Skip to content

أحمد بن عبد الحليم بن عبد السلام بن تيمية

الإسم

Ахмед бин Абдулхалим бин Абдуселам бин Тејмије

اسم الشهرة

Ибн Тејмије

نبذة مختصرة

Ахмед бин Абдулхалим бин Абдуселам бин Тејмије ел-Харани, познат како шејхул-ислам, беше истакнат имам, муџтехид и реформатор на исламското знаење. Роден е во 661-та хиџретска година и беше море на знаење во традиционалните и рационалните науки, со извонредна интелигенција и брзина на разбирање. Иако не го сакал прекарот „Текиудин (Богобојазливиот во верата)“, беше широко познат и по него, како и по титулата „шејхул-ислам.“ Аламе Ибн Декик ел-Ид за него рече: „Кога се сретнав со ибн Тејмије, видов човек кај кого сите науки се пред очите; земаше од нив што сакаше и оставаше што сакаше.“ Хафизот ибн Хаџер изјави: „Се здоби со длабоко разбирање, мајсторство и извонредност. Напредуваше, пишуваше книги, предаваше и издаваше фетви. Ги надмина своите врсници и стана чудо во брзината на помнењето, силата на разумот и широчината на знаењето во традиционалните и рационалните науки, со темелно познавање на ставовите на селефот и халефот.“ Ибн Тејмије напиша бројни дела, за кои Зехеби изјави: „Можеби во овој момент неговите дела достигнуваат 4000 списи или повеќе.“ Меѓу неговите познати дела се: „Дер ет-теаруд ел-акл ве ен-некл,“ „Минхаџ ес-суне ен-небевије,“ „Ел-истикаме,“ „Ел-џеваб ес-сахих лимен беделе дин ел-месих,“ „Бејан телбис ел-џехмије“ и „Иктида ес-сират ел-мустеким ли-мухалафет есхаб ел-џехим.“ Почина во 728-та хиџретска година.

المراجع

Повеќе... (1)
المعجم المختص بالمحدثين (ص: 25) معجم الشيوخ الكبير للذهبي (1/56) فوات الوفيات(1/74) ذيل التقييد (1/325) الأعلام للزركلي (1/144)