2 : 87
وَلَقَدۡ ءَاتَيۡنَا مُوسَى ٱلۡكِتَٰبَ وَقَفَّيۡنَا مِنۢ بَعۡدِهِۦ بِٱلرُّسُلِۖ وَءَاتَيۡنَا عِيسَى ٱبۡنَ مَرۡيَمَ ٱلۡبَيِّنَٰتِ وَأَيَّدۡنَٰهُ بِرُوحِ ٱلۡقُدُسِۗ أَفَكُلَّمَا جَآءَكُمۡ رَسُولُۢ بِمَا لَا تَهۡوَىٰٓ أَنفُسُكُمُ ٱسۡتَكۡبَرۡتُمۡ فَفَرِيقٗا كَذَّبۡتُمۡ وَفَرِيقٗا تَقۡتُلُونَ
И Ние на Муса Книга му дадовме, и после него еден по друг Пратеници праќавме, а на Иса, синот Мерјемин, јасни докази му дадовме и со Џибрил го помогнавме! И кога и да ви го донесеше тоа, некој од Пратениците, што не им годеше на душите ваши, вие се вообразувавте, па едните за лага ги клеветевте, а другите ги убивавте.
Explanation & meanings · 3
- Иса – Исус. Во понатамошниот текст ќе се употребува името во изворната форма од Куранот.
- Мерјем – Марија, мајката на Исус. Во понатамошниот текст ќе се употребува името во изворната форма од Куранот.
- Џибрил (ар.) – Архангелот Гаврил. Една од неговите задачи била и доставувањето на Божјото Откровение до одбраните Пратеници и Веровесници низ човечката историја. Во понатамошниот текст ќе се употребува името во изворната форма од Куранот.