облека да изговори: Бисмиллах. (Во името на Аллах).“
(Таберани и Ибн Ебу Шејбе)
- Кога се обуваме, започнуваме со десната нога, а кога се собуваме, започнуваме со левата нога.
Според хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој стои:
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, почнуваше со десната страна при облекување на обувки, при чешлање, при земање абдест и при сите свои работи.“
Одговор: 1. Треба да се изговори следното: „БИСМИЛЛАХИ ЕЛХАМДУЛИЛЛАХ,
СУБХАНЕЛЛЕЗИ СЕХХАРЕ ЛЕНА ХАЗА ВЕ МА КУННА ЛЕХУ МУКРИНИН ВЕ ИННА ИЛА РАББИНА ЛЕМУНКАЛИБУН.“ („Славен и Возвишен нека е Тој што ова ни го потчини, ние не би можеле тоа сами да го постигнеме,
и ние кај Господарот свој сигурно ќе се вратиме!“)
(Ез Зухруф, 13-14)
- Кога ќе поминеме покрај муслиман, да го поздравиме со селам.
Одговор: 1. Чекорење без надменост и со скромност.
Возвишениот вели:
„Не чекори горделиво по земјата, бидејќи земјата не можеш да ја пробиеш, ниту планините во висина да ги достигнеш.“
(Ел Исра, 57)
- Поздравување со селам на тие што ги среќаваме.
Еден човек го прашал Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем: „Кој е најдобриот ислам?“ Тој одговорил:
„Да нахраниш гладен и да го поздравиш со селам оној што го познаваш и оној што не го познаваш.“
(Бухари и Муслим)
- Да го спуштаме погледот и да не вознемируваме никого.
- Да наредуваме доброто и да го спречуваме злото.
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели:
„Дајте му го правото на патот.“ Тие прашаа: „Кое е правото на патот?“ Тој одговори: „Спуштање на погледот, воздржување од нанесување штета, враќање на селам, наредување на доброто и спречување на злото.“
- Отстранување на пречките од патот.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Отстранувањето на пречките од патот е садака.“
Одговор: 1. Излегуваме со десната нога и ја изговараме следната дова:
„БИСМИЛЛАХИ, ТЕВЕККЕЛТУ АЛАЛЛАХИ, ВЕ ЛА ХАВЛЕ ВЕ ЛА КУВВЕТЕ ИЛЛА БИЛЛАХИ. АЛЛАХУММЕ, ИННИ Е'УЗУ БИКЕ ЕН ЕДИЛЛЕ ЕВ УДАЛЛЕ, ЕВ ЕЗИЛЛЕ ЕВ УЗЕЛЛЕ, ЕВ ЕЗЛИМЕ ЕВ УЗЛЕМЕ, ЕВ ЕЏХЕЛЕ ЕВ ЈУЏХЕЛЕ АЛЕЈЈЕ.“ (Во името на Аллах, се потпирам врз Аллах, Аллаху мој, заштити ме да не заталкам по моја или туѓа вина, да не скршнам од Вистинскиот пат по моја и туѓа вина, да не му нанесам некому неправда и да не ми се нанесе неправда, да не се однесувам како незнајко и кон мене да не се однесуваат со незнаење.)
- Во куќата влегуваме со десната нога и изговараме:
„БИСМИЛЛАХИ ВЕЛЕЏНА ВЕ БИСМИЛЛАХИ ХАРЕЏНА ВЕ 'АЛА РАББИНА ТЕВЕККЕЛНА.“ (Во името на Аллах влегуваме, во Неговото име излегуваме и на Него се потпираме.)
- Ги чистиме забите со мисвак и ги поздравуваме членовите на семејството со селам.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Кога ќе влезеше дома, прво ги чистеше забите со мисвак.“
(Ибн Маџе)
Одговор: 1. Во тоалетот влегуваме со левата нога.
- Пред да влеземе изговараме:
„БИСМИЛЛАХ, АЛЛАХУММЕ ИННИ Е'УЗУ БИКЕ МИНЕЛ ХУБУСИ ВЕЛ ХАБАИСИ.“ (Аллаху мој, од Tебе барам да ме заштитиш од нечистите (шејтани) од машки и женски род.)
- Во тоалетот не треба да се внесува ништо врз кое е напишано името Аллах.
Енес, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Кога Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, влегуваше во тоалет, го вадеше својот прстен.“
(Ебу Давуд и Ибн Маџе)
- При вршење на нужда, треба да се сокриеме од погледите на другите.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Пратеникот салаллаху алејхи ве селем, најчесто, се криеше зад ѕид или зад густо засадени палми при вршење на нужда.“
(Муслим)
- На местото каде што вршиме нужда, не зборуваме.
- Кога вршиме нужда, не се вртиме кон киблата, ниту со лицето, ниту со грбот.
Доказ за ова се зборовите на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем:
„Не се свртувајте кон киблата при вршењето на голема или мала нужда; туку свртете се кон исток или запад.“
(Бухари и Муслим)
- Кога се чистиме по нужда, ја користиме само левата рака, не десната.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Ни забрани да се чистиме со десната рака.“
- Не вршиме нужда на патишта каде што поминуваат луѓе или на места каде што се одмораат.
Поради хадисот на Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, во кој стои дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Избегнувајте ги двете проколнати работи.“ Го прашаа: „Кои се тие две проколнати работи, о Пратенику на Аллах?“ Тој одговори: „Тоа се оние кои вршат нужда на патиштата каде што поминуваат луѓе или каде што одмораат под сенка.“
- По завршувањето со нуждата, ги миеме рацете.
Поради хадисот на Џерир, Аллах нека е задоволен со него: „Бев со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, кога тој отиде во тоалет и ја заврши нуждата. Потоа рече:
,О Џерир, донеси ми вода за чистење.’ Му донесов вода, тој се исчисти со вода, а потоа раката ја истри по земјата.“
(Несаи)
- Од тоалетот излегуваме со десната нога и ги изговараме зборовите: ,,ГУФРАНЕКЕ (Аллаху мој, прости ми)."
- Во џамијата влегуваме со десната нога и изговараме:
„БИСМИЛЛАХИ, АЛЛАХУММЕФТАХ ЛИ ЕБВАБЕ РАХМЕТИКЕ. (Во името на Аллах, Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост) .“
- Не седнуваме додека не клањаме два реката.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека не седнува додека не клања два реката.“
(Бухари и Муслим)
- Не поминуваме пред оние што клањаат, не објавуваме за изгубени предмети во џамијата и не вршиме купопродажба.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кога би знаел оној што поминува пред клањачот каква казна го чека, би му било подраго да стои четириесет (дена, месеци, години) отколку да помине пред него.“
Тој, салаллаху алејхи ве селем, исто така рекол:
„Кој ќе чуе човек како бара/објавува изгубен предмет во џамијата, нека му каже: Аллах да не ти го врати, бидејќи џамиите не се изградени за тоа.“
(Муслим)
Во еден хадис се вели:
„Ако видите некој како продава или купува во џамијата, кажете му: Нека не ти биде успешна трговијата.“
(Тирмизи и Дарими)
- Да се грижиме џамијата да биде чиста.
Поради хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој се вели:
„Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нареди изградба на џамии во населбите и дека тие треба да се одржуваат чисти и да мирисаат убаво.“
(Тирмизи, Ахмед и Ебу Давуд)
- Излегуваме со левата нога и изговараме:
„АЛЛАХУММЕ ИННИ ЕС ЕЛУКЕ МИН ФАДЛИКЕ (Аллаху мој, подари ми од Твојата добрина).“
Одговор: 1. Кога ќе сретнеме муслиман, треба да го поздравиме со зборовите: „Ес селаму алејкум ве рахметуллахи ве берекатуху.“ Не треба да користиме други зборови за поздрав, ниту само да покажуваме со рака како начин на поздрав.
- Да му се насмевнеме на оној кого го селамиме.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Не потценувајте ниедно добро дело, дури и ако тоа е да го сретнете вашиот брат со насмеано лице.“
(Муслим)
- Да се ракуваме со десната рака.
- Ако некој не поздрави, треба да отпоздравиме на ист или поубав начин.
Доказ за ова се Аллаховите зборови:
„Кога со поздрав ќе бидете поздравени, со поубав од него отпоздравете, или поздравот возвратете го, бидејќи Аллах навистина сè пресметува!“
(Ен Ниса, 80)
- Неверниците не ги поздравуваме со селам, но ако тие не поселамат, тогаш ќе им одговориме со: „Ве алејкум.“
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Не го започнувајте вашиот поздрав кон евреите или христијаните со селам.“
- Помладите ги поздравуваат со селам постарите, оној кој јава (или е во возило) го поздравува пешакот, пешакот го селами оној кој седи, а помалата група ја селами поголемата.
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„ Тој што јава (или е во возило) го селами пешакот, пешакот го селами оној кој седи, а помалата група ја селами поголемата.“
(Бухари и Муслим)
- Не се ракуваме со жените кои не туѓи, на кои не сме им махрем.
Поради хадисот на мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, во кој се вели:
„Се колнам во Аллах , раката на Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не допрела рака на туѓа жена.“
Одговор: 1. Пред да влеземе во некое место, треба да побараме дозвола за влез.
- Дозволата ја бараме трипати и не повеќе од толку. Ако никој не ни одговори, треба да се вратиме.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Ако некој од вас побара дозвола трипати и не добие одговор, нека се врати.“
(Бухари и Муслим)
- Ќе тропнеме благо на вратата и нема да стоиме веднаш пред неа, туку ќе застанеме на десната или левата страна и ќе речеме: Ес селаму алејкум.
Доказ за ова е хадисот во кој стои:
„Кога Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе пристигнеше до нечија врата, не стоеше право пред неа, туку од десната или левата страна и велеше: Ес селаму алејкум, ес селаму алејкум.“
(Ебу Давуд)
- Не влегуваме во родителската или нечија друга соба без дозвола, особено не пред сабах, за време на попладневниот одмор и по јација.
Доказ за ова се Аллаховите зборови:
„О, верници, тие што се ваша сопственост и тие што сè уште не се полнолетни нека побараат дозвола од вас за кај вас да влезат во три случаи: пред сабах намаз (утринската молитва) и кога на пладне ќе ја одложите облеката своја, и по извршувањето на јација намаз (вечерната молитва). Тоа се трите периоди кога не сте облечени, а во другите периоди не ви е грев ниту вам ниту ним, та тие кај вас често влегуваат, а вие едни кај други влегувате. Така Аллах ви ги објаснува прописите! А Аллах знае сè и Мудар е.“
(Ен Нур, 27)
- Во местата каде што не се живее, можеме да влеземе без дозвола, како што се болниците, пазарите и слично.
Возвишениот вели:
„Не е грeшно да влегувате во ненаселените објекти, во кои се наоѓаат работите ваши, а Аллах го знае тоа што јавно го покажувате и тоа што го криете.“
Одговор: 1. Треба да ги храниме и напојување животните.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Рекоа: О, Аллахов Пратенику, дали имаме награда за грижата кон животните? Тој рече: За секое живо суштество има награда.“
(Бухари и Муслим)
Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај камила чиј грб и се прилепил за стомакот од глад и рекол:
„Плашете се од Аллах во врска со овие животни.“
(Ебу Давуд)
- Треба да бидеме милосливи и благи кон нив и да не ги оптоваруваме со нешта што не можат да ги издржат.
Во еден хадис се пренесува дека Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој е сопственик на оваа камила? Чија е оваа камила?“ Тогаш дојде еден млад човек од енсариите и рече: „Моја е, о Аллахов Пратенику.“ Пратеникот рече: „Зарем не се плашиш од Аллах во врска со ова животно што ти го дал? Ми се пожали дека го изгладнуваш и го преморуваш.“
(Ахмед и Ебу Давуд)
„Туд’ибуху“: значи го преморуваш.
- Не смееме на никаков начин да ги мачиме или вознемируваме животните.
Во хадисот на Џабир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, поминал покрај магаре кое било жигосано на лицето и рекол:
„Зарем не сте слушнале дека сум го проколнал оној што жигосува животно на лицето или го удира по лицето?“ Потоа го забрани тоа (жигосувањето).
(Муслим и Ебу Давуд)
Одговор: 1. Целта на спортот треба да биде зајакнување на телото, поради покорност кон Аллах и да се придобие Неговото задоволство.
- Не се игра/спортува за време на намаз.
Возвишениот вели:
А тешко на тие што, кога намазот (молитвата) го извршуваат, (4)
намазот свој како што треба не го извршуваат, (5)
(Ел Маун, 3-4)
- Момчињата не треба да спортуваат заедно со девојчињата.
- Треба да се носи спортска облека која го покрива срамниот дел од телото.
- Треба да се избегнуваат забранетите спортови, како оние што вклучуваат удирање во лицето и откривање на интимните делови од телото.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Кога некој од вас ќе се бори со својот брат, нека го избегнува удирањето во лицето.“
(Муслим)
Одговор: 1. Да се биде искрен при шегувањето и да не се лаже.
Доказ е хадисот во кој стои:
„Тешко на оној кој зборува и лаже за да ги насмее луѓето. Тешко нему, тешко нему.“
(Ебу Давуд, Ахмед и Тирмизи)
- Шегата треба да биде без исмејување, подбивање, наштетување и заплашување.
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не е дозволено муслиманот да заплашува друг муслиман.“
(Ахмед и Ебу Давуд)
- Да не се претерува со шегувањето.
„Не претерувајте со смеењето, бидејќи прекумерното смеење го умртвува срцето.“
(Тирмизи и Ибн Маџе)