بِسۡمِ ٱللَّهِ ٱلرَّحۡمَٰنِ ٱلرَّحِيمِ
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
- Овој ајет, кај муслиманите познат по својата оригинална форма – Бисмиллах, се повторува пред секое поглавје во Куранот, освен пред деветтото. Еднаш е спомнат во поглавјето Немл како дел од ајет. Се смета дека тој е интегрален дел од Куранот и дека е објавен поради раздвојување на поглавјата едно од друго.