Skip to content
Листа на сури /

البَقَرَة

البَقَرَة is chapter 2 of the Quran and has 286 verses. This page presents it in full in the Uthmani script, with a verse-by-verse translation of its meaning.

286 Ајети Број на сура 2
Оди на ајет
Македонски · Group
بِسْمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحْمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ

الٓمٓ

Елиф-лам-мим!

Explanation & meanings · 1
  1. Елиф, лам и мим се букви од арапската азбука. Многу поглавја во Куранот поч­ну­ваат со овие и со други букви (та-син-мим, каф-ха-ајн-сад, ја-син, та-ха) кои се читаат самостојно, не образувајќи зборови. Ваквите курански стихови ука­жу­ва­ат на недостижноста на Куранот како Божја објава. По секој ваков стих, следи друг каде што се спомнува Куранот и неговата објава од Господарот на световите.

ذَٰلِكَ ٱلۡكِتَٰبُ لَا رَيۡبَۛ فِيهِۛ هُدٗى لِّلۡمُتَّقِينَ

Оваа Книга, во која нема сомнеж, е Упатство за богобојазливите.

Explanation & meanings · 1
  1. Книга – Објава, Откровение од Бог до човештвото. Се употребува за сите Откро­ве­нија, а конкретно тука се однесува само на Куранот. За Куран се смета само арап­ски­от текст кој е неговата изворна форма, непроменета и сочувана повеќе од 14 ве­ка од самото објавување коешто траело во период од 23 години. Затоа сè останато е само превод на значењето на оригиналниот арапски текст.

ٱلَّذِينَ يُؤۡمِنُونَ بِٱلۡغَيۡبِ وَيُقِيمُونَ ٱلصَّلَوٰةَ وَمِمَّا رَزَقۡنَٰهُمۡ يُنفِقُونَ

За тие што веруваат во гајбот (невидливото), го извршуваат намазот (молитвата) и даваат од тоа со што Ние ги снабдуваме,

Explanation & meanings · 3
  1. Гајб (ар.) – невидливо, непоимливо. Се однесува на сето тоа за што нè извес­тиле Бог и Неговиот Пратеник Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, а што е недос­тап­но за нашиот вид и во што без сомнеж веруваме дека е вистина. При­мер за тоа е верувањето во ангелите, демоните, во Судниот ден, задгробниот живот, рајот, пеко­лот итн.
  2. Намаз (перс.), салах (ар.) – дневна, редовна и облигативна молитва кај мусли­ма­ните. Се состои од рекати. Еден рекат е основен дел од молитвата и се состои од едно сто­е­ње – наречено кијам, едно поклонување наречено руку и две спуш­та­ња ничкум на­ре­чени сеџда. Во понатамошниот текст по секое спомнување на намазот, во загради ќе стои молитва за да се направи разлика помеѓу молитвата и која било друга молба упа­тена до Бог која кај муслиманите се нарекува дова (ар.).
  3. Ние – се однесува на Единиот Бог. Тоа е вообичаена особеност на арапскиот го­вор, користен за истакнување на важноста на говорникот, односно, се работи за еден вид самоперсирање кое во западната литература е познато кај личното обра­ќа­ње на кралевите и кралиците.

وَٱلَّذِينَ يُؤۡمِنُونَ بِمَآ أُنزِلَ إِلَيۡكَ وَمَآ أُنزِلَ مِن قَبۡلِكَ وَبِٱلۡأٓخِرَةِ هُمۡ يُوقِنُونَ

и за тие што веруваат во тоа што ти е објавено тебе и во тоа што е објавено пред тебе, и коишто цврсто веруваат во оној свет.

Explanation & meanings · 1
  1. Оној свет или идниот свет е познат кај муслиманите како Ахирет (ар.), но поради по­едноставување на разбирањето на преводот на Куранот, во поната­мошниот текст ќе се употребува токму овој термин – „оној свет“.

أُوْلَٰٓئِكَ عَلَىٰ هُدٗى مِّن رَّبِّهِمۡۖ وَأُوْلَٰٓئِكَ هُمُ ٱلۡمُفۡلِحُونَ

Тоа се тие што се упатени од Господарот свој и тоа се тие што се спасени.