2 : 62
إِنَّ ٱلَّذِينَ ءَامَنُواْ وَٱلَّذِينَ هَادُواْ وَٱلنَّصَٰرَىٰ وَٱلصَّٰبِـِٔينَ مَنۡ ءَامَنَ بِٱللَّهِ وَٱلۡيَوۡمِ ٱلۡأٓخِرِ وَعَمِلَ صَٰلِحٗا فَلَهُمۡ أَجۡرُهُمۡ عِندَ رَبِّهِمۡ وَلَا خَوۡفٌ عَلَيۡهِمۡ وَلَا هُمۡ يَحۡزَنُونَ
Тие што веруваа, и тие што беа евреи, христијани и Сабијци, а веруваа во Аллах и во другиот свет и правеа добри дела – навистина ги очекува награда од Господарот нивен; и за нив нема страв и тие нема да тагуваат.
Explanation & meanings · 2
- Евреите се спомнуваат како припадници на религија, а не како народ, па затоа секаде овој збор ќе биде напишан со мала буква, на ист начин како и за христијаните и за муслиманите.
- Сабијци се народ кој живеел во Мосул, Ирак, кои изговарале „Ла илахе иллаллах“ – (не постои друго божество достојно за обожување освен Аллах), го читале Зебурот (Псалмите на Сабијците) и не биле ни eвреи ни христијани. Сабијците треба да се разликуваат од Сабејците, древна семитски етничка група во јужна Арабија, кои живееле на територијата на денешен Јемен.