Skip to content

„Дојдов кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, со намера да го примам исламот, па ми нареди да се избањам со вода и лисја од сидр.“

Од Кајс ибн Асим, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол:

„Дојдов кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, со намера да го примам исламот, па ми нареди да се избањам со вода и лисја од сидр.“

أتيتُ النبيَّ صلى الله عليه وسلم أُريدُ الإسلامَ، فأَمَرَني أن أغتَسِلَ بماءٍ وسِدرٍ.

Го бележат Ебу Давуд, Тирмизи, и Несаи
Автентичен
Објаснување

Кајс ибн Асим дошол кај Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, со намера да прими ислам, па Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, му наредил да се избања со вода и со листови од сидр, бидејќи неговите лисја се користат за чистење и имаат пријатен мирис.

Од придобивките на хадисот

Пропишано е на неверникот кој сака да го прими исламот, да се избања.

Благородноста на исламот и неговата грижа за телото и душата, истовремено.

Мешањето на водата со други чисти материи не ја менува нејзината способност за чистење.

Современите средства за чистење, како сапунот и слични на него, ја заменуваат употребата на сидрот.

Референци

Сунен Ебу Давуд (1/ 266) (355).

Сунен Тирмизи (1/ 595) (605).

Сунен Несаи (1/ 109) (188).

Повеќе... (3)

معالم السنن (1/111).

ذخيرة العقبى (4/131).

شرح سنن أبي داود للعباد (54/ 10).