2 : 118
وَقَالَ ٱلَّذِينَ لَا يَعۡلَمُونَ لَوۡلَا يُكَلِّمُنَا ٱللَّهُ أَوۡ تَأۡتِينَآ ءَايَةٞۗ كَذَٰلِكَ قَالَ ٱلَّذِينَ مِن قَبۡلِهِم مِّثۡلَ قَوۡلِهِمۡۘ تَشَٰبَهَتۡ قُلُوبُهُمۡۗ قَدۡ بَيَّنَّا ٱلۡأٓيَٰتِ لِقَوۡمٖ يُوقِنُونَ
А тие што не знаат велат: „Аллах би требало со нас да разговара или некаков доказ да ни даде!“ Така, скоро со исти зборови, говореа и тие пред нив, а и срцата им се слични! А Ние доказите им ги објаснуваме на луѓето што цврсто веруваат.