Skip to content

„Аллах ви забранува да се заколнувате во вашите татковци

Oд Омер бин Хатаб, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кажал:

„Аллах ви забранува да се заколнувате во вашите татковци.“ Омер рече: „Се колнам во Аллах, откако слушнав дека Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, рекол да не се колнеме во татковците, не го направив тоа! Ниту самиот за себе, ниту пренесувајќи од некој друг.“

«إِنَّ اللهَ عَزَّ وَجَلَّ يَنْهَاكُمْ أَنْ تَحْلِفُوا بِآبَائِكُمْ»، قَالَ عُمَرُ: فَوَاللهِ مَا حَلَفْتُ بِهَا مُنْذُ سَمِعْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ نَهَى عَنْهَا ذَاكِرًا وَلَا آثِرًا.

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè известил дека Возвишениот Аллах забранил да се колнеме во нашите татковци, и оној кој сака да се заколне, нека се заколне во Аллах, и нема да се заколне во некој друг. Потоа Омер, радијаллаху анху, спомна дека тој не се заколнал во татковците откако го слушнал Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дека тоа е забрането, и не го направил тоа ниту намерно ниту пренесувајќи од некој друг кој се заколнал на забранетиот начин.

Значење на зборовите

ذاكِرًا: عامِدًا.

آثِرًا: حاكِيًا عن غَيْرِي أنَّه حَلَفَ بها.

Од придобивките на хадисот

Забрането е да се колнеме освен во Аллах, а посебно се спомнати татковците бидејќи таков бил обичајот кај многубошците.

Заколнување: тоа е заклетва со името на Аллах или со некое од Неговите имиња или особини, за некоја работа или случка која сакаме да ја потврдиме.

Вредноста на Омер, радијаллаху анху, кој добро разбрал и веднаш наученото го применил во пракса.

Референци

Сахих Ел-Бухари (8/ 132) (6647).

Сахих Муслим (3/ 1266) (1646).

Повеќе... (4)

تيسير العلام شرح عمدة الأحكام.

للبسام (ص684).

الإلمام بشرح عمدة الأحكام.

لإسماعيل الأنصاري (2/ 134).