أبي بن كعب بن قيس بن عبيد الأنصاري
الإسم
Убеј бин Каб бин Кајс бин Убејд ел-Енсари
اسم الشهرة
Убеј ибн Каб – Аллах нека е задоволен со него –
نبذة مختصرة
Ебу ел-Мунзир и Ебу ет-Туфејл Убеј бин Каб бин Кајс бин Убејд ел-Енсари ел-Хазреџи беше истакнат асхаб и еден од најзначајните алими меѓу асхабите. Омер бин ел-Хатаб за него рече: „Убеј е првенецот на муслиманите.“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го праша: „,О Ебу ел-Мунзир, дали знаеш кој ајет од Аллаховата Книга е највреден?‘ Убеј одговори: ,Аллах и Неговиот пратеник најдобро знаат.‘ Пратеникот повторно праша: ,О Ебу ел-Мунзир, дали знаеш кој ајет од Аллаховата Книга е највреден?‘ Убеј одговори: ,Аллах, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател.‘ Тогаш пратеникот го удри по градите и рече: ,Ти честитам на знаењето, о Ебу ел-Мунзир!‘“ Исто така, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, му рече: „Аллах ми нареди да ти ја рецитирам сурата: ,Не се одвоија од заблудата неверниците меѓу следбениците на Книгата и многубошците, сè додека не им дојде доказот јасен.‘ Убеј праша: ,Зарем Аллах ти го спомна моето име?‘ Пратеникот одговори: ,Да.‘ Потоа Убеј заплака.“ Има разлики во мислењата околу годината на неговата смрт. Некои велат дека починал во 19-та хиџретска година, други во 20-та а некои во 32-та хиџретска година.