Skip to content

„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“

Ебу Абдулах ел-Џедели раскажува: Ја прашав мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, за однесувањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, па таа рече:

„Тој не беше непристоен, ниту груб во говорот; не викаше по пазарите, не враќаше зло со зло – туку простуваше и преминуваше преку направената грашка.“

لَمْ يَكُنْ فَاحِشًا وَلَا مُتَفَحِّشًا وَلَا صَخَّابًا فِي الْأَسْوَاقِ، وَلَا يَجْزِي بِالسَّيِّئَةِ السَّيِّئَةَ وَلَكِنْ يَعْفُو وَيَصْفَحُ.

Го бележат Тирмизи и Ахмед
Автентичен
Објаснување

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, била прашана за однесувањето на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на што таа одговорила: „По природа не беше непристоен, ниту правеше нешто срамно или погрдно – ниту со зборови, ниту со дела. Не се пренапрегнуваше да биде бесрамен, ниту пак тоа го правеше намерно. Не викаше, ниту го креваше својот глас на пазарите. Не возвраќаше на зло со зло – туку одговараше со добрина, простуваше со срце и племенито преминуваше преку навредите.“

Од придобивките на хадисот

Претставување на благородниот карактер на Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и неговото дистанцирање од лоши неморални особини.

Поттик на придржување кон благородни манири и одвраќање од недолични однесувања.

Осуда на користењето вулгарен, навредлив и недостоинствен говор.

Осуда на викањето и на грубото кревање на гласот врз луѓето.

Поттик да се возвраќа на лошото со добрина, со проштевање и достоинствено однесување.

Референци

Сунен Тирмизи (3/ 437) (2016).

Муснед на Ахмед ибн Ханбел (42/ 256) (25417).

Повеќе... (7)

فتح الباري شرح صحيح البخاري.

لابن حجر(6/ 575).

إرشاد الساري لشرح صحيح البخاري.

القسطلاني (9/ 30).

معجم اللغة العربية المعاصرة (2/ 1629).

مرقاة المفاتيح شرح مشكاة المصابيح.

لعلي القاري (9/ 3717).