2 : 198
لَيۡسَ عَلَيۡكُمۡ جُنَاحٌ أَن تَبۡتَغُواْ فَضۡلٗا مِّن رَّبِّكُمۡۚ فَإِذَآ أَفَضۡتُم مِّنۡ عَرَفَٰتٖ فَٱذۡكُرُواْ ٱللَّهَ عِندَ ٱلۡمَشۡعَرِ ٱلۡحَرَامِۖ وَٱذۡكُرُوهُ كَمَا هَدَىٰكُمۡ وَإِن كُنتُم مِّن قَبۡلِهِۦ لَمِنَ ٱلضَّآلِّينَ
Не ви е грев од Господарот свој да барате некое добро. А кога ќе тргнете од Арефат, спомнувајте Го Аллах кај Мешарил Харам; спомнувајте Го, бидејќи Тој ве упати, а претходно бевте во заблуда.
Explanation & meanings · 3
- За време на траењето на аџилакот тргувајте и заработувајте.
- Арефат е висорамнина оддалечена од Мека неколку километри, на која во деветтиот ден од месецот зулхиџе мораат да се соберат сите аџии како најважен дел од обредите на аџилакот. Тој ден е најдобриот ден во годината, а Аллах им ги прифаќа молбите (довите) на аџиите кои се наоѓаат таму и Го молат!
- Се однесува на Музделифа, место помеѓу Мина и Арефат, кога аџиите се враќаат кон Светиот Храм во Мека.