Skip to content

„,Навистина ќе ги следите постапките на оние пред вас, педа по педа, лакт по лакт

Ебу Сеид ел Худри, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:

„,Навистина ќе ги следите постапките на оние пред вас, педа по педа, лакт по лакт, до тој степен што, ако тие влезат во дупка на гуштер, и вие ќе ги следите.‘ Рековме: ,О Божји пратенику, дали мислиш на евреите и христијаните?‘ Тој одговори: ,На кој друг (би мислел) ако не (мислам) на нив?‘“

«لَتَتَّبِعُنَّ سَنَنَ الَّذِينَ مِنْ قَبْلِكُمْ، شِبْرًا بِشِبْرٍ، وَذِرَاعًا بِذِرَاعٍ، حَتَّى لَوْ دَخَلُوا فِي جُحْرِ ضَبٍّ لَاتَّبَعْتُمُوهُمْ» قُلْنَا: يَا رَسُولَ اللهِ آلْيَهُودَ وَالنَّصَارَى؟ قَالَ: «فَمَنْ؟».

Муттефекун алејхи
Автентичен
Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува за состојбата на дел од неговиот умет по неговото време, нагласувајќи дека тие ќе ги следат постапките на евреите и христијаните во нивните верувања, дела, обичаи и традиции со извонредна точност и прецизност. Следење на народите пред нас ќе биде до таа мерка, што дури и ако тие влезат во дупка на гуштер, и тие ќе влезат по нив.

Значење на зборовите

قال فمن؟: استفهامٌ إنكاريٌّ أي: فمن هم غيرُ أولئك.

Од придобивките на хадисот

Ова е еден од знаците на неговото пратеништво, бидејќи она што го најавил, пред да се случи, се исполнило онака како што го опишал.

Забрането е муслиманите да ги имитираат неверниците, во нивните верувања, ибадети, празници или во облеката што е специфична за нив.

Објаснувањето на апстрактните концепти преку конкретни примери е еден од методите на подучување во исламот.

Дабот или гуштерот спомнат во хадисот е животно чија дупка е крајно темна, со непријатен мирис, и припаѓа на семејството на влекачите кои најчесто живеат во пустините. Дупката на гуштерот е спомната поради нејзината екстремна теснотија и нечистотија. Но, дури и ако тие влезат во таква тесна и нечиста дупка, тие, слепо следејќи ги, би го направиле истото! Аллах нека е напомош!

Референци

Сахих Ел-Бухари (9/ 103) (7320).

Сахих Муслим (4/ 2054) (2669).

Повеќе... (4)

الجديد في شرح كتاب التوحيد.

لمحمد القرعاوي (ص213).

الملخص في شرح كتاب التوحيد.

لصالح الفوزان (ص193).