أحمد بن محمد بن حنبل الشيباني الإمام
الإسم
Ахмед бин Мухамед бин Ханбел еш-Шејбани ел-Имам
اسم الشهرة
Ахмед бин Ханбел
نبذة مختصرة
Ебу Абдулах Ахмед бин Мухамед бин Ханбел еш-Шејбани, познат како имамот Ахмед, е роден во 164-та хиџретска година. Беше еден од најистакнатите имами на исламот, чии дела и живот се добро познати. Имамот Шафија за него рече: „Ахмед е имам во осум области: имам во хадисот, имам во фикхот, имам во јазикот, имам во Куранот, имам во скромноста, имам во аскетизмот, имам во богобојазливоста и имам во сунетот.“ Имамот Ахмед се истакна со својата непоколебливост за време на фитната на „создавањето на Куранот,“ што ја покажа неговата ученост и трпеливост. Поради ова, ја доби титулата „имамот на ехли сунетот,“ бидејќи ја одбрани и ја истакна ехли сунетската традиција во време на ширење на разни новотарии. Оваа титула, која се дава на имамите на сунетот, укажува на нивната улога во промовирањето и ширењето на сунетот, за разлика од имамите на новотариите, кои измислуваат и воведуваат новотарии. Меѓу неговите познати дела се: „Ел-Муснед,“ „Ез-Зухд,“ „Ел-Ешриба,“ „Рисале фи ел-муси салатех,“ и „Ер-ред ала ез-зенадика ве ел-џехмије.“ Неговите ученици пренеле околу шеесет илјади месели од него. Неговиот мезхеб е систематизиран и во основите, и во деталите на исламското право. Починал во 241-та хиџретска година.