Skip to content
البَقَرَة /

Ајет 34

2 : 34
البَقَرَة Ајети 286
Сура · البَقَرَة
Македонски · Group
2 : 34

وَإِذۡ قُلۡنَا لِلۡمَلَٰٓئِكَةِ ٱسۡجُدُواْ لِأٓدَمَ فَسَجَدُوٓاْ إِلَّآ إِبۡلِيسَ أَبَىٰ وَٱسۡتَكۡبَرَ وَكَانَ مِنَ ٱلۡكَٰفِرِينَ

И кога им кажавме на мелеците: „Поклонете му се на Адем со сеџда!“, тие сите се поклонија освен Иблис, кој одби, се вообрази и стана неверник.“

Explanation & meanings · 2
  1. Сеџда (ар.) – спуштање ничкум, положба на длабоко поклонение кога човекот со своите чело, нос, дланки, колена и стапала го допира тлото. Сеџдата прет­ста­вува чин на обожување и составен дел од намазот. Во контекстот на ова кажу­вање за соз­да­ва­ње­то на првиот човек, ова поклонение е знак на тотална покор­ност, преданост, вели­че­ње, славење и обожување кон Бог и почитување на чове­кот како суштество и соз­да­ние кое е на повисоко ниво од ангелите (не поради сво­јата безгрешност, туку поради својството на слободна волја и одговорност на Судниот ден).
  2. Иблис (ар.) – Луцифер, сатаната. Според Куранот, тој не бил ангел, туку демон (џин) кој поради својата побожност бил во друштво со ангелите. Со неговата побуна против наредбата и волјата Божја, станува предводник на останатите демони невер­ни­ци, односно ѓаволи (шејтани).