Skip to content
841 Хадиси

Енциклопедија на пророчките хадиси

Филтрирај резултати

47 од 841 картички

Исчисти филтри
„Добродетелство е убавото однесување, а грев е она што ти тежи во градите и не сакаш да го дознаат луѓето.“
Автентичен Првиот хадис го бележи Муслим, а вториот хадис го бележат Ахмед и Дарими
„Придржувајте се кон искреноста, бидејќи искреноста води кон добродетелството, а добродетелството води кон Џенетот. Човекот кој постојано е приврзан кон искреноста и се труди да биде искрен ќе биде запишан кај Аллах од искрените. И чувајте се од лагата, бидејќи лажењето води кон грев, а гревот води кон Огнот. Човекот кој постојано лаже и се стреми кон лагата ќе биде запишан кај Аллах како лажливец.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Не е силен, тој кој е појак во борењето, силен е тој кој се контролира себеси во лутина.“
Автентичен Муттефекун алејхи
„Кој ќе ја одбрани честа на својот брат, Аллах ќе го заштити неговото лице од џехенемскиот оган на Судниот ден.“
Автентичен Го бележат Тирмизи и Ахмед
„Од времето на поранешните веровесници на луѓето им останале зборовите: ,Ако не ти е срам, прави што сакаш.‘“
Автентичен Го бележи Бухари
„Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“
Автентичен Го бележи Муслим
„Верникот со убаво однесување ќе го достигне степенот на тие коишто често постеле и клањале (доброволно).“
Автентичен со верзиите кои го поткрепуваат Го бележат Ебу Давуд и Ахмед
„Блажината каде и да е, ја разубавува секоја работа, а таму каде што изостанува таа работа се нагрдува.“
Автентичен Го бележи Муслим